Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

ohrid-logo-transparent-80-p

Општина Охрид ќе ја одбележи 1010-годишнината од смртта на Цар Самоил

На ден 4.10.2024 година на просторот на Самоиловата тврдина со почеток во 12:00 часот со пригоден настан ќе бидат одбележани 1010 години од смртта на Цар Самоил.Во рамки на настанот ќе биде изведена драмата „Херувимите на Самоиловата круна“ од македонскиот драматург Зоран Пејковски во изведба на детското –драмско студио „Цвет 75“ од Охрид, под менторство на Драгана Боцеска. Исто така предвиен е музички настап на учениците од ООУ„Ванчо Николески“ под ментрство на Марија Крцоска и Маријана Крста

ОО | пред 2 години

Polaganje231024004

Охрид се поклони во чест на револуционерите

Во рамки на чествувањата по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегација од локалната самоуправа предводена од Претседателот на Советот на Општината Охрид, Перчо Божиноски се поклони и положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на револуционерите во градскиот парк.Свежо цвеќе положија и останати претставници од јавниот и политичкиот живот од градов и државава.

ОО | пред 2 години

MEGA6503

Свечено одбележан 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Пред голем број граѓани, синоќа во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, свечено беше одбележан 23 Октомври –Денот на македонската револуционерна борба. Во името на локалната самоуправа пред присутните се обрати заменик градоначалничката Ана Крстеска.–И денес, после 131 година, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, одѕвонува во колективната меморија на македонскиот народ, како ден темелник за сите идни борби за независна и слободна Македонија. Со младешка жар и одважност, не

ОО | пред 2 години

Pecakov

Честитка на градоначалникот Кирил Пецаков за 23 октомври

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод одбележувањето на државниот празник 23 Oктомври – Денот на македонската револуционерна борба.Почитувани сограѓани,Одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба е празнување на идејата за самостојна и независна Република Македонија. Највозвишена цел на еден народ е да создаде своја држава. Само оние народи кои формирале своја држава ја реализирале слободата со тоа што станале самодоволни. 23 Октомври 189

ОО | пред 2 години

DSC0159

Промовиран вториот дел од книгата „За македонистиката отворено“

Во рамки на свечената програма по повод 23 Октомври- Денот на Македонската револуционерна борба, денеска во големата сала на Општина Охрид беше промовиран вториот дел од книгата „За Македонистиката отворено“ од авторите Свето Стаменов и Димитар Пандев.Во името на Локалната самоуправа пред присутните гости, свое обраќање имаше секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.-„Македонскиот јазик е нашата единствена стожерна точка, тој е патоказ во светот на културата и идентитетот.“ Оваа важна мис

ОО | пред 2 години

Screenshot-2024-10-28-142747

Положено свежо цвеќе на спомен обележјата од НОБ

По повод 11. Октомври-Денот на народното востание, делегација на Општина Охрид предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци од НОБ во градскиот парк.Пред спомен обележјата на борците свежо цвеќе положија и членови од Сојузот на Борците и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид.По повод празникот, свежо цвеќе беше положено и пред спомен-обележјата пред Основниот Суд, пред Средното еконо

ОО | пред 2 години

23-OKTOMVRO-PROGRAMA-2024-scaled-1

Свечености по повод Денот на македонската револуционерна борба

Општина Охрид Ве поканува на свеченостите по повод 23 Октомври –Денот на македонската револуционерна борбаПрограма:22.10.2024 година (вторник)Промоција на втората книга: „За македонистиката отворено“ од авторите: проф.д-р Димитар Пандев и Свето Стаменов;Промотор: д-р Бобан Карапејовски12.00 часотОпштина Охрид (голема сала)Свеченост по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борбаOбраќање на претставник на општина Охрид;Културно-уметничка програма19.30 часотНУЦК „Григор Прличев“

ОО | пред 2 години

sovet-kisela-voda

Едногласно донесени сите одлуки на седница на Советот на Oпштина Кисела Вода

Денес, едногласно беа донесени сите одлуки на четириесет и петтата пленарна седница на Советот на Oпштина Кисела Вода. Со гласањето ЗА, се овозможи ребаланс на Буџетот за 2024 година, односно се обезбедија средства во износ од 140.954.076,00 денари за капитални проекти од повикот на Владата.Градоначалникот Ѓорѓиевски им се заблагодари на сите советници за покажаното единство, нивната поддршка и конструктивен пристап за доброто на граѓаните и иднината на општина Кисела Вода.-Би сакал искрено да и

Скопје | пред 2 години

11-Oktomvri10112014009

Свечено одбележан 11 октомври – Денот на сенародното ослободително востание

Со пригодна свеченост, денес се одбележа 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ во втората светска војна. Пред присутните граѓани се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.- Најзначајниот период во милениумското битисување на Македонскиот народ е неговото учество во четиригодишната народно-ослободителна епопеја во Втората светска војна, после која се поставени темелите на новата Македонска држава и се исполни сонот на многу генерации за создавање сопствена држава.Денес, Охрид и Мак

ОО | пред 2 години

ohrid-logo-transparent-80-p

Чествувањето на јубилејот „80 години слободен Охрид“

Општина Охрид ја подготвува Програмата за одбележување на 7-ми Ноември-Денот на ослободувањето на Охрид.Со цел навремено организирање на настаните и заедничко одбележување на големиот јубилеј „80 години Слободен Охрид“ се повикуваат сите здруженија на граѓани, инстутуции и поединци кои имаат подготвено проекти и настани од значење за Охрид (изложби, промоции на книги, музички концерти и други форми на културно организирање) со точно наведени часови, датуми и локации да ги достават на маил на Одд

ОО | пред 2 години

Likoven-konkurs

Избрани најдобрите литературни и ликовни творби на објавениот конкурс на тема: „Сите нијанси на есента во полиња и градини преполни со плодови бои“

Жири комисијата ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби и изврши избор на најдобрите литературни и ликовни трудови.Од пристигнатите литературни творби награди освоија :Прва награда во висина од 7.000,00 денари Виктор Милевски 14 години, ОУ„ Григор Прличев“ ОхридВтора награда во висина од 5.000,00 денари, Лина Маркоска VIII одделение, од ОУ„ Кочо Рацин “ , ОхридТрета награда во висина од 3.000,00 денари, Софија Миладиноска, 14 години, од ОУ„ Св Климент Охридски“, ОхридОд пристигнат

ОО | пред 2 години

TURNIR-LASKER_2024-5

Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2024“

Во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид и со поддршка на Општина Охрид вчера во просториите на ООУ „Братство Единство“ се одржа Младинскиот турнир во шах „ЛАСКЕР 2024“.На турнирот учествуваа ученици од VII, VIII и IX одделение од охридските основни училишта. Во категоријата на девојчиња учествуваа 12 ученички, а во категоријата момчиња 40 ученици. Беа одиграни 6 кола по Швајцарски систем. Првото место во категоријата девојчиња и припадна на Јована Котушеска, ученичка во ООУ „Григор

ОО | пред 2 години

carina-nikolovski-1

Николовски на средба со Димовски: Ги унапредуваме царинските процеси со цел зајакнување на економската безбедност и подобрување на условите за водење бизнис

Економската безбедност и зачувување на финансиските интереси на државата преку поголема ефикасност во наплатата на приходи се клучни приоритети на Царинската управа, при што работиме на унапредување на царинските процеси сè со цел подобрување на конкурентноста на македонската економија. Ова беше главната тема на којашто денеска директорот Бобан Николовски дискутираше со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски. Во однос на прашањата кои беа тема на дискуси

Македонија | пред 2 години

464518712_1023436166250873_6337568951331600489_n

Паркови и зеленило на терен со извршување на своите редовни и вонредни задачи

Паркови и зеленило на терен со извршување на своите редовни и вонредни работни задачи🍁🍃Покрај тековните активности за редовно косење во градски парк, ул.Булевар Туристичка, парковските содржини од кружни сообраќајници на ул.Железничка и ул.Јане Сандански, се реализираа активности за косење на ул.8 Септември, потоа чистење обраснато зеленило и косење на ул.Будва, ул.Прилепска, ул.Винковачка и ул.Железничка🍂Во есенскиов период се реализираат вонредни активности за собирање на суви лисја во градски

ОО | пред 2 години

464572198_1023418912919265_8993163157389210978_n

„Охридски Комуналец” ги повлече контејнерите наменети за отпад од плажите Канео и Лабино

Ј.П.„Охридски Комуналец” ги повлече контејнерите од Грашница кои беа наменети за комунален отпад од плажите Канео и Лабино во текот на туристичката сезона‼️По завршувањето на туристичката сезона, Ј.П.„Охридски Комуналец” ги повлече контејнерите од оваа локација, па затоа ги информираме граѓаните, а воедно и упатуваме апел, да не депонираат комунален отпад, кабаст и зелен отпад и градежен шут на оваа локација✅Контејнерите беа поставени наменски за време на туристичката сезона 2024 год., за полесн

ОО | пред 2 години

463970099_1021134276481062_3598284973178588125_n

„Охридски Kомуналец" ќе организира акција за подигнување кабаст отпад од У.З.14 Радојца Новичиќ

Акција кабаст отпад У.З.14 Радојца Новичиќ 25.10.2024 год.(петок)📢Ј.П.„Охридски Kомуналец" на ден 25.10.2024 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.14 Радојца Новичиќ📞Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 25.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира

ОО | пред 2 години

463930425_1018306853430471_2873645192367939093_n

Голем број активности за одржување на јавната чистота и зеленило

Голем број активности за одржување на јавната чистота и зеленило.🧹Генерално чистење на ул.,,Железничка": метење, шпаклање, отстранување на ниска вегетација од тротоарите и подигнување на расфрланиот ситен отпад; Поради должината на трасата активностите ќе се изведуваат и во следните денови💧Согласно договорите за изведување градежни активности, реализирани активности за метење и миење на јавните површини околу градежните локации🍂Во есенскиов период кога лисјата од дрвјата паѓаат, вонредни активно

ОО | пред 2 години

Kuckovo-opsto

OCR SKOPJE 2024: Предизвик на сила, издржливост и волја во Кучково, општина Ѓорче Петров

Вчера на 27.10.2024 год. во Кучково, Општина Ѓорче Петров, се одржа OCR SKOPJE 2024 – натпревар што ги собра најхрабрите спортисти и ентузијасти, подготвени да го тестираат својот дух и издржливост на една од најпредизвикувачките патеки во регионот.Трката, долга 13.5км, беше исполнета со разновидни природни препреки – од стрмнини и ридови до технички секции со вода, кал и високи препреки, кои претставуваа вистински тест на сила и издржливост за секој учесник.Со време од 1 час, 9 минути и 38 секу

Спорт | пред 2 години

464685840_576602018085051_4995671873293861305_n

Стефковски промовираше Итно копче за бесплатна помош на болни лица во Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со тим од Црвениот крст на Град Скопје беше во посета на Ленче Џингова од Ченто која е корисник на услугата Итно копче која ја спроведува Црвениот крст на Град Скопје со цел помош на болни и изнемоштени лица над 65 години кои живеат сами.Денес општина Гази Баба во соработка со Црвениот крст на Градот Скопје отпочнува со реализација на заедничкиот проект Итно копче.Со овој проект овозможуваме 24 часовна помош за лица над 65 годишна возр

Скопје | пред 2 години

463107104_1016653140262509_7505001678660948440_n

„Охридски Kомуналец” ќе организира акција за подигнување кабаст отпад од У.З.11 Видобишта

Акција кабаст отпад У.З.11 Видобишта 18.10.2024 год.(петок)📢Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 18.10.2024 год.(петок) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.11 Видобишта📞Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 18.10.2024 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден в

ОО | пред 2 години

462761659_1011949577399532_8482200920639501315_n

Паркови и зеленило на терен со извршување на своите работни задачи

Паркови и зеленило на терен со извршување на своите работни задачи🍃✔️Чистење на дива вегетација покрај патен правец Вапила-Косел, чистење на обраснато зеленило во с.Велгошти и околу игралиште во населба Видобишта✔️Косење на тревните површини на ул.,, Никола Карев" и ул.,,АСНОМ"✔️Полнење со земја на бетонска жардињера вдолж ул.,,Булевар Туристичка" и садење садници на ул.,,Македонски Просветители"✔️Редовно косење во градски парк и ул.,, Булевар Туристичка", уредување на форми од зеленило и редовн

ОО | пред 2 години

462350959_1011066904154466_1101296701885770500_n

Подигнување на селектиран отпад од улиците: Марко Нестороски, Васил Главинов, Крсте Мисирков, Питу Гули и Ѓорче Петров

На ден 13.10.2024 год. (недела) подигнување на селектиран отпад (хартија и картон, пластика и лименки) од улиците: Марко Нестороски, Васил Главинов, Крсте Мисирков, Питу Гули и Ѓорче Петров.♻️На ден 13.10.2024 год. (недела) согласно Календарот за подигнување на селектиран отпад (хартија и картон, пластика и лименки) и реализација на проект за примарна селекција на комуналниот отпад од домаќинствата, Ј.П.„Охридски Комуналец” ќе ја реализира акцијата од определените улици: Марко Нестороски, Ва

ОО | пред 2 години

462261474_1010315054229651_8355064638145032947_n

Акција кабаст отпад У.З.3 и У.З.4 населби Кошишта, Воска и Даљан

Акција кабаст отпад У.З.3 и У.З.4 населби Кошишта, Воска и Даљан 10.10.2024 год.(четврток)📢Ј.П.„Охридски Kомуналец" на ден 10.10.2024 год.(четврток) ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.3 и У.З.4 со која ќе се опфатат населбите Кошишта, Воска и Даљан📞Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 10.10.2024 година и претходно

ОО | пред 2 години

462365872_1009698177624672_4156607699309005106_n

Голем број активности на оперативните служби за одржување на јавната хигиена и зеленило

Голем број активности на оперативните служби за одржување на јавната хигиена и зеленило✅Реализирана акција за чистење на депонија создадена од диви кампери во близина на камп Љубаништа✅Секојдневно чистење на пристаништето и градскиот кеј на потегот до Холандски парк од наноси на алги и секаков вид отпад✅Голем број активности за одржување на јавна чистота и зеленило во села: Подмоље, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, Косел и ВелгоштиПо повод 11-ти октомври, Денот на народното востание на македонс

ОО | пред 2 години

462125257_1007572817837208_5112925101746652055_n

Екипите на Паркови и зеленило на терен со извршување на своите редовни и вонредни задачи

Екипите на Паркови и зеленило на терен со извршување на своите редовни и вонредни задачи✔️Чистење на дива вегетација и косење на просторот од Самоилова тврдина✔️Чистење обраснато зеленило и косење патен правец с.Ливоишта -с.Вапила✔️Редовно косење во градски парк, ул.,, Булевар Туристичка", ул.,,Јане Сандански", покрај речни корита на ул.,,Ариф Мустафа" и ул.,,Аџи Мустафа"✔️Шишање на декоративни садници од бетонска жардињера вдолж ул.,,Булевар Туристичка"✔️Садење на сезонско цвеќе - Хризантеми

ОО | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања