Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

viber_image_2024-11-18_23-25-05-655

Комунална хигиена-Скопје подигна 𝟦𝟧 кубни метри непрописно одложен отпад во текот на изминатото деноноќие

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 45 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Кисела Вода, Аеродром, Центар и Карпош.Во општината Кисела Вода се отстранети 15 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата Димо Хаџи Димов, во близина на драгсторот „Томи“. Во општината Аеродром се расчистени неколку диви депонии долж булеварот АСНОМ, при што се транспортирани вкупно 20 кубни метри от

Скопје | пред 2 години

taravari-kurti-edi-rama

Таравари: Курти е еден од најомилените премиери за нас, кој мисли поинаку, ја сменил албанската ДНК со онаа од интерес

„Претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти е еден од најомилените премиери за нас и дефинитивно тој и премиерот на Република Албанија, Еди Рама се едни од најважните премиери во светот за сите Албанци и тоа е тоа“, напиша министерот за здравство Арбен Таравари на социјалните мрежи и додаде дека секој кој мисли поинаку ја сменил албанската ДНК со онаа од интерес.Претходно, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и потпретседателот на таа партија, Бујар Османи ја осудија изјавата на косовскиот

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-11-19-at-11.30.50

Договорот за Коридор 8 е криминален, ама ако се раскине ќе останеме и без пари, и без автопат, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека е касно за раскинување на договорот со „Бехтел и Енка“, за кој и натаму има став дека е криминален и антидржавен. Според него, треба да биде одговорен од позицијата која ја извршува, за да со платените пари, да се добие автопат.„Мојот став за тој коридор не е променет. Но како одговорен политичар не би дозовлил да одам чекор назад од тоа што е почнато. На тој начин освен што освен покрај авансот, имајќи во предвид тој антидржавен договор, ќе завршиме на ар

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-11-18-112548

Русија најави нуклеарки ако Украинците употребат западни ненуклеарни ракети

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков предупреди дека употребата на западни ненуклеарни ракети од страна на украинските вооружени сили против Руската Федерација според новата нуклеарна доктрина може да доведе до нуклеарен одговор.Говорејќи на редовниот дневен брифинг со новинарите, Песков изјави дека новата нуклеарна доктрина треба да стане предмет на длабока анализа дома и во странство. Тој нагласи дека Руската Федерација смета дека употребата на нуклеарно оружје е екстремна мерка, но дека доктр

Свет | пред 2 години

stari-moneti-960x504-1

Приведен албански државјанин, пронајдени монети со археолошка вредност

На 18.11.2024 во 20.50 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.А.(32) од Република Албанија. При преглед и контрола на автобус со албански национални ознаки, со кој се превезувал на релација од Албанија до Италија, В.А. бил селектиран за дополнителна контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со 3622 монети со археолошка вредност, различни по форма, вредност, големина и потекло.Со лицето бил извршен службен разговор

Македонија | пред 2 години

evn-ptici-struen1

СДС го уништи домашното производство на струја, заради нив е потребно да се увезува струја, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС го уништи домашното производство на струја, заради нив е потребно да се увезува струја. Да инвестираше СДС во нови производствени капацитети изминативе седум години или да се потрудеше да ги одржува подобро постојните, увозот на струја не би бил толкав“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.„Наместо развој на енергетскиот сектор, АД ЕСМ е затекнато со доспеани и неплатени долгови од 82 милиони евра, нула инвестиции во нови производни капацитети, прекумерно и неплански трошен хидропоте

Македонија | пред 2 години

Bozinovska_Braithwaite

„Жени лидери: Министерството за енергетика и WOBA во заедничка мисија“

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и WOBA (Women on Boards Adria) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува посветеноста за јакнење на улогата на жените во раководните позиции и создавање инклузивно општество.И покрај тоа што жените сочинуваат половина од населението во Македонија, нивното учество на лидерски позиции останува предизвик. Овој Меморандум е важен чекор кон подобрување на родовата рамнотежа и унапредување на можностите за жените.Министерката Сањ

Македонија | пред 2 години

IMG_2109

Штрајк пред Град Скопје, нема плата во „Улици и патишта“ поради лошото менаџирање на Арсовска и Глигоров, најавија вработени во претпријатието

Вработени во јавното претпријатие „Улици и патишта“ најавуваат штрајк пред Град Скопје, бидејќи повторно немаат плата. Тие во соопштението до медиумите, посочуваат дека вината ја гледаат кај градоначалничката Данела Арсовска, старо-новиот секретар на Градот, Зоран Глигоров и разрешениот директор Ванчо Умленски.„Најавен штрајк пред Собранието на Град Скопје - повторно нема плата во ЈП Улици и патишта. Поради лошото менаџирање на двоецот Арсовска - Глигоров преку разрешениот директор Ванчо Умленск

Скопје | пред 2 години

pozar-strumica

Во пожар во село Стримница изгоре маж

Регионалниот ЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово дека во период од 23.34 до 02.45 часот после полноќ со 11 пожарникари и четири противпожарни возила гаснеле запалена куќа во село Стримница, општина Желино.Уште во текот на интервенцијата од ПС Групчин, конкретно во 00:19 часот дежурните известиле дека машкото лице на 90-годишна возраст го загубило животот во големиот пожар.Од страна на тетовските пожарникарите починатото лице е извадено од

Македонија | пред 2 години

srpska-policija

Трагедија во Нови Пазар: пронајдено тело на дете

Дете без знаци на живот е пронајдено во приградската населба Блажево кај Нови Пазар утрово околу 7 часот.Како што пишува „Санџак данас“, полицијата набрзо по пријавата дошла на местото на настанот.Во моментов се води истрага за утврдување на околностите кои довеле до овој немил настан.Жителите на Блажево, видно потресени велат дека вакво нешто никогаш не се случило во нивната заедница и дека се шокирани од глетката утринава.- Не можевме да поверуваме кога слушнавме што се случило. Страшна трагед

Свет | пред 2 години

AVTOBUS-JSP

(Фото) Автобус на ЈСП се запали во Злокуќани при движење

Автобус на ЈСП се запалил во Злокуќани, а интервенирала и Противпожарната бригада. Ова се случило околу девет часот утрово, а за среќа, во автобусот во моментот, немало патници.Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.Ова не е прв автобус на ЈСП во изминативе месеци што гори среде автобуски станици. Претходно ова се случи и кај Железничката станица, како и Бутел. Постојано

Скопје | пред 2 години

skopje-vodno-zagadeno-magla2

Скопје шести најзагаден град во светот

Скопје го доби шестото место во рангот на градови со најзагаден воздух во светот, покажува сервисот „IQAir“ кој црпи податоци од мерни станици на сите светски метрополи. Според индексот на загаденост, воздухот не е здрав за вдишување, поркажува истиот сервис.Позагаден воздх има во пакистанскиот град Карачи и Сараево. Најзагаден град е Делхи во Индија и Каиро во Египет. На третото место е Лахор, уште еден град во Пакистан.

Скопје | пред 2 години

ali-ahmeti

Реакција и од Ахмети: Додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, реагираше на коментарите на премиерот на Косово, Албин Курти за Законот за јазиците.Ахмети истакна дека Охридскиот договор е постигнат „со крвта на мачениците и е оживеан со најдобрите синови на ОВК кои го продолжија својот идеал во ДУИ“, „додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор“.Како што објавува косовскиот „Бота сот“, ова Ахмети синоќа го говорел на средба со стотина симпатизери и членови на партијата во

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Рокас: Независноста на Народната банка е значајна за кредибилитетот на политиките коишто ги води

Независноста на Народната банка е клучна за задржувањето на високиот кредибилитет којшто го ужива во јавноста, како и за спроведувањето на политиките за одржување на ценовната и финансиската стабилност. Народната банка постојано се стреми кон сè повисоко ниво на транспарентност во сите сегменти од своето работење, со цел да ја задржи високата доверба. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во земјава, при што бе

Македонија | пред 2 години

bujar-osmani-512

„Изјавата на Курти е скандалозна и штетна“: Османи ја осуди изјавата на косовскиот премиер за албанскиот јазик во Македонија

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, ја осуди изјавата на косовскиот премиер Албин Курти за албанскиот јазик во Македонија, нарекувајќи ја „скандалозна“ и „штетна“.Ова е ставот на Османи кон оценката на премиерот на Косово, Албин Курти, дека не станува збор за загрозување на употребата на албанскиот јазик во Северна Македонија.„Не, не е загрозено“, одговори Курти, на прашањето за оваа загриженост.„Има закон кој ја споменува бројката од 20%, но тој не е закон за албански, туку за употреба на ја

Македонија | пред 2 години

ubistvo-zene-podgorica-2

(Фото) Хорор во Подгорица: жена убиена во двор со неколку истрели

39-годишната Г.М. е убиена ноќеска по полноќ во Подгорица, неофицијално е кажано од црногорската Управа на полицијата.Според истите информации, убиството се случило во дворот од куќата на улицата Манастирска, пишува Вијести.Полицијата соопшти дека работи на расветлување на кривичното дело. Засега не се познати мотивите на ова дело, како и осомничените.Наводно, жената била убиена со неколку истрели.Полицајците ја опколиле куќата во која се случило злосторството, а соседите се собрале на улицата и

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Стојаноски: Креираме буџет кој ќе финансира директни инвестиции кои се конкретно видливи и создаваат додадена вредност

Во емисијата „Утринско еспресо“, на Радио Лидер утрово се дебатираше на актуелни економски теми или поконкретно како ќе се трошат народните пари, при што свој осврт и видување даде пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.Тој јасно прецизира дека за разлика од минатиот период во кој доминантни компоненти беа корупцијата и дузина негативни ситуации кои кај граѓаните создаваа едно негативно чувство кога станува збор за менаџирањето со јавните финансии, сега актуелната Влада, прави ед

Македонија | пред 2 години

zagadeno-magla-15

За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат, велат од СДСМ

„Не само што владата предводена од Мицкоски и ДПМНЕ не презема никакви конкретни чекори за намалување на загадувањето на воздухот, туку и го намалува буџетот за клучни области како животната средина, енергетиката и квалитетот на воздухот“, соопшти СДСМ.„Во предложениот Буџет за 2025 година, парите за заштита на животната средина се намалени за цели 25%, парите за квалитет на воздух се намалени за 51% а парите за развој на енергетиката се намалени за 41%. Парите за гасификација речиси се преполов

Македонија | пред 2 години

462553668_553497540718706_9170667012853680617_n

Царинските управи на Македонија и Црна Гора потпишаа протокол за електронска размена на податоци

Електронска размена на податоци помеѓу Македонија и Црна Гора пред пристигнување на стоката на граница, со цел подобрување на ефикасноста на царинските контроли и спречување на царински измами, како и забрзување на легалната трговија помеѓу двете држави.Податоците ќе се разменуваат во рамки на SEED + системот. Ова е предвидено со Протоколот што беше потпишан денеска во Будимпешта, од страна на директорот на македонската Царинска управа, Бобан Николовски и директорката на црногорската царина, Мај

Македонија | пред 2 години

mickoski-studenti-2

Мицкоски до студентите: Нашата визија е да создадеме систем кој ќе ви даде можност да се развивате- без ограничувања и без бариери

„Образованието не е само патека кон индивидуален успех- тоа е катализатор за општествени промени, рамноправност и прогрес. Денес, на Меѓународниот ден на студентите, ја славиме токму вашата енергија, креативност и амбиција. Вие сте оние што ќе го водат нашето општество кон подобра иднина. Не само преку учење и стекнување знаења, туку и преку активна улога во создавањето на иновативни решенија и праведно општество.“, порача Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македониј

Македонија | пред 2 години

lugje-plostad-skopje

По 7 години урнисана економија од СДС и ДУИ предлог буџетот за 2025 година ги интегрира најсуштинските потреби на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„По 7 години урнисана економија од СДС и ДУИ предлог буџетот за 2025 година ги интегрира најсуштинските потреби на граѓаните. По 7 години отсуство на развоен концепт и стратешко планирање предлог буџетот за 2025 претставува концепт и суштинска промена во водењето на јавните финансии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Владата со буџетот за 2025 одвојува над 25% повеќе средства од тоа што владата на СДС и ДУИ имаа предвидено за 2024 година. Со буџетот за 2025 година кој е предложен од Владата до Собранието с

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-28-6180PM

Николоски: Бугарија работи на алтернативна пруга на Коридор 10 и затоа е важно ние што поскоро да изградиме брза пруга

Пруга кон Бугарија е во интерес за Македонија, но со изградба ќе продолжиме откако ќе се ревидираат сите недостатоци со посредство на Европската Унија, истакна вчеравечер во емисијата “Топ Тема” на ТВ Телма, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.Како што рече министерот Николоски, проектот има три главни недостатоци меѓу кои цената, изводливоста и тунелското решение.„Во однос на цената договорена e ревизија помеѓу македонската страна, бугарската страна и Европската

Македонија | пред 2 години

woman-holding-glass-filled-with-water

Без вода дел од Центар, Гази Баба и Сопиште

ЈП Водовод и канализација денеска ќе започне со чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Припор 2. Активностите ќе отпочнат во периодот од 08:00, а можно е да има мал прекин на водоснабдување општина Сопиште.Денеска поради уличен дефект на водоводен цевка Ф 5/4“на улица Јани Лукровски 9-2., прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Јани Лукровски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности во општина Гази Баба.Поради изведувањ

Скопје | пред 2 години

11112024-Mickoski-6

Мицкоски увезува, граѓаните плаќаат - Нови 10 милиони евра за скапа струја, велат од СДСМ

„СДСМ ја осудува неспособноста на владата предводена од Христијан Мицкоски да обезбеди стабилен и одржлив енергетски систем. Наместо да се вложува во зголемување на домашното производство на електрична енергија, власта повторно увезува скапа струја. Само за овој месец, граѓаните ќе платат дополнителни 10 милиони евра, а за последните три месеци вкупната сума за увоз надмина 20 милиони евра“, велат од СДСМ.„Ваквиот трошок директно го плаќаат граѓаните, кои веќе страдаат од високите сметки за елек

Македонија | пред 2 години

photo_2024-11-19_08-11-53

(Видео) Мециновиќ: Мицкоски излажа за Чебрен и продолжува со приватните интереси

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, критикувајќи го Предлог-буџетот за 2025 година, ја потенцираше важноста на проектот Чебрен како единствениот одговор за енергетската стабилност. Тој истакна дека, иако во предизборието го најавуваа, сега, ВМРО - ДПМНЕ за 2025 година не предвидуваат да насочат ниту денар за енергетска независност.„ДПМНЕ направи ново Министерство за енергетика. Некој би рекол дека ова е приоритет на ДПМНЕ, дека со отворање на ова Министерство за енергетика, сака да ја зголеми

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања