Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Screenshot-2025-05-28-at-21.19.48

(Видео) Пандов призна: Осудените за Диво насеље имаат телефони во затвор, но не и водачите на Беланоца

Александар Пандов, директор на Управата за извршување санкции, во „Претрес со Ландов“ рече дека имал сознанија дека лицата кои организирале убиства и ликвидации наредби издавале од затворите и имало активности и планирање на сериозни кривични дела.„Во поголемите затвори има десетина лица кои вака дејствувале.Имале телефони и ај пад.Секоја недела има претреси.Сега тие лица минимално раководат со затворите. Осудените од Диво насеље сигурно имаат телефони. Најмалку половина од вработените во затвор

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-21-at-08.51.16

Пожар во болница во Хамбург: Тројца мртви, повеќе од 50 повредени

Три лица загинаа во пожар во болница во северниот германски град Хамбург, соопштија официјални лица во неделата. Повеќе од 50 лица се повредени, од кои 16 сериозно, изјави портпарол на противпожарната служба за ДПА.Пожарот избувнал на приземјето од болницата „Маријан“ во текот на ноќта во саботата, пред да се прошири на првиот кат. Според извештаите, пожарот започнал во геријатриското одделение на болницата, кое е специјализирано за грижа за постари пациенти. Причината за пожарот не е позната, н

Свет | пред 1 година

pandov

(Видео) Груевски би бил голем безбедносен ризик во Идризово, јас политичарите би ги ставал во најлошото крило, вели Пандов

Директорот за извршување санкции, Александар Пандов изразува сериозни сомнежи за безбедноста на Никола Груевски доколку биде екстрадиран и сместен во Идризово. Тој ставот го сподели во „Претрес со Ландов“.„Па не знам дали е безбеден, искрено. Не сум баш уверен дека е безбеден, бидејќи немаме ќелиски систем, не можеш да го одвоиш. Ако оди во Идризово ќе биде со 120 луѓе. Ако дојде такво време, ќе се размислува. Вака како што е, мислам ќе биде голем безбедносен ризик“, рече Пандов.Прашан дали ако

Македонија | пред 1 година

o_36912105_1280

Илон Маск: „Њујорк тајмс“ лаже, јас не земам дрога

Илон Маск објави на X во саботата дека не зема дрога, еден ден откако Њујорк Тајмс објави дека поранешниот помошник на Доналд Трамп во кампањата земал значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки за време на изборната кампања.„Да бидам јасен, НЕ земам дрога! Њујорк Тајмс лаже. Пред неколку години користев кетамин на рецепт и објавив за тоа на X, така што ова не е ништо ново. Оттогаш не сум го земал“, напиша најбогатиот човек во светот.Во својот напис од петокот, Њујорк Тајмс објав

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-03-02-at-09.58.29

Трамп ја отфрли кандидатурата на сојузникот на Маск за шеф на НАСА, експертите: „Тоа ќе ѝ наштети на американската вселенска агенција“

Белата куќа во саботата го повлече Џаред Исакман, кандидат за шеф на НАСА, ненадејно отстранувајќи го блискиот сојузник на Илон Маск од разгледување за раководење на вселенската агенција. Претседателот Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе објави нов кандидат.„По темелен преглед на неговите минати врски, го повлекувам Џаред Исакман од функцијата администратор на НАСА. Наскоро ќе објавам нов кандидат кој ќе биде усогласен со мисијата и ќе ја стави Америка на прво место во вселената“, напиша Трамп н

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-05-08-at-19.47.27

Папата му постави ултиматум на Опус Деи: Имате шест месеци да спроведете реформи

Ватикан ѝ издаде ултиматум на моќната ултраконзервативна католичка организација Опус Деи, принудувајќи ја да ги преиспита своите темели, објавува Ел Крониста. Само два месеци по неговиот избор, наследникот на папата Франциск испрати доверливо писмо до прелатот Фернандо Окарис со барање да ги усогласи статутот на Опус Деи со реформата од 2022 година. Зад ова барање стојат сомнежи за транспарентноста на организацијата и нејзината усогласеност со новата структура на Римската курија.Писмото, до кое

Свет | пред 1 година

64540ecd-497c-40a5-b1a7-78eb63174c5f

Два моста се урнаа во Русија, еден падна врз воз, 7 мртви

Два надвозници се урнаа во различни руски региони што граничат со Украина, со што возовите излетаа од шините и загинаа најмалку седум лица, а десетици беа повредени, соопштија руските власти, додека руски политичар го нарече Киев „терористичка енклава“.Областите во јужна Русија беа честа цел на напади од страна на Украина за време на војната што Русија ја започна со инвазија пред повеќе од три години.Седум лица беа убиени, а 69 повредени кога надвозник се урна врз железничките пруги, со што изле

Свет | пред 1 година

Screenshot-2025-05-31-at-20.58.50

(Видео) Семејствата на жртвите од „Пулс“ во Кочани: „Не бараме милост, не ги штитете полицијата и виновниците“

На осмиот „Марш за ангелите“, семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно упатија остри пораки до институциите, барајќи правда и одговорност.„Не ја штитете полицијата, не ги штитете виновниците. Не сме слепи, ни глуви. Не бараме милост – бараме правда. За секое дете што нема да се врати, за секоја мајка што навечер гушка воздух“, порачаа родителите.Тие упатија прашања: зошто дискотеката – импровизирана и без лиценца – не била затворена навреме, и кој сè дозволил

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-31-at-16.25.32

(Видео) Родителите од Кочани со порака до вас: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“

Молчејќи, со фотографиите од загинатите чеда во рацете, родителите, семејството, пријателите и јавноста излезе на осмиот по ред марш преку кој се упатува порака дека се чека правда. Зад родителите, транспаренти. Овојпат со порака до јавноста: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“. На протестот освен жители на Кочани, дојдоа и од другите градови.Ова е осми по ред марш кој го организираат. Тие не ја кријат болката, а очекуваат јавноста да ја почувствува и да застане рамо до рамо со н

Македонија | пред 1 година

puls-35-1

Тешки обвинувања од СДСМ: Кој го штити разрешениот началник на СВР Штип, има снимка кај што се гледа пред „Пулс“ ноќта пред трагедијата

„Власта која ја зави Македонија во црно се испречи на патот на правдата за најголемата трагедија во поновата македонска историја, пожарот во дискотеката Пулс во кој 62 деца го загубија својот живот, а 200 беа повредени“, вели Каја Шукова“, потпретседателка на СДСМ и додава:Христијан Мицкоски ги искористи сите механизми на власта, закани, уцени и присоци со единствена цел да ги заштити своите луѓе, односно оние кои се најодговорни за трагедијата која го снајде Кочани, а тоа се актуелните функцион

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-09-20-at-08.55.18

Афера Провизии кои чинат живот – Венко Филипче дозволил градба на модуларната болница во која не смеело да се обавува здравствена дејност, вели Манасиевски

„Министерството за здравство, во времето на Венко Филипче дозволил изградба на 16 КОВИД модуларни болници низ територијата на Република Македонија, кои не исполнуваат минимални стандарди“, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и додава:За време на КОВИД кризата, Светска Банка дава 30 милиони евра на МЗ за справување со КОВИД кризата, односно набавка на лекови, опрема и меѓу другото, изградба на нови 16 модуларни болници.Светска банка, проценила дека МЗ нема капацитети да ги менаџир

Македонија | пред 1 година

ljubco_georgievski

И партијата на Георгиевски се вмеша во именувањето на нов митрополит: Ѓоко нема ден монашки живот

„Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) се наоѓа пред сериозен морален и институционален предизвик, откако јавноста беше изненадена од информацијата дека поранешниот амбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓорѓевски, е замонашен од Архиепископот Г.Г. Стефан – и тоа како чекор кон негово поставување за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија, без еден ден монашки живот, без послушание и без искуство во духовното раководење“, вели во соопштение ВМРО-Народна партија чиј претсед

Македонија | пред 1 година

vmro_dpmne

Ширењето на хистерија околу распишувањето на тендери е само обид за оттргнување на вниманието од безидејноста на СДС, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Најновиот тренд на СДС е да создава хистерија околу текот и постапката на спроведувањето на тендерите, за да се покори неконструктивноста и безидејноста на Филипче и СДС“, вели ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на СДСМ.Тие додаваат:Најновиот тренд на СДС е да создава хистерија околу текот и постапката на спроведувањето на тендерите, за да се покори неконструктивноста и безидејноста на Филипче и СДС.Нивната тактика е секој тендер да го прикажат за криминален, без да изведат некакви

Македонија | пред 1 година

IMG_6897

Поранешен партнер нападнал девојка и нејзин колега во Центар – случајот е пријавен во полиција

На 30 мај 2025 година во 20:00 часот, во СВР Скопје 29-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 15:00 часот, на подрачјето на општина Центар, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер А.М. (26) од скопското село Никиштане. Според пријавата, А.М. физички го нападнал и нејзиниот колега.Случајот е пријавен, а по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните органи.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-34-6630PM

Пијан возач предизвика сообраќајка во Штип – 1,89 промили алкохол, приведен на лице место

На 30 мај 2025 година околу 19:00 часот на улицата „Генерал Михајло Апостолски“ во Штип се случила сообраќајна несреќа во која возачот Љ.С. (63) од Штип, управувајќи патничко возило „Опел“ со штипски регистарски ознаки, удрил во возило „Пежо“ управувано од 40-годишната В.К., исто така од Штип.„По интервенција на полициски службеници од СВР Штип, извршено е алкотестирање на Љ.С., при што било утврдено присуство на 1,89 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил исклучен од сообраќај и лишен од слоб

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Четири возила во тешка сообраќајка кај Колари – една жена со тешки повреди пренесена во Скопје

На 30 мај 2025 година, околу 16:10 часот, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале четири патнички возила:„Фолксваген Артеон“ со скопски таблички, управуван од А.Р. (38) од Скопје„Фолксваген Голф“ со кичевски таблички, управуван од Б.Т. (22) од Кичево„Митсубиши“ со скопски таблички, управуван од В.А. (61) од Скопје„Сеат“ со охридски таблички, управуван од Д.Ѓ. (56) од Македонски Брод„Во несреќата со телесни повреди се здо

Македонија | пред 1 година

83A8C0E4-4AC5-468D-9103-997021EF4AC3_1_105_c

Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека на 01.06.2025 (недела) со почеток во 17.00 до 18.00 часот поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.Трката ќе започне со стартна позиција од Порта Македонија, десно долж ул.„Димитрие Чупоски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

780.000 евра за два тендери, перење пари за промоција на Мицкоски, вели СДСМ

„Власта на ВМРО-ДПМНЕ буквално аздисува со парите на граѓаните. Летаат тендери, јавни набавки, власта на големо троши пари ама за лична промоција и политички маркетинг“, вели Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ и додава:На ангро се перат пари.Каде завршуваат народните пари? Во чии џебови?Денеска ќе објавиме уште еден скандал.Додека семејствата на загинатите во Кочани немаат никаква поддршка од владата, додека болниците немаат никакви услови, кочанската болница е во хаос, Владата

Македонија | пред 1 година

IMG_2107

Обвинител ја чека Арсоска да ја сослуша за заканите, па да провери - за дивоградбите во Чаир очекуваат таа да соработува со нив

Обвинителството испрати јасна порака до градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска: ако знае за криминал на градоначалникот на Чаир, Ганиу – нека го пријави! Основното јавно обвинителство Скопје веќе постапува по известување од СВР Скопје и издало повеќе наредби. Надлежните органи бараат јасни податоци за сомнителни парцели и згради, додека Министерството за внатрешни работи се вклучува поради наводните закани кон Арсовска.„Основното јавно обвинителство Скопје постапува по доставено известувањ

Македонија | пред 1 година

volodimir-zelenski1-830x0

Зеленски: Москва прави сè што може за да го направи следниот состанок неуспешен

Претседателот на Украина ја доведе во прашање посветеноста на Русија за напредок во мировните преговори откако Москва потврди дека испраќа тим во Истанбул на разговори задутре, објави Би-Би-Си.Русија сè уште не ги испратила своите преговарачки предлози до Украина, што е клучно барање од Киев. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека условите на Москва за прекин на огнот ќе бидат дискутирани во Турција, но Володимир Зеленски ја обвини Москва дека прави сè што може за да се осигури дека сле

Свет | пред 1 година

belgrad

Дојави за поставени бомби на повеќе локации, Белград под полициска опсада

Министерството за внатрешни работи на Србија, соопшти дека бомби се пријавени на неколку локации во Белград.Една од пријавените бомби била и на пазарот на булеварот „Крал Александар“.Полициска истрага е во тек.Во минатото низ Белград имаше лажни дојави за бомби во училишта, универзитети и градинки.

Свет | пред 1 година

IMG_2106ll

ВРЕДИ обвинува: Апасиев е во служба на Данела и ДУИ, коалицијата на срамот е официјализирана

ВРЕДИ во соопштение ги обвини ДУИ, Апасиев и Данела дека се во „коалиција на срамот”.„Кога мислевме дека ДУИ не може да падне пониско, еве го најсрамниот сојуз во политичката историја на земјата: ДУИ, Данела Арсовска и Димитар Апасиев, сите заедно, против ВЛЕН и против Албанците од Чаир“, велат од ВРЕДИ.„Апасиев, човекот познат по навреди, омраза и клевети против Албанците, сега стана партнер на ДУИ во обид да ја спаси Данела и да го одржи стариот режим на Блерим Беџети во живот. Ова е сојуз на

Македонија | пред 1 година

drzavna-matura

Почна полагањето матура со предупредување: Фатен препишувач – пауза една година

Повеќе од 15.000 матуранти денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура – мајчин јазик и литература. Испитот е задолжителен за сите ученици, а најголем дел се пријавени за македонски (9969), албански (4339), турски (292) и српски јазик (10).Според Државниот испитен центар, вкупно се пријавени 15.004 кандидати – од кои најмногу од стручни училишта (8816), гимназии (5966) и уметнички училишта (222).Следниот екстерен испит, кој е изборен, ќе се полага на 11 јуни. Најмногу ученици ќ

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-05-31-at-09.57.38

Камион се удри во Боинг на лондонскиот Хитроу, возачот ги измеша сопирачката и гаста

Камион се удри во Боинг 787-9 на „Сауди Арабиан ерлајнс“ на аеродромот Хитроу пред три дена околу 14:54 часот, правејќи дупка во авионот и предизвикувајќи долги одложувања, објавува „Мирор“.Возачот ја изгубил контролата врз камионот, кој се удри во авионот на земја откако ги помешал гасот со сопирачката. Ова се случило само неколку минути откако патниците на летот SVA105 од Меѓународниот аеродром „Крал Абдулазиз“ во Џеда, Саудиска Арабија, се истоварија на Терминал 4 на лондонскиот аеродром.Раку

Свет | пред 1 година

FA7F9C6D-5D57-4B53-91C1-D1C262968A1D_1_105_c

Болката одново ќе се излие на кочанските улици, родителите на загинатите и денеска на улиците

Денеска во 16 часот и 5 минути, семејствата на загинатите во трагичниот пожар во кочанската дискотека ќе го одржат осмиот по ред „Марш за ангелите“. Toj ќе започне од Паркот на револуцијата и ќе се движи низ централните улици – преку Трговскиот центар, пред зградата на Општина Кочани, Полициската станица, Основниот суд и Јавното обвинителство.Организаторите упатија јавна покана до сите граѓани кои сакаат да ја поддржат нивната борба за вистина и правда, да им се придружат на маршот. Мајките на з

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања