Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Скопје1.мк

Screenshot-2025-04-19-at-10.18.28

Нови услуги на МВР достапни на националниот портал uslugi.gov.mk

„Одличната соработка помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Министерството за внатрешни работи доведе до тоа да нови две услуги се достапни за граѓаните електронски на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk“, велат од Министерството за дигитална трансформација и додаваат:Станува збор за многу користени потврди за моторни возила кои се употребуваат во прометот - Потврда за моментална сопственост на моторни возила за физички лица и Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица (историјат за возило).Овие две услуги отсега се достапни во електронска форма и истите можат да се употребуваат во правниот промет. Нивното добивање е достапно и во центрите за услуги на Министерството за дигитална трансформација во Скопје (Центар), Аеродром, Куманово, Тетово, Јегуновце, Битола, Охрид и Штип.Дигитализацијата на овие нови услуги на Националниот портал е значаен чекор напред во насока на транспарентност и ефикасност на институциите. Со нивното дигитализирање, граѓаните добиваат ефикасна услуга, јасен увид во постапките, намалувајќи ја можноста за злоупотреби и зајакнувајќи ја довербата во јавната администрација.Дополнително, ова претставува пример за успешна меѓуинституционална соработка, каде податоците од Министерството за внатрешни работи се интегрираат преку платформата за интероперабилност со Националниот портал управуван од Министерството за дигитална трансформација. Оваа заедничка работа овозможува унапредување на јавните услуги на начин кој е поедноставен, побрз и потранспарентен за сите граѓани.Соработката со Министерството за внатрешни работи продолжува и во иднина, и за очекување се и нови услуги кои ќе се нудат за граѓаните по електронски пат. Министерството за дигитална трансформација останува посветено на проширување на вакви примери на соработка со другите институции, со цел да се обезбеди дигитализирана држава која работи ефикасно, отворено и во служба на секој граѓанин.

Македонија | пред 10 месеци

raskopan-volkovo

(Видео) Автомобил се преврте на патот кон Волково, кој стои раскопан повеќе од половина година

Автомобил се превртел на патот од скопско Ново село кон Волково, кој стои раскопан повеќе од година и половина, а жителите велат и дека е небезбеден. Засега не е позната состојбата на возачот и евентуалните патници, а возилото излетало од патот во приватен двор. Не е познато ни која е причината поради која возачот изгубил контрола над своето возило и излетал.„Сообраќајка денес во Волково, човекот излетал од патот, пошто година дена е крш ненаправен со дупки и скршил ограда, и на кров е превртен. Сааат време немаше никој дојдено да ја преврти колата“, стои во дописот на читателка односно жителка на Волково до „Скопје1“.Инаку, патот е раскопан откако таму се градеше атмосферска канализација од Град Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска рече дека го решава долгогодишниот проблем на граѓаните. Работниците завршија, но патот не беше вратен во првобитна состојба.[caption id="attachment_327214" align="alignnone" width="1513"] Објавата на градоначалничката дека гради канализација на патот кој сега е раскопан[/caption]За ваквата состојба на улицата која поврзува четири населени места со Општина Ѓорче Петров имаше низа реакции. Возачите на автомобилите избегнуваат да возат во делот каде патот е раскопан, па неретко, кога се разминуваат со поголеми возила патот станува тесен, е можноста да несреќа - голема.[caption id="attachment_327209" align="alignnone" width="693"] Screenshot[/caption]

Скопје | пред 10 месеци

ministerstvo-za-kultura-5

Вработените во културата ќе слават Велигден без плата, Министерството чека пресметки од колегите во Финансии

Вработените во културата останаа без плати за најголемиот христијански празник, Велигден.„За државата и институциите или е спорно усогласувањето со минималната плата, според КД за култура, или се спорни 10% според општиот колективен договор дадени пред 2 години на цел јавен сектор без исклучок. Иако и двете права законски им следуваат на вработените во културата беа пуштани спинови дека културните работници не ја заслужуваат платата што ја земаат, дека не работат ништо, се манипулираше со висините на платите во културата и сл. Цел март и почетокот на април наративот насочуван спрема вработените во културата беше дека платата која ја земаме е незаконска, потоа неуставна, дека КД за култура е истечен, дека е штетен, дека вработените треба сами да се откажат од своите права. Следеа и стандардните игри со пресметките за плата, кои институциите ги направија според законите и колективните договори, но кои не беа прифаќани од Министерството за култура и беа враќани назад. Според КД за култура платата требаше да се исплати до 10ти во месецот, а според законите во Република Македонија до 15ти. Вчера беше 17ти и последен работен ден пред продолжениот викенд во очи на најголемиот Христијански празник Велигден, а плата за сите културни работници немаше. Нема никакво официјално образложение зошто, само бледи, нелогични, неповрзани и конфузни изјави на министерот за култура по различни медиуми. Во еден медиум ги обвини институциите за ненавремено изготвување на пресметките, а во друг кажа дека тие како министерство на 11 април одлучиле дека ќе ја исплатат платата „како и до сега“, за да не доцнела, па „ќе сме се договарале за понатаму“, велат од Синдикатот на културата на Македонија.Од Министерството за култура и туризам велат дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два работни дена следната недела, согласно Законот и Колективниот договор.„Причините за доцнењето се заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии, стои во соопштението од Министерството за култура и туризам“ велат оттаму.

Македонија | пред 10 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-39-6440PM

Поради Велигден, посебен режим на сообраќај во Скопје

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” (19.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.Имено, утре во периодот од 18.00 часот па до завршувањето на настанот по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во центарот на град Скопје по потреба, за сообраќај ќе бидат затворени:– бул.„Партизански Одреди” од крстосница со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосница со бул.„ВМРО”,– бул.„Св.Климент Охридски” од крстосница со бул.„Илинден” до крстосница со ул.„Димитрие Чуповски”,– ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со ул.„9-ти Мај” до кружна крстосница со ул.„Св. Кирил и Методиј”.На автобусите кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што минуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„М.Т.Гологанов” па преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори ул.„Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.По потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.Министерството з

Скопје | пред 10 месеци

Screenshot-2024-11-24-at-12.48.50

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум. Граѓаните и туристите добиваат безбеден патен правец и поквалитетна туристичка понуда

„Ве информираме дека во завршна фаза е рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Св. Наум во должина од 24,3 километри.Инвестиционата вредност за рехабилитација на овој патен правец е 11,6 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈП за државни патишта“, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски и додава:Со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и обезбедуваме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум. Исто така овој магистрален пат има регионално значење бидејќи претставува патна врска со Република Албанија. До сега, со завршен асфалт комлетно е асфалтиран потегот од граничниот премин на Р. Албанија до Пештани во должина од 19 километри.Заради зголемување на безбедноста во сообраќајот како и прегледност на патот се изврши растеретување на косини од нестабилен карпест материјал, завршено е со монтажа на заштитна челична мрежа на косините, а исто така на дел на патот поставена е заштитна ограда. Согласно договорниот рок, се очекува патот комплетно да биде завршен до крајот на месец јуни пред почетокот на летната сезона. Oстанува да се доасфалтираат уште околу 5 км од излезот на Пештани до хотелот Метропол, да се постави заштитна ограда како и хоризонтална и вертикална сигнализација.Со реализација на овој проект покрај подобрување на патната мрежа во охридскиот регион го подигнуваме квалитетот на туристичкиот потенцијал и го потикнувме економскиот развој на Охрид.

Охрид | пред 10 месеци

83A8C0E4-4AC5-468D-9103-997021EF4AC3_1_105_c

Се испитува дали некој од возачите бил алкохолизиран во несреќата кај Кичево, каде загинаа три лица

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со увидни екипи од МВР изврши увид на лице место на патот Кичево-Гостивар каде во сообраќајна несреќа меѓу три возила животот го загубија три лица, а осум се повредени.“Со цел утврдување на причините за несреќата подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции кај повредените.По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија”, велат од Обвинителството.

Македонија | пред 10 месеци

brza-pomos-nokje-3

Ужасна несреќа вечерва: Три лица загинаа на патот Кичево-Гостивар

Во 20.55 часот е пријавено дека се случила сообраќајна незгода на патот Кичево-Гостивар, помеѓу Кичево и село Трапчин Дол во која учествувале три возила.„Според првичните информации три лица починале како последица на добиените повреди, а осум лица се повредени и дел од нив се пренесуваат во болницата во Кичево дел во Клинички центар Мајка Тереза во Скопје“, велат од МВР за „Скопје1“.Сообраќајот е во прекин во двата правци за сите видови возила.

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-740

Ексдиректорите на Пазарна пуштени од притвор, синот на газдата на „Пулс“ доби мерки откако го пуштија од болница; Штраус: Со добри дела и чиста намера се гради држава

Ексдиректорите на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски-Штраус и Анета Симеска-Димоска се ослободени од куќен притвор, ама останаа без пасоши. Тие се осомничени во предметот за дискотеката „Пулс“, односно дека со нивните дејствија овозможиле дискотеката да работи без да ги исполнува сите услови. Прво беа во ефективен притвор, па добија куќен, сега излегнуваат на слобода, по одлука на судот во Кочани, а по предлог на Обвинителството. Трајковски денеска објави фотографии од црквата св. Петка.„На денот на жртвата, со мисла за духовното и човечкото. Велики Петок не е само симбол на тишина и тага – туку и на длабока вера, истрајност и надеж. Во денови кога премолчени битки се водат и во тишина, вреди да се потсетиме дека само преку смирение, искреност и добрина можеме да изградиме подобро општество. Во пресрет на најголемиот христијански празник, на сите граѓани им посакувам мир, сила и благослов во домовите. Со добри дела и чиста намера се гради држава“, напиша Трајковски на „Фејсбук“.По излегувањето од болничко лекување, мерки за претпазливост доби и синот на Дејан Јованов – Деко кој е газда на дискотеката „Пулс“ по чиј пожар загинаа 62 лица, а 197 беа повредени.Во ефективен притвор останува екс министерот за економија Крешник Бектеши, неговите претходници Ваљон Сарачини и Беким Незири остануваат во домашен притвор. За амбасадорот Дритон Кучи кој исто така раководеше со ова министерство изречени се мерки на претпазливост. Во куќен притвор се и поранешните градоначалници на Кочани, Љупчо Папазов, Ратко Димитриевски и Николчо Илиев.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-05-at-12.09.46

Мајката на загинатиот Томас во „Пулс“: Живееме за да одиме на гробишта да си помуабетиме со нашите деца, правда мора да има

Јулија Златкова мајка на Томас Златков кој имаше 22 години и загина во дискотеката „Пулс“, испрати порака до правораздавачите. Со траорен статус укажа дека очекува правдата да излезе на виделина, но и дека како родители нема да дозволат виновниците да бидат неказнети.„На Велигден сум се заљубил! Има една таква песна…Велигден е тука, но нашите деца ги нема…..Престанаа да им чукаат срцата, ги закопавме во црната земја… Некои биле заљубени, некои требаше да се заљубат, некои од нив имаа и сопруги и сопрузи и мали дечиња и штотику родени дечиња…Кој сега ќе се радува на нив? Некои од децата не дочекаа полнолетство, некои не дочекаа матура, некои требаше да дипломираат и да станат академски граѓани кои ќе работат чесно како што ги учеле нивните семејства… Не прашува ли некој нас како ги минуваме деновите, какво е чувството да знаеш дека детето никогаш повеќе нема да се врати дома, да ги видиш неговите убави очи, неговата убава насмевка, да го слушнеш како се смее, да дочекаш уште еден Велигден со него…Еве ќе ви кажеме, живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца, да им раскажеме колку тие фалат дома … Ќе се навршат уште малку 40 дена, 40 црни денови без нашите сонца, без нашите анѓели чии кревети од тој ден останаа празни, а нашите срца и души засекогаш завиени во црнило… Времето поминува, но правдата како што се чини нема изгледа дека ќе излезе на виделина… Зарем немате ни малку човечност во вашите души??? Зарем толку сте евтини што со пари се купувате??Ееееј вие убијци на нашите деца!“, напиша Златкова.Таа додава: „Зарем нашите невини деца требаше да ја платат цената на вашата алчност и корумпираност? Со нивните штотуку расцветани животи? Вие сте дно на дното!!! Никој од нас не растел дете да стане херој, туку да стане човек… Вие ги убивте нашите деца!!! Ееее убијци, многу од вас се исто толку виновни како и сопственикот на Пулс-монструм, почнувајќи од премиер, министри, разно- разни инспектори, па се до обичните полицајци, сите сте гледале, ама не сте виделе ништо!!! При очи сте биле слепи!!! Срамота!!! Бедни сте, ситни души кои за проклети пари на душа ќе ги носите нашите убиени и многу повредени деца! На душа…само што вие душа немате Затоа Ви кажуваме, дека ние родителите и блиските на нашите починати чеда, ќе продолжиме да излегуваме и понатаму, секоја сабота…и се надеваме дека на крај нема да останеме единствено само ние, доколку на нашите сограѓани им досади да не следат нас, кои ја бараме правдата за нашите убиени чеда …Но ќе продолжиме да излегуваме и да ги потсетуваме челниците на оваа скапана држава дека сме тука и до наш последен здив ќе ја бараме правдата за сите починати и повредените на 16.март , бидејќи ние си ги закопавме нашите деца поради нечии грешки, поради тоа што некој бил корумпиран, поради тоа што злоупотребил својата функција за пари, за корист за личен бенефит“.На крајот, мајката на Томас додава: „Правдата мора да излезе на виделина! Нашите безгрешни деца мора да бидат осветени! Ние родителите, нема да дозволиме виновниците да останат неказнети. Нашите деца ги нема повеќе, но можеби поради нашиот бунт кон овој трул државен систем ќе се смени нешто, па идните генерации ќе имаат побезбедна иднина од нашите деца. Вечна Ви слава ангели, утре наместо да кршиме јајца дома како секоја година претходно, ке ви донесеме јајца на Вашите вечни почивалишта!“.[caption id="attachment_327190" align="alignnone" width="707"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 10 месеци

264426592_460370035476926_783367394729159426_n

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден” утре (19.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.Имено, утре во периодот од 18.00 часот па до завршувањето на настанот по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден”, во центарот на град Скопје по потреба, за сообраќај ќе бидат затворени:- бул.„Партизански Одреди” од крстосница со ул.„Франклин Рузвелт” до крстосница со бул.„ВМРО”,- бул.„Св.Климент Охридски” од крстосница со бул.„Илинден” до крстосница со ул.„Димитрие Чуповски”,- ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со ул.„9-ти Мај” до кружна крстосница со ул.„Св. Кирил и Методиј”.На автобусите кои што минуваат преку мостот „Гоце Делчев” по потреба ќе им се менува трасата на движење при што истите ќе се движат по бул.„Илинден” и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што минуваат преку центарот на градот ќе се движат по ул.„М.Т.Гологанов” па преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори ул.„Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“ на потегот од крстосница со бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“.Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.По потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти.Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Скопје | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-18-at-10.29.18

(Видео) МВР го најде возачот кој влечеше коњ со автомобил низ Скопје, утврдуваат дали ќе одговара за „мачење животни“

Идентификуван возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен јавен обвинител.„Во врска со видеото кое вчера (17.04.2025) беше споделено на дел од социјалните медиуми на кое се гледа како лице кое управува патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки има врзано коњ за куката од возилото и така се движи низ градското подрачје, од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени мерки и активности со цел утврдување и документирање на сторител на кривично дело „мачење на животни“ предвидено и казниво по член 233 од Кривичниот законик.По сите преземени мерки и дејствија, СВР Скопје го утврди возачот на возилото, при што со него е извршен службен разговор и известен е јавен обвинител, по чиј насоки ќе биде изготвено Известување до ОЈО Скопје со целокупниот документиран материјал, со цел понатамошно постапување“, велат од МВР.

Скопје | пред 10 месеци

velikipetok-620x360-115194

Велики петок – обичаи и верувања

Велики петок освен Велипеток уште се вика и Распет петок зашто на овој ден е распнат Исус Христос.Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи дури и не се готви храна.Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи.Како на строг пост, како што се вика „пост на вода“ тој ден во црквата луѓето се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден сочувствувајќи со распнатиот Исус.Тогаш се оди во црквата каде што оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќето на „плаштеникот-оплакувањето Христово“.Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје.На Велики петок во црквите се изведува и обредот симболично погребување на Исус Христос. Тоа се прави на тој начин што платното наречено „Плаштеница“ се положува врз посебно подготвен симбол на Христовиот гроб. Поминувајќи под Плаштеницата верниците сочувствуваат со распнатиот Исус.Исто така, се поставува и “„Распетието Христово“ (крстот на кој е насликан распнатиот Исус) пред кое верниците се поклонуваат и Исуса го бакнуваат во раните на нозете.Некои, саботата пред празникот, наречена Велика сабота, за празник ја сметаат само додека се во црквата, а потоа може да се работи.На овој ден се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна. Во Мариово жените ги переле појасите верувајќи дека не ќе ги боли половината во текот на годината кога ќе копаат и жнијат. Вечерта, околу полноќ, се оди во црквата каде што секој носи црвено јајце.Во Радовиш носеле и свеќа и зелено гранче или цвеќе, а свеќата запалена од свештеникот ја носеле дома и со неа го запалувале огнот. На полноќ сите присутни со тропарот „Христос воскресе“ три пати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат. На малите деца во саботата навечер под перницата им ставаат црвено јајце што им го даваат утрото во неделата кога ги водат во црквата.На Велигден, рано наутро, сите брзаат во црквата да чујат Христос воскресе и да се причестат. По литургијата во црквата се оди на гробишта каде што се остава по едно јајце на гробовите, за и на мртвите да им се каже дека дошол Велигден.Уште рано наутро децата, убаво облечени, одат по куќите да го честитаат празникот за што добиваат по едно црвено јајце. Посебна радост претставува обичајот кршкање со јајцата. Притоа тој чие јајце ќе победи му го зема, му го печали или типосува јајцето на другиот што се скршило. Утрото и младоженците одат на честитање кај роднините, а девојките и ергените се подготвуваат за на оро.Со Велигден се поврзани и други обичаи и верувања. Така на пр. утрото пред да се оди во црквата не смее ниту да се пуши, ниту да се пие кафе. Во некои места кога домаќинот одел во црквата носел и семе од свилена буба за подоцна бубите да не можат да бидат урочени. И кога утрото се истерува стоката на пасење се допира со црвено јајце за здравје.Во Радовишко Велики Петок според записите на Зорка Делиниколова го сметаат за еден од најтешките петоци преку годината, ден кога според религијата Исус Хрисос бил распнат на крст. Затоа жените избегнуваат секаква работа. Тој ден дури не се готви ништо друго освен бел боп заради тоа што околу него не треба да се работи многу. Се верува дека истиот ден не треба ни да се јаде, а камоли да се готват било какви јадења. Многу стари жени тој ден не јадат ништо освен нафората што ја земаат во црква.Уште изутрина рано се оди на црква со китки и дарови за Христа. Дарови носи секоја жена што се таксала, а тоа може да биде платнена кошула, чорапи, крпа за лице, коприна, памучна преѓа и сл. Даровите ги остават на „распјатието Христово“ и цвеќињата на плаштеникот – оплакувањето Христово. Постарите жени остануваат во црквата преку целиот ден, а помладите жени со деца доаѓаат поручекот за да се спровираат под плаштеникот за здравје.Секој што доаѓа со себе носи цвеќе го остава своето и зема друго цвеќе. Тоа цвеќе го чуваат во ковчег за здравје. Вечерта се збира многу народ во црквата за отпевањето на Христа по кое сите го обиколуваат градот и на раскрсницата пред „Николовата фурна“ (денес не постои) луѓето се спровираат под плаштеникот за здравје. Потоа пак се враќаат во црквата, а ако некој се таксал поради болест и сл. останува преку цела ноќ во црквата за да преспие под Распјатието Христово за здравје.

Магазин | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-06-at-10.06.31

Американците се закануваат со повлекување; Рубио: Ако мирот во Украина не е можен, се откажуваме

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, Соединетите Американски Држави треба да се откажат од напорите и да продолжат понатаму. „Ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, мора да продолжиме понатаму“, им рече тој на новинарите пред да замине од Париз.„Ова не е наша војна. Ние не ја започнавме. САД и помагаат на Украина три години и сакаме војната да заврши, но ова не е наша војна“, рече Рубио.„Претседателот Доналд Трамп 87 дена прави континуирани напори на највисокото ниво на владата за да ја доведеме оваа војна до крај. Сега доаѓаме до точка кога треба да одлучиме и да утврдиме дали тоа е воопшто можно. Затоа разговараме со двете страни“, додаде тој.„Треба многу брзо, во рок од неколку дена, да утврдиме дали мировниот договор е остварлив на краток рок, бидејќи ако не е, мислам дека само ќе продолжиме понатаму. Нема да ги продолжиме овие напори со недели и месеци без крај“, рече Рубио.Највисокиот американски дипломат истакна дека Доналд Трамп сè уште сака да работи на постигнување мир, но дека САД имаат и бројни други приоритети ширум светот.„Мораме да одлучиме многу брзо, а јас зборувам за прашањето на денот, дали е можно да се постигне договор во следните неколку недели. Ако е така, ние сме за. Ако не е, ќе мора да се фокусираме на други приоритети“, рече Рубио.Доналд Трамп вчера изјави дека верува оти прекинот на огнот е „блиску“ и дека Москва наскоро треба да одговори на неодамнешниот американски предлог.Вчера во Париз се одржаа разговори меѓу високите американски претставници Марко Рубио и Стив Виткоф, Украина и три водечки европски сили - Франција, Германија и Велика Британија. Француските власти изјавија дека разговорите биле „одлични“ и покажале дека Европејците се вратиле на преговарачка маса.Францускиот претседател Емануел Макрон беше домаќин на американскиот државен секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, на средба во Елисејската палата. „Она што е ново е дека САД, Украина и Европејците се собраа на иста маса“, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро на новинарите по разговорите.Висок советник на претседателот Макрон, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека разговорите биле „одлични, позитивни и конструктивни“ и покажале „вистинска конвергенција“ кон целта на Трамп да стави крај на војната.„Сите сакаат мир. Цврст и одржлив мир. Прашање е да се подели на фази“, нагласи Макрон на средбата со делегацијата на Рубио во Елисејската палата. Малку се знае за суштината на разговорите во Париз. Но, висок француски функционер најави дека преговарачите ќе се сретнат повторно во истиот формат во Лондон следната недела.

Свет | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-18-at-10.14.00

(Видео) Гужви за кон Грција, Велигден ќе се слави и на море

Гужви и долги колони има на граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава, а започнаа уште од утрово. Бидејќи понеделник е неработен ден, голем дел од граѓаните решија најголемиот христијански празник Велигден да го прослават кај јужниот сосед.„На граничните премини Дојран и Богородица време на чекање за излез е 10 – 15 минути, а на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е 20 – 30 минути“, известува АМСМ.Но, во пракса, чекањето на ГП Богородица е и до 40 минути.

Македонија | пред 10 месеци

policija-policaec-35

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Лозово и други две лица за злоупотреба на службена положба

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во 2018 година, додека бил градоначалник на општина Лозово, А.В. овозможил на правно лице од с.Студеничани да се стекне со противправна имотна корист од 205.800 денари и за таа сума го оштетил буџетот на општина Лозово.Имено, на 01.11.2018 првопријавениот А.В. донел одлука за спроведување на јавна набавка за изградба на пешачка патека на улица „Октомвриска револуција" во Лозово, по што за најповолен понудувач било избрано правното лице, кое го назначило второпријавениот Т.Г. за управител на градбата. Градежните работи биле завршени во март 2019 година и во градежната книга и градежниот дневник биле внесени невистинити податоци дека се ставени 381 метар квадратен бекатон плочки во вредност од 205.800 денари. Градежната книга и градежниот дневник ги потпишале второпријавениот и третопријавениот Л.Л., кој бил надзорен орган на градбата. Првопријавениот А.В. иако знаел дека сумата за наплата не е вистинита, дозволил да бидат исплатени 205.800 денари повеќе отколку што е реално изработено.

Македонија | пред 10 месеци

drvo

ЦУК: Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите во Скопје

Преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на ул.,,Анкарска" кај популано именуваниот реон ,,Млечен ресторан".Паднатото дрво има оштетено 3 автомобили. Полиција е на лице место и настанот е пријавен во ЈП ,,Паркови и зеленило" за да го отстранат паднатото дрво од улицата.Исто така, дрвото, при паѓањето, има скинато кабли од бандера. Од ЦУК, преку Секторот за операции и координација (СОК), паралелно со известувањето на Полицијата, се известени и координирани надлежните институции за санација на скинатите и откачени кабли.

Скопје | пред 10 месеци

viber_image_2025-03-18_13-58-16-518

Пациентот кој почина имал тешки повреди на дишните патишта, уште двајца пациенти се во тешка состојба

Сериозни повреди на дишните патишта имал Стојанче Стефанов од Кочани, кој е 62-та жртва од пожарот во Кочани. Влошувањата на неговата состојба е поради сериозните опекотини на дишните патишта.„Пациентот поради тежината на повредите на белодробието и опекотините на кожата, одлучивме да го транспортираме во Воено-медицинската академија. Оттаму добивме информација дека бил во критична состојба и на механичка вентилација. Влошувањето настанува во раните саати, пациентот им подлегнал на повредите во 11:15 часот. Комбинирани се тие повреди, изгореници од втор степен, но и сериозни опекотини на дишните патишта“, рече проф. д-р Андријан Карталов.Има уште двајца пациенти кои се во тешка состојба и се лекуваат во странство, но засега се стабилни.

Македонија | пред 10 месеци

lemuri-poni-zoo

(Фото) Радост во ЗОО-Скопје: Се роди поним а вчера лемури

Скопската Зоолошка градина објави дека о последните 30 денови имаат околу 30 нови бебиња.„Утрово не дочека нова радост. Женско бебе кај пони коњите“, објавија тие.Претходно се родија лемури.

Скопје | пред 10 месеци

124-1

Почина 24 годишно момче: дискотеката „Пулс“ ја зема 62 жртва

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година.„Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад. Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад, велат од Министерство за здравство и додаваат:Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба. Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до фамилијата и до сите засегнати од трагедијата во Кочани“.

Македонија | пред 10 месеци

0-02-05-5364f9d6ea0ae3cd247890b53b47aa6f9401089832887e040cdc88911f61e340_21d26050bad

Им ја дадоа платата на вработените во „Улици и патишта“, по вчерашниот штрајк и најавата дека ќе одат кај градоначалничката да протестираат

Вработените во ЈП „Улици и патишта“ ја земале платата, откако вчера наместо на работните места беа пред дирекцијата, а за денеска планираа да отидат кај градоначалничката Данела Арсовска да протестираат. Вработени нѐ брифираат дека парите легнале денеска на нивните сметки. Наместо одговори од „Улици и патишта“ на прашањата за случувањта во претпријатието, до нас стигна одговор од адвокатот Трајче Арсов кој се претстави како нивни полномошник.„Платите на сите вработени се исплатени. Точно е дека група на вработени на 16.04 се обидоа го попречат работниот процес во јавното претпријатие и да влијаат на останатите вработени да ги попречат во секојдневното извршување на нивните работни должности. Како ЈП кое доследно ги почитува законските прописи, за секое непочитување на работниот ред и дисциплина ќе биде покрената соодветна дисциплинска постапка согласно закон“, стои во дописот од Трајче Арсов.Од Град Скопје, каде исто така испративме прашања, нема никаков став до овој момент за случувањата во ЈП „Улици и патишта“.Претходно:

Скопје | пред 10 месеци

papazov-bektesi

За „Пулс“: И ексградоначалникот на Кочани оди во куќен притвор, Бектеши останува зад решетки, полицаецот кој го немаше сам се пријави кај обвинител

Ексградоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, осомничен за случајот со пожарот во „Пулс“ оди во куќен притвор. Одлуката е донесена по предлог на Обвинителството, а откако тој еден месец помина во ефективен притвор кој го издржуваше во кумановскиот затвор. Замената на мерката притвор доаѓа откако Обвинителството обезбедило докази и сослушало сведоци, па сметаат дека и со полесна мерка може да се исполни целта лицето да биде достапно за истражните органи. Мерка куќен пртивор доби и поранешниот директор на Државниот пазарен инпскеторат, Горан Трајковски. Од зад решетки излезе и еден член на обезбедувањето.„Од 19 осомничен, за 4-четири осомничени беше предложена мерка притвор која со решение на судијата на претходна постапка беше определена спрема истите, спрема осум од осомничените беше предложена мерка куќен притвор, истата судијата на претходна постапка беше определена спрема овие осум осомничени, додека спрема седум осомничени беа предложени мерки на претпазливост и истите со решение на претходна постапка се изречени спрема осомничените“, велат од Основен суд-Кочани.Зад решетки и натаму останува ексминистерот за економија Крешник Бектеши, додека ексминистрите Ваљон Сарачини и Беким Незири се во куќен притвор. Претходно, куќни притвори беа одредени и за Ратко Димитриевски и Николчо Илијев, ексградоначалници на Кочани.Досега осомничени се 47 физички лица и три правни лица. Истовремено, засебна постапка се води и против 47 полициски службеници. Според последните информации, во Обвинителството сам се пријавил полицискиот службеник кој беше достапен за органите на прогонот во текот на вчерашниот ден.„Утринава се пријави и сега е пред судија на претходна постапка“, велат кусо од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, каде што е одделението за гонење на лица со полициски овластувања.

Македонија | пред 10 месеци

SLIKA-3-NAGRADA

Mozzart најпосакуван работодавач за 2024 година

Уште едно големо признание за MozzartНаградата за најпосакуван работодавач во категоријата игри на среќа за 2024 година е уште едно значајно признание што го зацврстува лидерството на компанијата Mozzart.Добрите услови за работа, тимската атмосфера, можностите за професионално унапредување, разните обуки, бонусите и наградите, како и постојаната поддршка за секој вработен се причините што ги мотивираат тимовите на Mozzart да го дадат најдоброто од себе.Овие вредности не само што придонесуваат за подигнување на компанијата на највисокото ниво, туку и го зголемуваат интересот кај луѓето да станат дел од Mozzart.„За да се биде најдобар, неопходен е неуморен труд и посветеност, а токму тоа претставува основата на успехот на Mozzart, кој секоја година бележи раст и напредок. Ова големо признание е доказ за посветеноста и упорноста на вработените во Mozzart, кои со својата работа, професионалност и тимска енергија ги реализираат амбициозните цели и ја претставуваат компанијата во најдобро светло, изјави Марина Рајчановска, Директор на сектор за човечки ресурси.Сето тоа е потврдено со оваа престижна награда за најпосакуван работодавач за 2024 година. Компанијата, како водечки лидер во приредување игри на среќа, останува неприкосновена на врвот, препознатлива по своите успеси и посветеност, секогаш стремејќи се кон врвните резултати и цврсто држејќи ја својата позиција која ја гради со години.(ПР) 

Македонија | пред 10 месеци

491721452_1094343716059443_3537772368395739035_n

Добиле одобрение за кров, а си преградиле за четири нови станови во Козле, утврдила инспекцијата на Општина Карпош

Наместо кос кров за да не им тече во становите, си го преградиле просторот на четири дела со инсталации за кујни и тоалети. Ова го констатираше инспекторатот на Општина Карпош во Козле.„На лице место е констатирано дека дел од станарите добиле одобрение за поставување на кос покрив заради наводно течење на кровот, затоа што имаат рамна плоча, иако се работи за нова зграда. Од увидот на лице место е констатирано дека настрешницата не е изведена согласно одобрениот проект од страна на секторот за урбанизам на општина Карпош. Констатирано е дека просторот е поделен на четири дела, со подготовки на инсталации за кујни и тоалети. Увидот јасно покажа дека направен е груб обид да се добијат уште четири стана и практично уште еден кат плус во објект П+2+Пк. Инспекторот направи записник. Ќе се донесе решение за уривање, или граѓаните сами да ја отстранат оваа подготовка за четири нови станови“, велат од Општина Карпош од додаваат:Исто така е направена контрола и во гаражите и таму се констатирани градежни активности спротивно на одобрението за градба.Општина Карпош ги замолува сите граѓани, особено во новоградбите, да не влегуваат во вакви авантури. Ни малку не не’ прави среќни тоа што некои потрошиле десетици илјади евра, го прекршиле законот и одобрението за градба и практично тие пари ќе бидат фрлени во ветер. Уште еднаш ги замолуваме граѓаните, да не не’ доведуваат во вакви непријатни ситуации, изведбите на проектите да ги прават строго според одобрението за градба, да не излегуваат ван нив и да ги почитуваат правилата што ги пропишува општина Карпош.Општина Карпош во наредниот период ќе продолжи со инспектирање на веќе изградени згради, а прекршителите ќе сносат законски санкции. Следна за инспектирање е зграда на улица Никола Парапунов односно, гаражниот простор.

Скопје | пред 10 месеци

Screenshot-2024-04-28-at-10.58.07

Палестинци: Израел истрела проектили кон бегалски шатори, најмалку 25 мртви

Цивилната одбрана на Палестина денеска соопшти дека 25 лица загинале на неколку локации во Појасот Газа во израелските воздушни напади врз шатори во кои се сместени раселените лица.„Најмалку 16 лица загинаа, главно жени и деца, а уште 23 се повредени откако два израелски проектили директно погодија неколку шатори каде раселените семејства престојуваа во областа Ал-Маваси во Кан Јунис на југот на палестинската територија“, изјави за АФП портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал.Во друг напад на шатор за раселени лица, во Беит Лахиа на северот на Појасот Газа, загинаа седум лица, „главно жени и деца“, а 13 беа ранети, додаде тој.Дете и неговиот татко беа убиени, а 13 лица беа повредени во трет напад на населба со шатори, исто така во близина на областа Ал-Маваси, рече тој.Израелската армија, контактирана од АФП, се уште не ја коментира оваа информација.Новинската агенција Анадолу пишува дека по бомбардирањето, во Хан Јунис избувнал голем пожар кој ги зафатил импровизираните засолништа, додека жителите се обидувале да ги спасат луѓето заробени во запалените шатори. Во нападот изгореа некои цивили.

Свет | пред 10 месеци

teodora

Има простор за потрога санкција за возачот кој ја прегази Теодора, толкува Обвинителството и вложи жалба за ниската казна

Основното јавно обвинителство Тетово изјави жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 07.04.2025 година со која обвинетиот М.П. беше осуден – за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик и му беше изречена казна затвор во траење од две години.„Жалбата е вложена поради висината на кривичната санкција, која според обвинителот е преблага во однос на тежината на стореното кривично дело и степенот на кривична одговорност на обвинетиот. Меѓу околностите поради кои обвинителството бара построга казна се особено тешките подледици од сообраќајната несреќа, во која пешакот Теодора Ристовска се здоби со тешки телесни повреди од кои потоа почина. ОЈО Тетово го имаше предвид мислењето на Судскиот совет изнесено во однос на овој предмет пред тој да биде правосилно завршен. Меѓутоа, со оглед на тоа што Јавното обвинителство во претходната постапка за овој настан во ниту еден момент не се согласило со двегодишна затворска казна, надлежниот јавен обвинител смета дека сепак има простор за корекција на санкцијата. Освен тоа, општиот јавен интерес, предизвикан од зачестеноста на вакви кривични дела како појава, укажува на потребата од јакнење на казнената политика како превентивен механизам, па јавниот обвинител одлучи да ја искористи законската можност и да побара од Апелацискиот суд Гостивар да ја преиначи казната во повисока. Дополнително, и семејството на жртвата кое во оваа фаза од постапката нема право на жалба, писмено со обрати до обвинителството за да побара да ја обжали пресудата“, велат од Обвинителството.Ева Ристовска, сестра на смртно прегазената Теодора, преку медиумите јасно порача дека ќе бара најстрога казна за возачот.„Колку вреди животот во Македонија, колку вреди животот на сестра ми? Дали може некој да ја врати нејзината младост, мојата младост? Две години го осудија човеков, што уби човек. Две години го осудија. Дали некој ќе ми објасни некој колку вреди животот на сестра ми? Со две години треба да бидеме задоволни, со две години треба да и запалам свеќа и да и речам: со две години биди задоволна, ова е законот во Македонија. Не, не може со две години. Максималната казна од пет години мене нема да ми ја врати Теодора, ќе ми ја олесни маката, ќе каже на секој еден што ќе го доживее истово, не дај Боже, дека ќе има правда. Сите веруваа во правда и јас верувам. И јас верувам дека ќе се смени оваа од две години и ќе остане барем максималната казна. Верувам силно дека Теодора нѐ гледа и плаче многу повеќе него јас. И верувам дека силата нејзина е во мене. Нема да се откажам, Теодора мора да спие мирно“, рече Ева Ристовска.Сепак, Судскиот совет има друго толкување, а тоа е дека не може да се изрече повисока санкција.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања