Да лицитираше Бујар со откажување од криминалот на својата партија како што лицитира со македонскиот идентитет, државата ќе беше веќе во ЕУ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Screenshot-2024-12-11-at-10.57.34

„Што има против Бујар Османи од сојузништвата со Америка и Британија? Никој не се откажува од ЕУ патот, ниту бара алтернативи, само ги зајакнува дипломатските врски со држави значајни за нас. Истовремено Бујар Османи е најмалку повикан да говори на оваа тема откако како негово наследство имаме продадени интереси и идентитет на Македонците и пар фризерки испратени во дипломатија заедно со распадната и крајно партизирана мрежа во која дипломатијата е туризам и печалбарство, а не работа во функција на државата“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

ДУИ мора да се соочи со реалноста. И конечно да сфати дека продавањето на македонските интереси со прифаќањето на францускиот предлог нема да се заборави од страна на Македонците и ако сакаат да се искупат за тоа треба да покажат јасна промена на односот кон своите сограѓани и нивно почитување. И тука не сакаме да потсетуваме за тендерите за организација на настанот на ОБСЕ што го организираше Бујар, ниту за ред други корупциски афери на неговата партија за кои Бујар измеѓу две глумења на европеец ќе мора да се произнесе. И конечно нема ништо погрешно од ставот на нашата надворешна политика за меѓусебна почит, за взаемна и заедничка иднина во европското семејство со гарантирани права и идентитет за сите. Во меѓувреме, ако Бујар се осети нешто загрозен и вознемирен од сето ова, нека отиде како Рама и нека се насмее со едно селфи, очигледно Рама им делува како апче за смирување. Македонија има јасен став и тоа што Бујар не се согласува со него е првиот сигнал дека е добар за државата.

Да лицитираше Бујар со откажување од криминалот на својата партија како што лицитира со македонскиот идентитет државата ќе беше веќе во ЕУ.

— реклама —

Да слушаше Бујар дека е потребен консензус за францускиот предлог и дека не смее да го прифаќаат како што го слушаше и беше партнер со Артан Груби и останатите, и нем слушател при корупцијата во неговата влада и партија, ние веќе ќе имавме европска држава, а не распадната и корумпирана со систем кој е затруен од таквите како него и дел од неговите сопартијци и поранешни колеги од сите партии и неговата.

Очигледно Бујар и од тоа би се откажал се до откажување од достоинството и на последниот Македонец. Така е најлесно, нели?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања