Промени тема
Контакт

Скопје1.мк

240479909_952817318628780_6714018822441776893_n

Изменет сообраќаен режим денес во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска (среда) поради официјална посета на нашата држава на претседателот на Република Австрија, д-р Александер Ван Дер Белен, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземат мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе

Скопје | пред 3 години

struja-2

Без струја дел од пет скопски општини

Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (среда) без електрична енергија ќе останат:- во периодот од 08.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Дреновска Клисура. (општина Кисела Вода)- во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Пехчевска и Париска Комуна, како и дел од корисниците од ул. Валандовска. (општина Гази Баба)- во периодот од 09.00 до 15.30 часот, корисниците од селата Кучково и Грачани. (општина Ѓорче Петров)- во периодот од 10.00 до 14.00 часот, ко

Скопје | пред 3 години

policija-policaec-35

152 санкционирани возачи во Скопје: 28 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за непрописно престројување на возила.Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за вградени неатестирани фолии

Скопје | пред 3 години

glass-water-macro-shot

Без вода дел од Бутел и Центар

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека денеска, поради уличен дефект на ф 100 мм на улицата Бетовенова 81/7, во периодот од 8.30 часот, па сè до отстранување на дефектот, без вода ќе останат корисниците од улиците Бетовенова и Александар Бујнов (општина Бутел).Поради изведување на водоводен приклучок од ф - 80 мм на ул. Тодор Александров бр.67, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работатат без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Тодор Александров и Партениј Зогра

Скопје | пред 3 години

h_55204454

Австрискиот претседател денеска во Скопје

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува во официјална посета на Македонија во придружба на сопругата Дорис Шмидауер.Претседателот Ван дер Белен ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Ван дер Белен и пленарен состанок на делегациите на Македонија и Австрија.В

Македонија | пред 3 години

superhiks-pece

Пеце Суперхикс ја повлече објавата за тепањето на син му

Малолетно момче било нападнато во паркот „Капиштец“ во неделата додека играло кошарка.За случајот информира таткото на момчето, музичарот Петар Младеновски, познат како Пеце Суперхикс, преку социјалните мрежи, кој вели дека нападот врз неговиот син го извршиле четири малолетни лица на возраст од 12 до 16 години.Тој подоцна ја повлече објавата за тепањето на син му и вели дека алармот на институциите е вклучен.„Постот за случајот со мојот син е избришан од проста причина што нема да дозволам тало

Коментари | пред 3 години

mucunski28032023

Муцунски дециден: Уставни измени во овој парламентарен состав, нема да има

Уставни измени под вакви услови во мандатот на ова собрание нема да се случат и граѓаните кои со огромна бројка го поддржуваат таквиот став, воопшто нема потреба да се грижат. Во моментот нема услови за такво нешто пред се заради односот на Бугарија кон Македонија, вели Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „200“ на телевизија АЛСАТ М.Во однос на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во работните групи за уставните амандмани, Муцунски потенцираше дека одго

Македонија | пред 3 години

grubi

Хациендата дивоградба го вознемири Груби, дали тој лично стои зад овој нов криминал, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Секој ден излегуваат нови и нови скандали за Артан Груби. Затоа е толку нервозен. Не му помагаат веќе ни киселите насмевки, ни ширењето лаги, вели ВМРО-ДПМНЕ„Најновиот криминал во кој е вмешан Груби е градба на голема куќа без документи во Бутел. Овој објект го гради неговиот братучед, без дозвола, без потребни документи, а тоа е спротивно на закон. Тоа што Груби се вознемирува за фактот што општината ја запрела градбата, отвора сомнеж дека можеби тој стои зад овој нелегален имот.Залудно е тоа

Македонија | пред 3 години

pcinja

(ВИДЕО) Уништено е коритото на река Пчиња и 500 хектари плодна земја од нелегална експлоатација на песок, вели Крмов

Пратеникот Борислав Крмов од Левица вчера упати прашање кон Министерката за животна средина и просторно планирање во врска со искористувањето на реките во Македонија.Моите прашања се упатени кон Министерката за животна средина и просторно планирање и се однесуваат на две реки од многуте во Република Македонија кои свирепо се искористуваат и неповратно се уништуваат.Во случајот на реката Пчиња, од Катланово до селото Студена Бара нема педа која не е ископана, особено изразено во атерот на селата

Македонија | пред 3 години

DSC_0097

Мерките даваат резултат, цените се намалуваат, растат плати и пензии, вели СДСМ

Мерките и политиките на СДСМ за заштита и унапредување на стандардот на граѓаните во време на светска економска криза даваат резултати, се намалуваат цените, а истовремено растат платите и пензиите, вели СДСМ„Од минатиот месец, цената на белиот и полубелиот леб е намалена и замрзната на 33 денари. Намалени се цените на тестенините за 15 проценти, а за 10 проценти пониски се цените на млекото и на млечните прозводи - урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот. Замрзнати се

Македонија | пред 3 години

20230328201431

После половина од инфузијата почна да се тресе од болки, но докторката не дојде да праша како е, родителите на малата Јана со потресна исповед

Потресна исповед на родителите на шестгодишната Јана, која почина во Битолската болница, од примање на инфузија, дадена за телевизијата Сител.Официјална причина за смртта се уште нема, бидејќи се чекаат резултатите од обдукцијата, но родителите се убедени дека станува збор за лекарска грешка.Еве дел од нивната исповед.„Прво додека девојчето ја примаше инфузијата, си заспа, и се беше во ред. Му се врати бојата, и му се стоплија рацете, бидејќи претходно му беа ладни. Кога дојде инфузијата до пола

Македонија | пред 3 години

dragan-kovacki

„Дно! Говоров е некоректен и недозволив“, професорката Данева со критики за пратеникот Ковачки

Професорката Ана Павловска Данева со жестока критика на својот фејсбук профил за пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, кој од собраниска говорница изјави дека министерката Славјанка Петровска секој ден земала седативи.„Дно! Говоров не само што е политички крајно некоректен, некултурен и недозволив, туку е и контрапродуктивен! Дегутантно“, напиша Данева на фејсбук.Инаку, и самата министерка реагираше и му најави на Ковачки уште една тужба за овие негови наводи, кои ги нарече лаги.

Коментари | пред 3 години

336918384_1719423745138059_1940641474425968170_n-1024x576-1

Пензионерката која го критикуваше Ковачевски е активистка на ВМРО-ДПМНЕ

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од видеа од загрижена пенизонерка која го пресретна премиерот Димитар Ковачевски во маркет. Таа му се пожали на високите цени и ниските плати.Малку време беше потребно медиумите да откријат дека  таа е всушност активистка на ВМРО-ДПМНЕ. Пензионерката има и фотографија со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Станува збор за скопјанката Ацка Станишева чиј профил на Фејсбук изобилува со фотогафии каде таа е сликана на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 години

dragan14022023

Славјанка Петровска секојдневно користи седативи и има проблем со концентрација, рече Ковачки покажувајќи документ од психијатар

Пратеникот Драган Ковачки денеска на седницата за пратенички прашања рече дека поседува документ од специјалист-психијатар, според кој министерката за одбрана Славјанка Петровска секојдневно користи седативи и дискутабилно е дали може одговорно да ја извршува функцијата.„На министерката за одбрана согласно извештај од специјалист од психијатар, цитирам: И се тресат рацете, не може да задржи мисла, има намалено внимание и концентрација, има проблеми во мислењето, збунета е и конфузна, има намален

Македонија | пред 3 години

slavjanka-petrovska-zamenik-ministerka-mvr

Петровска му се закани со тужба на пратеникот Ковачки

Министерката за одбрана на Република Македонија, Славјанка Петровска, денеска најави низа тужби за пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој на седницата за пратенички прашања изнесе информации дека министерката Петровска употребувала седативи и дека има проблеми со психичкото здравје.– И за оваа лага, и за неколку лаги изнесени претходно во врска со мене, но и со Армијата, ќе се видиме на суд, вели Петровска.Таа додаде дека нема потреба опозицијата да бара од премиерот да ја разреши министе

Македонија | пред 3 години

drzavna-matura

Исполнети барањата на средношколците - Намалување на материјалот за државна матура

Иницијативата за промена на полагањето на државната матура за матурантите во 2023 година на ОДАС се оствари со една одржана дебата, еден одржан протест и 100% исполнето барање. Истата е успешна поради залагањето и учеството на средношколците од цела држава, велат од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколци и студенти.„Исполнетото барање се однесува на: Намалување на обемот на тестот предвиден за полагање на државната матура. А дополнително остваривме уште еден чекор кој на матурант

Македонија | пред 3 години

grubi-4

Груби ќе го тужи Лефков: „Тој е многу гласен, ја заменува храброста со гласноста“

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на собраниска седница порача дека ќе го тужи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, поради, „клевета за изборот на надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10Д“.„Колегата Лефков е многу гласен, ја заменува гласноста со храброста, јас му упатив барање да се извини, вашата партија го прифати барањето, а тој кукавички избегнува. Поднесов веќе тужба да се видиме на суд за сето тоа што го клевети. Му недостига хра

Македонија | пред 3 години

policija-kontrola-objekti1

„Интермецо“ и „Мош“ добија забрана за работа од десет дена

Решенијата до локалите ќе бидат доставени во текот на денешниот ден, по што истите ќе бидат пломбирани.Две кафулиња добија забрана за работа од 10 дена, откако по зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителски објекти и непочитување на работното време во ноќните часови, Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изминатиот викенд изврши контрола на неколку локали.Како што се наведува во соопштението на Општина Центар, пор

Скопје | пред 3 години

KOVACHEVSKI-MLEKO

(ВИДЕО) Ковачевски ќе прави палачинки

Премиерот Димитар Ковачевски во друштво со министерот за економија Крешник Бектеши на ново пазарење во скопски маркет.Пред камерите Ковачевски потроши 474 денари и си купи јајца, млеко, масло и брашно.„Сега ќе земам брашно и палачинки ќе направиме“, се пошегува Ковачевски со Бектеши.https://fb.watch/jywW3NPMT6/

Македонија | пред 3 години

336733350_1258054978481631_8840270076285512151_n

Сведоштво на татко чиј син бил нападнат во парк во Капиштец: Од полицајците добивме инфо дека ова се веќе познати малолетни деликвенти

Малолетно момче било нападнато во Парк Капиштец во неделата додека играло кошарка.За случајот информираше таткото на момчето, Петар Младеновски, познат како Пеце Суперхикс, преку социјалните мрежи, кој вели дека нападот врз неговиот син го извршиле четири малолетни лица на возраст од 12 до 16 години.Раскажува дека син му бил исшамаран и исклоцан без никаква причина, а се обиделе и да му го украдат баскетот.Полицијата му кажала на таткото дека станува збор за малолетни деликвенти, сторители на д

Скопје | пред 3 години

336260238_134928972865742_3165857914717645649_n

Утре, во Битола протест за смртта на малата Јана

Во Битола се организира протест за смртта на шестгодишната Јана. Протестот ќе се одржи утревечер во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола со мото „Сите сме Јана“ и „Правда за Јана“.Целта е да се укаже на состојбите во македонското здравство, а повикот за протест е објавен на „Фејсбук“.„Низ времињата наназад сум водел многу заеднички битки со вас драги браќа и сестри битолчани, НО ова ми е најтешка, најемотивна и неописливо жална и болна….Битката за барање #ПравдаЗаЈана, која однапред знаеме

Македонија | пред 3 години

kovacevski

Ковачевски откри зошто МТВ не се емитува во Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека бил раскинат договорот за пренос на сигналот на МТВ кон други држави.Ковачевски објасни дека потпишан бил договор за емитување на бугарската телевизија кај нас и на Македонската телевизија во Бугарија, што било и направено. Во меѓувреме, вели Ковачевски, бил раскинат договорот со кој може да се пренесе сигналот кон други држави од нашиот национален сервис.„Со оглед на тоа што тие склучиле некаков договор што технички треба да се објасни, со кој давателот

Македонија | пред 3 години

voz

Воз удри во маж во Хиподром

На железничката пруга во населба Хиподром без знаци на живот било пронајдено тело на машко лице удрено од воз, информираат од полицијата.Имено, вчера околу 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на железничката пруга во населба Хиподром, без знаци на живот било пронајдено машко лице, кое било удрено од воз.Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.Увид извршиле екипи од СВР Скопје и од Желез

Скопје | пред 3 години

dozd

Променливо облачно и студено со засилен ветер од северен правец

Денеска ќе биде променливо облачно и студено со засилен до силен ветер од северен правец, (локално над 80 км/час).Во утринските часови во југозападните делови ќе има слаби врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места во текот на денот ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно и судено со сончеви периоди. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе надминува брзина над 60 км/ч

Македонија | пред 3 години

drzavna-matura

Годинава ќе има дополнително олеснување на полагањето државна матура

Министерството за образование и наука во допис до медиумите информира за прифатените барања на Сојузот на средношколци кои денеска имаа средба со министерот Јетон Шаќири.– Ќе се споделат материјалите за интерните испити и банките со прашања најдоцна четири недели пред интерниот испит со број на прашања трипати поголем од бројот на прашања на испитот, ќе им се препорача на универзитетите првиот екстерен испит да биде соодветен на сите студиски програми, а ќе се препорача и промена на соодносот на

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања