СДС го уништи домашното производство на струја, заради нив е потребно да се увезува струја, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
evn-ptici-struen1

„СДС го уништи домашното производство на струја, заради нив е потребно да се увезува струја. Да инвестираше СДС во нови производствени капацитети изминативе седум години или да се потрудеше да ги одржува подобро постојните, увозот на струја не би бил толкав“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

— реклама —

„Наместо развој на енергетскиот сектор, АД ЕСМ е затекнато со доспеани и неплатени долгови од 82 милиони евра, нула инвестиции во нови производни капацитети, прекумерно и неплански трошен хидропотенцијал. Потоа, затекната е катастрофална состојба во рудниците во РЕК Битола, без откривка на јаглен, несоодветно направени ремонти или воопшто неизвршени техничко технолошки зафати во пресрет на грејната сезона, увоз на скап и неквалитетен јаглен што предизвика оштетување на термо постројките, сомнежи за злоупотреби при јавните набавки. Ова се само дел од состојбите кои ги создаде СДС со неговото менаџирање во енергетиката. Само декларираните „шампиони во енергетиката“ го доведоа енергетскиот систем пред колапс.

Функционерите во СДС, кои го ограбуваа енергетскиот сектор во Македонија, кои сега се кријат зад партиски соопштенија да се подготват за одговорност. Јавноста брзо ќе дознае како оваа партија се однесувала кон државниот имот и зошто домашното производство на електрична енергија никогаш не било во полоша состојба“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања