Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

evn-ptici-struen1

Без струја делови од општините Аеродром, Карпош и Зелениково

Од ЕВН Македонија АД известувааат дека денеска без електрична енергија ќе останат корисници од општините Аеродром, Карпош и Зелениково.- Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Србија 1 во општина Аеродром;- Oд 09:00 до 13:00 часот, дел од потрошувачи на улицата Скупи, дел од објектите околи сервис Олимпико во општина Карпош;- Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел село Орешани во општина Зелениково.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Двајца скопјани се оддалечија од својот дом, полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање

Денеска во Полициската станица Гази Баба, 23-годишниот Ќ.А. од село Јурумлери, скопско пријавил дека неговиот татко А.А.(45) кој на 25.10.2024 беше пријавен дека се оддалечил од својот дом, се вратил дома.Вчера во 21.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 42-годишниот С.С. од Скопје пријавил дека неговиот внук С.С.(27) од Скопје, кој имал здравствени проблеми се оддалечил од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.Вчера во Полициската станица Гази Баба, 61-годишната М.Ц. од Скопје

Скопје | пред 2 години

IMG_5168

Кршел покуќнина, па ја истепал сопругата: уапсен маж од скопско

Вчера во 15.00 часот полициски службеници од Полициското одделение Сарај, го лишиле од слобода 48-годишниот Џ.М. од село Крушопек, скопско, по претходна пријава дека околу 00.30 часот во семејниот дом се однесувал агресивно, кршел од покуќнината, а потоа физички ја нападнал својата 44-годишна сопруга.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

klinika-hirurski-kliniki-

Во бесознание пронајдена 30-годишна жена од Крива Паланка: пренесена е на Клиника

Денеска околу 7 часот од Итна медицинска помош во СВР Скопје е пријавено дека во стан во населба Илинден во Скопје во безсознание била пронајдена 30-годишната М.М. од Крива Паланка, по што е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, извести МВР.М.М. била пронајдена од нејзина колешка, која се упатила кон нејзиниот дом откако М.М. не одговарала на телефонските повици.СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 години

tepack

Масовна тепачка во Ѓорче Петров: се започнало по недоразбирање околу паркинг место

Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу паркинг место бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(69), О.Р.(45) и С.Р.(22) од една страна и З.Р.(59), А.Р.(23) и Е.Р.(22) од друга страна, сите од Скопје, а бил употребен и тврд предмет.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-55-5960PM

Кривична против маж од Крива Паланка: се обидел да отруе куче и измачувал мачка

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка, поднесе кривична пријава против К.Д.(78) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“.На 05.09.2024 пријавениот во дворно место во семејната куќа во Крива Паланка, се обидел да отруе куче и измачувал мачка, извести МВР.

Македонија | пред 2 години

pozar2

Кривична против маж од беровско: запалил сува трева и гранки, а пожарот се проширил, при што била причинета штета од околу 258.000 денари

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово, поднесе кривична пријава против 50-годишниот В.Б. од село Русиново, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.На 14.09.2024 на место викано „Мирата“ атар на с.Русиново, беровско, запалил сува трева и гранки, а пожарот се проширил на шест катастарски парцели во с.Русиново, при што била причинета материјална штета од околу 258.000 денари.

Македонија | пред 2 години

semejno-nasilstvo

Насилство во Гази Баба: жена истепана од поранешниот сопруг

Вчера во 20.50 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 19.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг С.Д.(42) од скопско.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Почина осуденик во Идризово

Вчера во 18.10 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Идризово било пријавено дека околу 15.00 часот во установата починал осуденикот А.А.(65) од с.Строгомиште, кичевско.Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Известен бил Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот било предадено за обдукција, извести МВР.Извршен бил увид.

Македонија | пред 2 години

lashkoska-1-1

Лашкоска: Завршен системот за водоснабдување на Делчево, обезбедуваме питка вода за секој поединец

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, заедно со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Скопје Вероник Улман и градоначалникот на општина Делчево Горан Трајковски, денеска присуствуваа на свеченоста по повод официјалното пуштање во употреба на пречистителната станица за вода за пиење во с. Тработивиште, oпштина Делчево со што и официјално завршува проектот „Подобрување на водоснабдувањето во Делчево “.Истакнувајќи дека инвестирањето во водоснабдителни

Македонија | пред 2 години

filkov-budva-2

Министерот за правда Игор Филков се сретна со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс во Будва

Министерот за правда Игор Филков оствари билатерална средба со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на маргините на министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржува во Будва.Како што известуваат од Министерството, била изразена благодарност за напорите на Европската унија за континуираната поддршка во процесот на пристапување и реформите.На средбата се разговараше за владеењето на правото, законодавната агенда и планираните реформи во правосудството кои се сод

Македонија | пред 2 години

Pance-budva-1

(Видео) Тошковски потпиша аранжман со кој Македонија се приклучува кон Европската мрежа за миграција на Европската унија

Делегација предводена од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска и утре во Будва, Црна Гора учествува на Министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи. Главни теми на разговор на форумот, на кои свое обраќање имаше министерот Тошковски, се борбата против транснационалниот организиран криминал и недозволената трговија со дрога и луѓе, миграцијата, азилот и управувањето на границите – ЕУ акциски план за Западен Балкан.Министерот Тошковски во рамките на форумот ост

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

Наместо да шират дезинформации и да се впуштаат во лов во матно, СДС да ги научат правните норми и прописи по кои работи ЈПДП и конечно да започнат со консолидација на партијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„СДС демолирана, наместо да шират дезинформации време е конечно да започнат со консолидација на партијата. Наводниот скандал за кој тврди СДС во ЈПДП за 40 те возила кои се пропуштени без да платат патарина е хуманитарен конвој кој години наназад, откако почнал поминувал без да плати патарина. Тоа било пракса и тоа СДС добро го знаат“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.„СДС прво да ги научи правните норми и прописи по кои работи ЈПДП, да ги разберат, да научат да ги толкуваат, за

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Движењето ЗНАМ - За наша Македонија демантира дека има свои претставници во работна група за изработка на закон за правична застапеност на етничките заедници

Во врска со изјавата на пратеникот Халил Снопче, Движењето ЗНАМ - За наша Македонија „демантира дека има свои претставници во работната група за изработка на законско решение за правична застапеност на етничките заедници, ниту пак има било каква информација дека таква работна група е формирана“.„Во исто време би сакале да го запрашаме господинот Снопче дали е точно дека тој е дел од работната група во Собранието, која го подготвува новиот закон за правата на бранителите од конфликтот во 2001 год

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Милошоски: На Македонија за преговори со официјална Софија и треба стабилна влада во Бугарија

„Предолго трае оваа политичка драма во Бугарија и на овие избори нема убедлив победник, туку дополнителна фрагментација. Оваа ситуација ќе биде уште покомплицирана, бидејќи во составот на новото Собрание во Бугарија влегуваат три политички кои се радикална десница односно антиевропски настроени“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во гостување во централниот Дневник на Сител ТВ во „Тема на денот“.Тој истакна дека на Македонија за понатамошни преговори со Бугарија и

Македонија | пред 2 години

nakje-1

Синот на осудениот врховен судија Георгиев ќе одлучува за извршувањето на санкции во Скопје

Судијата Кирил Георгиев, син на осудениот врховен судија Наќе Георгиев, е назначен за судија за извршување санкции во Кривичниот суд, дознава „Скопје1“. Ова ќе значи дека Георгиев ќе има комуникации со затворите и ќе одлучува за судбините на лицата кои треба да издржуваат затвор, но и кои ќе бараат прекин на казнатаКирил Георгиев станува судија за санкции откако неговиот татко, пред месец и половина, од притворското одделение во затворот во Шутка, е преместен во струмичкиот затвор. Судијата Кири

Македонија | пред 2 години

zels-orce-1

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС е обединет, ќе посредуваме меѓу Карпош, Струмица и централната власт

ЗЕЛС не е тој што предизвикува кризи, ЗЕЛС ги надминува кризите – ова го изјави претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски после средбата со неговиот колега Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош, додека Костадин Костадинов, градоначалникот на општина Струмица не дојде на состанокот на кој беше поканет, иако беше најгласен против ЗЕЛС.Ѓорѓиевски додаде дека секогаш имало несогласувања помеѓу одреден градоначалник и министер, но логички е кога се работи да постојат и такви несогласувања.-

Македонија | пред 2 години

bogdanka-1

(Видео) Тошковски и МВР да поднесат кривична пријава за Бојран Христовски по примерот од Велес, бара Кузеска

„На 25-ти април оваа година, МВР до ОЈО Велес поднела кривична пријава против 44-годишна жителка на Велес поради, како што тогаш соопштиле, постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“. Кривичната пријава била поднесена за прекршување на член 380 од Кривичниот законик“, рече Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.„Еден ден подоцна, на 26-ти април за оваа кривична пријава се пофалил на неговиот Фејсбук профил и министерот Панче Тошковски со обј

Македонија | пред 2 години

28102024_Mickoski_5

Мицкоски: Предвидени се 350 капитални проекти од општините, само во секторот транспорт

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска по извршениот надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани, одговарајќи на новинарско прашање колку проекти се предвидени од транспортот и инфраструктурата, при отпочнувањето на првата фаза за капитални проекти од општините, информираше дека вкупно 350 проекти се предвидени, вклучително со дополната којашто треба да се случи до средината на месец ноември. Средствата кои ќе бидат наменети само

Македонија | пред 2 години

295526049_1046824489536443_4715120062988649436_n

Нова цена на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08 % во однос на одлуката од 21.10.2024 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините за 1,588%, додека кај останатите има зголемување: кај дизелот за 0,862%, кај екст

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-10-28-145558

24-часовен протест на патот Зрновци – Пониква, сообраќајот се одвива по една лента

АМСМ известува дека од 05:30 часот на регионалниот пат Зрновци – Пониква поточно кај местото викано „Белска крстосница“, околу 50 граѓани со 20 патнички возила отпочнале со 24 часовен јавен протест кој ќе трае и во наредните неколку денови.Сообраќајот се одвива по една коловозна лента према Пониква и према селото Бели.

Македонија | пред 2 години

koridor-deset34

ДУИ: Нашиот проект Коридор 8 се докажа и потврди како правилен и визионерски

„Демократската унија за интеграција цени дека продолжувањето на работите на коридорот 8 дури и од страна на Владата без етнички легитимитет ја докажува и потврдува нашата правична и визионерска политика.Партиите кои денеска го фалеа и се гордееа со проектот, до вчера го критикуваа договорот и изградбата на Коридорот 8 со закани дека ќе го откажат договорот, а денеска го нарекоа историски проект“, велат од ДУИ.„Граѓаните секојдневно ги чувствуваат придобивките од нашите политики и се убедени дека

Македонија | пред 2 години

CAR-SAMOIL_1010-GODINI-1-scaled-1

Со пригодна програма одбележани 1010 години од смртта на Цар Самоил

Со пригодна свеченост што се одржа денеска во големата сала на Општина Охрид, беа одбележани 1010 години од смртта на Цар Самоил.Во рамки на настанот беше изведена драмата „Херувимите на Самоиловата круна“ од македонскиот драматург Зоран Пејковски во изведба на детското –драмско студио „Цвет 75“ од Охрид, под менторство на Драгана Боцеска.Како дел од музичката програма, свој настап имаа учениците од ООУ„Ванчо Николески“ под менторство на Марија Крцоска и Маријана Крстаноска.Настанот го организ

ОО | пред 2 години

DSC_0136

Општина Илинден доби финансиска поддршка за четири капитални проекти како дел од Јавниот повик на Владата

Општина Илинден доби финансиски средства за реализација на четири капитални проекти како учесник во владиниот јавен повик.Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски ги потпиша договорите за користење на финансиски средства со Министерството за транспорт, а средствата ќе бидат наменети за реализација на капитални проекти кои ќе овозможат поквалитетен живот на граѓаните од општина Илинден.Како што истакна градоначалникот Георгиевски, финансиските средства ќе бидат наменети за реали

Скопје | пред 2 години

ohrid-logo-transparent-80-p

Општина Охрид ќе ја одбележи 1010-годишнината од смртта на Цар Самоил

На ден 4.10.2024 година на просторот на Самоиловата тврдина со почеток во 12:00 часот со пригоден настан ќе бидат одбележани 1010 години од смртта на Цар Самоил.Во рамки на настанот ќе биде изведена драмата „Херувимите на Самоиловата круна“ од македонскиот драматург Зоран Пејковски во изведба на детското –драмско студио „Цвет 75“ од Охрид, под менторство на Драгана Боцеска. Исто така предвиен е музички настап на учениците од ООУ„Ванчо Николески“ под ментрство на Марија Крцоска и Маријана Крста

ОО | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања