Скопје1.мк

20.4.kamcev

Камчев добил луксузна ќелија во Шутка

Бизнисменот Орце Камчев, кој вчера заврши во притвор како осомничен во новата истрага на СЈО „Империја“, е сместен во една од шесте „хашки соби“, во истражниот затвор „Скопје“, кои според условите важат за привелигирани соби, дознава неофицијално „Фокус“ од добро упатени извори.Според нашите информации, останатите четворица, Ненад Јосифовиќ, Тодор Мирчевски, Цветан Панделески и Зорица Арсовска, се сместени во други ќелии.Хашките соби се градени според стандардите на ЕУ, па затоа условите во нив се далеку попристојни од останатите ќелии.Според поранешни притвореници, во овие соби се сместуваат притвореници со здравствени проблеми, оние кои имаат врски или оние на кои им е загрозена личната безбедност според карактерот на делото.Собата е околу 24 м2 и во нив се сместуваат двајца, а поретко тројца притвореници, што е сосема пристојно ако се знае дека во останатите ќелии, кои се со помала квадратура се сместуваат и повеќе лица.Хашката соба за разлика од обичните има веце шоља (во сите други е чучавец) оградена со ѕидче од 1 метар, големо лавабо, голем прозорец, релативно нови кревети и душеци, наткасни, а послана е со ламинат.Од СЈО вчера информираа дека е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Македонија | пред 7 години

Capture-3

(ВИДЕО) Да му помогнеме на самохраниот татко да и обезбеди кров над глава на малата Едона

Сабахко Хасиќ е самохран родител кој се грижи за својата пет годишна ќерка Едона од нејзина неколку месечна возраст. Од август 2017 останал без својот автомобил и без можност да заработува, а со тоа и да се издржува и да плаќа кирија. Оние кои сакаат да помогнат може да го побараат Сабахко на телефонскиот број: 077/806-054https://www.facebook.com/jasakammakedonijasitel/videos/1715417458552659/

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Започна Меѓународниот турнир во џиу-џица „Скопје опен“

Денес, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски свечено го отвори Меѓународниот турнир во џиу-џица „Скопје опен“.Во своето обраќање Темелковски ги поздрави учесниците на овој турнир и им посака успешно натпреварување. Покрај ова, градоначалникот нагласи дека му претставуваа особена чест и задоволство што овој турнир се одржува во Кисела Вода.Дел од овој голем спортски настан во спортската сала „Независна Македонија“  заедно со градоначалникот Темелковски проследија секретарот, Александар Алексовски и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ.На овој турнир кој се одржува по деветти пат во Македонија учествуваат 250 спортисти од 25 клуба од 10 земји: Словенија, Турција, Бугарија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Р. Српска, Албанија, Грција и од Македонија.Додека, на борилиштата правдата ја делат 16 интернационални судии. Воедно, настанот со своето присуство го збогатија ученици од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Драчево, кои на почетокот ја интонираа македонската химна. Влезот за посетителите е беспла

Спорт | пред 7 години

gruevski-2

(ВИДЕО) Падот и подемот на Никола Груевски

Една по една, се затвараат вратите за Никола Груевски. Останува пратеник, но неизвесно е како ќе ја троши пратеничката плата, ако се знае дека за неговата блиска иднина сега одлучуваат судии и обвинители. Без оглед на тоа, јавноста останува поделена во оценките на неговата улога во партијата и во државата. Едните препознаваат херој, роден да обединува и да го води својот народ, пишува Телма.Другите едвам чекаат да го видат зад решетки, за да одговара за сите обвиненија што му се ставаат на товар.Политичката и државничка кариера на Никола Груевски опфаќа дваесетина години. На крајот на минатиот век, на 28 годишна возраст, стана министер за трговија, а една година подоцна, веќе е прв човек во Министерството за финансии. Зад себе ги остава Балканска банка и Брокерската асоцијација, што лично ја основал и претседавал. Груевски важи за реформатор: воведува ДДВ, фискални сметки, кампања „Купувајте македонски производи“, а паралелно се множат афери. За почеток, штетниот договор со ОКТА што ја чинеше македонската држава 70 милиони долари и контроверзите околу Националната платежна картичка, а подоцна и други.За познавачите, изборот за лидер на Конгресот во Охрид 2003 е сосема очекуван, особено што зад него застана неприкосновениот Љубчо Георгиевски.Лидерството не го стартуваше најсјајно. Изгуби едни претседателски и едни локални избори. Се опкружи со нови лица, кои, освен партиски, му беа и лично лојални. Од старото партиско ткиво се создадоа нови партии, меѓу кои и ВМРО Народна на Љубчо Георгиевски, што уследи по тешката караница во хотелот Панорама. И покрај тоа, две години подоцна Груевски ги добива наредните парламентарни избори. Потоа, бележи победи на 10 изборни циклуси. Неговата партија владее неприкосновено, од локално преку централно до претседателско ниво.Уште во тие први години од неговото владеење, пиар тимот настојува да го прикаже како вреден млад човек што работи 24/7 за својата татковина. Човек од народот, живее скромен живот, оди пешки на работа во Владата, чека на семафор зелено светло, се поздравува со познатите, додека силното обезбедување не се гледа.Воведе рамен данок, ја намали невработеноста од 38 на 23 одсто, постојано инсистираше на странски инвестиции, а во тоа време македонските државјани почнаа да патуваат низ Европа без визи.Неговите критичари му го демнеа секој чекор. Ги ловеа неговите лапсуси…Но, ѓаволот ја однесе шегата кога почнаа „да пукаат бомбите на Заев“. Преку телефонските снимки  СДСМ прикажуваше лик на автократ кој наградува и казнува по лично убедување, владее неприкосновено опкружен со роднини, пријатели и послушници, се пазари за провизии, се смее на туѓата немоќ, толерира разни криминали, очекува изборни местенки, приграбува имот за себе и за партијата, а лицемерието воопшто не му е туѓо.Неизвесно е дали само бомбите го урнаа Груевски. Тој брзо ја изгуби поддршката на меѓународната јавност и го откажа Пржинскиот процес.Прво мораше да ја напушти премиерската, а потоа и лидерската функција во партијата. Призна дека можеби грешел но и дека си заминува со ножеви во грбот.Сега е речиси секој ден во Суд. Има правосилна пресуда од две години и повеќегодишна запретена казна. Работи како пратеник, но ретко доаѓа во Парламентот. Деновиве доаѓаше за да прикаже пред Судот дека има пратенички обврски. Пред тоа, забележителна улога имаше при расправата за Законот за јазици.За малку ќе ги покажеше и другите боксерски способности. Еднаш во младоста, му помогнаа да биде статист во театар. Оттогаш наваму, јавно не му затребале. При функционирањето во Парламентот, Владата и воопшто, во општествениот живот, се бараат други перформанси. 

Македонија | пред 7 години

nova_vlada_g111

Одењето на Груевски во затвор нема да донесе подобар стандард, Заев разбуди се!

Откако Специјалното јавно обвинителство се појави на сцената во Македонија, сите погледи се насочени кон обвинетите во низата случаи кои беа процесирани. Јавноста е замаена од прашањата „Кога Груевски ќе оди во затвор“, „Дали во Шутка ќе влезе Мијалков“, „Како ќе одговара Јанкуловска“, „Што ќе се случи на наредното судење за прислушкувањето?“. Но, истовремено, овие прашања ги изморија сите. Интересот опаѓа, што е нормално, бидејќи секојдневните новини од сите судења не носат ништо ново. Освен судењата, ништо ново не донесе и Зоран Заев заедно со СДСМ, кој година и половина седи на „Илинденска“ во барокната Влада.За време на Шарената револуција сите беа одлучни дека правда мора да има. Тоа стои и сега. Но, никој не очекуваше дека револуционерите ќе станат административци, но се случува. Секој од нас се бореше за подобро утре, бидејќи криминалот, немањето пари, отселувањето, корупцијата и непотизмот, партиските вработувања ги убиваше надежите за успех во оваа држава. Денес, само правдата доаѓа, но само делумно. Во секој дел од оваа колумна ќе има по едно „но“, што навистина не ветува многу. Кога Американец во реченица ќе употреби „но“, значи дека колку и да биде силни фактите кажани претходно, истите веќе не важат. Од успеси во правдата има само еден предмет и тоа е „Тенк“, кој е завршен, а тотално небитен. Одењето на Груевски во затвор за некого е успех, за мене, тотален неуспех. Да не заборавиме одењето на Груевски во Шутка нема да донесе подобар живот, ниту стандарди.Година и половина посветени на Европска унија и НАТО. Пеки, да. Треба. Но во Владата има илјадници лица кои се вработени. Зар никој од нив нема време за проблемите на обичните смртници? Зар сите работат на ЕУ и НАТО. Некако, преку глава им е на сите од законите кои се прават на хартија, а не функционираат. Како оваа Влада сака прогрес, кога додека поскапува лебот, платата стагнира или опаѓа? Македонија се задолжува. И во континуитет причината е ВМРО-ДПМНЕ кои ја задолжиле земјата. Сите што седите на Илинденска, запамтете дека никого не го интересираат вашите изговори, туку животниот стандард кој е прелош, најлош.Ефтините памфлети за подобар живот се само обичен лист хартија. Тоа се покажа во изминатиот период. Брда и долини ветувавте, ништо не направивте. Ама ништо. Седнете и запрашајте се дали имате реализирано барем 10 проценти од ветувањата. Тогаш ќе сфатите зошто народот ви е разочаран. Ниту часовникот на Триумфална не ви функционира, па што останува за другото. На „Гоогле“ најечсто пребарување е „Како да најдам работа во Германија“, а на улиците се коментира дека подобар живот има во соседна Србија или Бугарија. Јас, на ваше место, би се засрамил.Функционирањето ви наликува на она од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и вие ја наполнивте администрацијата со партиски кадри. Секој ден, гледаме нови огласи. Болно и жално. Секој ден на „Фејсбук“ имаме по еден пријател кој претходно објавувал слики од партиски митинзи, а денес објавува дека вработен во министерство, општина, Влада, Собрание и слично. Можеби најпаметното нешто што Груевски го напишал во изминативе години е „Во затвор се влегува и излегува, на власт се доаѓа и се оди“. Нека искуството на ексраководството на оваа држава, биде поука за вас.Бидете малку сериозни. Сите се крајно разочарани од вас. Во секое поле. Ова го пишувам врз основа на она што гласно се коментира во кафеаните, кафичите, улиците, булеварите. Она што е факт. Ако вака продолжите, следните избори за вас ќе бидат фатални. Тогаш.. Е тогаш нема плачење. По Шарената револуција сите се свесни што се случува. И да, ова не го пишува ни вмровец, ни сдсмовец, туку некој на кого стварно му е смачено од дворските игри на секоја Влада која застанала да води држава. А ја води во пропаст.Отворено писмо испратено до „Скопје 1“.

Коментари | пред 7 години

LDP-Madrid-2018-2

ЛДП на конгрес во Алде во Мадрид

Делегацијата на ЛДП предводена од претседателот на Горан Милевски, од 8 до 10 септември во Мадрид, присуствува на 39 –от Конгрес на Алијансата на европските либерали и демократи (АЛЛДЕ). Во составот на делегацијата на ЛДП се и потпретседателот на ЛДП Зоран Шапуриќ и Емил Кирјас.„На конгресот, помеѓу другото, се дискутираше за натамошното јакнење на либералните вредности во Европа, за јакнење на економските политики и либерални вредности во Европа. Посебен фокус беше ставен на подготовката на европските либерали за наредните избори за Европскиот парламент кои треба да се одржат во мај наредната година, на кои што АЛДЕ очекува значително зголемување на бројот на свои евро-пратеници и со тоа многу посилна улога во креирање на политиките во Европа и во светот.Во рамките на конгресот делегацијата на ЛДП имаше бројни средби помеѓу кои и со премиерите на Данска, Ларс Расмусен, премиерот на Словенија Марјан Шарец, министерот за надворешни работи на Словенија, Миро Церар, и др“, стои во соопштението.

Македонија | пред 7 години

gruevski-2-1

Дали преку Груевски и Камчев, Мијалков си ја купи слободата?

Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет во четири случаи на СЈО и тоа „Титаник 2“ за изборните измами, „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски, „Трезор“ за незаконска набавка на опрема и „Тврдина и „Титаник“ за нелегалното прсилушување. Доколку се соберат предвидените затворски казни за делата за кои се гони, тогаш може да се каже дека на Мијалков му се заканува максимална затворска казна од 31 годинa затвор. Последно, вчера СЈО излезе со ново обвинение против ескдиректорот во случајот „Империја“.„Империја“ му донесе и 30-дневен притвор на бизнисменот Орце Камчев кој во минатото беше тесно поврзан со Сашо Мијалков. Обвинителството и двајцата ги гони за исти дела, но Мијалков нема да му прави друштво на Камчев во ќелија. Симптоматични се судските одлуки за обезбедување на присуство, бидејќи, ова е прв случај против Камчев, а шести против Мијалков. Се отвора прашањето, како судот е сигурен дека Мијалков ќе остане во земјава, а Камчев ќе избега?Камчев и Мијалков не се во добри односи подолго време. Во интервју, уапсениот Камчев ја потврди оваа информација, велејќи „не сме повеќе пријатели“, но не ги кажа причините. Двајцата во моментов ги поврзува едно, а тоа е СЈО и случајот „Империја“. Како Мијалков ја купи слободата, а Камчев го заслужи притворот ќе открие времето, а една од претпоставките е дека Мијалков застанал против поранешниот пријател за да се спаси себеси.Слична е ситуацијата со експремиерот Никола Груевски за кого веќе има пресуда и треба да одлежи две години за набавка на луксузниот „мерцедес“, кој го истражуваше СЈО во случајот „Тенк“. Мијалков и Грувски се тесно поврзани, долги години беа потпора еден на друг. Гледано од роднинска страна, тие се братучеди.Врските меѓу братучедите навидум изгледаат нарушени откако на чело на ВМРО-ДПМНЕ дојде Христијан Мицкоски, кој во минатото беше советник на експремиерот. Груевски бил главниот протагонист кога во прашање бил изборот на нов претседател на сега опозициската партија, се коментираше во јавноста. Новиот претседател, сега, го исклучи Мијалков од паријата бидејќи како што кажа, бил во „криминална коалиција со Зоран и Вице Заеви“. Груевски, во ниту еден момент не застана во одбрана на Мијалков, туку напротив рече „сакам силно ВМРО-ДПМНЕ“. Мијалков испрати две писма до Мицкоски, но доби само „сеен“ од него. Додека тие се препукуваат јавно, Груевски молчи. Низ ова се носи констатацијата дека Грувски крена раце од братучедот, а пак Мијалков го пушти низ вода Груевски. Единствена потпора на експремиерот е ВМРО-ДПМНЕ кои го бранат Груевски само преку соопштенија.Интересен факт е и што прв решен случај на СЈО е токму „Тенк“, а сеуште не се знае кој прислушкувал, зошто го правел тоа, како материјалите дошле во рацете на неколку луѓе и кој се ги поседува. Нелогично е да се даде толку големо значење на случај како овој, кога нерешени остануваат клучни предмети како „Титаник“, „Трезор“, „Тврдина“, „Тортура“.

пред 7 години

kisela-voda-1

Темелковски: За една година општина Кисела Вода има комплетно сменет лик

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, во присуство на Претседателот на Советот и секретарот на општината, денеска го презентираше отчетот за сработеното во првата година од неговиот мандат.Во продолжение е скратена верзија од неговото обраќање:Пред една година на жителите на Општина Кисела Вода, на моите соседи, им ја презентирав својата визија, своето видување на Кисела Вода-како модерно, урбано место за живеење, во кое сите заеднички ќе се трудиме да наметнеме европски и светски стандарди.И од првиот ден откако тие ми ја дадоа довербата, се зафатив со одговорна, чесна и домаќинска работа во насока на развој на она што за сите нас е ДОМ. Заедно со Советот, со општинската администрација, посветено работевме на подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните. Една година е релативно кратко време за да може да се зборува за комплетно сменет лик на општината, но сепак е доволен период за да говориме за конкретни резултати. За повеќе завршени проекти, за уште поголем број на отпочнати проекти на кои во моментов активно се работи, за трасирање на патот за решавање на заостанатите проблеми за кои е недозволиво да постојат во 21-виот век.Во минутите што следат ќе потсетам на поставувањето на комплетна енергетска фасада и повеќето градежни зафати во ОУ Кирил Пејчиновиќ, термоенергетската фасада на ОУ Кузман Шапкарев, како и реконструктивните зафати во другите училишта, на наградувањето на најталентираните ученици на полето на науката, уметноста,културата и спортот и најдобрите наставници од основните училишта на територија на Општина кисела Вода. На преземањето на трошоците за физичко и патролно обезбедување на училиштата од страна на локалната самоуправа, на набавката на прочистувачи за воздух и мебел во градинките, за санација и рехабилитација на повеќе улици како Сердарот, Саса крак 32, како и асфалтирање и реконструкција на повеќе улици во сите месни и урбани заедници. Ќе проговориме и за комплетната реконструкција на водоводната мрежа во селото Дрчево од Порупи до Пеленица, како и за изведбата на атмосферска и фекална канализација на Рилски конгрес и Зеленгора 1. Ќе ја издвојам и реконструкцијата на детското игралиште во паркот Шопен, возобнувањето на училишниот спорт, материјалната поддршка на спортски клубови и спортски манифестации, формирањето на Советот на стопанственици, Ќе го издвојам и бројот на легализирани дивоградби кој само за една година изнесува една половина од бројот на решени предмети за претходните 6 години, како и други бројни проекти.Дозволете ми да ви презентирам само дел од сработеното во овие 365 дена.-Големи беа заложбите за обезбедување на што подобри услови за најмладите, основците и дечињата во градинките. Токму затоа, градежно занатски и реконструктивни активности беа реализирани во сите основни училишта и градинки. Јас, ќе ги издвојам само покрупните.-Со донација на Цементарница Усје, извршено е поставување на комплетна енергетско ефикасна фасада на ОУ Кирил Пејчиновиќ, со што ова училиште е комплетно енергетски обновен објект. Општина Кисела Вода тука ја реконструираше и спортската сала, отвори сензорна соба за ученици со посебни потреби, беа заменети и радијаторите, а беше обележано и спортското игралиште.-Заврши поставувањето на енергетска фасада на ОУ “Кузман Шапкарев” на површина од 3.141 м2. Средствата беа обезбедени како донација од Цементарница Усје. Во моментов, во ова училиште Општина Кисела Вода работи на замена на дел од кровната конструкција.– Во ООУ „ Св.Климент Охридски“, во завршна фаза е реконструкцијата на спортската сала– Во соработка со Министерството за образование и ИППР Кина, Општина Кисела Вода продолжува со реализација на проектот за изградба на нова училишна фискултурна сала во состав на ОУ “Рајко Жинзифов”.– Ги наградивме најталентираните 30 ученици од областа на уметноста, науката и културата, а беше доделена и една групна награда. Награди добија и најдобрите наставници од сите основни училишта на територија на општината. Сакам да нагласам дека оваа пракса ќе продолжи се до крајот на мојот мандат.– Општина Кисела Вода за првпат во сите основни училишта кои се под нејзина надлежност ги презеде трошоците за физичко и патролно обезбедување на учениците и објектите-Во сите објекти на ЈДГ „Весели Цветови“ набавивме прочистувачи на воздух и мебел, нови играчки и дидактички материјали. Во објектот Сончоглед беа варосани ѕидовите во занималните и ходниците и поставени нови плочки. Во објектот Мимоза- беа варосани кујната, салата и ходниците, а во објектот Синоличка-варосување на ѕидови во занимални и ходници и санирање на пукнатини на таваните.-Прочистувачи на воздух добија и поеќе објекти од ЈДГ „8 Март“. Беше извршена набавка на мебел, на кујнска опрема, ситен инвентар, теписони, косилки за сите објекти во ЈДГ 8-ми Март.Во насока на подигнување на безбедноста на учениците и дечињата, набавивме и монтиравме сообраќајни знаци и сообраќајни огледала, а извршивме и обележување на хоризонтална сигнализација-пешачки премини во близина на училиштата и градинките.Од позначајните проекти од секторот за комунални работи, сакам да го издвојам следново:– Успешно беше реализиран проектот “Рехабилитација на ул. “Сердарот””, за што, по апликацијата на Општина Кисела Вода и беа одобрени средства од ЕУ ИПА грантот за рурална инфраструктура, во висина од 120.000 евра. Реализацијата на проектот беше преку проектот на Светска Банка, а за целосно заокружување на финансиската конструкција, од буџетот на Општина Кисела Вода за 2018 година беа обезбедени дополнителни 2.450.000 денари. На оваа улица, од страна на Општината, беа поставени и нови тротоари.-Санација беше извршена на улицата Саса, крак 32, во должина од преку еден километар– Асфалтирани беа повеќе улици во Стакларница, во село Усје и во селото Драчево-Кога зборуваме за санација на улици, треба да ги споменам и улиците Локов и Пушкинова, дел од улица Христо Татарчев, крак 24 во населбата Припор. На оваа улица беше изведено гребење на стариот и поставување на нов асфалт, исто како и на два дела од улицата Христо Татарчев крак 22 и на улицата Студеничанска во селото Драчево. На последниве две улици беше извршено крпење на ударни дупки, како и улиците Киро Фетак, Јабланица, ул. 1438, Козјак , ул. 1519, ул. 1510.-Неделава отпочна реконструкција на коловозот и тротоарите на улицата Рилски конгрес во населбата Црниче. Во населбата Пинтија се реконструираше и се поплочува со павер елементи, крак на улицата Саса 2. Се изврши реконструкција и санација со павер елементи на улици и тротоари во селото Драчево, конкретно на улиците Сердарот, крак 1, крак 2, 3, 4, 5 и 6, како и крак од улицата Иван Хаџиниколов. Во населбата Драчево, пак, со вакви зафати беа опфатени краците 1, 2, 3, 4 и 4а од улицата Киро Фетак, како и на кракот 1 од улицата Малешевска. Воедно, во населбата Пинтија се изврши санација на оштетен дел од плато пред црката Свети Еремија, а изведен беше и потпорен ѕид во населбата Усје. Подготвителни работи за потпорен ѕид се извршија и на улицата Христо Татарчев крак 14 во населбата Припор.-На цела територија на општина Кисела Вода, на повеќе локации беше поставена нова урбана опрема, додека постоечката беше одржувана и по потреба санирана. Она што сакам да го издвојам е реконструкцијата на детското игралиште во паркот Шопен каде се поставени нови реквизити и нова урбана опрема.-Извршивме комплетна реконструкција на водоводната мрежа во селото Драчево, на потегот од Порупи до манастирот Св. Руса на Пеленица, со што после 12 години манастирот доби вода. Во изградба е водоводна мрежа на крак на ул. Банско. На крак од оваа улица, на потегот од ул. Востаничка до улицата Рилски конгрес беа изведени и атмосферска и фекална канализациона мрежа. Атмосферска и фекална канализација доби и улицата Зеленгора 1, пристапна улица 3, во населбата Црниче.Не изостана грижата и за јавното осветлување. Продолжени беа голем број на линии за улично осветлување. Уличните светилки заменети со нови, а реагиравме со брза санација секогаш кога на одредена локација во општината ќе се појавеше дефект.Интензивно се работеше на подобрување на јавната чистота во овој дел од градот.Во цифри, преку на отворените канали Мала Рада и Црниот канал во селото Драчево, на дивите депонии, на јавните површини, преку повеќето акции за собирање на кабаст отпад, во текот на оваа година се собрани преку 1100 тона отпад.-400 семејства со новороденче добија ваучери од Општина Кисела Вода.За социјално загрозените жители на општината, набавивме и им поделивме огревно дрво во вредност од 1 милион денари.Многу внимание посветивме на вложувањата во спортот.-Го возобновивме училишниот спорт. Беа формирани лиги во мал фудбал, одбојка и кошарка и беше одигран лига систем со плеј оф завршница-Обезбедивме материјална поддршка на спортски клубови и спонзориравме спортски манифестации. Доделената материјална помош е во висина од 2.500.000 денари на вкупно 13 спортски клубови, кои опстојуваат на територијата на општина Кисела Вода и се натпреваруваат во најсилните спортски лиги. Доделена е и материјална помош од вкупно 1.355.000 денари на вкупно 8 спортски манифестации кои се одржуваат на територијата на општината Кисела Вода. Воедно, Општина Кисела Вода додели парична награда на 55 спортски таленти поединечно и една екипна награда од основните училишта кои гравитираат на територијата на Општина Кисела Вода.– Во двете спортски сали Независна Македонија и Архиепископ Доситеј беше реализиран Куп на општина Кисела Вода “Св Ѓорѓи”.-Успешно го реализиравме проектот “Спорт за сите деца и граѓани”.-Во текот на целата година течеше проектот “Спортска академија на Општина Кисела Вода”.-Успешно го реализираме и проектот “Спортуваме -Другаруваме”, наменет за лицата за посебни потреби.-Согласно дадените ветувања, на повеќе локации, паркови, игралишта, поставивме бесплатни безжични интернет зониВо насока на подобрување на деловната клима во општината, , формиравме Совет на стопанственици на Општина Кисела Вода и реализирани се повеќе средби заради заедничко решавање на проблемите и предизвиците со кои се соочуваат стопанствениците, а се во делокруг на активностите на локалната самоуправа.Во соработка со УНДП, Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на РМ, по 4-ти пат во тек е реализација на проектот Општинско корисна работа, преку кој се ангажирани 26 лица кои се активни баратели на работа, како лични асистенти, образовни асистенти и негувателки во основните училишта и јавните детски градинки на територија на Општина Кисела ВодаВо текот на годината, со цел реализација на повеќе проекти во интерес на нашите жители, беа потпишани бројни меморандуми и договори со повеќе субјекти, на кои во моментов сакам да им се заблагодарам. Тоа се Волонтер центар, УН Њоман, Америцан Цоллеге, Факултетот за земјоделски науки, КРИК-младински центар, Здружението на пензионери од Кисела Вода, Црвениот Крст на Кисела Вода, повеќе Амбасади и многу други кои во текот на моето излагање ги споменав и со кои се надевам плодната соработка ќе продолжи и во годините што доаѓаат.Во поглед на барањата за легализација, во рамки на Секторот за урбанизам и просторно планирање, сакам да истакнам дека од вкупно пристигнатите 11.884 барања за утврдување на правен статус кои датираат од 2011 година, кога го презедов мандатот решени беа 5705 предмети. За само една година, сакам да ве информирам дека решивме 2414 предмети. Односно за само една година успеавме да решивме ½ од бројот на барањата за легализација кои биле решени во претходните 6 години.Сакам да ве известам дека во моментов, во постапка е ДУП за Градска четврт Ј20 БЛОК 04, по што граѓаните ќе можат да ги кажат своите забелешки на јавна анкета. Во завршна фаза е ДУП за градска четврт Ј14. Се работи на урбанистичкиот план за селото Драчево, како и за РеонЈИ, четврт ЈИ08. Во процедура се :ДУП блок Ј20.03, четврт Ј20, реон Ј, ДУП блок Ј20.02, четврт Ј20, реон Ј, ДУП блок15.01, четврт Ј15, реон Ј, ДУП блок15.04, четврт Ј15, реон Ј, ДУП блок15.05, четврт Ј15, реон Ј,ДУП Реон Ј20, Реон Ј, блок20.10.Општина Кисела Вода реализираше и бројни проекти од сферата на културата, како и повеќе проекти од областа на социјалната заштита за подигнување на јавната свет кај граѓаните за социјално чувствителните прашања.На самиот крај, сакам да ви претставам и неколку проекти на кои ќе се фокусираме во новата година што е пред нас.-Во тек е реализацијата на третата фаза од реконструкцијата на дел од пристапен пат до рекреативниот центар “Теферич”. Проектот се спроведува во соработка со Центарот за Скопски плански регион, по одобрувањето на доставената апликацијата од страна на Бирото за регионален развој. По реализацијата на оваа фаза, пристапниот пат до рекреативен центар ,,Теферич” ќе биде целосно реконструиран.-2019-та година ќе ја одбележи и отпочнувањето на големиот проект за изградба на атмосферска канализација во населбата Пржино.-Целосно е подготвена документација за изградба на две нови градинки. За првата, во населбата Драчево, веќе е изготвен основен проект, а за втората која треба да биде лоцирана во населба 11 Октомври Згради се подготвува проектно-техничка документација.-Ќе започнеме со изградба на фекална канализација на дел од улица Методија Патчев во населбата Драчево. Паралелно, на оваа локација ќе се гради и водоводна мрежа.-Поради појава на свлечиште што ја загрозува безбедноста на граѓаните, ќе пристапиме кон изградба на потпорен ѕид на улица Христо Татарчев крак 14 во Припор.-Во соработка со Град Скопје и Шумарскиот факултет, во фаза на подготовка е изработка на студија за санација на ерозивното подрачје на Теферич, што се појави како последица на изградбата на патот кон Сончев Град.-Со катастарот на загадувачи, кој во моментот се одвива на територија на општината, и чие завршување се планира кон крајот на месец мај, ќе се добие база на податоци на сите деловни субјекти, со типот на производство, капацитетот, број на вработени и др. Истите податоци ќе бидат достапни до граѓаните, бидејќи ќе бидат поставени на веб страната на општината.Подготвени се проекти за општа енергетска контрола и проекти за енергетска обнова на ЈДГ “Весели Цветови” – објект Мимоза и ЈДГ “Весели Цветови” – објект Сончоглед.-Евалуација и продлабочување на процесот на инклузија и вклучување на дефектолози во работата со деца со посебни потреби-Спроведување на проект “Кисела Вода се грижи-самохраните родители и нивните деца се рамноправни граѓани на нашата општина”Подготвена е апликација до агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за мерка 322, која се однесува на подготовка на Детални урбанистички планови за с. Усје и с. Драчево.Подготвена е апликација до агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за мерка 323, проект за реконструкција на патот до Туристичко верско рекреативниот центар Три Круши, с. ДрачевоПочитувани, на истекот од мојата прва година како градоначалник на Општина Кисела Вода би сакал да им се заблагодарам и на Советот на Општина Кисела Вода и советниците, без чија поддршка сите овие реализрани проекти немаше да бидат можни. На 16-те седници колку што беа одржани, усвоени беа 151 акт кои имаат за цел исклучиво да им го подобрат животот на жителите на општината. Воедно, би сакал да се заблагодарам и на Владата на РМ, Градот Скопје, на сите претпријатија во нивна надлежност, на сите Министерства за укажаната поддршка и соработката, како и на сите граѓани, кои секојдневно се тука како наш партнер во идентификувањето на приоритетите на оваа локална самоуправа. Дека ги имаме како рамноправен партнер, потврдува и фактот што во моментов, додека го подготвуваме Буџетот за 2019 година најпрво одржавме средби со сите нив, во нивните месни и урбани заедници за во прво лице да ги слушнеме нивните барања и потреби, одржавме работни состаноци и со граѓанскиот сектор и спортските здруженија, се со цел, Буџетот да биде скроен по мерка на оние за кои е наменет-жителите на Општина Кисела Вода.Пред една година ветив ЖИВОТ ВО КИСЕЛА ВОДА ЗА СИТЕ, денешниов отчет, е уште една потврда дека стојам на дадениот збор! Ви благодарам!

Скопје | пред 7 години

IMG_5339

Кошаркарките на Бадел и Шкупи утре ќе играат во Кисела Вода

Утре во спортската сала „Независна Македонија“ сениорската екипа на ЖКК Бадел 1862 на домашен терен ќе ги одмери силите со тимот на ЖКК Шкупи – Скопје. Почетокот на натпреварот кој ќе се одигра во рамки на петтото коло од првата кошаркарска лига е од 12:00. Додека, истиот ден девојките на јуниорската екипа на Бадел на гостински терен ќе игра за победа против тимот на ЖКК Крива Паланка.Утре уште еден клуб од Кисела Вода во Крива Паланка ќе се бори за победа. Во рамки на втората кошаркарска лига – исток, кошаркарите на Академија ФМП ќе и спортивстават на екипата на КК Крива Паланка.

Спорт | пред 7 години

soobrakajka

Битолчанец излетал од коловозот, пренесен во болница

Вчера на регионалниот пат Битола - с.Новаци пред с.Логоварди патничко моторно возило „Хјундаи“ со битолски регистерски таблици управувано од М.К. (49) од Битола излетало од коловозот и се превртело.Во незгодата М.К. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

velosiped

Велешанец удри велосипедист

Вчера во Велес на улицата „Вардарска“ патничко моторно возило „Пежо 307“ со велешки регистерски таблици управувано од О.Т.С. (44) од Велес удрило во велосипед управуван од П.Т. (74) од с.Башино Село-велешко.П.Т. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Велес за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес и се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

soobr1

Автомобил удри 15-годишник во Штип

Вчера во Штип на улицата „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „Фолксваген поло“ со штипски регистерски таблици управувано од Б.М. (68) од Штип, удрило во пешак на возраст од 15 години од с.Радање-о.Карбинци.Б.М. бил пренесен во Клиничката болница во Штип.Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 години

45794028_347509909128390_7106298505362145280_n

Државата им обезбеди дом на 96 бездомници затекнати под Кале

,,Ромите затекнати под Кале сега имаат дом, документи и речиси сите примаат социјална помош. Се грижиме за секое семејство и секое дете. За нивната интеграција се ангажирани ромски организации, кои работат со нив по 12 часа, во две смени. Им помагаат да најдат работа, да добијат пристап до здравство, образование и сите услуги кои им следуваат од државата“-вели министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.Владата на РМ и обебеди дом на вкупно 96 лица, од кои 66 се деца.,,Ние сме социјална држава и се грижиме за сите граѓани да имаат достоинствен живот и еднакви услови. Со премиерот Зоран Заев  бевме во посета на привремените живелишта во Визбегово. Лицата тука имаат можност да почнат со работа, а децата им се вклучени во образовниот процес. Секој од нив има документи и поголемиот дел се корисници на социјална помош. Од идната недела нашите социјални тимови ќе прават мапирање на лицата под Кале, со цел да понудат сместување за сите оние кои се без живеалишта“-вели Царовска.

Македонија | пред 7 години

Capture-2

Протест пред домовите на пратениците Василевски и Арнаудов во Охрид

Денеска граѓанската иницијатива „Македонија блокира“, заедно со повеќе организации кои и се приклучија, и политичката партија Единствена Македонија, со организиран превоз ќе носи демонстранти во Охрид за да организираниот протест пред домовите на пратениците кои гласаа за уставните измени, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.На Фејсбук страната „Македонија блокира“, пишува дека автобусот за Охрид треба да тргне денес во два часот попладне од пред Соборниот храм во Скопје.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1747055352072167&id=1742214352556267&__xts__[0]=68.ARACXc5M-FQOiosd_1A6X2oqi-B6q7oSInnTUstSewebPon3ut722HZoYi-I2rEauivyQLmcEB6-oigCQQSbAPklVeZ1JUQVkDteyo_4MQLqVdSj-_5Vm3OC-KxDyE6dExae6VoLuyFjPo532VhFpcifVsvHQ1J5WJm4FGEYDVtSeW6zochERhBM1cIjgdJj7WGL1oollfV-qjrSq1JRhHsVADdB_0Hs0WatcF8obLAqPt_7byHY3KJDV_V56jCramkFL2rkpLy8Asmv7CVWqHrcEP8x5e01H1hwEMwwfRHHKnsQPkSBtk3lGkHDvZtpdqxE7NFWOkPe5fmno8mC49oi&__tn__=-RВо средата, со запалени свеќи и патриотски песни, група демонстранти протестираа пред домот на пратеникот Крсто Мукоски во Вевчани, кој во Собранието исто така гласаше за почнување на процесот за уставните измени.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Најмалку девет жртви во пожарите во Калифорнија, десетици исчезнати

Најмалку девет луѓе загинаа во пожар што од четвртокот беснее во северна Калифорнија, додека на југ, познатото летовалиште Малибу е загрозено од друг пожар што брзо се шири.– Моја тажна задача е да потврдам дека досега имаме девет загинати, изјави Кори Хонеи шериф на округот Бат.Полицијата пронашла синоќа пет жртви во градот Парадајз северно од главниот град Сакраменто, каде 26.000 жители добија наредба за итна евакуација.Тројца загинати се пронајдени вчера вон една куќа и уште една во куќа.Десетици се сметаат за исчезнати.Шестотини километри појужно близу Лос Анџелес, градот Малибу е во состојба на тревога поради силен пожар што изби претходниот ден на 20-на километри северно. Неколку познати личности кои живета таму мораа да бидат евакуирани, меѓу нив и Ким Кардашијан, Алис Милано и мексиканскиот режисер Гилермо дел Торо. Вкупно повеќе од 150.000 луѓе мораа да бидат евакуирани во Калифорнија

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Турција ќе почне масовно производство на сопствен тенк

Турција денеска потпиша договор за масовно производство на сопствен тенк „Алтај“ со турскиот производител на воена техника Би Ем Си (БМЦ).Договорот е дел од напорите на земјата за проширување на одбранбената индустрија. Турција се стреми кон производство на сопствени тенкови, воени хеликоптери и друга воена опрема.Според договорот, компанијата првично ќе произведе 40 тенкови „Алтај“, а првиот ќе и биде доставен на армијата за 18 месеци. Веднаш потоа е предвидено да бидат изработени уште 210 тенокови.Во проектот се вклучени и други турски фирми – Рокетсан, Аселсан, МКЕ и Хавелсан.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Првпат по седум месеци цената на нафтата пониска од 70 долари за барел

Цената на суровата нафта „брент“ денеска се намали под 70 американски долари за барел, првпат после 10 април 2018 година.Според аналитичарите, цената на нафтата продолжува да се намалува поради зголеменото производство во САД и Саудиска Арабија, но и поради помошта што САД им ја дава на некои земји со распределба на поефтино количество на нафта откако Вашингтон ги обнови санкциите кон Иран со ембарго на увоз на нафта од оваа земја.Американскиот Стејт департмент во понеделникот ги обнови санкциите кон Иран. Под разни ограничувања се најдоа повеќе од 700 правни и физички лица на Исламската република, како на пример банки и компании од морскиот сообраќај и воздухопловството.Државиот секретар на САД, Мајк Помпео тогаш изјави дека санкциите нема да донесат никакви економски штети и дестабилизација на пазарот со нафта.-САД им помага на Италија, Грција, Турција, Кина, Индија, Јапонија, Јужна Кореја и Тајван. Сите тие земји покажаа подготвеност да го намалат увозот на иранска нафта во последните шест месеци. А две земји целосно прекинаа со увоз на нафта од Иран и нема да го обноват се додека има санкции, изјави Помпео во понеделеникот.Цената на декемврските „фјучерси“ на нафта (купопродажни договори за продажба на нафта кои треба да се реализираат во иднина) за американската „лесна“ нафта се намали до 60,13 долари за барел.

Македонија | пред 7 години

ujp

Канцелариите на УЈП отворени за регистрација на граѓаните

Во текот на денешниот ден, (сабота, 10 ноември), сите даночни канцеларии (регионални дирекции, даночни одделенија и даночни шалтери) на УЈП ќе бидат отворени за граѓаните за да може да се регистрираат во системот на Е-ПДД.Работното време на даночните канцеларии ќе биде од 8.30 до 14 часот.

Македонија | пред 7 години

soncevo

Сончево со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер

Сончево со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла.Утринската температура ќе се движи од нула до осум степени, а дневната температура од 15 до 20 степени.Сончево со мала до умерена облачност и слаб југоисточен ветер.Утринската температура ќе достигне до три, а дневната до 18 степени.Продолжува периодот на стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период од годината

Македонија | пред 7 години

eko

Се воведуваат еколошки налепници и субвенции за електромобили

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули денеска ќе ги презентира новите измени на Законот за возила со кои ќе се воведат еколошки налепници и субвенции за електрични и хибридни возила.Министрите за внатрешни работи и за економија Оливер Спасовски и Крешник Бектеши вчера ги најавија измените во Законот за возила со кои на лиценцираните такси автомобили задолжително ќе се поставуваат жолти табли.Сите возила ќе бидат означени со еколошка налепница за степенот на емисијата на штетни гасови.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Третиот нацрт-амандман пред Комисијата за уставни прашања

Третиот нацрт-амандман, што се однесува на членот три од Уставот на Република Македонија е на дневен ред на денешното продолжение на седницата на собраниската Комисија за уставни прашања.Со нацрт-амандманот практично се предлага додавање нов став со кој се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави.Шефот на македонската дипломатија вчера на седницата само кусо го појасни третиот нацрт-амандман, а денеска пратениците ќе ја отпочнат расправата по него.-Врз основа на Договорот се утврдува меѓусебната постоечка граница меѓу Репбулика Македонија  Република Грција како неповредлива меѓународна граница, при што се презема реципрочна обврска ниту една од двете држави да нема некакви претензии кон кој било дел од територијата на соседната држава, ниту пак претензии за промена на нивната меѓусебно постоечка граница. Двете држави, исто така се обврзаа дека нема да поддржуваат претензии од трети страни во однос на неповредливоста на нивната заедничка граница, рече Димитров.Република Македонија и Република Грција се обврзаа, додаде тој, да го почитуваат суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседот и да не поддржуваат какви било активности на трети страни насочени кон суверенитетот, територијалниот интегритет или политичката независност на другата држава.Исто така, нагласи Димитров двете држави презедоа обврска во согласност со целите и начелата на Повелбата на Обединетите нации да се воздржуваат од закани или употреба на сила, со намера да се наруши нивната меѓусебно постоечка граница.Министерот појасни во членот 3 од Уставот е регулирано дека територијата на РМ е неделива и неотуѓива, постојната граница на РМ е неповредлива, РМ нема територијални претенизи кон соседните држави, а границата на РМ може да се менува само во согласност со Уставот, а врз принципот на доброволност согласно општо прифатените меѓународни норми.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Продолжува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи расправата по предлог измените и дополнувањата на Буџетот, во второ читање.Расправата почна вчера, а согласно собранискиот Деловник, може да трае најмногу три дена.Министерот за финансии Драган Тевдовски во образложението истакна дека ребалансот базира на проекција за раст на реалниот БДП од 2,8 проценти во 2018 година, а буџетскиот дефицит е непроменет и изнесува 2,7 проценти од БДП.-Се врши минимална корекција на приходната страна на Буџетот и приспособување на одделните делови од буџетската потрошувачка до крајот на годината. Позначајни дополнителни средства се алоцираат во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување на Република Македонија. Со цел подобрување на фискалната позиција на општините се предвидуваат и три милијарди денари за финансиска поддршка на општините и единките корисници основани од нив, пред сѐ училишта, за да сервисираат значителен дел од нивните неизмирени обврски, објасни Тевдовски.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека власта води катастрофална економска политика, а со ребалансот, наместо да овозможи реализирање капитални инвестиции, значително ги крати средствата, посебно за здравството и образованието. Тие сметаат дека е погрешна и одлуката за финансиска поддршка на општините со која, преку алоцирање поголем дел од буџетските пари, ќе им се помогне на локалните самоуправи да ги подмират или намалат долговите.Реплицираше министерот Тевдовски, потенцирајќи дека фискалните параметри се одлични, а остварувањето на приходите е според проекциите што е првпат случај по подолго време.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Груевски до утрово не се појавил во затворот „Шутка“

Поранешниот премиер Никола Груевски до утрово не се појавил во затворот во Шутка, каде треба да почне со отслужување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк,“ откако вчера попладне Кривичниот совет ја одби неговата последба жалба.Синоќа пред затворот новинарски екипи од речиси сите македонски медиуми беа во исчекување на Груевски. Официјални информации за тоа дали решението му е доставено немаше, но неофицијално, биле направени три обиди од судските курири во неговиот дом лично да му го достават решението.Откако Груевски ќе ја добие одлуката, би требало веднаш да се јави во затворот за издржување на казната за блиндираниот мерцедес. Решението на Груевски може да му биде врачено в понеделник, кога поранешниот премиер треба да се појави на судско рочиште за предметот „Титаник“.Доколку Судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението ќе се пристапи или кон негово спроведување или кон распишување потерница.Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби вчера жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк“.Груевски завчера требаше да се јави на издржување на затворската казна. Но тој и неговите адвокати поднесоа жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот.

Македонија | пред 7 години

kamcev

30-дневен притвор за Орце Камчев, спроведен е во Шутка

Доцна ноќеска судија на претходна постапка му одреди триесетдневен притвор на бизнисменот Орце Камчев кој е првоосомничен во новата истрага на СЈО, „Империја“. Притвор им е одреден и на останатите четири лица кои заедно со Камчев беа изведени пред судија на претходна постапка, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Цветан Панделески и на Тодор Мирчевски.Околу 2.30 часот утринава, дел од осомничените беа спроведени во Истражниот затвор во Шутка.Во новата истрага на СЈО кривично се гонат вкупно 13 лица. Сите се сомничат за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело направени преку фирмите кои ги поседуваат.

Македонија | пред 7 години

gruevski_1904_g111_3-640x437

Неколку граѓани пред домот на Груесвки, не даваат да оди во Шутка

Група на граѓани се собира пред домот на екс-премиерот Никола Груевски со цел како што велат да му дадат поддршка.Групата граѓани кои се собираат пред домот на екс-премиерот носат знамиња со сонцето од Кутлеш.Судскиот курир кој требаше да му го достави решението за јавување во затворот во „Шутка“ вчера три пати се обидел да го добие Груевски на адресата по лична карта, но не успеал.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања