Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

Нема фотографија

Несреќа во Драчево: Мигрант го удри струја додека лежел врз вагон, позната неговата состојба

Мигрант се здобил со повреди при струен удар додека бил качен врз вагон.За случајот, полицијата добила пријава од вработен во Железничката станица Драчево.Лицето било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и биле констатирани тешки телесни повреди.За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Вработен во Националниот парк „Галичица“ фатен во криминал

Охридската полиција поднесе кривична пријава против К.С.(63) од Охрид, поради „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“.„Тој, од 2020 година, во својство на службено лице- вработен во Националнио парк „Галичица“, не изготвувал или уништувал записници за сеча на дрвна маса во месноста „Јадера“, атар на селото Трпејца, вршел наплата на дрвна маса во готово и на граѓани им изготвувал фалсификувана документација“, велат од МВР,Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Голема полициска акција во Скопје: најдени автоматски пушки, десетици куршуми и пригушувачи

Полицијата претресе две локации во Скопје, при што се приведени А.И.(26) и С.С.(32) од Скопје.При претресите, во домот на А.И. пронајдени се и одземени една автоматска пушка со оптички уред, рамка за автоматска пушка со 28 куршуми во неа, девет електронски уреди со магнет, три дигитални камери, два електронски уреди, две ќеси со растителна материја, објави МВР.Додека во домот на С.С. пронајдени се и одземени една автоматска пушка со една рамка со куршуми, еден автоматски пиштол со една рамка со

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Најчевска: Охридскиот договор би заминал во историјата ако се отстрани „20 проценти“ од Уставот

Професорката Мирјана Најчевска објаснува дека отстранувањето на 20 проценти од Уставот би повлекло повеќе работи, меѓу кои и сместувањето на Охридскиот договор во историјата, чиишто точки ја содржат формулацијата 20 проценти.„Отстранувањето на 20 проценти од Уставот повлекува: Сместување на Охридскиот рамковен договор на полицата на историјата; Затворање на министерството за политички систем; Отстранување на секое спомнување на правична застапеност; Отстранување на сите одредби со кои се предвид

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Мицкоски – Норман: Уставни измени под бугарски диктат и вакви услови нема да има, потребни се брзи избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски оствари средба со Џајлс Норман, амбасадор на Канада во Македонија.На средбата беа потенцирани добрите односи помеѓу двете држави, при што Мицкоски му се заблагодари на амбасадорот за поддршката што Канада ѝ ја дава на Македонија.Воедно, на средбата се разговараше за македонските евроинтеграции. Мицкоски истакна дека на Македонија местото ѝ е во Европската Унија, но условите според кои треба да биде дел од

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Вработените во ЈСП добија плата и нема да протестираат

Вработените на Јавното сообраќајно претпријатие ги добија платите на своите сметки и утре нема да има протести.Тие претходно побараа исплата на јулската плата, во спротивно се заканија дека утре повторно ќе излезат на протести ако денеска не бидат примени на средба од страна на градоначалничката Данела Арсовска.Иако тие не успеале да добијат средба со Арсовска, платите денеска биле пуштени на сметките на вработените. Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

ЦУК: Изгаснат e пожарот кај автопатот на делницата Скопје – Гостивар

Изгаснат е пожарот каде што гореше сува трева наспроти бензиската пумпа ,,Бунар Петрол” во Општина Гостивар, соопштија од регионалниот ЦУК Тетово.„Конкретно, по дојавата на 112 во ЦУК и известувањето на пожарникарите од ТППЕ Гостивар, околу 12.15 часот, веднаш се дејствуваше на терен со едно противпожарно возило, камион и три пожарникари, за гаснење на пожарот. Локациски, пожарот беше наспроти бензиската пумпа ,,Бунар Петрол” на десната страна на автопатот на делницата Гостивар -Тетово“, велат

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Приведен дилер од Крушопек по распишана централна потерница за издржување шестгодишна казна затвор

Во 12.30 часот, на улицата Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје, Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и Одделението за криминалистички работи при ЕВР Ѓорче Петров го лишиле од слобода О. Е. (26) од село Крушопек, Скопско.Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Лога го викна шефот на Обвинителството за корупција, Абази; разговарале за предметот за модуларната болница

Министерот за правда, Кренар Лога, на своја иницијатива се сретна со шефот на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази.Како што известува Министерството за правда, на средбата, меѓу другото, се разговарало за постапката, која е во тек во ова Обвинителство во врска со тендерот за набавка на модуларните болници, во рамките на која се преземаат дејства со цел испитување на сите околности по што, велат, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.„Во однос на другите пра

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

„Нашите тимови интензивно работат“, велат од Телеком откако мрежата е во прекин оти при градежни работи им ги оштетиле каблите

Од утрво има прекин на мрежата на „Телеком“ кој е предизвикан од оштетени кабли поради градежни активности. Од компанијат велат дека нивните тимови работат интензивно за решавање на проблемот.„Почитувани корисници, прекинот на услугите предизвикан од оштетени главни магистрални оптички кабли на Телеком, настана поради градежни активности на трети страни. Санирањето на вакви големи штети подразбира повеќечасовна работа на терен. Нашите тимови интензивно работат и очекуваме за краток временски пер

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Полицијата пронајде осум кубни метри бесправно исечено огревно дрво

Вчера попладне, околу 17 часот и во 18.20 часот, по преземени мерки и активности, во близина на селото Плетвар и во селото Ропотово, Прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп и Полициското одделение Ропотово пронашле осум кубни метри бесправно исечено огревно дрво, извести МВР.„Дрвото било предадено на Јавното претпријатие ‘Национални шуми’ за понатамошна постапка“, велат од МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Време е Ковачевски да се исели, нема пратеници за промена на Уставот, му порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

„Уставни измени нема да има, Ковачевски нема пратеници за промена на Уставот, нека се спрема за брзо заминување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата од премиерот Димитар Ковачевски.„Ковачевски, ако имаше пратеници за уставните измени, ќе ги ставеше на гласање многу одамна. Утре ќе се види повторно дека промена на Уставот нема да има. Сè што прави Ковачевски е држење на државата во заложништво поради неговата желба ден повеќе да остане на власт. Додека Ковачевски и власта пр

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

ЦУК: Со нуркачи се трага по исчезнатиот од Теново

Регионалниот ЦУК Тетово извести дека и денеска трае потрагата по лицето од село Теново, кое за исчезнато беше пријавено на 6 август годинава.– Се пребарува теренот покрај реката Вардар во атарот на селата Стенче, Теново и Радиовце. На терен се 23 полициски службеници заедно со командирот на ПС Жеровјане, 5 вработени во ДЗС, 5 вработени во ТППЕТетово од кои две специјализирани лица за нуркање, извести ЦУК Тетово.На терен, заедно до тимовите од институциите, е и раководителот на РЦУК Тетово, заедн

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Левица: „Муцунски манипулира со јавноста за да ги заштити Голден Арт“

„Откако Левица реагираше дека и со ревидираниот ДУП се предвидуваат згради на државно земјиште, градоначалникот Тимчо Муцунски излезе со демант дека на местото каде што треба да се гради висококатницата на „Голден Арт“ нема државно земјиште и како ДУП-от бил во согласност со барањата и потребите на граѓаните од населба Лисиче“, велат од Левица.„Со оглед на фактот дека познавањето на локалната самоуправа му е слаба страна на најлошиот градоначалник во историјата на Аеродром, ќе се обидеме со слик

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Бесплатен таблет уред за секој ученик од четврто одделение во Аеродром

Втора година по ред, Општина Аеродром обезбеди бесплатен таблет уред за секој ученик кој посетува настава во четврто одделение во некое општинските основни училишта.За ова информираше градоначалникот на општината Тимчо Муцунски преку својот Фејсбук профил, истакнувајќи дека со овој проект се создаваат услови за непречено одвивање на наставата, но и директна помош за учениците во совладувањето и правилното користење на новите технологии.„Особена чест ми е што оваа мерка се реализира и оваа годин

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

Прославен 31. роденден на Армијата, Петровска им порача дека се едно семејство професионалци на кои се горди сите

Денеска на Воениот стадион, во пресрет на утрешниот Ден на Армијата, вработените во одбраната и припадниците на Армијата со свеченост го прославија 31. роденден на македонската Армија. На настанот беа прочитани и сите унапредени офицери до чин потполковник, како и сите наградени и пофалени службеници во одбраната и припадници на Армијата.Министерката Петровска во своето обраќање истакна дека е горда на професионализмот, мотивот и посветеноста со кои започнаа и се реализираат силни реформски зафа

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

„Каде исчезна Бочварски на вчерашната посета на косовскиот министер за транспорт и врски“, прашува Левица

Левица јавно бара објаснување од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и премиерот Димитар Ковачевски за одлуките и најавите, по вчерашната средба помеѓу косовскиот министер за транспорт и врски и пратеникот Али Ахмети.„Во кое својство е Али Ахмети на оваа средба, кои ингеренции ги има или му се преќутно дадени? На чија покана дошол косовскиот министер за транспорт и врски во Тетово да се сретне со Ахмети?На што се должи молкот од страна на македонскиот министер за транспорт и врски Б

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(Видео) Во Собранието има пратеник од УДБА, кариера изградил за државата не биде во ЕУ, обвини Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски, без да каже име, обвини пратеник од Собранието дека бил дел од југословенска тајна разузнавачка служба и полиција УДБА, а кои не сака да ја види Македонија како дел од Европската Унија. Тој кажа дека само младите политичари можат да ја однесат државата кон прозападниот свет.„Мене не ме зачудува кога ќе видам 80 годишни политичари во нашата држава и соседните, кои уште го застапуваат тој концепт да не се градат коридори и да има кавга меѓу државите. Зошто? Тие така ј

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Тешко повреден малолетник во Скопје, во него удрил „фиат“

Вчера попладне во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот У.И. од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, извести МВР. – По несреќата малолетникот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Заталкано зрно од огнено оружје паднало на покрив во Тетово

Четириесет и шестгодишната тетовка С.С. ноќеска околу 1 часот во СВР Тетово пријавила дека заталкано зрно од огнено оружје паднало на покривот од нивната семејна куќа на улица „Фуштанска“ во Тетово, извести СВР Тетово. Нема повредени лица, а увид извршила екипа од СВР Тетово.Макфакс

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Пензиите се зголемуваат според швајцарски модел, фондот не може да издржи линеарно покачување на пензиите, порача Ковачевски

Пензионерите добиле зголемување на пензиите откако станав пензионер, тврди премиерот Димитар Ковачевски. Тој посочи дека се направило системско решение врз основа на швајцарски модел. За пензиите, тој кажа дека ако има линеарно покачувањето тоа е зголемување ќе се одрази на буџетот на фондот и ќе не може да се исплати ниедна пензија. „Во однос на пензиите морам да ве потсетам дека откако станав премиер, низ економско социјален дијалог, се дојде до ново решение за зголемување на пензиите. Ние за

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ковачевски за барањето на Гаши: Секој пратеник може да предложи сѐ, но треба да има на ум зошто се менува Уставот

Секој пратеник може да предложи сѐ, смета премиерот Димитар Ковачевски за барањето на Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити кои бараат со измената на Уставот да се избрише и одредницата „20 проценти“ која ја ограничува, како што кажа, употребата на албанскиот јазик како официјален во земјата. Според премиерот, тие треба да имаат на ум зошто се прават уставните измени.„Уставните измени се процедура каде можат да се дадат голем број предлози. Не сум ја видел прес-конференцијата и тоа беше кажано

Македонија | пред 3 години

spasovski

Пораст на заплените на оружје и муниција за 20 отсто, вели Спасовски

Борбата против недозволена трговија со оружје бележи пораст на заплените со оружје и муниција за 20 отсто во првите шест месеци во 2023 година, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.-Откриени се 76 кривични дела, сузбиена 10-члена поликриминална организирана криминална група, кривично пријавени 90 сторители. Запленети се и 72 парчиња оружје и 39.345 парчиња муниција, се наведува во објавата на фејсбук статусот на Спасовски.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

„Во Собранието да се расправа и за бришење на одредницата „20 проценти“ која ја ограничува употребата на албанскиот јазик“, бараат Гаши, Касами и Меџити

На денешната прес-конференција, Африм Гаши изјави дека неговата и партиите на Билал Касами и Изет Меџити бараат утре на седницата во Парламентот за уставни измени со цел внесување на бугарската заедница, да бидат ставени во дневниот ред и уставни измени за бришење на одредницата „20 проценти“ која ја ограничува, како што кажа, употребата на албанскиот јазик како официјален во земјата.„Денес сме тука за да испратиме наши нарачки до Џафери и пратениците. Бараме од претседателот на Собранието итно

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Јовески е професионалец, вистината за модуларната болница треба да ја знаат сите, посочи Ковачевски

Шефот на обвинителите, Љубомир Јовески е професионалец од браншата и стои на располагање на Собранието да ги даде сите информации за сите случаи, како и за модуларната болница. Ова го соопшти премиерот Димитар Ковачевски по вчерашните протести. Тој додаде дека вистината треба да ја знаат сите.„Шефот на јавното обвинителство е избран во Собрание, тој е професионалец од браншата. Тој има своја кариера во рамки на Обвинителството. Ингеренциите се во рамки на Собранието и тоа може да постави прашање

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања