Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

kosta-petrov-5-700x394

Нов повик на Фондот за иновации, овој пат со цел ставање на крај за сиромаштијата

Бизнисите на поинаков начин да ги гледаат работите – наместо само кон профитот, да бидат свртени и кон природата, општеството, човекот, а претприемачите, посебно младите, својот иновативен капацитет да го стават во функција не само на својата компанија, туку и на својата заедница. Со овие две клучни пораки денеска беше презентиран првиот Повик за поттикнување на социјалното претприемништво што го реализира Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во партнерство со Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и Бизнис Импакт Лаб.Повик на ФИТР за поттикнување на социјалното претприемништвоПовикот предвидува кофинансирање социјални претпријатија кои се фокусираат на минимум една од целите за одржлив развој на Обединетите Нации. Ќе се бараат решенија кои ќе овозможат ставање крај на сиромаштијата во сите нејзини форми, крај на гладувањето, безбедност на храната, подобрување на исхраната, како и промоција на одржливо земјоделство. Другите цели се обезбедување на инклузивно и еднакво квалитетно образование, и промоција на можностите за доживотно учење на сите. Ќе бидат поддржани и проекти кои имаат за цел постигнување родова еднаквост и охрабрување на жените и девојчињата како и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст преку вработување и пристојна работа за сите.Како што беше речено на презентацијата, Повикот проектиран на шест милиони денари поддршка, е отворен за здруженија на граѓани, за трговски друштва кои во моментот на аплицирање постојат не повеќе од шест години, како и за тимови составени од две до пет физички лица. Објавен е на 9 септември, а а крајниот рок за аплицирање е на 22 октомври 2021 година до 14.00 часот.За поединечен предлог проект, Фондот обезбедува до 90 отсто од вкупниот буџет, но максимум 1,5 милиони денари, додека апликантите треба да обезбедат најмалку 10 проценти од вкупниот буџет на проектот. Спроведувањето на проектот може да биде до 12 месеци, но ФИТР врз основа на оправдани околности може да одобри продолжување до шест месеци.-Горд сум што првпат инвестираме во развојот на социјалното претприемништво и што Фондот првпат нуди решенија за некои од клучните предизвици со кои се соочува социјалното претприемништво во земјата, како недостатокот на поддршка за финансирање и способност за скалирање односно подигање на работењето на следното ниво. Преку овој Предизвик, со создавање вистински деловен модел и стратегија, им помагаме на социјалните претприемачи да создадат модел кој е истовремено влијателен но и финансиски одржлив, рече директорот на ФИТР, Коста Петров.Главните критериуми според кои ќе се врши оценувањето на предлог проектите, напомена Петров, се: степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, квалитет на проектот, потенцијал за примена, односно пазарен потенцијал и влијание на проектот.-Во случај кога како натпреварувач се јавува тим или здружение на граѓани и чиј предлог проект ја поминал фазата на селекција, натпреварувачот е обврзан во рок од 30 календарски дена по прием на Известувањето за селекција на предлог проектот, да основа трговско друштво во кое како основачи ќе се јавуваат најмалку 51 отсто од членовите на тимот, објасни директорот.Партнерите на Повикот „Паблик“ и Бизнис Импакт Лаб ќе обезбедат индивидуална менторска поддршка за избраните натпреварувачи во делот на комуницирањето на импактот, а ќе овозможат и пристап до национални и глобални програми за скалирање на нивните бизниси.-Капитализмот што го живееме денес не ги даде очекуваните резултати. Напротив, направи големи штети во општествата. Верувам дека овој Повик е насока за создавање поодговорен систем во кој сите ние имам свој удел. Преку Повикот ќе се трасира патеката кон еден ваков систем, но ќе се обезбедат и финансиски инструменти за актуелните социјални претпријатија и оние кои во иднина треба да се развиваат. Ова е на некој начин апел до бизнисите на поинаков начин да ги гледаат работите – наместо само кон профитот, да бидат свртени и кон природата, општеството, човекот. Овој повик воедно ги насочува младите претприемачи и ја култивира нивната намера својот иновативен капацитет да го стават во функција не само на својата компанија, туку ина својата заедница, изјави извршна директорка на „Паблик“, Климентина Илијевски.Според Кристијан Милески, менаџер и ко-основач на Бизнис Импакт Лаб, ФИТР има јасна цел кога станува збор за подигање на капацитетите на социјалните претпријатија.-Индивидуалните менторски сесии уште повеќе ке го зајакнат импактот кон кој се стремат претприемачите и ќе биде од особено значење кон нивниот пат за раст и развој како на домашниот, така и на глобалниот пазар, рече Милески.Процесот на аплицирање за Предизвикот и целата проектна документација се достапни на веб страницата на Фондот: https://fitr.mk/sp. Рокот тече од 9 септември, но промоцијата е денеска поради трагедијата во тетовската модуларна болница. Затоа и рокот за аплицирање, како што истакна директорот Петров, е продолжен за 15 дена.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-19-at-11.00.16

Царовска: Дали ќе има интерна трансмисија или не, нема да коментирам

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Според последниот пресек на Министерството за образование и наука добиен од училиштата, околу 0,02% од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на Ковид-19, истиот процент е и кај наставниците. Од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2%. Дел од нив се веќе негативни и вратени на училиште, а дел се уште се во изолација, информираат од Министерството за образование.„Дали ќе има интерна трансмисија или не, нема да коментирам. Сведоци сме на континуирана трансмисија постоајно, училиштата не се надвор од тоа. Наше да направиме се училиштата да продолжат да функцинираат. Ако стигне аларм, министерството спремно да го спроведе“, рече Царовска.„МОН не издава решенија за изолација. Јас не можам да комуницирам со бројка на изолација. 2 проценти од учениците од основно се со онлајн учење, а 7 проценти во средно образование. Вкупен број ученици е 240 илјади ученици“, додаде Царовска потенцирајќи дека во средното образование процентот е поголем бидејќи онлајн учеа учениците од Тетово и Гостивар поради владината одлука.

Македонија | пред 4 години

26032021_porparol_Hodga_DZS_Simovski_pres-konferencija-3

Симовски тврди дека пописот нема проблеми: Ова се навистина прекрасни податоци

Заклучно со вчера до 20 часот попишани се 512.457 лица, 158.519 домаќинства и 212.464 станови. Масовниот одѕив покажува за свесноста и одговорноста на секој од нас да придонесе за собирањето податоци, важни за креирање на заедничката иднина. Владата очекува пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да завршат до 30 септември, информира на денешната прес-конфернеција владиниот портпарол Душко Арсовски.Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, нагласи дека Пописот 2021 се одвива со посакуваниот интензитет, нормално без никакви застои и проблеми.– Вчера, попишавме точно 93.235 лица, 29.491 домаќинство и 40.155 станови. Ова се навистина прекрасни податоци, особено што се работи за работен ден, за разлика од претходните кога беа за време на викенд и очекувано беа повисоки, бидејќи населението е дома. Исклучително сме задоволни и од темпото и од работата на попишувачите и се надеваме дека ваквото темпо ќе продолжи и понатаму и без никаков проблем ќе го завршиме пописот во предвидениот рок, изјави Симовски.На почетокот, посочи Симовски, имавме мали технички застои кои се надминати и веќе три дена по ред без никакви проблеми се спроведува попишувањето и интензитетот е исклучително задоволувачки.– Очекувам наредниот период да нема повеќе вакви случаи, но и да се случат, постои цел тим зад нас, кој постојано е подготвен и дежура. Има голем пописен штаб, каде што за секој дел и од техничките решенија и методолошките прашања веднаш се решаваат. Не очекуваме никакви проблеми и мислам дека некаде на крајот на месецот ќе објавиме конечно дека сме завршиле успешно со пописот и операцијата е целосно готова, изјави Симовски.

Македонија | пред 4 години

iphone

Откриен изреалски софтвер опасен за „Ајфон“!

Израелската компанија за кибер-безбедност, „НСО Груп“ развила уникатен софтвер со којшто е можно да се изврши хакерски упад во кој било „Ајфон“-уред на американски „Епл“, објави денеска мониторинг-групата за безбедност на интернет – „Ситизен лаб“.Оттаму велат и дека сознанието за постоење на спомнатата алатка е важно бидејќи ја открива чувствителноста на сите оперативни системи „ИОС“, „О-ес-икс“, како и „Вач-ОС“, освен оние што биле ажурирани денеска.Американската компанија „Епл“ потврди дека со обновувањето на софтверот на своите системи, ја елиминирале опасноста од можноста од хакерски упад на уредите.

Магазин | пред 4 години

Screenshot-2021-09-14-at-10.26.27

Царовска задоволна како се спроведува дигитализацијата на наставата

Министерката за образование, Мила Царовска е задоволна од тоа како се спроведува дигитализацијата на наставата. Ова го соопшти од општината Ѓорче Петров, каде беше во посета на дел од училиштата. Таа кажа дека ќе им се помага на наставниците за справување со нејаснотиите, а учениците веќе напредувале и ги совладале истите.„Дигитализацијата во наставата се спроведува соодветно,учениците се справуваат со непознатите работи во однос на користењето на опремата, среќни се на часот и имаат постојана интеракција. Значајно е дека во континуитет продолжуваме да даваме поддршка на наставниците. Инфраструктурата е многу значајна и затоа се трудиме да направиме инвестиција. Короната навистина стави акцент на образовниот систем, ќе продолжиме да инвестираме. Продолжуваме да работиме посветено за обраазованието“, рече Царовска.

Македонија | пред 4 години

jovana-mojsoska

Мојсоска до Нухиу: Министеров што незаконски стана доцент порачува попишете се по терк на ДУИ

Заменик министерот за правда Агим Нухиу во улога на функционер на ДУИ ги повика граѓаните, но и дијаспората да се попишат, бидејќи и тие ќе влезат во вкупниот број на попишани граѓани. По ова, Јована Мојсоска, член на Президиум на Левица, остро реагираше на социјалните мрежи.Министеров што незаконски стана доцент на Тетовскиот универзитет и кој се закануваше на инспекторот Илиевски, сега ви порачува - попишете се на пописот по терк на ДУИ! Никаде во светот не се попишува дијаспора според Конференцијата на европски статистичари, за да се одбегне двојно попишување. Лицата кои се отсутни над 12 месеци се попишуваат во државите во кои живеат и која држава гради економски политики, согласно бројот на резидентно (присутно)население. Да учествуваш во ваква талибанска методологија за спас на ДУИ е безумие, опортунизам од најгнасен вид и предавство“, напиша Мојсоска.

Македонија | пред 4 години

kukja-shilegov

ВМРО-ДПМНЕ: Фирмите кои добиваат тендери од Град Скопје му ја градат семејната куќа на Шилегов

„И во време на денови на жалост во Македонија, дивоградбата на Шилегов не мирува, туку забрзано се гради. Иако градоначалникот во заминување Шилегов најави одговори, тој се уште молчи и не открива дали има дозвола за градење и која фирма ја гради неговата семејна зграда дивоградба“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.„Со тоа уште повеќе се отвора сомнежот дека фирмите кои му ја градат семејната зграда дивоградба, се фирми кои добиваат тендери од град Скопје. Со други зборови молкот на Шилегов гласно говори дека можеби фирмите кои скапо ги плаѓа со народни пари, потоа за без пари му градат зграда.Инспекторите за урбанизам на Општина Карпош ги нема на терен да утврдат фактичка состојба, да видат дали има воопшто документи и право за надградба, дали има надминување на висината. Се е ставено во функција на урбаниот мафијаш Петре Шилегов. Граѓаните видоа дека кога тој гради ниту инспектори излегуваат,а документи се менуваат преку ноќ во сабота“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 4 години

sdsm

СДСМ: Мицкоски сака да профитира на сметка на трагедијата

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да профитираат на сметка на трагедијата во време на национална тага и целосна мобилизација на институционален потенцијал за расветлување на случајот. Недозволивата политизација на трагедијата го покажа непознавањето на Уставот и законите од страна на Мицкоски“, соопштува СДСМ.„Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување одлучува Собранието на наредната седница.Ваквото неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го покажува очајот во кој е западнат Христијан Мицкоски.Заврши времето кога истраги и записници од постапки се диктираа по телефон, се измислуваа сведоци и се злоупотребуваа институциите.Владата предводена од СДСМ постапува по Устав, по Закон. Истрагата ја водат надлежни органи и една таква темелна и независна истрага ќе ги даде сите одговори.ВМРО-ДПМНЕ нема право да се повикува на морал, ниту пак да ја оцрнува работата на Венко Филипче, која ја саботираше во секоја можна прилика.Тоа е партијата која во Собрание ја блокира изградбата на нов Клинички центар, која ја саботира борбата против Ковид-19, ги поткопува мерките за заштита на здравјето, поддржува антиваксерски протести.Ова се дел од причините поради кои раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да се воздржи од користење на зборови како етика и одговорност и треба да научи што е право, Устав и најважно да го почитуваат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 4 години

Tetovo-6

ВМРО-ДПМНЕ за пожарот во тетовската болница: Кој се плаши да не излезе вистината на виделина?

„Кој се заканува на семејствата на жртвите од несреќата од Тетово? Зошто ОЈО молчи? Кој од власта има толкава моќ да се заканува по животот на луѓето чии членови на семејство изгубија живот во пожарот во Тетово? Кој се плаши да не излезе вистината на виделина? Во ситуација кога луѓе се заплашувани да не зборуваат станува јасно дека не може да имаме непристрасна и независна истрага“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.„Директно одговорните како директорите на болницата, заменик министерот Илир Хасани и министерот Венко Филипче се луѓе кои по функција се вмешани во случајот, тие се по вертикала одговорни за болницата. Сите тие треба уште веднаш да заминат од своитр позиции.Само со Хасани и Филипче разрешени може да очекуваме непристрасна истрага.Не може Заев да чека истрагата да заврши па да одлучи по однос на оставките, Хасани и Филипче имаат реална институционална моќ да влијаат врз истрагата.Еве зошто Заев, Филипче и Хасани треба да си одат и да ја ослободат истрагата, заканите на семејствата на жртвите од Тетово притисок на властаСамо доколку сите одговорни во случајот бидат разрешени ќе бидеме сигурни дека ќе има непристрасна истрага и тогаш евентуалните сведоци нема да бидат исплашени да ја кажат вистината“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Стигна „Европскиот воз“ во Скопје, за Бочварски е симбол за поврзаност на земјите

„Европскиот воз“ вечерва пристигна на железничката станица во Скопје, во рамки на глобалниот настан „Connecting Europe Express“ со кој се одбележува Годината на железницата, како еден од најодржливиот, најбезбеден и иновативен начин на транспорт.Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој со возот вечерва пристигна од Белград каде учествувше на Самитот посветен на развој на Железницата во земјите од Западен Балкан, рече дека „Европскиот воз“ како симбол на поврзаност на земјите, сам по себе говори за нашата стратешка визија да станеме полноправна членка на европското семејство.-Европскиот воз како што сакаме да го нарекуваме, за нас претставува доказ за пријателство, доказ за одличната соработка што ја имаме со нашите партнери од Европската Унија за поддршката што ни ја овозможуваат во развој и модернизација на целиот транспортен сектор, изјави Бочварски.Република Северна Македонија, посочи тој, е природен крстопат помеѓу Истокот и Западот и овде минуваат двата европски патни правци, Коридор 8 и Коридор 10, што ја става земјата во позиција каде преставува значаен транзит во делот на транспортот на патници и стоки.-Од тие причини, регионалното поврзување и модернизација на транспортната инфраструктура во земјата се високо на агендата на Владата. Декларацијата и меморандумите за соработка што денеска ги потпишавме во Белград со железниците од земјите од Западен Балкан во соработка со Европската Унија е само потврда на континуитетот на унапредување и модернизирање на железницата како во Република Северна Македонија така и во земјите во регионот. Ова е заеднички влог за сите нас, за економски развој, за просперитет на идните генерации, изјави Бочварски.Модернизација на железничкиот сообраќај, посочи Бочварски, е посебен предизвик за нас како држава, додавајќи дека освен инвестицијата од преку 200 милиони евра на Коридорот 8, е извршена рехабилитација и на неколку делници на Коридор 10, со што е подигната безбедноста на сообраќајот и овозможено е побрзо движење на возовите до 120 километри на час.Евроамбасадорот Дејвид Гир, на настанот организиран по повод пристигнувањето на „Европскиот воз“ во Скопје, порача дека ова ја претставува симболиката за подобра поврзаност, која е високо на агендата на ЕУ и нејзината амбиција – единствена мрежа по копно, вода и воздух, што ќе ги поврзува сите луѓе и пазари.– Трансапортот е високо на агендата на ЕУ во Северна Македонија. Над 300 милиони евра од ИПА фондовите и инвестициската рамка за се доделени за овој сектор од 2007 година. Затоа имаме добра причина да ја славиме 2021, како европска година на железницата, изјави Гир.Треба, нагласи Гир, да работиме на создавање услови за што поголемо користење на железницата и да поттикнеме што повеќе луѓе од цела Европа да ги користат возовите, со цел позелена и поодржлива транспортна иднина.„Европскиот воз“ во рамки на „Connecting Europe Express“ предвидено е да посети 26 земји од Европа. Следна негова станица е Атина, во соседна Грција. Патувањето го започна на 2 септември во Лисабон, Португалија, а ќе го заврши, на 7 октомври во Париз, Франција.

Македонија | пред 4 години

vinica-policija

Земјотрес во Македонија, почствуван во Виница

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 2,4 степена е регистриран ноќеска во 12 часот и 21 минути во епицентралното подрачје Делчево-Берово, на 100 километри источно од Скопје.Земјотресот е почувствуван од населението на Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Македонија | пред 4 години

62F13DA1-638C-4951-A49B-C22861A3E436

Има ли спорно во апаратите за отпечатоци: Во Авганистан резултати се чекале пет месеци, ги набавила истата фирма

Германскиот весник „Велт“ објави дека тамошната компанија „Дермалог“ склучувала договори без тендер за испорака на биометриска опрема, како апарати за отпечатоци од прсти, а како спорна ја споменува и набавката за локалните избори во Македонија, пренесе „Дојче Веле на македонски“.Иако во Македонија имало тендер, „Велт“ пишува дека „Дермалог“ го добила договорот под чудни околности.„Последниот договор кој го добила фирмата во Северна Македонија исто така привлече внимание. Овојпат, имаше конкурентска тендерска постапка. Но, комисијата за набавки одбила неколку конкуренти уште на стартот затоа што, наводно, не ги исполнувале условите на тендерот. На 11 август, надлежните му одобрија на Дермалог да ја достави биометриската технологија. Вредноста на договорот е речиси 11 милиони евра“, се вели во текстот на германскиот весник.Според „Велт“, Македонија била предупредена од Мухамед Наим Аџубсада, поранешен шеф на Изборната комисија на парламентарните избори во Авганистан. Во Авганистан, резултатите од претседателските избори во 2019 година доцнеле пет месеци поради проблеми со системот на биометриска идентификација, па Аџубсада тврди за „Велт“ дека ја предупредил и владата во Северна Македонија за конфузијата што се случила во неговата земја, но не бил послушан.„Велт“ пишува и за подизведувачите што ќе ги ангажира „Дермалог“ во Македонија.„Компанијата најавила дека ќе ангажира двајца подизведувачи. Обата ќе добијат по 14 проценти од целата сума- вкупно 3 милиони евра. Квалификациите на овие две компании не се веднаш јасни: едната му припаѓа на поранешен одбојкар кој извесно време нудел идентификациска технологија заедно со партнер од Белгија. Но како единствен соработник во неговата фирма, барем на мрежата ЛинкдИн, фигурира една жена со искуство како манекенка. Прашан за ова, поранешниот одбојкар тврди дека зад него стои ‘голем тим’. Вториот локален партнер, според сопствената интернет-страница, нема ништо заедничко со биометрија, туку нуди психолошки совети и односи со јавност“, објави германскиот весник.За еден од подизведувачите, „Велт“ пишува дека основачот во минатото се сметал за добро поврзан со долгогодишната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ.„Член на оваа партија бил директно поврзан со тендерот, а нејзиниот партиски шеф лично го бранеше“, се вели во текстот.Денеска, претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски соопшти дека пристигнал серверот за полнење на терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти со податоци од гласачите што ќе биде поврзан со главниот сервер на ДИК и ќе биде тестиран.„Дермалог“ е приватна компанија со 22 отсто државен удел преку германската Сојузна печатница, а контролата на работењето е во рацете на германското Министерство за финансии.

Македонија | пред 4 години

235001557_214703190614812_3678141845044400273_n

18 починати лица и 183 нови случаи на заразни од коронавирусот

Во последните 24 часа се направени 2.035 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 132, Куманово – 13, Кавадарци – 6, Прилеп, Струга и Крива Паланка – по 3, Тетово, Битола, Велес, Охрид, Срумица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 2, Гостивар, Штип, Кочани, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани сe 531 оздравени пациенти од: Скопје – 189, Тетово – 68, Струмица – 32, Гостивар – 26, Дебар – 24, Кавадарци - 23, Куманово – 22, Кичево – 17, Битола и Штип  - по 12, Прилеп, Велес, Свети Николе и Берово – по 11, Делчево – 9, Крива Паланка и Ресен – по 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Македонски Брод – 5, Радовиш – 4, Неготино и Валандово – по 3, Кратово и  Крушево – по 2, Струга, Гевгелија, Македонска Каменица, Богданци и Пехчево – по 1.Пријавени се 18 починати лица: 9 починати лица од Скопје (85г, 80г, 69г, 67г, 64г, 61г, 59г, 57г, 52г), 4 починати лица од Кавадраци (88г, 88г, 72г, 60г), по две починати лица од Тетово (81г и 48г)  и  Битола (81г, 79г), едно починато лице од Гостивар (78г).Од пријавените 18 лица, 16 се починати во болнички услови, а две се починати во домашни услови.Направени се 2.035 тестови преку: ИЈЗ-34, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-3, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-76, Авицена-116, Биотек-158, Систина-85, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-316, ВФВ Медикал-39, Ели Медика-55, Ројал Медика –0,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.124.Досега во земјата се направени вкупно 1.225.089 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.705 бројката на оздравени пациенти е 164.383, на починати е 6.277, а бројот на активни случаи изнесува 13.045.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 79429, Активни 5791Куманово 10756, Активни 889Тетово 10650, Активни 1115Прилеп 8821, Активни 273Гостивар 7870, Активни 662Битола 6866, Активни 254Велес 5932, Активни 248Охрид 5714, Активни 592Кавадарци 5625, Активни 171Струмица 5490, Активни 535Штип 5457, Активни 222Кичево 3796, Активни 468Струга 3719, Активни 632Кочани 3070, Активни 103Гевгелија 2328, Активни 72Неготино 2276, Активни 45Свети Николе 1778, Активни 107Ресен 1470, Активни 99Дебар 1433, Активни 192Радовиш 1421, Активни 106Крива Паланка 1325, Активни 59Берово 1178, Активни 48Делчево 1095, Активни 66Виница 990, Активни 45Пробиштип 876, Активни 43Валандово 768, Активни 31Богданци 539, Активни 23Крушево 518, Активни 16Кратово 508, Активни 58Македонски Брод 452, Активни 34Демир Хисар 418, Активни 10Демир Капија 406, Активни 5Пехчево 307, Активни 10Македонска Каменица 285, Активни 17Дојран 139, Активни 4

Слајдер | пред 4 години

klimatski-promeni

Климатските промени ќе бидат најголема катастрофа за луѓето

Климатските промени би можеле да принудат повеќе од 200 милиони луѓе да ги напуштат своите домови во следните три децении доколку не се преземат итни мерки за намалување на емисиите на штетни гасови и разликите во нивото на развиеност, се наведува во извештај на Светската банка.Во вториот дел од извештајот, објавен денеска, авторите испитуваат како ефектите од климатските промени, како што се недостигот на вода, намалена продуктивност на посевите и зголемувањето на нивото на морето, може да доведат до милиони „климатски мигранти“ до 2050 година и претставуваат три различни сценарија.Според најпесимистичкото сценарио, што подразбира високо ниво на емисија на штетни гасови и нерамномерен развој, авторите предвидуваат дека до 216 милиони луѓе ќе мигрираат во нивните земји во анализираните шест региони. Овие региони се Латинска Америка, Северна Африка, Субсахарска Африка, Источна Европа и Централна Азија, Јужна Азија и Источна Азија и Пацификот.Најповолното сценарио, со ниско ниво на емисија на штетни гасови и инклузивен, одржлив развој, бројот на мигрантите може да биде 80 проценти помал, но дури и во тој случај, 44 милиони луѓе би се преселиле.Најзагрозен регион е Субсахарска Африка, во која, според најлошото сценарио, може да има до 86 милиони „климатски мигранти“ во границите на нивните земји.Најголемо учество на „климатските мигранти“ во однос на вкупниот број жители би имала Северна Африка, каде што се предвидува дека ќе се преселат 19 милиони луѓе, односно девет проценти од населението.Во Јужна Азија, речиси половина од „климатските мигранти“ би биле во Бангладеш, кој беше тешко погоден од поплави и неуспешни посеви, каде што се предвидува можност да се преселат 19,9 милиони луѓе.

Магазин | пред 4 години

tepacka

Се степале фудбалери, а натепале и полицаец

Синоќа нешто по 19 часот полициски службеници од тетовската полициџија ги лишиле од слобода Д.М.(20), Х.Д.(29) од Скопје, фудбалери на тетовскиот фудбалски клуб „Тетекс“ и М.Р.(20) и В.И.(29), фудбалер и претставник на фудбалскиот клуб „Кадино“ од истоименото скопско село.Како што информираат од МВР, приведувањето било поради нивна вмешаност во физичка пресметка по завршувањето на првенствениот фудбалски напревар помеѓу овие две второлигашки екипи.Покрај тоа, 20-годишниот фудбалер на „Тетекс“ удрил полициски службеник кој преземал службени дејствија околу физичката пресметка, а Х.Д. попречувал полициски службеник при преземање службени дејствија.Се расчистува и документира случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 4 години

zaev-brnz

Брнз го пофали Заев

Премиерот Зоран Заев денеска ја прими амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, која на почетокот на средбата го изразила своето, како и сочувството на народот на САД за жртвите од пожарот во модуларната ковид-болница во Тетово, информираат од владината прес-служба.Премиерот информирал дека е во тек сеопфатна истрага за случајот во која покрај домашните, се вклучени и експерти од Германија во делот на форензиката за да се утврдат, како што рекол, најточните причини за пожарот со трагични последици.Заев и амбасадорката истакнале дека денешната средба се остварува на денот кога пред 26 години двете земји воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади, дека Северна Македонија и САД продолжуваат да ги продлабочуваат меѓусебните односи и соработка, како и застапувањето и афирмацијата на заедничките вредности во НАТО.Амбасадорката Брнз се заблагодарила за поддршката на Северна Македонија во прифаќањето на граѓаните на Авганистан и нагласила дека гестот на нашата земја е силна порака како постапува земја сојузник и членка на НАТО.На средбата станало збор и за соработката меѓу двете земји на економски план, при што бил поздравен интересот на американските компании да бидат дел од процесите за транзицијата од фосилни кон обновливи извори на енергија.Како позитивна била оценета определбата на Владата за справување со корупцијата при што било истакнато дека кампањата за борба против оваа појава има за цел не само да ја промени перцепцијата, туку и системски да ги елиминира причините за коруптивно однесување.

Македонија | пред 4 години

koronavirus-bolnica

Невакцинираните да си го плаќаат лекувањето во болниците, предлага министерот за здравствство на Германија

Оние кои не сакаат да се вакцинираат против коронавирусот треба да ги сносат финансиските последици од таквата одлука, рече министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан.Тој за радиото WDR изјави дека, на пример, тие треба да ги платат трошоците за тестовите потребни за посета на ресторан.Во Германија се планира да се воведе плаќање тестови за коронавирус од 11 октомври, освен за луѓето кои не можат да се вакцинираат поради здравствени причини.Ново заклучување на цела Германија би предизвикало четири пати поголема финансиска штета отколку воведувањето на ограничувања за невакцинираните, се вели во анализата на Лајбниц институтот за економски истражувања (RWI), пренесува „Ханделсблат“.Повторното заклучување ќе ја чини Германија, во зависност од обемот, помеѓу 6,5 и 52 милијарди евра, проценуваат експертите.Така, доколку се случи заклучување, БДП за следната година би се намалил за 0,6 проценти, покажуваат пресметките.

пред 4 години

tortevski

Корегирано: Тортевски, а не Јонуз ќе биде кандидат за градоначалник на „Твоја“

Адвокатот Александар Тортевски ќе биде кандидат на „Твоја партија“ за градоначалник на Скопје, а не Агим Јонуз. Веста дека Јонуз ќе биде кандидат е превид, кој е корегиран, иако и тој ќе биде дел од локалните избори. Како што беше објавено, Јонуз ќе биде носител на советничката листа на партијата.Тортевски, откако објави дека ќе биде дел од трката за градоначалник, рече дека мотото на неговата кампања со која ќе се претстави пред Скопјани ќе биде „Избори се сам, избори се за твојот град“.Од „Твоја партија“ побараа корекција на грешната вест и истата беше направена веднаш по нивната реакција, за што поседуваме и писмена комуникација. Иако навидум се беше во ред и се надмина недоразбирањето, оттаму, бараа и нова вест, бидејќи сметаа дека се минимизира кандидатурата на Тортевски, поради што го објавуваме овој напис.„За жал само корекција на текстот не е доволна. Дезинформацијата од кај вас веќе беше превземена од многу други медиуми. Веста е во оптек веќе 24 часа и со неа се минимизира кандидатурата на Тортевски, а воедно се доведуваат граѓаните во заблуда, што дефинитивно е на штета на Твоја партија . Затоа , Ве замолуваме да објавите посебна вест со извинување и кон кадидатите и кон партијата, а со цел расчистување на дезинформацијата која ја пласиравте во етерот“, рекоа од „Твоја партија“. 

пред 4 години

Kiceec

Кичеец не може повеќе да работи додека е во затвор

Управата ја извршување на санкции извести дека Зоран Милески-Кичеец нема да може повеќе да ги користи поволностите како одење на работа, слободни викенди и слично. Ова е последица на сообраќајката која ја направи додека имаше 30-дневен прекин во издржување на казната.“Ја информираме јавноста дека осуденото лице Зоран Милески – Кичеец е преместено од отворено во полуотвореното одделение во Затворот Струга. Тоа значи дека тој повеќе нема да може да ги користи олеснувањата кои ги добиваат сите осудени лица во отворените одделенија. Причина за ваквата одлука е новата кривична постапка која се води против Милески. Со ова решение тој ќе продолжи да ја издржува затворската казна и ќе биде достапен за истражните органи”, велат од Управата.

Македонија | пред 4 години

93C80AFD-8047-4659-BDCE-B1321E633C95

Груби поседува бомби за сите функционери на ДУИ, тврди Хајредини

[embed][/embed]„Моќта на потпретседателот на влададата Артан Груби му ја има дадено Заев. Тој поседува бомби за сите функционери на ДУИ“. Ова денеска во Студио 10 на ТВ24 го изјави Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии. 

Македонија | пред 4 години

titanik-sudenje

Изолација на обвинет го одложи „Титаник“, презакажано рочиштето за „Плацеви на Водно“

Кривичниот суд ги одложи рочиштата за предметите „Титаник“ и „Плацеви на Водно“. За „Титаник“ е соопштено дека еден од обвинетите е во изолација. За вториот случај, нема објаснување зошто нема да се одржи рочиштето.„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр.7/18 од обвинителството означен како „Титаник“, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за 14.09.2021 година се одлага заради добиено решение за изолација, согласно протоколите за заштита од Ковид – 19, на еден од обвинетите, а воедно истовремено е насрочена и расправа за предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“ каде застапник на обвинението е истиот Јавен обвинител. Следната расправа за предметот „Титаник“ е насрочена за 22.09.2021 година во 10:00 часот за што веќе се известени странките во постапката“, соопштија од Кривичен суд.

Македонија | пред 4 години

DSC_0081

Важно известување за сите кои се во Охрид

Поради одржување на претстојната NATO EADRCC (Евроатлански центар за координација на одговор при катастрофи) меѓународна вежба, која преку Владата на Република Северна Македонија – Центарот за Управување со Кризи, ќе се реализира во Општина Охрид, во периодот од 20-25.09.2020 година, ќе биде целосно затворена за сообраќај ул. „ Кленоец “ во делот кој поминува низ Касарна и тоа во период од 17.09.2021 година до 24.09.2021 година.Се молат сите учесници во сообраќајот за одбегнување на овој дел од улицата со што би се избегнале застои во сообраќајот на околните улици.

Охрид | пред 4 години

Нема фотографија

Кузеска за Филипче: Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот.

Во време на национална тага и целосна мобилизација на институциите за расветлување на случајот, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да профитираат на сметка на трагедијата, истакна на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.Таа истакна дека недозволивата политизација на трагедијата го покажала политиканството и непознавањето на Уставот и законите од страна на Мицкоски.„Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница. (член 94, Устав). Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неодговорно, сето тоа е доказ за очајот во кој е западнат Христијан Мицкоски. Заврши времето кога политиката доминираше над правото“, рече Кузеска.Навесе дека има истрага која ја водат надлежни органи и една таква истрага - темелна, независна и професионална, ќе ги даде сите одговори.„ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да се повикува на морал, а уште помалку пак има образ да го оценува работењето на Венко Филипче, кое го саботираше во секоја можна прилика. Тоа е партијата која во Собрание ја блокира изградбата на нов Клинички центар, која ја саботира борбата против Ковид 19, ги поткопува мерките за заштита на здравјето, поддржува антиваксерски протести. Ова се само дел од причините поради кои раководството на оваа партија треба да се воздржи од користење на зборови како етика и одговорност и конечно треба да научат право, што е Устав и Закон и најважно да го почитуваат“, додаде Кузеска.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Нови цени на горивата, нема поевтиување има поскапување

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 % во однос на Одлуката од 6.9.2021 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар за литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката од 06.09.2021 година.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,552 денари за килограм и сега ќе изнесува 38,395 денари за килограм.Од 14.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75,00 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,50 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 38,395 (денари/килограм)Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 4,142%, дизелот за 0,066%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,11% и кај мазутот има зголемување за 2,34%.Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,343 %.

Македонија | пред 4 години

bezoska-1

Каков е македонскиот финансиски систем

Финансискиот систем е во добра состојба и е подготвен да им одговори и на идните предизвици. Меѓусекторската поврзаност на институционалните сегменти на системот и можноста за прелевање на ризиците од еден во друг сегмент се на ниско ниво. Исклучително важно за македонската економија е што сите расположливи показатели покажуваат дека секој од институционалните сегменти на домашниот финансиски сектор добро се справува со ризиците од пандемијата. Клучно е што банкарскиот систем соодветно им одговори на предизвиците од кризата и ја потврди својата отпорност на шоковите, имајќи предвид дека од неговата стабилност е условена стабилноста на севкупниот финансиски систем. Ова се дел од заклучоците од денешната седница на Комитетот за финансиска стабилност, на којашто беше презентиран Извештајот за финансиската стабилност во 2020 година, неодамна усвоен од Советот на Народната банка.Со седницата претседаваше гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, а учествуваа и министерот за финансии, Фатмир Бесими, претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Максуд Али и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Крсте Шајноски.Осврнувајќи се на показателите за банкарскиот систем, гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи и дека заради подетална оцена на ризиците и на подготвеноста на банкарскиот сектор за справување со шокови во специфични услови на пандемија, Народната банка ја прошири рамката за стрес-тестирање на системот.„Покрај редовниот макрострес-тест, за првпат спроведовме и сеопфатно и конзистентно, индивидуално стрес-тестирање за секоја банка. Резултатите од стрес-тестирањето, според двата пристапа, покажаа дека заштитните слоеви на капиталот, што ги изгради банкарскиот систем во претходниот период, обезбедуваат соодветна заштита од ризиците и овозможуваат натамошен раст на кредитната поддршка, и тоа и за домаќинствата и за корпоративниот сектор“, истакна гувернерката.Напомена дека од голема важност е што и покрај предизвиците од пандемијата, и по завршувањето на одложувањето на наплатата на кредитите, нивото на нефункционалните кредити сѐ уште е ниско.На седницата беше посочено дека Министерството за финансии постојано ги следи состојбите во сегментот од финансискиот систем за кој е надлежно, односно финансиските друштва и друштвата за лизинг. Имено, минатата година овој сектор беше погоден од пандемијата на Ковид-19, но од почетокот на годинава покажува закрепнување и позитивни резултати, како преку зголемување на бројот на друштвата коишто работат на пазарот, така и во финансиските пласмани.„Зајакнувањето на пазарната позиција од страна на финансиските друштва во изминатиов период е дополнителен импулс за посериозно размислување за регулаторните барања и стандарди коишто треба да ги исполнуваат финансиските друштва. Од оваа причина, Министерството за финансии ја разгледува можноста за зајакнување на регулаторната рамка за работење на финансиските друштва на пазарот во Република Северна Македонија, со цел да се нагласи нивната сериозност и пристап во работата од една страна, како и да се зголеми довербата кај населението и компаниите во овие финансиски институции“, истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими.Додаде дека ова е потребно затоа што финансиските друштва треба да се гледаат како сериозни финансиски институции коишто нудат алтернатива на банкарското работење, а не само како друштва коишто му нудат краткорочни кредити на населението.На седницата беше истакнато и дека е исклучително важно што и покрај изразените влијанија на пандемијата, ризиците поврзани со секторот „домаќинства“ се во контролирани рамки, при што задолженоста на домаќинствата и натаму е умерена. Притоа, важно е што домаќинствата ја задржаа способноста за редовно намирување на долгот, што придонесе за одржување на квалитетот на кредитното портфолио на банките.Согледувајќи ги податоците за сите институционални сегменти на финансискиот систем, беше заклучено дека тој е подготвен да им одговори и на идните предизвици. Во тој контекст, поаѓајќи од фактот дека сѐ уште постои неизвесност во врска со текот на пандемијата и можните натамошни ефекти врз економиите, се очекува дека сите финансиски институции и натаму ќе се однесуваат претпазливо и ќе одржуваат соодветни нивоа на капитализираност и ликвидност.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања