Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

ohrid4

Едукативната кампања „Крени глас против врсничко насилство“ се реализира и во Охрид

Ученици од 6-то до 9-то одделение од сите охридски основни училишта беа дел од работилниците кои се одржаа денеска во Големата сала на Општина Охрид, во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство“ поддржана од компанијата „Макпетрол“.Активнистите од оваа едукативна кампања се рализираат врз основа на Mеморандум за соработка, кој беше склучен помеѓу оваа компанија и Општина Охрид.Целта на работилниците e директно вклучување на младите во процесот на спречување

ОО | пред 2 години

ohrid3

Финале на ,,Боксерски опен балкан куп" и Меморијален боксерски турнир „Алексо Огненовски“

На боксерски ринг поставен на отворено во близина на кејот на Охридското Езеро, вчеравечер во Охрид се одржа Финалето на Опен балкан купот во бокс и Меморијалниот боксерски турнир „Алексо Огненовски“.Организатор на овој спортски настан е охридскиот Боксерски клуб „Алексо Огненовски“ со поддршка на Боксерскиот сојуз на Србија и Општина Охрид.На свеченото отворање на натпреварот свое обраќање имаше градоначалникот, Кирил Пецаков.По вторпат присуствуваме на спортскиот настан, посветен на големиот с

ОО | пред 2 години

Screenshot-2024-02-28-at-09.16.47

Сообраќајна несреќа кај Росоман

Во 07.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кај клучка Росоман се случила сообраќајна незгода, помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Скопје и товарно возило „ивеко“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.З.(59) од Прилеп.Во незгодата, возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, појаснија од СВР Велес.Увидот е во тек, а сообраќајот се одвива нормално и без застој.

Македонија | пред 2 години

ohrid2

Охрид домаќин на Државното првенство во атлетика за основни и средни училишта

Вкупно 220 ученици од основните и средните училишта од Република Македонија се натпреваруваа на Државното првенство во атлетика, кое се одржа денеска во Охрид.На свеченото отворање на настанот, во името на Локалната самоуправа се обрати советникот во Советот на Општина Охрид, Горан Маркоски.Ни претставува голема чест и задоволство што Охрид е домаќин на овогодинешното издание на Државниот натпревар во атлетика, кој го организира Федерацијата на училишен спорт.Овој спортски настан им овозможува н

ОО | пред 2 години

ohrid

Во Охрид се одржа отворен ден на Универзитетот „Свети Климент Охридски“

Презентирање на можностите кои ги нудат студиските програми, условите за студирање и воспоставување на соработка помеѓу сите чинители во локалната зедница, беше целта на денешниот Отворен ден на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ кој се одржа на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.Мотото на овогодинешниот промотивен настан, кој се организира по трет пат беше „Повеќе од образование“. Во рамки на програмата беа предвидени две панел дискусии, а беше одржан и „Изложбен ден-ден на кари

ОО | пред 2 години

Screenshot-2023-11-26-at-14.05.54

Честитка на градоначалникот Кирил Пецаков по повод Велигден

,,Христос Воскресна! Навистина Воскресна!Ви го честитам овој голем Христијански празник – Велигден и Ви посакувам, здравје, благодет и нека Христовата љубов и спокој бидат присутни во секој дом. Христовото Воскресение – ВЕЛИГДЕН, е возвишен ден, бидејќи е ден во кој преовладува животната радост, од која извираат љубовта и надежта. Ден кој ја роди и ја раѓа богоугодната радост. На овој празник го славиме животот и победата на смртта.Нека ни биде честит Воскресението Христови и Господ да ни подари

ОО | пред 2 години

IMG_4050

Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете

„Проверете. Размислете. Пријавете.“ Кампањата ќе биде активна во 16 држави на 14 јазици по повод Меѓународниот ден на исчезнати деца.Министерството за Внатрешни работи на Република Северна Македонија во почетокот на 2024 година потпиша Меморандум за разбирање со Фондацијата Амбер Алерт Европа и со тоа и нашето Министерство и држава се дел од ова кампања и систем за случаи поврзани со исчезнати деца.За Меѓународниот ден на исчезнати деца, Амбер Алерт Европа, Европскиот центар за исчезнати деца по

Македонија | пред 2 години

51401844_2291932497485853_5542221813028749312_n-1

Хајредини: Познато е дека во Македонија не се казнети тие што од Телеком примиле по 2,5 милиони евра

Ексминистерот за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини, на социјалната мрежа „Фејсбук“, смета дека неказнети останале лицата од „Телеком“, откако врховниот судија Наке Георгиев беше уапсен за земени 10.000 евра поради примање на награда поради противзаконтио влијание.„Не ми е познато колку е казната за мито од 10.000 евра, меѓутоа, познато е дека во Македонија не се казнети тие што од ТЕЛЕКОМ примиле по 2,5 милиони евра“, вели Хајредини.Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајреди

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Франција застана на страната на Меѓународниот кривичен суд

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја поддржува независноста на Меѓународниот кривичен суд и неговата „борба против неказнивоста“.Вака официјален Париз реагираше на повикот на обвинителот на МКС за распишување налог за апсење на лидерите на Израел и Хамас.„Франција го поддржува Меѓународниот кривичен суд, неговата независност и борбата против неказнивоста во сите ситуации“, се вели во соопштението објавено во понеделникот, пренесува Ројтерс.Додадена е осуда на „антисемитс

Свет | пред 2 години

pance-park

(Видео) Крај на забавниот парк кај „Борис Трајковски“ во Карпош: ноќеска влегла полиција и куп инспектори

Полиција влезе на просторот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде без никаква дозвола и оваа сезона е поставен забавен парк. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави отстранување на реквизитите поставени на диво, на приватен простор. На терен делувале и инспекторати.„Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош, поточно пред спортскиот центар Борис Трајковски без соодветни документи и потребни дозволи се поставени реквизити за забавен парк

Скопје | пред 2 години

najcevska-memeti

Обвинителот Мемети од ДУИ е осомничен за поткуп, институциите вредат колку луѓето во нив, вели Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска, ја искоментира последната предистрага во која врховниот судија Наке Георгиев е осомничен за примање награда за противзаконито влијание и земање на 10.000 евра со кои според МВР бил затекнат на лице место, а пријава има и за обвинител.„Осомничениот за поткуп јавен обвинител Иџет Мемети од ДУИ, во два мандати беше народен правобранител, беше министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија. Институциите в

Коментари | пред 2 години

nakje-1

Георгиев уште во станица: Ќе биде однесен пред судија за притвор, а ноќеска полицијата тресеше повеќе локации

Врховниот судија, Наке Георгиев, осомничен за примање на награда за противзаконито влијание, вечерта ја помина во полициска станица, а беше и носен на секоја локација каде беа вршени претреси. За него, се бара ефективен притвор поради тоа што, според МВР, бил затекнат на лице место како прима 10.000 евра во кеш, од страна на синот на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев кој е осуден за трговија со марихуана.Случајот го работеше Министерството за внатрешни работи, по претходно доб

Македонија | пред 2 години

bajden

Бајден: Она што се случува во Газа не е геноцид

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека израелската војска (ИДФ) не врши геноцид во Газа, говорејќи во понеделникот во Белата куќа за време на настанот за одбележување на американското еврејско наследство.„Она што се случува во Газа не е геноцид. Ние го отфрламе тоа“, рече Бајден, одбранувајќи ги критиките од пропалестинските демонстранти низ САД кои го нарекоа „геноцид Џо“.Бајден истакна дека верува оти Израел бил жртва на нападот на 7 октомври минатата година, кога членовите на милита

Свет | пред 2 години

iran

(Видео) Ковчегот покриен со знаме: Иран денес го погребува трагично загинатиот претседател

Граѓаните на Иран денеска во вечното почивалиште ќе го испратат претседателот Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа на северозападот на земјата.Погребот на претседателот ќе се одржи во Табриз, градот во кој беше на пат кога се случи несреќата, а неговото тело потоа ќе биде пренесено во Техеран.Во несреќата загинаа и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и уште седум други лица.Иранските медиуми објавија видео на кое се гледаат ковчезите на Реиси и Абдолахиан

Свет | пред 2 години

nakje-1

Уапсен врховниот судија Наке Георгиев поради тргување со влијание

Полицијата по наредба на обвинител го уапси врховниот судија Наќе Георгиев. За него, е добиена пријава за трговија со влијание, а се споменуваат и средства од 10.000 евра со кои таа цел требало да се реализира.Неофицијално, истрагата дошла до сомнежи и докази дека Георгиев за 10.000 евра требало да овозможи олесување на постапка за поранешен градоначалник од СДСМ, кој кривично се гони.Кривичното дело за кое е уапсен Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делтоо ќе биде

Македонија | пред 2 години

51345134515

Врховниот судија бил фатен на лице место додека примал 10.000 евра - детали од МВР

Денеска (20.05.2024) лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело  „Примање награда за против законито влијание", велат од МВР за „Скопје1“.Тие додаваат: „Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител“.Според неофицијални информации, тој бил фатен со 10.000 евра.„Скопје1“ веќе објави детали:Повеќе и на следниот линк: 

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-05-21-at-00.09.35

Јавноста надвор: Судски совет ќе му го чува угледот на врховниот судија Георгиев, за инунитетот и притворот ќе зборуваат сами во четири ѕида

Со десет гласа „за“, членовите на Судскиот совет ја исклучија јавноста односно медиумите од седницата на која се одлучува за одземање на имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев. Според мнозинството судии, на Георгиев може да му се наруши неговиот углед. Во салата беше присутна екипа на МИА, која беше отстранета.„Благодарам на јавноста, но законската обврска не дозволува понатаму следење“, рече претседателка Весна Дамева.На седницата се одлучува за симнување на имунитетот на Георгиев, по бар

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-05-21-at-00.07.21

Врховниот судија Георгиев по 10.000 евра остана без имунитет, може да оди во притвор, а оддалечен е и од работното место

Врховниот судија Наке Георгиев остана без судиски имунитет, а Судски совет со ваква одлука ги отвори вратитњ тој да оди во притвор. Ова е конечната одлука од вчерашната седница која се одржа зад затворени врати на полноќ.„Се одзема имунитетот на врховен судија заради непречено водење на кривичната постапка. Се одобрува барањето за одобрување на мерката притвор за судија на Врховен суд поднесено од судија на претходна постапка на Основниот кривичен суд Скопје. Времено се одалечува од вршењето суд

Македонија | пред 2 години

rgadfgadfa

Притвор се бара за врховниот судија Георгиев, претреси во канцеларијата во Врховен

За врховниот судија Наке Георгиев ќе се бара најстрогата мерка за обезбедување присуство, односно ефективен притвор во затворот „Скопје“ во Шутка. За него, точно на полноќ е закажана и седница на Судски совет, каде треба да му се симне имунитетот, за да може да се гони.„За 487-та итна седница на Судскиот совет на РСМ за ден 20.05.2024 година, со почеток во 24,00 часот. Расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на притвор на с

Македонија | пред 2 години

izbori

Гласаат затворениците, болните и изнемоштените пред утрешното прегласување на седум избирачки места

Утре се прегласува на седум избирачки места во изборните единици 5 и 6, а денеска гласаат болните и изнемоштени лица, затвореници и лица сместени во домовите за вонсемејна грижа. Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4 521 гласач.Во избирачкото место 2101 во Желино право на глас имаат 993 гласачи, во избирачкото место 1194 во Крушево право на глас имаат 470 избирачи, во 1202 исто така во Крушево 298, во 1272 во Охрид 712, во Долнени во избирачкото место 1470 – 659, додека во 1470/1

Македонија | пред 2 години

Jane-Cento-696x371

Најголемото зло во правосудниот систем се "фамилијарните кланови", засекогаш мора да се стави крај на тоа ако сакаме правна држава, вели Ченто

Осудениот за „27 април“, Јане Ченто, смета дека е ред да се стави крај на фамилијарни кланови во судството, ако Македонија има за цел да биде правна држава. Осврнувајќи се на случајот каде судијата Наке Георгиев осомничен за примање на награда за противзаконито влијание, има членови на семејството кои се во судскиот систем, , смета дека тоа е тотално погрешно.„Најголемото зло во правосудниот систем се "фамилијарните кланови", татко судија, мајка обвинител, син судија и така со години се ствараат

Коментари | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Син му се заканувал на таткото со нож, му велел дека ќе го убие

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против лице од селото Раштани за кое постои сомнение дека сторило кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, при вршење семејно насилство, ја загрозил сигурноста на неговиот татко, со сериозна закана дека ќе нападне по неговиот живот. На 18 мај, осомничениот влегол во кујната и побарал 3.000 денари од неговата мајка, кажувајќи и дека мора да ги најде парите. Н

Македонија | пред 2 години

IMG_4045

Мицкоски на средба со Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата

,,Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.На средбата претседателот Мицкоски ги презентираше заложбите кои ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ги има, а тоа се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата.Потребно е Македонија да се стави на брза трака кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој и да се подобри животнио

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Несреќа во Гостивар: Тешко повреден мотоциклист и неговиот сопатник

На 19.05.2024 во 14.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „137 “ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од М.Н.С.(56) од Гостивар и мотоцикл „бенели“, управуван од Д.С.(37) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот Д.С. и неговиот сопатник Б.Е.(38), констатирани во Ургентен центар во Гостивар.Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-22-9750PM

Прегазен велосипедист во Скопје, однесен во болница

На 19.05.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат на Средно Водно во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М.(63) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од Б.М.(36) од Нераште.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања