Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Нема фотографија

Тешка сообраќајка кај Прилеп синоќа - загинат 75 годишен жител на Беровци

Седумдесет и пет годишен жител на прилепското село Беровци е жртвата на тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Прилеп – Битола, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ на излезот од Прилеп.Од тешките повреди загинал на лице место на коловозот откако бил удрен од товарно моторно возило со скопски регистарски таблички.Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, кој направи увид на местото на несреќата, тешката сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 20 часот.– Пешакот се дви

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-26-at-20.24.55

(Видео) Д-р Лазаров: Белиот мантил е тежок и не треба секој да го носи, вработувањата во здравство се политички

Доктор Ненад Лазаров е гостин во „Претрес со Ландов“. За него е шокантно што сѐ ни се случува.Во блиска иднина не верува дека може да се лекуваме без донации, вели Лазаров кој е активен преку платформата ECrowd.mk, чија цел е помош за оние кои не можат да си дозволат лекување.„Углед и чест беше порано да се работи во здравство, сега вработувањата се политички и партиски”, вели Лазаров.За скандалот на Урологија кога доктор буквално се дереше на пациенти, вели дека вакво нешто не смее да се случи,

Македонија | пред 1 година

kuce-51235

Обвинетите за убиство на кучето бегаа од граѓански активисти кои бараа правда за Феликс

Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски, кои ги зовреа социјалните мрежи, денеска влегоа во судница како обвинети за бруталното претепување на кучето Феликс.Феликс, кој беше претепан во ноември и покрај сите обиди за негово спасување, угина по два месеци.Љубе и Бранко се товарат за кривичното дело убивање и мачење животни. Судењето се одложи затоа што еден од обвинетите и неговата одбрана го немале примено обвинителниот предлог, ниту пак решението за одлука за предложената мерка за обезбедување прис

Македонија | пред 1 година

fond

Пензиите за март повисоки за 2.500 денари, од септември усогласување по старата методологија

Пензионерите на 1 април ќе добијат нов, втор раст на пензиите за 2.500 денари. Линеарното покачување се однесува на мартовската пензија. До Собранието веќе е доставен Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кој Владата предлага да се донесе во скратена постапка.Со ова ќе се изврши усогласување на пензијата на корисници на пензија на кои им се исплаќа во Република Македонија.Притоа, зголемувањето на пензиите од 5.000 денари направено лани

Македонија | пред 1 година

tanja

Ексоветничката на Заев, Илиевска, не поднесува оставка од Судски совет: Најсовесно и чесно ја извршував функцијата

Тања Чачарова-Илиевска, член на Судски совет, избрана од Собранието не чувствува одговорност за да поднесе оставка, како што од неа и од другите гленови избрани од Зааконодавниот дом бара премиерот Христијан Мицкоски. Таа во минатото беше советничка на премиерот Зоран Заев во Владата, а потоа беше избрана како член на Судскиот совет.За нив владеачкото мнозинство поднесе интерпелација.Чачарова-Илиевска, пред две недели рече дека и треба време да ја анализира интерпелацијата за да заземе став, а д

Македонија | пред 1 година

soopstenie-sdsm

СДС фејк њуз, денес не им е денот, видеото од Викторија Трајков е критика на нивната дипломатија пред 2 години, а не од сега, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС фејк њуз, денес не им е денот, видеото од Викторија Трајков е критика на нивната дипломатија пред 2 години, а не од сега“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ и додава:@Не е денот на СДС. Филипче го извадија со погрешна прес конференцика пуштија соопштение за снимка стара 2 години.Снимката е од 2023 година и критиката е за патлиџан дипломатијата на СДС.Само СДС очајна може интервју старо 2 години, во кое се зборува за дипломатијата на СДС и посетата на Димитар Ковачевски, а не за ди

Македонија | пред 1 година

sednica-co-sdsm-2

СДСМ се извини за соопштение пратено до медиумите

„Упатиме искрено извинување до медиумите и до јавноста, за последното соопштение во коешто се споменува Викторија Трајков. Поради ненамерна грешка, беше споделена стара содржина која не е релевантна за тековните случувања“, велат од СДСМ и додаваат:Нашата намера никогаш не е да создадеме погрешна слика за актуелните состојби. Веднаш по согледувањето на пропустот ви го испраќаме ова извинување.Ви благодариме на разбирањето и ве уверуваме дека транспарентната и точна комуникација останува наш прио

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-26-at-14.43.42

СДСМ со соопштение за Викторија Трајков, па се извинија

„Додека ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува преку соопштенија да ги побие фактите дека дипломатијата под водство на ВМРО-ДПМНЕ е во хаос и без компас, заменик министерката во Министерството за европски прашања, Викторија Трјаков го потврдува она што го денес го соопшти претседателот на СДСМ, Венко Филипче“, вели СДСМ и додава: Љупче Златев, дека очекувал поконкретни средби во Америка или можеби изјава од некој американски политичар дека ја поддржува Македонија во однос на Бугарија, Трајков вели дека то

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-26-at-15.14.54

Манчевски: Судот пресуди дека Агенцијата за филм мора да го плати долгот за филмот „Кајмак“

Милчо Манчевски — македонски кинорежисер, сценарист, писател, објави дека ја добил тужбата поднесена против Агенцијата за филм, за неисплата на парите за екипата на филмот „Кајмак“.„Ја тужев Агенцијата за филм затоа што незаконски одбиваше да го исполни потпишаниот договор и да ја исплати екипата за филмот “Кајмак”, кој е завршен пред две и пол години! Судот пресуди дека сме во право и дека Агенцијата за филм мора да си го плати долгот. Тие ги криеја парите од две причини:1. Да се одмаздат зато

Македонија | пред 1 година

gjorcevski

(Видео) Токму мајката, а не таткото, прва известила дека можно е Вања да е киднапирана, вели Туфегџиќ

Адвокатот Владимир Туфегџиќ тврди дека мајката Зорица Ѓорчевска прва ја известила јавноста дека има сомнеж дека Вања е киднапирана, доставувајќи докази од медиумски написи со нејзина изјава. Со ова, тој цели кон побивање на тврдењата на Обвинителството дека првиот сомнеж го имал Александар Ѓорчески, со кои, обвинителот сака да докаже дека Ѓорчевски помогнал во грабнувањето на сопствената ќерка. Тој кажа дека целото семејство имало различни размислувања, ама во таа насока.„На Александар не може д

Македонија | пред 1 година

bore-videvski

(Видео) „Снимките не се од вечерта пред убиството на Жежовски“ адвокатот тврди дека Видевски признал вина оти бил тепан од полицајци

Бојан Манев, адвокатот на обвинетиот Боре Видевски, тврди дека снимките на кои обвинителката покажа како се гледаат обвинетите слушалки и мотороли, не се од вечерта пред убиството на Панче Жежовски. Тој рече дека вечерта пред убиството, Видевски славел куќна слава.„Од страна на мојот клиент е кажано дека тие не се снимки од тој ден. Вечерта пред убиството на Панче Жежовски, тоа е ден св. Арангел, тој присуствува на негова лична слава. Тие снимки не се од тој ден. Тоа ќе го видите од исказот на с

Македонија | пред 1 година

vanja-pance-palco-sudenje-7

Судење за убиството на Вања и Панче: Кои обвинети нема да се бранат со нови докази, а кои ќе се бранат пред судот

Обвинетите за грабнувањето и убството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се на ред да достават докази кои ќе бидат изведени на рочиштето денеска, но и на идните. Обвинетите Велибор Манев и Влатко Кешишев ќе даваат само исказ и не предлагаат никакви материјални докази за нивна одбрана. Обвинетиот Боре Видевски пак, зборуваше само дека не прифаќа пред суд да се изведе извесна снимка (засега не се знае за каква снимка станува збор), посочуваќи дека не е обезбедена на законит начин, не се знае ниту

Македонија | пред 1 година

taravari-1

Верификацијата на телефонски број во „Мој термин“ ќе биде задолжителна, децидни се од Здравство

„Во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги за пациентите, во системот Мој Термин е воведена опцијата за верификација на телефонскиот број“, велат од Министерството за здравство по барањето на матичните доктори ова да се укине.Тие додаваат: Оваа мерка има за цел да обезбеди пациентите навремено да добиваат известувања за закажани термини и други здравствени услуги, со што се намалуваат пропуштените прегледи и се оптимизира функционирањето на здравствениот систем.Во моментов,

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-01-08-at-22.48.26

ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за животната средина и здравјето на граѓаните, вели СДСМ

„На првата надзорна расправа „Ефекти од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ ДПМНЕ ја покажа вистинската вистина, или новото нормално – дека воопшто не се грижат за животната средина и здравјето на граѓаните. Лицемерието го покажаа и ВЛЕН и ЗНАМ кои исто така не ја удостоија расправата барем со по еден свој претставник. Владејачкото мнозинство ја бојкотираше дебатата за еден од најгорливите проблеми на г

Македонија | пред 1 година

vanja-pance-palco-sudenje-5

Сведок тврди дека разменувал со Палевски во моментите кога Вања е грабната па убиена, но ги нема пораките оти се избришале

Сведокот Зоран Петковски, член на партијата „Десна“ и поранешен полицаец, тврди дека денот кога Вања Ѓорчевска беше грабната, па убиена, имал контакт преку „Телеграм“ со обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо. Но прашан дали ја чува комуникацијата тој рече дека нема таков доказ бидејќи пораките се бришеле по 30 минути откако ќе се разменеле.„Да, имав комуникација на критичниот период , конкретно датум 27.11.2023. Ова го тврдам затоа што на тој ден е на сопругата и е роденден. На тој ден, Палевски помеѓ

Македонија | пред 1 година

filipce-51

Филипче: Извештајот на Хридом Хаус е доказ дека со ВМРО-ДПМНЕ паѓа слободата на говорот

Последниот извештај на „Фридом хаус“ покажува дека Македонија и годинава останува делумно слободна земја, а тоа претседателот на СДСМ Венко Филипче го оценува како загрижувачки. Рангирањето на „Фридом хаус“ е врз основа на два критериуми политички права и граѓански слободи и годинава Македонија го зазема 67 место споредбено со 2021 година кога Република Македонија беше единствената земја со демократски напредок во Западен Балкан односно со втор најдобар резултат во Европа.„Во однос на извештајот

Македонија | пред 1 година

filipce-presBudzetVF1-3

Филипче: Алармантно е, потребни се три минмални плати за да се покријат основните трошоци, стандардот пропаѓа

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочи дека економската неизвесност станува се поголема, граѓаните ги чувствуваат погрешните економски политики на Владата. Трошоците за живот континуирано растат, платите стагнираат, а Владата нема решенија за заштита на животниот стандард на граѓаните, ниту ги прифаќа предлозите на СДСМ.„Трошоците на живот во јануари 2025 се зголемени за 4,9%, а индексот на цени на мало пораснал за 5,2%. П

Македонија | пред 1 година

15022025_MICKOSKI-3

Мицкоски: Да се избере јавен обвинител кој ќе биде заштитник на правдата, а не како до сега заштитник на криминалот на СДСМ и ДУИ

„Тоа што СДСМ го брани Коцевски и ДУИ е главна причина и услов за да ние работиме спротивно од тоа“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата на СДСМ дека се врши партизација на судските органи.Премиерот Мицкоски посочи дека правосудните органи под палка на СДСМ и ДУИ е октруирано и партизирано и има доверба од 2 проценти.„Тоа значи дека имаме октруиран, партизиран целосен систем кој што има за цел да биде последниот браник

Македонија | пред 1 година

jovanova-jovanov-1412

Судијката која му изрекла воспитна мерка на возачот Васил Јованов не го прекршила законот, ниту била пристрасна, заклучиле членови на Судскиот совет

Судскиот совет не најде прекршување на законот од страна на судијката Даниела Алексовска Стојановска од Кривичен суд која му одредила заводска мерка на возачот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова, во судскиот процес каде му се судело за дрога. Предложено е само извештајот да се донесе до Обвинителството и Советот на обвинители, поради тоа што Судскиот совет има замерки на завршиот збор на обвинителот кој го гонел Јованов во тој случај. Според Судскиот совет, заводската мерка е согласно

Македонија | пред 1 година

filipce34

Аман Венко, не се брукај, те насанкаа советниците, или свесно манипулираш, не знаеш за што гласала Македонија, а држиш пресови, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Жално е да се гледа како Венко Филипче кажува глупости и се излетува во јавноста со погрешни изјави и заклучоци“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Под итно да ги отпушти советниците кои денес го натераа да збори невистини, а доколку тоа не го направи јасно е дека тој свесно и отворено манипулира.Венко не знае како и зошто гласала Македонија во Обединетите нации а држи прес конференции за тоа.Во еден момент Филипче вели цитираме “Македонија прифати да бидеме конспознори на американската резолуција, а по

Македонија | пред 1 година

brza-pomos-nokje-3

Малолетник со „ауди“ удрил во бетонска ограда од куќа, има тешки повреди и е во болница

На 25.02.2025 околу 06.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат од с.Ропаљце кон с.Матејче, општина Липково, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Куманово, удрило во бетонска ограда од куќа.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

kuce-51235-1000x600-1

Не се одржа првото рочиште за убиството на кучето кај Момин поток

Не се одржa првото рочиште за мачењето на кучето Феликс кај Момин поток, кое беше претепано и почина по два несеци лекување. Еден од обвинетите и неговите адвокати го немаа примено обвинителниот предлог ниту решението за мерката за обезбедување присуство. Адвокатот на обвинетиот побара време да ги разгледа доказите. Ова беше причина рочиштето да не се одржи бидејќи не беа исполнети условите за одржување главна расправа.Обвинетите Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски се товарат за кривичното дело

Македонија | пред 1 година

DSC_0683

Матичните штрајкуваат од 11 до 12 часот: Новината во „Мој термин“ ги налути, секој пациент мора да биде со верифициран број, без тоа не може да се препише терапија

Матичните доктори ќе прекинат со работа од 11 до 12 часот, во знак на предупредување, по воведените новини во системот „Мој термин“. Според тврдењето на претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова, тие не можат да издадат терапија и да направат прегледи на пациенти, доколку не се изври автентикација на мобилниот телефон.Тоа би значело дека кога пациентот ќе дојде за преглед и терапија, докторот или сестрата треба да го праша за телефонскиот број, п

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-26-at-10.32.40

(Видео) „Прво куче, кој е наредната жртва?“, активисти побараа затвор за убиецот на кучето Феликс

Активисти за правата на животните излегоа на мирен протест пред Кривичен суд и побараа затворска казна за лицето кое го мачеше кучето Феликс кај Момин поток, кое потоа почина. Денес започна судењето за двете лица, меѓу кои е и Љубе, кого Обвинителството го товари дека десетина пати го удирал кучето по главата и телото. На првото рочиште, двајцата обвинети ќе бидат прашани дали чувствуваат вина, по што, ако негираат, ќе им се суди со изведување на докази и сослушување сведоци.Присутните пред судо

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-02-26-at-09.52.17

Човекот на Трамп одби да каже дека Русија ја нападна Украина: „Не сум информиран за тоа“

Стефен Фајнберг, милијардерот и финансиски експерт, номиниран од претседателот Трамп за заменик цивилен шеф на Пентагон, вчера на сослушување во Сенатот одби да каже дали верува дека Русија ја нападнала Украина, предизвикувајќи критики од демократите. Но, како што пренесува Inside Defense, Фајнберг доставил писмена изјава до пратениците во која ги опишува акциите на Русија во февруари 2022 година како „уште една инвазија“.По изјавата на претседателот Трамп, кој непрецизно го прикажува Киев како

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања