Скопје1.мк

policija-1313

Приведен маж пред ноќен клуб во Охрид

Во раните утрински часови на 6 јули, околу 02:05 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода Г.Р. (38) од селото Лескоец, општина Охрид, пред ноќен клуб во туристичкиот комплекс „Горица“.Како што информира МВР, при извршен преглед кај осомничениот била пронајдена и одземена паковка со бела грутчеста материја, за која се сомнева дека е кокаин, а при дополнителен преглед во неговото возило „Волво“ со охридски регистарски ознаки била пронајдена и опојна дрога – марихуана.По целосно документирање на случајот, против Г.Р. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, најавија од полицијата.

Охрид | пред 7 месеци

DSC_0052

Тројца приведени во Скопје, меѓу кои и малолетник

На 5 и 6 јули 2025 година, на неколку локации низ Скопје, полициски службеници од СВР Скопје привеле три лица, откако кај нив биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја, информираат од Министерството за внатрешни работи.Приведените се Г.А. (52) од Пробиштип, Л.Ѓ. (19) од Скопје и едно малолетно лице, исто така од Скопје. Од нив се одземени недозволени супстанции, за кои се сомнева дека се опојни дроги.Од МВР велат дека по целосно документирање на случаите, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 7 месеци

B9C0CB28-3AE1-4302-8A4F-CE2D67BC22E5_1_105_c

Судир на „Гоце Делчев“ во Скопје – тешко повредена жена во сообраќајка меѓу „Мерцедес“ и „Тојота“

Во саботата вечерта, на 5 јули околу 20:35 часот, на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила – „Мерцедес“, управуван од 24-годишниот С.Ј. од Република Турција со престој во Скопје, и „Тојота“, управувана од Ј.П. (46) од Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возачката на „Тојота“ се здобила со тешки телесни повреди, кои ѝ биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, а се работи на утврдување на причините и одговорноста за судирот.

Скопје | пред 7 месеци

83A8C0E4-4AC5-468D-9103-997021EF4AC3_1_105_c

Тешко повреден возач на мотоцикал по судир со „Дачија“ во центарот на Скопје

На 5 јули 2025 година, околу 12:30 часот, на крстосницата меѓу улиците „Орце Николов“ и „Миладин Поповиќ“ во центарот на Скопје се случила сообраќајна несреќа во која биле вклучени патничко возило „Дачија“, управувано од 49-годишниот М.Ц., и мотоцикл марка „Пиаџо“, со кој управувал 27-годишниот Л.С., и двајцата од Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, мотористот се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.На местото на несреќата извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случил инцидентот.

Скопје | пред 7 месеци

pozarna-

Возила кои стоеле запуштени осум години сега спасуваат животи – државата заштедила десетици милиони евра, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Пепелиште порача дека државата е поподготвена од кога било досега за справување со пожари, благодарение на акцијата за обнова и пренамена на полициски и армиски возила, кои стоеле запуштени повеќе од осум години.„Ја видовте демонстрацијата – возила што не биле запалени со години, денес се во функција на заштита на животот и природата. Сезоната на пожари е веќе почната, но оваа година сме далеку подобро опремени“, истакна Мицкоски.Тој се заблагодари на сите институции и општествено одговорни компании кои помогнале во процесот – од вицепремиерот Љупчо Димовски, министрите Мисајловски и Тошковски, до градоначалниците на Кавадарци и Неготино, како и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.Според Мицкоски, со оваа активност државата заштедила неколку десетици милиони евра, а капацитетите за интервенција се драстично зголемени. Во функција се ставаат и два полициски и два армиски хеликоптери, а до крајот на јули се очекуваат уште два противпожарни авиони.„Во однос на минатото – нема споредба. Ова е највисоко ниво на подготвеност до сега“, додаде премиерот, најавувајќи и засилени контроли и забрана за движење во шумски подрачја без дозвола, како дел од новите мерки за спречување пожари.

Македонија | пред 7 месеци

stojance-granki-aa

Стојанче Ангелов: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“ – Владата промовира нова генерација противпожарни возила

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со саркастична порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ на институциите при гаснење пожари.Ангелов денеска, на воениот полигон Пепелиште, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот Љупчо Димовски, министрите Панче Тошковски и Владо Мисајловски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и други функционери, ја промовираше новата опрема на Дирекцијата.Според Ангелов, институцијата сега располага со:18 теренски возила „Пинцгауер“ со резервоари од 1.500 литри (се очекуваат уште 5),15 оклопни возила БТР-80 со водни резервоари од 6 тона,5 оклопни возила „Хермелин“ со приклучени цистерни од 2 до 8 тона.Сите 43 возила се опремени со пумпи со млаз до 100 метри, што, како што беше демонстрирано на терен, значително ја зголемува ефикасноста при интервенции во шумски и теренски пожари.„Владата располага со ресурси како никогаш досега, распределени преку различни институции. Ова е сериозен чекор кон посилна, поопремена и поефикасна државна одбрана од пожари“, порача Ангелов.

Македонија | пред 7 месеци

1681115444_zelenski

Зеленски: Разговорот со Трамп беше најпродуктивен досега – „Патриот“ ракетите клучни за одбраната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговиот последен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, одржан оваа недела, бил најдобар и најпродуктивен досега.„Што се однесува до разговорот со претседателот на САД, кој се одржа ден претходно, тоа беше веројатно најдобриот разговор што сме го имале досега – најпродуктивен“, рече Зеленски во своето редовно видеообраќање во саботата навечер.Зеленски истакна дека главна тема биле прашањата за воздушна одбрана и се заблагодари за подготвеноста на Трамп да помогне, посочувајќи дека американскиот систем „Патриот“ е од клучно значење за заштита од балистички закани.Двајцата лидери разговарале и за „неколку други важни прашања“ кои, според Зеленски, ќе бидат разгледани на претстојните состаноци на официјалните делегации.Претседателот Трамп, пак, за време на обраќање пред новинари во петокот изјави дека имал „добар разговор“ со Зеленски, но повторно ја изрази неговата разочараност од телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, кој, според него, не покажал подготвеност да работи на прекин на огнот.На прашање дали САД ќе испорачаат дополнителни системи „Патриот“, како што побара Украина, Трамп одговори: „Ќе им требаат за одбрана... ги гаѓаат доста жестоко.“Во меѓувреме, Русија ги засили воздушните напади врз Киев и други украински градови, а само ден по повикот на Трамп до Путин, руските сили извршија најголем напад со дронови врз главниот град од почетокот на војната.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-02-23-at-09.40.30

Елон Маск ја основа „Американската партија“ – отворен судир со Трамп поради фискалната политика

Само ден по анкета на платформата X во која ги праша следбениците дали САД имаат потреба од нова политичка партија, Елон Маск објави дека ја основал „Американската партија“, со цел – како што наведува – „да им ја врати слободата на граѓаните“.„Во сооднос 2:1 рековте дека сакате нова партија – и ќе ја добиете. Денес е основана Американската партија!“, напиша Маск на X. Овој потег доаѓа во момент на отворен конфликт со Доналд Трамп, со кого до неодамна беше во близок сојуз. Причина за разидувањето е новиот закон за намалување на даноци и државна потрошувачка, кој Трамп го потпиша во петокот и кој Маск жестоко го критикуваше, тврдејќи дека ќе ја доведе Америка до банкрот.Маск, кој досега вложи стотици милиони во кампањата за реизбор на Трамп, најави дека ќе ја користи својата моќ и капитал за да се бори против конгресмени кои го поддржале законот. Тој водеше и Оддел за владина ефикасност под администрацијата на Трамп.На прашање зошто од поддржувач станал критичар, Маск на X одговори:„Зголемувањето на буџетскиот дефицит од веќе лудите 2 трилиони долари под Бајден, на 2,5 трилиони. Тоа води кон банкрот.“Конфликтот ескалираше откако Трамп запрети со укинување на федералните субвенции што ги добиваат компаниите на Маск, како Tesla и SpaceX. Спорот се одрази и на берзата – акциите на Tesla, кои во декември достигнаа врв од 488 долари, во април загубија над половина од вредноста, а минатата недела се затворија на 315,35 долари.Во редовите на Републиканската партија расте загриженоста дека судирот меѓу Маск и Трамп би можел да ги загрози шансите за зачувување на мнозинството во Конгресот на изборите во 2026 година.И покрај неговиот финансиски капацитет и влијание, аналитичарите предупредуваат дека разбивањето на двопартискиот политички систем во САД е речиси невозможна мисија, бидејќи демократско-републиканската доминација трае повеќе од 160 години. Сепак, појавата на Маск како политички актер со сопствена партија може да донесе нови пресврти во веќе поларизираната американска политика.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-06-at-11.01.57

(Видео) Трамп: „Ќе се погрижиме за нив“ – бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 50, исчезнати десетици деца

Бројот на загинати од катастрофалните поплави што го зафатија Тексас во саботата навечер се искачи на најмалку 50 лица, додека потрагата по десетици исчезнати деца продолжува, соопштија локалните власти.Најтешко погоден е округот Кер, каде што животите ги загубиле 43 лица, а дополнителни седум жртви се потврдени во три други окрузи, пренесува AFP. Силен пороен дожд во петокот предизвикал надојдени води од реката Гвадалупе, кои го зафатија поширокиот регион.Особено трагична е ситуацијата во летниот камп Camp Mystic, каде 27 девојчиња сè уште се водат како исчезнати. Градскиот управител на Кервил, Далтон Рајс, изјави дека бројот на исчезнати може да биде и поголем.Властите информираат дека најмалку 237 луѓе се спасени, од кои над 100 со хеликоптер, додека водата почнува да се повлекува.На новинарско прашање околу федералната помош, претседателот Доналд Трамп кратко изјави: „Ќе се погрижиме за нив“, без да навлезе во детали.Поплавите се сметаат за една од најсмртоносните природни катастрофи во поновата историја на Тексас, а надлежните служби и понатаму се на терен во обид да ги најдат исчезнатите и да обезбедат поддршка за погодените семејства.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-06-at-10.59.11

(Видео) Пожар во синагога во Мелбурн – уапсен осомничен, Израел и Австралија остро реагираат

Австралиската полиција уапси 34-годишен маж под сомнение дека подметнал пожар на влезот на синагога во Мелбурн, додека во објектот се наоѓале околу 20 верници. Инцидентот се случил во петокот вечер, за време на Шабат – еврејскиот ден за одмор. За среќа, никој не е повреден, а пожарот бил брзо изгаснат.Осомничениот е обвинет за загрозување на живот, а австралиската полиција истражува дали делото има терористички мотиви. Според соопштението, се анализираат „намерите и идеологијата“ на напаѓачот.Инцидентот доаѓа во време на зголемени тензии и неколку антисемитски напади низ Австралија од почетокот на израелско-палестинскиот конфликт во октомври 2023 година. Полицијата исто така истражува поврзаност со немири пред израелски ресторан во Мелбурн, кој истата вечер беше оштетен, а едно лице е уапсено.Инцидентите предизвикаа остра реакција од Израел и Австралија. Претседателот на Израел, Исак Херцог, го осуди нападот како „гнасен чин насочен против Евреите“ и повика да не се дозволи ваквите дела да се повторуваат. Премиерот Бенјамин Нетанјаху ги нарече нападите „тешки злосторства од омраза“, изразувајќи поддршка за австралиската еврејска заедница.Австралискиот премиер Ентони Албанезе го осуди нападот како „кукавички“ и потенцираше дека можел да има катастрофални последици. Тој потсети дека ова е втор напад на синагога во Мелбурн во последните седум месеци и вети целосна поддршка во справување со растечкиот антисемитизам.Последниве месеци, повеќе синагоги, училишта, домови и возила во Австралија беа мета на вандализам, запалувања и закани. Владата веќе формираше специјална единица за борба против антисемитизмот, по откривање на лажен заговор за терористички напад во Сиднеј.Полицијата продолжува со истрагата за последниот напад, кој предизвика загриженост и вознемиреност кај еврејската заедница во Австралија.

Свет | пред 7 месеци

nikola-kocani

(Видео) Македонецот Никола победи на „Sвездите на Гранд“, ја отпеа „Ако утре ме нема“ во чест на Кочани

Синоќа се одржа големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а токму македонецот Никола Станишиќ победи. Никола со освоени 138.714 гласови од вкупно 400.000.„Покрај статуата, Гранд Продукција му доделува на победникот и нова награда, Александар Саша Поповиќ, во знак на сеќавање на основачот на Гранд Продукција и натпреварот „Ѕвездите на Гранд“. Победникот добива и песна со комплетен маркетинг, а оваа година продукцијата ќе награди уште неколку финалисти со снимки од нивните први песни“, изјавија водителите Милан Митровиќ и Ана Севиќ.Оваа година беше воведена уште една награда – победничка статуа именувана по Саша Поповиќ, во чест на основачот и долгогодишен креатор на ова натпреварување.Беше одлучено дека статуата, која ќе ја однесе победникот во 2025 година, ќе го носи името на нашиот пријател, автор и основач на Гранд, Саша Поповиќ. Еден од овие млади луѓе од Србија или регионот ќе однесе дома статуа со неговото име. Тоа е најмалку што можевме да направиме сега кога работиме без него – рече Воја Недељковиќ за Гранд.

Магазин | пред 7 месеци

valentina-bazerko

Почина новинарката Валентина Базерко

Вчера, на 62 годишна возраст почина новинарката Валентина Базерко.Новинарската кариера ја започна во „Млад борец”, а потоа самопрегорно работеше во Македонското радио. Беше борец за правда и професионализам, дописник од Тајван, известуваше од значајни меѓународни конференции.Базерко беше партизанска внука и ќерка која и покрај животните удари го сакаше новинарството и работата, се грижеше за негување на македонскиот јазик и современиот радио израз.Колегите од сите медиуми се простуваат од Валентина Базерко.

Македонија | пред 7 месеци

misajlovski

Мисајловски: Во Бутел во предизборната кампања ветивме проекти, сега тие веќе се реализирани, граѓаните даваат поддршка на Костовски

„Навистина ми е драго да сум повторно тука во Бутел. Еве започнавме нови средби, како потпретседател на партијата, но и како министер за одбрана можам да слушнам различни разговори, различни дискусии“ , вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и додава:„Но, можам да слушнам и многу позитивни коментари и навистина е една убава синергија каде што помеѓу граѓаните се сплотуваат сите за поддршка на Дарко Костовски за старо-нов градоначалник на Општина Бутел.Навистина чест ми е повторно да дојдам тука. Луѓето разговараат и зборуваат постојано дека се изградени преку 200 улици тука во Бутел, дека има неколку нови градинки, дека се преку 20 спортско-рекреативни центри, изградени игралишта на секоја страна. Навистина за поздрав.Не очекуваат еве нови избори, во пресрет на изборите да се видиме и со луѓето што се кандидати за советници, да разговараме директно со граѓаните, разговараме на темите што се важни од централно ниво, да зборуваме за проектите каде што ги има насекаде. Но конкретно тука, во Бутел, навистина драго ми е што масовно сите имаат поддршка кон Дарко, и Дарко ќе победи убедливо.Но, почнуваме на терен да се среќаваме со граѓаните, разговараме на сите теми и мене ми е навистина задоволство и во минатото како носител, да бидам тука во една друга позиција, но еве исто така и се разбира да продолжиме да разговараме.Во минатото многу пати зборувавме што ќе се изгради, а сега може да видиме проекти на дело, може да видиме еве тука пред нас еден преубав проект, што многу го ветуваа, а Дарко го направи целосно. Еден поттик каде што поред оваа река направи една многу убава пешачка патека по река Серава, културно уредена, осветлена и продолжува да ја надградува, тоа е само на едно населено место. Следат многу игралишта, гледате насекаде дека постојано се гради, секоја чест за Дарко. Дарко од Бутел, градоначалник, еден од подобрите градоначалници во целата држава и очекувам најдобар резултат тука и ќе почне победата во Бутел“ , заврши Владо Мисајловски.

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-05-at-19.34.58

(Видео) „Џабе стоиме, тие се во апартманите во Грција“, рече родителот на загинатиот син единец од пред кочанскиот суд

Молчејќи и исврикувајќи ги институциите, родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“, како и граѓаните кои бараа правда, маршираа низ Кочани за да упатат порака дека трагедијата не треба да биде заборавена, но и дека чекаат одговорност. На речиси +40 степени, со фотографиите од нивните деца, поминаа низ центарот на градот. Застанаа пред полицијата и пред Основниот суд односно Обвинителството.„Нема да зборуваме, само ќе молчиме“, рече родител на загинато дете, а потоа беа исвиркани судот и Обвинителството.„Џабе стоиме, ај да одиме, они си се во апартманите во Грција, џабе стоиме ние ајде, одете“, рече родителот кој го изгуби синот единец.Ова беше 12-ти по ред, марш за загинатите во „Пулс“. И следната сабота, родителите ќе го одржат 12-от по ред собир, кој има за цел да ги разбуди институциите и да им ги одговори прашањата.

Македонија | пред 7 месеци

bajac

(Фото) „Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра – тврдел дека истерува зли магии од нивниот син

Полициски службеници од СВР Штип во соработка со ОВР Берово, СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција привеле 54-годишен жител на скопското село Трубарево, осомничен дека подолг временски период измамувал брачен пар од Берово, претставувајќи се како „бајач“ со натприродни способности.Како што информира МВР, на 3 јули Б.Д. (76) од Берово пријавил дека во периодот од 2022 до 2025 година, осомничениот Д.И. (54) лажно се претставувал како „Божји човек“, истерувач на зли духови и маѓии, тврдејќи дека нивниот син е под влијание на „црна магија“ која му го загрозува животот.„Имено, според пријавителот во период од 2022 до 2025 година пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување на факти ги довел и ги држел во заблуда пријавителот и неговата сопруга М.Д. прикажувајќи се самиот себе како лице со посебни паранормални способности (наводен „бајач“, истерувач на духови и магии) , односно како “Божји човек” кој има моќ и сила да растури зла маѓија што наводно била направена над нивниот син и што наводно му го загрозувала неговото здравје и живот. Притоа, во наведениот речиси три годишен период ги навел оштетените лица во повеќе наврати на различни локации во Скопје и Берово да му даваат парични средства во висина од 5.000 до 6.000 евра за „помошта“, така што се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 400.000 евра за посочениот период“, велат од МВР.Оттаму додаваат:„По примањето на пријавата од страна на полициски службеници од СВР Штип во содејство со полициски службеници од ОВР Берово, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје, а по насоки на јавен обвинител од надлежното ОЈО Кочани веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на кривично правниот настан, при што паричните средства кои оштетениот по предходен договор со пријавениот имал намера да му ги даде, се крим-технички обработени. Така вчера (04.07.) во Берово од слобода се лишени пријавениот Д.И. и неговата мајка Д.И. (76) од Трубарево, скопско кај која при извршен претрес се пронајдени парични средства во износ од 3000 евра. Од извршениот претрес во нивниот дом во Трубарево пронајдени се и одземени се предмети поврзани со кривичното дело - „измама". По целосно преземени мерки и активности против двете приведени лица е поднесена кривична пријава за продолжено кривично дело „измама" и истите се предадени на Судија за предходна постапка во Основниот суд Кочани“.

Македонија | пред 7 месеци

droga2

Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје

По претходно превземени оперативни активности, вчера (04.07.) полициски службеници од СВР Скопје врз основа на Судски наредби за претрес на дом и други простории извршија претреси кај две лица.Притоа при претресот кај лицето Н.Ј. (26) од Скопје во стан во Ѓорче Петров беа пронајдени и одземени една дигитална вага со остатоци од материја, една зипер кесичка со семки од растение, една полиетиленска кесичка со бела прашкаста материја, една тегла со бела грутчеста материја, мало шишенце со семки од растение, поголема црна кеса со растителна материја, како и полиетиленска кесичка со растителна материја. Исто така пронајдени и одземени се и парични средства - две банкноти во апоени од 2000 денари, осум банкноти во апоени од 1000 денари, 20 банкноти во апоени од 500 денари.Дополнително при претресот од страна на таткото на лицето Н.Ј. доброволно биле предадени и четири куршуми, калибар и четири ловни со калибар од 12 мм.Во извршениот претрес, пак, кај лицето Д.Т. (26) во Волково, скопско, биле пронајдени и одземени: една тегла со растителна материја, зипер кесичка со растителна материја, полиетиленска кесичка со осум семки од растение, една дигитална вага, два грендери со материја, потоа три стебла од растение, како и две воздушни пушки со дрвен кундак и една кутија со дијаболи за воздушна пушка.Во координација со дежурен јавен обвинител од ОЈО Скопје лицата се лишени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против истите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-05-at-13.09.35

(Видео) Голем пожар над скопската обиколница, во Стопански двор - полицијата и пожарникарите на терен

Голем пожар изби над скопската обиколница односно во Стопански двор. Станува збор за населено место, каде има и куќи. Навремената интервенција на Противпожарната бригада односно пожарникарите, спречи тој да се прошири и да има поголеми штети.Гореше сува трева. Засега не е познато дали причината за пожарот е човечки фактор или високите температури. Повикана беше и полиција која е на терен.Повеќе информации се очекуваат подоцна.

Скопје | пред 7 месеци

0-02-05-c9f52e242736bd0dabfe229fa6d4400bae79075755a43b0fcb899fe8780c47a5_29150632484

Четири активни пожари – ЦУК апелира за внимателност поради високите температури

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот денеска, 5 јули, на територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои четири сè уште се активни, а четири се успешно изгаснати.Моментално активни се следните пожари:Во селото Бешиште, општина Прилеп, каде гори приземен пожар во квалитетна мешана шума.Во с. Црешнево, м.в. Церо Поле, општина Македонски Брод, каде гори деградирана дабова шума и грмушки.Во општина Чашка, под Солунска Глава, помеѓу местата Изворите на Бабуна и Бабина Дупка – каде моментално нема активен пламен, но се забележува чад на карпест терен.Во општина Велес, каде гори ниска вегетација.Во исто време, изгаснати се следните пожари:Во с. Врањовци, општина Врапчиште, каде гореше ниска вегетација и ѓубриште.Во с. Лојане, општина Липково, каде беа зафатени ниска вегетација и стрниште.Во с. Радање, општина Карбинци, каде пожарот опфатил житни насади и ниска вегетација.Во с. Орланци, општина Арачиново, каде гореше ниска вегетација и отпаден материјал.Од ЦУК апелираат до граѓаните за максимална претпазливост и одговорно однесување во природа, особено во услови на високи температури, кои го зголемуваат ризикот од појава и ширење на пожари. Надлежните служби остануваат на терен и ги следат сите потенцијално критични точки низ државата.

Македонија | пред 7 месеци

puls-davidovic

(Видео) За првпат адвокатот Давидовиќ проговори за доказите за трагедијата во „Пулс“: Родителите нема да ги добијат сите одговори

Во разговор во „Претрес со Ландов“, Звонко Давидовиќ, адвокат на еден од обвинетите во случајот со трагедијата во клубот „Пулс“ во Кочани, првпат проговори за содржината на доказите што се дел од предметот – фрлајќи ново светло врз досегашната истрага и поставувајќи сериозни прашања за одговорноста на институциите.„Ова е криминал кој траел со години. Не може одговорноста да се ограничи само на обезбедувањето. Надлежност имаат и МВР и Обвинителството. Ако клубот работел уште од 2013 година – каде биле тие сите овие години?“, праша Давидовиќ.Тој посочи дека градежното и хемиското вештачење откриваат дека биле вградени опасни материјали во ентериерот, кои при горење создавале цијановодород – исклучително токсичен гас, и капки со температура од 250 до 450 степени. Тоа, според него, значи дека дури и ако искрите од прскалките биле безбедни, материјалите не биле.„Ако сè било изградено според прописи, немало да дојде до ова. Но, не било“, вели тој.Според Давидовиќ, сè уште нема точен одговор од вештачењата, колку лица можело да собере клубот.Тој одговори и на прашњето вратите биле заклучени, но отворено постави прашања зошто со истрагата не се опфатени други институции – меѓу кои УЈП, Пазарна инспекција...„Со вакво обвинение, без сите одговорни и со обвиненија по исти член – родителите нема да ги добијат сите одговори. Тоа е жално, но реално.“Според него, доказниот материјал е обемен – повеќе од 50.000 страници.Многу повеќе на оваа тема, но и за Мијалков, Нинџа, 27 април, најгрозоморните убиства во Македонија, слушнете во „Претрес“:?t=5463

Македонија | пред 7 месеци

pozar-1

Грција се бори со огромен пожар на Евија

Пожарникари се обидуваат да го изгаснат пожарот на грчкиот остров Евија, кој зафати шуми и принуди две села на евакуација, соопштија пожарникарите во саботата.Повеќе од 160 пожарникари, 46 камиони и пет авиони се распоредени на југот на Евија, источно од Атина, за да го изгаснат пожарот што избувна доцна во петокот, изјави за Ројтерс претставник на противпожарната бригада под услов на анонимност. Евија беше на списокот на неколку грчки региони во состојба на висока подготвеност поради бујните ветрови кои се очекуваа во саботата. Властите во раните утрински часови наредија евакуација на селото Цакехои и крајбрежното сезонско населено место Лимнионас.Јужна Евија е ретко населено подрачје со планини, земјоделско земјиште и популарни одморалишта.Новиот пожар е последен во низата шумски пожари што оваа недела ги поттикнаа силни ветрови и суви услови, додека поголем дел од Европа беше зафатен од топлотен бран на почетокот на летото, кој властите го поврзуваат со најмалку осум смртни случаи на континентот.

Свет | пред 7 месеци

515901388_1134983052009293_589848582862790056_n

(Фото) Се судриле, па излетал преку жарденери - тешка сообраќајка на Партизанска, има повредени

Во петокот навечер, на 4 јули околу 23:25 часот, на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Лондонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила – „Рено Каптур“ управувано од 20-годишниот Д.И. и „Ауди А5“ со возач Е.С. (20), двајцата од Скопје, информира МВР.Во несреќата телесни повреди добиле возачот на „Ауди“-то, Е.С., како и неговите сопатници А.И. (26) и Е.Б. (21). Повредените се згрижени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, по што се пуштени на домашно лекување.Извршен бил увид од увидна екипа при СВР Скопје, а според проценките, штетата изнесува околу 200.000 денари. Се работи на целосно утврдување на причините за несреќата.ФОТО: Локално

Скопје | пред 7 месеци

3

Тошковски: Одлични резултати во борбата со криминалот и корупцијата, нови услуги за граѓаните а вистинската битка допрва започнува

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната конференција за новинари посветена на сработеното во досегашниот мандат потенцираше дека со преземањето на министерството затекнале нефукционален систем, институција без јасна организација, без услови за работа со изгубена доверба кај граѓаните и нагласи дека таква слика на тага и немоќ не смее никогаш повеќе да се види.„Бандите дивееја, а државните институции молчеа. Пасоши се чекаа со месеци, границите беа хаос, сообраќајот без контрола. Вработените во МВР беа без опрема, без поддршка, без достоинство. Едноставно, така не може да функционира една држава. И така не смее никогаш повеќе да биде! Нашата земја заслужува многу повеќе од тоа“, потенцираше министерот Тошковски и образложи дека целата мината година е потрошена на стабилизација на институцијата и системот во која сепак се постигнати резултати кои претходно не се постигнати со години наназад.„Дојде време да покажеме дека државата е посилна од било кој криминалец, било која мрежа, било која коруптивна структура. Дојде време да си ја вратиме довербата во институциите. Во изминатата година, разбивме 14 организирани криминални групи. Во нив имаше над 200 сторители, а меѓу нив и една брутална група вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полициски службеници. Ова е доказ дека државата си ја враќа силата и нема да толерира никакво насилство. Оваа влада, ова министерство, нема да седи со скрстени раце додека криминалот ни ги уништува животите. Ние сме тука за да го заштитиме секој граѓанин“, дециден беше министерот Тошковски истакнувајќи дел од постигнатите резултатите.Министерот за внатрешни работи Тошковски за борбата со дрогата истакна дека се откриени над 860 кривични дела и фатени над 430 килограми наркотична дрога, спречени три обиди за меѓународен шверц, рекордна заплена на кокаин од над девет килограми и запленети над шест тона марихуана од компании за производство на канабис заради злоупотреби и истакна дека за правдата веќе нема недопирливи и секој што ќе се обиде да искористи туѓа ранливост за лична корист, ќе се соочи со институциите и со законот.„Во делот на корупцијата, не молчевме. Поднесовме кривични пријави против 107 лица и 18 фирми. Се работи за корупција во здравството, енергетиката, даночниот ситем, па дури и во безбедносниот сектор. Овие коруптивни шеми резултирале со штета од над 17 милијарди денари за државата. Ова не се апстрактни бројки, тоа се украдени пари на граѓаните, злоупотребени од поединци што мислеле дека државата е нивна приватна каса. Но времињата се сменија. Ние почнавме да ги враќаме тие средства онаму каде што припаѓаат – во државниот буџет“, рече министерот Тошковски нагласувајќи ги резултатите за борба со корупцијата.Министерот за внатрешни работи зборуваше и за борбата со илегалната миграција, борбата со криминалците и нечесните во редовите на МВР, активностите за подобрување на состојбата со сообраќајот.„Чистиме и во сопствениот двор. Отворивме над 230 постапки против вработени во МВР кои не си ја вршеле работата како што треба. Во делот на миграцијата спречивме над 6.000 обиди за нелегален влез, откривме 64 случаи на криумчарење и разбивме меѓународни мрежи кои носеле мигранти. Работиме секојдневно со ФРОНТЕКС и нашите меѓународни партнери и резултатите се видливи. Проектот Безбеден град е нашата одлучна мерка. Камерите ќе регистрираат, системот ќе постапи. Нема повеќе селективна правда. Нема човечки фактор за тоа дали некој ќе биде санкциониран или не. Само вака можеме да спасиме животи. И ќе го направиме тоа, по секоја цена", дециден беше министерот Тошковски продолжувајќи за системското подобрување на условите за работа во министерството, процесите на дигитализација и унапредување на услугите за граѓаните.„Го реновиравме Центарот за обука во Идризово, отворивме нов К9 центар, пуштивме во употреба мултимедијален едукативен центар, отворивме нови управни служби во шест општини. Ова не се само згради, туку инвестиции во иднината на полицијата и во квалитетот на услугите за граѓаните. Започнавме и со изработка на проектна документација за изградба на нови и реконструкција на постоечки полициски станици, а во наредниот период ќе се посветиме и на нивната реализација. Обезбедуваме современа опрема, возила, униформи и дигитални решенија затоа што професионалното полициско работење бара современи алатки и стабилна поддршка“, истакна Тошковски.Министерот за внатрешни работи Тошковски на крајот нагласи дека довербата која ја даваат граѓаните не е привилегија туку обврска и дека изминатата година беше првиот чекор кон враќање на редот, правдата и одговорноста во системот, а во наредниот период ќе се продолжи уште посилно и уште поодлучно.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-03-at-12.55.29

Маргини: Мицкоски како да страда од Пинокио-синдром, користи демографија за дефокус и релативизирање на дневните трагедии

Коалицијата Маргини ја осудува вчерашнат изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој рече дека е време за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак, а оние кои што се отселени ќе се вратат.Според нив, ова е редефинирање на државата како биополитички проект, во кој државноста се мери преку способноста да се дисциплинира телото, да се контролира приватноста и да се одреди кој живот вреди.„Наместо признание на одговорност, добиваме најава на морален императив, што репродуцира политички цинизам и наводна загриженост што го продолжува насилството врз сите што не се вклопуваат во моделот на добрата држава. За да го наметне падот на наталитетот како најголема закана, Мицкоски ја користи демографијата како алатка за дефокус и релативизирање на дневните трагедии, додека жртвите, болката и гневот што го одбележуваат нашето секојдневие ги сведува на драматични вести што го вознемируваат неговото премиерско спокојство.Во земја каде што една третина од жените се невработени, каде жени умираат при породување и нивните органи се крадат, каде самохраните мајки се оставени без поддршка, каде ЛГБТИ луѓето, како и сите што живеат надвор од хетеронормативниот модел, немаат ниту елементарно признание и правна можност за градење заедници, каде што сиромаштијата е структурна состојба, а пристапот до труд селективен, исклучувачки и непредвидлив, да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот.Најавите за даночни санкции за немажени и неженети лица, е познат механизам за статистичко бришење на сиромаштијата и за казнување на оние што не се вклопуваат. Ако животот е прескап, одговорот не е да се смени формулата што го покажува тоа, туку да се промени состојбата што го предизвикува.Мицкоски нуди логика во која сиромаштијата и животот надвор од конзервативниот фетиш за нуклеарното семејство се повод за вина, поради која овие луѓе треба да се покорат или прилагодат – во име на апстрактен морал што ги негира нивните конкретни животи.Самохраните родител(к)и, лезбејките, геј луѓето, транс лицата, сите вонбрачни, нерегистрирани, непризнати, невидливи форми на живот во ваквата визија избришани од политичката замисла што признава само еден модел: бракот како доказ за нормалност, мајчинството како услов за признание, и семејството како алатка на државна репродукција. Во оваа примарно фашистичка, и подоцна општо авторитарна политика, жената не постои надвор од улогата на мајка, а детето не постои ако е родено надвор од бракот.Кога дури и официјалните податоци покажуваат дека масовната миграција е резултат на долгорочна економска несигурност, корупција, непотизам и институционален колапс – состојби што актуелната власт не само што не ги решила, туку активно ги одржува, премиерот бесрамно тврди дека ќе живееме со повеќе срце ако се мажиме, раѓаме и се враќаме дома. Во држава каде што срцевите заболувања се водечка причина за смрт, каде што загадениот воздух го прави секое вдишување ризик, каде што здравствениот систем е нефункционален, а телото се третира како трошок, апелот на Мицкоски не звучи како повик на живот, туку како замаглување на неправдата што го одбива истиот тој живот.Уште повеќе, тој зборува и како да не е премиер. Како да не е политички наследник на практики што ни ја цементирале сегашната демографската криза. Како да страда од Пинокио-синдром, Мицкоски се претставува како некој кој дури сега, конечно се освестува и станува вистинско момче, па и ја презема државата во свои раце, како досега да немал никаква улога и одговорност.Со овој јазичен маневар прави целен обид за бришење на политичката одговорност и за претставување на веќе постојната состојба како нешто што тукушто почнува и што допрва треба да се решава, со што е јасно дека нема никаква намера вистински да се погрижи за проблемот.Оттука, повеќе од јасно е дека луѓето не заминуваат затоа што се откажале од потребата да создаваат заедници и семејства, туку затоа што државата одамна се откажала од нив.Поврзувањето на достоинственото живеење со послушноста кон бракот и репродукцијата не е политичка визија, туку биоморален диктат што ја префрла вината врз поединецот и ги поништува условите што државата одбива да ги гарантира“, велат од коалицијата Маргини.

Македонија | пред 7 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Возачот кој го усмрти Југо на кеј бил осудуван за насилство и непочитување на ковид мерки

Скопјанецот кој со мотоцикл „кавасаки“, кој го управувал без возачка дозвола, бил осудуван за две кривични дела, пред да ја стори сообраќајката каде го усмрти Југослав на скопскиот кеј.Тој претходно бил осуден за насилство сторено во 2016 година, како и за непочитување на ковид мерки во 2021 година. Сега, се гони за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот и неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода. По трагедијата кога го усмрти Југослав, возачот на мотоциклот избега и го остави дури и неговиот повреден совозач.„Скопје1“ побара информации од МВР за тоа дали ова лице било бркано од полициски службеници кога го усмртил Југослав, на што добивме одговор: „Во моментите пред да настане сообраќајната несреќа, лицето не било бркано од страна на полициски службеници“.На територија на СВР Скопје во месец јуни случени се 46 сообраќајни незгоди. Од нив 27 се со мотоцикл, од кои две се со материјална штета, 15 со телесни повреди, девет со тешки телесни повреди и една со смртни последици.

Македонија | пред 7 месеци

Skopje-nesreka

Наместо во затворот Шутка, во домашна удобност – судот одреди куќен притвор за возачот кој усмрти пешак и побегна

Наместо ефективен притвор, возачот на мотоциклот „Кавасаки“ кој усмрти пешак и побегна без да му укаже помош, ќе го чека епилогот од истрагата во удобноста на својот дом, дознава „Скопје1“. Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд, не ја уважи предлог-мерката на обвинителката која бараше ефективен притвор, односно возачот кој беше во бегство, да биде спроведен во затворот во Шутка.Засега не се познати деталите од решението, односно, зошто судијата се решил лице кое беше во бегство, да го остави во куќен притвор. Од Обвинителството посочуваат дека жалбата за ваквата мерка е веќе дадена и се чека одлуката на Кривичниот совет. Обвинителката инсистира на мерка ефективен притвор.Инаку, трагедијата се случи на скопскиот Кеј, на пешачка патека. Возачот на мотоциклот немал ниту дозвола. Жртвата, скопјанецот Југо (Југослав Николовски), излегол да фрли отпад, а бил усмртен под прозорецот на неговиот стан.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања