Скопје1.мк

Нема фотографија

Вулканот Кракатао создаде величествена глетка на молња за време на ерупцијата во Индонезија

Вистински спектакл на мајката природа успеала да забележи една камера. Станува збор за ерупција на вулканот Кракатао, кој е позициониран во Индонезија помеѓу островите Јава и Суматра.Кракатау припаѓа во групата на активни вулкани во така наречениот "Огнен појас на Пацификот", а зголемената активност се покажува од јуни оваа година.Кракатао, инаку, некогаш беше назив за остров со вулканско потекло кој го разнесе силна ерупција на вулканот во 1883 година. Тоа е една од најпознатите експлозии на сите времиња. Денес на тоа место е островот Ракату.Научниците велат дека таа година вулканот ги изложил своите најголеми капацитети и дека шансите се многу мали за повторно да дојде до слична експлозија. 

Свет | пред 7 години

stoltenberg-1

Столтенберг: Вежбите на НАТО не се насочени против некоја земја

Во интервју за Евроњуз генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека воените вежби на НАТО кои се одржуваат во Норвешка, на западната граница со Русија, не се насочени против ниедна земја.-Немаме ништо да скриеме, транспарентни сме, вежбите не се насочени против ниту една специфична земја, сакаме да се осигураме дека НАТО може да продолжи да превенира конфликти – изјави Столтенберг, одговарајќи на сомнежите дека со овие најголеми воени вежби по крајот на Студената војна, Алијансата и покажува сила на Русија.-Мораме да бидеме способни да делуваме од југ до север и од исток до запад, не сакаме нова Студена Војна, сакаме да нема сомнеж дека НАТО е способен да ги заштити своите сојузници – изјави шефот на Алијансата.

Свет | пред 7 години

helikopter

Се урна хеликоптер на авганистанската војска, 25 мртви

Дваесет и пет лица загинаа откако денеска се урна хеликоптер на авганистанската војска, соопшти Насер Махри, портпарол на гувернерот на покраината Фарах.Тој појасни дека два воени хеликоптери биле на пат кон соседната покраина Херат, кога едниот од нив изгубил контрола, додавајќи дека временските услови биле лоши.Од друга страна, портпаролот на талибанците рече дека милитантите го урнале хеликоптерот.Махри изјави дека хеликоптерот се урнал во 09.30 часот по локално време, а во него, меѓу другите биле и заменикот-командант на западната зона на Авганистан и претседателот на Советот на покраината Фарах.

Свет | пред 7 години

katastrofa

Советник на Ердоган: Грција ќе доживее катастрофа ако почне војна со нас

Доколку Грција завојува со Турција, ќе доживее катастрофа за три до четири часа, изјави Јигит Булут, советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.„Тоа би било како мушичка да се тепа со џин“, рече Булут за една локална телевизија, пренесе „Раша тудеј“.Руската агенција коментира дека Булут важи за контроверзна личност во турската политика. Именуван е за советник на Ердоган во 2013 година, а потоа станува и главен економски советник.Булут во 2015 година изјави дека е подготвен да умре за Ердоган, потсетува „Раша тудеј“.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Грчката амбасадорка повикана во албанското МНР

Грчката амбасадорка во Тирана, Елени Сурани е повикана во албанското Министерство за Европа и за надворешни работи, во врска со инцидентот во селото Бралат, кај Ѓирокастро.Според Министерството, на амбасадорката и била соопштена јасната позиција на албанските власти за тоа кој треба да го истражува овој настан.– На амбасадорката Сурани и беше кажано дека за тешкиот настан истрага врши албанското обвинителство. Оваа институција е единствен авторитет кој, врз основа на Уставот  и албанскиот кривичен законик, врши независна истрага за секој вид дело што се случува на територијата на Република Албанија, се наведува во соопштенето од албанското министерство.Министерството побарало „воздржаност и непридавање политички или дипломатски бои на ова прашање. Во исто време гарантирало дека Албанија е безбедна и мирна земја за сите свои граѓани, вклучувајќи ги тука и оние од грчка етничка прпадност“.Претходно, дописникот на тиранската телевизија Ора њуз од Атина јави дека сестрата на убиениот Константинос Кацифас(35)  поднела пријава во Обвинителството по што е предадена до Обвинителството во Атина за натамошна постапка. Семејството бара истрага за убиството да води грчкото обвинителство.Кацифас, албански Грк со грчко државјанство, беше застрелан во престрелката со полицијата кај Бралат од страна на припадниците на специјалната единица „Ренеа“.

Свет | пред 7 години

gaber

Габер: Првата средба на заедничкиoт македонско – грчки комитет до крајот на неделава

Во почетокот на ноември се предвидува да се одржи првата средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти што го формираа Македонија и Грција, како обврска од Договорот од Преспа.Амбасадорот Виктор Габер, кој го предводи македонскиот тим, за МИА изјави дека таа треба да се случи на крајот од оваа недела во Солун, може да трае еден или два дена и на неа треба да се утврди динамиката на средбите, како и да стане збор за рамката на разговорите. Пред оваа, како што рече, прeтстои воведна средба со неговиот грчки пандан, заменик министерот за надворешни работи Маркос Боларис.Предвидено е овој комитет да ги проучи учебниците, а ќе дефинира и временски рамки, за да се осигура дека во секоја од страните од идната година, односно една година од потпишувањето на Договорот, не се користи ниту еден учебник или помошен материјал кој содржи каков било иредентизам.Согласно член 8 став 5 од Преспанскиот договор, работата на Комитетот ќе ја надгледуваат министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција. Комитетот ќе се состанува најмалку два пати годишно, а извештај за својата работа треба да поднесува пред Советот за соработка на високо ниво, ново тело чие формирање е исто така обврска со Договорот, а со кое ќе раководат премиерите на двете земји.Одредбата прецизно дефинира дека Комитетот ќе разгледува и доколку утврди дека е соодветно, ќе изврши ревизија на кои било учебници и помошни наставни материјали како што се карти, историски атласи, наставни упатства кои се користат во секоја од страните, во согласност со начелата и целите на УНЕСКО и Советот на Европа. Комитетот, исто така, ќе ги проучува и новите изданија на учебниците и помошните наставни материјали, како што е предвидено во овој член. Ова тело, формирано на паритетна основа, има по седум члена од македонска и од грчка страна, согласно членот осум, став пет од Договорот за името, ќе треба да го разгледува објективното научно толкување на историските настани засновано на докази и научно-издржани историски извори.

Македонија | пред 7 години

ustaven

Уставниот суд ќе расправа за ДУП И10 во Аеродром

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница треба да расправа за претставките поднесени против ДУП И10 во Општина Аеродром.Од Општината велат дека ги имаат доставено сите потребни документи и  оти понатаму ќе постапува согласно одлуката на судот.– Претходното општинско раководство, предводено од ВМРО-ДПМНЕ, го донeсе ДУП И10 тајно и без дебата и директно ја овозможи изградбата на зградата кај Мајчин дом. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои пред само една година го изгласаа спорниот ДУП, на денешната 15-та седница на Советот на Општина Аеродром побараа негова ревизија и мораториум, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.Оттаму посочуваат дека Општината, како што на неколку наврати најави градоначалникот Златко Марин, веќе работи на интерна ревизија на ДУП И10. – Во рамките на овој процес Општината ги прегледа и достави до Уставниот суд сите потребни документи поврзани со овој случај. Општинската администрација до Советот ќе достави писмен извештај за сработеното, додаваат од Општината.Во однос на мораториумот за градење, Општина Аеродром останува на ставот дека тој воопшто нема да го реши проблемот, туку само дополнително ќе ја искомпликува целата состојба.-На сметка на ова Опшината може да трпи и финансиски штети, што значително ќе се одрази врз работењето и е спротивно на интересите на граѓаните. Мораториумот не му го одзема правото на сопственикот да гради, не го оспорува носењето на ДУП-от и не влијае врз маркицата за градба. На овој начин само се блокираат сите други неспорни градби и тековни работи во Општината, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.  

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Без струја делови на Студеничани, Кисела Вода, Карпош

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека се планирани технички зафати во дистрибутивната електромрежа и без електрична енергија ќе останат делови од Студеничани, Кисела Вода, Карпош, Центар, Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба.Во периодот од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците 4, 6 и 7 во с.Батинци (општина Студеничани); а во периодот од 9:00 до 11:00 часот корисниците од ул. Христо Татарчев подулица бр.11 (општина Кисела Вода).Од 9:00 до 14:00 часот струја ќе немаат корисниците на дело од ул.Мраморец (општина Карпош), во периодот од 9:30 до 11:30 часот корисниците од ул.Донбас, дел од ул.Ѓорѓи Пулевски, дел од улица Орце Николов (поточно кај ресторан ДМ), дел од ул.Алберт Ајнштајн, ул.Андон Дуков (општина Центар), во периодот од 8:30 до 11:00 часот корисниците на дел од ул.Капиштец, дел од ул.Питу Гули, ул.Димитар Пандилов (општина Центар), од 10:00 до 13:00 часот корисниците од ул.Скупи подулица бр.1 а , 3 а, 5 а, 7 а и фирмите кај Рибокомерц, бул. Јадранска магистрала (кај касарната Илинден (општина Карпош).Од 9:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците на дел од ул.Блаже Биринчето (општина Карпош) во периодот од 9:30 до 14:30 часот корисниците на дел од ул.Блаже Биринчето (општина Карпош), од 8:30 до 11:30 часот корисниците на дел од ул.Франц Месеснел (општина Ѓорче Петров), во периодот од 9:15 до 12:30 часот корисниците на дел од ул.Ѓорче Петров (општина Ѓорче Петров), од 12:30 до 14:30 часот корисниците од ул.с.Ласкарци подулица бр.3. (општина Сарај) и во периодот од 9:30 до 13:30 часот корисниците од ул.1 во с.Црешево (општина Гази Баба).

Скопје | пред 7 години

idioti-5

Владата не ги прифаќа предлозите за уставни амандмани на Беса

Кога премиерот ќе ги исполни барањата на Албанците, кои датираат уште од 1991 година. Премиерот треба да каже кога мисли дека треба да се отвори Пандорината кутија, реагира во изјава за ТВ 21 пратеникот на Беса Фадиљ Зендели на изјавата на Зоран Заев дека сега не е време да се предлагаат други уставни амандмани, освен оние поврзани со Договорот од Преспа за промена на името.„Доколку мисли дека не треба да се отвори, по 27 години оправдани барања од страна на Албанците, по Охридскиот договор од 2001, тогаш премиерот треба да каже кога мисли дека треба да се отворат барањата на Албанците, можеби во 2035 или 2050“, вели Зендели.Движењето Беса предлага 4 уставни амандмани кои се однесуваат на тоа албанскиот јазик да се изедначи со македонскиот јазик односно да биде службен на цела територија, државата да се грижи подеднакво за граѓаните од сите етнички заедници кои живеат надвор од нејзините граници, претседателот на државата да не може да го блокира донесувањето на законите со непотпишување и Охридскиот рамковен договор да биде дел од преамбулата на Уставот.Од Беса велат дека досега не добиле ниту една покана за разговор од премиерот за нивните амандмани.Али Ахмети, лидерот на ДУИ неодамна изјави дека предлозите за менување на Уставот на Беса и на Алијансата за Албанците се неприфатливи. „Постапките на Села и Касами не се патриотски. Тие се млади во политиката и не знаат добро како досега се развивале политичките процеси“, изјави Ахмети.За пратеникот на ДУИ Артан Груби Беса е мала партија, која не ги познава собраниските процедури.„Овие пратеници од малите партии, кои што излегоа со овие предлози, гласаа на првото гласање во врска со тоа што ќе се менува во Уставот. Тие и кога гласале не знаеле за што гласаат. Затоа, ова зборува за нивното политичко незнаење во собраниските процедури и уставни измени на РМ“, изјави Груби.

Македонија | пред 7 години

zakani

Смртни закани кон екс потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Јанчев

Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев, кој неодамна беше разрешен од раководството на партијата синоќа не пристигнал во емисијата „Отворено“ поради смртните закани што ги добиле членовите на неговото семејство. Јанчев телефонски се вклучи во емисијата и појасни дека закани добиваат тој и членови на неговото семејство од пред референдумот, а вечерва закана по телефон добила неговата сопруга. „Сите закани ги имам пријавено во полиција. Пред референдумот имав закана дека ако излезам да гласам наскоро ќе се сретнам со мојот татко, кој е покоен“, рече тој. Заканите преку социјалните мрежи смета дека се од ботови, но за оние преку СМС пораки кажа дека ги пријавил телефонските броеви и се надева дека ќе бидат откриени.

Македонија | пред 7 години

igor-durlovski-2

Продолжува судењето за крвавиот четврток

Во Кривичниот суд денеска ќе продолжи судењето за насилствата во Собранието од 27 април минатата година.Неделава ова е трето рочиште за случајот, кој се наоѓа во доказна постапка, а денес треба да продолжи прегледувањето на видео снимки од безбедносните камери во законодавниот дом.Ннови рочишта се закажани и за утре и задутре.Судијката Добрила Кацарска вчера го одложи рочиштето за крвавиот четврток поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски.По паузата, таа истакна дека медицински лица го прегледале обвинетиот по што бил известен судот дека е потребно тој да биде пренесен во болница, каде што треба да му биде направена рендген-снимка.

Македонија | пред 7 години

gjorge-ivanov-1

Емагазин: Ќе биде ли Ѓорѓе Иванов првиот претседател „избркан“ од работа?

По вчерашната иноформација дека Основното јавно обвинителство Скопје почна предистражна постапка во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов се наметнува прашањето дали ќе следува постапка за импичмент односно барање на одговорност од претседателот пред Собранието односно Уставниот суд, пишува Емагазин.Како што соопшти ОЈО Скопје, предистажната постапка е покраната постапувајќи по две анонимни пријави и дека веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот, наведуваат од ОЈО.Премиерот Зоран Заев уште во јуни, годинава изјави дека е можно собраниското мнозинство да побара импичмент за претседателот Ѓорге Иванов ако не го потпише договорот со Грција.За успешна постапка за импичмент според Уставот на Република Македонија неопходни се двотретински мнозинства и во Собранието и во Уставниот суд, пишува Емагазин.Имено, во член 83 од Уставот на Република Македонија пишува дека за одземање на имунитетот на претседателот на државата „одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии“.Во член 87 од Уставот, пак, пишува дека претседателот на Републиката е одговорен за кршење на Уставот и законите во вршењето на своите права и должности.Ако собраниското мнозинство докаже дека Иванов не ги врши должностите во случаите со непотпишувањата на указите за Законот за употреба на јазиците и договорот за промена на името со Грција, тогаш постои можност од Собранието, каде власта веќе обезбеди двотретинско мнозинство пратеници, постапката да се пресели во Уставниот суд, кој не треба да се заборави дека дозволи одржување референдум, пишува Емагазин.Крајниот збор за утврдување евентуална одговорност на претседателот Иванов има Уставниот суд кој по ова прашање треба да одлучи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Рекордна вработеност во Германија

Златен октомври на германскиот пазар на работа - бројот на невработени е паднат на 2,2 милиони, што значи првпат пад под 5 проценти невработеност. Освен тоа, има стотици илјади непополнети работни места.Благодарение на есенскиот полет, бројот на невработени во Германија во октомври паднал на 2,204 милиони. Тоа е најниска стапка на невработеност по обединувањето на Германија. Стапката на невработени првпат од почетокот на пресметувањето од страна на Сојузната агенција за работа е под пет проценти и изнесува - 4,9%.Во споредба со претходниот месец, бројот на невработени во октомври е понизок за 53.000. Во споредба со истиот период лани, тој број е помал за 185.000, соопшти денеска Сојузната агенција за работа. Дури и кога од статистиките ќе се извади бројот на сезонски вработувања, бројот на невработени е најнизок досега.Покрај тоа, од Сојузната агенција за работа се нагласува дека ширум земјата сѐ уште се непополнети 824.000 работни места, односно 44.000 повеќе отколку пред една година.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Зошто толку многу Срби ја напуштаат земјата?

Една петтина од граѓаните на Србија сака да се отсели од земјата, покажува последното истражување. Подобриот животен стандард е основен мотив, но луѓето заминуваат и поради партократијата и немањето перспектива.Истражувањето на организацијата Србија 21 покажува дека граѓаните во Србија сакаат да ја напуштат земјата, а меѓу нив најмногу има млади луѓе: во рамки на оваа бројка дури 34 насто од младите меѓу 18 и 29 години размислуваат да заминат, што е колку 450.000 граѓани. Речиси половината од оние кои сакаат да заминат размислуваат за трајно заминување, а тоа е веројатно и еден вид оценка за државата во која моментално живеат. Граѓаните на Србија се разочарани поради многу работи, и едноставно би било неправедно да се каже оти парите и подобриот животен стандард се пресудни мотиви за напуштање на Србија. Иако материјалната состојба најчесто се наведува како главна причина и во ова истражување, веднаш зад неа се наоѓа уреденоста на државата како и големата недоверба во институциите.Луѓето заминуваат- никому не му е гајлеПодатоците до кои дојде ова истражување не се некое големо изненадување, бидејќи темата да се напушти земјата секако не е новитет во Србија. Меѓутоа, и покрај фактот дека оваа тема е присутна во јавноста уште од големите гастарбајтерски бранови во 60-тите години од минатиот век, некои конкретни одговори за емигрантски предизвици нема. Дали овие податоци сепак некого би требало да го загрижат? Универзитетскиот професор во пензија Србијанка Турајлиќ не забележува оти некој е особено загрижен поради овие проценти кои се страшно големи.„Постои еден синдром, кој не е нов, а тоа е познатата реченица 'оди си оттука ако тука не ти е добро'. Никој кој е на власт не сака да се запраша што правам јас што ги тера луѓето да заминат. Значи, се' што работам е добро, а ако тебе тоа не ти се допаѓа- оди си. Како оваа земја да им припаѓа на властите, а ако граѓаните не се задоволни како се живее во земјата тоа е проблем на граѓаните, а не на оние кои всушност одредуваат како се живее во Србија“, вели Србијанка Турајлиќ.Нешто повеќе од париМожеби властите и би се позанимавале со оваквите проблеми кога тие би можеле да се решат брзо и да покажат некакви резултати. Србија веќе долго е емигрантска земја, а тука ништо не може да се промени преку ноќ. На тој момент обрнува внимание и Бојан Ѓуриќ, од организацијата Србија 21.„Овој проблем не може брзо да се реши, и затоа сметам дека не постои ни некоја голема мотивација, кај различни нивоа на власта, нешто да работат на тоа или да планираат на подолг рок“, вели Ѓуриќ. „Кога луѓето велат оти немаат перспектива, за нив решение нема да биде зголемување на платата од 15 или 20 насто во наредните 10 или 15 години- што можат да бидат економски резултати за Србија во најдобро сценарио. Луѓето мораат на некој начин да се уверат дека овде постои некоја надеж оти ќе се живее подобро.“ Ѓуриќ додава дека истражувањето покажува и оти не се проблем само парите.„За оние кои сакаат да заминат важно е дека ќе имаат повисока плата. Но, за оние кои веќе заминале и живеат во странство некое време, тие ја менуваат перцепцијата и ги истакнуваат уреденоста на општествата, функционирањето на институциите и одделни сегменти во општеството, како и предвидливост во многу сфери од животот. Затоа има малку од оние кои живеат во странство а се подготвени да се вратат. Веќе за нив не е мотивација во Србија да имаат иста или слична месечна плата“, истакнува Ѓуриќ.Поинаков систем на вредностиСлично мислење има и Србијанка Турајлиќ. Како долгогодишна универзитетска професорка таа можела непосредно да чуе која е мотивацијата на студентите да ја напуштат Србија. како што вели, парите често не се најважниот мотив.„Во професијата со која се занимавам- инженерството и ИТ секторот посебно- од гледиште на стандардот, тој во Србија е дури можеби повисок отколку некаде на друго место, имајќи ги предвид, се разбира, постоечките плати и трошоци за живот. Во овие струки работа има и платите не се мали. Од оние ИТ инженери кои ги познавам а кои заминале, го сториле тоа кога децата им биле на возраст за во училиште. Имено сакаа децата да им растат и живеат во некоја попристојна земја во која постои нормален систем на вредности, и во која не се решава со корупција и преку врски“, вели Србијанка Турајлиќ.Подобро нема да бидеАко почнеме да набројуваме што се' лошо функционира во Србија- а би можело да се наведе како потенцијален мотив за заминување од земјата- списокот навистина би бил долг. Лош јавен превоз, шалтерска бирократија, корумпирано здравство, судство и полиција, растурени институции, спори возови, лоши патишта, партиски вработувања, медиумско и полициско насилство- и сето тоа за плата од 200-300 евра- станува јасно колку е потребно да се има специјален систем за самоодржување и дополнително количество медитација за да се функционира во такво опкружување.Бојан Ѓуриќ напоменува оти луѓето биле оптимистични дека некои работи во тој смисол ќе се променат само во првите години по 5 октомври 2000 година. Но, таа надеж брзо исчезнала, продолжува Ѓуриќ, и тоа всушност им ја згаснало надежта дека некои работи ќе се променат.„Мислам дека луѓето, кога размислуваат да заминат, пред се' се раководат од искуствата на некои други луѓе, или набљудувајќи некоја општа ситуација во општеството. Свеста за тоа дека некои работи бавно, или воопшто не се менуваат, изгледа оти е многу попресудна за нечии одлуки отколку можеби некоја конкретна случка, во смисол дека луѓето се непосредно загрозени поради тоа што некој друг може полесно да најде работа од нив, или тоа што образованието секогаш не се исплатува“, вели Ѓуриќ.Програма за млади- менувајте го општото опкружувањеПартократија во Србија отсекогаш имало, но власта на Напредната партија системот на ботовско напредување го воспостави како еден од клучните принципи во кариерите на младите луѓе. Затоа професорката Турајлиќ смета дека власта сите овие поразителни бројки и проценти за заминувањето на мласите едноставно ќе ги игнорира и премолчи.„А ќе ги премолчи затоа што едноставно нема одговор со кој не би прифатила сопствена вина. Прифаќањето на вината е прв чекор кон тоа да се каже: во ред, да видиме што може да промениме. Но, тие всушност не би требало да сторат ништо за младите, туку би требало да сторат нешто за државата. Зашто нема тука поединечно поттикнување или магични програми за млади. Со оглед дека младите бегаат поради општото опктужување, додека не се стори нешто да се поправи тоа, на младите нема што да им се понуди за да останат во Србија“, смета Србијанка Турајлиќ.

Свет | пред 7 години

C8D466DE-25A8-4F0D-8CF6-4DAF079AD831

Шекеринска: Ако веднаш ги кажевме амандманите тешко ќе добиевме двотретинско мнозинство за Северна

Се што сега би кажала за тоа што ќе содржат амандманите би било шпекулација заради тоа што се уште сме во процес на изработка на уставните амандмани. Затоа велам дека има различни размислувања, различни предлози, меѓутоа ако излезевме веднаш со предлог ќе беше многу тешко да се обезбеди двотретинско мнозинство.Ова е одговорот на вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шеќеринска на новинарско прашање за изјавата на вицепремиерот Бујар Османи за вметнување на Рамковниот договор во преамбулата на Уставот.– Амандманите ги работиме не само заедно со различните пратенички групи, туку и заедно со неколкумина експерти кои ја познаваат уставната материја. Се во меѓувреме ќе биде само шпекулација. Премиерот ги водеше овие разговори со пратеничките групи. Ние ќе имаме дебата внатре во Владата на РМ, нашиот фокус за уставните измени се однесува на прашањата што произлегуваат од Договорот во Преспа. Има дискусии кои се присутни овие денови, но што и да ви кажам денеска ќе биде шпекулација, изјави министерката Шеќеринска која денеска присуствуваше на промоцијата новите 125 професионални војници во АРМ во скопската касарна „Илинден“.Потсети дека премиерот Зоран Заев вчера разговараше со новата пратеничка група, за, како што потенцира, да најдеме заеднички јазик што ќе овозможи и во второ и во трето гласање да се обезбеди двотретинско мнозинство.– Очекуваме до крајот на неделата дебатата во Влада да заврши и до Собранието да ги испратиме предлозите за уставните измените, рече вицепремиерката и министер за одбрана Шеќеринска.Таа се осврна и на тоа дека уште во текот на кампањата за референдумот, кога сите мислеа дека амнадманите се напишани, како што рече, се шпекулираше кој ги пишува и во чија фиока се скриени. Покажавме, истакна Шеќеринска, дека тоа биле една од многуте лаги.На прашањето за тоа дека дека грчки медиуми веќе имаат објавено оти има неформален договор меѓу Скопје и Атина Договорот од Преспа да се ратификува во март, Шеќеринска информира дека морале да функционираат со различни календари.– Една опција беше доколку беше успешно гласањето во Собранието на РМ и тогаш процесот во Македонија можеше да заврши побрзо. Но, моравме да имаме и план како тоа ќе се одрази на датумите доколку одиме прво на предвремени избори, па дури потоа влеземе во процедура на уставни промени. Во тој случај март ќе беше месецот кога ние ќе можевме да го исполниме нашиот дел од обврските. Меѓутоа, сега немаме дилеми дека овој процес може побрзо да се заврши и со тоа да дадеме шанса и од грчка страна процесот на двете ратификации на договорот, но и нашиот договор за членство во НАТО да бидат дури и порано од март. Но, се ќе зависи од тоа како тече процесот прво во Македонија, па дури потоа во Грција.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Времето денеска над просекот за овој период

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 12 до 25 Целзиусови степени.Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Дневната температура ќе достигне до 25 степени.Следува период на умерено облачно и топло време со температури кои и понатаму ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски се изненадил од Рангелова, таа вели тој ја условил

ВМРО-ДПМНЕ ќе распише оглас за избор на ново раководство на Унијата на жени, по оставката на претседателката Даниела Рангелова. Оставки поднесоа и потпретседателката и генералната секретарка на Унијата, Лилјана Кузмановска и Лилјана Затуроска. Од партијата, пак, велат дека кога оставка поднесува претседателката, тогаш автоматски во оставка е и најтесното раководство на Унијата на жени.Според партискиот статут, до избор на нова претседателка на Унијата на жени, со неа раководи претседателот што е во оставка. Но, извори од партијата за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека Рангелова не сака да има веќе никаква врска со раководството на партијата, па лидерот Христијан Мицкоски ќе мора веднаш да постави вршител на должноста до избор на нова претседателка.Според истите извори, оставката на Рангелова го изненадила Мицкоски, па тој сега во најкраток рок мора да распише конкурс за избор на нова претседателка. Засега нема имиња кој ќе ја наследи Рангелова.Претходно, досегашниот координатор на сите 10 пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Драган Данев се повлече на свое барање и нема да биде координатор на евентуално формираната една пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Неофицијално, Данев го има изгубено трпението по последните случувања во партијата и преку глава му дошло од внатрепартиските интриги и подметнувања.Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со кои разговаравме велат дека сѐ уште е рано да се лицитира со имиња за наследник на Данев.ВМРО-ДПМНЕ минатата недела најави дека ќе формира една пратеничка група, бидејќи сегашните 10 не ги исполнуваат условите според собранискиот Деловник.

Македонија | пред 7 години

vlada

Владата не ги прифаќа предлозите за уставни амандмани на Беса за правата на Албанците

ога премиерот ќе ги исполни барањата на Албанците, кои датираат уште од 1991 година. Премиерот треба да каже кога мисли дека треба да се отвори Пандорината кутија, реагира во изјава за ТВ 21 пратеникот на Беса Фадиљ Зендели на изјавата на Зоран Заев дека сега не е време да се предлагаат други уставни амандмани, освен оние поврзани со Договорот од Преспа за промена на името.„Доколку мисли дека не треба да се отвори, по 27 години оправдани барања од страна на Албанците, по Охридскиот договор од 2001, тогаш премиерот треба да каже кога мисли дека треба да се отворат барањата на Албанците, можеби во 2035 или 2050“, вели Зендели.Движењето Беса предлага 4 уставни амандмани кои се однесуваат на тоа албанскиот јазик да се изедначи со македонскиот јазик односно да биде службен на цела територија, државата да се грижи подеднакво за граѓаните од сите етнички заедници кои живеат надвор од нејзините граници, претседателот на државата да не може да го блокира донесувањето на законите со непотпишување и Охридскиот рамковен договор да биде дел од преамбулата на Уставот.Од Беса велат дека досега не добиле ниту една покана за разговор од премиерот за нивните амандмани.За пратеникот на ДУИ Артан Груби Беса е мала партија, која не ги познава собраниските процедури.„Овие пратеници од малите партии, кои што излегоа со овие предлози, гласаа на првото гласање во врска со тоа што ќе се менува во Уставот. Тие и кога гласале не знаеле за што гласаат. Затоа, ова зборува за нивното политичко незнаење во собраниските процедури и уставни измени на РМ“, изјави Груби.Премиерот Зоран Заев вчера изјави:„Нема да дозволиме ширење на Пандорина кутија и никој нема право да го условува влезот на Македонија во НАТО и во Европската Унија, рече Заев за пакетот уставни амандмани доставени од Беса на Касами.На оваа изјава на Заев реагираше и Христијан Мицкоски на својот твитер-профил.„Кога Заев веќе се служи со термини произлезени од артефакти врзани за грчката митологија треба да знае дека Пандорината кутија не се шири, туку се отвора. Едноставно е. Исто како што има разлика помеѓу селективна и апсолутна правда, или пак помеѓу уценети и неуценети“. 

Македонија | пред 7 години

mickoski

Мицкоски ја уценил Рангелова: Ќе работиш како што ќе кажам јас или до тука е

Пратеничката Даниела Рангелова во емисијата Отворено 24 изјави дека Мицкоски и рекол дека или ќе продолжи да работи според неговите политики или таа да ја напушти партијата.„Не знам во каква реалција се Христијан Мицкоски и Никола Груевски. Од тоа што имам информации дека не се во контакт 4-5 месеци. Не е важно чиво е влијанието важно е да го смените правецот. Ако ве критикуваат граѓаните вие треба дас го смените курсот на однесување. Нека биде апел до актуелното раководство да размисли во кој правец ќе се движи.Пред 2-3 дена бев кај Христијан Мицкоски, и тој ми рече „Сакам да продолжиш да ја водиш Унијата на жени да ја водиш, но очигледно имаме различни политички ставови. Или ќе продолжиш да работиш според моите политики или ние не можеме да се најдеме тука“. Јас спремна сум да ја прекинам мојата политичка кариера ако тоа го разбуди актуелното раководство. Можеби не сум во право, но ако дојдат парламентарни избори, ако изгубат и ако немаат коалициски капацитет, тогаш некој треба да се извини на членството и да го смени курсот на однесување. Секој ќе ја плати цената за своето политичко однесување“, изјави пратеничката.Исто така таа изјави дека на своја кожа има почуствувано закани по нејзиниот живот, и животот на нејзиниот син.„Вакви закани има уште од времето на Шарената Револуција, кога СДСМ сакаше да дојде на власт. Така почна и за жал ескалираше. СДСМ дојдоа на власт, тие сега се опуштени, нема закани кон нас. Сега има проблем од нашето членство, а тоа го почувствував на 30 септември. Беа упатени закани кон мене и син ми, но не се плашам. За ова се виновни политичарите, но и ние пратениците. Луѓето чувствуваат потреба да заштитат нешто, идентитетот и државата и затоа упатуваат закани. Обично членовите го имитираат однесувањето на повисоките членови од партијата. Мислам дека овој говор на омраза, треба час поскоро да заврши“, вели Рангелова.На прашањето дали и таа треба да биде амнестирана бидејќи е дел од два случаи на СЈО, „Талир“ и „Шамарите во Општина Центар“ одговори:„Јас кога викам помирување не барам амнестија за себе. Сметам дека немам вина и ќе го докажам тоа. Сметам на друг начин на помирување, да нема поделеност меѓу граѓаните, да испратиме порака до граѓаните, бидејќи иако имаме спротиствени ставови на крај пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ пијат кафе и ручаат заедно“, изјави таа.Според неа, опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е пред распад. Тоа е силна организациска структура и силна партија. Јас поднесувам оставка поради несогласување со некои политики и поради гласањето. Реков дека се срамам од мојата одлука во СобраниетоТаа не се согласува со неевропските политики на партијата.„Кај мене последно ја прелеа чашата, кога една актуелна функционерка, претсердателка на една комисија изјави дека „Ниту еден документ на ЕУ не забранува друга земја членка да учествува во други унии, организации и слично. Зошто таква хистерија за ЕУ.“ Тогаш јас се запрашав каде се движи партијата? Тоа беше последното кое разви свест дека можеби е време да прекинеме. Јас ако грешам ќе се извинам, но сакам да разбудам свест дека во погрешен правец ја носат партијата“, вели Рангелова.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

ДОСИЕ: Вработен во Министерство за правда силувал 13 годишно девојче

Обвинителството по краткотрајниот притвор за утврдување идентитет предложи а судија одобри 30 дена притвор за тројца осомничени за силување 13 годишно девојче во гостиварско, пишува Досие. Нивниот идентитет е утвреден. Станува збор за 62-годишен маж А.М., 58 годишен Н.Е. и три години помладиот Б.М.Според извори од истрагата еден од тројцата е матичар во Министерството за правда во Гостивар и заедно со уште две лица против кои се уште се трага ја искористиле малолетничка со ментална заостанатост. Дека девојчето е силувано потврди полцијата и по направена експертиза на судската медицина.

Македонија | пред 7 години

rangelova

Ми се заканува членството на ВМРО-ДПМНЕ, вели Рангелова

Пратеничката Даниела Рангелова во емисијата Отворено 24 изјави дека закани по нејзиниот живот и животот на нејзиното семејство има почуствувано на своја кожа.„Вакви закани има уште од времето на Шарената Револуција, кога СДСМ сакаше да дојде на власт. Така почна, за жал ескалираше. СДСМ дојдоа на власт, тие сега се опуштени, нема закани кон нас. Сега има проблем од нашето членство, а тоа го почувствував на 30 септември. Беа упатени закани кон мене и син ми, но не се плашам. За ова се виновни политичарите и ние пратениците, луѓето чувствуваст потреба да заштитат нешто, идентитетот и државата и затоа упатуваат закани. Обично членовите го имитираат однесувањето на повисоките членови од партијата. Мислам дека овој говор на омраза, треба час поскоро да заврши.

Македонија | пред 7 години

Rangelova-wide-2000

Рангелова: Се срамам што станав додека се гласаше

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека таа лично се срами од чинот на шиканирање и обележување на пратениците кои гласаа за потребата од уставни измени со тоа што останатите пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во моментот на гласање станаа од столчињата.-Нема да си дадам оставка како пратеник, затоа што јас сум добила мандат од граѓаните. Јас ќе функционирам во рамки на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и нема да гласам за уставните измени. На денот на гласањето на референдумот ние што излеговме да гласаме дочекавме да бидеме масакрирани и тоа од ботови кои се наоѓаат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, најмногу ме загржи што тоа беше во организација на ВМРО-ДПМНЕ. Во претходното раководство барем се имало јасен став. Грешка била што во минатото сум ќутела, сега сакам да ги поправиме грешките. Додека Груевски беше на чело, имаше предлог да се исклучат реформаторите, јас и уште неколкумина бевме против и тие не беа исклучени. Јас се срамам од таа моја постапка да станам додека се гласаше за потребата од уставните измени. Во изминатиот период се ширеше една пропаганда и сметав дека ако останам да седам со нив ќе ме обележат уште повеќе. Јас од таа седница заминав со плачење. Тој чин беше нечовечен и јас се срамам од него, рече Рангелова.

Македонија | пред 7 години

silegov-1

Шилегов: Двојно поголем број казни за загадувачите

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната дваесетта седница на Советот на Град Скопје ги информира советниците за активностите на градскиот инспекторат во насока на намалување на загадувањето преку интензивираните контроли и дежурства. Тој рече дека во изминатиов период се изречени двојно поголем број  казни во однос на истиот период лани.„Сериозно ги интензивиравме активностите на инспекциските служби и во месец септември изречени се 132 мандатни казни при контрола и надзор на капацитети коишто работат со Б-лиценци и се во наша надлежност, при контролите на градежни објекти, како и на лица кои несоодветно го третирале отпадот. Интензивните активности продолжија и овој месец, и досега во месец октомври изречени се 220 опомени и 137 мандатни казни“, рече градоначалникот Шилегов.Тој додаде дека инспекторите на Град Скопје извршуваат и редовен инспекциски надзор на правни субјекти – инсталации кои подлежат на  Б-интегрирана еколошка дозвола. Согласно со извештаите, правните субјекти редовно доставуваат резултати од мерења со кои се задолжени во самата дозвола, бучава, ПМО-честички, испитување на вода во реципиент. Дополнително, додаде тој, инспекциските служби вршат интензивна контрола на градилиштата во Скопје.„Во периодот на месец октомври на територија на Град Скопје е извршена засилена контрола на градилиштата во сите општини во Скопје. Во овој период извршени се контроли на повеќе од 50 локации каде што се вршат градежни активности, при што на изведувачите им се укажува да не се излегува од градилиштата  на улица со  камиони со  валкани тркала и непокриени со церади. Во периодот што следува ќе продолжат засилените контроли и доколку се констатира прекршување на законот, ќе следуваат соодветни казни за правните и за физичките лица“, додаде градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

(Видео) Ослободена снимателката која клоцаше бегалци

Ослободена е снимателката која клоцаше бегалци додека се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон во унгарскиот прифатен центар.Според пресудата на третостепениот суд во Унгарија, снимателката не покажала вандализам.Судот верува дека таа може да биде судена само за нарушување на јавниот ред и мир, но со оглед на тоа што настанот се случил пред три години, прекршокот веќе бил застарен.Претходно, првостепениот и второстепениот суд ја осудија снимателката на тригодишна условна затворска казна.По инцидентот, снимателката доби отказ.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Невреме во Италија, девет мртви и едно исчезнато лице

Девет лица загинаа, а едно се смета за исчезнато по невремето кое ја зафати Италија. Во невремето се уништени голем број патишта во земјата и поплавени се неколку градови и населени места. Во невремето се повредени десетици лица, меѓу кои и неколкумина пожарникари. Италијанските спасувачки служби соопштија дека вчера биле регистрирани околу 7.000 инциденти, на кои одговориле околу 5.800 пожарникари. Поголемиот дел од северна Италија и денеска се под закана, откако два дена беснееше бура, со налети на ветрот до 180 километри на час

Свет | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања