Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Screenshot-2025-01-21-at-17.56.02

Трамп објави прекин на огнот меѓу Израел и Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот вечерта објави дека Израел и Иран постигнале договор за целосен прекин на огнот, со надеж дека тој ќе стане траен.„Целосен и вкупен ПРЕКИН НА ОГНОТ е целосно договорен меѓу Израел и Иран (во рок од приближно 6 часа, кога ќе ги завршат и последните мисии што се во тек!), и ќе трае 12 часа, по што ВОЈНАТА ќе се смета за ЗАВРШЕНА,“ напиша Трамп на социјалните мрежи.Овој потег доаѓа по денови интензивни напади и сериозни тензии на Блискиот Исток

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-09-29-at-09.17.46

МНР апелира: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски граѓани кои се наоѓаат на териториите на земјите од овој регион да ги следат националните портали за итни случаи и да постапуваат согласно со упатствата на надлежните институции во овие земји.,, Апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион, сè до под

Свет | пред 1 година

izrael-napadnat

Израел го избра моментот за напад, но не и времетраењето на конфликтот – ризик од долготрајна и скапа војна

Израел сам го одбра моментот за започнување на ненадејниот напад врз Иран, но не може да го контролира крајот на конфликтот и ризикува да биде вовлечен во скап и долготраен воен судир, доколку Техеран одлучи да ја продолжи борбата. Тоа го предупредуваат израелски функционери и аналитичари.„Сè уште не сме дојдени до таму, но изгледа дека станува збор за денови, а не за недели“, изјави Еран Лерман, поранешен заменик на израелскиот советник за национална безбедност. Неговото мислење се поклопува со

Свет | пред 1 година

kineski-voeni-avioni-10

Катар предупреди: Имаме право на одговор

Министерството за одбрана на Катар објави дека противвоздушните сили пресретнале ракетен напад од Иран насочен кон воздухопловната база Ал-Удеид.Претходно, сирените за опасност во воздухот се вклучија во Катар, Ирак, Бахреин, а воздушниот простор беше затворен во Обединетите Арапски Емирати.Катар, како што објавија светските агенции, изјави дека го задржува правото директно да одговори на начин соодветен на природата и обемот на нападот и во согласност со меѓународното право.„Благодарение на Бог

Свет | пред 1 година

sonce-so-termometar

ИЈЗ со препораки за претстојниот пеколно топол бран

Оваа недела не очекува пеколно топло време, сончево и топло време со температури до 39 степени.Со препораки за заштита излезе Институтот за јавно здравје за почитување на мерките за заштита на здравјето на популацијата , а посебно на ранливите групи на население во услови на високи температури.ИЈЗ предлага разгледување на можноста за потенцијално работење онлајн, флексибилно работно време, двократно работење или надополнување на изгубеното работно време. ИЈЗ препорачува избегнување на работа на

Македонија | пред 1 година

IMG_6878

(Видео) Иран нападна американски бази во Катар

Иран го возврати ударот и ги нападна американските воени бази во Катар.Веста ја објави иранската државна телевизија. Го најавија почетокот на операцијата „Добра вест за победа“ против американските сили во воздухопловната база во Катар.Трамп го свика тимот за национална безбедност за да разговара за заканите. Тој предупреди дека на секој напад ќе биде одговорено со сила многу поголема од онаа што беше видена за време на американскиот напад врз ирански нуклеарни објекти.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-06-23-at-19.26.36

(Видео) Трамп коцкарот можеби ја започна војната, но ние ќе ја завршиме - Иран со закани до Трамп

Иран со силни закани до САД, по воздушните напади врз Иран.Портпаролот на Генералната команда на Хатам ал-Анбија, Ебрахим Золфаќари во видео порака рече дека Вашингтон ќе плати цена за нападите.Во видеото, објавено на платформата Х, на англиски јазик му порача на американскиот претседател:„Трамп коцкарот можеби ја започна оваа војна, но ние ќе бидеме тие што ќе ја завршат“, се закани Золфаќари.

Свет | пред 1 година

grcija-dok

(Видео) Драма на грчка плажа, медицинско лице од Србија спаси петгодишно дете од Македонија

Вистинска драма се одвивала на плажа во Грција во петокот. Четиригодишно девојче од Македонија имало срцев проблем.За среќа на плажата во Неа Врасна бил и медицинскиот техничар од Србија, Саша Костиќ кој со брза интервенција го спасил детето.За „Утро на Прва”, раскажува што се случило.Во моментите кога можела да се случи трагедијата бил на плажата со синот и видел како родителите го изнесуваат девојчето без свест. Му помогнала и колешка, докторка.„Видовме дека детето е во критична ситуација, дек

Свет | пред 1 година

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

По обвинувањата од Москва, Вучиќ вели: Србија веќе не извезува оружје

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија целосно го запрела извозот на оружје и дека сета произведена муниција моментално се испраќа исклучиво за потребите на домашната армија.„Едно е што извезувавме по 7 октомври, а ситуацијата денес е сосема различна. Сега буквално сè запревме и го испраќаме само на нашата армија“, рече Вучиќ, по седницата на проширениот колегиум на Генералштабот.Во својата изјава, тој нагласи дека запирањето на извозот било неопходно поради променетите

Свет | пред 1 година

putin-odlikuvanje-vucic

Српско оружје преку Чешка и Бугарија до Украина? Москва со сериозни обвинувања

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) преку своето прес-биро објави наводи дека српската воена индустрија преку трети земји придонесува за вооружувањето на украинската армија. Според нив, извозот на муниција и оружје произведено во Србија, особено за артилериски системи, се зголемил и покрај дипломатскиот притисок од Москва кон Белград.Се тврди дека опремата се извезува во земји членки на НАТО, каде потоа се склопува или доработува, со што формално не се води како директен извоз во Укра

Свет | пред 1 година

policija-policaec

Кабли за фотоволтаици на мета на крадци: Осум лица пријавени за тешка кражба и прикривање во Кавадарци

Полицијата во Кавадарци поднесе кривични пријави против осум лица, осомничени за организирана кражба и прикривање на електрични кабли од парцела кај селото Марена, наменети за поврзување фотоволтаици за производство на струја.Како што информира МВР, кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство Кавадарци против А.А. (26), Ш.А. (30), Е.А. (23), М.А. (22), Р.А. (18) и Г.А. (21), сите од село Марена, кои се товарат за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот

Македонија | пред 1 година

IMG_4865

Малолетник со камен по глава удирал сосед во скопско Батинци – пресметка заврши со тешки повреди

Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против две лица – татко и син – осомничени за тешко насилство, како и против еден малолетник, поради брутален физички напад во скопското село Батинци.Според обвинителството, 41-годишен маж заедно со синовите, од кои едниот има 18, а другиот само 15 години, настанале пред семејната куќа на оштетениот поради претходна расправија со малолетникот. Тројцата започнале со закани, кои потоа прераснале во физичко насилство – жртвата била удир

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-14.23.57

Беџети од ДУИ: Европскиот фронт ќе се проширува – оваа влада секојдневно ги деградира правата на Албанците

Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети, денеска најави проширување на коалицијата не само со политички партии, туку и со поединци, интелектуалци и организации од граѓанскиот сектор. Тој ја обвини актуелната влада за, како што рече, систематско деградирање на правата на Албанците и игнорирање на законот за употреба на албанскиот јазик.„Албанскиот јазик брутално се деградира, закони се испраќаат само на македонски, се укинуваат патокази, а 78 институции го игнорираа

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-06-at-09.26.20

Стојанче Ангелов потсетува: „Ниту збор за битката кај Арачиново – еден од најтешките денови во 2001-та“

Дваесет и три години по битката за Арачиново, еден од најжестоките и најконтроверзни настани од конфликтот во 2001 година, нејзиниот спомен тоне во заборав. На тоа јавно реагираше Стојанче Ангелов, поранешен командант на специјалните сили и учесник во самата битка, кој во борбата беше тешко ранет.„Никој не ја спомна. Ниту еден ред, ниту еден збор на ниту еден портал. Ни на телевизија, ни во медиумите. Ништо. А станува збор за битка во која загинаа четворица македонски синови, а десетици беа ране

Македонија | пред 1 година

monika-spasova-brlog

„Ја изгоревте мојата внука – и очекувате да молчам?“: порака од Благојчо Ѓоргиев по трагедијата во Кочани

„Вашиот распаднат и корумпиран систем ми ја изгоре внуката, а ми велите да не барам правда? Грешка сте. Не само што ќе се борам, туку ќе им направам пат. Ако треба – нека ми биде последното нешто во животот.“Ова е дел од потресната објава на кочанчанецот Благојчо Ѓоргиев – Брлог од здружението „Хендикеп“, чија внука Моника Спасова, млада мајка, беше една од жртвите во трагедијата во дискотеката во Кочани.„Ми ја одзедовте внуката што со срце и душа се запиша на факултет за безбедност. Сонуваше за

Коментари | пред 1 година

protivpozarno-vozilo

Пожарникарските служби пред колапс: мал број кадар, дотраена опрема, несоодветни донации

Во Македонија има помалку од 400 активни пожарникари, иако според потребите треба да бидат над 800. Нема центар за нивна обука, а возилата се стари со децении и се заменуваат само доколку стигне донација од странство.Возилата што пристигнуваат како донации често се со несоодветни системи – со различни мерни единици, англиски навои, и волан на десна страна – што бара дополнителни адаптации за да се користат во македонски услови, посочи извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ.Опремувањето на

Македонија | пред 1 година

SeKXr-

Танкери го заобиколуваат Хормушкиот Теснец – расте страв од иранска одмазда по американските напади

Три танкери за нафта и хемикалии го сменија правецот и се повлекоа од пловниот пат кон Хормушкиот Теснец, откако пораснаа тензии на Блискиот Исток по американските воздушни напади врз ирански нуклеарни постројки, јавува Iran International.Според податоците на MarineTraffic, бродовите „Marie C“ и „Red Ruby“ – кои се движеле во баласт кон теснецот – фрлиле сидро во близина на Фуџаира, на брегот на Обединетите Арапски Емирати. Третиот брод, „Kohzan Maru“, се наоѓа во Оманскиот Залив, во близина на

Свет | пред 1 година

IMG_6878

Иранска новинска агенција: Нападната американска воена база во Сирија

Американска воена база во западната сиријска провинција Хасака била цел на напад, јави денеска иранската новинска агенција Mehr, повикувајќи се на разузнавачки извори. Според нивните наводи, станува збор за базата во селото Касрек, каде по нападот биле преземени строги безбедносни мерки, особено на главниот влез.Засега нема потврдени детали за природата или последиците од нападот, ниту од западните медиуми, кои сѐ уште не објавиле информации за инцидентот.Базата Касрек, според податоци од почето

Свет | пред 1 година

1824715757623c17b1be47d986814189_v4_big

Додик за наводниот атентат: „Не се чувствувам загрозено, но мора јавно да се соопштат имињата и мотивите“

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска изјави дека не се чувствува загрозено по информациите за наводна подготовка на атентат врз него, но побара итно, јавно и јасно да се обелоденат имињата и мотивите на оние кои, според него, стојат зад целата организација.„Не се чувствувам загрозено, туку многу безбедно кога ме чуваат полициите на Република Српска и Србија. Немам страв, но е индикативно што има луѓе подготвени да одвојат пари за вакви работи“, изјави Додик на прес-конференц

Свет | пред 1 година

Zernovski-SDSM

Жерновски: Македонија со ВМРО-ДПМНЕ стана тажна приказна во друштвото на Орбан

Од моето досегашно искуство на политичката сцена, ова е најлошото владеење што сум го видел, а верувам и општеството во Македонија, од времето на плурализмот – со најлоши перформанси. Сведоци сме на драматичен пад на квалитетот на владеење на сите нивоа – од централната власт, преку локалната, па сè до дипломатската мрежа, рече Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, на гостувањето во студиото 10 на 24 телевизија.Жерновски посочи дека и покрај тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја има власта во своит

Македонија | пред 1 година

23.06.2025

Мицевски: Со молкот Филипче призна, тој стои зад тепачот Акиов од Кочани, не смее да му побара оставка за да не излезе на виделина сè

Венко Филипче со денови молчи и не смее да побара оставка од советникот тепач од Кочани, кој повреди вработена во општина Кочани во текот на неговото дивеење на седницата на Советот минатата недела.Тепачот Акиов е човек од доверба на Заев, планот Акиов да почне со правење на тензија и ескалација на состојбите во Кочани го дал токму тој, на состанокот со Филипче во Дубаи.Филипче само спроведува тоа што Заев му кажал.Венко Филипче не смее да побара оставка од тепачот Акиов затоа што истиот може ле

Македонија | пред 1 година

dui-

ДУИ ја поддржува заложбата на САД за спречување на ширењето на нуклеарното оружје

Демократската унија за интеграција ја поддржува координираната заложба на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници за спречување на ширењето на нуклеарното оружје во рацете на авторитарни режими.„Последните случувања покажуваат дека демократскиот свет не може да стои со скрстени раце пред заканата од нуклеарно вооружен Иран, кој би претставувал директна опасност за глобалната безбедност, мирот во регионот и правата на милиони невини граѓани. ДУИ стои цврсто на страната на евроатлантски

Македонија | пред 1 година

putin

Путин ги осуди американските напади врз Иран

Рускиот претседател, Владимир Путин, на средба со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, излезе со осуда на американските воздушни напади врз Иран.„Тоа е апсолутно неиспровоцирана агресија против Иран. Таа нема никаква основа и никакво оправдување“, рече Путин.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-06-23-at-11.27.57

Нефункционални лифтови и проблеми со топла вода, вака живеат станарите во студентските домови

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УСС-УКИМ), е незадоволно од условите во студентските домови.Се жалат на безбедноста, удобноста и бараат достоинствениот студентски живот.„Во првото барање, доставено до Државниот студентски дом – Скопје, УСС-УКИМ апелира за навремена проверка и повторно оспособување на нефункционалните лифтови во објектите на ДСД – Скопје. Со оглед на приближувањето на новата академска година и очекуваниот зголемен број на ста

Македонија | пред 1 година

Maja-Moracanin-DOM-10-bg111

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Демократска обнова на Македонија излегува од досегашната коалиција со СДСМ. Во иднина ќе делува независно на македонската политичка сцена. Стратегиската определба на партијата е создавање на нова "Зелена коалиција" во партнерство со граѓански организации.Промените ги донесе Централниот одбор на ДОМ, со цел да се постави нова програмска насока ориентирана кон развој на еколошки, фер и инклузивни политики. "Кога процесите се затворени, потребно е самостојно и доследно политичко дејствување", велат

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања