Скопје1.мк

Нема фотографија

Двајца загинати во сообраќајќи во Скопје

   Еден возач и еден сопатник се загинати, а едно лице се здобило со лесни телесни повреди во три сообраќајни незгоди што изминатото деноноќие се случиле на подрачјето на СВР Скопје.Откриени се поголем број прекршоци и санкционирани се 71 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, двајца возачи под дејство на алкохол, 16 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило. Од сообраќај се исклучени и 12 нерегистрирани возила.Сообраќајната полиција издала 87 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ отстранети се 65 возила.Полицијата санкционирала и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин, двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство за минување на пешаците и тројца за неправилно престигнување.Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).По повод одбележувањето на „Недела на Детето“ Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со содржини од областа на сообраќајот и безбедноста на децата во сообраќајот, во детска градинка „8 Март“ објект „Расадник“ во општина „Кисела Вода“.

Скопје | пред 7 години

mon

МОН и oпштина Аеродром го осудија случајот во „Ѓорѓија Пулевски“

Министерството за образование и наука и општина Аеродром попладнево преку соопштенија го осудија случајот со фрлањето на ученичка од прозорец од страна на нејзините соученици во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“.Во соопштенијата испратени од двете институции се наведува дека осудуваат секаков вид на насилство меѓу учениците и оти работат на целосно расчистување на случајот.Од Министерството за образование и наука информираа дека Државниот просветен инспекторат веднаш по добивањето на информациите почнал инспекциски надзор за да се утврди фактичката состојба и да се лоцира одговорноста.„По целосно завршување на постапката, од страна на инспекторите ќе биде подготвен извештај, врз основа на кој ќе се донесат и одлуки за следните чекори и понатамошни постапки”, се вели во соопштението од МОН.Од општината истакнуваат дека се во постојана комуникација со претпоставените од училиштето и со надлежните институции со цел целосно да се расчисти случајот.Министерството за внатрешни работи соопшти дека кај нив денеска е пријавено оти во петокот за време на малиот одмор четворица малолетници го фатиле за нозе и раце девојчето и го фрлиле од прозорецот во училницата на приземје. Девојчето се здобило со телесни повреди.

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Европа и Медитеранот на удар од нов студен бран

Според метеоролошките прогнози, следните два-три дена Европа ќе биде на удар од еден од најладните бранови, кој може да ги донесе и првите обилни врнежи од снег оваа сезона.Ладниот бран кој доаѓа од северот веќе ги зафати Алпите, на чии врвови се очекува најмногу снег.Заладување ќе има во Британија, Франција и земјите на Бенелукс, а особено ќе биде ладно на југот од Франција и западот на Медитеранот.Вториот студен бран над дел од Европа доаѓа од утре и ќе ја зафати Источна Европа и Балканот.

Свет | пред 7 години

avion

Турски авион, поради пожар, принудно слета во Загреб

Турски авион, поради пожар, окoлу 15 часот принудно слета во Загреб. Според хрватските медиуми, станува збор за авион што летал од Истанбул за Париз.Загрепските пожарникари потврдиле дека излегле на терен со шест возила по пријавата дека има пожар во авионот. Според нив, нема повредени и сите патници се навреме евакуирани.Според првичните информации, станува збор за авион од типот „боинг 737“ на турската компанија „Пегасус ерлајнс“.„Добивме барање за итно слетување, авионот слета без проблеми на аеродромот и сега сè е во ред“, изјави портпаролката на аеродромот, Лидија Цапковиќ.

Свет | пред 7 години

atentat

23 години од атентатот врз првиот претседател Глигоров, истрагата сѐ уште е отворена

На 3 октомври 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, кој тој го преживеа со тешки повреди на главата.На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени и Климе Коробар и Јован Атанасовски.Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот.Нападот беше извршен со автомобил-бомба на 3 октомври 1995 година во 9.50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија.Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој бил активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавил автомобил фиќо.Во истрагата биле претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. МВР извршило и повеќе информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата.Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 години.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Времето денеска променливо облачно

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, а во текот на денот од југ ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура се движи од шест до 14, а дневната од 19 до 25 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно, а во ноќните часови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската темптература се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 23 степени.Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и суво време со температури околу просекот за овој период од годината.

Македонија | пред 7 години

mkd-227838

Ременски за “Бојкотирам”: Ајваро-повикувачите нема да имаат ајвар до пролет

Прстеничката Фросина Ременски преку социјалните мрежи упати порака до “Бојкотирам”.“За да сфатите подобро во кој правец се движи Македонија погледнете го пресот на Зоран Заев и на Мицковски, и споредно "прославата" на ајваро-повикувачите. Од една страна е јасната акција за иднината на граѓаните и на Македонија, а од друга страна аплаудирање на кукавичкото попречување на таа иднина.Ајваро-повикувачите ќе си го с'ркаат ајварот оваа зима, до пролет тешко да им стаса.Се лажат сите ако мислат дека граѓаните кои сакаат и се определија ЗА европска иднина ќе им ги јадат бучкурушот што се обидуваат да им го сервираат. Преспијте си и будете спокојни !Уште утре ќе видите колку сте биле во право кога сте заокружиле ЗА својата европска иднина и колкава среќа има Македонија што ја води визионер Зоран Заев” пишува прстеничката

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Осудениот градоначалник за шверц со цигари се враќа на функцијата во Ново Село

Боро Стојчев, градоначалникот на Ново Село кој беше осуден со казна затвор од 18 месеци за шверц со цигари се врати во општината на истата функција.Летово тој беше фатен како шверцува 3.300 штеки цигари преку македонско – бугарската граница. По отслужување на казната затвор, тој останува да биде градоначалник.Во член 54 од Законот за локална самоуправа пишува дека мандатот на градоначалникот му престанува ако е осуден на казна затвор над шест месеци.Апелацискиот суд во Штип ја прифати жалбата на одбраната и одлучи казната затвор од 18 да ја намали на шест месеци. Намалување на казната затвор добија и неговиот син и внук, како и петтообвинетиот. Сите тројца имаат по три месеци затвор и за некој ден ќе бидат на слобода. Во овој случај беше осудена и сопругата на Стојчев, условна казна во траење од две години.Во јули Стојчев и дел од неговото семејство билеа фатени во обид да пренесат цигари во Бугарија преку див граничен премин.Стојчев и претходно два пати бил осудуван. Во екот на случувањата со приведувањето на Стојчев за шверцот со цигари, премиерот Зоран Заев изјави дека тие биле пријатели, но сепак казната затвор си важела.

Македонија | пред 7 години

Нема фотографија

Гвинет Палтроу тајно се омажи

Глумицата Гвинет Палтроу, тајно се омажи за холивудскиот продуцент Бред Фалчука.Тајната церемонија е се одржала во раскошна вила во Хемптонс, а на венчавката присуствувале семејството, најблиските пријатели и колегите на парот. Бившиот маж на познатата глумица, Крис Мартин, кој е фронтмен на групата „Coldplay“, од кој се разведе во 2016 година, не се појавил на венчавката. Причина за тоа бил закажаниот настап кој се одржал два часа по венчавката.Според светските медиуми, помеѓу гостите биле Камерон Дијаз сосопругот, Роберт Дауни Џунир, Стивен Спилберг и многу други.Гвинет и нејзиниот сопруг Бред беа заедно четири години и двајцата имаат по две деца од првиот брак.

Магазин | пред 7 години

Нема фотографија

Два силни потреси за 15 минути во Индонезија

Во силниот земјотрес и цунамито кои го погодија индонезискиот остров Сулавеси животот го изгубиија најмалку 1234 луѓе.Најновиот биланс денес го соопшти портпаролот на националната агенција за катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо. Нугрохо изјавил дека 799 луѓе се тешко повредени, а се очекува бројот на жртвите се уште да се зголемува.Во утринските часови два земјотреса се регистрирани во близина на источниот индонезиски остров Сумба, но не постои опасност од цунами. Америчкиот геолошки институт објави дека првиот земјотрес бил со јачина од 5,9 степени според Рихтер, а вториот по 15 минути, со јачина од 6 степени.Според државната новинска агенција Антара досега само еден мост е оштетен и нема извештај за друга причинета материјална штета.

Свет | пред 7 години

untitled-1-620x350

Силно невреме во Дубровник

Силно невреме ноќеска го зафати Дубровник.Поради обилните врнежи поплавени се голем број на улици во градот, а водата влегла и во некои станови и куќи.Како што јавува ДуЛист, пожарникарите за само три часа, од 4 до 7, имале 30 интервенции за испумпување на вода.Проблеми има и на магистралните патишта, а на одредени места има и појава на одрони.Освен во Дубровник, врнежи има на територијата на целата земја.

Свет | пред 7 години

trajekt-620x350

Силна експлозија и пожар на траект во Балтичко море

На патнички траект во Балтичкото море се случила силна експлозја, пренесуваат странските медиуми.„Експлозијата се случила во собата каде што се наоѓа моторот. На бродот има 335 луѓе, вклучувајки ги и 37 членови на екипажот“, вели претставникот на руската Федерална агенција за поморство и речен превоз.Според неговите инфромации, пожарот е изгаснат и нема повредени.Ангажирани биле руски и литвански спасувачи, велат медиумите.Траектот „Регина сивејс“ пловел од Литванија до Шведска, а во моментот кога се случила експлозијата бил во меѓународни води, на оддалеченост од 135 километри од Кклининград.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Малолетничка фрлена од прозорец во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“

Денеска, во 07.50 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Ц.(50) пријавил дека во петокот малолетничка од основното училиште Ѓорѓија Пулевски била фрлена од прозорец од страна на нејзини соученици.Настанот се случил во периодот од 10.30 до 11.00 часот за време на малиот одмор. Станува збор за четири малолетници кој воедно биле ученици во училиштето. Тие ја фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја со што таа се здобила со телесни повреди.Родителите на малолетниците кои го извршиле нападот се повикани во полициска станица и се преземаат соодветните мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 години

tela

Пронајдени тела на 34 студенти по теологија во црква на островот Сулавеси

Индонезиски спасувачи открија тела на 34 студенти по теологија во црква на островот Сулавеси, кои настрадале во земјотресот во петокот, соопшти претставничка на локалниот Црвен крст.Аула Ариани прецизира дека 86 студенти, кои учествувале на миса во областа Сиги Биромару, во северниот дел на островот, прво се сметале за исчезнати.– Спасувачките екипи открија вкупно 34 тела, изјави таа, и додаде дека локацијата на која работат спасувачките екипи е тешко достапна и најголемиот проблем е што треба да се движат пеш по кал час и половина, носејќи ги телата.Според податоци на индонезиските власти, во земјотресот и цунамито загинале најмалку 844 лица, но бројот на жртвите не е конечен затоа што спасувачките екипи се уште не стигнале до некои од тешко достапните области.Островот Сулавеси беше потресен од земјотрес во петокот со јачина од 7.5 степени според Рихтер, епицентарот на земјотресот беше на 10 километри под површината на островот, предизвикан од цунами.Жителите на островот се уште чувствуваат исклучително силни земјотреси.

Свет | пред 7 години

ustav

Предвремени избори ако за 10 дена нема договор за уставни измени

За неколку дена ќе се знае дали постои амбиент за постигнување договор со опозицијата за двотретинско мнозинство кое е потребно за да се изгласаат уставните измени во Парламентот кои произлегуват до Договорт за името со Грција, кажа вчера премиерот Зоран Заев.Тој во изјава дадена по свечениот час на новозапиишаните студенти на ФИНКИ, најави дека од денеска ќе почнат разговорите со опозицијата за да се дознае дали постои можност за договор. Смета дека постои капацитет за одржување предвремени избори кои се, вели, последна опција доколку не се постигне договор.– Секако дека има капацитет за избори. Законот и Уставот ги предвидуваат следните чекори. Но, се надевам дека ќе успееме да се договориме. Процесите неможат да бидат замрзнати и да стојат на место, работите мора да се движат напред, рече премиерот.Доколку не се постигне договор и се оди на предвремени избори, според него, изборите ќе се случат брзо, а како термин за нивно организирање го спомна крајот на ноември. Тој напомена оти во целиот тој процес мора да се мисли и на другите рокови, на пример на изборите за Европскиот парламент кои ќе се одржат во мај следната година, а на кој ќе учествува и Грција.Заев истакна дека во  сегашната ситуација реално е сите да покажат политичка зрелост со оглед на тоа што никој не понуди алтернатива на НАТО и ЕУ, ниту пак подобар договор од овој што е постигнат со Грција.И вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на заедничката прес-конференција во Владата вчера со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи најави дека во следните седум до десет дена ќе се направат сите потребни консултации со пратениците и пратеничките групи и ќе се процени дали постојат шанси да се обезбеди двотретинско мнозинство.– Доколку постојат, сметаме дека Македонија реално ќе добие шанса во брза и ефикасна процедура да ги заврши своите обврски, да обезбеди членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Доколку не, мора да ја употребиме втората демократска алатка, а тоа е организирање на предвремени парламентарни избори, појасни Шекеринска.

Македонија | пред 7 години

idioti-1

Ципрас и Заев меѓу фаворитите за Нобеловата награда за мир, тврди шведски новинар

Грчкиот и македонскиот премиер, Алексис Ципрас и Зоран Заев, се меѓу фаворитите за Нобеловата награда за мир, изјави Виктор Нумелин, специјален уредник за Нобеловата награда во шведската новинска агенција ТТ, во интервју за грчката новинска агенција АНА.„Тешко е да се каже кој е номиниран и кој не е номиниран бидејќи тоа е делумна тајна, но тие се споменати за наградата“, вели Нумелин.Тој додава дека секоја година има многу шпекулации и дискусии за тоа кој ќе ја добие наградата за мир. „Оваа година многу се зборува за Корејскиот Полуостров, зборуваат за ситуацијата со бегалците, ситуацијата околу преговорите меѓу Грција и Македонија“, вели Нумелин.Тој додава дека многумина од членовите на комисијата за наградата ќе сметаат дека е идеално Нобеловата награда за мир да им биде дадена на двајцата премиери или на некој друг кој учествувал во преговорите. Тој истакнува дека малиот одѕив на референдумот ги отежнува работите. „Но, ништо не е невозможно“, додава Нумелин.

Македонија | пред 7 години

soob

13 сообраќајки во Скопје, две лица потешко повредени

Еден пешак и еден сопатник се здобиле со тешки телесни повреди, а осум лица со лесни телесни повреди во седум од вкупно 13 сообраќајни незгоди на подрачјето на Град Скопје.Откриени се поголем број прекршоци и санкционирани се 27 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, еден возач под дејство на алкохол, 14 пред да се стекнат со правото на управување моторно возило и двајца почетници. Од сообраќај се исклучени и две возила кои биле технички неисправни и 17 нерегистрирани возила.Сообраќајната полиција издала 59 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ отстранети се 64 возила.Полицијата санкционирала и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство за минување на пешаците, еден за неправилно престројување и еден за неправилно престигнување.Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).

Скопје | пред 7 години

Нема фотографија

Поголема количина дрога запленета во Охрид

Во акција реализирана утрово, СВР Охрид пронајде и одзеде торбица со опојна дрога марихуана и приведе еден македонски и пет албански државјани. Торбицата е пронајдена во автомобил марка „Мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки управувано по булеварот „Железничка“ во Охрид  од В.В. (55) од Гевгелија.Акцијата, во која се пронајдени и одземени и други предмети, е реализирана поради постоење основи на сомнение дека сега приведените, се сторители на казненото дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.Пронајдената торбица со марихуана и останатите предемти, се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.СВР Охрид дополнително презема и други мерки за целосно документирање и расветлување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. 

Македонија | пред 7 години

dzambo

Го промени светот: 50 години од претставувањето на легендарниот „Џамбо Џет“

Еден од најпознатите патнички авиони на сите времиња и првиот супер голем патнички авион на светот, американскиот „Боинг 747 Џамбо Џет“ слави 50 години постоење и успех во превозот на патниците ширум светот.Новоотворената фабрика „Еверет“ во близина на Сиетл била избрана како местото на кое што на 30-ти септември 1966-та година пред јавноста и официјално ќе биде претставен најновиот авион на „Боинг“ – најголемиот „747 Џамбо Џет“.Станува збор за авион кој во буквална смисла на зборот направи револуција во воздушниот сообраќај и ја започна ерата на производството на големите патнички авиони.Популарниот „Џамбо Џет“ беше дизајниран за да може да лета на долги релации и да пренесе двојно повеќе патници, од на пример, дотогаш најдобриот „Боинг 707“. Новиот „Џамбо Џет“ можел во воздух да полета со максимално 333 тони товар, а за да се крене во воздух биле задолжени моќните мотори со сила на потисок од 16,8 тони.Сепак, тоа што се сметало за негова најголема предност во однос на останатите патнички авиони, е тоа што бил многу поголем од авионите на конкуренцијата – должината од 63,6 метри и распон на крила од 59 метри. Опашката на авионот е висока колку шесткатница, па на почетоците овој авион имал и проблеми со наоѓањето на соодветна инфраструктура за паркинг.Авиокомпаниите веднаш застанале во ред за да го набават својот џиновски „Џамбо Џет“ кој што имал долет од неверојатни 8560 километри.Успехот на „Џамбо Џет“ авионот бил огромно олеснување за „Боинг“, затоа што американската компанија тогаш имала долгови од повеќе од една милијарда долари, најмногу поради проектот за развој на тој авион. За спроведување на проектот за развој на „Џамбо Џет“, од „Боинг“ побарале средства од дури седум различни банки.Сепак, ризикот и тоа како се исплател – култниот „Џамбо Џет“ е активен и ден денес, постои и верзија „747-8“ и неговото време се чини дека се уште не е поминато.

Магазин | пред 7 години

begalci

Висок комесар за бегалци на ОН: Спасувачките операции во Медитеранот станаа заложници на политиката

Високиот комесар за бегалци на ОН изјави дека само малку од милионските сириски бегалци во странство се вратиле во својата татковина, и посочи дека спасувачките операции во Медитеранот станале „заложници на политиката” и треба да продолжат.Италијанецот Филипо Гранди зборуваше на редовниот годишен состанок на Извршниот комитет на Агенцијата за бегалци во Женева и ја повика Европската унија да ја задржи својата актуелна политика за обезбедување на азил на мигрантите.Тој забележа дека Либија, која е главната локација од која мигранти одат низ Средоземното Море во Европа, во последните месеци ја зајакнала својата крајбрежна стража, но, не и другите институции. Како резултат на тоа, многу мигранти и бегалци се насилно вратени во Либија, каде што се жртви на експлоатација и апсење во ужасни услови.– Така споделувањето одговорност се претвори во бегство од одговорност, рече Генди, осврнувајќи се на аргументите на ЕУ за миграцијата.– Одбивањето на овие луѓе не може да биде одговор, а пазарењето за секој поединечен брод (со бегалци), дури и кога преговорите  завршуваат успешно, не е добро решение, рече тој.

Свет | пред 7 години

junker

Јункер: Расправата во Британија за Брегзит е далеку од стварноста

Расправата во Велика Британија за нејзиното напуштање на Европската унија и понатаму е далеку од стварноста, изјави синоќа претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.– Имам впечаток дека Британците мислат дека сме се откажале од Велика Британија, но всушност е обратно, изјави Јункер на форум во германскиот град Фрајбург.Тој додаде дека британската јавност никогаш не била правилно известена за последиците од напуштањето на ЕУ. Според него, во Британија никогаш не била одржана вистинска кампања за референдумот и Британците како и министрите во британската Влада дури сега откриваат колку прашања се покренати со Брегзит.– Доколку преговорите за воздушниот сообраќај не успеат, ниту еден британски авион нема да може да слета на континентот. Луѓето тоа не го знаат и треба да им се каже, нагласи Јункер.

Свет | пред 7 години

haradinaj

Харадинај: Војската на Косово е завршена работа, имаме поддршка од Вашингтон

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, по враќањето од Њујорк, каде што присуствуваше на Генералното собрание на Обединетите нации, изјави дека ја добил поддршката на САД за трансформација на Безбедносните сили (ФСК) во Вооружени сили, односно војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.– Војската е завршена работа, изјави синоќа Харадинај во емисијата „Пресинг“ на телевизијата Т7, додавајќи дека, покрај високите претставници на Вашингтон, сенатори, конгресмени и други американски фактори, за процесот на трансформација на ФСК во војска ги информирал и сите други релевантни меѓународни фактори.– Ниеден авторитет не е неинформиран. Знаеја дека го правиме ова и беа информирани на време, изјави Храдинај.Намерата на косовските власти е да ја трансформираат ФСК во војска, без да го сменат Уставот, наспроти барањата на западните сојузници таа трансформација да се изврши со уставни измени. Со оглед дека за интервенција во Уставот се потребни и мнозинството гласови на пратениците од српската етничка заедница, а кои се категорично против формирање воени сили на Косово, Харадинај, со поддршка на другите политички субјекти на Албанците во земјата, реши трансформацијата да ја изврши со законски измени. За таа цел, пред пар недели, Владата му достави на Собранието предлог за измени на неколку закони, со кои се предвидува зголемување на надлежностите на ФСК и прераснување на Министерството за ФСК во министерство за одбрана.На прашањето во интервјуто на Т7 дали одлуката за заобиколување на Уставот при формирањето војска на Косово може да предизвика излегување на Српската листа од Владата, Харадинај одговори дека партијата, која го претставува српското мнозинство во Косово и ја има целосната поддршка на официјален Белград, „нема причина за такво нешто“

Свет | пред 7 години

vucic

Вучиќ во Москва на разговори со Путин, во фокусот ситуацијата во Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ќе разговара во Москва со претседателот на Русија Владимир Путин, и според него тоа е еден од најзначајните состаноци во однос на сите што ги имал со него во изминатите години, јави Танјуг.– Состојбата во нашиот регион е многу сложена, потребно е да се мери секој збор и политички потег. Во моменти кога економски напредуваме, имаме големи политички проблеми во регионот и за многу од нив не е сигурно каков исход може да имаат ако се случи какво било нарушување на стабилноста и мирот, нагласи синоќа Вучиќ во изјава за српски медиуми во Москва.Тој најави дека со Путин ќе разговараат за билатералните односи, за ситуацијата во регионот и во светот за да добие совети и за тоа како Русија да и помогне на Србија во остварување на политичките и национални цели.– Ќе разговараме и за многу конкретни проекти. Тие се значајни за подобар живот на нашите граѓани, животниот стандард на нашите луѓе, додаде Вучиќ.

Свет | пред 7 години

Нема фотографија

Сончев ден, па голема промена од утре

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните планински делови со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.Утринската температура ќе се движи од пет до девет, а дневната од 19 до 26 степени.Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе достигне до 25 степени.Во следните денови ќе преовладува променливо време со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Врнежи од дожд се очекуваат во среда и петок, особено во јужните делови од земјава.

Македонија | пред 7 години

vajgrel

Вајгл: Македонските политичари да се обединат околу проектот за европска Македонија

Известувачот во Европскиот парламент за Македонија словенечкиот пратеник Иво Вајгл ги повика денеска македонските политичари да се обединат околу проектот за европска и евроатлантска Македонија.„Сега е важно меѓународната заедница, ЕУ и НАТО и понатаму да ја поддржуваат Македонија на патот кон интеграциите. Останато ќе мора да го одработат македонските политичари кои би морале да бидат свесни дека се работи за долгорочен интерес или дури и за судбината на македонскиот народ и држава. Тој факт е поголем и поважен од партиските интереси и веројатните уцени чија цел е да се заборави на незаконитите постапки на претходната влада“, вели Вајгл во изјавата за медиумите.Тој истакнува дека мнозинството жители на Македонија го поддржала проектот на сегашната Влада за Договорот со Грција, но „околу половина милион“ потенцијални гласачи од Македонија кои живеат во странство „практично се придружило на бојкотот свесно или поради лажни информации“ со што, оценува Вајгл, придонеле на референдумот да не биде постигната предвидената законска квота од најмалку 50 процентна излезност.Така, резултатот на референдумот всушност открива „контрадикторна ситуација во денешната македонска политика“ во која сите декларативно се изјаснуваат за европската и евроатлантската иднина на државата, а во исто време на бојкот на референдумот повикуваат и најголемата опозициска партија и шефот на државата, иако, вели Вајгл, вчерашното советодавно референдумско изјаснување било „една од значајните станици на патот на Македонија до целта“.

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања