Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

alkaloid-grcija

„Алкалоид“ чекаше, „АЕК“ се повлече – финалето стопирано

Натпреварот што требаше да биде ракометен спектакл во Скопје – финалето меѓу Алкалоид и АЕК – е откажан пред самиот почеток. Причината? Екипата на АЕК одби да излезе на терен, поради спор околу влезот на нивните навивачи.„Натпреварот вечерва нема да се одигра за жал. АЕК нема да излезе на терен. Така што, за понатамошни инструкции што со овој натпревар, ќе чекаме информации. За вечерашниот натпревар што требаше да биде спектакл, се извинуваме. Добивме информација дека екипата на АЕК не сака да го одигра натпреварот“, рече официјалниот спикер.Вечерва требаше да се додели пехарот, но тоа нема да се случи. За судбината на ова финале ќе се одлучува дополнително. Според неофицијалните информации, екипата на АЕК се откажала оти сакале во салата да влезат повеќе од 200 нивни навивачи, што било недозволиво и надвор од дадените насоки.Неофицијално, играчите на АЕК сакале да го играат натпреварот, ама претседателот на клубот бил во кавга со навивачите и добивал закани. Па затоа, била донесена ваква одлука. Дали ќе има нов натпревар или ќе биде доделен пехарот на „Алкалоид“, ќе одлучува Европската ракометна федерација.

Спорт | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-25-at-20.50.34

„Алкалоид“ чека на терен, натпреварот под знак прашалник: Грчките навивачи се причина

Вистински хаос во спортската сала „Борис Трајковски“ пред почетокот на финалето меѓу Алкалоид и АЕК. Натпреварот не може да започне бидејќи ракометарите на АЕК одбиваат да излезат на терен сè додека не бидат пуштени нивните навивачи од Грција.Според неофицијални информации, проблемот настанал затоа што бројот на грчки навивачи што пристигнале бил значително поголем од дозволените 200 билети. Организаторите се обидуваат да најдат решение, додека салата е на нозе.

Спорт | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-25-at-17.57.01

Конзулката Ременски и нејзиниот сопруг од АНБ на фотографија со претседателката Сиљановска во Рим

Експратеничката на СДСМ, конзул на Македонија во Венеција, Фросина Ременски, заедно со нејзиниот сопруг, кој работи во АНБ, Јовче Ременски, се фотографираа со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Рим. На фотографијата тие се пред базиликата Санта Марија Маџоре во Рим. Сопружниците Ременскис е гледаат на една од единаесетте фотографии кои ги објави Кабинетот на Сиљановска. Поводот беше чествувањето на Св. Кирил и Методиј. Неофицијално, присуството на Ременски било дел од дипломатските активности на Македонија во Италија.Одлуката за именување на Ременски за конзул беше донесена од Владата на 13 февруари 2024 година, со потпис на поранешниот заменик-претседателот на Владата, Фатмир Битиќи од СДСМ. И по смената на власта, таа остана дипломатски претставник. Ременски е редовна професорка на Факултетот за безбедност во Скопје. Во својата политичка кариера, таа беше пратеничка на СДСМ, потпретседателка на Собранието и техничка министерка за труд и социјална политика. Исто така, беше потпретседателка на СДСМ, се обиде да го добие и претседателското место - но не доби поддршка.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-04-at-13.00.44

Тошковски враќа удар: „Тендерот е чист, нема милионски исплати – нападите се политичка конструкција“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одговори на обинувањата од СДСМ дека доделил милионски тендер на мала фирма. Тој посочува дека сѐ е според законот, а милионите кои ги посочуваат не се пари кои ќе се потрошат, туку максимална рамка до која може да се набавува, во наредните три години.„Во однос на обвинувањата поврзани со тендерот за набавка на униформи за специјалните единици, важно е граѓаните да ги знаат фактите, јасно, прецизно и без политички манипулации. Најпрво, важно е да се истакне дека МВР нема склучено договор за директна, еднократна исплата на наведената сума одеднаш, туку склучена е рамковна спогодба која претставува максимална вредност за набавки во наредните три години. Разликата е клучна, самата рамковна спогодба не предизвикува директна финансиска обврска за Министерството, односно финансиски обврски се преземаат само кога ќе има реална потреба и се склучуваат посебни, поединечни договори за конкретни нарачки, со динамика на испорака според потребите. Исто така, една од главните „замерки“ е зошто не се барало долгогодишно искуство или поголем број вработени. Нашата логика е јасна и е исклучиво во интерес на државата, а тоа е поттикнување на конкуренцијата и фер пристап. Премногу строги критериуми често ги елиминираат малите и средни претпријатија, кои во Македонија се најконкурентни и често можат да понудат најдобри цени. Наша цел е да добиеме најдобар квалитет по најповолна цена, а тоа го постигнуваме со овозможување на поширок круг на понудувачи. Законот за јавни набавки не предвидува исклучување на фирма само поради тоа што е новорегистрирана или има помал број вработени и ние целосно постапуваме согласно неговите одредби. Наместо само на историјат на понудувачите, ние се фокусиравме на она што е најважно, реалниот квалитет на производот. Затоа, клучните услови беа задолжителна достава на мостри и лабораториски анализи. Секој понудувач мораше да достави примероци од униформите и делови од униформа, а мострите беа предмет на лабораториски анализи и испитувања од независни акредитирани лаборатории“, вели Тошковски.Покрај квалитетот, клучен фактор е и цената.„Анализата покажа дека разликата помеѓу највисоката и најниската понудена цена во постапката е 14,4% за дел 1 и 27,9% за дел 2 од набавката, што ја потврдува конкурентноста на тендерот и добиените поволни цени. За да се обезбеди дополнителна сигурност, за секоја поединечна нарачка се бара банкарска гаранција од 5% од износот на таа конкретна нарачка. Ова е дополнителен механизам за заштита на буџетските средства и осигурување на квалитетот и навремената испорака. Целата постапка беше максимално транспарентна, со продолжување на рокот за поднесување понуди, од 32 на 55 дена, за да се обезбеди фер шанса за сите. Дополнително, постапката беше предмет на задолжителна управна контрола од Бирото за јавни набавки, при што не беа најдени никакви неправилности. Јасно е дека нападите кои се шират овие денови не се резултат на вистинска загриженост за законитоста, туку обид за политичка конструкција и дефокус од вистинските реформи. Наместо идеи и решенија, повторно гледаме координирани напади, дезинформации и обвинувања без основа, сè со цел да се фрли сенка врз процеси кои за првпат се водат со целосна транспарентност и отчетност. Кога СДСМ и Левица, партии со спротивставени реторики и интереси, ќе се најдат на иста страна, тоа не е коинциденција, туку потврда дека сме на прав пат“, додаде тој.

Македонија | пред 8 месеци

Kuzeska

Нов скандал на Тошковски, тендер од 4 милиони евра за фирми основани пред тендерот, вели Кузеска од СДСМ

„Системска корупција ја јаде земјата“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:Се е бизнис интерес, на мала група луѓе околу центрите на моќ на ВМРО-ДПМНЕ.На поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ полека им станува јасно. Нема ништо од гордоста, нема ништо од националните интереси, лажниот патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ бил само за лично богатење на поединци. Додека тие се удираат в гради нивните шефови се богатат.Денеска објавуваме нов скандал во Министерството за внатрешни работи водено од Панче Тошковски. Нов сомнителен случај вреден речиси 4 милиони евра, кој ги носи сите обележја на скандалозните тендерски мрежи на ВМРО-ДПМНЕ.Договори од милионски износи се доделени на фирми без никакви капацитети, без претходно релевантно искуство, па дури и без никаква историја на јавни набавки за вакви или за други слични потреби!Некои од нив се отворени буквално 20 дена пред тендерот.Фирмата „Ле Бранд Дизајн“ од Битола, модно студио со просечен годишен приход од едвај 20.000 евра и само двајца вработени, добива тендер од над 2 милиони евра за шиење специјални полициски униформи.До вчера двајца вработени шиеја фустани, денес со двајца вработени треба да опремат специјални единици! Кој е овде наивен?Фирмата „Памитекс Тим“ е регистрирана само 20 дена пред распишувањето на тендерот, без веб-страница, без историја на набавки, без транспарентност.Ете ваква фирма добива тендер од 1.710.000 евра.МВР ги отстранило сите критериуми што би овозможиле транспарентна и правична конкуренција – нема услов за претходно искуство, нема минимум приходи, нема проверка на реални капацитети.Тендерот е шиење по мерка – ама не за полицијата, туку за партиските и бизнис интереси блиски до ВМРО-ДПМНЕ.Ова не е случајност. Ова е дел од тендерските шеми на ВМРО-ДПМНЕ и системската корупција која го јаде општеството.Го прашуваме Тошковски:• Кој навистина ќе ги шие униформите? Каде ќе завршат парите на граѓаните? Кој ќе одговара ако униформите не стигнат, не бидат со потребниот квалитет, или ако бидат неупотребливи за полициските специјалци? Кој ќе одговара?СДСМ бара:• Итна постапка од Јавното обвинителство за сомнежи за злоупотреба на службена положба, местење тендер и можно перење пари.• Поништување на скандалозниот тендер.• Отворање нова, транспарентна постапка со објективни критериумиОва е системска корупција која мора да биде истражена до крај.Граѓаните не заслужуваат криминал, туку правда. Ова мора да биде последната капка. СДСМ ќе се бори до крај – за вистината, за одговорност и за казна за сите вмешани![pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/05/Le-brand_250524_130045.pdf" title="Le brand_250524_130045"][pdf-embedder url="https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2025/05/Pamiteks_250524_130132.pdf"]

Актуелно | пред 8 месеци

gas

Во сообраќајката кај касарна „Илинден“ загинле полковник Стефан Ивановски и Ана Нешковска од Министерството за одбрана

Полковникот Стефан Ивановски, кој е поранешен припадник и командант на ЕСН Волци и Ана Нешковска која била негова сопатничка, а работела во Министерството за одбрана - се загинатите во сообраќајната несреќа кај касарна „Илинден“. Припадниците на безбедносните сили во неверување, се простија од двајцата.Меѓу другите, емотивен статус објави и ексминистерката за одбрана, Славјанка Петровска.[caption id="attachment_329314" align="alignnone" width="1374"] Screenshot[/caption]„Не сакав да поверувам во лошата вест, не сакав да прифатам дека вие двајца сте загинатите во сообраќајната несреќа, не сакав да прифатам дека туѓа неспособност и негрижа прекинаа два живота. Стефан Ивановски, го запознав како скромен, но исклучително способен офицер, посветен командант на армиските Волци, кој живееше за државата, Армијата и неговото семејство. Го гледав како еден од идните столбови на Генералштабот. Ана Нешовска, работлива, кротка, но полна со енергија и желба да го промени светот, за неа не постоеше ништо невозможно…Ја гледав како првата жена раководител на военото разузнавање“, напиша Петровска и додаде:„Вашето несреќно заминување не скрши сите, изгубивме многу, Министерството и Армијата изгубија многу, но за жал најголема загуба за вашите прекрасни семејства. Нема зборови на утеха, има само зборови за сочувство во оваа огромна тага. Почивајте во мир“.Претходно:

Македонија | пред 8 месеци

aerodrom-ohrid

Новата линија Базел - Охрид стартува 4 месеци порано

Новата линија Базел - Охрид стартува 4 месеци порано.„'Европскиот аеродром' како што е името на аеродромот помеѓу градовите Базел, Мулуз и Фрајбург е многу важен аеродром затоа што е на тромеѓе на три држави - Швајцарија, Германија и Франција. Раскрсница која ќе донесе многу туристи, но и ќе го олесни патувањето на нашата дијаспора“, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.Од компанијата WizzAir објавија дека веќе може да се купат карти за новата авиолинија Охрид - Базел. Првиот лет на оваа линија која е дел од програмата за субвенционирање на нови авиолинии е закажан за 27 Октомври.„Имаме интензивни разговори за други нови авиолинии со што македонските аеродроми ќе бидат одлично поврзани со целиот свет“, додава министерот.

Охрид | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-25-at-13.53.37

(Видео) Денеска е 25 мај, некогаш Денот на младоста кој ги обединуваше младите од бивша СФРЈ

Денеска е 25 мај, повозрасните со носталгија се сеќаваат дека во поранешната Југословенска федерација се прославуваше како Ден на младоста.До распаѓањето на СФРЈ се славел како посебен празник во времето на Јосип Броз Тито.Првично создаден како начин за одбележување на роденденот на тогаш неприкосновен лидер, Денот на младоста се славел со величествен слет, како голема манифестација на оптимизам и радост.Со штафета на младоста која се движеше низ целата држава и со слет на стадионот ЈНА во Белград, се славеше роденденот на Тито и Денот на младоста. Сите манифестации беа осмислени за обединување на младите во поранешна Југославија и како величење на ликот и делото на Тито.Се до смртта на Тито во 1980 година, штафетата му се додлеува лично.Во 1988 година беше направен последниот слет со што штафетата дефитивно замина во историја, а Југославија по три години ќе ја зафати воениот виор.И денеска од цела поранешна Југославија има поддржувачи на Тито, а споменот на некогашниот Ден на младоста е повод за собирање на обожавателите на Јосип Броз Тито во киќата на цвеќето.

Магазин | пред 8 месеци

soobrakajka-centar

(Фото) Несреќа по полноќ кај Порта Македонија – возач со „ауди“ излетал од улицата, автомобилот се запалил

Возач со „ауди а4“ имал тешка несреќа кај „Порта Македонија“. Сѐ се случило ноќеска по полноќ, кога излетал од улицата, удрил во бетонски столбчиња и канделабра, а потоа автомобилот се запалил. Полициските службеници интервенирале и го изгаснале огнот.„Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градската општа болница 'Св.Наум Охридски'“, велат од МВР за „Скопје1“.Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 8 месеци

MASKI-DEL-MONTAZA.00_08_32_14.Still001

Затворска „мафија“ фатена на дело: „плати или ќе го претепаме“ – затвореници уценувале мајка на осуденик

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица против четири лица од Скопје – А.Б. (31), А.Р. (25), Е.Б. (27) и Р.Р. (20) – поради сомнение за сторени кривични дела „изнуда“ и „лихварство“.А.Б. и А.Р., кои во моментот издржуваат затворска казна во Затворот Идризово, со помош на незаконски внесени мобилни телефони, преку апликацијата „Фејсбук Месинџер“, стапиле во контакт со мајка на друг осуденик. Од неа барале месечен надомест од 1.200 евра во замена за, како што тврдeле, „заштита“ и подобри услови за нејзиниот син во затворот. Во видео повици ѝ прикажувале сцени на насилство врз нејзиниот син, уценувајќи ја дека ќе продолжат со насилството доколку не ги добијат парите.На 23 мај 2025 година, Е.Б. (брат на А.Б.) и Р.Р. (брат на А.Р.) по претходен договор се сретнале со мајката во Струмица за да ја преземат паричната сума, за која тврделе дека е долг. Во моментот кога Е.Б. ги примил претходно обележаните пари, бил приведен од полициски службеници од СВР Струмица. Р.Р. се обидел да побегне, но веднаш бил фатен и приведен. При приведувањето, кај Е.Б. биле пронајдени пари во различни валути и апоени, за кои не поседувал доказ за потекло, па истите биле одземени.Истовремено, по наредба на надлежните органи, биле извршени претреси во затворските ќелии на А.Б. и А.Р. во Затвор Идризово. Притоа биле пронајдени и одземени два мобилни телефони со кои, според истрагата, тие ја извршувале изнудата.Е.Б. и Р.Р. се задржани во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По поднесувањето на кривичната пријава, двајцата биле изведени пред судија од Основниот суд Струмица, кој им изрече мерка куќен притвор.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-25-at-11.34.57

(Видео) Пак прскалки во затворена просторија, организаторот казнет

Со пиротехника се прославила победата на кошаркарскиот клуб „Маџари“ кој издвои победа над клубот „Ангели“, иако Собранието донесе измени на Законот за прекршоци против јавниот ред, со кои, се забранува употреба на прскалки во затворени простории. Натпреварот се одиграл во затворена сала, а зад лед дисплејот, покрај конфетите, се гледаат и прскалките.Побаравме став од Кошаркарската федерација на Македонија, дали се тие организатори, но и дали знаат дека употребата на пиротехника во затворени простории е казниво – до овој момент не добивме одговор. Го контактиравме и кошаркарскиот клуб кој славеше победа за употребените прскалки – но и од таму молк.Од Министерството за внатрешни работи, посочуваат дека постапиле и дека ќе има прекршочна пријава за организаторот.„Констатирано е дека организаторот нема пријавено до МВР користење пиротехника, согласно закон за пиротехника. СВР Скопје го повика организаторот при што ќе му биде поднесен прекршок согласно новиот закон за користење на пиротехника“, велат од МВР за „Скопје1“.Со измените не е дозволена употреба на пиротехнички средства во објекти и простории од затворен тип, а двојно се зголемени и прекршочните глоби за физичките и правните лица кои постапуваат спротивно на забраната. Доколку прекршокот се повтори, се предвидува затворска казна. Овие измени дојдоа по големата трагедија во Кочани, каде при употреба на прскалки, искра го зафати таванот и изби пожар, по што загинаа 62 лица.Инаку, кошаркарскиот клуб „Маџари“ славеше победа за влез во првата лига со трофеј.

Македонија | пред 8 месеци

ukraina-pozarnikari

Потврдено: 12 убиени, повеќе од 60 ранети во нападите врз Киев

Украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко потврди дека во голем руски напад со беспилотни летала и ракети во текот на ноќта загинале 12 лица, а повредени се уште 60.Одделни бројки објавени од регионалните власти и спасувачките служби покажуваат дека бројот на жртви е 13. „Ова е комбиниран, безмилосен напад насочен кон цивили. Непријателот уште еднаш покажа дека неговата цел е страв и смрт“, напиша Клименко на Телеграм.Нападите се случија еден ден откако украинскиот главен град претрпе еден од најинтензивните напади од почетокот на руската инвазија. Вкупно 13 лица беа убиени во напади низ Украина вчера. Нападите се случуваат во време кога дипломатските напори за прекин на борбите резултираа со размена на затвореници, додека Русија продолжува да ги игнорира повиците за прекин на огнот.Руското Министерство за одбрана соопшти дека воздушната одбрана соборила вкупно 110 украински беспилотни летала над неколку региони низ земјата во текот на ноќта. Според објавата на официјалниот Телеграм канал на министерството, тоа бил еден од најсеопфатните напади со беспилотни летала досега, погодувајќи десетици региони, вклучувајќи го и анексираниот Крим.

Свет | пред 8 месеци

IMG_5651

(Видео) Македонецот на врвот: Илиоски ја одбрани светската светската титула во кик бокс!

Бобан Илиоски успешно ја одбрани светската титула во кик бокс по ВАКО Про правилата во категоријата до 88,6 килограми (К1 стил). Негова поддршка околу рингот беа семејството, селекторот Дејан Митровски-Урко, но и Македонци кои живеат во Швајцарија.Македонскиот шампион синоќа во Женева, Швајцарија, забележа импресивна победа со технички нокаут во втората рунда против Кадри Мурсели од Франција. Со оваа победа, Илиоски уште еднаш покажа дека е еден од најдоминантните борци во својата категорија на светско ниво.Да потсетиме, Бобан ја освои титулата минатата година во Скопје, кога по тешка и израмнета борба го победи турскиот претставник Берк Дузенли со судиско мнозинство (2-1).Со оваа одбрана, Илиоски не само што ја потврди својата светска класа, туку и испрати силна порака дека е подготвен за нови предизвици и уште поголеми подвизи во кик бокс арената.

Спорт | пред 8 месеци

Screenshot-2024-06-27-at-10.56.59

Таравари расчистува со „непослушните” кадри

На вонредното собрание на Алијансатана албанците од крилото на Арбен Таравари, беше разрешен шефот на партиското Собрание, Арбен Фетаи.Одлуките за расчистување со нелојалните кадри доаѓаат неколку дена откако дел од високите функционери на оваа партија се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и коалицијата ВРЕДО.За нов претседател на Собранието на Алијансста е избран Назим Таипи.„Исклучивме и некои членови на Претседателството кои веќе јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците.За Мимоза Муса одлуката не беше донесена, бидејќи не беше добро дефинирана пораката од неа, дали останува со Алијансата за Албанците, или останува со ВРЕДИ, немаме јасна порака“, рече Таравари.Таравари го повтори ставот дека на Собранието била потврдено одлуката партијата да ја напушти Владата и самостојно да се натпреварува на локалните избори во октомври. Таравари вели дека на локалните избори ќе соработува и со ДУИ и со ВРЕДИ, па така набројс дека во Битола, во Кичево, во Брвеница, во Чашка, во Преспа и во Бутел ќе соработуваат и со ДУИ и со ВРЕДИ бидејќи само така можат да им помогнат на Албанците.Таравари не исклучи во другите општини соработка со која било опозициска политичка партија.

Македонија | пред 8 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-44-5550PM

Денеска дожд и засилен ветер

Времето останува непроменето, посвежо и поврнежливо за овој период од годината.Денескане очекува облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови.До крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа и над 70 km/h, особено долж Повардарието.Утринските температури во земјава ќе се движат од 3 до 12 степени, а дневните од 9 до 17.Во Скопје, променливо облачно и свежо, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе биде16 степени.Утре( понеделник), ќе има преодно стабилизирање на времето и ќе дува засилен северен ветер.И во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2024-12-09-at-10.27.31

Светските берзи паѓаат поради заканата на Трамп кон ЕУ

На светските берзи, цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите се загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а пазарите беа негативно погодени и од новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увоз од Европската Унија. На Волстрит, Dow Jones минатата недела се лизна за 2,5 проценти на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 проценти на 5.802 поени, а индексот Nasdaq падна за 2,5 проценти на 18.737 поени.Индексите се во минус од почетокот на неделата бидејќи Moody's го намали кредитниот рејтинг на САД од Aaa на Aa1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите трошоци за финансирање и планираните намалувања на даноците.Јавниот долг на САД е околу 36,2 трилиони долари и може да се зголеми за уште 3,8 трилиони во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Ова доведе до значително зголемување на приносите на државните обврзници, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.Намалувањето на даноците веројатно би го зголемило трошењето и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил ако не се намалат владините трошоци. А намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку непречено како што најави претседателот. Покрај тоа, се чини дека овој проект не е добро подготвен.Сепак, приносите од обврзниците се стабилизираа донекаде на крајот од неделата, откако Претставничкиот дом тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за намалување на даноците, па затоа сè уште се чека поддршката од Сенатот.Сепак, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи се на Европската Унија со царини од 50 проценти од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од напредокот на трговските преговори меѓу САД и ЕУ.Цените на акциите, исто така, паднаа на повеќето европски берзи минатата недела. Мора да се признае, лондонскиот индекс FTSE се зајакна за 0,4 проценти, на 8.717 поени, но франкфуртскиот DAX се лизна за 0,6 проценти, на 23.629 поени, а парискиот CAC за 1,9 проценти, на 7.734 поени.

Свет | пред 8 месеци

dolari_2_337166270

Доларот нагло падна

Нa девизните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути нагло падна откако „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на САД, со што приносите од американските државни обврзници се зголемија. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американскиот долар во однос на шест главни валути, падна за 1,9 проценти на 99,10 поени минатата недела.Во меѓувреме, еврото порасна за 1,7 проценти на 1,1360 долари. Американската валута, исто така, ослабе во однос на јапонскиот јен за 2,1 процент, потонувајќи на 142,55 јени.Доларот е под притисок откако „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 пред десет дена поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите трошоци за финансирање и планираните намалувања на даноците.Јавниот долг на САД е околу 36,2 трилиони долари и би можел да се зголеми за уште 3,8 трилиони долари во следните десет години, бидејќи претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да ги намали даноците. Ова ги зголеми приносите на американските државни обврзници, што значи дека владата мора да позајмува по повисока цена.Намалувањето на даноците веројатно би го зголемило трошењето и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил ако не се намалат владините трошоци. Притисокот врз доларот се зголеми во петокот, кога Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи се на Европската унија со царини од 50 проценти од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од напредокот на трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

Свет | пред 8 месеци

VenkoFilipceSDSM

Со изземањето на Филипче од случајот Онкологија, судиите и обвинителите уште еднаш покажаа клиентелистички однос, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За краток период од недела дена македонската јавност е сведок како судско обвинителскиот систем, односно поединци во него, го покажаа својот поданички и клиентелистички однос кон СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Наместо да го судат и гонат криминалот и сите засегнати да ги изведат пред лицето на правдата, тие спасуваат од обвиненија или од пресуди луѓе од највисокото раководство на СДС.После пресудата за Модуларната болница во Тетово, кривичната пријава за Онкологија е втор случај каде Венко Филипче, како поранешен министер за здравство во чие време се случија двата немили настани, се спасува од одговорност.Скандалот со Онкологија, кога на клиниката се правел криминал од тешки размери по буџетот и здравјето и животот на луѓето, се случува во време кога Филипче е министер за здравство.Со случајот на Онкологија, кога Филипче е министер, Буџетот е оштетен за износ од над 2,2 милијарди денари.Но, Венко Филипче повторно, ни во овој случај, исто како за Модуларната во Тетово, не е вклучен ни во истражна, ниту во судска постапка, односно во кривичното обвинение.Затоа, легитимно го поставуваме прашањето, дали Филипче има некаков договор со поединци од судската или обвинителската фела, да не биде изземен од одговорност и да не биде повикан ниту на разговор?Го повикуваме Јавното обвинителство да ја испита улогата на Филипче за случајот Онкологија, а не да го изземаат од случаевите настанати во негов министерски мандат.Се ова покажува дека Филипче е заштитен од судиите и обвинителите кои СДС со ДУИ ги бираа по партиска директива од Муртино и Зајас, затоа што тој не беше вклучен ниту во процесот за Модуларната, ниту за Стабри вакцините, ниту, пак, за крвавите тендери.ЈО мора итно да ја истражи проневерата од 2,2 милијарди денари во Онкологија, немањето терапија за најтешко болните пациенти од рак и набавките на скапи лекови од компанија блиска до Филипче.Филипче е синоним за криминал, корупција и неспособност.

Македонија | пред 8 месеци

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

,,Сите за Кочани – Трчаме заедно“, хуманитарна трка во седум градови

Денеска ќе се одржи хуманитарна трка за настраданите во трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани.Организатор е Делегацијата на Европската Унија и мрежата на Јуроп хаус, со што оваа година ќе го одбележат „Денот на Европа“.Мотото на трката е ,,Сите за Кочани – Трчаме заедно“,,На 25 мај, истовремено во седум града – Скопје, Струмица, Крива Паланка, Битола, Велес, Струга и Тетово, ќе трчаме заедно со една единствена цел: да му подадеме рака на Кочани. „СИТЕ ЗА КОЧАНИ – ТРЧАМЕ ЗАЕДНО!“ е хуманитарна иницијатива во која може да учествува секој, без разлика на возраста или физичката подготвеност. Трките се наменети за сите: рекреативци, спортисти, аматери, помлади и повозрасни, бидејќи не се работи за километри, туку за солидарност”, велат од Делегацијата на ЕУ.Пријавувањето може да се врши преку платформата https://sitezakocani.mk, каде што секој заинтересиран може да избере град и да стане дел од најважната трка оваа година.Сите средства собрани од котизациите ќе бидат донирани преку Црвениот крст, кој ќе ги даде за Кочани, таму каде што се најпотребни.,,На 25 мај, нема да трчаме за резултати, ниту пак за награди, ќе трчаме за солидарност и за вредностите кои нѐ дефинираат како општество и како заедница. Сите за Кочани – да трчаме заедно! Придружете ни се”, стои во повикот за настанот.Во Скопје, трките ќе се одржат на Средно Водно. Трката од 5 километри започнува во 10:00 часот, додека трката на 10 километри ќе започне во 11:00 часот. Пристапот со возила кон Средно Водно ќе биде регулиран, а паркингот нема да биде достапен за возила. Затоа ќе биде обезбеден организиран бесплатен автобуски превоз од паркингот кај Цветен пазар до Средно Водно.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2022-02-27-at-22.12.28

(Видео) Киев под силен напад со дронови од Русија

Киев, главниот град на Украина повторно се најде под силен руски напад со беспилотни летала и ракети во текот на ноќта и рано наутро денеска.Во нападот има повредени најмалку 15 лица и тројца погинати.Експлозии и митралески оган се слушале низ целиот Киев. Воената администрација на Киев соопшти дека ова бил еден од најголемите комбинирани напади со ракети и беспилотни летала врз главниот град.Откриено се околу 250 дронови и 14 балистички проектили, главно насочени кон главниот град.Русија пак извести дека се соочила со напад со украински беспилотни летала и дека пресретнала или уништила околу 100 украински беспилотни летала, вклучително и некои насочени кон Москва.Нападот се случи неколку часа откако двете завојувани страни, Русија и Украина започнаа голема размена на затвореници, стотици војници и цивили. Тоа беше првата фаза од размената договорена од двете страни на состанокот во Истанбул минатата недела.

Свет | пред 8 месеци

Kocan-protest-24.05-2

(Видео) Порака од родителите до правосудството: Молкот нема да трае долго како вашето судење

Во Кочани од ,,Маршот на ангелите“, родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“ на правосудството му порачаа: „Нашиот глас е гласот на оние кои трагично заминаа во огнот, молк што зборува повеќе од илјада зборови. Но нашиот молк нема да трае долго како вашето судење”.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-24-at-16.27.29

(Видео) Потресни сцени на маршот во Кочани: солзи и лелеци по загинатите деца

Денес, улиците на Кочани беа обвиени со тишина, болка и солзи. Десетици родители, роднини, пријатели и граѓани се собраа на протестен марш во чест на децата кои трагично ги загубија животите. Маршот, организиран како знак на почит, но и како повик за правда, помина низ централното градско подрачје, оставајќи силен впечаток кај сите присутни.На видеата, споделени од skopje1.mk, можат да се видат потресни сцени – мајки во солзи, луѓе кои со скршени гласови повикуваат на правда, како и тишина што зборува повеќе од илјада зборови. Лелеци, свеќи и цвеќе во рацете на учесниците сведочат за длабоката болка и загубата што ја чувствува целата заедница.Настанот не беше само израз на тага, туку и апел до институциите за брза и ефикасна реакција, за поголема безбедност и одговорност. Граѓаните испратија силна порака: „Децата се нашата иднина – нивниот глас никогаш нема да биде замолчен.“Кочани денес беше симбол на солидарност, болка и непоколеблива љубов кон најмладите.

Македонија | пред 8 месеци

Kocan-protest-24.05-1

(Видео) Родителите на загинатите деца прашаа: Законот е ист за сите…или?

Со слики и транспаренти од трагично загинатите чеда, родителите и блиските и денеска низ улиците на Кочани, со солзи во очите бараат правда. Изразија неблагодарност за пратениците.Со транспарентите порачаа: „Ефективен притвор”, „Секој може да е следен”, „Системот убива”.Укажаа дека судиите се со валкани раце но и „Народ со скршени соништа”, „Не чекајте катастрофа-дејствувајте сега”, „Моќта на луѓето е посилна од луѓето што се во моќ“.Прашаа: „Законот е ист за сите… или?”.

Македонија | пред 8 месеци

policacec-ohrid

Домашен терор во Охрид: маж натепал жена, друг фрлал со покуќнина

Два случаи на семејно насилство се пријавени во охридската полиција на 23 мај. Во едниот случај, маж од Скопје физички ја нападнал својата невенчана сопруга, а во другиот, охриѓанец бил приведен поради агресивно однесување кон семејството и оштетување на покуќнина. Полицијата презема мерки, а по целосно документирање, ќе следуваат соодветни пријави против напаѓачите.„На 23.05.2025 во 10.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Д.(42) од Скопје физички ја нападнал неговата невенчана сопруга од Охрид“, велат од МВР.И друг случај е пријавен.„На 23.05.2024 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.А.(35) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон членовите на семејството и оштетил дел од покуќнината“, додаваат од МВР.По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 8 месеци

saban-saliu-1515

Салиу слободен – Апелација смета дека семејниот статус и здравјето се посилни од сомнежот дека може да избега по трагедијата во Кочани

Штипска Апелација го пушти од притвор Шабан Салиу, осомничен во случајот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, потврдуваат оттаму за „Скопје1“. За разлика од претходните ослободувања кои дојдоа по предлог на Обвинителството, овојпат, тие се уште немаат добиено ниту решение. За тоа време, Салиу, веќе може да се шета слободно, а како мерка на претпазливост му е одземен само пасошот и треба да се јавува во скопскиот Кривичен суд двапати неделно. Салиу има и забрана за да се доближува и контактира со сведоци, вешти лица и оштетени.„Скопје1“ дојде до одлуката на штипска Апелација. Во нејзе стои дека Вишото јавно обвинителство-Штип побарало Салиу да остане во притвор во затворот во Куманово.Адвокатот Шенај Османов, бранител на Салиу, барал ослободување на клиентот поради неговата здравствена состојба, но и здравствената состојба на неговата сопруга за која рекол дека има потреба од постојана нега. Според бранителот, сопругата била со нарушено здравје и поради притворот на осомничениот Салиу.„Осомничениот Шабан Салиу досега е неосудувано лице, јавна личност, со функција актуелен минситер без ресор во Владата, со позната адреса и стабилна професионална и семејна положба“, рекол неговиот бранител барајќи да го пуштат од притвор, а потоа во одлуката стои: „Како бранител, смета дека обвинението што се заснова не се поткрепува со конкретните дејствија кои одговараат на ингеренциите што обвинетиот ги имал во период од 2012 до 2017 година, додека ја извршувал функцијата директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Во текот на своето неговото работење, осомничениот не потпишал, а ниту пак прифатил било каков елаборат поврзан со објектот - дискотеката во Кочани. Немал надлежност да извршува увид, контрола или пак било какви инспекциски постапки во објекти кои не се изградени согласно урбанистичко-техничката документација, поточно диви градби. Осомничениот Шабан Салиу не бил дел од процедурата за издавање дозволи, технички прием или процена на безбедност во објектот каде што настанал пожарот“, стои во одлуката.Потоа, штипска Апелација смета дека одлуката со која Салиу добил притвор не е основана.„Првостепениот суд при одлучувањето која од мерките за обезбедување на присуство на обвинетиот ќе ја примени, не водел доволна сметка за тоа дали основната цел на определување на мерките за обезбедување наосомничениот, може да биде постигната со определување на некоја друга поблага мерка на претпазливост односно да не се применува потешка мерка ако истата цел може да се постигне со поблага мерка“, објаснува штипска Апелација, па додава: „Овој суд утврди дека осомничениот кој е роден 1961 година, има семејство, татко е на едно полнолетно дете, со брачна другарка со тешко нарушена здравствена состојба и потреба од грижа, е со цврсти врски во средината каде живее имајќи го предвид и неговиот општествен, семеен и личен статус, дека истиот е неосудуван и постапка за друго дело не се води. Нема докази во списите од предметот дека осомничениот патувал во странство и кога. Со оглед на неговата возраст, како и семејните односи, овој суд утврди дека опасноста од бегство или можноста осомничениот на друг начин да се крие и на тој начин да го попречува успешното водење на кривичната постапка, може да се отстрани со мерки на претпазливост - Забрана за напуштање на живеалиштето-град С.. Привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница и забрана за нејзино издавање, Забрана за употреба на лична карта за преминување на државната граница и обврска осомничениот да се јавува во Основен Кривичен суд Скопје, кај определено службено лице секој понеделник и петок“.Одлуката ја донеле судиите Мирјанка Гоцевска Стефановска, Ѓорѓи Андонов и Весна Димитриевска Накова.

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања