Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Screenshot-2025-03-24-at-13.34.51

Речиси пет години затвор за Бугаринот кој измами кумановка за 30 илјади евра со наводна сообраќајка

Бугарскиот државјанин Предраг Миленков (60) од Софија, кој ja измами Г. В. (66) од Куманово за 30.000 евра, доби казна од четири години и 10 месеци. Судијата смета дека тој сторил тежок вид на измама, со јавувањето кај семејството Величковски на кои им побарал 50.000 евра, со тврдење дека член на семејството умртил мигрант. Тие немале толку средства, па исплатиле сума од околу 30.000 евра.„Превидената максимална казна е пет години затвор, судот му изрекува на обвинетиот четири години и 10 месеци

Македонија | пред 1 година

klinika-brza-pomos

Повредениот малолетник е во стабилна состојба, вели д-р Срцева од КАРИЛ по пукањето во Волково

Повредениот малолетник од скопско Волково, е во стабилна состојба, соопшти директорката на КАРИЛ, Марија Срцева Јовановски. И тој е повреден од огнено оружје, во пукањето каде едно лице е убиено, а другото се самоубило веднаш по настанот.„Се прават иследувања, состојбата е релативно стабилна и пациентот потоа ќе продолжи со лекување веројатно на Клиниката за пластична хирургија“, одговори Марија Срцева Јовановски на новинарското прашање.Претходно, МВР соопшти детали.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-08-13-at-13.58.36

(Видео) Угостителите со неправилности ќе добијат мораториум за работа - има огромен број на неправилности

Мораториум за работа ќе добијат угостителските објекти кои имаат неправилности и тој ќе важи се додека не ги отстранат. Ова го посочи премиерот Христијан Мицкоски. Тој кажа дека од досегашните контроли регистрирани се неправилности во работата кај голем број објекти и затоа Владата подготвува акционен план.„Ќе продолжат контролите и во наредниот период. Јас можам да кажам дека воочени се огромни неправилности. Кога зборувам за огромни неправилности зборувам за 70-80 отсто од објектите, не збору

Македонија | пред 1 година

policija-brza-pomos

За убиството во Волково: Се вештачи оружјето, се земаат траги, на терен е обвинител и полицијата

Јавен обвинител, полициски и други увидни екипи вршат увид на лице место и ги преземаат сите дејствија за расчистување на убиството и самоубиството во скопско Волково.„Издадена е наредба за обдукција на телата на двајцата починати. Од лице место е подигнато оружјето кое ќе биде предмет на вештачење. Ќе се вршат балистички и други вештачења со цел да се утврдат сите околности на настанот“, велат од Обвинителството.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-03-18-at-23.08.48

Вечерва посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска (24.03.2025) со почеток од 19.00 часот поради одржување на протестен марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.„Протестниот марш ќе започне на Плоштад „Македонија“, а во 19.30 часот ќе се продолжи со движење кон Собрание на РСМ на ул.„11-ти Октомври“, потоа по ул.„Филип Втори Македонски“, лево по бул.„Гоце Делчев“ до пред Влада на РСМ на бул.„Или

Македонија | пред 1 година

puls-37

11 обвинители ќе прават распит на 300 сведоци, велат од Обвинителството за истрагата за дискотеката во Кочани

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски утрово одржа координативен состанок со тимот јавни обвинители кои постапуваат во истрагата за трагичниот пожар во Кочани“, стои во соопштението од Обвинителството испратено утрово и се додава:„Со оглед на обемот на дејствијата кои веќе се преземаат, тимот е проширен на 11 јавни обвинители кои постапуваат во овој предмет согласно усвоен план на активности и динамика.Првичните планови на истрагата упатуваат на обемни активности кои

Македонија | пред 1 година

sad-makedonija

Амбасадата на САД во Македонија: Ако останете во Соединетите држави подолго од траењето на визата, можете да добиете трајна забрана за патување

Амбасадата на САД во Македонија ги предупреди дека ако останат во Соединетите држави подолго од траењето на визата - можат да добијат и трајна забрана.„Ако престојувате подолго отколку што е пропишано на вашата американска виза, може да се соочите со трајна забрана за патување во Соединетите Држави. Конзуларните службеници имаат целосен пристап до вашата историја на имиграција и ќе знаат за прекршувањата од минатото. Не постои такво нешто како „ненамерна грешка“ - ваша одговорност е правилно да

Македонија | пред 1 година

velibor-manev

Манев за убиствата на Вања и Панче: Требаше да се оформува партија и ни фалеа пари, така се роди идејата за грабнување

Обвинетиот Велибор Манев, за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, одговараше на прашања од судијата Ивица Стефановски. Тој раскажа како дошле до идеја за грабнување.„Требаше да се оформува партија и ни фалеа пари. Така се роди идејата за грабнување. Реков претходно дека 150 илјади евра ни беа ветувани, но откако виде дека не е таа жена, ни рече дека ќе се обиде да извади по 20 илјади евра по човек. Се двоумеше Палчо меѓу поранешен директор на Гранит и оваа ќерка на фармац

Македонија | пред 1 година

Martin-K-1

Селектитвност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани, вели Костовски од СДСМ

„Пред точно една недела, Македонија ја погоди најтешката трагедија во поновата историја. Изгубивме 59 млади животи. Во тие најтешки моменти, како партија одлучивме да молчиме и да не политизираме. Решивме да не додаваме сол на раната на семејствата на починатите. Тоа беше одговорно и човечки“, вели Мартин Костовски - организациски секретар на СДСМ и додава:Оставивме седум дена органите на правосудството да покажат дека спроведуваат независна, темелна и пред сè неселективна истрага за овој страво

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-24-at-11.49.05

(Видео) Мицкоски ги разбира протестите и гневот: Но не ги разбирам политичките глодари-лешинари

Премиерот Христијан Мицкоски, рече дека ги разбира сите кои гневот и протестите, но не ги оправдува, како што вели, политичките глодари, кои ги нарече и лешинари.„Протестите се демократска алатка за изразување на незадоволство. Сите сме незадоволни од тоа што се случува. Работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме. Се решија многу работи со изборот на оваа Влада, за многу работи оваа Влада беше браник, да не дозволиме да продолжи разграбувањето, националното уништување, разграбувањето на

Македонија | пред 1 година

viber_image_2025-03-18_13-58-16-981

Во стабилна состојба се повредените од Кочани кои се лекуваат во Бугарија

Состојбата на сите 15 повредени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија е стабилна, соопшти бугарскиот министер за здравство Силви Кирилов за БТВ. Нивното лекување продолжува, а најголем проблем за повредените, како што посочи, е вдишувањето гасови за време на пожарот.Министерот Кирилов кажа дека во болниците во Софија, Варна и Пловдив се примени вкупно 15 лица, од кои само двајца се на возраст од 30 години, сите други се помлади, од кои пет се под 18 години.

Свет | пред 1 година

taravari-1

Таравари демантира дека планира да го напушти министерското место во ресорот здравство

Министерот за здравство, Арбен Таравари, негира дека планира да поднесе било каква оставка.„Јас сум фокусиран на работите во здравство. Коалицијата е стабилна, јас продолжувам и на 1, 2, и на 5 април да го водам здравството“, рече Таравари.Ставот на министерот доаѓа откако во јавноста се прошири вест дека тој ќе раководи со ресорот здравство до април.

Македонија | пред 1 година

policija-brza-pomos

Пукање во скопско Волково: Едно лице се бори за живот

Пукање имаше утрово во скопско Волково. Според првичните информации до кои дојде „Скопје1“, станува збор за расправија, по која имало пукање. Две лица се повредени, од кои едното е во потешка состојба и се бори за живот.„Од страна на едно лице било пукано од огнено оружје кон соседите, има повредени“, велат од МВР за „Скопје1“, посочувајќи дека станува збор за првичните информации.На лице место има десетици полицајци кои го обезбедуваат местото. Дојдена е и Брза помош.Детали за настанот засега н

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-03-24-at-10.05.25

Двајца загинати во Волково, малолетник е повреден и во болница - детали од МВР

Две лица загинале, додека малолетник во релативно стабилна состојба е однесен во болница на лекување. Ова е епилогот од пукањето кое се случи утрово во скопско Волково, во општината Ѓорче Петров.„Денеска (24.03.2025) околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медиц

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-23-at-15.09.07

16 повредени од Кочани се праќаат дома, четири се критично - сега е фазата на инфекции, рече Таравари

16 лица од повредените во Кочани, ќе се пуштат на домашно лекување, додека 30 пациенти ќе останат на лекување во скопските клиники. Ова го соопшти министерот за здравство, Арбен Таравари, кој најави и враќање на осум пациенти кои се лекуваат во странство. Тој рече дека во Македонија, ќе бидат сместени во домашните клиники, па за ден два ќе бидат пуштени дома.„Четиири пациенти се покритични. Вчера беа пет, денес, се четири. Во фаза сме на инфекции кои можат да се јавуваат кај изгореници од трет и

Македонија | пред 1 година

298196751_650863252645052_6768035899300460508_n

ДУИ се огласи: Молкот заврши, започната е политичка хајка

Изминаа седум дена болка, молк и солидарност – денови кога целото општество се поклони пред споменот на 59 млади животи што згаснаа трагично, меѓу кои и деца, а стотици други беа повредени. Како Демократска Унија за Интеграција, одбравме да молчиме – од почит, велат ДУИ преку соопштение кое ви го пренесуваме во целост:Почит кон жртвите, кон семејствата, кон една национална рана што треба да не обедини, а не да нè подели.Но молкот заврши. И сега мора да се зборува.Од првиот момент на трагедијата

Македонија | пред 1 година

486065000_18022520981659085_1109633324685409913_n

Во сообраќајките кај Стража и во Кавадарци - нема повредени

Во двете сообраќајки кои се случија во текот на вчерашниот - нема тешко повредени лица.Според информациите од МВР, во несреќата која се случи во Кавадарци, возачите на автомобилите се пуштени дома веднаш по прегледите во полиција.И во сообраќајката на патот Гостивар-Стража, исто така нема тешко повредени.

Македонија | пред 1 година

IMG_6897

Скопјанец украл 10.000 евра од менувачница, користејќи кратко отсуство на вработениот - оди во притвор, а не му е првпат да е осуден

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 20 март, одзел пари во вкупен износ од 10.100 евра од менувачница на улицата „Архиепископ Ангелариј“. Го искористил моментот кога вработениот во менувачницата, поради зафатеност со работни обврски, кратко излегол надвор, па осомничениот влегол во менувачницата, од благајната ги одзе

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-26-at-09.01.25

Пцуење, па извадил нож, се претставил како полицаец со значка - насилство на скопска обиколница

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник осомничен за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„На 21 март попладне, на обиколница Скопје во близина на клучката кај Стајковци, извршил грубо насилство врз едно лице и со тоа во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.Поради недоразбирање во сообраќајот, осомничениот управувајќи автомобил “Фолксваген голф” дошол во иста линија со возило “Сеат леон”

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-23-at-15.09.07

Пет повредени од Кочани се во критична состојба, девет пациенти кои се лекуваат во Македонија ќе бидат пуштени на домашно лекување од утре

Во македонските болници сите повредени од Кочани се во стабилна и добра состојба, а девет се планира да се испишат во понеделник по направените токсиколошки и психолошки анализи. Петте покритични пациенти се лекуваат надвор од државата, кажа министерот за здравство, Арбен Таравари.„Следната недела имаме најави за враќање на повеќе пациенти во државава. Во критична состојба продолжуваат да бидат околу пет пациенти. Седми ден е, нула починати. Нема ниту еден пациент кој починал. Очекуваме да се по

Македонија | пред 1 година

obid

(Видео) Една снимка, два деманти: „Кој е следен?“ тврдат дека се мета на лажни вести, собирот ниту на УКИМ не е откажан

Снимка на која се гледа како македонски студенти се консултираат со српски студенти, а се зборува за протести, се рашири на социјалните медиуми и дел од порталите. Пишувањата беа во насока дека токму од неа се гледа дека зад собирите по трагедијата во Кочани стојат политички актери, а не граѓани што сакаат правда. Но, набрзо по објавата, стигнаа два деманти - од кои едниот е од организацијата „Кој е следен?“ од каде посочија дека немаат поврзаност со студентски организации од надвор, како и дека

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-23-at-14.19.12

Над 40 кампањи за донации за Кочани се активни на „GoFundMe“, донирани се над 200.000 долари; Д-р Лазаров: Кој ќе одговара за париве?!

Над 40 кампањи за донации се активни на платоформата „GoFundMe“, а сите за семејствата на загинатите и повредените во пожарот во Кочани. Досега, се собрани преку 200.000 долари и се се уште активни. Сите кампањи се креирани од различни организатори, а на истите, има илјадници донатори.[caption id="attachment_325053" align="alignnone" width="1301"] Screenshot[/caption][caption id="attachment_325054" align="alignnone" width="1327"] Screenshot[/caption][caption id="attachment_325055" align="alignno

Македонија | пред 1 година

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Малолетнички биле нападнати и допирани по телата од четири лица во Прилеп

На 22.03.2025 во 22.00 часот во ОВР Прилеп, 37-годишна жена од Прилеп пријавила дека на 22.03.2025 околу 19.40 часот нејзината малолетна ќерка, заедно со нејзините четири малолетни другарки, на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп биле физички нападнати и допирани по телото од страна на четири лица.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-4810PM

Скопјанец тешко повреден, по несреќа на влезот од Охрид

Денеска (23.03.2025) во 00.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – село Подмољје, патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(51) од Скопје, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Охрид | пред 1 година

Screenshot-2025-03-23-at-13.11.09

Митева: Не би сакале повици за дестабилизација да наштетат на овој процес за правда

Сакам да ја информирам јавноста за тежината од оваа трагедија која паѓа врз сите нас. Голем потсетник за одговорностите што ги носиме како Влада и како општество. Предолго, занемарувањето и системските неуспеси ги ставија животите во ризик.Морам да истакнам дека како Влада будно ја следиме состојбата. Ја споделуваме загриженоста и разочараноста кај граѓаните на нефункционирањето на системот, но во исто време ги вложуваме сите напори тоа да го промениме. Затоа во овој момент апелираме да не се шп

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања