Скопје1.мк

nikoloski-pat-3

Николоски: Го завршивме експресниот пат Градско – Фариш, патот до Прилеп и Битола сега побрз и побезбеден

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, преку видео на својот Фејсбук профил објави дека е завршена изградбата на делницата Дреново – Фариш, како дел од експресниот пат Градско – Прилеп, нагласувајќи дека овој инфраструктурен проект носи конкретни придобивки за граѓаните од Пелагонија и Тиквешијата.„Го изградивме експресниот пат Градско – Дреново – Фариш (Прилеп). Ветивме модерно и безбедно патно решение, и ова е одговорот на тоа ветување,“ напиша Николоски.Според него, новата делница во должина од 25 километри значително ја подобрува безбедноста и го скратува времето на патување од Скопје до Прилеп и Битола.„Продолжуваме да ја градиме Македонија“, заврши тој во објавата, потенцирајќи дека патот ќе има директно влијание врз развојот на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Могила, Новаци, Кривогаштани и целиот регион.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_5515

„Ајде мајки, на +40 степени да докажеме дека нема ништо посилно од болка и љубов“, нов марш во Кочани, мајките со апел

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, во кое членуваат родителите и блиските на настраданите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“, ја најави 12-та протестна шетња под мотото „Марш за ангелите“.Маршот ќе се одржи денеска, на 5 јули, со почеток во 18:05 часот, и ќе започне од Паркот на Револуцијата, по што ќе продолжи кон Трговскиот центар, Општина Кочани, Полициската станица, Основниот суд и Јавното обвинителство.Маршот е израз на сеќавање и болка за прерано згаснатите животи, но и апел за одговорност и неселективна правда, која семејствата ја бараат речиси четири месеци по трагедијата.„Ајде, мајки Македонки, на +40 степени да докажеме дека нема ништо посилно од мајчинската љубов, тага и болка“, напиша на социјалните мрежи Мита Тасева, мајка на загинатиот диџеј, повикувајќи на масовност и солидарност.Семејствата ги повикуваат сите граѓани кои ги поддржуваат во нивната борба за вистина и правда – да се приклучат и да не дозволат трагедијата да биде заборавена или заташкана.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-07-05-at-10.14.43

(Видео) Трагедија во Тексас: Најмалку 24 загинати во катастрофалните поплави, исчезнати десетици деца од летен камп

Најмалку 24 лица го загубија животот во катастрофалните поплави што го погодија Тексашкиот ридски округ по поројните дождови кои ја зафатија областа во петокот, соопштија американските власти. Во тек е интензивна потрага по уште најмалку 25 лица, поголемиот дел од нив деца од христијанскиот летен камп „Мистик“ во Хант, кој во моментот на несреќата бил домаќин на над 750 девојчиња.Според надлежните, водата од поплавената река Гвадалупе навлегла со голема брзина во округот Кер и околните подрачја околу 4 часот наутро во петокот. Телата на некои од жртвите се пронајдени во возила однесени од надојдените води.Гувернерот на Тексас, Грег Абот, прогласи вонредна состојба, нарекувајќи ја ситуацијата „катастрофа“ и потврдувајќи дека мисиите за пребарување и спасување се одвиваат непрекинато, дење и ноќе.– Ќе продолжиме и во темнина и кога ќе изгрее сонцето. Не смееме да запреме – рече Абот на прес-конференција.Шерифот на округот Кер, Лари Л. Леита, потврди дека бројот на загинати се искачил од 13 на 24 до петокот навечер. Уште еден смртен случај е пријавен во соседниот округ Кендал.Полковник Фримен Мартин, директорот за јавна безбедност на Тексас, го окарактеризира настанот како „настан со масовни жртви“, предупредувајќи дека бројот на загинати може дополнително да расте, бидејќи десетици сè уште се водат како исчезнати, а 237 лица се евакуирани и спасени досега.Спасувачките тимови, вклучително и хеликоптери и теренски возила, успеале да извлечат дел од децата и персоналот од кампот „Мистик“. Сепак, голем дел од подрачјето е без електрична енергија и интернет, а на жителите во критичните зони им е наложено да се евакуираат на повисоки терени.Ситуацијата и понатаму е критична, а властите апелираат на максимална внимателност и солидарност.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп: Путин само сака да продолжи да убива – Украина мора да се брани со „Патриот“

Американскиот претсеател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин не покажал никаков интерес за прекин на огнот, туку напротив – сака „да оди до крај и да продолжи да убива луѓе“. Изјавата доаѓа по телефонскиот разговор кој Трамп го имал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој разговарале за засилување на воздушната одбрана на Украина, вклучително и испорака на американски ракети „Патриот“.„Ќе им требаат за одбрана… силно се погодени. Тоа се навистина импресивни ракети,“ рече Трамп, опишувајќи ги системите „Патриот“ како клучни во борбата против руските напади.Иако администрацијата на САД претходно привремено стопираше некои испораки на оружје кон Киев, Трамп посочи дека е оптимист за обновување на поддршката, по „многу добриот разговор“ со Зеленски. Зеленски, пак, преку Телеграм порача дека работат на „зајакнување на капацитетот за одбрана на небото“, како и на заедничко производство и набавка на одбранбени системи.Трамп откри дека разговарал и со германскиот канцелар Фридрих Мерц за можно вклучување на Германија во испорака на „Патриот“, но одлука сè уште не е донесена.Официјален Киев предупредува дека секоја пауза во воената поддршка од Западот значи слабеење на нивната способност да се спротивстават на ескалирачките руски воздушни напади и офанзиви на фронтот.

Свет | пред 7 месеци

rusija-areodrom-drom

Украински специјалци погодија руски воен аеродром – уништени бомби и авион

Украинските специјални сили во саботата извеле напад врз рускиот воен аеродром Борисоглебск во Воронешката област, соопшти украинската војска преку социјалните мрежи.Според нивните информации, при ударот било погодено складиште со „клизни бомби“ и тренажен авион, а постои сомнеж дека се оштетени и други воени летала, иако засега не се објавени дополнителни детали.Во соопштението се наведува дека аеродромот служи како база за руски борбени авиони од типот Су-34, Су-35С и Су-30СМ, кои редовно учествуваат во нападите врз Украина.

Свет | пред 7 месеци

2

Возачот кој го усмрти скопјанецот на кеј, немал ниту возачка дозвола: станува збор за лице со криминално досие

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 25-годишен скопјанец, кој на 1 јули управувал мотоцикл и со тоа предизвикал сообраќајна несреќа на кејот на Вардар, при што смртно настрада пешакот Југослав Николовски.Осомничениот се товари за кривични дела „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, бидејќи со мотоцикл без табличка возел по пешачка патека кај улицата „Јован Хаџи Константинов – Џинот“, не поседувал возачка дозвола и не ја приспособил брзината, иако бил свесен дека може да предизвика последици.Со левата страна од моторот удрил во телото на Николовски, кој се движел по патеката. Од ударот пешакот се здобил со тешки повреди и починал следниот ден, додека сопатникот на моторот бил полесно повреден. Наместо да помогне, возачот го оставил моторот и ги напуштил повредените, бегајќи пеш од местото.Според обвинителството, осомничениот извесен период бил недостапен за органите на прогонот, а дополнително се работи за лице со криминално досие, што упатува на сериозна опасност од бегство и повторување на делото.Поради сето тоа, јавниот обвинител побара притвор за осомничениот. Очекувањата се дека судот ќе одлучи во најкус можен рок.

Скопје | пред 7 месеци

IMG_5168

Претреси во Скопје и Куманово, лишени од слобода шест лица

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство Скопје денеска поведе постапка против шест лица, поради основано сомнение дека заеднички вршеле продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници врз основа на обезбедени судски наредби, извршија претреси на повеќе локации во Скопје и Куманово со цел целосно разоткривање на лицата и нивните активности кои траеле подолг временски период.При претресите на неколку локации беа пронајдени околу 6 килограми амфетамин, но и повеќе таблети, пакувања со растителна материја, како и други предмети кои се предмет на вештачење по наредба на јавниот обвинител.Предистражната постапка траеше неколку месеци, а дел од доказите беа обезбедени со примена на посебни истражни мерки.Согласно обезбедените докази, постои сомнение дека тие заедно со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, така што претходно неовластено набавувале, држеле и продавале психотропна супстанца - амфетамин, кој е класифициран во Националната Листа II на контролирани психотропни супстанции, како и 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (MDMA)-психотропна супстанца, класифициран во Националната Листа I на контролирани психотропни супстанции.

Македонија | пред 7 месеци

1-2

Тошковски и Дачиќ: Она што го ветивме го остваривме на дело, One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ денеска на граничниот премин Табановце - Прешево го промовираа почетокот на One Stop системот на заеднички контроли на граничниот премин со што се овозможува побрз транспорт на луѓе, повеќе трговија, туризам и пријателство меѓу двете држави.Почетокот на овој систем на заеднички контроли симболично беше означен со потпишување на Протоколот за извршување на гранични проверки на гранични премини кои го потпишаа двајцата министри на настанот. Воедно денес беше потпишан протокол за соработка за време на летната и зимската туристичка сезона кој го регулира меѓусебното испраќање на полициски службеници за помош на туристичките места и настани во зависност од потребите, што веќе функционира во годините наназад.„Она што го ветивме го остваруваме на дело. На почетокот на оваа летна сезона, воведуваме заеднички систем на гранична контрола, кој што треба да овозможи побрз проток и помалку чекање на нашите граѓани. Денес официјално започнуваме со употребата на One Stop системот и сигурен сум значително ќе се намали времето на чекање и ќе се забрза трансферот на патници на нашите граници. Денес беше потпишан и протоколот за размена на полициски службеници во рамки на туристичките центри каде што имаме потреба во рамки на туристичките сезони.“, потенцираше министерот Тошковски.„Целта на оваа соработка е поедноставување на комплетните процедури на граничните проверки така што полициските службеници на земјите ќе бидат овластени освен за граничните проверки на својата земја да ги извршат и проверките и за излезните гранични проверки. Едноставно воспоставуваме One Stop контрола и тоа на местото на влегувањето во државата. Со тоа едно застанување се избегнува непотребното задржување на патниците на излез. Ова е голем чекор напред посебно кога се однесува за големите празници или летната сезона која голем број луѓе ги минуваат границите.“, образложи министерот Ивица ДачиќВоедно двата министри разговараа за дефинирање на соработка во вонредни ситуации како пожари за взаемно помагање и користење на ресурсите со кои располагаат двете страни при такви ситуации

Македонија | пред 7 месеци

1

Опасни СМС пораки кружат меѓу граѓаните – МВР предупредува дека станува збор за криминалци!

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број случаи на испраќање лажни SMS пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори.„Овие пораки содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ве наведат да внесете лични или финансиски податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени од страна на криминални групи.Апелираме до сите граѓани да бидат крајно внимателни и да постапуваат одговорно”, велат од МВР и апелираат:• Не отворајте линкови од сомнителни испраќачи;• Не внесувајте лични податоци на непроверени страници;• Не одговарајте на вакви пораки;• Пријавете го случајот во најблиската полициска станица;• Блокирајте го бројот на испраќачот.Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки и води постапки во врска со вакви измами.

Македонија | пред 7 месеци

0-02-05-17084385bdd836ceaeac01ab9f95aec7df917ccb81dc91fee47380b856a12ab9_7af79451a73a96d7

Бракот е слободен избор, а не даночна обврска, остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација на изјавите на Мицкоски за оданочување на немажените и неженетите

Остра реакција на Мрежата за заштита од дискриминација на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски дека се разгледува можноста за воведување дополнителни даноци за неженети и немажени лица.Таквата изјава, велат е длабоко загрижувачка и претставува закана за основните човекови права и принципите на еднаквост и слобода.Мрежата оценува дека ваквата најава односно идна мерка не само што би била ретроградна, туку е и дискриминаторска, бидејќи ги крши човековите права односно правото на избор, правото на приватен и семеен живот и правото на планирање семејство, животен стил, семејна состојба и иднина.„Го стигматизира секој кој не живее во брачна заедница, било од избор, било од околности. Ги удира младите, самохраните родители, ЛГБТИ+ лицата и оние кои се социјално и економски ранливи.Не придонесува кон развој на општеството, туку отвора врата за нови поделби, стигма и нееднаквост”, велат од Мрежата.Потсетуваат дека со член 25 од Уставот на секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот. Дополнително, вонбрачната заедница е регулирана и заштитена со Уставот на Република Северна Македонија.„Ваквиот предлог јасно кореспондира со идеите кои доаѓаат од авторитарни режими кои преку ретроградни наративи имаат за цел насилно зголемување на наталитетот. Наместо казнување на личните избори преку даночен систем, потребни се политики кои ги поддржуваат младите семејства, достапни градинки, сигурно вработување, родова еднаквост и слободен избор на партнерство и родителство.Животниот стил не е основа за оданочување. Во демократска и современа држава, бракот треба да биде слободен избор, а не даночна обврска”, се вели во соопштението.Ја повикаа Владата, како орган којшто е овластен предлагач на закони и политики, да се воздржи од иницијативи кои поттикнуваат дискриминација, а институциите да застанат во одбрана на правата на сите граѓани, без разлика на нивниот брачен статус.

Македонија | пред 7 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Кривична пријава против полициски службеник за „проневера во служба“ и „лажно пријавување на кривично дело“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Д.С. на работно место самостоен криминалистички техничар во СВР Тетово- ОВР Гостивар поради постоење основи на сомнение дека сторил две кривични дела „проневера во служба“ по член 354 став 3 од КЗ и кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“ по член 366 став 2 од КЗ.Пријавениот во временски период од јануари до април 2025 година, со намера да се стекне со значителна противправна имотна корист, присвоил 25.000 евра и златен накит, кои му биле доверени во службата, претходно одземени од лице при извршен претрес на дом и други простории при кое истражно дејствие пријавениот преземал полициски овластувања. Одземените предмети биле оставени на чување во службен метален ормар во ПС ОН Гостивар. Парите и златниот накит ги присвоил така што незабележан од никого прво ги изнел парите од службените простории, а потоа во неколку наврати го изнел и златниот накит, кој го продал во златарница во Гостивар.Пријавениот со цел да ги прикрие своите противправни дејствија, во просториите на ПС ОН Гостивар фингирал дека било извршено кривично дело тешка кражба на металниот ормар, во кој биле оставени одземените предмети, на начин што ја искршил бравата од ормарот и ги отстранил шипките од бравата, а една од хартиените вреќи во кои биле обезбедени предметите ја искинал, додека другата ја фрлил во контејнер.Пријавениот е лишен од слобода, задржан во полициска станица и ќе биде изнесен пред суд. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки именуваниот да се отстрани од работното место- суспендира до завршување на дисциплинската постапка.

Македонија | пред 7 месеци

gerasimovski

Герасимовски: „Центар со срце за Кочани, кога е најтешко, мораме да бидеме заедно“

На предлог на градоначалникот Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар на денешната 50. Седница, донесе едногласна одлука за доделување финансиска помош во износ од 1.000.000 денари за рехабилитација на повредените и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Кога е најтешко, да си подадеме рака, да се поддржиме, да покажеме дека хуманоста и солидарноста се најголемата сила што ја имаме. Нашите мисли се со семејствата кои тагуваат и со сите повредени кои се во процес на опоравување. Им посакувам да останат храбри и да не се предаваат, нека знаат дека не се сами", рече градоначалникот Герасимовски.Советниците ја прифатија иницијативата на Герасимовски, испраќајќи силна порака на сочувство и поддршка за сите погодени од големата трагедија, во која згаснаа 62 млади животи, а 200 беа повредени.„Оваа помош не е само финансиска, таа е симбол на блискост, емпатија и искрена грижа. Кочани ја има нашата поддршка – од мене лично, од Општина Центар, од Советот и од сите центарци. Во овие мигови мораме да покажеме дека сме сплотени – еден народ, едно срце", додаде Герасимовски.

Македонија | пред 7 месеци

kostadinov-strumica

„Народе мој, време е!“ Струмичкиот градоначалник најави кампања 365 дена со луѓето

Актуелниот струмички градоначалник, Костадин Костадинов кој го „замрзна“ неговото членство во СДСМ откако лидерот Венко Филипче не го кандидираше за уште еден мандат најави кампања со луѓето која, како што пишува на ФБ, ќе трае 365 дена.Од следната недела започнувам народна кампања – 365 дена со вас.365 дена со луѓето!Не кампања на зборови, туку на дела.Не кампања на ветувања, туку на покажување.До сега бев секој ден, секој час со вас – на улиците, во селата, на пазарот, во дворовите, во училиштата, на градилиштата.Но сега е време да ви го презентирам сето она што чесно, посветено и со љубов го имам сработено.Јас и мојот тим – 365 дена со народот.Нема фотелји, нема привилегии – само служба, чесност и резултати.Ова не е почеток на политичка кампања.Ова е продолжение на животната мисија: да се служи на народот со срце, ум и одговорност.Ќе бидеме таму каде што сме секогаш – меѓу народот.Ваш,Коста Костадинов

Македонија | пред 7 месеци

stojanoska

Стојаноска: Додека СДС 7 години расипнички го трошеше буџетот, ВМРО-ДПМНЕ со ребалансот обезбедува повеќе пари за плати, пензии, капитални инвестиции

Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа на Комисија за финансирање на буџет посочи дека СДС имаа можност 7 години да докажат колку се загрижени за потребите на граѓаните.„Кога ќе ве потсетиме дека имавте можност од цели 7 години за да докажете колку сте домаќини, колку сте загрижени за реалните потреби на граѓаните и колку сте чесни вие веднаш возвраќате со одговор да не се враќаме назад, ние казната ја добивме на последните избори. Не, колеги. Тоа што изгубивте катастрофално на последните избори, тоа ви е казна од народот. Не трудете се народот да заборави дека вие не доведовте до оваа ситуација. Не трудете се да се извлечете од вашиот кабает за се што денес преживуваме, а заради вашата немилост во 7 години ваше владеење. И немојте да ги релативизирате вашите гревови и денес овде да ни изигрувате големи домаќини. За тоа што лани начекавме речиси испразнет буџет, за тоа не е доволна само казната од народот на последните избори. За тоа допрва ќе треба да се разбудат од длабокиот зимски сон оние кои бараа зголемен буџет вчера“ , рече Стојаноска.Стојаноска во врска со 7 годишното владеење на СДС потсети дека просечниот раст на БДП бил 1,6%, а ВМРО-ДПМНЕ за една година успеа да го доведе над 3%.„Што се однесува до вашиот лажен домаќинлук, добро е да и се повторува на македонската јавност фактот дека за вашето седумгодишно владеење постигнавте просечен раст на БДП од 1,6 проценти. За разлика од вас, ние за само една година постигнавме раст од над 3 проценти. И немојте, ве молам, да се вадите на ковид кризата и на војната во Украина, затоа што едноставно не поминува. Вие, за време на ковидот, бевте вистински профитери и криминалци. Гласавте лиценци за марихуана и за брусење на дијаманти, а народот го оставивте без вакцини. Гласавте 9 економски пакети за поддршка на стопанството, а не видовме како и каде завршија тие милионски суми. Но, да, ги гледаме денес вашите омилени лидери како шеикуваат во Дубаи и како оддалеку ви се смешкаат, додека вие овде изигрувате загрижени за народните пари. Вие, кои буквално го опљачкавте македонскиот народ, денес кажувате како требало домаќински да се работи“ , кажа таа.Стојаноска во текот на своето обраќање се осврна и на инфлацијата со што укажа дека во време на СДС таа била двоцифрена, а со ВМРО-ДПМНЕ во првите 5 месеци од оваа година изнесува 3,7%.„Па еве, да ве потсетам како се работи домаќински со само неколку факти. За БДП веќе ви споменав – раст од 3 % за само една година, раст во услужниот сектор од 2,2%,раст на индустријата од 2,1 %,раст на градежништвото од 7,1 %,раст во земјоделството од 0,7 %,понатаму имаме раст на нето платите, и тоа: здравствена и социјална заштита 14,7 %, образование 14,4 %, администрација 13 %.Понатаму, додека во ваше време дочекавме и двоцифрена инфлација со бројот 2 напред, истата во првите 5 месеци од оваа година изнесуваше 3,7 проценти. Сето ова не наведува на проекција за економски раст од 3,7 проценти до крајот на 2025 година. А, силниот раст на приходите во првите пет месеци од оваа година од 8,6 проценти е резултат на големите инфраструктурни проекти – коридор 8 и 10 и железничката инфраструктура“, истакна Стојаноска.Пратеничката Стојаноска во врска со ребалансот на буџетот порача со овој ребаланс на буџет дека ќе се обезбедат повеќе пари за плати, за пензии, капитални инвестиции.„Со овој ребаланс обезбедуваме дополнителни средства од 800 милиони денари за плати од 2,5 милијарди денари за пензии и од 300 милиони денари за капитални инвестиции. Со овој ребаланс ќе има две милијарди денари повеќе за изградба и рехабилитација на кампуси, студентски домови и училишта“, додаде Стојаноска.

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Вработен во Водовод претепан со метални палки, клоци, боксови - жртвата има скршеници

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против три лица поради сомнение за кривично дело Насилство по член 386 став 3 од Кривичниот законик, откако на 2 јуни брутално нападнале вработен во пункт на „Водовод“ во Шуто Оризари.Според обвинителството, додека оштетениот паркирал службено возило пред објектот, тројцата осомничени му пришле од зад грб и без повод го нападнале со дрвени и метални палки, клоци и боксови, нанесувајќи му тешки телесни повреди, вклучително и фрактури на повеќе коски. Насилството се случило пред очи на очевидци, предизвикувајќи силна вознемиреност и страв кај присутните.До моментот, еден 29-годишен осомничен е уапсен, а обвинителството побара притвор поради опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоците. Другите двајца напаѓачи, на возраст од 38 и 40 години од Сингелиќ, се во бегство, а за нив се распишани насоки за пронаоѓање и приведување.

Македонија | пред 7 месеци

kocevski

Вештачењата за Онкологија и трагедијата во Кочани се завршени, Коцевски очекува обвинение за полициските службеници за пожарот во „Пулс“ околу септември

Вештачењата за случаите поврзани со Онкологија и со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се веќе комплетирани, информираше денеска државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.Во изјава дадена по седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која се расправаше за ребалансот на Буџетот, Коцевски нагласи дека овие вештачења претставуваат значаен финансиски товар за обвинителството, со оглед на тоа што биле изработени во странство.– Сите вештачења кои се однесуваат на случајот во Кочани и на Онкологија се веќе завршени. За Онкологија, според моите информации, веќе е закажана главна расправа. Но, овие вештачења носат сериозни трошоци бидејќи се правени надвор од државата – изјави Коцевски.Во однос на предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, кој по одлука на Врховниот суд е препратен за оценка до Основниот кривичен суд Скопје, Коцевски очекува обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“ околу септември.-Таму предметот е се уште во истрага, со оглед дека нема притвор, има и законски рок за истрагата. Така да, се надеваме негде таму околу, да не дадам сега конкретни датуми, меѓутоа сигурно околу септември ќе се заврши истрагата, и тој предмет ќе се води во ОЈО за организиран криминал, со оглед дека тука нема проблем, надлежно ќе биде Кривичниот основен суд Скопје – рече Коцевски.

Македонија | пред 7 месеци

kazni-policija-policaec

Жена почина во приватна болница, 17-годишник предизвика сообраќајка, запленета дрога во Скопје и Струмица

Во приватна здравствена установа во селото Кадино, скопско, починала 36-годишната И.Т. од населбата Илинден – се наведува во полицискиот билтен на МВР. Смртта била констатирана од страна на лекар, а на телото не се забележани видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција.Во несреќа што се случила на регионалниот пат Ресен–Стење, на влезот во селото Царев двор, 17-годишен возач од Ресен изгубил контрола и со возило „фолксваген“ излетал од коловозот. Со тешки телесни повреди се здобиле тој и двајца сопатници – едниот на 19-годишна возраст, другиот малолетен. Уште еден малолетен сопатник се здобил со телесни повреди. Сите се од Ресен, а повредите се констатирани во Клиничката болница Битола. И Во Струга, во селото Лабуништа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлија“ без регистарски таблици и електричен тротинет, управувани од малолетници. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.На 3 јули во Скопје, во семејниот дом во општина Гази Баба, 51-годишна жена била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг. Случајот бил пријавен во 3.30 часот по полноќ на 4 јули. Се преземаат мерки и по целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.Истовремено, пријавено е и исчезнување на 14-годишник од јавна установа за згрижување деца. Според пријавата во Полициската станица Карпош, И.И. повторно се оддалечил од установата, а полицијата презема мерки за негово пронаоѓање.Во две одвоени полициски акции, беа откриени и одземени наркотични материи. На 30 јуни во Струмица, по сообраќајна незгода, во возило „голф“ управувано од 33-годишен маж од село Попчево, полицијата пронашла и одзела марихуана, по што против него е поднесена кривична пријава. Во Скопје, на неколку локации на 3 и 4 јули, беа приведени пет лица – четворица на возраст од 19 до 25 години и еден 17-годишник – кај кои биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.Во Дебар, 65-годишен маж од село Долно Палчиште доби кривична пријава поради тоа што извршувал јавен превоз на патници без лиценца. Тој бил затекнат при полициска контрола во возило „опел зафира“ како врши нерегуларен превоз на излезот од Дебар.

Македонија | пред 7 месеци

mickoski-3

Мицкоски: Сериозно размислуваме за данок за оние што не склучиле брак

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“ која се одржа во Владата, при што порача дека државата е свесна за демографската криза и отворено се соочува со неа.„Оваа Влада не го премолчува проблемот, го признава и се бори со него“, рече Мицкоски, додавајќи дека борбата за повисок наталитет не е задача на едно министерство, туку на целото општество – од градинките и училиштата, до родилиштата, семејствата и иселеничките клубови.Во своето обраќање, премиерот потенцираше дека државата треба да стане место „каде мајчинството е благослов, а не товар“ и каде младите ќе имаат причина да останат.„Се надевам, професор Јаневска, дека оваа година читанката нема да биде ‘Мама, тато и јас’, туку ‘Бато, дада, јас, мама и тато’“, рече Мицкоски.Како дел од предложените мерки, тој откри дека Владата размислува и за воведување на дополнителни даноци за лицата кои не се во брак, како начин да се стимулира формирање семејства.„Знаеме дека нема магично решение, но има постојана, намерна државничка борба. И ние веќе ја почнавме“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 7 месеци

sudenje

Наместо во строгото КПУ Идризово, судија пратил осуденик во Гевгелија, сега му се суди нему

Судија од Основниот суд во Кавадарци се соочува со обвинение за несовесно постапување, откако со своите одлуки свесно овозможил осудено лице да ја избегне издршката на затворската казна речиси цела година. Обвинението го поднесе Основното јавно обвинителство Велес.Како што информираат од Обвинителството, станува збор за судија за извршување санкции, кој во текот на 2024 година намерно постапувал спротивно на законот во предмет што се однесува на извршување казна затвор од 3 години и 8 месеци. Казната била изречена со правосилна пресуда на Основниот суд во Гевгелија, а осудениот требало да биде упатен во КПУ Идризово – Скопје, со оглед на висината на изречената казна.Сепак, судијата, иако навреме ја примил пресудата – на 5 април 2024 година, не постапил во законскиот рок и дури по доцнење го изготвил упатниот акт, со кој осуденото лице било погрешно насочено кон затворот во Гевгелија. Оттаму било вратено известување дека установата нема надлежност за ваква казна.Наместо веднаш да го коригира пропустот и да го упати лицето во соодветната установа, судијата продолжил со одолговлекување – пробивајќи ги роковите при секоја наредна одлука во предметот.Дури на 4 јуни 2024 година добил известување дека осудениот не се појавил во КПУ Идризово. Иако бил обврзан да издаде наредба до полицијата во рок од 24 часа за приведување, тој го направил тоа дури на 7 јуни. Централна потерница била распишана, по што осуденото лице било пронајдено и лишено од слобода.Казната започнал да ја издржува дури на 11 март 2025 година – скоро една година подоцна од првично предвидениот термин во април 2024 година.Сега судијата се соочува со обвинение за несовесно вршење на службата, при што, според Обвинителството, неговите дејствија биле свесни и со намера да му обезбедат поволности на осуденото лице.

Македонија | пред 7 месеци

ojo-gokk

Обвинение за директорот на Геријатрија за поткуп од 20.000 евра – фатени на лице место со примачот на парите

Обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против две лица за кривични дела поврзани со корупција, информираат од Обвинителството.Првообвинет во случајот е директорот на ЈЗУ „13-ти Ноември“ – Скопје, кој се товари за кривично дело примање поткуп, додека второобвинетото лице се товари за примање награда за противзаконито влијание.Според обвинението, директорот побарал поголема сума пари од сведок – давател на доживотна издршка, за да овозможи болнички прием на лице во тешка здравствена состојба. Иако се работело за службено дејствие што морал да го изврши, тој го условил со лична корист. Второобвинетиот ја примил договорената сума во негово име, со цел да изврши влијание и да го поттикне директорот да ја исполни својата обврска.При примање на дел од договорените 20.000 евра, второобвинетиот бил фатен на лице место од страна на полицијата.Обвинителството заедно со обвинителниот акт поднесе и посебен предлог за продолжување на притворот за двајцата обвинети, со образложение дека не постојат услови за поблага мерка.

Македонија | пред 7 месеци

blokada-srbija

Блокади низ Србија: Полицијата во камуфлажни униформи врши апсења од рано наутро

Во Србија, денес е петтиот ден од студентските и граѓанските протести и сообраќајните блокади низ целата земја. Блокади има во Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Краљево, Ваљево, Панчево, Суботица и други градови.Првите апсења на граѓани веќе се евидентирани во Нови Сад. Во Белград, полицијата ги отстрануваше блокадите, а на улиците беа присутни силни полициски сили, вклучувајќи ја жандармеријата и полицајци во цивилна облека со балаклави.„Полицијата ги приведува граѓаните за преминување на улица, но повеќе нема да можат да го прават тоа“, рече граѓанин, еден од учесниците во блокадите.Во Ниш, жена се обиде да ја пробие блокадата со својот автомобил, но полицијата ја запре. Граѓаните во Ниш ги блокираат раскрсниците со преминување на пешачки премини и со тоа го забавуваат сообраќајот, во присуство на полициска придружба.Клучни делови од Белград беа исто така блокирани, вклучувајќи ја улицата Таковска, улицата Кралица Марија, кружниот тек во Нов Белград и неколку раскрсници во Карабурма и Коњарник. На некои места сообраќајот се одвива бавно, додека на други е целосно запрен.Граѓаните на некои места прават бучава со свирчиња и труби, а протестите засега се одвиваат без поголеми конфликти, освен спорадични полициски интервенции.Професорката Ана Савиќ од Факултетот за природни науки изјави за Н1 Белград дека ситуацијата покажува знаци на општествени промени. Како е блокирано?Граѓаните на Стариот град во Белград ги блокираат раскрсниците со брзо демолирање на контејнери за да го спречат сообраќајот, а кога ќе пристигне жандармеријата, тие брзо се преместуваат на нова локација.Како што изјавија за Н1, ова е нивната тактика – штом се појави полицијата или жандармеријата, тие го напуштаат местото без конфликт и продолжуваат понатаму.До 8 часот наутро, тие веќе имаа сменето неколку локации: од Плоштадот на Републиката, преку тунелот Теразије, улиците Дечанска и Македонска.Според извештајот на Н1, граѓаните се многу лути и викаат „напумпајте го“. Жандармеријата брзо ги следи, а зад нив следат и неколку полициски возила.Меѓу демонстрантите има и родители со мали деца. Градскиот сообраќај функционира повремено, а меѓу толпата нема организирани полицајци или моторџии.

Свет | пред 7 месеци

RIM-eksplozija

ФОТО/ВИДЕО Најмалку 20 повредени во страшна експлозија во Рим, била толку моќна што ја регистрирале и сеизмографи

Повеќе од 20 лица се повредени, вклучувајќи најмалку тројца со тешки изгореници, по силна експлозија на бензинска пумпа во источен Рим околу 8:20 часот утрово.Итните служби биле на местото на настанот пред експлозијата бидејќи биле повикани откако камион удрил во цевковод на бензинска пумпа, објавија италијанските новински агенции.Пожарот се проширил на блискиот магацин, а ударниот бран од експлозијата ги оштетил блиските згради.Според извештаите, експлозијата се случила на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас (LPG) на Виа деи Гордијани, а детонацијата се слушнала низ целиот италијански главен град, објави Ројтерс.Страшната експлозија фрли остатоци на 300 метри од местото на настанот. Според некои сведоштва објавени на социјалните мрежи, по експлозијата прво избувнал пожар, а потоа следеле две речиси последователни експлозии, од кои втората била помоќна.На снимката се гледаат остатоци расфрлани низ теренот, а оградата околу теренот се чини дека е свиткана во експлозијата. „Џиновска огнена топка на небото“Тие велат дека на небото се појавила огромна портокалова огнена топка, некои жители избегале во паника, а снимките покажуваат огромен облак од темно сив чад како се извишува над зградите во Рим.Локалниот веб-сајт „Рома тудеј“ објави фотографија од огромна топка од пламен и чад што се издига високо кон небото над бензинската пумпа и околните куќи.„Го слушнав додека излегував од куќата, беше многу силен тресок, целата куќа се тресеше и се плашев дека прозорците може да се скршат поради тоа колку беше гласно“, изјави еден сведок за Ројтерс.Осум полицајци и еден пожарникар се повредени, а на местото на настанот се едно амбулантно возило, две медицински екипи и три амбулантни возила, а пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот, објавува „Кориере дела сера“.Планот за вонредни состојби е активиран и сите служби за итни случаи се ставени во состојба на готовност. Сликите објавени од пожарникарите покажуваат дека бензинската пумпа е речиси целосно уништена.Експлозии една по друга„По првата експлозија имаше неколку верижни експлозии“, изјави портпаролката на римската полиција, Елизабета Акардо, за РАИ, додавајќи дека сите повредени полицајци претрпеле изгореници, но нивните животи не се во опасност.Портпаролот на противпожарната служба Лука Кари потврди дека еден пожарникар е повреден во експлозијата, но не сериозно, додавајќи: „10 екипи работат на местото на настанот“.Полицијата ја проверува целата околина барајќи повредени или заробени лица во блиските згради, јавува Асошиејтед Прес. Експлозијата се случила во квартот Пренестино, на југоистокот од Рим, во близина на градинка и спортски клуб. Поради безбедносни причини, агенцијата за јавен превоз во Рим, Атак, ја затвори блиската метро станица Теано по наредба на полицијата, јавува АНСА.Експлозијата била толку моќна што ја регистрирале и сеизмографи.

Свет | пред 7 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Уште еден пешак прегазен во Скопје – уапсен е возачот

Пешак на возраст од 65 години се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од автомобил во центарот на Скопје.Како што информира МВР, несреќата се случила на 3 јули околу 11 часот на улицата „Филип Втори Македонски“. Патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски таблички, управувано од 48-годишниот П.А. од Скопје, удрило во пешакот К.К., исто така од Скопје.Повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.Од страна на СВР Скопје бил извршен увид, а возачот е приведен. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 7 месеци

avtopat-Srbija

Трагедија на автопатот кај Суботица: Македонски државјанин загина, друг тешко повреден

Рано утрово, на автопатот Нови Сад–Суботица, во насока кон граничниот премин Хоргош со Унгарија, животот го загуби 39-годишен македонски државјанин, а уште едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа.Несреќата се случила околу 5:15 часот, кога патничко возило од марката „Киа“, по сè уште неутврдени причини, излетало од коловозот во близина на населбата Вишњевац — помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица — и се превртело.Во несреќата на самото место починал сопатникот Н. А. (39), додека возачот А. А. (60) се здобил со тешки повреди и е хоспитализиран во болницата во Суботица.На местото на трагедијата увид извршија екипи на сообраќајната полиција и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Суботица.Српската полиција информира дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

Македонија | пред 7 месеци

orban-2

Прв пат во историјата? „Активирајте ја нуклеарната опција против Унгарија!“

Под слоганот „Силна Европа во светот што се менува“, во текот на следните шест месеци Кралството Данска, кое го презеде претседателството со Советот на Европската Унија на 1 јули, ќе се фокусира на две главни теми - безбедност и одбрана и конкурентност и зелена транзиција.На овој пат, Данска покрена важна иницијатива, имено, сака Европа да го искористи целиот свој правен арсенал против Унгарија за кршење на основните права на Унијата, вклучително и покренување на таканаречената „нуклеарна опција“, Член 7, против Будимпешта, пишува Политико.„Продолжуваме да бидеме сведоци на кршење на фундаменталните вредности“, изјави данската министерка за европски прашања, Мари Бјер, пред новинарите во Архус, каде што е во посета Европската комисија, додека Копенхаген го презема претседателствоto со Советот на ЕУ, додавајќи: „Затоа ќе ја продолжиме постапката според Член 7, како и расправата за Унгарија“.„Нуклеарна опција“Член 7 е клаузула во договорот на ЕУ што им овозможува на земјите да гласаат за исклучување или санкционирање на членка што ги крши правилата на Унијата. Се смета за најтешка законска мерка - „нуклеарната опција“, која ЕУ сè уште не ја имплементирала и покрај тврдењата на Брисел дека Унгарија го прекршила законот.Бјер, исто така, рече дека Унијата треба да размисли за ограничување на пристапот до фондовите на Унијата за земјите што го кршат европското право, а друго важно прашање за Данска е проширувањето на ЕУ. Министерот ја критикуваше Унгарија за постојаната блокада на членството на Украина во Унијата и рече дека Данска е подготвена да ги разгледа сите политички и практични решенија „за да можеме да продолжиме напред“.Недостаток на поддршка од две земјиДоколку земјите од ЕУ одлучат да ја заострат постапката според Член 7, тие би можеле да ѝ го одземат правото на глас на Унгарија за прашања од европската политика, како што е проширувањето, со што ќе го изгубат правото на вето на Будимпешта врз членството на Украина.Сепак, дипломатите предупредуваат дека таков чекор би барал решителна поддршка од Париз и Берлин за да се убеди остатокот од Унијата, и дека поддршката во моментов недостасува.Иако Унгарија продолжува категорично да го отфрла членството на Украина, се шпекулира дека Европската комисија може да одлучи да продолжи со членството на Молдавија со формално отворање на преговарачки кластер во наредните денови. Молдавија и Украина се движат кон членство во ЕУ заедно, па затоа нивното одвојување би било контроверзно.

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања