Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Screenshot-2023-12-19-at-14.12.38

Традиционално: Пратениците на Левица го бојкотираа годишното обраќање на невидливиот претседател на Републиката

„Ја известуваме македонската јавност дека двајцата опозициски пратеници на Политичката партија Левица во Собранието на Република Македонија – Димитар Апасиев и Борислав Крмов – традиционално, веќе трета година по ред, не присуствуваа на пленарната седница, на која се обрати претседателот на Републиката – Стево Пендаровски“, велат од левичарската партија.Тие додаваат: „За нас, тој е невидлив претседател и како таков треба да биде третиран во законодавниот дом.Нашите пратеници одбиваат да партицип

Македонија | пред 2 години

pendarovski-1

Пендаровски: За да превенираме идни убијци, државата мора системски да ги маргинализира оние кои пропагираат антицивилизациски вредности

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во своето обраќање во Собранието посочи дека крајот на 2023 година ни ја донесе најголемата тага во последната деценија и рече дека преку личната трагедија на малата Вања и нејзиното семејство можевме како на дланка да ја видиме целата патологија на македонската транзиција, амбиентот кои сите ние, повеќе или помалку, го создававме во изминативе 32 години.„Требаше секој од нас, а посебно ние политичарите, многу почесто и погласно да зборуваме против овие п

Македонија | пред 2 години

esm-kovacevski

ЕСМ која едвај опстои - вработува 500 лица, за Ковачевски ова не е спорно: Сигурно се за пополнување на работни места

Државната ЕСМ распиша оглас за вработување на над 500 лица на еден месец пред воспоставувањето на техничката Влада, односно на нешто повеќе од 100 дена пред изборите. Ова за премиерот Димитар Ковачевски не е спорно, иако станува збор за компанија која добиваше и владина помош оти едвај опстои за време на енергетската криза. Платите за нововработените ќе бидат од 30 до 60 илјади денари.„Јас не би кажал дека се предизборни вработувања. Денес е декември, а на 8 мај се изборите. За тоа која компаниј

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2023-12-19-at-10.23.13

Епицентарот на земјотресот е во Скопје - детали

Земјотресот почувствуван во Скопје е со јачина од 2.2 степени според Рихтеровата скала. Најмногу се осети од жителите кои живеат на повисоките катови.Според сервисот „EMSC“, епицентарот е на 4 километри од центарот на Скопје. Истиот според официјалните информации е на длабочина од 5 километри. Потресот се случил во 9:54 минути.https://twitter.com/LastQuake/status/1737037099784630740?fbclid=IwAR2Y7nSq1BxKAR7j9Mu0CYbMBqlfSaSZfp-0L6Dt--2iT_tS-3tlgcwIcHg

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Коалицирањето на СДСМ за изборите уште не е решено прашање: Се анализираат сите можности

Премиерот Димитар Ковачевски се уште не знае со кого ќе коалицира СДСМ на изборите. Тој посочи дека ќе има два блока, од кој едниот ќе го блокира пристапот до Европска Унија, а вториот, ќе ја носи државата кон полноправно членство.„Во однос на настапот на изборите, се анализираат сите можности. Едно е сигурно, дека ќе има два блока – европски и антиевропски блок“, кажа Ковачевски.Прашан за средбите кои ги одржуваат партиите на албанската заедница во Македонија, рече дека не знае за што разговара

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Вело Марковски се изнафали себеси за да стигне до претседателската резиденција на Водно

Професор доктор Вело Марковски прв објави кандидатура за претседателските избори во 2024 година. За себе вели дека има храброст, мудрост и знаење како да ја постигне целта убеден е дека како Претседател може да се избори за исполнување на политичките, здравствените и економските права на сите граѓани и да ја избегне маргинализацијата од раководствата на најголемите партии..„Вечната борба на нашиот македонски народ во справување со светските предизвици како што се човекови права, болести, војни,

Македонија | пред 2 години

mickoski-palco-y

Зошто Мицкоски се среќавал со Палчо: Испраќаше навреди кон мојот постар син

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „360 степени“ просведочи дека имал средба со Љупчо Палевски-Палчо осомничен за планирање и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Мицковски кажа дека навредите биле насочени кон неговото семејство, односно неговиот повозрасен син.„Јас сум имал средби со многу луѓе. Тоа е мојата работа. Сум имал средба пред 4-5 години, и нормално е да имам таква средба со секој еден што во јавноста испраќа политички пораки. Конк

Македонија | пред 2 години

297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

Земјотрес почувствуван во Скопје

Земјотрес почувствуван во Скопје. Епицентарот бил на македонско-косовската граница. Јачината била 2.2 степени според Рихтеровата скала.

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

(Фото) Штикли добија основци како донација од Агенцијата за одземен имот, директорот Небиу се фали дека ги израдувал

Запленетата облека и обувки од цариниците и полицијата, директорот на Ангецијата за одземен имот, Дритон Небиу, наместо на продажба, ја носи по училишта. Спакувана во црни кеси, таа се донира на ученици. Од ова, Небиу си прави маркетинг. Се снима, дава изјави, си прави спотови. Според објавите досега бил во Брест, Могила, Костурино, Куклиш, Чаир, Куманово. А во донациите - и работи несоодветни за деца.Па така, основци добиваат и штикли, како и кондури за возрасни.„Основците многу се смеат со ови

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Појава на магла со видливост до 100 метри има во Битола, извести АМСМ

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 100 метри има во Битола и 200 метри во Македонски Брод.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено н

Македонија | пред 2 години

image-199701

(Фото) Ламбе на скии во Битола, не оди никаде: Мојата светиња е Македонија

По критиката за концертот на Теа Таировиќ и објавата дека заминува од Македонија, македонскиот пејач Ламбе Алабаковски, денес се предомисли. Тој низ шега кажа дека останува во родната Битола. Новата фотографија и информација дека не заминува од Македонија, доаѓа и по низата критики и исмејувања.„Ме врати назад во Македонија и ве поздравувам. Мојата светиња е Македонија, да сте здрави и живи“, напиша Алабаковски под фотографијата со Дедо Мраз.Инаку, вчера Алабаковски напиша дека во Македонија има

Магазин | пред 2 години

Нема фотографија

Ова е „Најди ме“ – првата веб-страница во Македонија за исчезнати деца

Во функција денес е ставена веб-страницата „Најди ме“, која е дел од системот за рано предупредување на исчезнати деца во Македонија.Веб-страницата ќе биде достапна на македонски, албански и ромски јазик, а на неа ќе може да се алармира за исчезнати деца со рано предупредување.Министерот за образование, Јетон Шаќири најави новини во новиот електронски дневник од второто полугодие за родителите веднаш да имаат увид дали нивното дете дента стигнало во училиште и е внесено во е -дневникот.„Исчезнув

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Уставните измени се единствен услов, но само за почеток на преговорите, појаснува Маричиќ

Уставните измени што треба да бидат донесени во македонското Собрание се единствен услов за да се отвори кластерот, објасни вицепремиерот Бојан Маричиќ.Тој одговарајќи на новинарски прашања, рече дека е во заклучоците на европскиот совет јасно е дадено до знаење дека штом се направат уставните измени, без никакво натамошно одлагање и без нова политичка одлука ќе има втора меѓувладиниа конференција на која ќе се отвори првиот кластер.Маричиќ со тоа ја коментираше изјавата на шефицата бугарската д

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-01-6740PM

Онколошките пациенти од источна Македонија ќе бидат ослободени од плаќање патарини

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се подготвени да излезат во пресрет на барањето за ослободување од плаќање патарини на онколошките пациенти од источна Македонија, кои мораат често да патуваат во Скопје за терапиите. По денешниот увид во градежните работи за браната на реката Отиња во Штип, министерот Бочварски, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека темелно ќе го разгледаат барањето и ќе им помогнат на сите на кои им треба помош.„Отворени сме да разговараме за си

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Митева: Во животот секој сам избира дали ќе ја игра улогата на жртва или улогата на борец, министерке Петровска, се гледаме на суд

Во животот, секој сам избира дали ќе ја игра улогата на жртва или улогата на борец. Јас како жена избирам да се борам! Министерке Петровска, се гледаме на суд, вели портпаролката и член на ВМРО-ДПМНЕ.„Дегутантна е состојбата кога Славјанка Петровска популарноста ја бара преку вакви потези наместо преку работата за која ја плаќаат граѓаните, така што им препорачувам на СДС и на Славјанка Петровска, кои политички го изгубија тлото под нозете, да не се надеваат дека затскривајќи се зад Законот за г

Македонија | пред 2 години

benziska-guzva-goriva

Нови цени на горивата, има поевтинување од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24% во однос на одлуката од 11.12.2023 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,573%, кај дизелот 2,404%, кај екстра лесното масло 2,219% и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,971%.Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Ковачевски: Процесот за влез во ЕУ ќе го завршиме успешно, немаме друга алтернатива

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше и се обрати на настанот „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“ во рамки на проектот „Ревидиран процес на проширување на Европската Унија: нов геополитички контекст, нови можности, исти ризици“ во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – канцеларија Скопје и ПолитикУм – Институт за одржливи и иновативни политики. [embed] Во своето обраќање, премиерот Ковачевски с

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Се запали товарно возило на пат кон село Коњари, нема повредени

Денеска во 02.53 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пат од село Ржаничино кон село Коњари, скопско, настанал пожар во товарно возило „застава“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 29-годишниот А.М. од село Ржаничино, извести МВР.Повредени лица нема, а екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, додаваат од МВР.Увид на местото бил извршен од екипа СВР Скопје.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Одрони на патниот правец Скопје – Велес

Центарот за управување со кризи известува дека преку Е-112 е добиена пријава дека на патниот правец Скопје- Велес, има одрони, поточно 100 метри пред тунелот во правец Катланово накај Велес.Од страна на РЦУК – Велес информираат дека ЈП за Одржување и заштита на магистрални и регионални патишта е известена за понатамошна постапка.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Кривична против маж од велешко, понудил 50 евра на полицаец за да пушти лице да излезе од државата

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 48-годишниот Н.Џ. од село Бузалково, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“, извести МВР.На 27.11.2023 на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, пријавениот на полициски службеник му понудил поткуп од 50 евра за да пушти лице од село Бузалково за кое има „Судска забрана за излез од РСМ“, соопшти МВР.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Битиќи и Николовски во Гевгелија на увид

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Гевгелија извршија увид на завршите активности од изградбата на најзначајниот и најголем водоснабдителен проект браната Конско.Браната Конско е целосна инвестиција на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вредна 40 милиони евра, што претставува и најголем ка

Македонија | пред 2 години

pari

Со затајување до два милиони - како кондовец заработувал во Скопје

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Н.(35) од с.Кондово, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување” по член 239 став 1 во врска со став 5 и „фалсификување или уништување деловни книги” по член 280 став 1 и став 2 од Кривичниот законик, извести МВР.„Пријавениот, вработен во правно лице, кое имало склучено договор за услуги со други правни лица за обезбедување, транспорт и пренос на пари и друг

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

(Видео) Николоски: По изјавата на Габриел јасно е дека дури и да се смени Уставот, Македонија може да добие повторно бугарско вето

„Би почнал со нешто што мене најмногу ме загрижи од истражувањето, го читав и пред да дојдам тука, а беше искажано и пред 15-20 минути. Тоа е дека младите, онаа генерација од 18-24 години се најмногу евроскептични и да бидам ироничен ги разбирам веројатно се како генерација по паметни од нашата генерација.  Јас тука гледам пријатели, луѓе кои ги познавам со кои пораснавме, ако сакате и остаревме затоа што сме веќе во средни години со оваа идеја за евроинтеграции и таму каде што бевме кога бевме

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Шекеринска, Маричиќ, Ковачевски: Успешниот скрининг потврдува дека имаме капацитет за брза европска интеграција, уставните измени единствена пречка за тоа

Денеска, се одржа настан во рамки на проектот „Ревидиран процес на проширување на Европската Унија: Нов геополитички контекст, нови можности, исти ризици“ во Галеријата на Даут Пашин Амам, организиран од Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и ПолитикУм – Институт за одржливи и иновативни политики.Директорот на Фондацијата Фридрих Еберт во Северна Македонија Петер Хурелбринк во своето воведно излагање истакна дека политиката за проширување стана тест за кредибилноста на Европската Унија

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-04-0670PM

Пешак прегазен во Кисела Вода - со тешки повреди е во болница

Вчера во 09.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(39) од Скопје, удрило во пешакот А.Р.(34) од Скопје.„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје“, велат МВР.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања