Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Латас ѝ врати на обвинителкатa Ристоска, ама не и се извини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Коментари
latas-ristoska

Новинарот Драган Павловиќ-Латас и врати со одговор на обвинителката Ленче Ристоска која го обвини дека ја клевети. Тој не се извини, како што побара Ристоска.

„Ленче Ростовска, обвинтелката на СЈО, најавува дека ќе ме тужи за клевета по мојата изјава дека незаконски, како и другите обвинители од СЈО, земала 100.000 евра потпишани од Катица Јанева. Како и дека нема стаж од десет години ви правосудството. Тоа лошо и влијаело на кандидатурата за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. ОК, ете прилика да се реафирмира целото работење на СЈО преку нејзиниот случај и нејзината тужба. Ленче Ристовска, со Фатиме Фетаи и Катица Јанева кариера и пари направија со клеветење неосудени луѓе. Парите кои незаконски ги земале се утврдени со ревизија, со заклучок на Антикорупциска и за тоа има кривична пријава од Вишото обвинителство оценета како основана и се држи во фиока од нејзините колеги од СЈО кои сега го водат скопското обвинителство. Да се реафирмира соработката на СЈО во кое таа беше во врвот, дел од ‘трите грации’ со Љупчо Палевски Палчо кој ги имаше нивните телефонски разговори и уценуваше луѓе. Има моја кривична пријава за тоа во СЈО која ‘трите грации’ не ја процесуираа.

— реклама —

Да се реафирмира информацијата за тоа дали и како Ленче Ристовска била дел од ВМРО заедно со Димче Апасиев, зошто и по која цена потоа и двајцата се ставија во служба на прогон токму на ВМРО“, врати Латас.

— реклама —

Тој додава: „Да се реафирмира нејзиниот статус и позиција кај сегашниот државен јавен обвинител Коцевски.

Да се преобјават сите интересни детали од пресови и изјави на ‘трите грации’ и Ленче Ристовска од СЈО со клевети и подметнувања спротивно на презумцијата на невиност. Да се реафирмираат изјавите дека платите на обвинителите во СЈО биле дупло и кусур поголеми од другите обвинители бидејќи тие биле неспособни, неписмени и корумпирани… Кога тираните од УДБА решиле да ги тужат прогонетите на Голи оток, прогонетите едвај чекаат на јавна сцена конечно да се соочат. И дочекаа“.

— реклама —

Претходно:

— реклама —

Screenshot-2025-05-21-at-12.25.41

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од Латас: Мета сум на неосновани напади и клеветнички изјави

Обвинителката Ленче Ристоска, која беше дел од СЈО, сега е обвинителка за врски во Агенцијата на Европската Унија за соработка во кривична правда, а сака да биде судија во Стразбур, бара извинување од новинарот Драган Павловиќ-Латас. Таа на нејзиниот профил на „Фејсбук“ рече дека тој кажал клевети за неа.„Поради мојата апликација, мета сум на неосновани напади и клеветнички изјави. Денес упатив барање за јавно извинување до Драган Павловиќ-Латас, за клевети искажани во емисијата ‘Само вистина’ е

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryej5tjn0nqe9iaLck2yw

Латас и Лазаров ослободени од обвинението за спорниот поткаст, обвинителот ќе бара осудителна пресуда од Апелација

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
media-library3cbv1f4rn9maenfD9qu

Латас најави контра-тужба за Ленче Ристоска: Ја споменала мојата фамилија

Македонија | пред 5 месеци

latas-ristoska

Ленче Ристоска бара 600.000 денари обештетување од Латас: Сметам дека тужениот имал и личен и финансиски интерес за моја дискредитација

Македонија | пред 5 месеци

Dragan-Pavlovikj-Latas

Заев е за истрага, ментално лечење и превоспитување, напиша Латас за Заев и застана на страната на Груевски

Коментари | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања