Скопје1.мк

pecakov-4

Охрид воведе забрана за градежни работи во централното градско подрачје

Од први јули (вторник) стапува на сила одлуката за забрана за изведување градежни работи во централното градско подрачје. Забраната се однесува на просторот јужно од булевар „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, на просторот над булевар „Туристичка“  во длабочина од 50 метри, туристичките локалитети од каналот Студенчишта до „Свети Наум“.Забраната ќе биде на сила до 31 август 2025 година.

Охрид | пред 7 месеци

IGRALISTE-DRON-1-scaled-1

Пуштено во употреба реконструираното спортско игралиште „Гоце Толески“

Со пригодна свеченост што се одржа вчеравечер беше пуштено во употреба реконструираното спортско игралиште на булевар „Туристичка“, во станбениот комплекс на влезот во Охрид.Игралиштето кое е реконструирано со поддршка на општествено одговорната компанија „Моцарт“  ќе го носи името на познатиот охридски фудбалер Гоце Толески.Пред присутните гости на настанот, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.-Навистина ми претставува посебно задоволство и чест да бидам дел од овој пригоден настан за свечено пуштање во употреба на уште едносовремено и целосно реконструирано спортско игралиште во нашиот град.Спортската инфраструктура е основаза градење на здрава заедница. Без соодветни спортски терени, нема услови за развој на спортскиот потенцијал кај младите.Секој нов квадратен метар од спортска површина, не носи чекор поблиску до здрави генерации. Колку повеќе вложуваме во спортските капацитети, толку повеќе вложуваме во спортската иднина на нашите деца.Ова игралиште под отворено небо, ќе биде место каде што децата ќе учат на победа и пораз, дисциплина и пријателство. Ова ќе биде простор каде што ќе се градат нови спортски соништа.Оваа можност ја користам да упатам, голема благодарност до општествено одговорната компанија „Моцарт“, чија инвестиција е позитивен пример како бизнис секторот може да даде свој придонес во локалниот развој.Општина Охрид ќе продолжи и понатаму да дава голема поддршка на спортот, спортските клубови и новите спортски надежи, со една единствена цел, Охрид да биде град кој ќе слави големи спортски успеси и ќе се гордее со врвни спортски имиња.Посакувам ова игралиште да биде место на многу насмевки, позитивна енергија и место каде што ќе се изградат нераскинливи спортски другарства, истакна Пецаков.Игралиштето беше официјално отворено со натпревар во мал фудбал помеѓу екипите на „Некст левел“ и „Еуро фудбал“.

Охрид | пред 7 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ по протестот во Белград: „Србија победи – нема помилувања за насилниците“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ѝ се обрати на јавноста по вчерашниот масовен студентски протест „Видимо се на Видовдан“, кој заврши со инциденти и судири со полицијата во центарот на Белград.„Србија победи, и Србија нема да ја победите со насилство. Србија никогаш нема да застане“, изјави Вучиќ на прес-конференција, пренесува Блиц. Тој порача дека нема да потпише никакви помилувања или амнестии за учесниците во насилството, за кои, како што рече, биле предупредени повеќе од 500 пати да не учествуваат во вакви активности.Според Вучиќ, „теророт трае седум месеци“ од страна на лица кои, како што рече, се однесуваат како „божји пратеници“. Ги обвини дел од учесниците на протестот дека „свесно повикале на граѓански судир“ со пораката „имате зелено светло“.Иако го осуди насилството, Вучиќ направи разлика меѓу студентите од некои факултети кои, иако го критикуваат, одбиле да учествуваат во нереди, и оние кои, според него, сакале „крвопролевање“. Поблагодарувајќи ѝ се на полицијата за, како што рече, „патриотскиот пристап“ и воздржаноста, истакна дека се избегнати потешки последици благодарение на професионалната интервенција.„Не знаете што сте мислеле – дека сте посилни од државата? Па државата има монопол на физичка присила. Кој ве научи дека државата е нешто што може да се руши со камења?“, праша Вучиќ, додавајќи дека ќе има уште многу апсења поради нападите врз полицијата.Вчерашниот протест заврши со порака на студентите: „Земете ја слободата во свои раце, имате зелено светло“. По завршувањето на официјалниот дел, следуваа судири со полицијата, при што беа уапсени 77 лица, а повредени се 48 полицајци – од кои еден со тешка повреда на главата.Според министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој исто така се обрати на прес-конференција, на протестот учествувале 36.000 луѓе, иако други проценки зборуваат за повеќе од 100.000. Дачиќ наведе дека голем дел од полициската опрема бил уништен или оштетен – 67 шлемови, 75 штитови, неколку возила.Српските власти најавуваат засилени постапки против организаторите и учесниците во нередите, додека опозицијата и студентските движења тврдат дека протестот бил мирен и дека насилството е провоцирано од страна на полицијата.

Свет | пред 7 месеци

vozacka-1

Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

„Нов скандал во МВР е на повидок– нов случај на крајно сомнителен, коруптивен тендер којшто отвора сериозни прашања за злоупотреба на институциите за бизнис интереси и испумпување на парите на граѓаните, вели Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ и додава:МВР, под раководство на министерот Панче Тошковски, доделил милионски тендер за лиценца за организирање на возачки испити во Пелагонискиот регион на новооснована фирма „Супер Возач“.Зад оваа фирма стои функционер на ВМРО-ДПМНЕ и советник во советот на Општина Кичево, Филип Митрески. Преку фирмата „Стрит рајд“ којашто е сопственик на „Супер возач“.Во пракса, ова значи дека МВР доделила монопол од 5 години врз доходовен бизнис вреден милиони денари – сите полагања на возачки испити во Битола, Прилеп и Ресен ќе одат преку оваа фирма блиска до власта.Скандалот е уште поголем, затоа што фирмата е регистрирана само три месеци пред распишувањето на тендерот за прв пат.Прашањето е дали однапред е договорена оваа милионска зделка?Како знаел дека за неколку месеци ќе се распише тендер па функционерот од ВМРО-ДПМНЕ отворил фирма токму за ова намена?Случајно? Не веруваме. Ова е пример за корупциски и тендерски шеми на ВМРО-ДПМНЕ. Партиски тендери по мерка на власта и ништо друго.Ова не е прв случај. Напротив.По скандалозниот тендер за униформите, ова е уште еден случај на сомнителен коруптивен тендер во МВР.Основани се сомневањата дека МВР спроведува корупција во живо, наместо да се бори против криминалот и корупцијата.Ова е моделот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Партиски и лични бизнис интереси врз грбот на народот.Ова е огромен скандал кој мора да биде расчистен до крај и да има одговорност.СДСМ бара Државната комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет и да постапи.Основното јавно обвинителство да отвори предмет по допрен глас.Институциите не може да бидат неми следачи туку мора да отворат постапки согласно своите надлежности.Граѓаните заслужуваат институции што работат за нив, не за бизнисите на партиски советници.Македонија не смее да стане плен на организиран партиски грабеж кој го прави ВМРО-ДПМНЕ.Одговорност мора да има и ќе има!

Македонија | пред 7 месеци

slika-nesreka-grcija

(Видео) Страшна трагедија во Грција: Загинаа татко и син во судир со камион управуван од Македонец

Две лица – татко и неговиот 13-годишен син – го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи во саботата попладне на стариот магистрален пат Солун – Верија, во близина на делницата меѓу Халкидони и Лудија. Според информациите на грчките медиуми, патнички автомобил со четиричлено семејство под сè уште неразјаснети околности се судрил со камион со македонски регистарски таблички.Несреќата се случила околу 16 часот. 44-годишниот возач на автомобилот починал на самото место, додека неговиот 13-годишен син им подлегнал на повредите кратко по судирот. Во возилото се наоѓале и 43-годишната мајка и нивниот 9-годишен син, кои со тешки повреди биле пренесени во болницата „Гениматас“ во Солун.Возачот на камионот, 34-годишен државјанин на Македонија, не е повреден во несреќата, но е уапсен веднаш по настанот. Против него е поведена истрага, а надлежните органи утврдуваат под кои околности дошло до фаталниот судир.Според роднини на настраданото семејство, тие се враќале од Солун кон своето село Пела кога се случила трагедијата. Веста ја потресе целата локална заедница, а семејството и пријателите се во шок од загубата.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-29-at-11.38.34

(Фото) Спасувачка акција во Охридското Езеро: полицијата трагаше по четири лица на кои им се искршила едрилицата

Четири лица се спасени од Охридското Езеро откако нивната едрилица претрпела оштетување и станала неконтролирана поради силен ветер и бранови.Инцидентот се случил на 28 јуни 2025 година, околу 19:30 часот, кога во Полициската станица за граничен надзор било пријавено дека пловен објект, лоциран на околу 2,5 километри од брегот спроти авто-кампот „Извиднички“, побарал итна помош.Полициски службеници веднаш реагирале и со службен глисер се упатиле кон локацијата, каде што затекнале четири лица на едрилица во неволја. Лицата се безбедно пренесени до станицата кај каналот „Студенчишта“.Извадена е и оштетената едрилица, на која – поради неповолните временски услови – се скршил крмениот лист, што довело до губење на контрола врз пловниот објект.

Охрид | пред 7 месеци

screenshot_20250628_143234_facebook-696x411-1

(Видео) По 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да се вратат во Стар Караорман - иднината ја планираат во Македонија

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова адреса е штипското село Стар Караорман, каде, велат, конечно го пронајдоа тоа што им недостасувало – време за себе и за своите деца.„Таму беше трка со обврски, работа, смени, метеж… Немавме време ниту еден за друг, ниту за децата. Тука, конечно, живееме – не само што опстануваме“, велат Стојменови.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-29-at-11.17.59

(Видео) Отпор во Будимпешта: И покрај обидите за забрана, одржана „Парадата на гордоста“

И покрај обидите на унгарската влада да го забрани одржувањето на Парадата на гордоста, стотици активисти, граѓани и политичари од цела Европа маршираа низ улиците на Будимпешта, претворајќи го 30-тиот Budapest Pride во моќна демонстрација против режимот на Виктор Орбан и политиките што, според критичарите, ја разградуваат демократијата и човековите права во Унгарија.Повеќе од 70 европратеници и функционери на ЕУ пристигнаа во Будимпешта за да ја поддржат поворката која годинава доби дополнителна тежина поради најновите рестриктивни закони против LGBTQ+ заедницата. Во март, унгарскиот парламент усвои закон што ја забранува т.н. „јавна промоција“ на ЛГБТК содржини, а властите најавија и употреба на системи за препознавање лица за идентификација на учесници на „забранети собири“.„Ова не е само борба за правата на хомосексуалците. Ова е борба за опстанок на демократијата“, порача градоначалникот на Будимпешта, Гергељ Корачоњ, кој ја поддржа парадата и објави дека настанот не може да се забрани, бидејќи е пријавен како локален собир кој не подлежи на полициска дозвола. Наместо официјална Парада на гордоста, градските власти организираа настан за одбележување на ослободувањето на Унгарија од советските трупи во 1991 година – со ист маршрут и исти вредности: слобода и различност.„Љубовта не може да се забрани. Никој нема да биде граѓанин од втор ред во Будимпешта“, изјави Корачоњ, кој организираше сопствено обезбедување и ангажираше приватни чувари за да го гарантира безбедното одвивање на настанот.Присуството на европските институции беше масивно – околу 200 претставници од Европскиот парламент беа дел од поворката. Еврокомесарката за еднаквост, Хаџа Лахбиб, остро ја осуди дискриминацијата на ЛГБТ заедницата и потенцираше:„Разновидноста е темел на Европската унија. Таа мора да се заштити.“Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен побара од унгарските власти да овозможат парадата да се одржи без репресија и полициско прогонување. Слична порака испрати и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, која нагласи дека „почитувањето на човековите права не е избор, туку обврска“.Организаторите на Budapest Pride велат дека ваквата видливост и солидарност испратија јасна порака – и до Унгарија и до Европа – дека правото на љубов, идентитет и изразување не може да биде ставено под државна контрола.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-29-at-11.11.10

(Видео) Снимка од дрон од вчерашниот протест во Белград: олку нè затру со омраза и поделби, што повеќе не знаеме кој ни е брат, а кој непријател

Илјадници граѓани од цела Србија се собраа во саботата во главниот град на масовен протест под слоганот „Видимо се на Видовдан“, организиран од студентите во блокада. Главните барања на демонстрантите беа распишување нови избори, одговорност за изборните нерегуларности и укинување на т.н. „Ќациленд“ – ограден простор пред Собранието, во кој властите сместија контрапротестанти.Протестот започна мирно, но вечерта заврши со тензии и судири помеѓу демонстрантите и полициските сили на потегот од Славија кон Парламентот. Полицијата употреби сила за да го растера делот од толпата што се обиде да влезе во оградениот простор пред законодавниот дом.Најголемо внимание во јавноста предизвикаа снимки направени од воздух, кои ја прикажуваат контрастната слика на протестот: од едната страна – морe од граѓани, а од другата – кордони полиција кои го штитат делот со неколку стотици симпатизери на власта. Според многу корисници на социјалните мрежи, токму оваа слика ја отсликува реалната состојба на поделбата во српското општество.„Толку нè затру со омраза и поделби, што повеќе не знаеме кој ни е брат, а кој непријател. Разделија семејства, соседи, целиот народ – само за да останат на власт. А вистината, гола и страшна, најјасно се виде на Видовдан“, напиша еден граѓанин на мрежата X.Организаторите на протестот изјавија дека ова е само почеток на граѓанскиот отпор и дека нема да престанат додека не дојде до вистински демократски промени. Од страна на власта, пак, нема официјална реакција за случувањата на протестот, освен изјави дека сè било под контрола и дека биле загарантирани „јавниот ред и мир“.За многумина, протестот на Видовдан претставува пресвртна точка. Додека едни зборуваат за поделен народ, други велат дека поделба нема – туку постојат граѓани кои се борат за промени и малкумина што, според нив, се платени да ја одбранат власта.

Свет | пред 7 месеци

IMG_8164

Посебен режим на сообраќај утре и задутре во Скопје

„СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 30.06.2025 (понеделник) и 01.07.2025 (вторник) поради одржување на средба на лидерите од Западен Балкан, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје“, велат од МВР и додаваат:СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Скопје | пред 7 месеци

Guj7rErXoAAi0B2

„Седна пред најголемата срамота на Србија“ - жена застана пред кордонот со полицајци

На „Видовден“, илјадници граѓани излегоа на улиците на Белград по повик на студентите во блокада, протестирајќи против Српската напредна странка. По собирот на платото кај Славија, демонстрациите се прелеаја кон зградата на Собранието, каде избија тензии и помали инциденти.Сцената која најмногу одекна на социјалните мрежи беше фотографија од жена која сосема сама, мирно седеше на асфалтот пред кордонот полицајци. Без збор, без гест, нејзината тишина стана гласна порака.„Моќ на жената“, „Симбол на отпорот“, „Седна пред најголемата срамота на Србија“ – беа само дел од коментарите на граѓаните. Многумина ја споредија нејзината гестика со историјата на ненасилен отпор, симболизирајќи го достоинството на поединецот пред системот.Протестот, и покрај изолирани инциденти, беше главно мирен, а студентите најавија дека нема да престанат со блокадите и протестите додека не бидат исполнети нивните барања за правда, демократија и одговорност.

Свет | пред 7 месеци

IMG_1918

(Видео) Топовски удари, солзавци, апсења

Студентскиот протест наречен „Се гледаме на Видовдан“, кој вчера се одржуваше во Белград, околу 21 и 22 часот, како што претходно прогнозираше претседателот Вучиќ прерасна во бран на инциденти и апсења во центарот на главниот град на Србија.Ова се случило откако демонстранстите се обиделе да се доближат до „Ѓациленд” во паркот „Пионир“. Интервенираа и силни полициски сили при што дојде до судир со демонстрантите, употреба на топовски удари, солзавци, а камерите забележаа апсења.Имаше сериозни инциденти кога полицијата доби наредба и тргна на насобраната толпа граѓани и почна да ја притиска. Насобраните фрлаа со разни предмети.До инцидентот дојде пред амбасадата на Турција.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави обраќање за денеска во 11 часот.Според Архивата на јавни собири на повикот на студентите учествувале околу 140.000 луѓе, објави Индекс.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-28-at-21.43.43

(Видео) Приведени 17 лица на Видовден во Косово: Косовската полиција и Српската листа со спротивставени ставови

Косовската полиција соопшти дека привела вкупно 17 лица за време на прославата на Видовден, меѓу кои дел за „поттикнување омраза“ и „носење облека со провокативна содржина“. Еден од приведените е осомничен за нелегално поседување оружје, друг за прекршок, четворица се ослободени, а 11 остануваат под истрага, се наведува во официјалното полициско соопштение.Полициските активности, според властите, биле извршени во координација со правосудните институции и според судски одлуки.Од друга страна, Српската листа обвини дека косовската полиција привела повеќе од 15 Срби само поради тоа што носеле српски знамиња или облека со „историски симболи“. Во нивното соопштение се вели дека „официјална Приштина денес јасно покажа дека не ги почитува верските и граѓанските права на српскиот народ“.Тие остро го обвинија премиерот во оставка, Албин Курти, дека ја „инструментализира полицијата со цел заплашување и притисок врз Србите“, и побараа меѓународната заедница да не остане глув набљудувач.„Молчењето за ваквите постапки значи соучество во систематското угнетување на Србите во Косово“, се наведува во соопштението.Прославата на Видовден се одржа во Газиместан, на десетина километри од Приштина, каде традиционално се собираат Срби од Косово, Србија и регионот за да го одбележат денот на Косовската битка од 1389 година. Годинава, присуството беше засенето од засиленото полициско присуство и инцидентите со приведувања, кои дополнително ги влошија тензиите меѓу Белград и Приштина.

Свет | пред 7 месеци

IMG_5515

Нов марш во Кочани: „Видете ми ги рацете, со нив работев за моето дете да стане човек, вие ми го одзедовте тоа право“

И оваа сабота, улиците на Кочани беа местото каде семејствата на трагично загинатите и повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ маршираа во тишина, со фотографии од своите најмили и солзи во очите. Единаесетти пат по ред, маршот е силна порака до институциите – дека правдата сè уште не е задоволена и дека вистинските виновници мора да одговараат.Учесниците повторно ги повикаа судиите да судат праведно и без одложување, а одговорните институции – конечно да дадат одговори на прашањата што веќе осум месеци стојат отворени.Како и секоја сабота, маршот започна точно во 18:05 часот од Паркот на револуцијата, продолжи низ трговскиот центар, пред зградата на Општина Кочани, а заврши пред Полициската станица, Основниот суд и Обвинителството – симболично, пред институциите за кои семејствата веруваат дека сè уште молчат.И оваа сабота беа повторени сомнежите за сериозни пропусти во истрагата – од полициската интервенција вечерта на пожарот, преку недостатокот на кислород и материјали во болницата, па сè до, како што велат семејствата, одговорноста на локалните власти и инспекциските служби кои дозволиле дискотеката да работи иако немала лиценца.„Тоа нема да ни ги врати децата, но ако дискотеката беше затворена затоа што немала дозвола, тие ќе беа живи“, рече една од мајките. Другата, со кршлив глас, додаде: „Јас немам веќе дете. Едно имав – и тоа ми го зедоа“.Мајката на загинатиот диџеј од дискотеката, потресена, им се обрати на институциите:„Гледајте ги овие раце – со нив цел живот работев за моето дете да стане човек во оваа држава. А вие ми го одземавте тоа право.“Маршот „За ангелите“ стана повеќе од само протест – тој е симбол на упорноста, болката и силната волја на граѓаните да не дозволат трагедијата да биде затрупана под институционална рамнодушност. И секоја сабота потсетува дека општеството има обврска да ги слушне.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-28-at-21.29.43

(Видео) Србите се поделија: Студентски протест со 500.000 луѓе, контрапрограма со шатори и поддршка од власта

Под слоганот „Се гледаме на Видовден“, денеска во Белград се одржа еден од најмасовните протести во поновата српска историја, организиран од студентите кои веќе неколку месеци се предводници на граѓанскиот отпор. Повод за протестите останува трагедијата од 1 ноември, кога во уривање на надстрешница на новата железничка станица во Нови Сад загинаа 16 лица. Протестот започна со симболично 16-минутно молчење на плоштадот Славија, во чест на загинатите. Десетици илјади граѓани се собраа со транспаренти, знамиња и пораки за правда и одговорност. Организаторите соопштија дека на протестот учествувале над 500.000 луѓе, додека Министерството за внатрешни работи објави бројка од 36.000. Паралелно со протестот, на платото пред српското Собрание се одржуваше настан организиран од групата „Студенти 2.0“, поддржана од власта. Поставени беа шатори во таканаречениот „Ќациленд“, а вечерта се одржа културна програма со литературни читања и проекција на филм.Настанот беше поддржан од високи владини функционери, меѓу кои министрите Никола Селаковиќ, Златибор Лончар, Адријана Месаровиќ, како и претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, и Александар Вулин. Во близина беа поставени метални бариери и засилено полициско обезбедување.На неколку точки низ градот, како и на влезовите во Белград, имало обиди за попречување на движењето на граѓаните кои доаѓале на протестот. Според сведоштва, групи блиски до власта ги пресретнувале автобусите, фрлале јајца и шишиња, и вербално ги навредувале учесниците.И покрај тоа, протестот помина мирно, со јасни барања: распуштање на парламентот, распишување вонредни избори и прекин на шаторските контрапротести кои студентите ги сметаат за инструмент на политичка манипулација.

Македонија | пред 7 месеци

nasilje-razbojnistvo-620x350

Пехчево: По расправија, млада жена фрлена низ прозорец

Утрово беше објавено дека вчера, на 27 јуни 2025 година, околу 15:00 часот, во ходник на Центарот за социјални работи во Пехчево, избувнала физичка пресметка меѓу двајца лица — В.Т. (27), од Гевгелија и В.П.Н. (23), од Пехчево — поради конфликт околу нивната малолетна ќерка. Во текот на инцидентот, В.Т. ја турнал В.П.Н. низ прозорецот, при што таа паднала во двор на објектот.По настанот, на В.П.Н. ѝ е укажана прва помош од Итната медицинска помош во Пехчево, додека В.Т. е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Набргу ќе биде подготвен и поднесок по документирањето на случајот.

Македонија | пред 7 месеци

filipce

Филипче од Берлин: Овде сум да ги бранам позициите на Македонија, „современ“ пред јазикот не смее да помине

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, кој денеска во Берлин, Сојузна Република Германија, присуствува на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), порача дека на планираните билатерални средби со претставници на социјадемократските партии во Европа, ќе го пренесе ставот на СДСМ за извештајот на Европскиот Парламент за Северна Македонија.Во продолжение е интегралната изјава на претседателот Филипче:„Денеска сум во важна посета на Берлин, каде што ќе имаме повеќе билатерални средби со високи претставници на социјалдемократските партии во Европа. Клучната средба е со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл, кој воедно е и ко-претседател на СПД, нашата сестринска партија од Германија.Една од поважните теми е извештајот на ЕП за Македонија. СДСМ во минатото, со мудра дипломатија, успеа да ги отфрли сите обиди за какви било одредници на идентитетот и јазикот во преговорите и извештаите. СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки. Ова беа нашите црвени линии од кои никогаш не отстапивме.По само една година од власта на ВМРО-ДПМНЕ, оваа позиција е нарушена. Се појавува сериозен ризик за носење извештај во кој јазикот ќе биде со додавка „современ“, а ние тоа не смее да го дозволиме. Тоа Владата не смее да го дозволи, и меѓу другото, сметаме дека е резултат и на погрешната надворешна политика во целата измината година.Денес на средбите ќе ги пренесам ставовите на СДСМ и ќе ги бранам позициите на Македонија. Извештај со амандман за додавка „современ“ пред јазикот не смее да помине. СДСМ од почетокот силно лобира и се бори амандманот за јазикот и идентитетот да не бидат дел од извештајот, и во следните две недели ќе дадеме максимални напори да го повториме успехот од претходните години кога ваквите обиди успешно ги сопревме.Јазикот и идентитетот не биле и никогаш не смеат да бидат предмет на допрецизирање. Тие се јасно дефинирани во сите документи на Европската Унија, а македонскиот јазик е веќе еден од јазиците во Унијата – чист, без додавки – и ова мора да остане така.ВМРО-ДПМНЕ се претставува како партија силен заштитник на идентитетските прашања, но не гледам дека на дело тоа го покажуваат.Владата оваа битка мора да ја постави како приоритет. Времето е кратко и потребни се заеднички, максимални напори да го отфрлиме амандманот, за кој од ден во ден има сè поголем ризик да се донесе.И сакам од тука, од Берлин, да потенцирам уште една работа – дека стоиме целосно отворени и спремни за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, да ги обединиме силите и конечно заеднички да укажеме и јасно да покажеме кои се црвените линии за Македонија.“

Македонија | пред 7 месеци

ohrid-carsija-lugje-turisti-leto-guzva

Температури до 39 степени, но и силен северен ветер - времето идната недела

По краткиот период на нестабилно време, од понеделник нѐ очекува стабилизирање на временските услови, со суво, сончево и потопло време и постепен пораст на дневните температури.Според прогнозите, во четврток и петок температурите ќе достигнат меѓу 32 и 39 степени целзиусови.Денес и утре ќе преовладува претежно сончево време, проследено со умерен до засилен северен ветер, кој на одредени места ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.Надлежните апелираат до граѓаните да бидат внимателни, особено во попладневните часови, поради високите температури и силниот ветер.

Македонија | пред 7 месеци

0

(Видео) Драчево блескаше со Каролина, Сузана, Миле, Огнен и Бојана

Втората фестивалска вечер на Културното лето 2025 на Општина Кисела Вода, што се одржа синоќа во Драчево, беше вистински музички спектакл кој долго ќе се памети. Под слоганот „Сѐ на свое место“, манифестацијата донесе вечер исполнета со македонска традиција, емоции и настапи на врвни уметници.Вечерта започна со настап на КУД „Китка“ од Драчево, кои преку традиционални ора и песни ја оживеаја македонската културна ризница. Веднаш потоа, публиката имаше можност да ужива во хитовите на етаблираните македонски пејачи: Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Огнен Здравковски и Бојана Скендеровски.Кулминацијата на вечерта беше двочасовниот концерт на Каролина Гочева. Таа исполни нејзини најголеми хитови, водеше низ низа емоции и остави силен впечаток со својот професионализам и блискост со публиката. Аплаузите не престануваа, а насмевките на лицата беа најголемата потврда за успехот на вечерта.Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по концертот изјави: „Од срце ви благодарам за масовната посетеност, неверојатната енергија и незаборавната забава! Сцената блескаше, вие, мои сограѓани уште повеќе. Ова беше повеќе од концерт – беше вистински спектакл. Горд сум што конечно сѐ е на свое место.“Културното лето продолжува и вечерва. Настанот се сели во Расадник, каде од 20:30 часот ќе настапат Некст Тајм, 2Бона и Слаткаристика – уште една вечер што ветува музика, енергија и многу публика.

Скопје | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп со жесток одговор до Хамнеј: „Го спасив од срамна смрт, а тој лаже за победа над Израел“

Aамериканскиот претседател Доналд Трамп остро му одговори на иранскиот врховен лидер ајатолах Али Хамнеј, кој претходно ја прогласи „победата над Израел“ и го критикуваше Трамп во своето обраќање.Во објава на својата социјална мрежа Truth Social, Трамп го нарече Хамнеј „таканаречен врховен лидер“ и оцени дека изјавата за победа е „очигледна и глупава лага“.„Како човек на голема вера, не треба да лаже. Неговата земја е десеткувана, три нуклеарни постројки се уништени, и јас точно знаев каде се криеше. Не му дозволив на Израел или на нашите вооружени сили – најмоќни во светот – да му го одземат животот. Го спасив од многу гадна и срамна смрт“, напиша Трамп.Тој откри и дека, во последната фаза од војната, наложил на Израел да повлече „многу голема група авиони“ кои биле на пат кон Техеран, подготвени за масовен напад. Според него, тој напад би предизвикал огромни жртви и разурнувања.Трамп тврди дека, и покрај тоа што работел на можно олеснување на санкциите кон Иран, по негативните изјави од Техеран, веднаш ги стопирал сите такви напори.„Иран мора да се врати на патот на светскиот поредок, во спротивно ќе им биде само полошо. Секогаш се гневни, непријателски и несреќни – и погледнете каде ги доведе тоа: изгорена, разнесена земја, без иднина, десеткована војска, катастрофална економија и смрт околу нив“, порача Трамп.На крајот, ја заврши пораката со повик за мир:„Сакам иранското раководство да сфати – со мед често ќе добиеш повеќе отколку со оцет. Мир.“

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-28-at-11.05.37

Скопје1 праша, Спасовски и Костовски не одговорија: Ќе се извинаат ли на таткото на Вања?

И покрај тоа што Кривичниот суд јасно го ослободи Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, од каква било вина и поврзаност со нејзината смрт, двајца носители на јавни функции – поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен пратеник Оливер Спасовски, и експратеникот Мартин Костовски – сѐ уште немаат одговорено на новинарските прашања за нивните претходни јавни изјави со кои, според одбраната, придонеле за неговата стигматизација.„Скопје1“ испрати прашања до Спасовски и Костовски, со цел да добие реакција по завршувањето на судскиот процес, но одговори не пристигнаа. Двајцата беа прашани - дали ќе се извинат на Ѓорчевски, односно дали гледаат одговорнсот за нивните постапки.На прес-конференција во текот на истрагата, тогашниот министер Спасовски изјави дека „таткото споделил информации за времето на излегување на Вања од дома“, што, според одбраната, предизвика сериозни последици за Ѓорчевски, вклучително и јавни напади и осуди. Пратеникот Мартин Костовски, пак, на 4 декември 2023 година во објава на Фејсбук го нарече Ѓорчевски „рѓа монструозна“ – квалификација која денес, се споделува во јавноста.Адвокатот на Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, во гостување во поткастот „Претрес со Ландов“ оцени дека страдањето на неговиот клиент е директно продолжение на страдањето поради убиството на неговото дете.„На совеста на министерот Спасовски, на пратеникот Костовски, на полицискиот началник Дејан Димовски и на обвинителките е понатамошното страдање на Александар“, изјави Туфегџиќ.„Ова не беше само истрага – ова беше лична стигматизација, надвор од законска процедура“, додаде тој.ЦЕЛО ГОСТУВАЊЕ:https://youtube.com/live/6dc7F8DAo7c?feature=share

Македонија | пред 7 месеци

srbija-protesti

Студентите со јасни барања на протестот „Видимо се на Видовдан“: Избори и прекин на контрапротестот

Денешниот протест „Видимо се на Видовдан“, организиран од студентите, ќе се одржи вечерва во 18 часот на Трг Славија. Настанот е кулминација на неделите отпор и блокади, а организаторите упатија две клучни барања до Владата на Србија, придружени со јасен рок: до 21 часот, вечерва.Во отворено писмо објавено рано утрово, студентите побараа:Распишување вонредни избори: Владата да поднесе предлог до претседателот на Србија за распуштање на Народното собрание во согласност со член 109 од Уставот, со цел распишување на вонредни парламентарни избори.Прекин на контрапротестот во Пионирски парк: Владата да повика Министерството за внатрешни работи да го прекине паралелниот собир, кој според студентите е организиран од провладини групи и регистриран со цел да го ослабне легитимитетот на студентскиот протест. Се повикува на член 18 од Законот за јавно собирање, во врска со член 8, кој уредува безбедност и намена на јавниот простор.Михајло Павловиќ, студент од Електротехничкиот факултет, изјави за N1 дека протестот ќе биде мирен, а насилство нема да се толерира.„Студентите нема да повикаат ниту во еден момент на какво било насилство. Целта е протестот да биде мирен,“ изјави Павловиќ.Павловиќ реагираше и на изјавата на претседателот Александар Вучиќ дека студентите „не мора да чекаат до 21 часот“, велејќи дека таа покажува дека власта не е заинтересирана за волјата на граѓаните.Протестот ќе се одржи на неколку локации со звучни системи кај Славија, Владата на Србија и Правниот факултет. Според објавена мапа, пунктови за прва помош ќе има на шест локации во центарот на Белград.Иако јавниот превоз е отежнат, поради наводни дојави за бомби во возовите, многу граѓани најавија дека ќе пристигнат организирано од различни делови на градот и Србија. Групни собирања се закажани кај трговскиот центар „Ушче“, Трг Република и салата „Александар Николиќ“.

Свет | пред 7 месеци

puls-38

Денес во Кочани ќе се одржи единаесеттиот „Марш за ангелите“

Денес, сабота, 28 јуни, со почеток во 18:05 часот, во Кочани ќе се одржи единаесеттиот по ред „Марш за ангелите“, во знак на сеќавање на настраданите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“. Настанот е организиран од родителите и блиските на жртвите, како симболична почит кон починатите и поддршка за побрзо заздравување на повредените.Маршот ќе започне од Паркот на Револуцијата, по што ќе продолжи кон Трговскиот центар, Општина Кочани, Полициската станица, Основниот суд и Обвинителството.Семејствата ги повикуваат сите граѓани кои се залагаат за неселективна правда да им се придружат и да дадат поддршка во нивната борба за одговорност и праведност.Организаторите информираат дека сите надлежни институции се навремено известени за одржувањето на маршот. Апелираат до медиумите да известуваат со почит кон приватноста и болката на семејствата.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-28-at-09.49.15

Иран одржа државен погреб за убиени воени лица и нуклеарни научници

Иран денеска одржува државен погреб за околу шеесет високи воени офицери и нуклеарни научници убиени за време на 12-дневната војна со Израел. Меѓу загинатите се и неколку команданти од врвот на иранските вооружени сили, како и десетина водечки експерти во нуклеарната програма.Церемонијата започна утринава во Техеран, каде иранските власти им оддаваат почит на, како што ги нарекоа, „шехидите на војната наметната од ционистичкиот режим“. Државните медиуми објавија фотографии од ковчезите покриени со ирански знамиња и портрети на загинатите воени команданти во униформи.„Сабота ќе биде историски ден за исламски Иран и историјата на револуцијата,“ изјави верскиот функционер Мохсен Махмуди за државната телевизија. Сè уште не е потврдено дали врховниот лидер ајатолах Али Хамнеј ќе присуствува на погребот, иако во минатото предводел слични церемонии, вклучително и минатогодишниот погреб на претседателот Раиси по хеликоптерската несреќа.Израелски воен претставник вчера соопшти дека израелските сили убија повеќе од 30 високи безбедносни функционери и 11 водечки нуклеарни научници, во обид да ѝ нанесат сериозен удар на иранската нуклеарна програма. Иран, од своја страна, негира дека развива нуклеарно оружје и тврди дека неговата програма е исклучиво за цивилна употреба.Според иранското Министерство за здравство, во конфликтот загинале најмалку 627 цивили, а речиси 4.900 се повредени. Израелските власти наведуваат дека иранската одмазда резултирала со 28 загинати на нивна територија.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-28-at-09.46.03

Русија ноќеска ја нападна Одеса: Загинаа двајца, 14 повредени, меѓу нив и деца

Русија изврши нов воздушен напад врз јужниот украински град Одеса, при што загинаа две лица, а најмалку 14 беа повредени, соопшти украинската Државна служба за итни случаи.Во нападот, еден дрон удрил во станбен облакодер со 21 кат. Избувнал пожар на седмиот, осмиот и деветтиот кат, при што жителите останале заробени во своите станови. Итните служби успеале да спасат пет лица, меѓу кои и едно мало дете.Жртвите се брачен пар чии тела биле извлечени од урнатините, информираше гувернерот на Одескиот регион, Олег Кипер. Меѓу повредените се и три деца, а сите се цивили.Одеса, голем црноморски пристанишен град со околу еден милион жители, е честа цел на руски воздушни напади од почетокот на инвазијата.Руските напади со ракети и беспилотни летала врз украинските градови значително се засилија во текот на мај и јуни.

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања