Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

nino-vasev

Се бара притвор за Нино Васев и другиот директор на „Онкологија“

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицинскиот директор Нино Васев и организациски директор Нехат Нухи на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.„На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените кривични дела опфаќа и нанесување на значителна имотна штета на Буџетот на Република Северна Македонија, што може да влијае врз мотивот на обвинетите да се дадат во бегство.Во фазата на истрага за овие лица на сила беа мерки на претпазливост, но со поднесување на обвинението подигнат е степенот на сомнение за обвинетите, како и извесноста од кривично правна одговорност и од санкционирање за нивните противправни дејствија.Поради опасност од бегство како резултат на природата и тежината на предметните кривични дела за кои им се поднесени обвиненија, за тројца обвинети лекари – онколози предложени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино  издавање“, велат од Обвинителство.Ваквите мерки според обвинителството се неопходни за непречено водење на кривичната постапка.

Македонија | пред 8 месеци

sonce-so-termometar

Денеска сончево со температури до 31 степен

Денеска не очекува убав сончен и топол ден.Како што информираат од УХМР, попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 14 степени, а максималната ќе достигне до 24 до 31 степен.Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура до 13 степен, а максималната 30 степени.

Македонија | пред 8 месеци

drzavna-izborna-komisija-izbori

Партиите здружено и гласно молчат за одлуката на Уставен за укинување на дел од изборните правила

Независните кандидати и невладиниот сектор се изборија да немаат обврска, која тешко се постигнува, да соберат по 1 процент од вкупно запишаните избирачи во одделни општини и во Градот Скопје, за да се кандидираат за градоначалници и за советници во општинските совети.Ваква одлука донесоа заеднички поголемите партии во 2024 година, бидејќи ним им одговара независните да не им се мешаат во поделбата на „изборниот колач”.Според изборните математики, за кандидирање пратеници во Изборната единица 1, наместо 1.000, со измените од 2024 година беа потребни 3.372 потписи.Ваква одлука донесе Уставниот суд.Според Уставниот суд, постојната одлука значи ограничување на демократијата и уставното право на политички плурализам, како и нарушување на загарантираното активно и пасивно избирачко право.Од одлуката што ќе почне да важи од денот на објавувањето во „Службен весник“, произлегува дека македонското Собрание во пресрет на локалните избори на есен ќе треба да донесе ново законско решение со кое ќе се испочитува одлуката на Уставен.На потег е Министерството за правда, во чија надлежност е да предложи нови решенија откако партиите ќе постигнат консензус. Но, од партиите засега молк, иако наводно консултациите се во тек.Министерот за правда, Игор Филков, кон крајот на април изјави дека има време во наредните две недели да бидат донесени измените во Изборниот законик доколку има волја и расположение кај политичките партии.

Македонија | пред 8 месеци

krofni-960x640-1

Наместо крофни, во Бања Лука на тезга се продавал кокаин

Брачен пар од Бања Лука, развил свој бизнис, па според сведоци, продавале кокаин во киоск каде што продавале и крофни.Брацо Кота (55) од Бања Лука и неговата сопруга Анѓелија Кота (33) со години продавале кокаин на подрачјето на Челинац и Бања Лука, а на судењето сега се откриени деталите од нарко бизнисот.Ова го потврдија сведоците на обвинителството пред Окружниот суд во Бања Лука, на судењето на брачниот пар, на кои им се суди за неовластено производство и трговија со дрога. Повеќето сведоци изјавија дека дрогата ја купиле од Браќа, со кого претходно се договориле преку апликациите Вибер и Инстаграм.Според наводите во обвинението брачниот пар купувале големи количини кокаин од луѓе што ги познавале во подрачјата на Бања Лука и Челинац од 2017 до 24 мај 2021 година и го препродавале на крајни корисници.Според обвинението, тие комуницирале преку телефон и апликациите Viber, Instagram и WhatsApp, користејќи шифрирани пораки за да се договорат за трансакции.

Свет | пред 8 месеци

vlasi

Денеска е Националниот ден на Власите

Денеска се обележува националниот ден на Власите. Во Македонскиот народен театар, вечер со почеток во 18 часот ќе биде одржана Свечена академија по повод одбележувањето на 120 години од Националниот ден на Власите.Настанот под слоганот „120 години – Столб на балканската историја, сегашност и иднина“ е во организација на Министерството за односи меѓу заедниците во соработка со влашките здруженија, културни институции и јавни организации.Оваа манифестација, како што информираат од Министерството, претставува можност да се прослави истрајноста, идентитетот и културното богатство на влашкиот народ, кој преку генерации оставал длабок печат во општествениот развој на Македонија.На настанот ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Иван Стоилковиќ и претседателот на ПВМ, Стерјо Папули.Свечената академија ќе биде збогатена со културно-уметничка програма. Манифестацијата ќе биде отворена со настап на Хорот „Злата Мегленска", настапи на уметниците Марија Костова, бендот „Бона Деа" и Елена Џика од Скопје. Публиката ќе има можност да ужива и во изведбите на „Fiturlji di Shtip - Пеперутки од Штип" и Леона и Ребела Јанкоски дует од Крушево, настап на дуетот Александар и Дац, како и изведба на групата „Армањ Пирифањ – Горди Власи" од Скопје. 

Македонија | пред 8 месеци

w_55031023

Kaja Kaлас во официјална посета на Македонија

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, во рамки на нејзината тридневна турнеја низ Западен Балкан.Таа од Белград порача дека ги разбира фрустрациите на Западниот Балкан.Изјави дека турнејата низ регионот е со јасна мисија, да ги охрабри кандидатките и најави дека ќе се ангажира со владите во Србија, Косово и Македонија на патот кон Унијата.За време на посетата на Македонија, Калас се очекува да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и ќе пренесе пораки за приоритетите на ЕУ во надворешната политика и безбедноста.Како што информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава, за време на посетата Калас ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и членовите на Владата, по што ќе следи заедничка прес-конференција со премиерот во Владата. Подоцна, заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, Калас ќе учествува на отворањето на дијалогот за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Македонија во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана потпишано во ноември 2024 година, кој ќе се одржи во Министерството за надворешни работи во 14 часот. Овој дијалог, како што информираат од Министерството за надворешни работи и трговија, претставува важен чекор во продлабочувањето на соработката меѓу Република Македонија и Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика, како и во понатамошната интеграција на земјата во европската безбедносна архитектура.

Македонија | пред 8 месеци

monkeypox-majmunske-boginje-2-830x0-1

За прв пат во Македонија потврдени два случаи на мајмунски сипаници

Институтот за јавно здравје синоќа потврди дека се регистрирани првите два лабораториски потврдени случаи на мајмунски сипаници (Monkeypox) во земјава.Пациентите биле упатени од Клиниката за кожни болести како сомнителни случаи, а истовремено било побарано да се извршат и испитувања за ХИВ, сифилис и херпес. По извршени анализи со три различни методи, Институтот потврди дека кај двајцата пациенти е детектиран вирусот на мајмунски сипаници.„Согласно протоколите, веднаш по добивањето на резултатите, беа известени сите надлежни институции, вклучително и Министерството за здравство, Клиниката за кожни болести и Инфективната клиника“, информираат од ИЈЗ.Ова е првпат во земјава лабораториски да се потврдат случаи на ова заразно заболување.Епидемиолозите од Институтот спроведуваат анкета со цел прибирање на податоци релевантни за следење на потенцијалното ширење на вирусот. Се препорачува позитивните пациенти да се јават на Инфективната клиника за понатамошно следење и третман. Според надлежните, нема простор за паника, бидејќи институциите дејствувале брзо и координирано.„Докторот кој ги прими пациентите веднаш ги информираше за резултатите, а стручните лица епидемиолози од Институтот се вратија на работа и пристапија кон епидемиолошко анкетирање на двете лица. Се добиваат податоци кои се исклучително важни за понатамошно постапување“, велат од ИЈЗ.Мајмунските сипаници се вирусна зооноза, односно болест која се пренесува од животни на луѓе, но може да се пренесе и меѓу луѓето. Причинети се од вирус сличен на вирусот на сипаници, но со релативно поблага клиничка слика. Симптомите вклучуваат треска, главоболка, болки во мускулите, зголемени лимфни жлезди и карактеристичен осип што најчесто започнува на лицето, а потоа се шири на другите делови од телото.Вирусот најчесто се пренесува преку близок контакт со заразено лице, телесни течности, кожни лезии или преку загадени предмети (облека, постелнина). Болеста вообичаено трае 2 до 4 недели, а најголем дел од пациентите се опоравуваат без последици.„Вечерва се мобилизирани сите институционални капацитети за надминување на последиците од ваквата појава и се преземаат сите превентивни мерки. Во текот на утрешниот ден ќе следат подетални информации за јавноста”, велат од ИЈЗ.

Македонија | пред 8 месеци

naunova

Мајка на жртва од Кочани до Мицкоски: Ве повикуваме да дојдете, да запалите свеќа и да бидете со народот

Се заострува јавната реакција по трагедијата во Кочани. Мајка на едно од починатите деца, Габриела Наунова, јавно му се обрати на премиерот, Христијан Мицкоски, со емотивна и остра порака објавена на Фејсбук. Таа го повика да дојде лично во Кочани, да запали свеќа на гробовите на загинатите и да се соочи лице в лице со болката на семејствата.Време е да покажете одговорност и човечност. Дојдете лично во Кочани. Запалете свеќа на гробовите на нашите убиени ангели. Не беа болни – беа убиени. Немате изговор да не бидете тука, со народот, со семејствата, лице в лице со болката. Знаеме дека се видовте со дел од родителите, но другите не беа ни во психичка состојба да дојдат. Тоа не е оправдување за вашето физичко отсуство. Доста беше манипулации со нас. Ако имавте барем малку грам жал и човечност, како што го охрабрубвате сопствениот син да продолжи напред – знаете дека патот ќе му биде тежок на Машински факултет – така и мојата ќерка имаше сон. Таа следната година требаше да матурира и да се запише на Економски факултет во Словенија. Наместо денес да ја бодрам и подготвувам за животот, со мајчинско, скршено, но борвено срце ветувам: Правдата за нејзиното убиство ќе биде тешка, но мора да излезе на виделина. Од таа кобна ноќ добивме само молк, игри и празни зборови“, напиша Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица.На крајот, мајката додаде: „Народот не е глуп, бараме вистина, правда и одговорност“.[caption id="attachment_329136" align="alignnone" width="711"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 8 месеци

filipce

Славески како гувернер ќе следи партиски директиви, а не реална монетарна политика, вели Филипче

Трајко Славески, како гувернер на Народната банка, нема да биде независен и нема да води вистинска и балансирана монетарна политика.Ова е оценката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за одлуката на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, Славески да го предложи за гувернер.Со ваквиот предлог, според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ докажува дека при одлучувањето и водењето на државата нема интерес да им служи на граѓаните, туку на сопствените теснопартиски интереси.„Со предлогот Трајко Славески да биде гувернер на Народната банка, и последната институција која ја водеше експерт ќе биде партизирана“, вели Филипче.Според него, ваквиот избор ќе ја доведе во ризик целата макроекономска политика, бидејќи, како што истакна, Славески нема да води монетарна политика каква што ѝ е потребна на државата, туку ќе ги следи партиските директиви.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, попладнево е со членовите и граѓаните на Желино, Брвеница и Гостивар.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

Да лицитираше Бујар со откажување од криминалот на својата партија како што лицитира со македонскиот идентитет, државата ќе беше веќе во ЕУ, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Што има против Бујар Османи од сојузништвата со Америка и Британија? Никој не се откажува од ЕУ патот, ниту бара алтернативи, само ги зајакнува дипломатските врски со држави значајни за нас. Истовремено Бујар Османи е најмалку повикан да говори на оваа тема откако како негово наследство имаме продадени интереси и идентитет на Македонците и пар фризерки испратени во дипломатија заедно со распадната и крајно партизирана мрежа во која дипломатијата е туризам и печалбарство, а не работа во функција на државата“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:ДУИ мора да се соочи со реалноста. И конечно да сфати дека продавањето на македонските интереси со прифаќањето на францускиот предлог нема да се заборави од страна на Македонците и ако сакаат да се искупат за тоа треба да покажат јасна промена на односот кон своите сограѓани и нивно почитување. И тука не сакаме да потсетуваме за тендерите за организација на настанот на ОБСЕ што го организираше Бујар, ниту за ред други корупциски афери на неговата партија за кои Бујар измеѓу две глумења на европеец ќе мора да се произнесе. И конечно нема ништо погрешно од ставот на нашата надворешна политика за меѓусебна почит, за взаемна и заедничка иднина во европското семејство со гарантирани права и идентитет за сите. Во меѓувреме, ако Бујар се осети нешто загрозен и вознемирен од сето ова, нека отиде како Рама и нека се насмее со едно селфи, очигледно Рама им делува како апче за смирување. Македонија има јасен став и тоа што Бујар не се согласува со него е првиот сигнал дека е добар за државата.Да лицитираше Бујар со откажување од криминалот на својата партија како што лицитира со македонскиот идентитет државата ќе беше веќе во ЕУ.Да слушаше Бујар дека е потребен консензус за францускиот предлог и дека не смее да го прифаќаат како што го слушаше и беше партнер со Артан Груби и останатите, и нем слушател при корупцијата во неговата влада и партија, ние веќе ќе имавме европска држава, а не распадната и корумпирана со систем кој е затруен од таквите како него и дел од неговите сопартијци и поранешни колеги од сите партии и неговата.Очигледно Бујар и од тоа би се откажал се до откажување од достоинството и на последниот Македонец. Така е најлесно, нели?

Македонија | пред 8 месеци

Нема фотографија

Истрага против 11 лица од кои седум полициски службеници

По неколкумесечна предистражна постапка што ја спроведуваше јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција во соработка со Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, денеска под раководство на предметниот обвинител, полициски службеници од Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршија претреси на 15 локации во Скопје, Штип и ГП Долно Блаце. Притоа се приведени 11 лица, а две лица се недостапни на органите на прогонот.Постапувајќи по кривичната пријава, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 11 лица од кои седум полициски службеници. За три лица постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело Примање награда за противзаконито влијание, две лица сториле продолжено кривично дело Примање поткуп, додека на петмина им се става на товар дека сториле по едно кривично дело Давање поткуп, на едно лице дека ја злоупотребило својата службена положба и овластување и сторило кривично дело Употреба на исправа со невистинита содржина, едно лице сторило кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување и едно лице сторило кривично дело Фалсификување исправа.Според содржината во диспозитивот на наредбата, осомничените физички лица од месец јануари до месец април годинава во Штип, со искористување на своето претпоставено влијание врз осомничените полициски службеници од ГП Блаце и инспектори од Секторот за странци во Штип, со кои имале претходно воспоставени пријателски односи, во најмалку четири наврати овозможиле на најмалку пет странски државјани кои незаконски престојувале во РСМ непречено да го регулираат својот престој. Осомничените физички лица за определена награда посредувале и преземале дејствија со цел турските државјани чиј рок за одобрен престој заради студирање им бил истечен да се стекнат со дозвола за одобрен привремен престој во РСМ. Осомничените полициски службеници прифаќајќи го влијанието од посредниците, со намера да прибават за себе имотна корист, ги пречекориле границите на своите службени овластувања и не ја извршиле својата службена должност. Имајќи предвид дека незаконскиот престој согласно одредбите од Законот за странци е прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – глоба во износ од 50 до 250 евра во денарска противвредност, осомничените го оштетиле и Буџетот на РСМ.Јавниот обвинител имајќи ги предвид околностите, оцени дека се исполнети условите и до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор за петмина осомничени, додека за осум лица предлог за определување мерки на претпазливост.

Македонија | пред 8 месеци

puls-kocevski

Истрагата за Кочани при крај: На распит биле над 300 лица

Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, посочува дека истрагата за пожарот во Кочани, од кој животите ги загубија 62 лица, е при крај. Засега, нема нови лица кои се осомничени. Распити се направени на над 300 лица, тврди тој.„За десет дена треба да заврши истрагата, а кон средината на јуни, се очекува јавно обвинителска одлука. Во моментов се испрашуваат сведоци, осомничени, се прибираат докази. Распрашани се можеби над 300 лица“, рече Коцевски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-14.09.40

„Не прашувај каде треба да бидеш во сабота, одиме во Кочани, не смееме да ги оставиме сами!“, велат од „Кој е следен?“

Иницијативата „Кој е следен?“ и оваа сабота најавува дека ќе оди да ги поддржи родителите во Кочани, за што организира и превоз.„Ниеден човек не е остров сам за себе, секој човек е дел од континентот, дел од светот. Смртта на секој човек нè намалува сите нас, бидејќи и ние сме опфатени од општеството. Затоа не прашувај каде треба да бидеш во сабота? Одиме во Кочани. Не смееме да ги оставиме сами! Протестот во Кочани почнува во 16:05 кај Паркот на Револуцијата“, стои во најавата.Ова е втора сабота по ред, како тие им се придружуваат на родителите кои ги изгубија своите чеда во страшната трагедија. Тие на улиците, со молк испраќаат силна порака - дека следат и чекаат одговорност.

Македонија | пред 8 месеци

235146453_220028166623348_2437089087698187375_n

„Страшен беше моментот“, велат очевидци за несреќата од утрово, каде автомобил удрил во девојка на тротинет

Возач на „БМВ“ се судрило со лице кое управивало електричен тротинет. Несреќата се случила на улицата „Јордан Мијалков“, зад Рамстор. Очевидци за „Скопје1“ велат дека ударот бил силен, па по кусо време итно дошла и Брза помош.„Страшен беше моментот, автомобилот удри во тротинетот на кој беше девојка“, велат очевидци.Од МВР со куса информација.„Пријавено е дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.З.(22) од Скопје и електричен тротинет „шаоми“ управуван од С.А.(22) од Скопје“, велат од МВР.Во несреќата со телесни повреди се здобила С.А. констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-13.57.55

Путин го посети Курск за прв пат и го откри својот најнов план: „Русија треба да биде поголема“

Рускиот претседател Владимир Путин, на очигледно инсцениран состанок со претставници на Курската област на 20 мај, се обиде да ги оправда обновените напори за освојување на градот Суми и евентуално анектирање на регионот Суми, според Институтот за проучување на војната (ISW). Градот Суми се наоѓа само на 25 километри од украинската граница, а тампон-зоната што би го вклучила би ја намалила способноста на Киев да лансира артилериски или беспилотни летала на руска територија.Според извештајот на ISW, шефот на округот Глушково, Павел Золотарев, повикал на создавање тампон-зона на украинската територија за време на состанокот. Потоа Путин го прашал колку длабока треба да биде зоната, на што Золотарев одговорил дека Русија треба да го освои „барем Суми (градот)“ и предложил дека „Русија треба да биде поголема“.Вршителот на должноста гувернер на Курската област, Александар Хинштејн, подоцна ја поддржал идејата, пишувајќи на Телеграм дека неговиот дедо е од регионот Суми, па затоа „оваа земја не ни е туѓа“. ISW наведува дека рускиот преговарачки тим, исто така, се закани дека ќе го заземе Сумскиот регион за време на преговорите со Украина во Истанбул на 16 мај.„Кремљ веројатно ја оркестрирал оваа интеракција за време на состанокот на 20 мај за да го прикаже Путин како ефикасен и ангажиран воен водач“, додека истовремено се обидувал да ги прикрие воените неуспеси, напиша ISW, додавајќи дека тоа би можело да биде дел од поширок план за барање дополнителна украинска територија преку идните преговори.Посетата на Путин беше негова прва на Курската област откако Русија прогласи воена победа во регионот на 26 април. И покрај најавата, украинските сили наводно продолжуваат да држат ограничени позиции на руска почва. Генералштабот на украинската војска потврди на 21 мај дека борбите во рускиот регион сè уште се во тек, објави Киев пост.

Свет | пред 8 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-5680PM

Обвинет Нино Васев и доктори за „Онкологија“: 29 пациенти примале несоодветна терапија или не ги добивале сите дози

Поднесени се две обвиненија за случајот „Онкологија“, откри денеска шефот на скопските обвинители, Гаврил Бубевски. Тој рече дека се гонат лицата кои направиле финансиски импликации кои биле направени врз Клиниката за онкологија. Засебно, ќе се гони и начинот на кој се лекувале пациентите.„Се задржавме на злоупотребите кои беа видливи, во делот на финансиските злоупотреби. Но, Обвинителството му даде и друг пристап. Пристап во насока на испитување - колку методите, протоколите и сѐ што е потребно на таквите пациенти сѐ испочитувани, пред сѐ за биолошката терапија“, рече Бубевски.Првиот предмет е за финансиски злоупотреби.„Предметот е поделен на два дела, првото обвинение се однесува на економското работење на клиниката - опфаќа две лица. Првиот медицински директор, вториот економски директор. Тие се гонат за злоупотреба на службената положба, измама и проневера во службата. Делата ги сториле од 2018 до 2022 година. Тие со дејствијата прибавиле значителна имотна корист за друг и нанеле штета на Буџетот. Исто така, двата се обвинети за измама, па во вршење на службена должност, го довеле до заблуда Фондот за здравствено осигурување да изврши незаконита исплата. Набавувале лекови на реверс, без да постои правен основ на тоа. Потоа правеле постапки за јавни набавки, кои биле беспредметни, бидејќи добавувачите ги фактурирале претходно добавените лекови. Со вакви противзаконити дејствија, креирале противправни обврски на Фондот“, рече Ана Гоговска-Јакимовска, обвинителка во случајот „Онкологија“.Тие го обвинуваат ексдиректорот Нино Васев дека прибавил имотна корист од 13 милиони денари со присвојување на дел од лековите.„Откако со свој потпис ќе го потпишел и одобрел лековите, фиктивно ги раздолжувал, не ги аплицирал на пациентите во чие име биле требувани. И така постои разлика помеѓу требована разлика и раздолжена количина на пациенти од 2 милиони денари. Ова е констатирано кај девет пациенти. Медицинскиот директор користејќи ја неусогласеноста на издадените лекови од аптека и примени лекови во организационите едници на клиниката, каде бил одговорен организацискиот директор - присвоил дел од лековите кои Клиниката требало да ги има на залиха. Станува збор за девет лекови - авастин, херцептин ербитукс, фубрестан... Прибавил противправна имотна корист од најмалку 13 милиони денари“, додаде таа.Обвинети се и 4 онколози, а прв обвинет е Нино Васев.„Второто обвинение се однесува на третманот на пациентите. Опфаќа четворица лекари онколози. Прв обвинет е поранешниот директор на Клиниката, се товари дека извршил тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување на болни. Другите се товарат за несовесно лекување на болни. Со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил неподобен начин на лекување, со што, тешко го нарушил здравјето на пациентите. Во дел од случаите му било ова овозможено од вториот обвинет кој му дал факсимил и податоци за влез во системот. Другите двајца лекари се обвинети за несовесно лекување болни, бидејќи врз основа на медицинските истории, се утврдува дека одредувале лекови од новите генерации, во фаза кога било очигледно дека пациентот нема да има корист поради лошиот статус, без да се наведе висината и тежината на пациентот, со отстапување од дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба“, додаде обвинителката Гоговска-Јакимовска.

Македонија | пред 8 месеци

Filipce-regionalna2

Филипче да излезе од дупката во која се крие, нека каже за акциите во индиската авиокомпанија, за златната виза, вели Манасиевски

„Одморот на Филипче во Дубаи, кој го помина заедно со неговиот ментор Заев, во увид на градежни активности на 50-катницата и забава со Харис Џиновиќ, на којашто веројатно ги трошеле заработените милионски суми од акциите во индиската авиокомпанија, го збунија Филипче и го оттргнаа од реалноста во која не доведоа токму тој и неговиот ментор, Заев“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Филипче се појави на прес-конференција во понеделникот, на којашто изнесе премногу лаги и манипулации во јавноста, и одлучи повторно да го снема.Филипче нека остане смирен на овој историски ден за Македонија, каде што во Лондон се потпишува стратешкиот договор со Обединетото Кралство, кое ќе донесе инвестиции над 6 милијарди евра, а нема да донесе мигранти.Да беше Филипче на власт, или можеби неговиот ментор Заев, не само што немаше да имаме стратешки договор, туку и да го имавме, ќе беше ограбен, криминален и корумпиран. Тендерите ќе се делеа на браќа и братучеди, на партиски коалиции, ќе се оштетуваа Буџети, а народот ќе го плаќаше истото.Затоа, Филипче, денес повторно те прашуваме, како ти дојде до акции во индиска авиокомпанија, како дојде до златна виза за Дубаи и дали пресудата за Модуларната болница е праведна и реална?Филипче е само еден обичен лажго и манипулатор. Филипче е срам за Македонија и треба да остане во црното минато на македонската политичка сцена.Филипче е синоним за неспособност, криминал и корупција.

Македонија | пред 8 месеци

policija

Претреси во домови на полицајци, поради сомнежи за злоупотреби и поткуп

Полицајци биле предмет на претреси во домови и возила. МВР спроведе нова акција во Скопје и Штип. Засега е познато само дека лицата се осомничени за злоупотреба на службената положба и примање поткуп.„На подрачје на Скопје и Штип извршени се претреси на осум локации во домови, возила и во службени простории во Регионалниот центар за гранични работи Север, при што се пронајдени и одземени документација, мобилни телефони, една воздушна пушка без дозвола“, велат од МВР.Тие додаваат дека по завршување на акцијата, јавноста ќе биде соодветно известена.

Македонија | пред 8 месеци

mickoski-modularna-tetovo

Нов повик од премиерот до Обвинителството: Преиспитајте ги случаите кои беа заташкани

Одново повик од премиерот Христијан Мицкоски до Обвинителството, за да се преиспитаат случаите за пожарот во Модуларната болница во Тетово, несреќата кај Ласкарци, но и случајот со пожарот на автобус на Беса транс. За него очекувана била казната која е изречена на директорите во тетовската болница, меѓу кои е и братот на Фатмир Бесими.„Истрагата не ја води Владата, туку Обвинителството. Пресудата ја носат судовите. Ние сме кажале дека немаат ниту кредибилитет, ниту легитимитет. Тие знаете каде се бираа во СДСМ и ДУИ. Какви пресуди да носат? Нормално дека ќе носат такви пресуди за братот на поранешен министер. Така ќе обвинуваат и така ќе се судат, додека не настане целосен ресет на системот, а за тоа сакаме да ги почитуваме законите и Уставот“, рече Мицкоски.Тој додаде: „Додека јас сум премиер гарантирам правда за секого, сите сме исти. Го повикувам уште еднаш Обвинителството да ги преиспита случаите кои во минатото беа заташкани - Модуларната болница, Ласкарци, Беса транс. Секој кој има вина, вклучувајќи ме и мене“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

loson-mickoski

Бидете спокојни, бегалски кампови ќе нема, темата е затворена, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека граѓаните треба да се спокојни, бегалски кампови во Македонија нема да има. Тој одново го повтори ставот дека стратешкиот договор со Обединетото кралство, вакви кампови не предвидува, а темата е затворена.„Апсолутно нема таква работа, а тоа се наметна откако во Албанија беше потпишан помеѓу тамошниот премиер и премиер на земја од Европската Унија за изградба на кампови, каде Албанија ќе прими десетици илјади мигранти. Таа тема е затворена. И аналогно на тоа таа тема се пренесе тука. Но таа тема е затворена. Јас разбирам дека дел од опозицијата и малкумината нивни поддржувачи се обидуваат да растурат пердови и да го оцрнат стратешкиот договор“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-22-at-11.36.08

Од филозофирање и гола реторика, народот нема фајдер, рече Мицкоски за потезите на Арсовска па и порача да постапува ако има дивоградби

За потезите на градоначалничката во заминување, Данела Арсовска, премиерот Христијан Мицкоски рече дека ако е точно дека има дивоградби, таа треба да постапува. Според него, од филозофирање - нема фајде.„Па таа има ингеренции, ако навистина мисли дека е така тогаш треба да постапува. Бидејќи од филозофирање и гола реторика, народот нема фајде“, рече Мицкоски.Ова доаѓа откако вчера од изутрина Арсовска одеше низ Чаир за да лоцира дивоградби, па снимаше во живо, за да го нарече градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу - принцезата на дивоградбите.

Македонија | пред 8 месеци

12082024_MICKOSKI

Мицкоски: Во првиот квартал од годината за 5 проценти е зголемен извозот на земјоделски производи

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање како и дали се следи извозот на земјоделски производи поврзано со Полог, кој важи и е претежно земјоделски крај, информираше дека Владата, токму во земјоделство вложи исклучително многу, при што се вратија и старите долгови. Изрази ветување дека Владата ќе продолжи со поддршка на земјоделците и во следниот период.„Да, апсолутно. Исклучително многу вложивме и во делот на земјоделието. Кај земјоделците, навистина, доста трансфери се направија изминатиот период и се вратија долгови од минатото. Веќе од оваа година ќе почнеме тековно да ги сервисираме обврските“, рече тој.Премиерот напомена дека е направен голем чекор напред, со тоа што во првиот квартал од годината речиси за 5% е зголемен извозот на земјоделските производи.„Во првиот квартал од оваа година, скоро за 5% е зголемен извозот на земјоделски производи. Кај тутунот се постигна историски рекордна цена, и кај останатите земјоделски производи. Но, исто така и во овоштарството. Така што можам да кажам дека тука е направен голем чекор напред. Но, тука не застануваме – продолжуваме понатаму. Убеден сум дека во периодот којшто следи ќе постигнеме уште подобри резултати, бидејќи тоа влегува во бруто-домашниот производ, и тоа е многу важно за да се развиваме во правилна насока. А ние, како Влада, ќе продолжиме да ги поддржуваме земјоделците“, објасни премиерот.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-21-at-19.34.57

Предлогот Трајко Славески да биде Гувернер значи погребување на последната независна институција, критикува СДСМ

„СДСМ остро ќе се спротивстави на изборот на Трајко Славески за гувернер на Народната банка“; велат од опозициската партија и додаваат:Невиден преседан е да се дозволи класичен партиски пиун да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер.Трајко Славески е човекот за кој 9.000 денари минимална плата се „многу пари“. Тој е перјаницата на Мицкоски против интересите на работниците. Гувернер ќе стане економистот кој е познат како најголем непријател на идејата за покачување на минималната плата, како и непријател на правилното пресметување на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство – човекот кој, додека ги водеше финансиите на земјата, жестоко ја раскрчмуваше и задолжуваше државата.Славевски е висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ кој беше близок соработник и на Никола Груевски, министер во неговата влада која ги понижуваше работниците и ги третираше како ефтина работна сила.Како претседател на Советот на Град Скопје, ќе остане запаметен како лицето кое го уништи градот. Славески ги водеше битките на Мицкоски со Арсовска, откако им пропаднаа бизнис-зделките.СДСМ е длабоко разочаран и од полтронскиот однос на претседателката Силјановска. Нејзиното потклекнување пред барањата на Мицкоски е доказ дека ниту некогаш била независна, ниту пак во иднина ќе донесе независна одлука. Таа, како и сите претходни претседатели избрани од ВМРО-ДПМНЕ, е тука само за да исполнува партиски наредби. Имаше можност да застане зад сопствен избор, да промовира независна и стручна личност, но реши да ја наведне главата пред Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

ck-dpmne

Филипче и СДС не сакаат Македонија да се развива, партнерството со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Филипче и СДС не сакаат Македонија да се развива“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:На Филипче и на СДС му смета во Македонија да се инвестира, да се развива економијата, инфраструктурата, образованите, да се градат болници.Филипче и СДС сакаат само за нив да има. Тие да бидат тие коишто ќе инвестираат во милионски бизниси по странски држави, за кои милионски инвестиции добиваат и златни визи.Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство е договор кој ќе овозможи инвестициски циклус со кој ќе се развива и трансформира државата.Со договорот за стратешко партнерство на Македонија и се ставаат на располагање рамка од 6 милијарди евра со кои конечно, после долги години, ќе се гради брза пруга за патен и товарен сообраќај, дел од Коридорот 10 и за околу саат и пол ќе се стига до Солун.После долги години ќе се изгради болницата во Кичево, ќе се заврши реконструкцијата на клиничката болница во Штип, а во склоп со нејзе ќе се изгради и нов медицински факултет и студентски дом кој ќе има капацитет за 200 кревети.Исто така, ќе се реконструира и клиничката болница во Тетово.И сето ова значи сериозни инвестиции и развој на економијата и државата, квалитетно здравство и здравствена услуга за граѓаните и достојни услови за работа на здравствениот персонал.Оттука го прашуваме Филипче, воедно и како поранешен министер за здравство, зошто на него му смета и е против инвестиции и модернизација на здравството, и на државата воопшто.Наместо да шират небулози, Филипче и СДС да одговорат, од кое е потеклото на неговата златна виза за Дубаи, дали таа е стекна со инвестиција од на 500 милиони долари и од каде му се парите?СДС се тие кои за седум години владеење ја задолжуваа државата, а при тоа, парите завршуваа во приватни џебови, наместо за реализација на капитални инвестиции од кои корист би имале и граѓаните и државата.За седум години власт, СДС ја остави државата во урнатини, со уништени и опљачкани институции, со осиромашени граѓани.

Македонија | пред 8 месеци

policija

2023 казни изминатите три дена, 362 за брзо возење

Во изминативе три дена од оваа работна седмица (19./20./21.05.2025) во рамки на активностите на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во врска со засилените сообраќајни контроли за почитување на сообраќајните правила и прописи на патиштата низ државава, беа издадени вкупно 2023 платни налози.„Според статистичката евиденција по однос на сторените прекршоци согласно од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, и натаму меѓу најбројните се прекршоците на непрописно паркирање 508, потоа прекршоците по основ на движење со брзина поголема од дозволената 362, како и 165 мерки за прекршоците по основ на возење без возачка дозвола.Покрај ова, во изминатите три дена беа изречени и 127 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, како и 55 санкции за возачите на мотоцикл по основ на неносење заштитна кацига. Исто така во 18 случаи санкционирани биле возачи под дејство на алкохол,  шест мерки се изречени за минување на црвено светло, додека пак по основ на неносење сигурносен појас изречени се 121 санкција, а по основ на користење мобилен телефон при возење 99 мерки.Согласно, пак, Законот за возила, од сообраќај се исклучени 50 нерегистрирано возило како и 12 технички неисправни возила.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања