Филипче да излезе од дупката во која се крие, нека каже за акциите во индиската авиокомпанија, за златната виза, вели Манасиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
Filipce-regionalna2

„Одморот на Филипче во Дубаи, кој го помина заедно со неговиот ментор Заев, во увид на градежни активности на 50-катницата и забава со Харис Џиновиќ, на којашто веројатно ги трошеле заработените милионски суми од акциите во индиската авиокомпанија, го збунија Филипче и го оттргнаа од реалноста во која не доведоа токму тој и неговиот ментор, Заев“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

Филипче се појави на прес-конференција во понеделникот, на којашто изнесе премногу лаги и манипулации во јавноста, и одлучи повторно да го снема.

Филипче нека остане смирен на овој историски ден за Македонија, каде што во Лондон се потпишува стратешкиот договор со Обединетото Кралство, кое ќе донесе инвестиции над 6 милијарди евра, а нема да донесе мигранти.

— реклама —

Да беше Филипче на власт, или можеби неговиот ментор Заев, не само што немаше да имаме стратешки договор, туку и да го имавме, ќе беше ограбен, криминален и корумпиран. Тендерите ќе се делеа на браќа и братучеди, на партиски коалиции, ќе се оштетуваа Буџети, а народот ќе го плаќаше истото.

Затоа, Филипче, денес повторно те прашуваме, како ти дојде до акции во индиска авиокомпанија, како дојде до златна виза за Дубаи и дали пресудата за Модуларната болница е праведна и реална?

Филипче е само еден обичен лажго и манипулатор. Филипче е срам за Македонија и треба да остане во црното минато на македонската политичка сцена.

Филипче е синоним за неспособност, криминал и корупција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања