Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Нема фотографија

Неколку лица нападнале тројца скопјани, еден од нив повреден со остар предмет

Вчера во 18.35 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на улицта „Самуилова“ имало повредено лице од остар предмет, извести МВР. – Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека, по претходна расправија, неколку лица ги нападнале Е.М.(49), К.И.(71) и Р.А.(60), сите од Скопје, при што со остар предмет му нанеле повреди на Е.М., а со метален предмет ги нападнале К.И. и Р.А., соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Кривична против тетовец, противправно го присвоил возилото од фирмата каде што работел

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 54-годишниот Т.К. од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, извести МВР. – Во периодот од 10.08. до 19.10.2022, пријавениот управувал патничко возило „цитроен берлинго“ сопственост на правно лице од Скопје, каде што работел, соопшти МВР. Притоа, тој противправно го присвоил возилото кое му било доверено на користење без да ги извести овластените лица во правниот субјект.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Кривични против тројца италијански и еден албански државјанин за незаконит лов на Шар Планина

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 37-годишниот Б.Џ., 56-годишниот Д.Л.А. и 19-годишниот Д.Л.Р., сите од Италија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“ и против 60-годишниот А.Н. од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, извести МВР. – На 12.12.2022, првите тројца пријавени биле затекнати како се движат во теренско возило со италијански национални озн

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Три жени искасани од кучиња скитници во Прилеп

Вчера во ОВР Прилеп, 61-годишната Ј.М. од Прилеп пријавила дека во населба „Варош“ во Прилеп била касната од куче скитник.Истиот ден во ОВР Прилеп и 45-годишната К.Г. од Прилеп пријавила дека на улицата „Ладо Лапецот“ во Прилеп била касната од куче скитник.Како што извести МВР, вчера и 30-годишната И.К. пријавила во ОВР Прилеп дека на улица „Мирче Најденов“ во Прилеп била касната од куче скитник. Денеска во 07.20 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар, 50-годишниот Б.А. од гостиварски Добридол, приј

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Вицепремиерот Битиќи се сретна со висока делегација на ММФ која престојува во Скопје

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) која престојува во нашата земја предводена од Фриц Башмаир, при што реализира средби со повеќе институции кои имаат надлежност во доменот на буџетските расходи.Како што информираат од Владата, целта на посетата на делегацијата на ММФ е да слушне од прва рака за состојбат

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Бачовски од Валандово: Доделени првите картички со субвенционирано гориво за земјоделска механизација за 2023/2024 година

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беа во посета на подрачната единица при МЗШВ во Валандово. Целта на посетата беше одбележувањето на почетокот на доделувањето на платежните картички за субвенционирано гориво за земјоделска механизација за 2023/2024 година или попознати како картички за зелена нафта.Помошта преку оваа мерка е во висина од 50

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Османи се обрати на Индискиот совет за меѓународни работи: Северна Македонија е фокусирана на зачувување на мирот на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска имаше обраќање пред Индискиот совет за меѓународни работи во Њу Делхи, за време на неговата официјалната посета на Индија.Во своето обраќање, Османи се осврна на активностите на Северна Македонија во рамки на Претседавањето со ОБСЕ во 2023, во исклучително сложените геополитички околности предизвикани од руската агресија врз Украина.Посетата на Индија доаѓа во време на големи глобални предизвици кои сериозно се закануваат на светската безбедн

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Ангелов: Воспоставена е контрола врз пожарот меѓу Дојран и Богданци до границата со Грција

Пожарот што попладнево изби во близина на границата со Грција, помеѓу Богданци и Дојран, е ставен делумно под контрола, извести директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.[embed]– Горат уште два крака. Благодарение на одличното дејство на ер-тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување, но и на пожарникарите на Дојран и Гевгелија кои спречија да се прошири огнот кон полето затоа што сувата трева и ветерот, овозможуваат брзо ширење. Пожарот е делумно под контрола, кажа директорот на ЦУК. Како што об

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Мицкоски на средба со Памер: На власта секојдневно и се случува нов коруптивен скандал во кој е вмешан некој владин функционер

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски остварија средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во земјата, Мартин Памер.Соговорниците разговараа за актуелната политичка и економска состојба и евроинтегративниот процес на државата.Од страна на претседателот Мицкоски беше истакнато дека владата на СДСМ и ДУИ на дневна основа се соочува со некој нов коруптивен скандал во кои се вмешани првите владини функционери

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Се реконструира водоводната мрежа за жителите на Бојане

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, денеска извршија увид во отпочнувањето на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа во населеното место Бојане во општина Сарај.Градежните активности на терен опфаќаат реконструкција на постојната водоводна мрежа, која има чести дефекти заради дотраеноста, како и заради незадоволителен профил и материјал на постојниот цевковод.– Со реализацијата на овој инфраструктурен проект с

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Портпаролката на Данела Арсовска нападна новинар: „Замавна и ми го удри телефонот по вклучување во живо“

Новинарот на Сител, Мартин Арсов тврди дека денеска по вклучување во живо во вестите бил физички нападнат од Кристина Депо, задолжена за односи со јавност во Град Скопје.„Денеска по вклучувањето во живо во вестите, физички бев нападнат од Кристина Депо, задолжена за односи со јавност во Град Скопје. Додека во живо известував за денешната седница, стоеше позади камерата и чекаше да чуе дали ќе кажам нешто лошо за Арсовска. Откако завршив со вклучувањето, ми рече дека е незадоволна оти сум кажал с

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Гостиварец ја натепал невенчаната сопруга и не ѝ дозволувал да излегува надвор

Дваесет и седумгодишен насилник од гостиварско село бил приведен на Стража.Тој бил пријавен од 24-годишната невенчана сопруга дека во домот во Гостивар физички ја нападнал и не ѝ дозволувал да излезе надвор.Мажот е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Снаа ја нападнала својата 80-годишна свекрва во Гостивар

Полицијата ја приведе 39-годишната М. Р. од гостиварско село, која претходниот ден во нивниот семеен дом физички ја нападнала 80-годишната свекрва.Се расчистува и документира случајот и против пријавената ќе следува поднесок, велат од СВР Тетово.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Приведен тетовец: ја малтретирал жена си и кршел предмети дома

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер, околу 23 часот, го привеле 64-годишниот тетовец Х. Ј.Еден час пред тоа тој бил пријавен од 58-годишната сопруга дека во семејниот дом се однесувал агресивно кон неа и ја оштетувал покуќнината.Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Казни за 40 возила што вршеле јавен превоз: 14 имале неисправни сопирачки

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 7 до 12 часот била спроведена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници.При контролата санкционирани се 40 прекршоци, од кои 14 поради неисправен уред за запирање.Упатени на вонреден технички преглед биле 172 автобуси и други возила што вршат јавен превоз на патници. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се и 115 други видови сообраќајни прекршоци, соопш

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Прегазена малолетничка во Скопје, возачот избегал, девојчето пренесено во болница

Вчера, околу 22.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Борис Трајковски во Скопје, патничко возило „алфа ромео“, со скопски ртегистарски ознаки, удрило во малолетничка од Скопје по што возачот го напуштил местото. Малолетничката била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. Приведени се осомничени лица во врска со настанот.Мак

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Фатен крадец што оперирал во цркви

Тетовската полиција, денеска, околу 10.30 часот, во тетовско Долно Седларце го приведе 53-годишниот Т. Б. од Штип.Тој се сомничи дека во периодот од 20 јуни годинава досега извршил пет кражби во цркви во општина Јегуновце. Со употреба на сила влегувал во објектите и најчесто одземал пари. Кај него бил пронајден и одземен разновиден алат, што го користел при извршување на кривичните дела.Мажот е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, ќе биде изготвена соодве

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ковачевски навести дека ќе има проблем со млекото поради војната во Украина

Премиерот Димитар Ковачевски најави нови економски мерки, пред сѐ, во делот на маржите и разликата во цените коментирајќи дека никој не може во време на криза да печали на грбот на граѓаните.Премиерот навести дека се јавува криза со млекото.„Ќе има проблем кај млелото. Се јавува криза. Утре ќе имам состанок со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, ќе разговараме кои мерки ќе ги преземеме“, изјави Ковачевски додавајќи дека кризата е последица на војната во Украина.Рече дека недостиг на мл

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Зајкова: Укинување на партиципацијата за основните лекарства на пензионерите

Активното стареење е клуч за квалитетно ментално и физичко здравје, а социјалната сигурност и благосостојбата на заедницата кај повозрасното население во Северна Македонија е еден од главните приоритети на либерално-демократските иницијативи. Специјализирани центри на заедницата за постарите граѓани е една од мерките што денеска ги презентира претседателката на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова, придружувана од претседателот на општинската организација при ЛДП Аеродром, Андреј Крст

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Маричиќ – Хурелбринк: ФЕС со поддршка за брз напредок во реформите и ЕУ-агендата

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, оствари средба со новоименуваниот директор на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС), а во присуство на директорот во заминување, Рене Шле.Главна тема на состанокот беше зајакнувањето на соработката во идниот период, со посебен акцент на трансформацијата на државата во клучните области за пристапување во Европската Унија.На состанокот од страна на новиот директор на ФЕС, Питер Хурелбринк, беа потврдени поддршката и заложбата на Фондацијата во исполнув

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Ковачевски е криминална, потребни се реформи, а не уставни измени, кои и така нема да се изгласаат

Попусти се обидите на Ковачевски да ја замајува јавноста, претседателот на Франција, Макрон, јасно порача дека се потребни реформи, а не празни флоскули, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Пораките, според партијата на Мицкоски, се дека треба реформи, а не уставни измени, кои и така нема да се изгласаат, зошто ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржува.„Оваа Влада, на чело со Ковачевски, која тоне во криминал, дава тендери на партиски донатори, потпишува договори во 4 очи, не може да расчисти убиство во центарот на Скопје, не

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Антикорупциската комисија ќе го испита случајот со „Еуровија“; за Ковачевски – сомнително е ако донатор добие тендер со највисока, а не со најниска цена

Ако тоа што одредена компанија финансирала политичка партија, имало влијание врз изборот за тендер, тоа треба да го провери Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), која веќе објави дека ќе отвори случај по овој основ, рече премиерот Димитар Ковачевски.Премиерот вели дека на тендерот што го објави МНР за салата за претстојниот самит на ОБСЕ, е избрана најниската понуда, а би било сомнително доколку некој донатор на одредена политичка партија добие тендер со највисока цена или, пак, не

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

МТСП: Со новата градинка „Први стапки“ проширен капацитетот за 100 деца од општина Карпош

Грижата за најмладите и континуирано подобрување на услугите наменети за нив е врвен приоритет на Владата, што се реализира преку социјалната реформа. Сто дечиња од општината Карпош ќе бидат згрижени во целосно новиот објект, именуван „Први стапки“, кој се наоѓа до постојната градинка ЈГДУ „Орце Николов“ во населбата Карпош 3, информираа од Министерството за труд и социјална политика.На отворањето на новиот објект на градинката во општината Карпош присуствуваше и претседателот на Владата, Димита

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Беса: Фирмата „Еуровија“, што го доби тендерот, има зголемување над 100 проценти на приходите во последните две години

Деловниот однос на ДУИ со компанијата што го доби тендерот од 1 милион и 800 илјади евра е очигледен и тоа јасно го докажуваат приходите и профитите на предметната компанија во последните години, изјави Хасим Муртезини од Движењето Беса.Тој рече дека се работи за фирма, која, според официјални податоци, во последните две години, во 2021 и 2022 година, има зголемување повеќе од 100 проценти на прометот на приходите, односно сериозно зголемување на годишната добивка.Според партијата, нема човек шт

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Во кумановската касарна свечено одбележани годишнината на Бригадата на Југоисточна Европа, смената на командантот на Бригадата и на претседавањето на процесот СЕДМ

Со свечена церемонија, денеска, во касарната „Боро Менков“ во Куманово беше одбележана 27-годишнината од основањето на процесот СЕДМ, 24-годишнината од основањето на Бригадата на Југоисточна Европа, смената на претседавањето со СЕДМ од Бугарија на Романија, како и смената на командантот на Бригадата, од грчкиот генерал Евангелос Митруцикос на албанскиот генерал Билбил Битри.На свеченоста заменик-министерот за одбрана, Тирон Јајага, истакна дека 40-те припадници на шест НАТО-армии во рамките на Б

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања