Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

penzioneri-bugarija

Лажен полицаец ѝ украде 17.300 евра: 83-годишна скопјанка измамена со измислена несреќа

Возрасна жена од Скопје пријавила во Полициската станица Бит Пазар дека била жртва на класична телефонска измама, откако непознат сторител ѝ се претставил како полициски службеник и ѝ соопштил дека нејзината внука наводно прегазила дете мигрант. Во паника, 83-годишната скопјанка извадила 17.300 евра и ги оставила на договорено место, по што сфатила дека е измамена.„На 23.05.2025 во 18.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 17.300 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, лажно се претставило како полициски службеник и ја информирало дека нејзината внука предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант кое починало. Според пријавеното, таа ги извадила парите од банка и ги оставила на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена“, велат од МВР.Полицијата работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 8 месеци

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Вооружен инцидент и полициска акција во Тетовско: Приведени седум лица, меѓу нив и малолетници

Седум лица, меѓу кои и тројца малолетници, се приведени од тетовската полиција по драматичен инцидент на патот Јажинце – Тетово, каде според пријавата две лица биле пресретнати со возила, следени и загрозени со огнено оружје. Полицијата пронашла чаура од испукан куршум, а сите инволвирани се задржани во станица. По целосно документирање, ќе следуваат соодветни поднесоци.„На 23.05.2025 во 20.25 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(18) од с.Нераште, А.И.(18), Е.Б.(21) и тројца малолетници, сите од с.Доброште. Претходно, А.Ј.(22) и Ф.М.(18), двајцата од с.Одри, тетовско, пријавиле дека на 22.05.2025 околу 23.00 часот на регионален пат с.Јажинце- Тетово, додека се движеле со патничко возило „бмв" со тетовски регистарски таблички, лицата со две возила им го блокирале патот, а откако побегнале биле следени и притоа слушнале истрели од огнено оружје“, велат од МВР.По преземени мерки кај с.Пршовце е пронајдена чаура од испукан куршум, а лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.

Македонија | пред 8 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-40-8410PM

За вчерашната несреќа кај касарна „Илинден“: загина жена на 32 години и маж на 47 години од Скопје

На 23.05.2025 во 18.16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ и бул.„8 Септември“ во Скопје, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(47) од Скопје, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.„Од здобиените повреди, возачот и неговата сопатничка А.Н.(32) од Скопје починале на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата“, велат од МВР.Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се предадени во Судска медицина на обдукција.

Македонија | пред 8 месеци

skopje-vodno-zagadeno-magla2

Посебен режим на сообраќај утре (недела) од Средно Водно до манастирот Св.Пантелејмон

На 25.05.2025 (недела) со почеток во 10:00 часот ќе се одржи хуманитарна трка по повод одбележување на Денот на Европа насловена како „Сите за Кочани – трчаме заедно“, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно.„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, велат од МВР.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Скопје | пред 8 месеци

preeee51

Сиљановска со државен потпис во Рим – по минатогодишната „куса лента“, сега стои: „Претседател на Република С. Македонија“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова положи венец на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим. За разлика од минатата година кога на венецот го немаше името на државата, оваа година стои „Претседател на Република С. Македонија“. Сиљановска лани рече дека немало име на државата оти лентата била куса, за разлика од годинава кога нашле решение.„Поклонението за сесловенскиот просветител што традиционално се организира од 1969 година е израз на македонската почит и неизмерна благодарност за неговото големо дело. Свети Кирил со својата значајна мисија оставил неизбришлива трага врз своето време и идните генерации. Тој и денес останува патоказ и морална поддршка за духовен развој и промовирање на заеднички вредности“, напиша Сиљановска.

Македонија | пред 8 месеци

avtopat-nesreka

(Видео) Несреќа на патот Гостивар-Тетово: сообраќајот блокиран, возачите возат во спротивна насока за да излезат од колапсот

Несреќа се случи на патот Гостивар-Тетово, поради што, сообраќајот е блокиран. Долги колони од возила чекаат, а местото го обезбедува полиција кои чекаат механизација за да го подигнат возилото.Дел од возачите почнаа да возат и во обратен правец, бидејќи е невозможно да поминат покрај местото на несреќата.Засега информација за состојбата на возачот на камионот - нема.Повеќе детали подоцна.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2023-10-30-at-18.09.51

Обвинителството бара Нино Васев да оди во „Шутка“, наместо да седи во куќен притвор

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”.„Јавниот обвинител е незадоволен од одлуката и бара од Апелацискиот суд да ја преиначи во ефективен притвор, бидејќи цени дека со поблага мерка не може да се гарантира непречено водење на кривичната постапка.Имајќи предвид дека со двете поднесени обвиненија на обвинетите им се ставаат на товар повеќе тешки кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, како и другите околности кои укажуваат на опасност од бегство, мерката куќен притвор не претставува доволно ефикасна заштита“, вели Обвинителството.

Македонија | пред 8 месеци

499792992_1219216670218345_2996500708615706938_n

„Охрид е тврдина на словенската писменост“ – градоначалникот Пецаков во чест на Кирил и Методиј

„Светите браќа Кирил и Методиј, апостолите на словенството, ги втемелија корените на писменоста и културата на нашиот народ. Затоa, со длабока благодарност и исконска почит, се поклонуваме пред нивното дело – дело што не е само духовен патоказ, туку и столб на нашиот идентитет“, објави Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид и додава:„Мисијата на овие први учители е порта кон нашето спознавање, а нивното дело ни докажува дека не сме случаен народ. Ние сме народ со своја азбука, свој јазик, своја духовност– народ што говори со срце и пишува со душа. Охрид како древен град, скапоцен бисер и тврдина на словенската писменост, со посебно внимание го чува споменот на Светите Кирил и Методиј. Тука нивното дело доби живот, во секој камен, во секоја буква, во секое писание. Тука се создадоа првите училишта, се напишаа првите книги, се изградија храмовите на македонската културна и духовна судбина.Токму затоа, денес, со огромна пофалба, им оддаваме признание на нашите најуспешни ученици – младите охридски надежи, кои со својот труд и талент се вистинска гордост за сите нас. Тие се продолжувачи на светата мисла. Тие сте идните чувари на знаењето и на вистината. Тие се лицето на Охрид и современа Македонија – образована, достоинствена и самобитна. Општина Охрид секогаш ќе стои на страната на образованието. Ќе вложуваме уште повеќе, ќе ги поддржуваме учениците, наставници и институции – затоа што иднината на еден народ се гради врз просветата. Нека живее делото на Кирил и Методиј! Нека е за многу години! Нека е вечен Охрид нека е вечна Македонија!

Македонија | пред 8 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-27-8480PM

Започнува новата авиолинија Скопје - Ларнака Кипар

„Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје - Ларнака Кипар!“, вели Александар Николоски, министер за транспорт и врски.Тој додава: „Ова е 11та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Субвенциите и политиките на Владата за развој на авиолиниите даваат резултати. Продолжуваме да работиме на развојот на авиосообраќајот во Македонија“.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-24-at-10.49.40

„Скопје Прајд“ 2025 ќе се одржи на 21 јуни

Организаторите на манифестацијата „Скопје Прајд“ информираа дека по шести пат ќе маршираат низ улиците на главниот град, за да потсетат зошто борбата за еднаквост и слобода е сѐ уште неопходна. Овогодинешната Парада на гордоста ќе се одржи на 21 јуни, а поаѓањето традиционално ќе започне од паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје.Во своето соопштение, организаторите велат:„Додека светот гори од војни и климатски колапс, а државата се распаѓа под тежината на сопствената корупција и неспособност, ние – ЛГБТИК+ луѓето – одбиваме да бидеме соучесници во сето тоа. Гласно се спротивставуваме и се оградуваме од: демографската хистерија на властите, укинувањето на ЛГБТИК+ инклузивноста во образованието, недостатокот на институционална грижа што ги остава квир младите без заштита, оркестрираните напади врз транс заедницата кои шират морална паника, страв и омраза, како и одбивањето на Владата да го поддржи правото на самоопределување на палестинскиот народ. Живееме во држава каде што храната е луксуз, достоинствената плата – невозможна утопија, а корупцијата и неказнивоста одземаат животи, како што видовме во трагедијата во Кочани“.Од „Скопје Прајд“ додаваат дека не ја прифаќаат т.н. асимилациска инклузија во рамките на, како што го нарекуваат, „расистички, патријархален, колонијалистички и екоциден капитализам, претставен како единствен можен свет“, во кој грижата станува луксуз, здравјето привилегија, а слободата – маркетинг-стратегија.„Инсистираме на нивно отфрлање! На фашизоидните фантазии кои бараат тишина, ние одговараме со бучава. Смрт за фашизмот, слобода за нас – народот! На 21 јуни, ја повикуваме пошироката заедница, пријателите, биолошките и избраните семејства, колегите и соборците да ни се придружат на скопските улици во борбата за колективна слобода““, додаваат тие.Организаторите воедно информираа дека „Викендот на гордоста Скопје 2025“, кој годинава ќе се одржи по 13-ти пат, не добил поддршка од Министерството за култура. Како што посочуваат, станува збор за манифестација која традиционално се организира секој јуни и вклучува бројни културни и активистички настани.

Магазин | пред 8 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-39-6440PM

Утре ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје, поради спортски натпревар

Посебен режим на сообраќај во недела во СкопјеНа 25.05.2025 (недела) со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар "Борис Трајковски" ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид од Р.С.Македонија и РК АЕК од Р.Грција.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар.Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници и апелира до граѓаните во наведениот временски период доколку немаат потреба да не ги паркираат своите возила во близина на спортскиот центар.

Скопје | пред 8 месеци

puls-35

Семејствата на загинатите во “Пулс” ќе бидат повикани во Обвинителство

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека “Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите.Преку исказите дадени пред јавен обвинител тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон.Исто така, ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот.За таа цел во следните 2 дена, во соработка со волонтерите од “Support Kocani”, обвинителството ќе ги контактира најблиските на починатите за да се утврди точно време и место во кое ќе можат да си го остварат ова свое право.Сослушувањата ќе се вршат согласно утврден распоред од 27.05 (вторник) до 29.05 (четврток) во просториите на јавното обвинителство во договор со оштетените.Ваквите сослушувања се поединечни и на нив ќе биде повикан по еден законски застапник за секоја од жртвите да се произнесе во однос на правата како оштетени. Тој во својот исказ ќе може да предложи и други лица од семејството кои евентуално имаат сознанија за настанот.Јавното обвинителство, согласно своите законски овластувања, во текот на целата постапка посветува особено внимание и грижа за жртвите на овој трагичен настан. При сите преземени дејствија и одлуки обвинителите ги имаат предвид и ги штитат интересите на оштетените.Воедно, се уште активен е и повикот на обвинителството до сите останати кои што имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази во однос на работата на клубот “Пулс” – Кочани и поврзаните фирми, како и сознанија во врска со работата на институциите надлежни да постапуваат, да ги споделат со истрагата.Тоа може да се направи со пополнување на следниот ФОРМУЛАР ЗА ПРИЈАВА, кој потоа треба да се испрати електронски на наменската адреса: istragakochani@jorm.mk”, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 8 месеци

IMG_5383

Пратеничката Мимоза Муса го напушти Таравари

И Мимоза Муса, пратеничка од Алијанса за Албанците од крилото на Арбен Таравари преку својот Фејсбук профил соопшти дека останува дел од коалицијата ВРЕДИ. Ова значи дека Таравари останува со што останува без уште еден пратеник.,,Пред една година, на 8 мај, ја добив довербата од над 107.000 Албанци како пратеник на Алијансата за Албанците, на листата на коалицијата Влен. Овој мандат не е само бројка, тој е глас на народ кој е уморен од повеќе од 20 години владеење на ДУИ и кој постојано бара промени. Минуваме низ тежок политички период и со право многу поддржувачи, пријатели и соработници прашуваат: Со кого е пратеничката Мимоза Муса”, напиша Муса.Таа ветува дека нема да ја изневери довербата од гласачите.,,Нема да ја изневерам довербата што ми ја дадовте. Не сум тука поради лични интереси, туку да му служам со достоинство и одговорнист на секој гласач кој веруваше во оваа мисија. Промената започна и ние ќе продолжиме понатаму”, вели Муса.ВРЕДИ и даде целосна поддршка на пратеничката Мимоза Муса, кој, велат, покажала висок политички и институционален интегритет во чувствителен период.

Македонија | пред 8 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-37-8710PM

Трагедија во Скопје – мотоцикл удри во столб, двајца мртви

Две лица го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на крстосницата меѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ во Скопје, откако мотоцикл излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.„Денеска (23.05.2025) во 18.23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница на бул. “8 Септември” со бул.”Никола Карев” во Скопје мотоцикл со скопски регистарски таблички излетал од коловозот и удрил во бетонски столб. Возачот на мотоциклот и сопатникот починале на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, велат од МВР.Во тек е увид.

Скопје | пред 8 месеци

turrrr

Стануваш пред време? Плаќаш! Турција казнува нетрпеливи патници во авион

Патниците кои веднаш по слетувањето во Турција стануваат од своите седишта и се туркаат низ премините ризикуваат да бидат казнети со 60 евра. Турските воздухопловни власти најавија нова мерка со цел да ја подобрат безбедноста и редот при напуштање на авионите.Новата регулатива се однесува на патници кои:предвреме го откопчуваат безбедносниот појас,стануваат додека авионот се уште се движи по пистата,ги вадат рачните торби од горните шкафчиња пред дозвола за излегување.Според планот, патниците ќе треба да останат седнати и по исклучување на светлото за безбедносни ремени, сè додека екипажот не ги повика да го напуштат авионот.„Авиокомпаниите се должни да ги потсетат патниците да останат врзани до целосно запирање на авионот, а секое прекршување ќе се пријавува до воздухопловната управа и ќе следи финансиска казна“, објави германската новинска агенција DPA.Турските власти се надеваат дека со оваа мерка ќе се спречат нереди и потенцијални повреди, како и ќе се подобри безбедноста при слетување.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2023-10-30-at-18.09.51

Куќен притвор за Нино Васев

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, доставен до судот заедно со обвинителен акт за предметот во јавноста познат како „Онкологија“, по одржана седница во присуство на странките донесе решенија со кои:Против обвинетите Н.В. и Н.Н се определува мерка куќен притвор, а воедно останува во сила претходно определената мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 т. 1 од ЗКП односно Опасност од бегство.Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.

пред 8 месеци

Crven-krst-za-Kocani

Црвениот крст објавува каде завршија донациите за Кочани

Црвениот крст се огласи со статус на социјалните мрежи:„Почитувани,Во рамките на апелот на Црвениот крст на РСМ за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16.03.2025, досега се собрани 156.542.967,00 денари.Заклучно со 23.05.2025 година, Црвениот крст на РСМ во неколку наврати изврши исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани.Со овие средства досега е обесбедена финансиска поддршка на семејствата на починатите лица во вкупен износ од 52.038.593,00 денари.За настраданите лица од пожарот кои се лекуваа во странство вкупно се исплатени 44.163.258,00 денари а за настраданите кои се лекуваа во земјата вкупно се исплатени 11.247.250,00 денари.Вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 107.449.101,00 денари.Преостанатите средства во износ од 46.593.866,00 денари на сметката на Црвениот крст, по направените проценки кои се во тек, за тежината на повредите и прогнозите за времетрање на лекувањето и потребите на повредените, направени од стручни и компетентни институции во државата, а со цел објективизација и постигнување на целите и задоволување на реалните потреби на настраданите лица, Црвениот крст навремено ќе пристапи кон распредлба на средствата, за што благовремено ќе информираме.Црвениот крст уште еднаш се заблагодарува на сите досегашни донатори што придонесоа и сеуште придонесуваат за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите и нивните семејства.Црвениот крст продолжува со своите активности на терен со акцент на обезбедување на психолошка поддршка во обид да дадеме скромен придонес во надминување на последиците од катастрофалниот настан.“

Македонија | пред 8 месеци

kucina415

(Видео) „Не се поднесува веќе“ – туристички водич реагира поради глутници кучиња во Скопје

Туристичкиот водич Васко Марковски реагира поради многуте бездомни кучиња кои се групирани низ Скопје, а од кои, туристите се плашат да поминат.„Ова веќе не се поднесува, нема никаква смисла, да се работи како туристички водич во Градот Скопје со сите овие кучиња, секојднвно да се надвикуваш, да ги трпиш проблемите кои другите луѓе ги имаат со кучињата кои се овде. Приметете колку луѓе има во групата и колку кучиња има наоколу и колкави се кучињата“, вели Марковски во снимката.Тој додава: „Не знам дали Градот Скопје е свесен колку туристи има во градот, колку посетители има, и дека не му секому толку романтично да се занимава со овие кучиња наоколу. Не се сите толку добри, како што повеќето од нас мислат дека се, има кучиња кои ненадејно напаѓаат луѓе. Не им е пријатно во групата секојдневно во нив да се туркаат кучињата“.„Скопје1“ побара став од Градот Скопје предводен од градоначалничката Данела Арсовска, дали ги слушаат поплаките, како и дали имаат разбирање за тие кои се плашат од уличните животни кога се групирани.Oд Јавното претпријатие „Лајка“, велат дека кучињата во Центар мигрираат поради недостаток на храна.„Кучињата завршуваат на улица поради недостаток направна регулатива, но и отсуство на имплементација на постоечката со сите свои недоследности, односно целосно отсуство на соодветен инспекциски надзор.ЈП ЛАЈКА како надлежно прифатилиште се бави со последницата на целиот овој проблем, односно од како кучето ќе заврши на улица. Да бидеме попрецизни, должни сме да го заловиме кучето, да го сместиме привремено во нашето прифатилиште, да го подложиме на пропишаниот третман, и доколку не постои интерес за вдомување, видливо обележано да се врти на локацијата од која е заловено. И во тој поглед, нашата работа е завршена, особено ако се земе во предвид последниот мониторинг на популацијата на улични кучиња на територија на Општината, каде се заклучи дека на ниво на општина има 536 улични кучиња, од кои 88,46% се веќе третирани.Бројката на кучиња на должен километар е 2.26 кучиња што претставува пониска популација на кучиња на должен километар од просекот за град Скопје. Проблемот во Општина Центар се продлабочува, имајќи го во предвид фактот што кучињата постојано мигрираат, па општината како место со најголем извор на храна, но и можеби најпријателско расположение спрема бездомните кучиња, е територија на која се упатуваат и единки кои не потекнуваат од тие локации, односно имаат ушни маркици од други општини“, велат од „Лајка и додаваат:„Со оглед на фактот дека не сме во можност да ги згрижиме сите кучиња од улица и трајно да ги сместиме поради недостаток на капацитет (во Скопје се проценува бројка од 6000 единки, а ЛАЈКА е регистрирана за 140) , но и поради тоа што истото би било спротивно на позитивните правни прописи, постапуваме единствено со цел третман, односно заловување на кучиња без ушни маркици, кои не го поминале третманот, и по документирани пријави за каснување по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство. Запознаени сме со проблемот на господинот Васко Марковски, и во повеќе наврати постапивме и ги вратиме кучињата во општините од каде се заловени според ушните маркици и нашата евиденција, меѓутоа истите повторно се враќаат во Центар и повторно ги придружуваат туристите, кои веројатно се пријателски расположени спрема нив. Во истиот момент кога капацитетите ќе дозволат, ќе преземеме мерки да истите бидат заловени и сместени во стационарот“.

Скопје | пред 8 месеци

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Трамп за ЕУ: Нашите преговори со нив не водат никаде! Препорачувам царина од 50%

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи воведување царина од 50% врз Европската Унија почнувајќи од 1 јуни.„Европската Унија, која беше основана првенствено за да ги експлоатира Соединетите Американски Држави во трговијата, е исклучително тешка за соработка. Нивните високи трговски бариери, ДДВ, апсурдни казни за корпорациите, нетарифни бариери, манипулација со валути, неправедни и неосновани тужби против американски компании и друго доведоа до трговски дефицит со Соединетите Американски Држави од повеќе од 250 милијарди долари годишно - бројка што е целосно неприфатлива.Нашите преговори со нив не водат никаде! Затоа, препорачувам воведување рамна царина од 50% врз Европската Унија, почнувајќи од 1 јуни 2025 година. За производи произведени или склопени во Соединетите Американски Држави, царината нема да се применува. Ви благодарам за вашето внимание“, напиша Трамп.

Свет | пред 8 месеци

onkologija-4142

Клиниката за онкологија со апел: Смиреност и доверба по обвиненијата

Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија упати апел до пациентите и нивните блиски да останат смирени и да имаат доверба во работата на клиниката, уверувајќи дека по отворањето на случајот „Онкологија“ се воведени драстични реформи.„Воведени се редовни онколошки конзилиуми и третманите се усогласени со меѓународни протоколи. Персоналот вложува максимални напори за здравјето и благосостојбата на пациентите,“ информираат од клиниката.Истовремено, Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе две обвиненија за предметот „Онкологија“. Обвинени се поранешниот медицински Нино Васев и организациски директор за економското работење Нехат Нухи на клиниката, а четворица лекари за третманот на пациентите. Против двајца обвинети е побарана мерка притвор.

Македонија | пред 8 месеци

uploads_thumbs_resize_800x420_531367

Мајмунски сипаници регистрирани во Скопје

Двајца мажи, на возраст од 40 и 44 години, од Скопје се новите случаи на мајмунски сипаници регистрирани во земјава. Според податоците на здравствените власти, случаите не се поврзани меѓусебно, а ниту еден од пациентите не патувал во странство во последниот период.Како што информира директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, еден од пациентите е веќе хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје и се следи неговата здравствена состојба. Вториот сѐ уште не се пријавил на ниту една од клиниките.Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски упати апел до јавноста да не подлегнува на паника. Тој истакна дека здравствениот систем е подготвен и дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести со цел да се координираат понатамошните мерки.Мајмунските сипаници се вирусна болест слична на големите сипаници, но со поблага симптоматологија. Се предизвикува од вирусот Monkeypox, кој припаѓа на истото семејство на вируси како и големите сипаници (variola virus).Главно преку близок физички контакт со заразено лице, со телесни течности, промени на кожата (осип), или преку контаминирана облека и постелнина. Можно е и пренесување од животни на луѓе.Температура, главоболка, болки во мускулите, замор, отечени лимфни жлезди, и карактеристичен осип кој се шири низ телото. Инкубацискиот период е обично од 5 до 21 ден.Во повеќето случаи, мајмунските сипаници поминуваат самостојно за 2 до 4 недели. Сериозни компликации се ретки, но можно е да се појават кај лица со ослабен имунитет.Избегнување близок контакт со заразени лица, лична хигиена, носење заштитна опрема при контакт со сомнителни случаи, и следење на препораките од здравствените власти.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-23-at-13.19.09

Има пречки на патот, има простор каде може да направиме нешто, вели Калас за патот на Македонија кон ЕУ

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас рече дека има механизми за да се надминат пречките за Македонија на патот кон Унијата.„Јасно е дека сакаме Северна Македонија да се привдижи кон овој пат и знаеме дека има пречки на него, го дискутиравме тоа, за да најдеме механизми за да се надминат тие пречки. Сметам дека има простор каде може да направиме нешто, не би навлегувала во детали. Ако се придвижиме, ќе објавиме“, рече Калас.Одговарајќи на прашањето, колку неинтеграцијата на Западниот Балкан е безбедносна закана, таа вели: „Ако ја видиме поголемата светска слика, јасно гледаме дека има разлика во големите сили, тектонски промени. Западен Балкан секако се дел од Европа и за нас е важно да бидеме целосно интегрирани. Тоа овозможува да се намалат тензиите во реонот на Западен Балкан, тоа е и безбедносно прашање“.

Македонија | пред 8 месеци

market-pari

Казна за Сојузот на стопански комори на Македонија поради давање на лажни и нецелосни податоци

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата во поведена прекршочна постапка донесе решение за изрекување на прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија заради давање на неточни, нецелосни податоци и податоци кои можат да ја доведат во заблуда Комисијата за одлучување по прекршок.„Комисијата по допрен глас поведе постапка против Сојузот на стопански комори и против четири големи ланци на маркети заради постоење на сомневање за картелско здружување што е строго забрането согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата. Во текот на постапката иако претходно опоменати од страна на овластените лица од Комисијата за заштита на конкуренција дека давањето на неточни и нецелосни податоци е казниво согласно член 61 став (1) точка 10) од Законот за заштита на конкуренцијата, извршниот директор и потпретседателот на Комората свесно давале неточни податоци за улогата на Комората и нејзините овластени лица во организацијата на склучувањето на забранет договор (картел) помеѓу четирите големи ланци на маркети.При контрола на службената комуникација на овластените лица во Комората од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата јасно е утврдено дека истите имале активна улога во процесот на договарање и свесно давале неточни и нецелосни податоци заради избегнување на одговорноста за картелско здружување.Имајќи ги предвид тежината на прекршокот и последиците предизвикани од прекршокот, КОП износот на глобата го утврдува во висина од 0.8747%, од приходите на ССКМ остварени во 2024 година“, велат од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-23-at-13.25.39

Се навестува средба Македонија-Бугарија, Мицкоски: Можеби ќе чуеме каде исчезнаа 200.000 Македонци од Западна Буагарија од 1956 до 1965 година

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека Македонија прифатила да седне на маса со Бугарија за време на НАТО самитот. Нас ќе нѐ претставува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а на маса треба да бидат четири високи претставници на Европската Унија, но и членки на НАТО. Мицкоски вели „Ние сме фактор на стабилност и така треба да зрачиме, во регионот има земји кои сакаат да рефлектираат нестабилност. А добро би било да се слушне, да се седне на маса. Можеби од таа страна ќе чуеме аргументи што не сме ги знаеле, каде исчезнаа 200.000 Македонци во Западна Бугарија од 1956 до 1965 година“.„За време на Хашкиот самит на НАТО, да има билатерална средба на претставници од Македонија и Бугарија. Бидејќи таму ќе биде претседателката, тоа ќе биде одлична можност да има билатерална средба. На неа би присуствувала претседателката на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, генералниот секретар на НАТО, дел од земјите членки на НАТО, за да можеме да ги кажеме на билатерална средба аргументите. Од една страна едни аргументи, од друга страна други аргументи, ама кога ќе бидеме сите на иста маса, колку и да трае тоа, добро е да се разговара. Ние тоа веднаш го прифативме. И денеска повторно тоа, заедно со Калас расговаравме за тоа, и прифативме. Ќе се подготвиме најдобро што знаеме и мислам дека е добро да има таква средба каде ќе можат да се чујат аргументите на двете страни, особено на НАТО самитот“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-03-02-at-09.58.29

Каде исчезна Елон Маск?

Доналд Трамп и Белата куќа речиси престанаа да зборуваат за Илон Маск, човекот кого многумина го нарекуваа „најмоќниот неизбран лидер во светот“ пред неколку месеци.Откако потроши милиони долари за поддршка на изборната кампања на Трамп, Маск изгледаше како втор најмоќен човек во Белата куќа по победата на Трамп: ги намали владините трошоци и бројот на вработени, ги навреди советниците на Трамп и го донесе неговиот мал син во Овалната соба.Но, она што го кажа и направи стана толку непопуларно што на крајот сериозно му наштети на бизнисот и ги отуѓи дури и републиканските политичари.Во првите месеци од вториот мандат на Трамп, Илон Маск - најбогатиот човек во светот, најголемиот републикански донатор и основач на Одделот за владина ефикасност (DOGE) - беше во медиумите секој ден, вклучително и во македонските. Тој беше во Овалната соба, на состаноците на кабинетот, во Air Force One; отпушти илјадници владини службеници, пристапи до владини бази на податоци и ја „демонтираше“ USAID, американската агенција за странска помош.А потоа почна да исчезнува од американската политичка сцена.Според „Политико“, Трамп и републиканците во голема мера престанаа да зборуваат за Маск. Во февруари и март, Трамп го споменуваше на „Трут Сошуел“ околу четири пати неделно, а од почетокот на април воопшто не го споменува.Трамп, исто така, повеќе не го користи Маск за собирање донации: во февруари, неговото име се појави во скоро секоја е-пошта добиена од поддржувачите на Трамп, а само еднаш од март. Најблиските советници на Трамп и официјалните сметки на Белата куќа објавуваат значително помалку објави и фотографии со Маск.Маск, според „Вашингтон пост“, го променил и своето однесување онлајн. Во февруари, повеќе од 50% од неговите објави на социјалната мрежа X беа за DOGE, американската влада или политиката воопшто. Околу 13% од објавите го споменаа Трамп, а само 7% ја споменаа неговата компанија. Сега е обратно - повеќе од 50% од објавите се за технологијата и неговите компании, DOGE и политиката сочинуваат помалку од 20%, а Трамп се споменува само во 3% од објавите.Маск, исто така, неодамна објави дека ќе ги намали политичките донации. Според CNN, минатата година тој потрошил повеќе од 290 милиони долари за поддршка на Трамп и членовите на неговата партија, што го прави најголем донатор на Републиканската партија.Маск се приклучил на американската влада привремено. Му бил доделен статус на специјален владин службеник и според законот не му е дозволено да работи повеќе од 130 дена во годината.Тој период истекува на 30 мај, но Маск се повлече порано.Уште кон крајот на март, Трамп им кажа на членовите на кабинетот дека Маск наскоро ќе го намали своето присуство во Белата куќа и ќе се префокусира на работата. Во април, самиот Маск објави дека ќе поминува помалку време во Вашингтон и дека планира да доаѓа само двапати месечно.Професорот од Јеил, Џефри Соненфелд, за „Вашингтон пост“ опиша зошто Маск се вратил од политиката во деловниот свет: „Неговите први 100 дена не ги исполнија целите што ги објави. Тоа го чинеше скапо - и неговата компанија и неговиот углед“.Пред да влезе во владата, Маск вети дека ќе ја направи владата технолошки понапредна и поефикасна и дека ќе го намали федералниот буџет од седум на пет трилиони долари преку DOGE. Според официјалните бројки, DOGE заштедил 170 милијарди долари, но новинарите на BBC пронајдоа грешки и непотврдени податоци во извештаите.Според проценките, DOGE ги намалил трошоците за најмногу неколку десетици милијарди долари - што е занемарливо во контекст на буџетот на САД. Покрај тоа, постојат загрижености дека обидите на DOGE за намалување на трошоците всушност ќе ги зголемат трошоците.Масовните и - според зборовите на еден советник на Трамп за The Atlantic - „невидените“ отпуштања на државни службеници би можеле да доведат до големи правни трошоци за државата (поради тужби од синдикати и организации за граѓански права, забелешка), намалување на даночните приходи (поради отпуштања во Службата за внатрешни приходи, забелешка) и намалување на исплатите на други субвенции, како што се студентските кредити (поради отпуштања во Министерството за образование, забелешка).Додека е во Вашингтон, Маск очигледно не успеал да изгради политички сојузи и ги иритирал членовите на владата во чија работа се мешал. Советниците на претседателот за „Атлантик“ изјавија дека Маск останува во корист на Трамп, но Министерството за земјоделство на САД (DOGE) изгуби голем дел од своето влијание со неговото заминување. Министерството ќе продолжи да постои, но раководителите на федералните агенции веројатно значително ќе ги ограничат овластувањата на своите претставници.

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања