„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Скопје1.мк

mickoski

Мицкоски: Владата на Заев не може да го достигне ниту растот кој самите го предвидуваат

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека со владата на Заев економијата е само црна дупка, каде се богатат структури блиски до власта.„Во јуни 2017-та година, Зоран Заев во експозето како нов премиер на Република Македонија, го потврди она што претходно го беа ветиле во нивната програма План за живот дека секоја година ќе обезбедат раст на економијата од 5 проценти. Вистинското потфрлање се случи уште првата година кога се забележа раст околу 0 проценти. За оваа година, согласно проекциите на буџетот кој самите го составуваа предвиделе дека економијата ќе расте со 3.2 проценти или вкупно БДП ќе изнесува 10.767.000.000€. Значи далеку помалку од ветените 5 проценти раст секоја година, ветени во програмата за живот и од самиот Зоран Заев. Но тоа што нема да расте економијата за 5 проценти не е вистинскиот проблем, туку тоа што економијата нема да ги достигне ниту тие 3.2 проценти раст кој самите си го зададоа. Имено со ребалансот на буџетот самите растот го спуштаат на 2.8 проценти, поточно на ниво од 10.724.000.000€, а грешката, односно потфрлањето е околу 43.000.000€. Значи Владата на Заев е до толку неспособна што не може да го оствари економскиот раст кој самите си го зададоа, па не 5% како што ветуваа, не 3.2% колку што самите предвидоа во буџетот, туку сега економијата ќе расте со минимални 2.8% колку што сега предвидуваат со ребалансот. Додека ММФ и Светска Банка потврдуваат дека растот нема да биде повисок од 2.5 % што е вистинска штета бидејќи регионалните економии растат со над 4 проценти. Со владата на Заев економијата е само црна дупка, каде се богатат структури блиски до власта, тие не можат да го достигнат ниту оној раст кој самите го предвидуваат. Црно време за граѓаните и црно време бизнисот во Македонија“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.https://www.facebook.com/829371753904952/posts/1112942455547879/

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ѓорчев бара ДОМ на Лилјана Поповска да ја напушти владата

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев на својот Фејсбук профил објави статус во кој ја пренесува веста на европската телевизија ЕУРОЊУЗ каде ја рангира Македонија како најзагадена земја во Европа.-Официјално од Euronews:Заевистан е најзагадената држава во Европа. Едно време бевме познати по најниски даноци, највисок раст на БДП, компјутери за децата…Време е зелената партија ДОМ да ја напушти Владата на Заев, напиша тој во неговиот статус.https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/posts/2335973566430091?__xts__[0]=68.ARBmRZthdKrjr1WMW5fWjDwu414wkWy8Id5llHu5YkPFfyQcMqRb8NPyvmKf6akmcqi1olVmiQJYsluB3n6u-UBhWUKXbcyDlEzQgepPQ8AoYSqKG42tCZ54XaFU6bjDzNb7qO5jZ0WxnrIsGmckWYlcA9b6UN2jgLmCE_ovkYkNEqmhqqYmoNVXLpD3nfVRkmAUwDeJ0aJIPfItdNVs9-t6ZFljQ89U64H2iJ-xuYl4QAes_u-OWGpAGK4fKY5b1kpeNGxJAxpvdz_i0Zou4nzomnr2jkcdfhctHqejXkT6lkbiE21TvBRkbHAQ-eVwP9wJvtWpREkL0XyC8ByxWbRuuw&__tn__=-R

Македонија | пред 7 години

zoo

Ќе поскапат билетите за влез во Зоолошка градина

Од јануари влезницата во скопската Зоолошка најверојатно ќе поскапи. Цената ќе се зголеми само кај билетот за возрасни и тоа од 50 денари на 80 денари. Билетот за децата останува ист 50 денари, а влезот за деца до три години ќе остане бесплатен. Ова е предлог кој ќе го достави на усвојување пред градските советници и кои ќе одлучат дали ќе има или не зголемување на цената. Причина за барањето за повисока цена од Зоолошката ги наведуваат низата инвестиции, и пристигнувањето на новите животни кои носат нови трошоци.“Предлогот доаѓа од мене, но предлогот ќе биде доставен кога ќе завршиме со некои инвестиции и кога ќе пристигнат новите животни тогаш ќе бараме да ја покачиме цената на картата бидејќи ќе треба храна за сите тие животни и одржување на зоолошката. Тоа би било од јануари следната година и не би било драстично зголемување плус 30 денари на билетот за возрасни”, вели директорот Ѓорѓи Галетановски кој посочи дека сепак градските советници треба да дадат зелено светло за цената.-За цената на влезот не одговарам лично јас одговараат и градските власти. Предлогот доага од мене, но предлогот ќе биде доставен кога ќе завршиме со некои инвестиции и кога ќе пристигнат новите животни тогаш ќе бараме да ја покачиме цената на картата бидејќи ќе треба храна за сите тие животни и одржување на зоолошката. Тоа би било од јануари следната година и не би било драстично зголемување плус 30 денари на билетот за возрасни, вели директорот на Зоолошката, Ѓорѓи Галетановски.

Скопје | пред 7 години

sosed

Му го дале клучот на соседот за да им ја чува куќата, а тој сексуално се задоволувал

Четириесет и петгодишна жена остана згрозена кога на снимката од камерите во својот дом видела што прави комшијата додека „им го чува домот“. Шерон Булман за британски „Метро“ вели дека се чувствува одвратно, валкано и разочарано, бидејќи го видела нејзиниот пријател и комшија Стив Гил како сексуално се задоволува со нејзиниот чорап.На снимката се гледа како тој влегува во спалната соба и од фиоката за долна облека го зема нејзиниот чорап.Шерон и нејзиниот сопруг Џејмс, кои живеат во Скелтон, Англија, им го оставиле клучот од нивната куќа на соседот, за итен случај, додека тие биле на одмор во Кипар. Гил бил нивен сосед 7 години.

Магазин | пред 7 години

pokana-za-prezentacija-i-izlozba

Завршен настан во рамките на Европски денови на културното наследство

На 27 ноември 2018 година, со почеток во 11:00 часот, во Музејот на Македонија ќе се организаира завршниот настан во рамките на овогодинешното одбележување на Европските денови на културното наследство. Во таа пригода, ќе се одржи презентација за организрање на манифестацијата во Словенија. Во 13:00 часот ќе биде отворена изложбата под наслов: „Европските денови на културното наследство во Словенија низ плакати“. Изложбата ќе ја отвори д-р Елеонора Петрова, дирекотр на Управата за заштита а културното наследствоПокрај тоа, во 14:00 часот ќе биде одржана презентација под наслов: „Интерпретирање на наследството“ и ќе бидат доделени благодарници на институции и поединци за учеството во манифестацијата.Настанот се организира со цел да се прошират сознанијата за различните начини на реализација на овој проект во различни европски земји

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Голем пожар синоќа во Скопје: Изгореа ресторан и возила

Голем пожар утринава зафати ресторан и возила во Скопје.Дел од медиумите јавуваат дека пожарникарите два часа го гаснеле огнот кој што ја зафатил изгорената куќа- ресторан, а кој што се прошил и на патнички возила паркирани на улицата „Дане Карпчев“ број 1.Пожарот, како што информираат од Противпожарната единица на Град Скопје изувнал во 2.55 изутринава, а бил локализиран во 4.55 часот.Опожарени се 250 квадратни метри, но се уште не е утврдена предизвиканата материјална штета. За гаснење на пожарот било интервенирано со 8 возила и 18 пожарникари.

Скопје | пред 7 години

rJak9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWkdFN01EQV8vY2FlZjcyMjUzMmI4ODNjMzVmODcyODI3M2Q0YmYyMjIuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Почина познатиот италијански режисер, Бернардо Бетролучи

Италијанскиот филмски режисер, Бернардо Бертолучи почина вчера на 77 годишна возраст во Рим.Бернардо Беролучи е познат по филмските класици „Конформист“, „Последното танго во Париз“, „Дваесети век“, „Последниот кинески цар,“ „Малиот Буда“, „Украдена убавина“, и „Сонувачи“.Италијанскиот режисер година доби и „Оскар“ за најдобра режија на филмот „Последниот император“.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Предлог законот за амнестија, денеска повторно пред пратениците

Денеска второ читање за Предлог законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, по скратена постапка во второ читање е на дневен ред на денешната 66. собраниска седница.Меѓу другите точки на оваа седница се и Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицински препарати во второ читање, Предлог законот за јавните набавки, како и измени и дополнувања на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за здравствената заштита, на Законот за ученичкиот стандард и на Законот за возила, сите во прво читање.На оваа седница се и измените и дополнувањата на Законот за државната статистика, на Законот за аудиовизуелните добра, на Законот за Академијата за наставници, на Законот за наставници во основните и средните училишта, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за нотаријатот и на Законот за извршување.

Македонија | пред 7 години

gordanajankuloskabff

(ФОТО)Кој е најдобар пријател на Јанкулоска?

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својот Фејсбук профил објави фотографии од неа и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, а под нив напиша:(best friends forever - најдобри пријатели засекогаш).Познато е дека Јанкиески и Јанкулоска се пријатели одамна, но очигледно Јнкуловска објавувајќи ги приватните фотографиите токму сега сака да даде поддршка за Јанакиески кој во моментов е во притвор.На фотографиите се таа и Јанакиески од почетоците на нивното дружење, па досега.

Скопје | пред 7 години

Mite-Grozdanov

Почина Мите Грозданов, бардот на македонското глумиште

Вчера, 25 ноември, 2018 година, почина еден од бардовите на македонското глумиште, Мите Грозданов.Тој е роден во Струмица, на 14 декември, 1943 година.Мите Грозданов веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград на отсекот за глума во 1967 год. се вработува во Драмскиот театар кој ќе остане негова матична сцена сѐ до пензионирањето во 2008 година.Случајот сакаше така што токму нему му се посреќи на самиот почеток да се вивне во уметничките височини закитувајќи се со Златниот ловоров венец на престижниот сараевски фестивал МЕСС за насловната улога во Партитурата за еден Митрон. Помеѓу оваа претстава и „Историската хроника“, монодрама која тој ја одигра по повод официјалното заминување во пензија се врамени уште многу улоги, награди, монодрами, но и поетски збирки, приватниот театар Македонија, а на крајот секако не помалку значајно за неговата кариера и творечко кредо тука се подразбира и неговата боемштина која лично ја смета за составен дел на деликатната и тешка професија на актер.Мозаикот на неговите ангажмани уште подразбира и стотици радиодрами, режии (во професионални и аматерски ансамбли), настапи на телевизиски драми и серии, како и неколку филмски улоги. Во сите овие форми на театарското изразување до израз доаѓа неговата нескротлива енергија, неисцрпна и фасцинантна концентрација, моќ за трансформација.Грозданов има добиено бројни награди.За монодрамата по стихови на Ацо Шопов, Дрво на ридот , тој станува добитник на Сребрената медалја на фестивалот на монодрама и пантомима во Земун. Од неговите награди да ги споменеме и оние на весникот односно ревијата Млад борец и Екран. Но, иако досега неколку пати е номиниран и предложен за наградите 13 Ноември и 11 Октомври, тој не успеа да се закити со нив.„Да се пишува за некого значи да се оттргне еден живот, една индивидуа, еден неспорен факт на лицето на земјата од заборавот, од патината, од дното на заборавената меморија… Да се пишува за некого значи да се остави траг кој и по простосмртноста останува да сведочи дека некој, некогаш, за нешто, со нешто, живеел, творел, градел, надградувал, создал… Да се пишува за некого значи да се оддаде почит кон незаборавот на личноста која сама по себе му пркоси на мигот, имајќи ја за цел вечноста… Да се пишува за еден од најголемите , кој и буквално умеел со својата појава и моќ за творба да нè остави без здив, значи да се стави уште една точка, сјајна како ѕвезда во аналите на културното театарско (и не само такво) живеење“ напиша Борче Грозданов, театарски критичар и син на Мите Грозданов.

Македонија | пред 7 години

a1_televizija

8 години од полицискиот упад во А1 Телевизија

Денеска се одбележуваат осум години од полицискиот упад во А1 Телевизија, најголемата приватна телевизија во Македонија. По полицискиот упад кој медиумот го емитувше во живо започна процесот на затворање на телевизијата кој траеше 7 месеци.„А1 Телевизија е под полициска опсада. Полициски возила и џипови, доцна попладнево ја блокираа телевизијата. Сите новинари на А1 и снимателите, се оневозможени да работат и забранета им е слободата на движење. Припадниците на полицијата се сеуште пред вратата на А1 Телевизија. Останете со нас вечерва …“ – известуваше таа вечер на 25 ноември 2010-та година, најгледаната телевизија пред осум години во земјава.По еден месец од упадот, сопственикот на телевизијата Велија Рамковски беше затворен заедно со неговите најблиски соработници, а новинарите претрпеа огромен притисок во нивната работа.А1 телевизија од самото основање, па се до затварањето воведе еден нов пристап и начин на работа на електорнските медиуми во земјава, особено со информативната програма. Медиумот ќе остане запаметен по промоцијата и во заштитата на човековите права, во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено на конфликтот во Македонија во 2001 година, во воспоставување на фер и демократски изборни процеси.Објектот од зтворената и потполно уништена телевизија сопственикот го посети по седум години, поточно за прв пат по инцидентите повторно стапна во зградата на овој датум минатата година.

Скопје | пред 7 години

Naum-stoilkovski

(ВИДЕО) Стоилковски: Апелација да ги отфрли одлуките за притвор на Јанакиески и Божиновски

Апелациониот суд утре мора да ги земе предвид фактите на одбраната на Миле Јанакиески и Кирил Божиноски, и да донесе решение во кое ќе ги отфрли одлуките за нивен притвор базирани врз фингирана службена белешка од УБК, класифицирана како „строго доверливо“, рече на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.Како што исткна тој, утре во апелациониот суд се одлучува дали Република Македонија ќе остане да тоне во мрачното транзициско минато од 90-тите, или судот има сили да се издигне над политичкиот прогон.„Утре ќе се знае дали Република Македонија воопшто има сили да напредува или ќе потоне подлабоко во црниот систем во кој слобода или притвор се инструменти на црниот систем за политички пазар и криење на неспособноста. Апелационите судии ја имаат пред себе одговорноста да не дозволат судот да биде играчка на неспособниот Зоран Заев и неговиот тим за злоупотреба на државната безбедност, играчка за нивните злодела, за политичкиот терор“, нагласи Стоилковски.Тој додаде дека апелациониот суд има одговорност со која не само што ќе се дозволи Јанакиески и Божиновски да се бранат од слобода, онака како што и до сега го правеа тоа, туку и ќе се внесе трошка светло во црниот правосуден систем.„Тој зрак ќе даде надеж дека слободата и правосудството нема повеќе да бидат дел од селективниот политички пазар. Таква одлука на апелационите судии ќе значи и дека власта не смее и ќе мора да одговори за злоупотребите на службите за безбедност“, порача партискиот портпарол.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Ријана го „урна“ Инстаграм со две провокативни фотографии

Ријана повторно „ги запали“ социјалните мрежи. Овој пат на Инстаграм се појавија две провокативни слики, на кои музичката ѕвезда лежи во кревет скоро гола.https://www.instagram.com/p/Bqfg4NjF4Bg/?utm_source=ig_embedФотографиите за помалку од 24 часа имаа над 4 милиони лајкови.https://www.instagram.com/p/Bqfc2QHhOrf/?utm_source=ig_embed

Магазин | пред 7 години

(ВИДЕО) Браво Марија! На Детската Евровизија Македонија 12 та

Одличен настап имаше денеска македонската претставничка на Детската Евровизија во Минск, Белорусија. Погледнете ја Марија Спасовска со „Дома“.Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“.Лани на манифестацијата која се одржа во Тбилиси, Грузија, Македонија ја претставуваше Мина Блажев. Тогаш, од 16 земји-учеснички, завршивме на 12 – то место. Оваа година атакуваме на повисоките позции со песна на Дарко Димитров и Елена Ристеска.

пред 7 години

Нема фотографија

Џастин Бибер објави емотивна порака во која призна дека е оженет

Откако неодамна манекенката Хејли Болдвин призна дека му кажала „да“ на Џастин Бибер и со тоа ги разочара неговите обожавателкки ширум светот, и славниот пејач на инстаграм објави дека е оженет.Бибер на Инстаграм на сите им го честиташе Денот на благодарноста со фотографија од природа. Под фотографијата тој напиша:„Ова ми е прв Ден на благодарноста како оженет човек. Прв пат како домаќин. Прв пат двете страни на семејството дојдоа заедно.Врските се силни и љубовта не е секогаш едноставна, но фала му на Исус што ми покажа како се сака. Секој ден учам, се обидувам да бидам како него, трпелив, драг, несебичен“, напиша Џастин.https://www.instagram.com/p/BqiC5veHMcq/?utm_source=ig_embed

Магазин | пред 7 години

46660570_2234095849957839_3258765028060299264_n

Обука за професионален развој на воспитувачи во ЈУДГ „Буба Мара“ во Аеродром

Во ЈУДГ „Буба Мара“ во Општина Аеродром вчера се одржа обука за ран детски развој и учење, која се фокусираше на темите „Како учат децата?“, „Развој на говор од 9 до 6 години“ и „Стимулативна средина за учење“. Обуката беше наменета за професионален развој на воспитувачи, стручните работници и соработници од градинката.2Целта на овие активности е да се унапреди квалитетот на предучилишното образование, кое е клучно за натамошниот раст и развој на најмладите. Обуката беше интератктивна, а опфатените теми се актуелни и современи педагошко-психолошки аспекти на воспитно-образовната работа со деца од предучилишна возраст. Реализатори на обуката беа високостручни лица во областа на педагошките и психолошките науки од Институтот за европски образовни, социокултурни и економски политики ЕВРОПА ЗА ТЕБЕ Скопје“, велат од општина Аеродром

Скопје | пред 7 години

5-1-1

(ВИДЕО) Заев негира дека разговарал со Груевски пред бегството

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, на настанот во организација на МЕПСО, одговараше на новинарски прашања.Одговорите на сите, ви ги пренесуваме во целост:Пратениците од независната пратеничка група (на ВМРО-ДПМНЕ, н/з.), најавија дека е можно да не го дадат својот глас за уставните промени.Премиерот Заев: Веројатно да, мала ни е земјата, поврзано ни е општеството, правниот систем влијае на политичкиот, политичкиот на правниот, кога се носат одредени одлуки, но тоа не значи дека секој не треба да ја гледа својата работа.Знаете дека имаше поддршка од 8 пратеници на опозицијата за да се отворат уставните промени и тие уште тогаш рекоа дека даваат шанса да почне процесот на промени на Уставот. Следува фазата за која е потребно обично, или, просто мнозинство, а некаде во јануари идната година повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство.Јас на овој процес во парламентот гледам како на политички дијалог, и гледам како преку инклузивни процеси да го зголемиме мнозинството. Жалам што пратениците велат дека тоа влијае на нив, но се надевам дека сите ќе останат на своите ставови. Како што тече процесот за нацрт амандманите, така расте и инклузивноста и јас се надевам дека после 1 декември, на пленарна сесија, ќе потврдиме амандмани за кои уште еднаш ќе потврдиме сериозна вграденост на опозицијата, од нивните дискусии и предлози во самите нацрт амандмани. Тоа за мене ќе значи потврдување на двотретинското мнозинство, па дури и негово зголемување. Тоа е мојата надеж.Она што исто така сакам недвосмислено да го истакнам како порака, е дека правото и правната држава, и владеењето на правото се императив во Република Македонија и не треба да има никакво мешање во правосудството. Понекогаш одлуките на правосудните органи, јавното обвинителство, СЈО и судовите, гледајќи ја својата работа влијаат на политичкиот процес, но јас верувам дека сите ќе се носиме со одговорноста што ја имаме.Пред сѐ ние политичарите, вклучувајќи ги и оние во парламентот. Пред нас е неповратен процес, процес кој ни дава шанса којашто не треба да се пропушти, и верувам дека Македонија ќе изнајде сила сите процеси да течат без да направат штета еден на друг до исполнување на конечната цел. Во парламентот тоа усвојувањето на уставните амандмани за членство во НАТО и ЕУ, а во правосудството тоа е владеењето на правото, независноста на судството, и одговорноста на секој што се огрешил пред законот.Дали после апсењето на Мијалков разговаравте со 8-те пратеници?Премиерот Заев: Со некои од нив воспоставивме контакт. Разговаравме, но пред сѐ во духот на дебатата во парламентот. Идната седмица во Собранието на РМ ќе се случи пленарна дебата како сублимат на работата во Комисијата за уставни прашања, а потоа и пленарна на 1 декември после која што ќе следува јавната расправа со граѓаните, со експерти, со МАНУ, со граѓанските организации. Низ тој процес ќе се дознае во која мерка опстојува двотретинското мнозинство.Дали е вистина дека унгарски разузнавачи и дипломати помогнале да избега осуденикот Груевски од земјата?Премиерот Заев: Сите видовме, па дури и самите земји потврдија дека со дипломатски возила на Унгарија, придружуван со унгарски дипломати, му било помогнато да стигне до Будимпешта. Тоа е повеќе од јасно. Јас верувам дека истрагата ќе ги отвори сите детали. Жалам што МВР сѐ уште не може да излезе додеталната информација, но сепак, почитуваат тие, почитувам и јас, дека Јавното обвинителство води детална истрага и дека додека трае истрагата не можат да ги споделат сите детали. Тоа што е возможно, досега се соопштува во јавноста, а тоа што претставува ризик да влијае врз квалитетот на истрагата треба да се испочитува.Јас сум информиран. Знам досега до каде се стигнати работите од МВР и верувам дека многу бргу истрагата ќе заврши и ќе можат да бидат споделени сите што се случувало во Република Македонија. Знаеме што се случувало во Албанија, во Црна Гора, во Србија и во Унгарија. Останува прашањето како го дозволиле тоа 4 земји, наши пријатели, од нив три земји членки на НАТО, во кои владее правото, во наводници кажувам, дозволиле тоа да се случи. Но, затоа е истрагата која што треба да заврши за да се споделат информациите со јавноста.Дали тоа значи дека унгарските разузнавачи од Македонија помагале Груевски да избега кон Албанија?Премиерот Заев: Тоа е тој дел од истрагата кој што треба да заврши за да биде соопштен и од истражните органи и од МВР.Денеска излезе информација во медиумите дека Груевски непосредно пред да ја напушти државата последен со кој што се слушнал сте биле токму вие?Премиерот Заев: Таман работа. Ќе испадне дека ние заедно тоа сме го договарале. Со господинот Груевски откако сум премиер, веќе година и половина, немам контакти. Последните контакти ги имавме кога парламентот беше заробен во онаа бесконечна дискусија пред да се случат немилите настани од 27 април. Разговаравме за можностите како да се одблокира процесот. Јасно е дека двотретинското мнозинство постојат за да на ја мачиме Македонија, ниту македонските институции. Тогаш беа последните разговори. Јас тоа го демантирав на медиумот што објави такви информации. Тие го нотираа демантот, но благодарам на прашањето, и уште еднаш да ја искористам приликата да соопштам дека откако сум премиер со господинот Груевски немам никаква комуникација.

Македонија | пред 7 години

Ds3WjLyX4AAsjK_

Силен земјотрес на границата меѓу Иран и Ирак

Силен земјотрес со јачина од 6.3 степени според рихтеровата скала, е регистриран на границата меѓу Иран и Ирак. Земјотресот бил 148 километри од Багдад, каде што бил почувствуван, а жителите на овој град веднаш излегле на улиците од страв за нови потреси.Земјотресот се случил во 17:38 часот, а засега е рано да се процени дали има жртви или материјални штети.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Холанѓанец нападнат во скопски ноќен клуб

Дваесет и седумгодишно момче од Холандија ноќеска било нападнато во ноќен клуб во Скопје.Како што информира МВР, ноќеска во 04:00 часот С.В.В (27) од Ротердам, Холандија, пријавил дека истиот ден околу 02:30 часот на бул.,, Климент Охридски“ во ноќен клуб физички бил нападнат од машко лице на возраст од околу 25 години.Полицијата работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

IN MEMORIAM Слободан Угриновски

Претседателот на Титовите леви сили Слободан Угриновски починал синоќа ненадејно. Веста на својот „Фејсбук“ профил ја објави неговиот син, Никола Угриновски.Угриновски со партијата раководеше од 2005 год.Погребот на угриновски ќе биде утре на градските гробишта Бутел во 14 часот и 30 минути.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Густа магла на патот Тетово - Шапка, видливост до 10 метри

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози.„Намалена видливост 30 – 50 м поради магла има на планинскиот превој Буково и од крак Маврово до Бунец.Намалена видливост до 50м поради магла од крак Маврово до Кичево.Многу густа магла на патот Тетово- Шапка,видливост до 10м“, велат од ЈП Македонија пат.Исто така оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Македонија | пред 7 години

go-sakam-vodno-protest54

„Го сакам Водно“: Водно, во целост, а особено над општина Кисела Вода е ерозивна експлозија

"Водно, во целост, а особено над општина Кисела Вода е ерозивна експлозија", "ако дождот паднеше на Водно, ќе имаше илјадници жртви" изјави проф. Трендафилов, експерт за порои и ерозија од Шумарскиот факултет, август 2016 кога се случија фаталните поројни дождови и поплави на Скопска Црна Гора кои однесоа човечки жртви.Јапонците велат дека Водно е со најголем ризик при поројни дождови да дојде до катастрофи од поголеми размери и ќе пошумат дел кон трагичниот пат за Сончев град.Што треба да се случи, за да државата ја тргне трасата на гасоводот од Водно? Треба ли нови жртви да ни се случат?Па гасоводот се гради токму низ ерозивно подрачје кај спустот кон Шишево каде се моментално и кај Сопиште делот, каде не само што не смеело да се дозволи да се гради, туку треба да се пошумува, да се намали ризикот од ерозија, од поројни дождови и појава на свлечишта. Целата територија на Водно е подрачје загрозено од ерозија.Не само што се гради каде не би смеело, туку се гради без спроведување на мерки за заштита од ерозија, на утврдено ерозивно подрачје и подрачје загрозено од ерозија.Одговорност, во случај на катастрофа за која сите експерти предупредуваат, ќе сносат тие кои го одобрија градењето на гасоводот низ Водно и кои не преземаат мерки за заштита и превенција од ризици. Со име и презиме. Зошто на нивна адреса ќе се упатат кривичните пријави и на нивна совест ќе лежат последиците.Наместо оваа Влада да ги санира штетите направени од претходната, со Сончев град и патот до него, АЕК кулата, итн., наместо Водно да го заштити, да го пошумува, да постави јасни граници на парк-шумата, тие продолжуваат лош проект од претходната, без мерки за заштита и со безбројни пропусти. Никој ништо не презема, сите се прават слепи и глуви и се тера ко да сме на дивиот запад. Само што сме бетер. И на дивиот запад имало некои норми и правила. Тука не. Тука ни локален шериф не постои. Само самоволие. Кога е веќе така, самораспуштете се. Па бар да знаеме дека е до нас и да си го преземеме Водно во наши раце“, стои во објавата на Фејсбук на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.

Скопје | пред 7 години

kiracovski

Кирацовски со порака по повод Меѓународниот ден против насилство вржз жените и девојчињата

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, преку својот Фејсбук профил упати порака по повод Меѓународниот ден против насилство врз жените и девојчињата.„Денес е Меѓународниот ден против насилство врз жените и девојчињата кој го означува почетокот на глобалната кампања „16 дена активизам против родово-базираното насилство“.Статистиката говори дека секоја трета жена е жртва на насилство. Само мал дел од жртвите се охрабруваат да го пријават.И жените во политиката се соочуваат со разни облици на насилство. Имено, 55% од жените биле жртви на насилство додека извршувале партиски функции, а 46% од политичарките биле изложени на насилни закани.Секој облик на насилство врз жените е напад на човековите права и закана за демокатијата.Заедно со жените, зајакнати, охрабрени и поттикнати да се соочат со предизвиците, градиме едно општество на еднакви можности за сите.Да ја прекинеме тишината! Да ставиме крај на родово-базираното насилство!, напиша Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ по повод денот против насилството врз жените“, напиша Кирацовски на Фејсбук.https://www.facebook.com/aleksandar.kiracovski/photos/a.169215466610546/1029430520589032/?type=3&theater

Македонија | пред 7 години

Mickoski-pres

Мицкоски: Оваа влада безочно излажа за Еурокомпозит, Колска, Југохром, Гугл…

Од рубриката голи факти за црното владеење на оваа влада, фабриката Еурокомпозит уште една измама и упропастена надеж, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.-24 октомври 2017-та година, премиерот Заев се сретна со вработените од Еурокомпозит Прилеп. Им вети исплата на заостанатите плати и трајно решавање на проблемот со статусот на оваа компанија. Месеците поминуваа, платите повторно доцнеа, а решението се подалеку. 3 јуни 2018-та година, повторно нова надеж за близу 300 вработени, вицепремиерот Кочо Анѓушев изјави дека има заинтересирани инвеститори за Еурокомпозит и Колска. 5 месеци по ова ново ветување нема инвеститор за ниту една од овие компании, а вработените се подлабоко тонат во разочарувањето креирано од оваа неспособна влада. Ноември 2018-та година, болната реалност е: вработените на Еурoкомпозит вратени се дома, а погоните се со исклучена струја. Останаа владините ветувања како срамен доказ за една од многуте лаги на оваа Влада. Безочното лажење е само едната димензија, другата е што се демонстрира една страшна неспособност која загрозува судбини на многу граѓани. Владата брутално си поигрува со болната и изнамачена судбина, со животите на вработените од Еурокомпозит. A само ќе потсетам и за претходните лаги на Владата за кои пишував, за пропаста на Југохром, за Колска, за лагата за влезот на Google и FB и многу други. Редицата е долга, а надежта се помала. Тоа ќе се промени, само кога оваа власт ќе си замине“, додава Мицкоски. 

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Двегодишно дете каснато од куче во Скопје

Вчера во 21:00 часот 27-годишната Н.Ц. од Скопје пријавила дека на 23.11.2018 година околу 20:00 часот,на ул.Козле, нејзината двегодишна ќерка била касната од куче.Веднаш потоа сопственичката  на возраст од 50-60 години, заедно со кучето се оддалечила во непознат правец. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања