Скопје1.мк

Нема фотографија

Почина еден од повредените во престрелката во Куманово

Почина повредениот кумановец во кој вчера беше пукано со огнено оружје, потврдуваат од Ургентниот центар во Скопје.Тој беше повреден доцна синоќа во Куманово, по инцидент на улицата „Тоде Мендол“, откако имало вербална расправија меѓу две семејства.Увид изршил и јавен обвинител заедно со екипа на СВР Куманово.Претходно: Пукање во Куманово, погодено едно лице, неколкумина повредени (ВИДЕО)

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Сончево време со температура до 27 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 18 до 27 степени.Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 25 степени.Продолжува периодот на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. За време на викендот ќе преовладува сончево време, но температурите постепено ќе опаѓаат.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Николоски: Договорот дозволува грчки премиер да може да става вето на преговорите

– Теоретски Македонија  да прифати се што Грците ќе побараат и да дополнително национално се понижи, секогаш кога на грчки премиер ќе му е потребно да си го крене рејтингот дома ќе стави блокада на следното поглавје во процесот на преговори со ЕУ што во превод ќе значи дека ние никогаш нема да ги завршиме преговорите за членство во ЕУ, изјави во емисијата Клан Дебата, на Телевизија Клан, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.Тој потенцираше дека  тоа ќе се случува затоа што согласно договорот Грција има право да стави вето на отворање на секое следно поглавје во процесот на преговори на Македонија со Европската Унија, доколку е незадоволна од извештаите кои ќе се поднесуваат во јуни и декември секоја година.– Со овој договор Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ, затоа што Грција тоа никогаш нема да го дозволи, односно ние ќе станеме втора Турција, ќе бидеме секогаш во процес на преговори но никогаш нема да станеме членка, истакна Николоски.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Делови од Скопје без струја

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија ќе останат делови на Сопиште, Бутел, Кисела Вода, Студеничани, Ѓорче Петров и Зелениково.Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Горно Соње во општина Сопиште. Од 9 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од дел од улицата Љуба Ивановиќ и улицата Црвени брегови во општина Бутел и корисниците од дел од улицата Христо Татарчев, ул. 1511 и ул. 1512, во општина Кисела Вода.Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Батинци во општина Студеничани, дел од селото Кучково во општина Ѓорче Петров, корисниците од селото Долно Соње во општина Сопиште и од 12 до 15.30 часот корисниците од дел од викенд-населбата Јане Сандански во с. Орешани во општина Зелениково.

Скопје | пред 7 години

45233640_2258986557682764_8120573990298189824_n

(ВИДЕО) Момчето чиј другар се онесвести пред Груевски по една година ја испрашуваше Рангелова

Рангелова кажа дека ВМРО ДПМНЕ е далеку од распад и дека  тоа е реалноста.Ова таа го кажа одговарајќи на прашање на момчето кое јавноста имаше прилика да го гледа како дава поддршка на неговиот другар кој се онесвести додека Груевски држеше говор.Момчето прашањето го читаше од мобилен телефон.

Македонија | пред 7 години

nikola-micevski

И координаторот на ВМРО-ДПМНЕ си отиде, а дојде Никола Мицевски

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија ќе има една пратеничка група, наместо досегашните десет. Ваква одлука е донесена на синоќешната седница на Извршниот комитет на партијата. Нов координатор на пратеничката група да биде пратеникот Никола Мицевски од Штип, кој доаѓа на местото на Драган Данев.Местото координатор на пратеничка група остана празно откако Драган Данев пред неколку дена најави дека се повлекува од функцијата. Данев ја извршуваше функцијата неполна година, а неговото повлекување следи по низата исклучувања, разрешувања и оставки од партиските функции поради несогласувања со раководството.За формирањето на единствена пратеничка група, според собранискиот Деловник, ВМРО-ДПМНЕ треба да го извести претседателот на Собранието, Талат Џафери.Повеќе детали се најавени за денеска.Вчера претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржаловски и уште неколкумина лченови на подмладокот на партијата дадоа неотповикливи оставки од функцијата. Претходно, оставка поднесе претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, како и потпретседателката и генералната секретарка на Унијата, Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска.

Македонија | пред 7 години

Orbis-logo

Одземена дозволата за работа на ТВ Орбис – Битола

Згаснува локалната телевизија Орбис од Битола. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната седница донесе одлука со која се одзема дозволата на ТРД РТВ Орбис ДООЕЛ Битола поради не исполнување на условите за работа.Телевизијата веќе неколку месеци работи со емитување на репризна програма без продукција на нова, откако сите вработени во еден ден ја напуштија телевизијата.Донесената одлука сега треба да биде објавена во службен весник и во два печатени медиуми.Орбис ТВ беше приватна локална телевизиска станица, која започнала да емитува на македонски јазик на дваесет и петти декември 1990 година во Битола.Пред Орбис, во Битола се затвори и регионалната телевизија Мега, а во моментов работи само Тера ТВ.Телевизијата неколку месеци беше во стечај.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Пукање во Куманово, погодено едно лице, неколкумина повредени (ВИДЕО)

Вечерва се случила караница меѓу две семејства во Куманово, после која дошло и до пукање. Епилогот е едно лице рането, и истото со тешки повреди е донесено во Клиничкиот центар во Скопје каде што му се укажува лекарска помош.Лицето било погодено од огнено оружје, а повредени се уште неколку лица кои учествувале во оваа тепачка во која било употребено и оружје.Полицијата во моментов е на местото на настанот.Извор ТВ 21

Македонија | пред 7 години

trajko

Трајко Славески: „ Виша сила “ стои зад оставките на Кржалоски, Рангелова и останатите

Трајко Славески вечерва пред почетокот на заседанието на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ изјави дека скор осите кои одеднаш почнале да поднесуваат оставки редовно присуствувале на сите активности и состанови во ВМРО ДПМНЕ , не покажувале незадоволство и немале забелешки.„ Најверојатно станува збор за некоја „виша сила“ која стои зад овие нивни одлуки “ - рече Трајко Славески пред почетокот на седницата на Извршниот комитет.

Македонија | пред 7 години

2ae429b4c1cd591f2c458b76f0cd7263_L

Кривична пријава за пратеникот Љубен Арнаудов кој гласаше „за“ уставните измени

Пратеникот Љубен Арнаудов, кој гласаше „за“ пристапување кон уставни измени, заработи кривична пријава поради несовесно работење во службата додека бил в.д. директор на Општа болница Охрид, преенсуваат од МВР, објави Инфомакс.СВР Охрид поднесе кривична пријава против О.Л.(50) од Струга, шеф на отсек за комерција и јавни набавки во Општа болница Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против М.К.(59) од Охрид, помошник директор за економски работи и против Љ.А.(60) од Охрид, поранешен в.д. директор во Општа болница Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во годишниот план за јавна набавка за 2015 година во Општа болница Охрид за јавна набавка на канцелариски материјали биле одобрени 1,8 милиони денари, додека О.Л. изготвила одлука за два милиони денари. По спроведената јавна набавка биле потрошени, 2.186.346 денари, односно 386.346 денари повеќе од предвидената сума, а второ и трето пријавените дозволиле тие да бидат исплатени– стои во Билтенот на МВР.

Македонија | пред 7 години

mickoski-umd-696x465

Мицкоски објави фотографија со дел од УМС

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски попладнево на Фејсбук објави фотографија со дел од членовите на УМС.-Младите се најголемата сила, а УМС најважниот чувар на нашите идеали.Да живее ВМРО ДПМНЕ, да живее Македонија!, напиша Мицкоски под фотографијата.Ова следува откако утрово оставка си поднесе претседателот на УМС, Лука Кржалоски со образложение дека раководството ја носи партијата во изолција.

Македонија | пред 7 години

IGOR-NIKOLOV

ВИДЕО: Отворена можноста ВМРО-ДПМНЕ да изгуби повеќе пратеници, тврди член на Извршниот комитет

„На Централниот комитет се споделени докази во форма на СМС-пораки, во форма на сведоштва на членството. Немам информации за содржините на пораките, но тие се во правец да се поддржи процесот. Се согласувам со одлуката за исклучување на Мијалков и Тодоров од партијата. Одлуката била прифатена од членството со посебно задоволство и олеснување. Од тој ден па наваму добиваме пораки и потврди, олеснување од членови, но и од оние кои не се членови на ВМРО-ДПМНЕ кои ја поздравуваат одлуката. Истото се добива и од меѓународниот фактор. Со одлуката, ВМРО-ДПМНЕ не направило никакво чудо“, тврди Николов за МАКФАКС.[embed]

Македонија | пред 7 години

petre-i-natasa-bitola

Фала ти Петре за крш автобусите што ги даде на Битола, се шегуваше градоначалниката на прославата кај Шилегов

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов синоќа преку комични и сатирични оценки за неговата работа даде отчет за сработено во првата година од неговиот мандат, пишува СДК.МК.На вечерата „Скопска прес дружба“, на која присуствуваа новинари, градоначалници, директори на јавните претпријатија на Град Скопје, како и дел од министрите во Владата, за работата на Шилегов говореа новинарот Сашо Ордановски, Бранко Огњановски и градоначалничката на Битола Наташа Петровска. Тие се шегуваа за комарците, проблемот со кучиња скитници, загадениот воздух, ваучерите за пијани возачи, сообраќајниот метеж…„Бидејќи градоначалникот дели субвенции за сè и сешто, за печки на пелети, велосипеди, електрични тротинети, за чистење оџаци, јас предлагам да даде субвенции и на Градежен факултет за да воведат предмет како се поставуваат шахти на улиците. Нема ниту една улица на која шахтата е рамна со асфалтот, или се над или под улицата“, се пошегува Бранко Огњановски, пишува СДК.МК.Градоначалничката на Битола Наташа Петровска му се заблагодари на нејзиниот колега Шилегов за трите автобуси од јавниот превоз во Скопје, што ѝ ги подарил за превоз на учениците.„Фала ти Петре за трите крш автобуси што ми ги подари. Си ми ги оставил и отчитувачите и сега не знам како да наплатувам. А најстрашно од сè е што на нив пишува ‘скопска’, а во Битола тоа звучи лошо. Ама да не застане тука нашата соработка. Сакам да ми дадеш и една галија“, му порача Петровска на Шилегов.Градоначалникот Петре Шилегов и одговори на Петровска дека со тоа што ѝ ги дал трите стари автобуси ја намалил староста на возниот парк на ЈСП„Скопје“.Шилегов на крајот исто така на комичен начин даде отчет за она што го сработил во првата година од неговиот мандат. Тој кажа дека знае и слуша сè што говорат граѓаните за него и дека добро му е познат муабетот дека „градоначалникот ништо не работи“.„Јас слушам повеќе и од Мијалков. Имам 3.000 легални такси превозници и не знам колку диви таксисти. 3.000 жолти комбиња на улиците и слушам сè. Во изминатава година главните скандали во мојата работа беа комарците, кучињата скитници и буквите од пораката на Тито за земјотресот. Се зборуваше зошто не сме ги поставени оригиналните букви, а не знаете дека новиве ги изработивме од стопениот споменик на Ќосето“, шегувајќи се рече Шилегов.Тој кажа дека оваа година Скопје добил нов, поинаков концепт и дека граѓаните наутро се буделе без страв дали во Скопје ќе биде поставен нов споменик или ќе почне да се гради нова барокна фасада или зграда.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Ја уценувал бившата дека ќе објави видео со неа ако не му се врати

Тетовец од селото Камењане заработи кривична пријава затоа што ја уценувал бившата дека ќе објави компромитирачка содржина од неа на социјалните мрежи, доколку не ја продолжи врската со него. 46-годишниот Ф.А. ќе одговара за сторено кривично дело „уцена“.„Во текот на септември и октомври 2018 година пријавениот на жена од село Камењане, тетовско, со која претходно бил во љубовна врска, во повеќе наврати и се заканувал дека доколку не ја продолжи љубовната врска, на социјалните мрежи ќе објавел нејзини фотографии и видео записи со непристојна содржина“, соопштија од полицијата.

пред 7 години

bageri-majcin-dom

Зградата кај Мајчин дом ќе се гради

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница едногласно одлучи да не поведе постапка за поднесените претставки за оценка на уставноста и законитоста на ДУП И10 во Општина Аеродром.Постапката за донесување на ДУП, според Уставен, била спроведена согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање. Уставните судии укажа дека тие ја ценат постапката, а не содржината на планови или нивна усогласеност со други планови. Од апект на Судот, ДУП И10 е согласно закон и Устав.Претставката до Уставен за ДУП-от ја поднеле 12 физички и правни лица во 2017.ДУП И10 јво Општина Аеродром ја опфаќа локацијата кај Мајчин дом каде што треба да се гради деветкатна станбена зграда, на што реагираа локалните жители кои организираа и протести. По реакциите на јавноста, Општина Аеродром издаде 15-дневна времена забрана за изведување на градежните работи.Од Општината претходно соопштија дека ги имаат доставено сите потребни документи и оти понатаму ќе постапува согласно одлуката на судот.– Претходното општинско раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, го донeсе ДУП И10 тајно и без дебата и директно ја овозможи изградбата на зградата кај Мајчин дом. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои пред само една година го изгласаа спорниот ДУП, на 15-та седница на Советот на Општина Аеродром побараа негова ревизија и мораториум, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.Оттаму посочуваат дека Општината, како што на неколку наврати најави градоначалникот Златко Марин, веќе работи на интерна ревизија на ДУП И10. – Во рамките на овој процес Општината ги прегледа и достави до Уставниот суд сите потребни документи поврзани со овој случај. Општинската администрација до Советот ќе достави писмен извештај за сработеното, додаваат од Општината.Во однос на мораториумот за градење, Општина Аеродром останува на ставот дека тој воопшто нема да го реши проблемот, туку само дополнително ќе ја искомпликува целата состојба.-На сметка на ова Опшината може да трпи и финансиски штети, што значително ќе се одрази врз работењето и е спротивно на интересите на граѓаните. Мораториумот не му го одзема правото на сопственикот да гради, не го оспорува носењето на ДУП-от и не влијае врз маркицата за градба. На овој начин само се блокираат сите други неспорни градби и тековни работи во Општината, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.Од 10 овој месец, градежните работи се привремено стопирани во рок од 15 дена со одлука на градоначалникот Марин, поради неправилности констатирани од инспектор.-Градбата е стопирана, влегуваме во барање решение низ дискусија, ги преземам сите можни мерки и напори со сите засегнати страни да најдеме начин трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом, изјави Марин.Протести на жителитеЖители на населбата Аеродром одржаа неколку протести и го блокираа сообраќајот на булеварот Јане Сандански во знак на револт, главно насочен кон градоначалникот Марин, поради неговите ветувања дека тоа нема да се дозволи.

Скопје | пред 7 години

041

Средба на министерот Оливер Спасовски со Амбасадорката на Украина во Република Македонија Наталија Задорожњук

Денеска  во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со Амбасадорката на Украина во Република Македонија Наталија Задорожњук .„На средбата беа потврдени пријателските односи, довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, како и соработка во голем број области од заемен интерес. Соговорниците разговараа за продлабочување на досегашната меѓусебна соработка, особено во областите на миграцијата, организираниот криминал и корупцијата, тероризмот, како и борбата против екстремизмот и насилниот радикализам“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 7 години

kosta-10.20

Костадин Костадинов е нов портпарол на СДСМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека пратеникот Костадин Костадинов е нов портпарол на нивната партија.Костадинов од 2013 до 2016 година бил советник во Советот на Општина Струмица. Во периодот од 2010 до 2018 година бил претседател на подмладокот на СДСМ во Струмица.Во февруари 2017 година Костадинов ја презеде функцијата вршител на должност градоначалник на општина Струмица, којашто ја извршува до ноември 2017 година.Од 2017 година Костадинов е пратеник во Собранието од СДСМ и коалицијата.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Премиера на театарската претстава „Осамениот запад“ од Мартин МекДона

Премиерата на театарската претстава „Осамениот запад“ од Мартин МекДона ќе се реализира на 2 ноември 2018 во Кино Култура со почеток во 20 часот, а репризното издание на претставата ќе биде во сабота, 3 ноември, со почеток во 20 часот.Театарската претстава е во режија на Јане Спасиќ, а во неа играат Оливер Митковски, Ненад Митевски, Драган Довлев и Матеа ЈанковскаПреку црн ирски хумор „Осамениот запад“ раскажува приказна за двајца браќа кои под влијание на околностите имаат особен начин на гледање на реалноста и специфичен однос. Линејн е мало место кое морално ги корумпира своите жители, дури и Отецот/ Пасторот е немоќен да ги врати работите на „прав пат“. Единствената шанса е можеби во младата Грлин, но тоа останува да видиме.Мартин МекДона, еден од најдобрите автори на Британската современа драма, на пошироката јавност познат и по своите филмови “In Bruges”, “Seven Psychopaths” и “Three billboards outside Ebbing, Missouri“ за кој ја доби наградата за оригинално сценарио на Златен Глобус, а за истото беше номиниран за Оскар во 2018. Kариерата ја започнува како драмски автор и прави бум во Лондон со двете трилогии за земјата од која потекнува - Ирска. Четири негови драми меѓу кои и „Осамениот запад“ се номинирани за најпрестижната театарска награда „ТОНИ“. Тој е првиот драмски автор, по Шекспир, кому во Лондон истовремено му се изведуваат 5 драмски дела. „Осамениот запад“ е своевиден крај на неговата прва трилогија сместена во малото ирско гратче Линејн.Оваа претстава е дел од проектот „Направете место за младите театарџии“ со кој Театарот на Навигатор Цветко и Кино Култура имаат цел да поттикнуваат нова театарска продукција и да афирмираат млади автори.

Магазин | пред 7 години

UaYct-

Запленети 46 килограми марихуана

Вчера ( 30 октомври ) во периодот од 12 до 22 часот и 30 минути, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес, најпрво во дом и помошни простории на 54-годишниот тетовец Н.И, лоцирани на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, а потоа и во објект ( мала куќарка ) на улица „29 Ноември“, исто така, негова сопственост.При првиот претрес, реализиран со судска наредба, на кој присуствувал и јавен обвинител, во една од собите е пронајдено над еден килолграм марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и повеќе други предмети, кои се фото и видеодокументирани, и подигнати за вештачење.Во вториот претрес, во малата куќарка, пронајдени се околу 45 килограми марихуана, набавена, според Н.И, од лице од Република Албанија.Педесет и четиригодишниот тетовец Н.И, е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. Во текот на денов ( 31 октомври ) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Комбе и автобус се судрија во Македонска Каменица

Вчера напладне на регионалниот пат Македонска Каменица – село Саса, кај место викано Свлечиште се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус и комбе од Македонска Каменица.Во незгодата возачот на комбето се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип каде што му била укажана лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР – Штип.

Македонија | пред 7 години

soobr1

Возило удри пешак во Демир Капија

Триесет и деветгодишен пешак со иницијали П.Е. од Демир Капија со тешки телесни повреди бил пренесен на комплексот „Мајка Тереза“ во Скопје по удар од возило.Со возилото управувал 32-годишниот К.Л., а сообраќајката се случила вчера на улицата Партизанска во Демир Капија, јави полицијата.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Македонија | пред 7 години

UaYct-

6,5 килограми марихуана пронајдени во куќа во Гостивар

При претрес во дом во Гостивар пронајдени биле 13 најлонски пакувања со марихуана со вкупна тежина од околу 6,5 килограми и повеќе мобилни телефони, кои биле одземени и дадени на вештачење.Претресот бил извршен во куќата и помошните простории на 48-годишно лице од село Стојаково, со иницијали  М.К., соопшти полицијата.По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 7 години

44954278_1480792018717983_2307963765280210944_n

Од утре жичницата на Водно со зимско работно време

Од ЈСП Скопје информираат дека од утре (01.10.2018). па се до 01 март 2019 година жичницата ќе има зимско работно време.„Жичницата ќе работи од 10 до 17 часот, последното возење нагоре ќе биде во 16-16.30 часот, а последно возење од надоле ќе биде 16.45 часот. И понатаму, неработни денови на жичницата ќе бидат понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен сервис на објектот“, велат оттаму.Исто така воведени се и измени во возниот ред на линијата 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно.„Се укинуваат досегашните поаѓања од Транспортен центар во 16.20 ч и 17.20 ч, односно поаѓањата во 16.40 ч, 17.40 ч и 18.40 ч од Средно Водно. И понатаму, линијата 25 во понеделник не е во функција.Сакаме да ги потсетиме корисниците на јавниот превоз дека возењето на линија 25, (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) е бесплатно за сите категории патници за време на викенди и државни празници“, велат од ЈСП. 

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Пред некој ден ми се јавија од пошта да дојдам бидејќи некој ми испратил пари, а јас мислев дека е некоја грешка

Пред некој ден ми се јавија од пошта да дојдам бидејќи некој ми испратил пари, мислев дека е некоја грешка…Пред неколку дена ме повикаа од пошта бидејќи некој ми испратил пари. Мислев дека е некоја грешка, бидејќи немам никој кој би ми испратил пари, а сум и во тешка финансиска ситуација, па искрено помислив дека некој се шегува со мене.Кога отидов, ми рекоа дека имам писмо и 3.000 долари, а јас не можев да поверувам. Го земав писмото и почнав да го читам.Еден пријател од основно училиште кој сега живее во Америка, порано беше сиромашен како што сум јас сега.Секогаш му давав колку што можев, делев сендвичи на половина, пиевме сокови од исто шише, ми беше како брат.Пред 10 години се отсели во Америка, на печалба, па изгледа успеал во тоа.На крајот од писмото пишуваше: „Брате, кога и да ти биде потребно нешто, само јави ми, знам како ти е сега и знам каков човек си кога имаш. Фала му на Бог, јас сега имам доволно и сметај го тоа како и ти да имаш. Твојот брат…“Ни сега не можам да верувам дека после толку години се сети на мене и дека памти сè.Изгледа дека и во овие тешки времиња се исплати да си човек. Кој би рекол…

Магазин | пред 7 години

luka-govor-ums

Кржалоски си поднесе оставка од функцијата во ВМРО-ДПМНЕ

Претседател на Унијата на млади сили Лука Кржаловски денеска на фејсбук објави дека си дава неотповиклива оставка од партиската функција.„Почитувани членови, активисти и симпатизери на Унијата на Млади Сили, како и на другите структури на ВМРО-ДПМНЕ, почитувани пријатели и поширока јавност, ви се обраќам со цел да ве известам за мојата одлука за поднесување на неотповиклива оставка од функцијата Претседател на Унијата на Млади Сили. Во продолжението на овој текст ќе ги наведам и објаснам причините за овој мој потег, за кој што долго и сериозно размислував.Пред се, сакам да кажам дека во ова матно и непредвидливо време за нашата партија и држава, тешко е човек да знае кој е вистинскиот пат. Токму за вакви ситуации постојат вредностите на кои што се базира нашата партија, а со кои што сум израснат преку моето долгогодишно дејствување во Унијата на Млади Сили. Тие вредности беа моја клучна водилка да се одлучам на овој сериозен чекор. За жал, стигнав до заклучок, кој што сум убеден дека го споделува и пошироката јавност, а особено младиот сегмент од популацијата, дека во последниот период партијата е преокупирана со дневна политика, популизам и задоволување на интересите на една мала група луѓе.Покрај тоа што моменталното раководство имаше скоро цела една година да излезе со една сеопфатна стратегија за одговарање на горливите прашања, тоа не само што не се случи, туку и ништо не навестува дека ќе дојде до промена на курсот. Додатно, гледаме дека има континуирано влошување на односите со клучните меѓународни фактори, кои што сакале ние да признаеме или не, имаат огромно влијание врз политичкиот живот во нашата држава и во поширокиот балкански регион. Ова е очигледно од се појасното дистанцирање на нашата партија од најмоќното политичко семејство на континентот - Европската Народна Партија - каде што лежат нашите вредности и интереси, уште од самото основање на ВМРО-ДПМНЕ. Друг пример е фактот дека клучни носители на одлуки од американската администрација целосно одбиваат да дискутираат со моменталното раководство т.е. воопшто не ја сметаат нашата партија за релевантен фактор.За крај, сакам да подвлечам дека на функцијата од која сега давам оставка се нафатив со силно убедување дека како и во минатото и сега нашата партија има капацитет да еволуира и да биде предводник во отворањето на едно ново поглавје во модерната македонска историја. Никогаш не сум сакал да бидам дел од дворски игри, кои што го одвлекуваат нашето цело внимание од вистинските проблеми. Најодбивно од се ми е грубото поигрување со националните чувства на македонецот, а се со цел бегањето од одговорноста и од носењето на сериозни одлуки во клучни моменти. ВМРО-ДПМНЕ како столб на македонската државност има посебна одговорност, не само спрема своето членство, туку и према нацијата.Без ВМРО, нема Македонија!Борбата продолжува!“, напиша Кржалоски.Вчера од партиската фунција и претседател на Унија на жени на партијата, оставка си поднесе и Даниела Рангелова, а веднаш по неа и Затуровска и Кузмановска. 

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања