„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Скопје1.мк

Нема фотографија

Регулаторна: Бензините поевтинуваат за 4 денари, дизелот за 3.5 денари!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите, намалени цени на горивата!Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 6.53%.  Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат по 4.00 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 63.00, односно 65.00 денари.  Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 3.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 61.00 денари.Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Присуство на ешерихија коли во водата с. Кучково

Поради присуство на бактерија ешерихија коли водата, јавната чешма во село Кучково е небезбедна за пиење, информираат од Центарот за јавно здравје.Од страна на Центарот за јавно здравје на 15 ноември е извршена проверка на квалитетот на водата од јавната чешма и е констатирано дека водата за пиење од овој извор не е безбедна поради присуство на бактерија ешерихија коли.Се додека надлежните не известат дека водата е безбедна за пиење, ќе важи забраната за нејзината употреба.Водата од јавната чешма во село Кучково ја користат и жителите на Волково, Кисела Јабука и Новоселски пат.

Скопје | пред 7 години

sobranie-3

Собранието не го усвои предлог-законот за амнестија на учесниците од 27 април

Со 59 гласа „против“ и 25 „за“, пратениците отфрлија предлог-законот за амнестија за сите осомничени, обвинети и осудени за 27 април, што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија.Мнозинството од пратениците не го поддржаа овој закон и како што рече Џафери, нема повеќе да се дебатира за овој предлог-закон.Пратениците од опозицијата бараа овој закон да се донесе по скратена постапка. Тој предвидуваше неселективно спроведување на правдата, односно амнестија на сите осомничени, обвинети и осудени лица за настаните од 27 април.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

УЈП отвори шалтер за регистрација на системот е-ПДД во Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода ги информира граѓаните дека во склоп на Општината во барака број 4, Управата за јавни приходи отвори шалтер за регистрација на системот е-ПДД и прием на барања за регистрација.Канцеларијата која започна со работа од денес ќе биде отворена до 31.12.2018 година, со работно време од 08:00 до 16:00 часот.Од УЈП соопштија дека за дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот на телефонскиот број 0800 33 000.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Без вода дел од жителите од населбата Водно

JП Водовод и канализација информира дека поради  изведување на водоводен приклучок од ф-80 мм на ул.Шарски одреди 5(Водно), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување.

Скопје | пред 7 години

brodovi

Украинската амбасада во Скопје: Кремљ почна нова борба со Украина

Укараинскаста амбасада во Македонија  во врска  со последните настани на релација Москва -Киев излезе со соопштение во кое ги објаснуваат настаните на како што велат оружената агресија  од руската страна врз бродови на Украина.„По окупацијата на Крим и вооружената агресија на истокот на Украина Кремљ отпочна нова фаза на борба со Украина – се спроведува економска блокада на украинските пристаништа во Азовското Море и на секој начин се комплицира морепловството во Црното Море.На 25 ноември, бродовите на поморските сили на вооружените сили на Украина, составени од две мали оклопни артилериски бродови "Бердянск" и "Никопол" и реморкер "Јана Капу", спроведуваа планиран премин од пристаништето Одеса до пристаништето Мариупол во Азовското Море.Руската страна навреме беше информирана за намерата со цел да се обезбеди безбедноста на навигацијата.Пограничните бродови на Русиjа од типот "Собољ", "Дон", бродовите од типот "Мангуст",  "Суздалец" спроведоа отворено агресивни дејствија против бродовите на морнарицата на  Украина. Пограничниот брод "Дон" намерно се судрил со нашиот реморкер.После почетокот на движењето на поморската група на украинските вооружени сили кон излезот  од Керченскиот теснец, руските бродови ги следеа и во ултимативната форма бараа украинските бродови да застанат под закана од употреба на оружје. И покрај закани и провокации, украинската морнарица продолжи  извршување на задачата.По напуштањето на 12-километарската зона, бродовите на ПС ФСБ на РФ  отвориле оган врз група бродови на поморските сили на вооружените сили на Украина. Оружјето било искористено за пораз.Малите оклопни артилериски бродови "Бердянск", "Никопол" беа погодени од огнот на непријателот и престанале да се движат. Реморкерот "Јана Капу" исто така е принуден да застане. Бродови запленети од руските специјални сили, 6 украинските војници се здобиле со повреди и се во тешка состоjба.Дејствијата на Руската Федерација се противправно прекршување на Повелбата на ООН и Конвенцијата на ОН за Морското право.И треба да се спомене дека само еден ден пред тоа Министерството за надворешни работи на Украина официјално изјави дека во декември оваа година ќе поднесе на разгледување на Генералното Собрание на ООН нацрт-резолуција за милитаризација од Русија на Црното и на Азовското Море.Во врска со уште еден чин на агресија против Украина, претседателот П. Порошенко свика воен кабинет, по што следеше состанок на советот  за националната  безбедност и одбрана, на кој беше одобрена одлука на претседателот на Украина да се предложи воведување на воена состојба во период од 60 дена со цел да се спречи вооружената агресија и да се обезбеди национална безбедност, елиминирање на заканите за независноста на Украина и територијалниот интегритет.Напад врз украинските бродови што извршувале морски премин од пристаништето Одеса до пристаништето Мариупол, во согласност со одредбите на сите применливи мултилатерални и билатерални меѓународни договори и правилата за навигација, е уште еден акт на вооружената агресија на Руската Федерација, како што е дефинирано во член 2 од Повелбата на Обединетите нации и одредбите од Резолуцијата на Генералното собрание на ОН 29/3314 од 14 декември 1974 година за дефинирање на агресијата. Русија, всушност, ги прошири своите воени операции против Украина на море.Целокупната одговорност за натамошното влошување на ситуацијата во регионот на Азовско и Црно Море и поткопување на мирно решавање на руско-украинскиот вооружен конфликт целосно е на Русија.Денес, 26.11.2018 на барање на украинската страна, ситуацијата поврзана со најновиот чин на  агресија на РФ против Украина ќе се разгледува на седницата на СБ на ОН.“, стои во соопштението. 

Македонија | пред 7 години

07

Потпишан Меморандум за соработка во борбата против тероризмот меѓу Македонија и Австралија

Денеска во министерството за внатрешни работи на Република Македонија се одржа средба помеѓу министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски, Директорот на Управата за безбедност и контрарузнавање Горан Николовски и делегација  на Комонвелтот на Австралија предводена од Н.Е. Рут Стјуарт, нерезидентен aмбасадор на Австралија за Република Македонија, и Н.Е. Пол Фоли, aвстралиски aмбасадор за борба против тероризам.На средбата беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Австралија за соработка во борбата против тероризмот и беше потенцирана одличната досегашна соработка помеѓу безбедносните служби на двете земји, како и намерите за интензивирање на соработката.

Македонија | пред 7 години

261118OA-MNR_Dimitrov_prostalna-sredba-Crna-Gora-8421

Проштална средба на Димитров со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, го прими во проштална средба амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Предраг Митровиќ.На средбата соговорниците разменија мислења за сèвкупните билатерални односи меѓу двете држави и постигнатите резултати на овој план, при што изразија задоволство од досегашната одлична билатерална, регионална и мултилатерална соработка, со решителност за нејзино збогатување во сите области од заемен интерес.Министерот Димитров изрази благодарност и за силната поддршка што Црна Гора ја дава за ЕУ и НАТО интеграциите на Република Македонија и  се заблагодари за личниот придонес на амбасадорот Митровиќ во унапредувањето на сèвкупните билатерални односи, упатувајќи желби за негов натамошен  успешен,  професионален ангажман. Во тој контекст, на амбасадорот Митровиќ му беше врачена благодарница за неговиот придонес во промоцијата на пријателството и сорботката меѓу Република Македонија и Црна Гора.

Македонија | пред 7 години

aerodrom

Турски државјанин уапсен на охридскиот аеродром

Вчера на аеродромот„"Св. Апостол Павле" во Охрид од слобода е лишен 28-годишниот А.С. од Република Турција. Како што информираат од МВР, лицето е приведено поради сомнение дека патната исправа му е фалсификувана. Истиот е предаден во Основен суд Охрид.

Македонија | пред 7 години

Zoran-Zaev-1-by-SDSM-4x3

СДСМ: 11 години ВМРО ДПМНЕ го игнорираше проблемот со загадувањето на воздухот и се посвети единствено на криминал

11 години ВМРО ДПМНЕ го игнорираше проблемот со загадувањето на воздухот и се посвети единствено на криминал, корупција и лично богатење на поединци, велат од владејачката СДСМ.„Како последица на тој игнорантски однос, секоја година нивото на загаденост стануваше сè поалармантно. Денес, на долгогодишниот проблем со загадувањето му се пристапува одговорно и системски. Во рамките на своите надлежности повеќе институции, на локално и централно ниво, како и Градот Скопје преземаат мерки и работат на решавање на наследниот проблем со загадениот воздух“, велат од СДСМ.Исто така оттаму додаваат дека со обновување на дрворедите на скопските улици, пролетни и есенски акции на засадување дрва, подигање нови и реконструкција на стари зелени површини, зелени кровови и нови паркови, Градот Скопје го враќа и дополнува зеленилото во Скопје. Мерките како зголемување на инспекцискиот надзор на најголемите загадувачи, детектирање на дивите депонии, гасификацијата, се дел од мерките кои придонесуваат за намалување на загаденоста на воздухот.„Се преземаат акции за рачно миење на градските улици и булевари за намалување на правта и ситните честички, а се субвенционираат трошоците на домаќинствата за набавка на печки на палети, што ги заменуваат нееколошките начини на греење.Воведувањето на бесплатен автобуски превоз во деновите кога загаденоста е поголема, како и бесплатни автобуски линии до парк-шумата Водно, воведување електрични автобуси и набавка на нови 40 следната година исто така се дел од мерките што Град Скопје ги презема за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот.Со овие и други краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, надлежните институции работат на намалување на загаденоста на воздухот, која се очекува за две години да се намали за 50% во Скопје и 30-50% во другите градови“, стои во соопштението.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Се крчка Предлог-законот за јавните набавки , во моментов пред Законодавно-правната комисија

Економски најповолна понуда ќе биде главниот критериум за избор во јавните набавки. Ова го предвидува новото законско решение за јавни набавки што веќе е во собраниска процедура, а кое ќе овозможи и поголемо учество во јавните набавки и на малите и средните претпријатија.Новиот Предлог-закон за јавните набавки е на дневен ред на Законодавно-правната комисија. Претходно зелено светло за Законот, кој е со европско знаменце, даде собраниската Комисија за европски прашања.„Новиот Закон за јавни набавки е усогласен со законодавството на Европската Унија. Тој ќе обезбеди рационално трошење на државните пари, слободна и фер конкуренција и транспарентност при јавните набавки“, истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, на комисиската расправа за Предлог-законот во Собранието на РМ, додавајќи дека она што е најважно е што се воведува економски најповолната понуда како единствен критериум за доделување на договорите.Со воведувањето на економски најповолната понуда како критериум за доделување на договорите, освен што се врши усогласување со директивите, се отстрануваат и повеќекратните негативни ефекти од досегашното користење на критериумот најниска цена.

Македонија | пред 7 години

helikopter-turcija

(ВИДЕО) Воен хеликоптер се урна меѓу згради во Истанбул, има жртви

Турскиот воен хеликоптер се урна во населен дел на Истанбул. Четири лица загинаа, а еден е повреден, објавија турските медиуми.https://twitter.com/taylieli/status/1066974557943328768?fbclid=IwAR2qJHIR3rRi90rLwmXXX-KCng7oHKUUGv1UbHaIcI4qkWTf5GD0lHMcHxYПричините за инцидентот не се познати.Нешто подоцна „Ројтерс“ пренесе дека турскиот воен хеликоптер, кој се урна денес во истанбулската населба Санџак Тепе, бил на тренажен лет. Агенцијата пренесува дека при падот загинале четворица војници, а еден бил повреден.https://twitter.com/Acemal71/status/1066976254786748416?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1066976254786748416&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fturski-voen-helikopter-se-srushi-na-ulica-vo-stanbena-oblast-vo-istanbul-fotovideo&fbclid=IwAR36FrAmG3guIM74QtqWV-p50tiI1cyCft6gLkr5PFvDjzxxJhCKqxXdRzQСпоред снимките од местото на несреќата, воен хеликоптер се урна меѓу две повеќекатни станбени згради, кои, како што се гледа од снимките, не се оштетени.Од друга страна, хеликоптерот е целосно уништен. Судбината на пилотите не е позната ниту, пак, дали меѓу жртвите има и цивили.

Свет | пред 7 години

Poster-animax-8-izdanie

На осмиот Анимакс ќе бидат прикажани 62 анимирани филмови

На осмото издание на меѓународниот филмски фестивал за анимирани филмови Анимакс Скопје Фест  ќе бидат прикажани 62 анимирани филмови во официјалната програма, од кои 12 се наменети за детската публика. Настанот ќе се одржува од 29 ноември до 2 декември во Кинотека на Македонија , под мотото „Не понекогаш. Засекогаш. Анимакс Скопје Фест“.Во четирите фестивалски денови на Анимакс Скопје Фест ќе бидат прикажани 50 краткометражни филмови и 12 филмови за деца во официјална конкуренција. Тие се избрани од пријавените рекордни  3.234 анимации од 83 земји во светот, меѓу кои најголем број од САД, Англија и Франција, но и од Германија, Индија, Иран, Шпанија, Русија, Бразил и други.„Некои нешта се случуваат понекогаш, но Анимакс се стреми да го открие она што ќе трае засекогаш.“, вели директорот на фестивалот Кузман Кузмановски.Голем дел од филмовите кои се борат за Златната тула се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А категорија.Официјалната програма на фестивалот со прикажување на филмовите ќе почнува во 20.00 часот, со исклучок на 30.12, кога програмата почнува од 21.30 часот. Билетите за проекциите во 20.00 часот чинат 50.00 денари. Проекциите на филмови за деца ќе се одржат на 1 и 2  декември (сабота и недела) со почеток во 12.00 часот. Публиката ќе има можност да гласа за најдобриот филм за деца и да го одбере победникот. Проекциите за деца се бесплатни.Во рамки на фестивалот ќе бидат организирани две работилници за анимација наменети за деца. Ментор на првата работилница на тема „Двајца се караат, сите губат„  се Илчо Симовски и м-р Марјана М. Симовска. Бојан Таневски, Стефан Николовски и Барбара Спасовска се ментори на работилницата за развој на карактери „Добар. лош, грд или убав - сè се тоа карактери“.Анимакс Скопје Фест е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Агенција за филм на Република Македонија и Град Скопје, и во соработка со Кинотека на Македонија.Анимакс Скопје Фест е прв и единствен фестивал на анимиран филм во Македонија. Цел на фестивалот е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Според истражувањето на европската агенција за животна средина - Македонија е најзагадена земја во Европа

Со загадување од десет пати повеќе од препорачаните граници Македонија се најде на првото место како најзагадената земја во Европа тврди во своето истражување Европската агенција за животна средина, пренесува „Еуроњуз“.Големиот сообраќај и употребата на печки за греење предизвикуваат зголемување на ПМ10 честичките во воздухот и сериозни последици по здравјето на луѓето.Загадувањето на воздухот во Скопје претставува закана за сите граѓани. Многу пациенти доаѓаат во нашата клиника поради ова. Валканиот воздух предизвикува проблеми кај лицата со респираторни заболувања, како што се астма, емфизем и други хронични кардиореспираторни и белодробни заболувања, тврдат пулмолозите.Според надлежните главните проблеми произлегуваат од системите за греење на домовите во нашата земја.ЕУ им помага на владата во борбата против загадувањето на воздухот. Но, со оглед на социо-економската состојба на земјата, оваа задача е крајно тешка, а во блиска иднина да се справи со проблемот ќе биде уште потешко.

Скопје | пред 7 години

she.leads_

Настанот SHE. фокусиран на жената и нејзините достигнувања за првпат во Скопје

Иницијатативата SHЕ. заедно со Симфони Солушнс го организира својот прв настан фокусиран на жената и нејзините достигнувања во Скопје. Настанот ќе се одржи на 12 декември во канцелариите на Симфони Солушнс со почеток од 18:00 часот.На третиот по ред настан, насловен SHE. Leads ја имаме честа да ја слушнеме успешната приказна на нашата гостинка Валентина Дисоска, претседателка на Здружението на бизнис жени од Мaкедонија. Позната по нејзината борба за родова еднаквост и поддржувач на развојот на жената-претприемач, Валентина е исто така и основач и иницијатор на неколку невладини организации во Македонија и регионот.Иницијативата SHE. е серија настани со хуманитарна цел, досега успешно организирани во Украина и Полска, и има за цел да ги сoбере на едно место сите оние кои сакаат да чујат инспиративни приказни на талентирани и успешни жени од различни индустрии.Настанот е од отворен тип и со секоја купена карта донирате по 300 денари на нашите пријатели СОС Детско Село, Македонија.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Скопје

Вчера во 08.45 часот во Скопје на крстосницата на улиците „Антон Попов“ и „Виктор Иго“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Б.(45) од Скопје и мопед исто така со скопски регистарски ознаки управувано од П.Ф.(61) од Скопје.Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил П.Ф., на истиот му е укажана лекарска помош во Градска општа болница "Св. Наум Oхридски".

Скопје | пред 7 години

direk

Директорите на ученичките и студентските домови бараат зголемување на партиципацијата од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во Република Македонија бара зголемување на партиципацијата за ученик, односно студент што ја добива од државата.Од Здружението иформираат дека на вчерашната средба меѓу Здружението на директори на ученичките и студентските домови, министерот за образование и наука Арбер Адеми и заменик министерот Петар Атанасо е разговарано за проблемите во ученичките и студентските домови со фокус за можностите за корекција на средствата што ги уплаќа државата.-За 16 години партиципацијата од Министерството за образование и наука претрпе само една измена со зголемување за 10 отсто. Оваа сума ни одблиску не ги покрива трошоците околу сместувањето на учениците и студентите, режиските трошоци и исхраната за учениците и студентите, особено по одлуката на Влада за задолжително средно образование со што се отежна буџетот на студентските и средношколските домови. Станува збор за 26 домови, 18 ученички и осум студентски домови, се наведува во соопштението.Дополнително Здружението на директори на ученичките и студентските домови бара партиципацијата да се плаќа 12 месеци од причина што тековните трошоци и плати за вработените се реализираат во текот на целата година.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Викендов 20 сообраќајки во Скопје, двајца тешко повредени

Во текот на изминатите денови (23, 24 и 25.11.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 20 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и 12 со материјална штета.„При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и 10 со лесни телесни повреди. 220 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 66 возачи бидејќи 28 го управувале возилото под дејство на алкохол 28 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и 10 биле возачи почетници. 27 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Исто така, санкционирани се и три возачи кои поминале на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, петмина неправилно се престроиле и 10 не поседувале зимска опрема. Санкционирани се и пет пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 187 мандатни платни налози, додека 152 возила се подигнати со "Пајак"“, велат од МВР. 

Скопје | пред 7 години

46521701_915943555271155_3005162628164091904_n

Инспекторатот на Град Скопје ќе изврши инспекциски надзор во Цементарница УСЈЕ

Инспекторатот на Град Скопје поднесе барање за вршење на инспекциски надзор согласно надлежностите на Државниот инспекторат за животна средина.„По многубројните претставки и јавувања во врска со работењето на АД Титан - Цементарница УСЈЕ Инспекторатот на град Скопје поднесе барање да биде извршен инспекциски надзор согласно надлежностите на Државниот инспекторат за животна средина бидејќи проблематиката е од јавен интерес, a се работи за инсталација која што подлежи на издавање на А-интегрирана еколошка дозвола и со тоа надлежноста за инспекциски надзор е во ингеренци на ДИЖС“, стои во соопштението.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Одложено судењето за „27ми април“

Обвинетиот Мунир Пепиќ не се појавил на денешното судење за настаните на 27 април и поради тоа беше одложено денешното рочиште за случајот на кое требаше да бидат презентирани материјални докази на прво и второобвинетите – пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски.Како што наведе судијката Добрила Кацарска, причина за отсуството на Пепиќ е рочиштето за случајот „Титаник“, кое денеска е закажано во исто време како и судењето за 27 април.„Со оглед дека обвинетиот Мунир Пепиќ се наоѓа во друга судница, истиот не е спроведен тука, иако термините за овој случај се закажани уште во септември. Поради некоординираност во судот се случи во ист ден, во ист термин, да се суди и друг предмет, каде како обвинет се наоѓа Мунир Пепиќ, а тоа е предметот познат во јавноста како ‘Титаник’“, рече Кацарска.

Скопје | пред 7 години

viktor-ilievski

Недоразбирањата во Македонска филхармонија , ќе се решаваат по судски пат

Директорот на Македонска филхармонија, Виктор Илиески, најавува судска постапка за случајот со разрешеувањето на претседателката на Управниот одбор, Бранка Костиќ Марковиќ.Тој ова го образложи на својот фејсбук профил каде појаснува дека има докази за наводните уцени од страна на разрешената претседателка, за нејзино вработување, па дури и за висината на платата што ја барала:„Откако Костиќ увиде дека нема простор да се вработи во нашата институција, започна да ја попречува работата на УО Македонската филхармонија. ЗА НЕЈЗИНОТО БАРАЊЕ НА ВИСОКА ПОЗИЦИЈА ВО НУ Македонска филхармонија, СО КОНКРЕТНО БАРАЊЕ И ЗА ВИСИНАТА НА ПЛАТАТА ИМАМ ДОКАЗИ – кои ќе бидат обелоденети во надлежните судски инстанци!“, пишува Илиески.Според Илиески од 2.10.2018 г. поради лични интереси таа го кочела целиот процес на усвојување на новата систематизација.„Како директор на НУ Македонска филхармонија сум должен да го известам министерството за култура за работата на Управниот одбор и сите недоследности кои произлегоа од претходниот претседател на УО Костиќ Марковиќ. Македонската филхармонија е сериозна институција. Нема да дозволиме личните интереси на поединци да застанат на патот на успешноста која ја гради нашата институција седум децении. Мојата шеснаесетмесечна работа и резултати се потврда на таа посветеност. На самиот крај ќе прашам, како луѓето не учат од своите сопствени грешки, кои ги прават на идентичен начин во секоја средина каде што функционирале и каде што денес не се!“, пишува тој.Костиќ Марковиќ во неколку наврати ги демантираше неговите обвинувања.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Уапсен е Раде Шербеџија

Легендарниот актер Раде Шербеџија е уапсен во САД, откако бил фатен како вози во алкохолизирана состојба. Сепак, како што истакна тој, во крвта има 0.8 промили алкохол, што е граница, но полицијата од него побарала, како што рече глупави потези.„Мене ме сопреа и ми измерија 0.8 промили алхокол во крвта, а тоа е границата. Но, тие бараа да направам некакви глупави потези, кои не можев да ги направам поради болки во грбот. Поради тоа ме исклучија од сообраќај“, рече Шербеџија за српски „Курир“.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Скопјанец се обидел да ја убие својата девојка

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство.„Осомничениот се товари дека на 02.09.2018 година, во семејниот дом, со умисла се обидел да ја лиши од живот својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. Тој ја разбудил оштетената и по кратка расправија за која мотивот бил љубомора и се заканил со зборовите „вечерва мора да умреш“. Потоа со кујнски нож и нанел тешка телесна повреда во вид на убодна рана во пределот на слабинската регија, со конкретна опасност по нејзиниот живот.Ценејќи дека се уште се исполнети условите поради кои на осомничениот му беше определена мерка притвор, а особено опасноста тој да се даде во бегство и можноста да го повтори кривичното дело или да го доврши обиденото кривично дело, надлежен јавен обвинител заедно со обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на притворската мерка“, велат од Основното јавно обвинителство.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Општина Центар издаде 11 решенија за отстранување на урбана опрема

Во рамки на есенската акција на Секторот за инспекциски работи на општина Центар за регулирање, расчистување и уредување на урбаната опрема поставена на територија на општината, издадени се 11 решенија за отстранување на урбана опрема.Поради непочитување на правилата за поставување на урбана опрема и отстапување од примарните одобренија за поставување на урбана опрема, Секторот за инспекциски работи на 11 правни лица издаде правосилни решенија за отстранување и рушење на диво поставената опрема.Со издавањето на овие решенија на правните лица општината им наложува во законски предвиден рок самите да ја отстранат диво поставената урбана опрема. Решенијата веќе се испратени на понатамошна обработка и доколку правните лица не ја отстранат урбаната опрема, општината самостојно ќе постапи по решенијата за отстранување.„Со ова, градоначалникот Саша Богдановиќ и општина Центар продолжуваат со заложбите за доведување во ред на поставувањето на урбана опрема на територија на општината, со што ќе се олесни движењето на граѓаните на улиците и ќе се нормализира сообраќајот на возилата“, велат во Општина Центар.

Скопје | пред 7 години

brodovi

Украина и Русија пред воен конфликт?

Откако Русија заплени три украински брода, тензиите меѓу Москва и Киев растат. Украинската војска е ставена во состојба на целосна борбена готовност. ЕУ и НАТО повикаа на воздржаност.Украинската морнарица соопшти дека Русија отворила оган и запленила три од нејзините бродови крај брегот на анектираниот Крим, што се толкува како голема ескалација на тензиите.Таа соопшти дека по голема брканица, руските специјални сили заробиле две топовници и еден реморкер. Два члена на украинскиот екипаж се повредени.Од официјална Москва сè уште нема коментар за овие тврдења.Наредбата за ставање на украинската армија во полна борбена готовност е издадена по седницата на националниот Совет за безбедност, кој предложил воведување воена состојба, соопшти Министерството за одбрана утрово во Киев. Денеска попладне за тоа треба да се изјасни и украинскиот парламент. Инцидентот се случи вчера во теснецот Керч, кој се наоѓа меѓу Крим и Русија, а кој го поврзува Црното Море со Азовско Море. Руската морнарица со оружје спречила поминување на три украински брода, а подоцна ги запленила, при што неколкумина морнари се повредени. Бродовите биле запрени поради повредување на поморската граница и навлегување во руските територијални води, каде спроведувале нелегални активности, соопшти руската тајна служба ФСБ, а подоцна тие се пренесени во пристаништето Керч. Станува збор за два помали борбени брода и еден шлепер. Во меѓувреме, како што јавуваат руски медиуми, Русија повторно го отворила за сообраќај морскиот теснец Керч пред полуостровот Крим, кој беше затворен вчера со образложение дека тоа се прави од безбедносни причини.Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич во меѓувреме ги повика конфликтните страни на најголема можна воздржаност во постапките и итно деескалирање на ситуацијата. И НАТО исто така повика на разум и деескалација, а до Русија упати апел да овозможи непречен премин до украинските пристаништа во Азовско Море, во согласност со меѓународното право.Протест има и пред руската амбасада во Киев, при што било запалено дипломатско возило. 

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања