Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

toskovski-nesic-1

Средба на министрите Тошковски и Нешиќ: Ја унапредуваме соработката на оперативно и стратешко ниво

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Будва, каде учествува на Министерски форум ЕУ-Западен Балкан за внатрешни работи, оствари билатерална средба со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ.Двајцата министри ја нотираа одличната соработка помеѓу двете министерства, која во последниот период добива на засилен интензитет преку сите меѓународни и регионални канали во рамките на пропишаните и прифатени стандарди на ИНТЕРПОЛ. Тоа подразбира брза, квалитетна и

Македонија | пред 2 години

bomba-fabrika1

(Фото) Дојава за бомба во фабрика во Скопје

Утрово во 08.20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице од населба Илинден во Скопје пријавила дека на службениот меил на правното лице во 06 часот стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа.Веднаш се упатени екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам и откако биле извршени потребните проверки, не била пронајдена експлозивна направа, односно констатирано е дека станува збор за лажна пријава.

Скопје | пред 2 години

siljanovska-davkova-arm-6

Пишман претседателка-закажа па откажа дебата за помилувањата

Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова, за денеска поканила членови на сите досегашни членови на Комисиите за помилување да дебатираат за подобрување на процесот на помилување во пракса.Како ја закажа, така се премисли и ја откажа, по електронска пошта, без образложение. Дебатата требаше да помогне во решавање на проблемите по бурните реакции во јавноста за 10 лица помилувани меѓу кои и водачот на кланот Барон Акиф Равмановски кој во меѓувреме е повторно вратен во затвор.Како што дознава Ск

Македонија | пред 2 години

sevdije-kodza-1

Севдије Коџа признала во суд дека станала директорка на дебарската болница со лажен сертификат по англиски добиен во Бугарија

Директорката на Општа болница Дебар, педијатарката Севдије Коџа, на 4 октомври годинава, признала вина во суд дека со лажен сертификат по англиски јазик од Бугарија конкурирала за да стане директорка, дознава „Слободен печат“. Осудена е на две години условна казна, зашто вината е утврдена со признание, а за висината на условната осуда Обвинителството нема приложено жалба. Додека против неа беше поднесена кривична пријава за ова дело, министерот за здравство Арбен Таравари повторно ја назначи за

Македонија | пред 2 години

koce-t

СДСМ: Трајановски да не штити никого, скандалите во ЈПДП треба да ги истражи Јавното обвинителството

„Откако СДСМ го објави скандалот во ЈПДП во којшто на незаконски начин е дозволено поминување на 40 возила Коце Трајановски се обидува да го заштити Раководителот на наплатата на патарините, но неуспешно“, велат од СДСМ.„Дури откако реагираше СДСМ на прес конференција им текна да се бара наплата преку Секторот за финансии, со фактура за дозволеното незаконско поминување на 40 возила низ патарините.Чекале повеќе од еден месец и воопшто не постапиле согласно правилата, прво да се израби профактура

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-10-29-105027

Две работи се сигурни, сите ќе заминеме од овој свет и нема да има зголемување на платите на функционерите, кажа Мицкоски

„Две работи се сигурни. Првата е дека еден ден сите ќе заминеме од овој свет, а втората е дека нема да има зголемување на платите на функционерите“.Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, уште еднаш потврдувајќи дека е сигурно оти платите на функционерите нема да се зголемат во рамки на усогласувањето со минималната плата на почетокот на идната година.– Едно е сигурно. Покрај онаа работа дека еден ден сите ќе заминеме од овој свет, е дека од догодина нема да им

Македонија | пред 2 години

mickoski-2

(Видео) Мицкоски: Ќе создадеме стратешки документ којшто ќе биде патоказ за сите идни Влади

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Националната развојна стратегија, која денес ја носи Собранието, чиј предлагач е Владата, а СДСМ не ја поддржа рече:„Па јас не очекувам од СДСМ да поддржува владини политики, мислат дека таа им е добра стратегија, јас не мислам дека е таа добра стратегија. И мислам дека тука новиот претседател на СДСМ има внатрешни проблеми на луѓе кои го носат во длабоко и се обидув

Македонија | пред 2 години

srpska-policija

Хорор во Србија: до смрт претепана девојка

23-годишниот Д.И. е уапсен во Александровац, Србија, под сомнение дека претепал девојка која починала како последица во болница.„Припадници на МВР Александровац од околината на тоа место го приведоа Д.И.(23), поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело семејно насилство со смртен исход“, соопштено е.Тој е осомничен дека и нанел повеќе удари по главата и телото на својата 23-годишна партнерка, од кои таа починала во болница, пишува Телеграф.По наредба на вишиот јавен обвинител

Свет | пред 2 години

taravari-2

Таравари учествува на 74-от регионален состанок на СЗО во Копенхаген

Денеска, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, учествува на свеченото отворање на 74-от регионален состанок на Светската здравствена организација (СЗО).Овој важен настан е посветен на заедничките напори за подобрување на јавното здравје и развој на здравствените системи во регионот.Со учество на високи претставници од различни земји, се очекува продуктивна размена на идеи и стратешки решенија за предизвиците во здравствениот сектор.Учеството на министерот Таравари ја потврдува посветеност

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-10-29-1007213

Жестоки напади на Израел врз Газа, во еден напад загинаа 55 лица

Во напад врз станбена зграда денеска израелската армија убила најмалку 55 Палестинци и ранила десетици во градот Беит Лахија на северот од Газа, соопшти палестинската служба за цивилна итна помош.Многу цивили се затрупани под урнатините, соопштија официјални лица.Официјалната палестинска новинска агенција ВАФА и медиумите на Хамас ги објавија истите бројки. Многу од загинатите во израелскиот напад се жени и деца, објави ВАФА.Палестинската служба за итни случаи објави во понеделникот дека околу 1

Свет | пред 2 години

kovacki

Ковачки: СДС И ДУИ немаа цел Македонија да напредува, сега нека се соочат дека се опозиција и колку побрзо ќе се реформираат подобро ќе е за сите

Во вчерашниот поткаст „На кавга со Иван“, членот на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, покрај истакнувањето на позитивните промени спроведени од актуелната влада и големиот број реализирани проекти вклучувајќи ги растот на платите во образованието, покачувањето на пензиите, поддршката за стимулација на општините и така натаму, се осврна и на моменталната опозиција.Според него ова се само бледи обиди на ДУИ и Али Ахмети кој не може сеуште да се навикне на опозиција. Истовремно истакнува

Македонија | пред 2 години

thumbnail_viber_image_2024-10-29_08-05-01-530

Комунална хигиена-Скопје спроведува активности за чистење на Старата скопска чаршија

Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа низа активности за чистење на Старата скопска чаршија. Во рамките на активностите беше извршено и рачно метење и чистење на пешачкиот мост лоциран на самиот влез на Чаршијата (поранешна Стоковна куќа „Мост“), каде што се подигнати и приближно два кубни метра непрописно одложен отпад.ЈП Комунална хигиена-Скопје и во претстојниот период ќе продолжи да спроведува засилени активности за одржување на максималното ниво на хиги

Скопје | пред 2 години

durmishi-turcija-3

Дурмиши во посета на Турција, средба со министерот за трговија Омер Болат: Наш фокус е зајакнување на трговската соработка

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во рамки на посетата на Анкара, Република Турција денеска оствари средба со министерот за трговија на Турција Омер Болат.На средбата која што се одржа во Министерството за трговија во Анкара, беше разговарано за трговските и економските односи помеѓу Турција и Северна Македонија, како и за развивањето и продлабочувањето на овие односи.Страните на овој состанок се осврнаа и на можностите за соработка меѓу двете земји, а беше упатен и апел за зголемува

Македонија | пред 2 години

jarevski-1

Јаревски: 300 милиони евра беа потрошени, а не беше ништо помрднато од СДС и ДУИ, денес ја минуваме истата траса, но со интензивна и посветена работа од Владата

Во синоќешното гостување на ТВ24, во дебатната емисија Анализа 24, пратеникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, покрај останатите теми говореше и за изградбата на Коридорот 8 кој Македонија ја прави раскрсница на три коридори- патен, железнички и гасен.Тој во овој контекст појасни дека актуелната Влада наследи договор кој погледнат од било кој аспект и земјаќи ги предвид сите одредби кои ги содржи, а кои ги договориле СДС и ДУИ, би ни донел многу поголеми штети отколку бенефити доколку

Македонија | пред 2 години

Bocvarski24Analiza

Бочварски: ВМРО-ДПМНЕ смени став и за Коридорите, ги продолжија проектите на СДСМ кои ги напаѓаа

Уште еднаш се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има неконзистентни политики кон многу прашања, па сега и кон проектот за изградба на паневропските коридори сменија став, ги продолжија проектите на СДСМ кои ги напаѓаа. Нашата политика е конзистентна, ние и тогаш велевме дека овој проект ќе ја вгради државата таму каде што ѝ е местото – ќе станеме крстосница на Балканот. ВМРО-ДПМНЕ тогаш велеше не, не треба да се реализира, криминален бил а денеска излегуваат и велат дека е историски, истакна пратеникот на

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Владата e посветена на зголемување на животниот стандард на граѓаните, намалени трошоците за прехранбени производи, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на дело покажува вистинска грижа кон граѓаните и нивниот животен стандард. За само четири месеци се гледаат ефектите од домаќинското работење. Се намалуваат трошоците за живот, се зголемуваат платите и пензиите, почна заживувањето на економијата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Минималната синдикална кошница за храна и пијалаци во месец октомври, споредено со септември годинава, бележи намалување од 1000 денари. Ова претставува намалување од 5 проценти на трошоците за хра

Македонија | пред 2 години

wizzair-1-750x400

„Визер“ ги укина летовите од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм

Унгарската нискобуџетна авио-компанија „Визер“ укина три авиолинии од аеродромот во Скопје, до Келн, Копенхаген и Стокхолм, со стапување на сила на зимскиот распоред.На сајтот на авио-компанијата повеќе ги нема овие дестинации и не можат да се купат карти, а нема информации дали повторно овие линии ќе бидат пуштени на пролет со летниот ред на летање.„Визер“ се повлекува од Келн поради високите цени за услуги и давачки што ги воведе аеродромот Келн-Бон. За да се надомести интересот за тој дел од

Македонија | пред 2 години

kursumi-1

Пукање на Бит Пазар, оштетени куќи и возила: полицијата го расчистува случајот

Вчера вечер, во 22.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар од огнено оружје биле оштетени прозорци од куќа и две патнички возила „фолксваген артеон“ и „фолксваген пасат“, двете со скопски регистарски ознаки, во сопственост на А.С.(40) од Скопје, а исто така биле оштетени и прозорци од соседната куќа, во сопственост на Џ.Л.(35).Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и од местото на настанот подигнати се чаури и предадени за понатамошна по

Скопје | пред 2 години

ohis-deponii-na-lindan1

ДОМ: Владата да не го одолговлекува чистењето на линданот

Демократска обнова на Македонија изразува загриженост за пролонгирањето на расчистувањето на малата депонија со НСН изомери во поранешната фабрика ОХИС АД.„За истата имаше изјави од министрите за животна средина дека ќе се расчисти до почетокот на 2023 година. Дополнително обезбедените средства на 27-та седница (23.10.2024) на Владата на РС Македонија во висина од 27.453.000 денари (400.000 евра) се минорни за целосно расчистување.УНОПС како имплементациона агенција која имаше обврска да мобилиз

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-02-24-at-16.58.02

„Доколку МВР и Тошковски продолжат да молчат ќе поднесеме кривична пријава за Бојан Христовски“, велат од СДСМ

„МВР и Панче Тошковски молчат за скандалот со сертификатот на назначениот партиски директор на Агенцијата за национална безбедност со што директно се ставаат во негова заштита“, соопшти СДСМ.„Очигледно МВР и Тошковски имаат селективен пристап и двојни стандарди кога функционерите на власта се во прашање.Како поинаку може да се толкува тоа што МВР во април оваа година поднела кривична пријава против 44 годишна жителка на Велес поради „употреба на исправа со невистинита содржина“ односно TOEFL сер

Македонија | пред 2 години

GbCLdcWbQAExhSS

(Фото) Хорор за време на училишниот одмор: автомобил влета во група деца во Мелбурн, загина момче

11-годишно дете почина, а неколку други се повредени откако автомобил удри во ограда во основното училиште Обурн Саут во источниот дел на Мелбурн.Најмалку пет деца биле удрени од автомобилот, а 11-годишното момче било пренесено во болница во критична состојба, каде што починало. Другите четири се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот. Портпаролот на Министерството за образование изјави дека е можно на возачот на автомобилот да му се слошило, пишува Скај Њуз.Полицијата соопшти

Свет | пред 2 години

kovacki

Ковачки: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 100 дена покажа различност, реалзизира повисоки пензии и раст на плати

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 100 дена апсолутно покажа различност. Првото ветување сите што го зборувавме во предизборието беше покачување на пензиите за 5,000 денари законски тоа го направивме 2,500 сега и 2,500 денари во април. Тоа и понатаму ќе продолжи да расте и тоа е многу повеќе од тоа што го наследивме. Во буџетот немаше предвидено и пари за исплата на пензиите“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во гостување во емисијата „На кавга со Иван“ на Канал 5 ТВ.

Македонија | пред 2 години

28102024_Mickoski_5

„Сè што кажа- Мицкски излажа, и договорот со „Бехтел и Енка“ му стана историски најдобар“, велат од СДСМ

„Сè што кажа Христијан Мицкоски, секое негово ветување додека беше во опозиција се покажа како голема лага и измама. Граѓаните гледаат дека Мицкоски како премиер прави сè, ама буквално сè обратно од тоа што го говореше и го ветуваше пред изборите“, соопшти СДСМ.„Кога беше во опозиција Мицкоски на сите ѕвона го прогласи договорот со „Бехтел и Енка“ за „историски криминал“ и тврдеше дека е „спорен по сите основи“.Е ама откако седна во премиерската фотелје смени лента Мицкоски преку ноќ. Сега наедн

Македонија | пред 2 години

lugje-karpos-esen-korona

Наутро услови за појава на слаба магла, преку денот сончево со умерена облачност и ветер

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.Во Скопје наутро со услови за слаба магла, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИВо следнит

Македонија | пред 2 години

woman-holding-glass-filled-with-water

Без вода неколку улици во Скопје

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска без вода ќе останат неколку улици.· поради реконструкција на водоводна мрежа на ул. Стогово, прекинато водоснабдување од 09:00 часот до завршување со работните активности ќе имаат корисниците од истата улица.· поради дефект на затворач ф-80 мм на ул. Киро Крстевски Платник 21, прекинато водоснабдување од 09:00 часот до завршување со работните активности ќе имаат корисниците на дел од истата улица и дел од ул. Апостол Гусларот.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања