Скопје1.мк

f_37075795_1280

(Вознемирувачко видео) Странски турист во Мостар скокна од Стариот мост и падна неколку метри од чамец – луѓето го претепаа

Странски турист беше физички нападнат во Мостар откако самостојно скокна од Стариот мост во реката Неретва. Според локалните медиуми, група Мостарци му забележале дека скокот бил „нестручен“, што, според нив, претставувало опасност и непочитување на локалната традиција.Како што пренесува Avaz, туристот паднал само неколку метри од гумен чамец во кој се наоѓале луѓе. По излегувањето од водата, неколку луѓе скокнале по него и почнале физички да го напаѓаат. Ситуацијата ескалирала и на брегот, каде што, покрај навредите и пцовките, дошло до отворен конфликт, пренесува Слободна Далмација. Скокот е снимен со мобилен телефон, а видеото прво беше објавено од порталот Crna-Hronika, по што брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции.Скокањето од Стариот мост е една од најпрепознатливите традиции во Босна и Херцеговина и претставува симбол на градот Мостар. Секоја година, обично кон крајот на јули, се одржува официјално натпреварување кое собира професионални скокачи, локални ентузијасти и илјадници гледачи од целиот свет.Поради големата височина на мостот и студената вода на Неретва, скоковите се исклучително ризични. Организаторите често нагласуваат дека вакви подвизи бараат долгогодишна подготовка и се препорачуваат само под стручна контрола.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-02-16-at-10.23.55

Видовданскиот протест во Србија: Кулминација на студентскиот отпор и граѓанското незадоволство

Вечерашниот Видовдански протест, кој ќе се одржи во 18 часот на плоштадот Славија во Белград, не доаѓа ненадејно – тој е резултат на повеќемесечно граѓанско незадоволство, студентски бунт и сè посилни реакции на репресивните чекори на власта. Иако симболично е врзан за еден од најзначајните датуми во српската историја, неговата порака е јасна – борбата продолжува.Протестот е кулминација на настани кои започнаа на 1 ноември минатата година, кога уривањето на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад одзеде 16 животи. Овој трагичен настан го активираше студентскиот активизам, кој прерасна во масовно движење.Првичните студентски протести започнаа откако активисти на Српската напредна партија ги нападнаа студентите на Факултетот за драмски уметности кои оддаваа почит на загинатите. Како одговор, ФДУ влезе во блокада, а наскоро им се приклучија и други факултети од Белград и Нови Сад.Студентите поставија неколку клучни барања: објавување на целосната документација за реконструкцијата на железничката станица, апсење и процесуирање на напаѓачите на студентите и професорите, повлекување на кривичните пријави против приведените демонстранти, како и зголемување на буџетските средства за државните факултети за 20 отсто.Во текот на месеците на протести беа забележани бројни инциденти – од физички напади врз студенти, до употреба на сила од страна на полицијата и жандармеријата. За време на обележувањето на шеснаесетминутната тишина во чест на настраданите, две студентки беа прегазени од автомобил во Белград, додека во Нови Сад на една студентка ѝ беше скршена вилицата со бејзбол палка од страна на партиски активисти.Историскиот протест од 15 март во Белград, кој беше најмасовен досега, беше прекинат од мистериозен звучен удар за кој постои сомнеж дека е резултат на употреба на звучно оружје (LRAD). Иако властите прво го негираа неговото постоење, подоцна признаа дека уредот е во сопственост на српските безбедносни сили, но тврдеа дека „модот за растерување“ не бил активиран.Студентите поднесоа и петто барање – да се спроведе детална истрага за настанот на 15 март во 19:11 часот, кога за време на мирниот протест се случи необјаснива појава што предизвика паника.Студентите на Медицинскиот факултет во Белград исто така побараа одговорност за случајот од 17 март, кога во интензивната нега на УКЦС без заштитна опрема беа внесени претседателот Александар Вучиќ, министерот за здравство Златибор Лончар и новинарски екипи, со што, според студентите, беше загрозено достоинството и здравјето на тешко повредените пациенти, меѓу кои имало и малолетни странски државјани.Во едно од најдраматичните случувања, на 10 март, Жандармеријата употреби сила врз студенти кои ја започнаа блокадата на РТС. Видеа на социјалните мрежи покажуваат како припадници на Жандармеријата ги удираат студентите зад зградата на телевизијата, кои се обидуваа да ги спречат да влезат.Дали денешниот протест ќе донесе промени – останува да се види. Но едно е сигурно: студентскиот глас повеќе не може да се игнорира.

Свет | пред 7 месеци

gruevski-nikola-543

Огласена продажбата на луксузните станови на Никола Груевски – државата нуди имот вреден над 2,4 милиони евра

Пет станови. за кои судот посочи дека се на поранешниот премиер Никола Груевски, а кои беа конфискувани во случајот „Плацеви на Водно“, се официјално ставени на продажба, објави Фокус.Агенцијата за управување со одземен имот го огласи недвижниот имот, кој вклучува три ексклузивни стана во комплексот „Панорама“ на Водно, со вкупна површина од 750 м² и вредност од над 2,4 милиони евра. Становите се луксузно уредени со пространи балкони, од кои се пружа панорамски поглед кон Скопје.Стан 1: 155 м² + 95 м² балкон – 760.000 евраСтан 2: 199 м² + 48 м² балкон – 847.000 евраСтан 3: 200 м² + 48 м² балкон – 851.000 евраПокрај имотот на Водно, на продажба се и два стана во Кисела Вода, во зградата каде Груевски живееше пред бегството. Едниот од 57 м² се продава за 63.000 евра, а другиот од 38 м² за 44.000 евра.Становите се нудат согласно новиот Закон за управување со одземен имот, усвоен во март 2025, со кој се забранува учество на членови од семејството на поранешните сопственици на јавни аукции. Оваа законска измена доаѓа откако дел од имотот на Сашо Мијалков беше купен од неговиот син, што предизвика критики и потреба од правни измени за да се спречи враќањето на имотот кај осудени лица или нивни блиски.Продажбата на имотот на Груевски се смета за симболичен, но важен чекор во напорите на државата за враќање на средствата стекнати преку криминал и зајакнување на принципот на правна држава.

Македонија | пред 7 месеци

Foto-2

Сиљановска-Давкова прими припаднички на Армијата кои успешно завршија обука во САД

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими капетанката Неда Волчева и поручничката Сара Тасевска кои успешно го завршија седуммесечниот курс „Maneuver Captain's Career Course“ во Џорџија, САД, организиран од американскиот тренинг центар „Fort Moore”.На средбата на којашто присуствуваа началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и американската амбасадорка Анџела Агелер, двете припаднички на Армијата ја запознаа претседателката со фазите, содржините и квалитетот на воено-образовната обука и ги споделија нивните натамошни планови, заложби и амбиции за кариерен напредок.Препознавајќи во нив потенцијал за идни генерали, Сиљановска-Давкова им честиташе на Волчева и Тасевска за успешно завршената обука и изрази уверување дека стекнатите знаења, вештини и експертиза ќе ги применат во интерес на македонската армија.Според неа, реализацијата на оваа програма претставува влог во македонско-американското партнерство и е посебно значајна за промоција на земјава како лојален и кредибилен сојузник во НАТО.Признавајќи ги одличните резултати што ги постигнуваат жените, соговорниците се согласија дека нивното партиципирање во меѓународните обуки треба да биде редовна пракса.Сиљановска-Давкова на средбата ја реафирмираше својата заложба за формирање на Регионален центар за извонредност за жени, мир и безбедност со седиште во Скопје, заради промоција на жените во безбедноста и одбраната во регионот.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_6897

Лишени од слобода измамници во Велес

На 26.06.2025 во 13.05 часот во Велес полициски службеници од СВР Штип и СВР Велес ги лишиле од слобода Д.К.(65) од Штип и 46-годишната Т.К. од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“. На 25.06.2025 во 17.20 часот во СВР Штип 47-годишна жена пријавила дека од страна на едно лице и било понудено работа преку интернет, за што оштетената испратила свои лични податоци, кои подоцна биле злоупотребени и во нејзино име било аплицирано за брз кредит, па на нејзина сметка од финансиско друштво биле уплатени 40.000 денари. Потоа, телефонски и се јавило друго лице и од неа побарало да му ги врати уплатените пари, бидејќи наводно по грешка и биле уплатени на нејзината трансакциска сметка, по што таа се посомневала дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полициска станица. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки од страна на полициски службеници за расчистување на случајот.На оштетената и се дадени обележани банкноти за да му ги даде на лицето кое и се јавило и побарало да ги предаде парите на лице кое ќе дојде со такси возило на локација во Велес. Откако ги предала парите, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.К., кој го управувал возилото и Т.К., која била во возилото. Со нив е извршен службен разговор во просториите на СВР Велес, а по добиена судска наредба извршен бил претрес во домот каде престојува Т.К., при што се пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривични дела. При извршениот службен разговор со Т.К., констатирано е дека истата во содејство со П.С., кој е на издржување на казна затвор во КПД Штип сториле повеќе кривични дела на истиот начин. Од страна на затворски службеници во КПД Штип извршен е претрес на П.С., од кого е одземен еден мобилен телефон. По целосно документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 7 месеци

semejno-nasilstvo

(ВИДЕО) „391 жртва само за три месеци“: Насилството не е приватна работа, туку наша заедничка одговорност“

Само во првите три месеци од 2025 година, во Северна Македонија се евидентирани 391 жртва на насилство, од кои 284 жени, 53 мажи и 54 деца, покажуваат податоците на Министерството за социјална политика, демографија и млади. Насилството го извршиле 286 сторители, од кои 266 мажи и 20 жени, а најчести форми биле психолошкото (345 случаи) и физичкото насилство (221 случај), со регистрирани и 9 економски и 2 сексуални случаи.Овие податоци беа споделени на денешната промоција на комуникациската кампања „Има живот без насилство“, во организација на Министерството за социјална политика, УНФПА и Британската амбасада. Целта е подигање на јавната свест за родово-базираното насилство и охрабрување на жртвите да проговорат.„Насилството има многу форми. Некои се гледаат, повеќето не. Но сите болат,“ рече министерот Фатмир Лимани, нагласувајќи дека проблемот не е само женски, туку општествен.Тој апелираше до институциите да не ја третираат жртвата како „предмет во папка“, туку како човек кој бара надеж и заштита. Жртвите, потенцираше, имаат право на живот без насилство, со достоинство и без страв.„На мажите сакам да им порачам – машкоста не се мери со сила, туку со почит. Ако видиш насилство – реагирај. Ако слушнеш плач – не игнорирај,“ рече Лимани.Според него, иако бројот на жртви расте, тоа не значи дека насилството е во пораст, туку дека јавната свест за пријавување се зголемува, благодарение на мултисекторската соработка и посветените напори за заштита и поддршка.Заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство, Даниел Филер, порача дека законот и полицијата не се доволни, и дека е неопходна промена на менталитетот:„Насилството врз жените не е само лична трагедија, туку општествен неуспех. Сите имаме одговорност – да пријавиме, да поддржиме, да не молчиме.“Тој нагласи дека Обединетото Кралство со години ја поддржува оваа иницијатива преку обука на кадар, развој на мултисекторски протоколи и интегрирани системи за прибирање податоци, но и со стратешка комуникација за менување на општествените ставови.Пред присутните се обрати и Жаклина Гештаковска Алексовска од УНФПА, потсетувајќи дека родово-базираното насилство не познава граници и бара координиран одговор од сите сектори.Настанот потврди дека насилството не е приватна работа – тоа е заедничка одговорност. Кампањата „Има живот без насилство“ повикува: не смееме да молчиме, мора да дејствуваме. Зашто во оваа борба, изборот е јасен – или си дел од решението, или си дел од проблемот.БОНУС ВИДЕО: 

Македонија | пред 7 месеци

unnamed-1-1

Македонија воведува електронско фактурирање: Е-фактура ќе ја револуционизира борбата против сивата економија

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ја промовираше новата национална платформа за електронско фактурирање – Е-фактура, која се очекува да го трансформира даночниот систем и да внесе значителна транспарентност и ефикасност во финансиските текови.Е-фактурата ќе биде дигитален документ со двојна функција – комерцијална и даночна – кој ќе го замени досегашниот систем на месечно или тримесечно пријавување на податоци. Со воведувањето на овој систем, секоја безготовинска трансакција ќе биде евидентирана и контролирана во реално време, со што ќе се овозможи значајно намалување на даночните злоупотреби и зајакнување на фискалната дисциплина.Директорката на УЈП, Елена Петрова, истакна дека Е-фактурата не е само технолошка иновација, туку и суштинска административна реформа што ќе донесе олеснување за компаниите, елиминирајќи ја потребата од печатење, архивирање и физичко испраќање фактури.„Овој систем носи сигурност и одговорност, бидејќи секоја фактура ќе биде дигитално потпишана со електронска трага. Компаниите ќе бидат директно вклучени, а во разумен рок ќе ги објавиме стандардите за подготовка,“ рече Петрова.Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, додаде дека системот ќе придонесе кон сузбивање на сивата економија и ќе овозможи подобра контрола на буџетските приходи, особено кај ДДВ.„Е-фактурата е моќна алатка против злоупотреби, ќе ги намали трошоците и ќе создаде фер конкурентски услови на пазарот,“ истакна таа.Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека новата платформа е стратешко оружје против финансискиот криминал.„Со Е-фактурата ќе ги елиминираме фантом-фирмите кои со години црпеа милиони евра преку фиктивни поврати на ДДВ. Ова е заштита на буџетот и на граѓаните,“ рече Мицкоски.Имплементацијата на Е-фактурата ќе се одвива етапно. Пилот-фазата започнува на 1 јануари 2026, додека задолжителната примена е предвидена за третиот квартал од истата година. За дел од фирмите кои веќе користат алатки на УЈП нема да има потреба од дополнителни прилагодувања, а за останатите ќе се овозможи техничка помош и API-интеграција.УЈП најави интензивни јавни кампањи, обуки и достапност на сите технички и правни документи, со цел деловниот сектор да биде целосно подготвен. Е-фактурата се позиционира како темел на идниот модерен и правично структуриран даночен систем во земјава.

Македонија | пред 7 месеци

1-5

„Бугарија влегува во опасен наратив, Македонија останува цврста во одбрана на јазикот и идентитетот“, вели Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, остро реагираше на најновите политички пораки од Софија, оценувајќи дека Бугарија влегува во опасен и ретрограден наратив кој го доведува во прашање македонскиот идентитет. На прес-конференцијата по повод една година од стапувањето на функцијата, тој повика на рационалност и одговорност, особено во контекст на европските интеграции.„Срамно е нашиот сосед да мисли дека може да го користи своето членство во ЕУ за редефинирање на македонскиот идентитет,“ изјави Муцунски.Тој предупреди дека обидите за политичко наметнување на придавката „модерен“ пред терминот „македонски јазик“ во извештајот на Европската комисија се неприфатливи и длабоко ги навредуваат чувствата на македонските граѓани.Муцунски потенцираше дека Македонија има неколку црвени линии од кои нема да отстапи – македонскиот јазик, националниот идентитет, културно-историското наследство и имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Тој нагласи дека афирмацијата на сопствениот идентитет не претставува говор на омраза, како што тврдат некои бугарски претставници, туку легитимна европска вредност.Во контекст на извештајот на Европскиот парламент, Муцунски изрази благодарност за поддршката добиена во Комисијата за надворешни работи (АФЕТ), каде што беше усвоен извештајот на европратеникот Томас Вајц со големо мнозинство. Тој сепак предупреди дека вистинската битка допрва следува на пленарната седница во јули.„Ова е историски момент, но не и повод за триумф. Не сме членка на ЕУ и немаме свои европратеници, но имаме пријатели кои ја разбираат нашата борба. Ќе направиме сè за да упатиме на разум во европските институции,“ рече министерот.Муцунски додаде дека Бугарија со својата политика не само што го подрива процесот на проширување на ЕУ, туку и ги отуѓува граѓаните на двете земји. Тој повика ЕУ да остане верна на своите темелни вредности – почитување на различностите, идентитетите и културите.„Ако навистина сакаме стабилен Балкан и кредибилна ЕУ, мора да престанеме со обидите за негирање на реалноста. Македонија е европска држава со свој јазик, историја и идентитет – и тоа никој нема право да го редефинира,“ заклучи Муцунски.

Македонија | пред 7 месеци

13032025-Mickoski-1

Мицкоски: По долги години стагнација, Македонија се издигнува кон врвот со економскиот раст во првиот квартал

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со економскиот раст на државата во првиот квартал, изјави:„Што се однесува околу проекциите за економскиот раст, ние и со Министерството за финансии сме на истиот став на она на коешто е предвидено, работиме силно на таа тема. Добри се резултатите во рамките на Адрија-регионот, конечно, после години стагнација и цврсто заковани на дното, сега сме први. За многу кратко време се консолидираат работите. Позади нас се Хрватска со 2,9%, Босна и Херцеговина, Црна Гора па сè до Словенија, којашто има минусно салдо на растот од-0,7%. Се надевам дека и во вториот квартал така ќе продолжи, барем првите индикатори од април и делумно од мај се во таа насока. Така што, тоа би претставувало еден добар тренд, и тоа значи дека конечно се консолидираме. Конечно, од тврдо заковани на дното последниве седум години, одиме кон врвот.“

Македонија | пред 7 месеци

2

Тошковски: Дигитализација на процесот на издавање судски наредби за ПИ мерки помеѓу МВР, ОЈО и ОТА за поголема безбедност и доверба на граѓаните во системот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот „Поддршка и поттикнување на користењето на воспоставениот акредитиран систем за пренос на класифицирани информации“ на кој се означи старт на дигитализација и унапредување на процесот за издавање на судски наредби за посебни истражни мерки помеѓу Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство и Оперативно техничката агенција.Министерот Тошковски истакна дека дигитализацијата на процесот за издавање на судски наредби за посебни истражни мерки по член 252, став 1, точка 1 од Законот за кривична постапка на Република Македонија е срж на ефикасното функционирање на институциите при заштита на безбедноста и владеењето на законите преку дигитализација на чекорите.„Преку оваа алатка, нашите аналитички тимови и оперативните единици во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал драматично ќе ги унапредат своите задачи преку апликацијата на системот. Кога е потребна посебна истражна мерка, МВР во дигитална форма ги подготвува сите релевантни податоци и преку платформата ги доставува до Јавното обвинителство. Обвинителите ги разгледуваат предлозите, ги проверуваат условите за посебна истражна мерка и кога се исполнети критериумите, ги одобруваат, а Судот, независно и професионално, ги оценува доставените барања и ги проследува до МВР и Јавното обвинителство.“, образложи министерот Тошковски.Министерот Тошковски ги објасни придобивките од овој процес кои се зголемување на брзината и ефикасноста на самиот процес, безбедноста на комуникацијата, намалување на можноста од човечка грешка а зголемување на транспарентноста и отчетноста на секоја фаза.Тошковски објасни дека овој систем првин ќе биде имплементиран за подрачјето на Скопје а следна фаза во целата држава.Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев во своето обраќање нагласи дека воведувањето на овој систем ќе го редефинира начинот на кој се доставуваат и разменуваат строго доверливи судски наредби – со фокус на посебните истражни мерки, согласно член 252, став 1, точка 1 од Законот за кривична постапка.„Тоа што досега беше бавен и ранлив процес, со премногу раце и премалку отчетност, денес го претвораме во затворен, автоматизиран и безбеден дигитален систем, каде секој потег е евидентиран, секој документ е заштитен, а секоја минута е добиена – за акција, за вистината, за правдата. Овој систем е повеќе од технолошко решение – тој е вредносна одлука.“, истакна директорот Јанев.Јанев го прецизираше процесот како ќе изгледа во пракса.„ Министерството за внатрешни работи ќе изготвува предлози за посебни мерки и ќе ги испраќа по електронски пат до обвинителството. Обвинителството ги разгледува и ги проследува до судот, кој потоа електронски ја носи одлуката. Судските наредби се враќаат – една до МВР, друга до ОТА – Скопје, во анонимизиран формат. Сè се одвива во заштитена дигитална средина – без хартија, без чекалници, без ранливи човечки алки.“, заврши директорот Јанев.Сите страни беа сложни дека оваа иницијатива не е само технички проект, туку симбол на нашиот колективен стремеж кон модерни и ефикасни институции кои го штитат јавниот интерес и секој чекор напред значи побрза правда, поголема безбедност и поголема доверба на граѓаните во системот.

Македонија | пред 7 месеци

perinski-1

Перински: Отвореност, отчетност и граѓанско учество – клучни за ефикасна локална самоуправа

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман, учествуваше на панел-дискусијата посветена на теми од особено значење – локална самоуправа и граѓанско учество. Во своето обраќање, тој го истакна значењето на соработката со граѓанскиот сектор како суштинска компонента на успешната децентрализација и локално управување.„Отвореноста кон граѓанскиот сектор ја зголемува довербата и ја подобрува отчетноста, што води кон поквалитетни услуги и подобар живот за сите граѓани“, нагласи Перински.Тој посочи дека Министерството за локална самоуправа, како носител на политики за рамномерен регионален развој и унапредување на системот на локално управување е активно посветено на изнаоѓање системски решенија кои ги подобруваат условите за работа на општините, а со тоа и квалитетот на живот на граѓаните.Перински потенцираше дека Министерството делува како партнер на општините и притоа создава услови за нивна поголема ефикасност, транспарентност и испорака на поквалитетни јавни услуги.Со измените и дополнувањата на Законот за локалната самоуправа, посочи Перински, се предвидуваат нови механизми за одговорност пред граѓаните, како што е можноста за иницирање референдум за доверба на градоначалник, зголемена транспарентност и отчетност на општинските Совети и поголема вклученост на граѓаните во креирањето на локалните политики.Министерот посебно ја истакна улогата на граѓанскиот сектор и во политиката за рамномерен регионален развој. Здруженијата и бизнис секторот се вклучени во Советите за развој на планските региони, а преку регионални форуми се осигурува учество и при планирањето и финансирањето на проекти.Во рамки на Програмата за децентрализација и одржлив развој 2021–2026, се предвидуваат активности насочени кон млади, жени и ранливи категории, преку иновативни општински центри, акцелератори и инкубатори.„Ова се само дел од активностите преку кои го поттикнуваме развојот, соработката и вклученоста на граѓаните. Само преку отвореност и партнерство можеме да ги препознаеме и адресираме вистинските потреби на заедниците“, истакна министерот Перински.

Македонија | пред 7 месеци

manievski-27.06

Манасиевски: Ги градиме темелите на економијата, доаѓа времето на Македонија

„Измина една година од формирањето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа прва година, наш главен фокус и приоритет беше економијата, која се базира на факти, долгорочни политики и јасна визија за иднината“ , вели Валентин Манасиевски и додава:Кога ја презедовме одговорноста, наследивме економија во пад, со висока инфлација, зголемен јавен долг и демотивирана деловна заедница. Денес, состојбата е поинаква. Економијата почна да заздравува и да се стабилизира.Инфлацијата е ставена под контрола изнесува околу 3%. Обезбедивме финансиска поддршка од 500 милиони евра - 250 милиони евра за домашните компании и 250 милиони евра за општините, за реализација на капитални проекти и подобрување на животниот стандард на граѓаните.Во првиот квартал од оваа година, БДП порасна за 3,2%. Според овие податоци, Македонија се наоѓа на 4-то место во Европа според растот на БДП – веднаш зад Ирска, Данска и Полска.Исто така, оваа година забележавме рекордно ниво на странски директни инвестиции, 1 милијарда и 255 милиони евра. Платите растат. Забележливо е зголемување на платите во јавната администрација, здравството, образованието, културата и полицијата.Ја стабилизиравме и фискалната состојба. Целосно е отплатена еврообврзницата издадена во 2018 година во вредност од 500 милиони евра. Првпат по седум години, јавниот долг е намален. Истовремено, буџетскиот дефицит е намален за 4% од БДП.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_5168

Две сообраќајки за едно деноноќие – повредени седум лица во Велес и кај Неготино

Седум лица, меѓу кои и малолетничка, се повредени во две одделни сообраќајни несреќи што се случиле на вчера на подрачјата на Велес и Неготино.Првата несреќа била пријавена околу 23 часот во СВР Велес. На улицата „Вардарска“ во Велес, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Б. (21) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а телесни повреди добиле тројца сопатници: А.Д. (20), Ш.Р. (19) и една малолетна девојка, сите од Велес. Повредите биле констатирани во Општата болница Велес, а увид извршила екипа од СВР Велес.Истотиот ден, утрото во 09:30 часот, во ОВР Неготино била пријавена уште една несреќа. На автопатот Неготино–Демир Капија, патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од Т.П. (56) од Србија, излетало надвор од коловозот. Сопатникот Д.П. (61) се здобил со тешки телесни повреди, а возачот и 17-годишен сопатник добиле телесни повреди. Повредените се хоспитализирани во Општата болница Кавадарци. Увид извршила екипа од ОВР Неготино.Полицијата презема мерки за утврдување на причините за двете сообраќајни несреќи.

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Крвава пресметка меѓу тинејџери на „Партизанска“ – еден заврши со убодни рани

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“.Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 2 јуни 2025 година на булевар „Партизански одреди“ во Скопје. По претходна расправија, пријавениот со остар предмет му нанел убодни рани на 17-годишник.Полицијата презема понатамошни мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 7 месеци

droga-bugarija

Поднесена кривична пријава против три лица од Скопје за испраќање дрога во затвор

СВР Штип поднесе кривична пријава против три лица од Скопје – В.Т. (41), М.П. (39) и Ф.Ѓ. (39), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.Според информациите од МВР, на 16 јануари 2025 година, во Казнено-поправниот дом Штип, во пакет наменет за првопријавениот – кој издржува затворска казна – бил пронајден и одземен амфетамин. Дрогата, како што се сомнева, му ја испратиле второпријавената и третопријавениот по пошта.Полицијата презема дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-27-at-11.53.11

(Видео) Туфегџиќ по ослободителната пресуда: „Страдањето на Александар е на совеста на Спасовски, Костовски и обвинителките“

По ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски – таткото на Вања, кој беше обвинет за помагање во нејзиното киднапирање и убиство – адвокатот Владимир Туфегџиќ остро реагираше во поткастот „Претрес“, особено поради тоа што бил предвреме осуден од ексминистерот Оливер Спасовски за време на прес-конференцијата додека траеше истрага и пратеникот на СДСМ Мартин Костовски кој го нарече „монструм“.„Страдањето на Александар е продолжение на страдањето на неговото дете, на Вања,“ изјави Туфегџиќ во „Претрес“.„Но, неговото понатамошно страдање е и на совеста на министерот Оливер Спасовски, на пратеникот Мартин Костовски, на полицискиот началник Дејан Димовски, Музафер Каришиќ и на овие две обвинителки“, додаде тој.Според него, истрагата била водена во целосно нетранспарентни и незаконски околности.„Како да станува збор за приватен предмет на обвинителите,“ рече Туфегџиќ, додавајќи дека процесот бил далеку од професионален и се одвивал „надвор од сите законски процедури“.Адвокатот истакна дека некои обвинители, кои не биле инволвирани во случајот, треба да се подготвени и професионални за да ја водат истрагата понатаму, но предупреди дека во случајот правдата била злоупотребена: „Ова не е предмет со кој може да се поигрува. Ова длабоко допира до чувствата на секој човек.“Туфегџиќ побара одговорност, особено од политичарите кои излегуваа со прерани изјави во јавноста: „По ваква една пресуда, Мартин Костовски, па и Оливер Спасовски, ако ништо друго, барем да излезе и да каже: ‘Јас на таа прес-конференција изнесов тоа што ми го дадоа службите во тој момент’.“Пресудата со која Ѓорчевски беше ослободен од обвинението, предизвика лавина реакции и повторно го отвори прашањето за политичкиот и институционален пристап кон истрагите во чувствителни случаи. Адвокатот предупреди дека ако не се извлечат поуки, истите пропусти ќе се повторат и во други предмети.Ексклузивно за сите детали поврзани со случајот и Ѓорчевски, погледнете ги во „Претрес“:https://youtube.com/live/6dc7F8DAo7c?feature=share

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-56-6010PM

Македонија бележи туристички бум - ова се топ пет земји од каде доаѓаат најмногу туристи

Македонија бележи значаен пораст на странски туристи – дури 21,6% во првата половина од 2025 година во однос на истиот период минатата година, покажуваат најновите податоци од Министерството за култура и туризам. Според проценките, ако ваквиот тренд продолжи, до крајот на годината се очекуваат околу 1,5 милиони странски посетители, што би можело да генерира приходи до 500 милиони евра.Зголемениот интерес за земјава, велат од Министерството, е резултат на засилената меѓународна промоција, развојот на туристичката инфраструктура и понудата што нуди автентично доживување на македонската култура, природа и гастрономија. Туризмот расте и надвор од пик-сезоната, што укажува на успешна диверзификација.Најмногу туристи пристигнуваат од Турција, Србија, Германија, Грција и Хрватска, со стабилен интерес и од САД, Холандија и Италија.За да се одговори на зголемениот интерес и да се подобри ефикасноста на туризмот, Владата започна институционални реформи. Со законски измени испратени до Собранието, се предвидува укинување на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, основана во 2013 година, а нејзините надлежности преминуваат на Министерството за култура и туризам.Министерството ќе го координира системот на субвенции за организиран странски туризам, ќе формира советодавен Совет за промоција и ќе го преземе целиот капацитет, архиви и вработени од Агенцијата. Целта е централизирана и поефикасна промоција, како и подобро управување со средствата, откако ревизорски извештаи утврдија сериозни слабости во досегашното работење.Надлежните порачуваат дека земјава е на добар пат да се позиционира како водечка туристичка дестинација во регионот.

Македонија | пред 7 месеци

kineski-brodovi-tajvan

Научници лоцираа над илјада контејнери со нуклеарен отпад во Атлантскиот океан

Меѓународен тим научници откри повеќе од 1.000 контејнери со нуклеарен отпад фрлени во северниот Атлантик пред неколку децении, соопшти францускиот истражувачки центар CNRS. Според податоците, до 1993 година во тие океански води биле фрлени најмалку 200.000 вакви контејнери.Во средината на јуни, научниците испловиле од пристаништето Брест со бродот „L’Atlante“ со цел да го истражат западниот Атлантик. Четиринеделната експедиција имала за цел да ги лоцира местата каде што бил депониран отпадот и да утврди какви последици предизвикува врз морскиот екосистем.Во периодот од 1950 до 1990 година, неколку држави фрлале нуклеарен отпад во оваа област, сметајќи дека големата длабочина (од 3.000 до 5.000 метри) и оддалеченоста од човечка активност се идеални за депонирање. Но, од 1993 година, ваквото одлагање е забрането.Точната локација на сите контејнери и нивната состојба и натаму остануваат непознати – не се знае дали се распрснати или фрлани на одредени купишта. Истражувачкиот тим од 21 член има задача да ги мапира местоположбите, да земе примероци од вода, морско дно и морска фауна.Во оваа мисија им помага автономното подводно возило UlyX, опремено со 3D камера и сонарен систем.Патрик Шардон, раководител на проектот за мониторинг на локации со нуклеарен отпад во океаните (NODSSUM), истакна дека за поголемиот дел од отпадот е потребно околу 400 години за радиоактивноста целосно да исчезне. Иако контејнерите се изработени да издржат под огромен притисок, тие не се целосно отпорни на истекување на радијација.Истражувањето продолжува со цел да се утврди реалниот ризик по животната средина и здравјето на луѓето.

Свет | пред 7 месеци

orban1

Унгарија со нов закон: Полицијата ќе може да забрани ЛГБТ+ маршеви и ќе користи камери за препознавање лица

Унгарскиот парламент, каде што владејачката десничарска партија на Виктор Орбан – Фидес има значајно мнозинство, усвои контроверзен закон кој овозможува полицијата да забрани ЛГБТ+ маршеви, со образложение дека „заштитата на децата“ има предност пред правото на јавно собирање.Законот, кој беше изгласан во март, ѝ дава овластувања на полицијата да користи камери за препознавање лица за идентификација на учесниците на јавни собири, со цел полесно изрекување казни – јави Ројтерс.Критичарите го оценуваат законот како дел од поширок обид за ограничување на демократските слободи, особено во пресрет на парламентарните избори следната година, на кои Орбан се соочува со засилена конкуренција од страна на опозицијата. Според некои анкети, дел од опозициските кандидати имаат дури и подобри шанси од Орбан.„Сите сме возрасни и препорачувам секој да одлучи што сака, се додека ги почитува правилата... а ако не ги почитува, тогаш треба да се соочи со правни последици“, изјави Орбан за државното радио.

Свет | пред 7 месеци

kgn-img-484545

Google го менува начинот на кој ги гледате резултатите од пребарување

Додека Google останува водечка платформа за интернет пребарување со милијарди дневни барања, компанијата се соочува со критики заради точноста и квалитетот на одговорите генерирани со вештачка интелигенција. Како одговор, Google ја воведе експерименталната функција Preferred Sources (Претпочитани извори), која им овозможува на корисниците да им дадат приоритет на своите омилени и доверливи интернет-страници.Со оваа опција, корисниците можат да обележат медиуми и сајтови кои редовно ги следат – на пример, одреден информативен портал или спортски сајт – и нивните статии ќе се појавуваат почесто во секцијата Top Stories кога се релевантни за барањето. Овие резултати ќе бидат јасно обележани, но корисниците и понатаму ќе добиваат и содржина од други извори, за да се зачува разновидноста.Функцијата моментално е достапна само во САД и Индија преку платформата Search Labs, иако Search Labs е достапен и во Србија. Сепак, Preferred Sources засега е ограничена само на овие два региони, но се очекува наскоро да биде проширена и на други пазари.Овој чекор укажува на зголемен фокус на персонализација и контрола од страна на корисникот – тренд кој доаѓа како резултат на неодамнешните загрижености околу точноста на содржината генерирана од АИ во пребарувањето.Со тоа што им се овозможува на корисниците самите да ги изберат своите извори на вести, Google ја нагласува важноста на проверените информации и се стреми да го врати довербата во резултатите од пребарувањето.

Магазин | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп ја налути Јапонија: Ги спореди ударите врз Иран со атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки

Претседателот на САД Доналд Трамп предизвика бран осуди во Јапонија откако ги спореди неодамнешните американски напади врз Иран со атомското бомбардирање на Хирошима и Нагасаки на крајот од Втората светска војна.„Тој удар ја заврши војната“, изјави Трамп во средата пред новинарите.„Не сакам да ја користам Хирошима како пример, не сакам да ја користам Нагасаки како пример, но суштински беше исто.“ Јапонските власти остро реагираа. Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, изјави: „Ако овие изјави ги оправдуваат атомските бомби, тоа е исклучително жалосно за нас како град кој беше бомбардиран.“Мимаки Тошијуки, преживеан од Хирошима и копретседател на организацијата Нихон Хиданкјо, која се залага за укинување на нуклеарното оружје и е добитник на Нобелова награда за мир, изјави за NHK дека изјавите на Трамп се „неприфатливи“.„Длабоко сум разочарана. Чувствувам само бес“, додаде Тероко Јокојама, членка на истата организација, во изјава за Kyodo News.Преживеаните од атомските напади во четвртокот одржаа протест во Хирошима и побараа Трамп да ја повлече својата изјава. Законодавното тело на Хирошима исто така усвои резолуција со која се отфрла секое оправдување за употреба на нуклеарно оружје и се повикува на мирно решавање на конфликтите.Главниот секретар на јапонската влада, Хајаши Јошимаса, изјави дека Јапонија „повеќепати јасно го искажала својот став за употребата на атомски бомби“ на американските власти, без да одговори директно дали Токио ќе поднесе официјален протест поради изјавата на Трамп.Споредбата на Трамп дојде откако тој се обиде да ги демантира протечените извештаи на разузнавачките служби според кои американските напади врз Иран го одложиле неговиот нуклеарен програм само за неколку месеци. Трамп инсистираше дека нападите го „уништија“ програмот и го вратиле „десетлетија назад“ – тврдење што го поддржа и директорот на ЦИА, Џон Ратклиф.Јапонија и понатаму е единствената земја во светот која била погодена со нуклеарно оружје. Околу 140.000 луѓе загинаа по американските напади на Хирошима и Нагасаки во август 1945 година. Преживеаните и денес страдаат од последици, вклучувајќи психолошки трауми и зголемен ризик од рак.Во Хирошима уште од 1960-тите гори вечен пламен на мирот, а на влезот од воениот музеј стои часовник што брои денови од последниот нуклеарен напад во светот. Светските лидери кои ја посетуваат Хирошима традиционално прават хартиени жерави како симбол на посветеност кон мирот.

Свет | пред 7 месеци

filkovsd-2

Судскиот совет со нови правила – јасни критериуми и јавни постапки за избор и разрешување

„Предлог Законот за Судски совет е прикачен на е-Влада а Министерството за правда го доби и мислењето од Венецијанската комисија .Станува збор за конструктивен и содржаен документ што содржи јасни насоки и препораки, особено за деловите на кои ние како Министерство вложивме сериозен фокус. Тие забелешки веќе се разгледани. Особено значајно за нас е што Комисијата го препозна транспарентниот и инклузивен процес при изработката на законот – преку јавни расправи, експертски консултации и вклучување на сите клучни чинители. Тоа е потврда дека одиме во вистински правец и дека нашите реформи се усогласени со европските стандарди. Овој пристап директно придонесува за зајакнување на довербата во законодавниот процес и во правосудството во целина“, велат од Министерството за правда и додаваат:Ова е клучен чекор за зајакнување на независноста и транспарентноста во судството.Клучни новини кои се предвидени со Законот:• Се предвидува јавност во постапкатата за разрешување на претседател/заменик на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна.• Прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“. Истакнати нови, појасни квалификации.• Воведување јавна расправа за кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност.• Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите.• Унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ.-За првпат, ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Советот. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ – и сега директно одговараме на таа препорака.Очекуваме Предлог Законот за Судски совет наскоро да биде усвоен во Собрание, како што и беше предвидено.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot_3-Copy-32

Бугарија доби зелено светло за евро: ЕУ поддржа влез во еврозоната од 2026 година

Бугарија вчера официјално доби поддршка од лидерите на Европската унија за воведување на еврото како национална валута од 1 јануари 2026 година, по неуспешниот обид да го стори тоа во 2024.На самитот во Брисел, европските лидери го одобрија предлогот на Европската комисија, со кој Бугарија би станала 21-та членка на еврозоната. Преостануваат уште консултации со Европскиот парламент и Европската централна банка, но тие се сметаат за формалност.Бугарија, членка на ЕУ од 2007 година, би била првата земја што се приклучува на еврозоната по Хрватска, која го воведе еврото во 2023 година. И покрај тоа што е меѓу најсиромашните членки на ЕУ според БДП по глава на жител, Бугарија бележи повисоки стапки на раст споредено со другите членки.Комисијата очекува инфлацијата во Бугарија да изнесува 3,6% оваа година и да падне на 1,8% во 2026 година, што е во согласност со критериумите за членство во еврозоната – стабилни цени, јавни финансии и валутен курс.Сепак, процесот на евроинтеграција предизвика силни реакции во земјата. Во февруари, националистички групи протестираа во Софија, фрлаа молотови коктели и црвена боја врз зградата на претставништвото на ЕУ. И во мај 2025 година продолжија демонстрациите против еврото, организирани од проруски и националистички партии.И покрај тоа што беа собрани над 600.000 потписи за референдум, бугарскиот парламент двапати го одби предлогот за народно изјаснување – во 2023 и во мај 2025 година.Анкетите покажуваат дека мнозинството граѓани се против. Според истражување на институтот „Мјара“ од мај 2025, 54,9% од испитаниците се изјасниле против воведување на еврото, додека 34,4% го поддржуваат преминот кон заедничката валута во 2026 година.

Свет | пред 7 месеци

shumska-policija

Од 1 јули стапува на сила целосна забрана за движење во шумите до крајот на август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека согласно насоките на Владата по барање од корисниците на шумите - ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство даде согласност за целосна забрана на движење во шумите и шумското земјиште. Согласноста е издадена врз основа на членот 57 став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.„Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2025 година и ќе трае се до 31.08.2025 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат.За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност“, велат од МВР.

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-59-4600PM

Втор уписен рок со над 16.000 слободни места за средношколци – најголем интерес за стручно образование

Полуматурантите кои не се запишаа во средно образование во првиот јунски рок ќе имаат втора можност да го сторат тоа на 30 јуни, кога започнува второто електронско пријавување за упис во учебната 2025/2026 година. Според податоците на Министерството за образование и наука, на располагање има вкупно 16.034 слободни места во јавните средни училишта низ државата.Од вкупниот број, 10.758 места се застава на македонски јазик, 4.781 на албански, 474 на турски и 21 место на српски наставен јазик. Се нудат 3.727 места во гимназиско образование и 12.307 во стручно, што ја потврдува тенденцијата за зголемен интерес за стручното образование.Документацијата за упис ќе се доставува на 1 јули, а конечните ранг-листи со примени ученици ќе бидат објавени на 2 јули до 12 часот. Таму каде што ќе има повеќе пријавени ученици со исти поени од слободните места, ќе се организира квалификациско тестирање на 4 јули.Министерката за образование и наука Весна Јаневска апелираше за реално оценување на учениците и истакна дека новите законски измени предвидуваат наставничките совети повеќе да немаат можност за менување на оценки. Таа посочи дека успехот „со сите петки“ станал практика која го поткопува квалитетот на образованието.Учениците кои нема да се запишат ниту во јунскиот рок ќе имаат последна шанса во август, кога електронското пријавување ќе се спроведе на 21 август, а конечните ранг-листи ќе бидат објавени следниот ден, на 22 август.

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања