Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

puska

Млад арачиновец си чувал авоматска пушка по дома, одреден му е притвор

Скопското обвинителство поведе постапка против 26-годишен жител на Арачиново кој во домот криел автоматска пушка.„Согласно Наредбата за спроведување истражна постапка, осомничениот 26-годишен жител на Арачиново, на 9 септември, во својот дом држел автоматско оружје – пушка МР 40 со калибар 9мм Para, како и 16 куршуми од тој калибар. Станува збор за оружје и муниција кои на граѓаните им се забранети, а биле пронајдени при претрес во домот на осомничениот“, информираат од Обвинителството.До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, за кое постои опасност да се даде во бегство, да се обиде да ги сокрие трагите на кривичното дело или да влијае на сведоците, како и можност да го повтори делото.​​

Скопје | пред 4 години

15082021_PVRSM-Zaev_uvid_Krivogashtani-Zitoshe_1

Филипче оди на работа, според Заев не треба цела Влада да понесе оставка поради изгорената болница со пациенти

На прашањето дали министерот за здравство Филипче доаѓа на работа, премиерот одговори потврдно.– Секако, негова должност е се додека не биде правно формално тргнат од неговата функција, како министерот, така заменик-министерот, директорот и економскиот директор на болницата должност им е да ја извршуваат својата функција до доаѓање на нов, рече Заев.– Прво, трагедии се случуваат насекаде во светот. И како што реков, во соопштението до јавноста, го разбирам високиот морален чин од страна на министерот, заменик-министерот, директорот и економскиот директор на болницата, како чин којшто е пред се од човечка причина, чин којшто пред се од етички, од морален аспекти и еве тие ја доставија оставката. Не мислам дека целата Влада треба да си поднесе оставка заради ова, рече Заев по отворањето на МЕФ и дополни дека сè уште нема информации од истрагата.– Четврток, петок, сабота и недела немав изјави, немав прес-конференција. Трите дена беа денови на жалост и секако како денови на жалост, во моменти на чувствителност не би сакал на никаков можен начин да влијаам врз севкупниот впечаток, истраги или што било што е поврзано со ова се со конечна цел да соодветните експерти и институции испорачаат одговори на сите овие прашања за коишто се заинтересирани пред се семејствата на починатите, но и сите наши граѓани, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

Asfaltiranje_09102021007

Асфалтиран дел од улиците „Момчило Јорданоски“ и „Прва македонска ударна бригада“ во Охрид

Асфалтиран дел од улиците „Момчило Јорданоски“ и „Прва македонска ударна бригада“. На „Момчило Јорданоски“ се асфалтира делот од кружниот тек до пресекот со улицата „Прва македонска ударна бригада“ во должина од 230 метри и ширина од 5,70 метри, а делот кој се асфалтира на „Прва македонска ударна бригада“ е во должина од 840 метри во насока кон манастирот „Св. Атанасиј“, а ширината изнесува 4,50 метри.Активностите за асфалтирање се реализираат согласно годишниот план за асфалтирање на општина Охрид, а средствата се целосно обезбедени од буџетот на Локалната самоуправа.

Охрид | пред 4 години

kongres-sdsm

СДСМ: Ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот и корупцијата

„Тешко лицемерие е ВМРО-ДПМНЕ чиј почесен претседател е осуденик во бегство, да зборува за правда и борба против криминалот“, велат од СДСМ, кои додаваат: „Нема поголемо лицемерие од тоа партија чиј почесен лидер е избеган криминалец да зборува за криминал. ВМРО-ДПМНЕ е една од најкриминалните партии во Европа за чии функционери и имот се водат повеќе постапки, а сите политички постапки им се само за спас на криминалците во своите редови“.„Ништо не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на криминалот и корупцијата, а СДСМ е посветена на обезбедување бескомпримисна правда за сите, законот важи за сите подеднакво, а секој што се огрешил пред законот ќе одговара. По спроведените реформи, денес правосудството ги има сите услови за професионално и непристрасно одлучување, нема повеќе поставување судии од тефтерчето и нарачка на пресуди по телефон“, додаваат од СДСМ.

Македонија | пред 4 години

236118524_10221755166321387_6393479008750186611_n

„Шанса за Центар“: Се планираат предизборни вработувања, сметаме дека тоа е поткуп на гласачи

Граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ чиј носител е актуелната советничка во општината Центар Јана Белчева се противи на усвојување на предлог одлуките кои се ставени на дневен ред на седницата на Советот на општина Центар за четврток на 16 септември.„На дневен ред се ставени точки со кои се планира службените лаптопи кои советниците со мандат од 2017 до 2021 ги добија на користење да им се предадат во приватна сопственост, да се даде ексклузивитет на кошаркарскиот клуб Работнички кому спортските сали на осумте општински основни училишта му се нудат без надоместок и предлог за 26 предизборни вработувања.Шанса за Центар потсетува дека улогата на советот законски е огромна и предвидува дека избраниците на граѓаните на локално ниво решаваат за петнаесетина клучни надлежности на општината без кои не може градоначалникот сам да носи одлуки, а една од нив е дека “решава за начинот на располагање со сопственоста на општината“. Од тука граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ нагласува и ги потсетува дека советниците имаат клучна улога во носењето на политики кои треба да го унапредат квалитетот на животот на сите жители на општината. Советниците треба да делуваат во корист на жителите на општината од кои се избрани, а не во корист на политичките партии што ги предлагаат“, известуваат од „Шанса за Центар“.„Шанса за Центар предлага таблетите и лаптопите кои со оваа предлог одлука треба да преминат во приватна сопственост на советниците по 17 октомври, да се преименува и тие да се донираат на училиштата во општината. Во услови на постепена дигитализација во училиштата, сметаме дека оваа пренамена на ресурсите ќе биде од корист на општината.Шанса за Центар го поддржува развојот на спортот во општината, но е со став дека времето во спортските сали треба рамноправно да се распредели на сите спортови за кои децата имаат интерес и без ексклузивитет кон Работнички. Особено што Работнички салите ги добива без надомест, а родителите плаќаат полн надомест за децата да тренираат“, соопштува „Шанса за Центар“.„Последно за што граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ сака да предупреди е предлог одлуката да се одвојат пари за нови 26 вработувања од општинскиот буџет за 2022 г. Според став 1 од членот 2а од Изборниот законик „ од денот на донесувањето на одлуката за распишување на избори до завршување на изборите не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за претанок на работен однос во државни и јавни институции“.На речиси еден месец до локалните избори сметаме дека ова е начин за поткуп на гласачите на кои им се ветуваат вработувања ако победи мнозинството во досегашниот совет, односно коалицијата предводена од СДСМ“, се наведува во соопштението на „Шанса за Центар“.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.04.20

Над 400 илјади лица се попишани, тврди Државниот завод за статистика

Вкупно 419.485 лица, 129.614 домаќинства и 173.439 станови се попишани во првите осум дена од пописот, објави денеска Државниот завод за статистика.Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 192.538 лица.Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

Мицкоски по сведоштвото за заканите на тетовецот: Вистинска катастрофа, со цел да не сведочи за скапаниот здравствен систем

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук статус се огласи во однос на сведоштвото на тетовецот за пожарот во Тетовската болница.„Сведоштво дека во изгорениот ковид центар во Тетово, наспроти тврдењата за бесплатното здравство на Заев и Филипче се барале пари за нега на пациент. Но она што е вистинска катастрофа се заканите по живот кон Ибин Емшиу да не сведочи за фрапантната вистина, за мувлосаниот и скапан здравствен систем кој доведе до катастрофа, констатира Мицкоски.Прашањето е кој се заканувал? Кој сака на овој начин да се убие вистината и кому тоа му одговара? За да не влијаат на истрагата бараме веднаш оставки од Хасани, Филипче и Заев, кои патем да напоменам не чувствуваат ниту морална одговорност. Луѓе од крв и месо? Не би рекол, само алчни за фотелји и тендери, додаде Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-13-at-10.38.32

(АУДИО) Објавена снимка за која се тврди дека се Рамиз Мерко и Муса Џафери

Снимка на која се слушаат гласови за кои објавувачот тврди дека се на поранешниот министер за правда Муса Џафери и актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“ од страна Ел Чека, кој веќе втора година тонски снимени материјали објавува од странство.Според објаснувањето објавено над снимката, двајцата споменати договарале назначување на судии во струшкиот суд. Тој пишува: Но Рамиз вели дека треба да биде тајна да не се дознае дека тие ги назначиле, затоа што Албанците се секогаш виновни дури и кога не прават никакво кривично дело, бидејќи судиите се во рака на кланот од Зајаз со ко * пилат надолу и горе“.Против Ел Чека има поднесено и обвинение за неовластено прислушување и тонско снимање во 2019 година.„Обвинетиот при крајот на месец мај оваа година, од профил на една социјална мрежа, претставувајќи се како „El Cheka“ објавил повеќе тонски снимени прислушкувани телефонски разговори на повеќе лица. Со тоа обвинетиот им овозможил на корисниците на социјалната мрежа и на други неповикани лица да се запознаат со содржината на тонски снимените разговори. Во последно време зачестена е појавата на објавување неовластено прислушкувани и снимени разговори. Јавното обвинителство на Република Северна Македонија укажува дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело согласно член 151 став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што „ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана. Овие појави Јавното обвинителство ги следи внимателно и ќе постапи согласно своите надлежности“, се велеше тогаш во соопштението на Обвинителството.

Македонија | пред 4 години

bojan-maricic

„Ден Дончев со туце пари замина во Австралија, Рашковски е дома наместо во затвор“, ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Маричиќ

„Колку криминалци треба да избегаат за да министерот за правда Бојан Маричиќ си поднесе оставка. Само во Македонија затвореник предизвикува сообраќајна со смртни последици и од затвор оди во притвор. Само во Македонија со Бојан Маричиќ министер криминалците се на слобода наместо во затвор, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.„Ден Дончев видовме како зема туце со пари и си замина во Австралија наместо во Шутка.Драги Рашковски наместо во затвор си е дома, иако отворено праќаше пораки осомничените да не кажуваат се пред обвинителите.Само во Македонија криминалците си поигруваат со правдата и законите.Бојан Маричиќ со неговиот шеф Зоран Заев се најголемите убијци на правдата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

direktori-ministri

Пет дена по пожарот, министрите и директорите чувствуваат морална одговорност - но сите си останаа на функциите

Пет дена по пожарот во тетовската модуларна болница, каде 14 пациенти ги загубија животите, одговорност не понесе никој. Роднините се гневни, граѓаните бараат правда - истрагата во тек. Засега, не се констатирани ниту оставките на директорот на тетовската клиника Флорин Бесими и економскиот директор, Артан Етеми. Нивните повлекувања наидоа на поддршка од јавноста и беа поздравени како добар чин на морална одговорност, но која ќе е одлуката на министерот Венко Филипче, не се знае. Засега двајцата остануваат на функција.Оставки од морални причини дадоа и министрите Венко Филипче и Илир Хасани. Оставката на Филипче јавноста ја оцени како театар, бидејќи дојде ден откако тој на прес-конференција кажа дека не се повлекува додека не заврши истрагата, излезе со обраќање дека понудува оставка, а не непонира неотповиклива оставка. По ова, премиерот Зоран Заев не го дава Филипче и не носи одлука за разрешување додека не заврши истрагата. Ова беше оценето како „лош ПР трик“.Иако сите четворица, како што кажаа, „чувствуваат морална одговорност“, сите си останаа на функциите. За тоа време, Обвинителството испитува која е причината за пожарот, како се раширил толку брзо, зошто немало целосна евакуација на пациентите, што правеле дел од нивните роднини во болницата, чија е одговорноста. Одговор на сите овие прашања беше најавен во најбрз рок. Во Македонија доаѓаат и германските истражители, кои треба да помогнат на обвинителите.

Македонија | пред 4 години

policija-2

Секојдневно стотици казнети за брзо возење, но и натаму не се почитуваат законите

Во текот на вчерашниот ден (12.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 379 возачи.Од нив, 27 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 165 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 214 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

bolnica-tetovo2

Сведоштво на гневен роднина кој ги изгуби брат му и татко му во пожарот: ми бараа пари за нега на брат ми

Ми се закануваат дека ќе ме убијат, но јас сум решен да ја кажам вистината за пожарот во тетовскиот ковид-центар, раскажува за ДВ Ибин Емшиу, откако во несреќата ги загуби својот татко и брат. Тој е гневен на вработените во ковид-центарот, но и на политичарите кои, како што вели, се обидуваат да ја сокријат вистината за трагедијата. Тврди дека морал да им плаќа по 1.000 денари дневно на болничарите за да го негуваат неговиот неподвижен 28-годишен брат кој боледувал од церебрална парализа.„Шест дена седев таму. Барав помош за нега на брат ми затоа што е неподвижен. Од болницата ми рекоа дека немаат слободен човек кој би можел да ми помогне за да му ги менувам пелените. Јас имам свои здравствени проблеми, но бев во состојба да дадам пари за да се грижат за него, и ова го прифатија. Кога дојде работата да платам, тие прифатија да помогнат. Платив за да ми помагаат два пати дневно." Сумата која му ја побарале била 1.000 денари дневно, тврди Емшиу.„Секој пациент имаше придружник“Тој живеел во Италија заедно со таткото и неподвижниот брат. Тие летово дошле во куќата во селото Синичане на годишен одмор, но се заразиле со коронавирус. Откако минале низ вистинска одисеја за воопшто да бидат примени во болница, и Ибин Емшиу морал да допатува во земјата за да се грижи за нив.Повеќе на Дојче веле.

Македонија | пред 4 години

filipce-4

ВМРО-ДПМНЕ прави фронт против Филипче: Да изгласаме негова смена

ВМРО-ДПМНЕ го повикува Венко Филипче и Илир Хасани, да ги достават оставките до Собранието, а не до премиерот, кој видовме дека нема да ги прифати, соопшти опозициската партија.„ Филипче и Хасани имаат рок до вторник да ги поднесат оставките до Собранието. Доколку не ги поднесат, ВМРО-ДПМНЕ во координација со другите парламентарни партии ќе поднесе Предлог одлука за разрешување на министерот за здравство и неговиот заменик.ВМРО-ДПМНЕ нема да бара интерпелација за таа да не заглави во некоја од фиоките на Талат Џафери.Филипче и Хасани мора да сфатат дека одговорност мора да има, и тие не смеат да бидат на своите позиции од морални причини, а тоа што ќе покаже истрагата е предмет дали за нив ќе има кривична одговорност или не. Тоа се два различни поими и постапки кои треба да течат одвоено“ велат од партијата.ВМРО-ДПМНЕ ги повикува партиите од власта: БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА да не го штитат Филипче и да изгласаат негова смена.„ Очекуваме БЕСА, ЛДП, ДОМ, ДС и ДПА исто така да го повикаат Филипче и неговиот заменик Хасани на оставка. Одговорност мора да има“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Утре седница на Советот за безбедност – ќе се разговара за бегалците од Авганистан

Во Кабинетот на претседателот утре напладне ќе се одржи 13-та седница на Советот за безбедност.Покрај членовите на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски на седницата ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.На седницата ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, и за поставеноста на системот за управување со кризи.

Македонија | пред 4 години

skopje-1

12 кандидати ќе се борат за градоначалничкото место во Скопје

Вкупно 297 кандидати ќе се борат на претстојните локални избори на 17 октомври за градоначалници во 80 општини и Град Скопје, покажуваат резултатите од списокот што денеска го објави Државната изборна комисија.Најмногу пријавени кандидати за градоначалник – 12 има за Град Скопје. Меѓу нив и за Скопје. Актуелниот градоначалник Петре Шилегов од СДСМ, поддржан и од ДУИ, ќе се соочи со независната кандидатка Данела Арсовска, која ја доби поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса-Алтернатива.Во трката за главниот град е и Бени Шаќири, предложен од партиите ДОМ и ЛДП, Ана Петроска од коалицијата на активисти „Хуман зелен град“. Уметникот Петар Георгиевски Камиказа, се кандидира како независен, но е поддржан од партијата „Левица“, адвокатот Александар Тортевски е кандидат на партијата „Твоја“, а поранешен пратеник на НСДП, Љубомир Јосифовски, се кандидира како независен.За скопските градски и приградски општини за Центар се пријавени седум кандидати за градоначалник, за Аеродром пет, за Бутел два, за Карпош шест, Кисела Вода шест, Гази Баба четири, Ѓорче Петров шест, Чаир пет, Арачиново три, Сарај четири, Шуто Оризар шест, Илинден четири, Петровец три, Сопиште два, Студеничани три и Чучер Сандево четири кандидати за градоначалник.Од другите општини во земјава најмалку кандидатури за градоначалник, само две има во Маврово Ростуше.Од ДИК велат дека податоците за листи на кандидати за членови на советите се во обработка.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Со воздушна пушка пукала во соседот

На 11.09.2021 во 20.10 часот во Полициска станица Радовиш, Д.Н.(24) од с.Ораовица пријавил дека околу 18.15 часот додека бил во своето дворно место со воздушна пушка била испукана една дијабола од неговата сосетка Ј.М. во правец на неговата куќа каде во непосредна близина бил и пријавителот.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Agim-Jonuz-120919-JPG-2

Агим Јонуз влегува во трката за локалните избори со „Твоја партија“

Агим Јонуз ќе биде носител на советничка листа за „Твоја парта“ за Град Скопје, чиј кандидат е адвокатот Александар Тортевски.Ова беше обзнането денеска, откако за кандидатурата на Тортевски се знае од крајот на минатиот месец.Јонуз е профилиран во јавноста, а во последните години беше доста присутен во медиумите како политички аналитичар.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Додека работел колега го нападнал со тврд предмет

На 11.09.2021 во 20.00 часот во СВР Скопје, Б.Ш.(23) од Скопје пријавил дека околу 19.00 часот во фирма на подрачје на Бутел додека бил на своето работно место бил физички напднат со тврд предмет од неговиот колега Ј.Ч.Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл. 12 од ЗППЈРМ.

Скопје | пред 4 години

uploads_thumbs_resize_800x420_491987

ВИДЕО: Се појави уште една снимка од пожарот во тетовската болница!

Се појави траорна снимка од пожарот на ковид центарот во Тетово каде загинаа 14 лица.Видеото објавено на Фејсбук страницата Pa Censurë (Без цензура) е снимено од очевидци, од другата на страна на реката, карши болницата и сведочи дека за многу кратко време, по серија на експлозии, објектот целосно пламнува.

Македонија | пред 4 години

241740239_1155157921679657_5006086608700862760_n

Општина Тетово им оддаде почит на сите што помогнаа при пожарот

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи организираше прием за поединци и претставници на институции кои помагале при пожарот во тетовската модуларна болница на 8 септември и спречиле трагедијата да биде уште поголема.Во зградата на Општината дојдоа лекарите и медицинскиот персонал кој вечерта работеле во монтажниот објект, како и пожарникари, полицајци, војници.„Во изминатите денови сите бевме погодени од ужасната трагедија која се случи на 8 септември и тагата е се уште дел од нас и ќе биде уште долго време.. Сите жалиме за оние кои го загубија животот, а денес сите стоиме до семејствата во овие темни и болни денови запишани во историјата на Тетово.Но, дури и сега, кога се изгледа темно и тажно, не смееме да ја заборавиме светлината. Светлината на 12 -те пациенти кои преживеаја поради храбрите лекари, медицински сестри и граѓани кои помогнаа да се евакуираат овие пациенти од овој огнен пекол. Пожарникарите, кои го гаснеа пожарот брзо и професионално и со тоа спречија опасност за уште повеќе луѓе. И нашата полиција која го обезбеди местото и го одржуваше редот во ваква чувствителна и опасна ситуација заедно со армиските сили.И, исто така, сакам да ја споменам Исламската верска заедница и сите оние кои стоеја покрај нивните семејства и уште ги поддржуваат што е можно полесно да ја надминат оваа трагедија.Вашата храброст, професионалност и солидарност ни даваат надеж и светлина во овие темни денови. Денес е вашиот почесен ден. Сакам да ви се заблагодарам од срце во име на преживеаните, но и во име на целиот наш град. Знам дека во овие неколку дена, не можевме да ги идентификуваме сите оние што помогнаа и не сите се тука денес, но нашата благодарност е до сите оние што придонесоа да се спречи оваа трагедија да биде уште поголема.Никогаш нема да ги заборавиме жртвите од 8 септември, но исто така секогаш ќе ги паметиме делата на сите вас кои помогнавте и не се штедевте во оваа трагедија. Тетово и целата нација се горди на ВАС“, вели Арифи.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

71-годишен кумановец нападнат и ограбен во неговиот дом

На 11.09.2021 во 22.40 часот во СВР Куманово Џ.И.(71) од Куманово пријавил дека околу 22.10 часот во неговиот дом во Куманово бил физички нападнат од две лица, од кои едното имало пиштол, кои му одзеле пари и два мобилни телефони. Извршен е увид.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Screenshot_23

Мицкоски не разбира политика, ниту право, велат од СДСМ

Денеска Христијан Мицкоски повторно покажа две работи, на маката, на националната трагедија сака да профитира за себе, и второ дека не разбира политика ниту право, се вели во соопштението од СДСМ.Оттаму додаваат дека предлогот на Мицкоски е голо политиканство и очаен обид да се напаѓа неосновано.– Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница – стои во реакцијата на владејачката партија.Според нив на Мицкоски очигледно не му кажале какви се процедурите за поставување и разрешување министри, па затоа денеска излегува со смешни ултиматуми и предлози кои немаат никаква правна основа.– Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, се ситат на несреќи, а денеска излегуваат со несериозни и правно неписмени предлози. Сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат бидејќи знае дека го чека нов пораз на изборите – велат од СДСМ.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Тешко повреден малолетник, со мотор направил сообраќајка

На 11.09.2021 во 16.00 часот на крстосница од ул.Св.Јоаким Осоговски и ул.Јоаким Крчовски во Крива Паланка се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки управуван од 15 годишен малолетник од Крива Паланка и патничко моторно возило „фиат пунто“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од И.М.(21) од Крива Паланка.Во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, што му биле констатирани од доктор во здравствен дом Крива паланка. За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Џафери: Оставките се поднесуваат до премиерот, а не до Собранието

Претседателот на Собранието Талат Џафери вели дека членот на кој се повикува ВМРО-ДПМНЕ не се однесува на постапка за разрешување, објави Сител.Тој уверува дека оставка се поднесува само до тој го предложил функционерот, а во случајот, министерот Венко Филипче и заменикот Илир Хасани тоа треба да го направат до премиерот Зоран Заев како мандатар за состав на Влада.– Прво и основно, членот на кој се повикува во Деловникот, тој член 184 не е основ за поднесување предлог за разрешување избрано и именувано лице од страна на Собранието. Член 184 се однесува на законодавна постапка и во ставот 3 од членот 184 се вели дека постапката за носење одлука се води како постапка во второ читање на носење Закон. Така што, ова не е основ за емитирање на разрешување. Што се однесува до оставката на избрано, именувано лице, особено на член на Владата, тој оставката ја поднесува до мандатарот, до премиерот зашто надлежноста на Владата, како предлог на Влада е на премиерот, односно мандатарот и до него се поднесуваат оставките. Доколку ги прифати оставките ги доставува Собранието за понатамошна постапка. Го известува Собранието дека НН лице, член на Влада поднел оставка и таа оставка се доставува до Собранието, а на прва наредна седница се констатира престанок на функцијата на дотичното лице.Во однос на ултиматумот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесе предлог-одлука за разрешување доколку Филипче самиот не ја достави оставката до Собранието, Џафери вели дека пратениците може да достават самоиницијатива за интерпелација. Според него, воопшто не постои можност за постапка за разрешување.– Јас не можам да ја процесирам. Тоа тие можат да поднесат предлог-одлука, ама содржината која се однесува на работа која не е законодавна постапка, како ќе оди во второ читање таа постапка? Ќе оди на Комисија за избори и именување за да се поднесат амандмани? Немојте, тоа се пропишани работи и процедури коишто се надвор од она што е Деловникот, рече Џафери за Сител.

Македонија | пред 4 години

remenski

Ременски за Филипче: Следен пат кога ќе ви потреба Венко, јавете му се на Никола Тодоров и Вилмa

Експратеничката од СДСМ, Фросина Ременски застана во одбрана на министерот за здравство Венко Филипче откако тој реши да понуди оставка на премиерот Зоран Заев и Владата. Таа пишува „ Така му иде тоа, лешинарите ќе станат херои и професионалци, а професионалците со емпатија и совест жртви на "моралот" на лешинарите“.„И додека сите се ставаат во чевлите на Венко, за да кажат што би направиле да се на негово место, треба да сфатат дека, можеби многу бргу ќе бидат во слична позиција и ќе си ги удрат својот камен (збор) од глава. Ќе беше помалку лицемерно ако истиот "принцип" (збор) на прозивки за одговорност беа побарани од сите кои имаа слична или иста "ресорска позиција" и им се случеше, им се случи "пожар". Кога врбата ќе роди грозје, па ни тогаш можеби овој наш здравствен систем ќе најде лекарски тандем како Венко - Хасани кои знаат како треба да функционира еден здравствен систем. Жално е за овој fucking систем еден да биде печен на ражан, а други да ладат нозе и да чекаат "да бидат прогласени за нај нај нај најдобри", за што ..., за криење зад други. Следен пат кога ќе ви потреба Венко, јавете му се на Никола Тодоров и Вилма ..., тие ќе ви го средат fucking системот што коти лешинари и кукавици“, напиша Ременски.

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања