Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

Screenshot-2023-11-10-at-12.58.42

Малолетник од Велес во болница - направил сообраќајка возејќи мопед

На 20.04.2025 во 13.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „јамаха“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник и мопед „шинерај“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетеник, двајцата од Велес.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал мопедот „јамаха“, констатирани во Општа болница Велес.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Македонија | пред 9 месеци

pozar-los-andzeles1

Се запали стан во Прилеп, две лица однесени во болница

На 20.04.2025 околу 13.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Точила“ во Прилеп настанал пожар во стан сопственост на Т.Ј., во кој престојувала неговата неговата сестра Ц.С.(51) и неговиот зет Д.П.(40), двајцата од Скопје.Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад Ц.С. и сосетката С.П.(73) од Прилеп биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош.Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_6897

Три лица меѓу кои малолетник натепани во Кисела Вода

Денеска (21.04.2025) во 02.31 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходна расправија, В.М.(41) и И.С.(46) и еден малолетник, сите од Скопје биле физички нападнати од М.Љ. и уште неколку други лица, кои употребиле тврди предмети.По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 9 месеци

IMG_7454

Полицаец нападнат од насилник со остар предмет - драма во Пробиштип

Денеска (21.04.2025) во 01.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Љ.М.(36) од Пробиштип затоа што се обидел со остар предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија и затоа што претходно во дворот од нејзината куќа физички ја нападнал Т.А.(23) од Пробиштип.Според пријавеното, околу 23.20 часот во казино во Пробиштип, Љ.М. физички бил нападнат од А.А. од Пробиштип, брат на Т.А., по што отишол во нејзиниот двор за да го најде А.А..По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Македонија | пред 9 месеци

pozarna-avtobus-nokje

Пожар во стан во Аеродром, две лица пренесени во болница

На 20.04.2025 во 05.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во стан, сопственост на П.Д.(74).Од пожарот со изгореници се здобил сопственикот и заедно со неговиот син О.Д.(52), поради вдишување на чад, биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 9 месеци

51401844_2291932497485853_5542221813028749312_n-1

Хајредини: Само македонскиот народ може да одлучува за идентитетот и историјата, Албанците треба да поддржат

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, предизвика реакции со својот став за идентитетските прашања на Македонците. Во објава на социјалните мрежи, тој вели дека одлуките за идентитетот, историјата и македонскиот јазик се исклучиво во рацете на македонскиот народ.„Во врска со прашањaта за идентитетот, историјата и македонскиот јазик, право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука треба да ја поддржат“, напиша Хајредини.

Коментари | пред 9 месеци

ljutkov-sobranie-1

СДСМ бара оставка од Љутков оти вработените во културата немаат земено плата

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници без плата додека најавува распродажба на културното наследство под концесија“, велат од партијата и додаваат:„Ова е дното, ова е институционалната негрижа за културата, за културните работници и за нашето културно наследство.Сака ли ДПМНЕ македонските свети места да завршат во туѓи портфолија само за некој лично да профитира?Ова ли е новото нормално со разнебитување на културата?СДСМ е на страната на граѓаните и нема да дозволи разнебитување на културното наследство.СДСМ бара:- Оставка и политичка одговорност од Љутков за хаосот што го направи во културата.- Повлекување на срамните изјави за приватизација на културното наследство- Итна исплата на мартовската плата за сите културни работници.Културата и културното наследство не се трговска роба. Културата, не е зделка. Археологијата не е парцела. Оваа земја има народ што памети – и што не заборава“.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-21-at-10.57.13

(Видео) Папата Фрањо починал утринава, вчера излезе пред толпата во Ватикан и посака „Среќен Велигден“

Папата Фрањо почина утринава, соопшти Ватикан.„Утринава во 7:35 часот, бискупот римски Фрањо се врати во домот на Отецот. Целиот негов живот беше посветен на службата на Господ и Неговата Црква“, објави кардиналот Кевин Фарел во изјавата објавена од Ватикан на својот канал Телеграм.Вчера, на Велигден, папата Франциско неочекувано се појави пред верниците на плоштадот Свети Петар во Ватикан и на толпата накратко им посака: „Среќен Велигден“. Светиот Отец излезе во инвалидска количка и од балконот на базиликата Свети Петар им мавташе на илјадниците насобрани верници кои го поздравија со голем аплауз.Годинава, за прв пат откако беше избран за папа во 2013 година, Фрањо пропушти поголем дел од ритуалите на Светата недела, вклучително и Велигденското бдение во саботата навечер, каде што празнувањето на миса им го препушти на кардиналите. И покрај се, на Велигден накратко се појави внатре во базиликата, каде пред насобраните луѓе кажа кратка молитва и им подели слатки на децата. На вчерашното појавување тој делуваше многу изнемоштено и исцрпено, а на насобраните само им рече: „Драги браќа и сестри, среќен Велигден“. $bp("TargetVideo_45224620", {"id":"26456","width":"762","height":"429","video":"2101357","autoplay":0,"shared":true});Неколку моменти претходно, Фрањо го прими американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс „како дел од приватен состанок од неколку минути“ во неговата резиденција во Ватикан Санти Марти. Тој вчера се сретна и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.Папата страдаше од разни болести за време на неговото 12-годишно папство.Тој беше отпуштен од болница минатиот месец по петнеделен третман поради инфекција која прерасна во билатерална пневмонија.

Свет | пред 9 месеци

1-2

Почина папата Франциск

Папата Франциск, духовниот лидер на Римокатоличката црква, почина денес на 88-годишна возраст.Светата Столица сè уште нема официјално соопштение за причината за смртта.Детали за комеморацијата и понатамошните постапки се очекуваат во текот на денот.

Свет | пред 9 месеци

Capture-2

Тројца уапсени во Штип, возеле под дејство на алкохол

На 20.04 2025 во 20.40 часот на улица „Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.О.(50) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал С.О. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,99 промили алкохол во крвта.На 21.04.2025 во 02.45 часот на булевар „Македонија“ во Делчево, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(18) од Делчево. При контрола во патниот сообраќај и по преземени мерки било констатирано дека дека е под дејство на алкохол, односно дека управувал патничко возило „сеат“ со делчевски регистарски ознаки со 1,62 промили алкохол во крвта.Додека, на 20.04.2025 во 23.20 часот на ул.„Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода Д.В.(34) од Македонска Каменица затоа што при сообраќајна контрола било констатирано дека управувал патничко возило „форд фиеста“ со регистарски ознаки на Македонска каменица со 1,53 промили алкохол во крвта.Лицата биле исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 9 месеци

meso999

Агенцијата за храна направи 617 вонредни контроли пред Велигден, најдени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници.„Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднoст на храната и техничките услови во објектите. 4 од операторите не ги спровеле задолжителните здравствени прегледни на вработените или поседувале санитарни книшки со истечен рок на важност.Пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а кај осум, биле пронајдени несоодветно означени производи.За утврдените недоследности кај различни категории оператори со храна, издадени се 44 решенија за нивно отстранување. За пуштање во промет на небезбедна храна и утврдени недоследности од поголем обем, изречени се и 30 парични казни во износ од 25 400 евра во денарска противвредност.Нештетно се уништени 1 740 килограми небезбедна храна“, велат од АХВ.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.34.55

Трамп: Се надевам на брз договор меѓу Украина и Русија, и двајцата можат да заработат богатство!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева оти договор меѓу Русија и Украина ќе биде постигнат во неделата што следи, во кратката порака објавена на неговата социјална мрежа.„Може да се надеваме дека Русија и Украина ќе постигнат договор оваа недела“, напиша тој.„Тогаш и двајцата можат да направат добар бизнис со растечките Соединети Американски Држави и да заработат богатство! додаде тој.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Крстевски: Хаос во Кочани , школите и претпријатијата тонат во долгови, намалени плати на медицинарите кои кобната ноќ спасуваа животи

В.Д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, кој беше избран по оставката на дотогашниот Папазов кој по трагедијата во дискотеката Пулс даде оставка и е дел од истрагата, на ФБ дава одговор на прашањето кое му го поставувале: Знаеш ли на што си се нафатил?”Еве го неговиот одговор:   „Општина Кочани еден месец БЕЗ Градоначалник и Секретар, општинските инспектори под мерки за претпазливост, финансиските служби под тотално непотребна репресија, лоша клима за работа.КЈП Водовод Кочани две недели БЕЗ Директор и три месеци БЕЗ Технички, ДОЛГ над ТРИ милиони евра, дефицитарен кадар во делот на оперативци и општ хаос создаван со децении.Школите тонат во долгови, над 200 деца во предучилишна возраст чекаат ред за запишување во градинка.Територијалната противпожарна единица со број на вработени НА ПОЛОВИНА од ЗАКОНСКИОТ МИНИМУМ, опрема лимитирана, возен парк дотрајан во лоша кондиција и просечна старосна граница од 46 години.Полициска станица Кочани поради сите настани, суспензии, истраги, реално не е ниту на 20% од капацитетите.ЈЗУ Општа Болница Кочани нема елементарни услови во делот со опрема, а ИМА страшно нарушени меѓучовечки односи поради разместувања во рамките на самата институција, намалена плата на неколку лица кои беа на првите борбени редови во кобната ноќ и спасија стотина животи (поради користење на боловање).Ќе си дозволам да цитирам еден голем идеолог ‘Јас имам сон!’.Ве повикувам и охрабрувам да дадете придонес за остварување на овој сон, кој верувам дека е желба на сите млади и возрасни жители на Кочани.Споделете го овој статус сите кои можете, за да дознае цела јавност.”

Македонија | пред 9 месеци

ukraina-

Украина: Русија 2.000 пати го прекршила примирјето

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија во неделата дека го прекршила Велигденскиот прекин на огнот повеќе од 2.000 пати, но исто така нагласи дека немало руски воздушен напад во текот на денот.„Од почетокот на денот, руската армија го прекрши примирјето што го прогласи (Владимир) Путин повеќе од 2.000 пати (...). Сепак, денеска немаше предупредување за воздушен напад“, рече Зеленски на Телеграм.Тој, исто така, предложи да се продолжи примирјето за триесет дена кога станува збор за напади со беспилотни летала и ракетни напади врз цивилната инфраструктура.„Доколку Русија не се согласи на таков чекор, тоа ќе биде доказ дека планира да продолжи со она што уништува човечки животи и ја продолжува војната“, напиша Зеленски на X.Кремљ претходно објави дека рускиот претседател Владимир Путин не издал наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот во Украина.Примирјето што Путин го прогласи во саботата истече на полноќ по московско време (23 часот по хрватско време во недела).Руското Министерство за одбрана објави дека Украина повеќе од илјада пати го прекршила примирјето.

Свет | пред 9 месеци

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Воз удри во автомобил на преминот во Зелениково

Сообраќајна несреќа помеѓу воз и автомобил се случи вечерва во Зелениково.„На 20.04.2025 во 18.10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Зелениково на железничкиот премин се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило “тојота”, управувано од Ж.М.К.(51) од Скопје и воз управуван од С.М.“, велат од МВР за „Скопје1“.До сега нема пријавено повредени лица.

Скопје | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Украинците бесни поради наводниот план на Трамп за Крим: „Реган се превртува во гробот“

Веста дека САД размислуваат да ја признаат руската контрола врз Крим како дел од мировниот договор за ставање крај на војната во Украина, предизвика бурни реакции. Ваквиот потег, според аналитичарите, ќе му донесе голема победа на рускиот претседател Владимир Путин, кој илегално го анектираше полуостровот во 2014 година.Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека во американската администрација се разговарало за можна отстапка откако претседателот Доналд Трамп и неговиот државен секретар Марко Рубио во петокот рекоа дека САД би можеле да се повлечат од мировните преговори доколку преговорите не успеат. Иако одлуката се уште не е донесена, извештајот веднаш предизвика лавина бес во проукраинските кругови.Руските трупи го окупираа Крим во февруари 2014 година, по што Москва организираше контроверзен референдум, наведувајќи го неговиот резултат како доказ дека населението сака анексија од Русија. Анексијата на Крим ги постави темелите за конфликтите во украинскиот Донбас, кои подоцна ескалираа во инвазија на Украина во февруари 2022 година.Украинскиот претседател Володимир Зеленски јасно стави до знаење дека Украина нема да се согласи да ја предаде ниту една педа од својата територија, вклучувајќи го и Крим. Од друга страна, Путин тврди дека анектирал уште четири украински региони, иако Русија нема целосна контрола врз нив. Признавањето на руската власт над Крим би било голем дипломатски триумф за Путин, кој со години бара меѓународно признавање на анексијата на полуостровот.Блумберг наведува дека во моментов се разгледува предлогот за признавање на Крим, но се уште официјално не е донесена одлука.Реакциите на социјалните мрежи се жестоки. Корисникот Џеј од Киев напиша дека таквиот потег на САД ќе ги усогласи со „пеколните клептократии како Северна Кореја, Белорусија, Русија, Никарагва и Венецуела“, единствените земји кои го признаваат Крим како руски.Вишиот соработник на ЦЕПА Олга Лаутман рече: „Крим е и ќе остане украински, без оглед на тоа што ќе кажат Трамп и неговиот народ“.Корисник на UA Voyager кој доаѓа од Крим напиша: „Со свои очи ја видов анексијата. Знам што значи да се живее под окупација. Знам колку луѓе на Крим сè уште веруваат во Украина. И сега - немам зборови“.Украинската организација Украина фронт лајн предупреди дека секое признавање на рускиот суверенитет над Крим ќе значи крај на сите преговори. „Роналд Реган се врти во гробот помислата на ова предавство на американските морални вредности“, напишаа тие.Потсетиме дека Трамп во петокот рече дека САД ќе се повлечат од посредувањето доколку „една од страните го отежнува постигнувањето договор“, додека Рубио претходно рече дека Вашингтон ќе се откаже од мировната иницијатива доколку нема знаци за можен компромис.Во март, Путин го отфрли американско-украинскиот предлог за 30-дневен целосен прекин на огнот, а Кремљ продолжи да ја префрла вината на Киев и да бара дополнителни отстапки од Вашингтон. Во петокот, рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, рече дека генералниот прекин на огнот би бил „нереален“.И покрај минатомесечниот состанок во Саудиска Арабија спонзориран од САД, војната во Украина продолжува без знаци на олеснување. Изјавите од Москва укажуваат дека Кремљ би прифатил само целосна украинска капитулација, што дополнително ја отежнува секоја мировна иницијатива. Истовремено, расте притисокот врз американската администрација, особено поради можноста каква било отстапка кон Русија сериозно да го наруши кредибилитетот на Америка во светот.

Свет | пред 10 месеци

zena-papa

Ватикан слави велигденска миса

Градот Ватикан денеска ќе го одбележи Велигден, најзначајниот момент на христијанскиот календар, со голема миса во црквата Свети Петар во Рим. Поради здравствените проблеми на папата Франциско, кој се опоравува од билатералната пневмонија, мисата се очекува да ја предводи високиот италијански кардинал Анџело Комастри, кој беше протоереј на базиликата Свети Петар од 2006 до 2021 година и генерален викар за Ватикан.Останува неизвесно дали Франциско ќе може да го даде традиционалниот благослов Urbi et Orbi (На градот и светот) на десетици илјади верници во Свети Петар и на камерите од целиот свет. 88-годишникот ја напуштил болницата Гемели во Рим пред четири недели, откако таму поминал повеќе од еден месец. Сепак, според препораките на лекарите, тој сè уште треба да мирува по опасна по живот болест.За време на неговите ретки јавни настапи откако ја напушти болницата, Папата понекогаш се појавуваше многу слаб. Говорот исто така претставува тешкотија за водачот на повеќе од 1,4 милијарди католици во светот. Во саботата вечерта Франциско се појави во инвалидска количка во базиликата Свети Петар.За Велигден во Рим се очекуваат милион посетителиСпоред христијанската традиција, Велигден го одбележува споменот на распнувањето и воскресението на Исус Христос. Годинава комеморацијата има уште поголемо значење бидејќи Католичката црква ја прогласи 2025 година за јубилеј. Папата Франциско првично имаше намера да биде присутен на овие важни настани.Само овој викенд Рим има околу еден милион посетители, вклучително и верници од целиот свет. Меѓу нив е и американскиот потпретседател Џ.Д.Венс. Заменикот на Доналд Трамп, кој премина во католичка вера во 2019 година, планира да присуствува на Велигденската миса со своето семејство.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-20-at-09.02.21

Христос воскресе: Православните верници го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.Воскресението Христово е празник што ги спојува верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Величетврток уште пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – Христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.Велигденското јајце е старо колку и христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение.Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав: Христос воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина воскресе!Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во воскресението. Оваа практика и до ден-денес е запазена во Светото послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат сè до Христовото вознесение, Спасовден.Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и Христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето нè потсетува на крвта Христова и спасението.Според хронологијата на Христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Величетврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во Христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има Христовата крв.Затоа црвената боја, симболизирајќи ја Христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Величетврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Величетврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.Според Светото предание, се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца.Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието.Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господ Исус Христос. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос воскресе.Потоа му раскажала за сè што учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето.Следејќи го нејзиниот пример, првите христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос воскресе – вистина воскресе!

Македонија | пред 10 месеци

brank

Бранка Костиќ-Марковиќ емотивно за Поп-Симонов: Толку знаење за многу работи, нека ти е вечна слава маестро

Бранка Костиќ-Марковиќ која е магистер по етномузикологија, речиси две децении новинар и музички уредник во ТВ „Телма“, а потоа уредник во издавачката куќа „Арс Ламина“, се прости со музичкиот великан Тоше Поп-Симонов.„Тоше, знам дека партал ќе ме направеше сега што те фалам. Но, не можам да ја премолчам твојата импозантна биографија што ја имав за проектот „Гитарџиски муабети“ што почнавте да го спремате со Мичо и Венко во 2021/2022 година, а што мораше да го откажеш заради предизвиците со здравјето што те затераа. Знам дека тоа ќе беше врв на твојот ќеиф за музиката. Извини, морам да ги споделам овие редови што сам ги издвои од раскошната кариера, зашто тргнаа објавите за твојата музичка големина, па нека послужат како потсетник за тоа што сѐ направи за македонската музика. Последната песна што задоволно ми ја прати да ја слушнам беше оваа за Бени и Нон Стоп. Ти кажав што убаво свилено звучи. А целосно твоја и компонирана и отсвирена. Никогаш, после толку муабети, не се откажував од идејата да ми дадеш интервју пред камера. Ама пуст цврст став, бетер и од мојот имаше. И го почитував тоа. Само жал ми е и цел живот ќе ми биде жал. А за докторските совети, во најстресните моменти... Толку знаење за многу работи. Нека ти е вечна славата маестро“, напиша Костиќ-Марковиќ, испишувајќи ја целата негова биографија:ТОШЕ ПОП - СИМОНОВ10.1962 г. во Скопје.Со музика активно се занимава од 1976.Основач и член на повеќе вокално-инструментални состави, меѓу кои: ПОСТ СКРИПТУМ, ТАРТИФ, БАСТИОН, УРБАН, РАСКОЉНИКОВ, АСТОРИА, СТУДЕНИ НОЗЕ, К-15...Сопственик на првото приватно продукциско аудио студио во Македонија, ”АУДИОЛАБ”, кое започнува да работи на 15.05.1985. Во јануари 1991, студиото прераснува во прва приватна издавачка музичка куќа, под истото име.Како продуцент, до сега е потпишан на повеќе од 700 проекти, издадени во Републиката и поранешните Југословенските простори. Има работено на проекти од сите жанрови, од дела за мал состав, до комплексни сценско-музички формации.Дел од списокот на клиенти и проекти:АНАСТАСИЈА, МИЗАР, АРХАНГЕЛ, МЕМОРИЈА, ТОШЕ ПРОЕВСКИ, ДАРИО И МИГ 21,ВЛАДО ЈАНЕВСКИ, РИСТО БОМБАТА, СТУДЕНИ НОЗЕ, ЕНА ВЕКО, ЛОЛА В. ШТАЈН,ДУО ТРИО, ДУЛЕ И КОКИ, ДЕН ПОТОА, ЛАСТ ЕКСПЕДИШН, ЕКСИК, КАРОЛИНАГОЧЕВА, АРБЕН ШАКИРИ-БЕНИ И НОН СТОП, ВЕРИЦА ПАНДИЛОВСКА, МАЈАГРОЗДАНОВСКА, ОЛГИЦА ХРИСТОВСКА, ТАЊА КОЧОВСКА, МИКИ ЈОВАНОВСКИ-ЏАФЕР, КУКУ ЛЕЛЕ, РЕБЕКА, КРИСТИНА АРНАУДОВА, МАКФЕСТ, ИНТЕРФЕСТ,СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, АНТОЛОГИЈА НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА МУЗИКА …Се наоѓа на официјалната листа на продуценти на интерконтиненталниотмузички концерн “ПОЛИГРАМ”.Освен со музичка продукција, се занимава со компонирање и пишување аранжмани и текстови за свои и туѓи композиции. Како продуцент,композитор, аранжер и текстописец има учествувано на сите фестивали на популарна музика во Републиката.Член на селекционата комисија на “МАКФЕСТ” (‘91-’93)Член на стручното жири на “МАКФЕСТ” (‘91-’93)Член на селекционата комисија на “СКОПСКИ ФЕСТИВАЛ” (’95)Продуцент на “МАКФЕСТ” ’87, ’89, ’91, ’92, ’93;Продуцент на “ИНТЕРФЕСТ” ’94 и ’95;ПОВАЖНИ АКТИВНОСТИ, ДЕЛА, НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА:1981 - најслушана група на брановите на Радио-Скопје;1984 - 2-ра награда на “РОК-ФЕСТ” ’84;1987 - награда за најдобар текст на “МАКФЕСТ” ’87;1989 - албум на годината;1992 - 1-ва награда од публика и 2-ра награда на стручно жири “МАКФЕСТ” ’92;1992 - титула на аранжер на година, доделена од свечаната академија на МРТ;1993 - признание за најслушана песна на годината на програмите на МРТ;1993 - титула на продуцент на година, доделена од свечаната академија на МРТ;1994 - продуцент на музиката за филмот “ПРЕД ДОЖДОТ” , добитник на“ЗЛАТНИОТ ЛАВ” во Венеција;1995 - 2-ра и 3- та награда на Македонското радио за песна на годината;1995 - титула на продуцент на година, доделена од свечаната академија на МРТ;1996 - титула на продуцент на година, доделена од свечаната академија на МРТ;1997- продуцент на најслушана песна на годината;1999 - најслушана композиција помеѓу двата фестивала МАКФЕСТ2000;2000 - награда за најдобар текст на ЕУРОСОНГ 2000;2001 – комплетен автор на композицијата добитник на награда за интерпретацијаМАКФЕСТ2001;2003 – добитник на 6 награди(музика, текст, аранжман, публика, стручно жири игранд при) на Интернационалниот фестивал во Бихаќ, БиХ;2004 – автор на музика за претставата “Хомо Еректус” на режисерот СашоМиленковски, во изведба на ансамблот на Драмски театар – Скопје;2006 – комплетен автор на музиката и тонската постпродукција на филмот“Тајната книга”;2007 – автор на музиката за драмската претстава “Совршенство или смрт” нарежисерот Владо Цветановски, во изведба на прилепскиот театар,претстава којапочесно го отвори фестивалот “Војдан Чернодрински” таа година;2009 – автор на музиката за театарската претстава “Осмото светско чудо” потекст на Jордан Плевнеш, во режија на Владо Цветановски и изведба наНародниот театар на Битола;2019 - Макфест 2019 –автор на музиката и аранжманот за композицијата „Не ѝпризнавај“ во изведба на групата Фрајле од Нови Сад, Република Србија идобитник на III награда од стручното жири на Фестивалот;2019 - Макфест 2019 – комплетен автор на композицијата „Си одиш ти„ воизведба на Трајче Георгиев;2021 - Автор на шпица и музички подлоги за серијата „Опуштено“, емитувана наТВ Алфа на почетокот на 2021;2021 - Медиски организатор и автор на авизо и џинглови за VIII SEE Symposiumon vegetables and potato under auspices of International Society for HorticulturalSciences (ISHS), септември 2021;2021 - Преработка и аранжман на композицијата „Оган под звездите“ од ПетарГеоргиевски/група Меморија;2021 - Комплетен автор на композицијата „Вака не може“ во изведба на АрбенБени Шаќири.ВИДЕО ПРОДУКЦИЈА:ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ:“Заборавени”, “Ветрен”, “Адам и Ева”, “Џоломарите” репортажа за музејот наМерцедес во Келн, “Народните инструменти на Македонија”,“Хидроакумулативните капацитети на Македонија”, “Алтернативи на метилбромидот”, “Одгледување на бројлери”, “Одгледување на земјоделски култури возаштитени простори”, “Основи на сточарското производство”, “Јагоди”“Поврзаноста на Охридското и Преспанското езеро”...ВИДЕО СЕРИИ:“Фантастик мјузикленд”, “Анфас”, “Зоки Поки”

Коментари | пред 10 месеци

491808376_24731633113194005_5471069911869666760_n

Почина музичкиот великан Тоше Поп Симонов

На 63 годишна возраст почина музичарот Тоше Поп Симонов, македонски музичар, композитор и аранжер, познат по својата работа во областа на поп и етно музиката. Тој остави неизбришлива трага кога во прашање е македонската музика, а твореше од далечната 1980 година.Во раните 1980-ти, Поп-Симонов бил член на групата „Пост Скриптум“, од која подоцна произлегол култниот бенд „Бастион“, каде што свирел гитара заедно со Кирил Џајковски . Во 1991 година, тој бил продуцент и композитор на албумот „Бубачки и градски ѕверки“ на Ена Веко, за кој ги напишал и продуцирал повеќето песни. Поп-Симонов исто така соработувал со Јаков Дренковски на албумот „C’est la vie“ (1991), каде што бил електричен гитарист и тонски инженер. Познат е и по својата работа како тонски инженер и продуцент, вклучително и во студиото „Јатаган“ во Скопје.Во поново време, Поп-Симонов работел на песната „Знам дека сто посто те знам“ на Бени и Нон Стоп, објавена во октомври 2024 година, каде што бил одговорен за музиката, текстот, аранжманот и продукцијата. Една од значајните соработки на Поп-Симонов е со хрватската пејачка Алка Вуица. Во 2024 година, тој го аранжирал, миксирал и мастеризирал нејзиниот сингл „Не мислим више на тебе“. Песната е компонирана од Марија Мирковиќ, а текстот е напишан од Алка Вуица. Оваа соработка се случила спонтано, кога Марија и нејзината менаџерка Лидија Самарџија биле во Скопје и му ја претставиле песната на Поп-Симонов. Тој веднаш почувствувал инспирација и додал етно елементи и посебна емоција во аранжманот. Алка Вуица изразила задоволство од соработката и изјавила дека ова е прва соработка со Поп-Симонов, кого го ценела долго време.Тоше Поп-Симонов има придонес и во филмската музика, како што е неговата работа на филмот „Пред дождот“ (1994), каде што бил дел од музичкиот оддел.На социјалните мрежи, роднини, пријатели, познаници се простуваат од Поп Симонов.[caption id="attachment_327240" align="alignnone" width="758"] Screenshot[/caption][caption id="attachment_327242" align="alignnone" width="1348"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 10 месеци

thumbnail_Ljutkov-15.11-2

Љутков им се извини на вработените во културата оти останаа без плати за Велигден

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, се извини на колегите кои Велигден ќе го дочекаат без плата.„Како ваш колега и министер за култура и туризам, сакам искрено и длабоко да Ви се извинам поради тоа што се случи - платите да доцнат и да не бидат исплатени пред Велигденските празници. Свесен сум дека тоа е голем проблем кој предизвика непријатност за Вас и Вашите семејства, уште повеќе што ова треба да се денови на радост и семејна прослава. Искрено жалам што дојде до ова доцнење и покрај сите мои напори да се стигне на време. Причината за ова е долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата што пак секоја година создава огромни проблеми. За конечно и трајно да го надминеме овој предизвик мораше да се усогласат сите засегнати страни, што не било пракса во минатото и сето тоа за жал, доведе до доцнење со исплатата“, напиша Љутков и додаде:„Ве уверувам дека оваа постапка која се одвиваше деновиве има за цел да создаде основа за подобро, поправедно и достоинствено вреднување на нашата работа во иднина. Ви се заблагодарувам на трпението, разбирањето и професионалноста што ја покажувате.Од мое име Ви се извинувам и Ве уверувам дека посветено работиме ваквите ситуации никогаш повеќе да не се повторат“.

Магазин | пред 10 месеци

Нема фотографија

Владимир Путин прогласи привремен прекин на огнот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, соопшти дека стапува на сила велигденското примирје.Претходно руските медиуми објавија дека тој се сретнал со началникот на Генералштабот на Руската Федерација Герасимов.Според Владимир Путин, велигденското примирје ќе започне денеска во 18 часот. Како што наведе, прекинот на огнот ќе трае до полноќ на 21 април по московско време.Путин ги повика и претставниците на властите во Киев да „го следат примерот на Русија“.„Русија отсекогаш била подготвена за преговори и ја поздравува желбата на САД, Кина и другите земји да постигнат договор за Украина“, рече Путин.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-19-at-12.11.15

(Видео) Со фотографии од загинатите чеда, родителите и семејствата маршираа и бараа правда за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

„Пулс од 2012 до 2025, истрага од 2025 до 2038, судење од 2038 до ???“, ова беше транспарентот со кој се предводеше протестот на родителите и семејствата чии блиски загинаа во дискотеката на смртта во Кочани. Тие маршираа низ градот, а пораките ги испратија преку транспарентите.„Стоп за селективна правда“, пишуваше на еден од нив, а на друг пак се додава: „Коруптивниот систем ни ги уби децата“.Претходно, вчера:

Македонија | пред 10 месеци

272199593_344069030885554_5891605361064624156_n

Познат идентитетот на лицата кои загинаа на патот Кичево-Гостивар - детали

На 18.04.2025 во 20.40 часот во ОВР Кичево e пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај место викано „Сеферов бунар“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(64) од Битола, патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(63) од село Горно Страгомиште, кичевско и патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(38) од Гостивар.„На местото на настанот починале возачите З.Д. и Х.Е., а сопатничката од патничкото возило „опел“ Б.Е.(38) од Гостивар, била пренесена во Медицинскиот центар Кичево, каде починала. Од страна на лекар констатирана била смрт, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се предадени за обдукција. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот А.Р. и неговата сопатничка А.А.(67) од село Колари, кичевско, сопатникот од возилото „мерцедес“ Д.С.(37) од Кичево и сопатниците од патничкото возило „опел“- тројца малолетници од Гостивар и Р.Е.(60) од селото Шутово, кичевско, констатирани во медицински установи во Кичево и Скопје“, велат од МВР.На местото на несреќата увид извршија јавен обвинител, судски сообраќаен вештак и полициски екипи.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-19-at-10.28.40

(Видео) Голема неприлагодена брзина е причината за вчерашната трагедија на патот Кичево-Гостивар, рече Тошковски

Голема неприлагодена брзина е причината за трагедијата која вчера се случи на патот Кичево-Гостивар, а во која загинаа три лица. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.„Три лица го загубија животот. Според првичните информации кои ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина од страна на еден на учесниците во сообраќајот, кој за жал, е починат. Бројот на сообраќајни жртви во оваа година во првото тромесечје е сличен како и бројот на жртви лани. Со тоа што можам да кажам дека бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди“, рече министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.Тој упати апел до возачите.„Да ги почитуваат сообраќајните правила, дозволената брзина, бидејќи експертите тврат дека и кога се управува возило, а тоа е над 70 км/час, а има челни удари како вчера, можноста за преживување е нула“, додаде тој.ПРЕТХОДНО:

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања