Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

policija-2

29 возачи казнати за пребрзо возење во Куманово

Денеска (14.09.) полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 29 возачи.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.04.20

Симовски: Имаше два обиди за хакерски напад на системот за попишување

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во вечерашното гостување на ТВ 24 рече дека имало два обиди за хакерски напади на системот за попишување.„Имавме два случаја за обид за хакерски напади на самиот систем за попишување. Во двата случаи беа успешно одбиени. Факт е дека има и такви групации кои сакаат овој процес да не успее и јавно повикуваат граѓаните да не се попишуваат. Но, не би сакал да претпоставувам паушално дали некој од нив стои зад нападите. А, зошто овие групации се против пописот, не можам да разберам“, вели Симовски.Во врска со техничките проблеми кои се појавија тој вели дека првиот ден немале проблеми зошто базата на податоци била празна, а веќе вториот ден мало успорување на процесот. Истакна дека досега сите технички проблеми се решени.- Користиме интерент од околина и не може само со еден предавател да се работи. Имаме голем и спремен тим и кој сето ова го контролира. Заштитните механизми се поставени на највисоко ниво. Техничките недоследности не се случија поради хакерски напади.  - рече Симовски.

Македонија | пред 4 години

krmov

Крмов: Попишувачите запишувале само име, презиме и ЕМБГ, планот им е останатото да го пополнат од базите

Системот за попишување и веб страната на Државниот завод за статистика биле цел на хакерски напади, а за ова добиле пријава и во полицијата. Заводот за статистика извести дека без пречки тече попишувањето. Но, пратеникот на Левица, Борислав Крмов, тврди дека сепак, проблеми има. Тој останува на ставот дека се спрема фалсификуван попис.„Денес попишувачите имале проблем да се вклучат на мрежата, лаптопите им правеле проблеми и воглавно запишувале само име, презиме и ЕМБГ. Најверојатно планот е потоа од дата базите да го пополнат останатото. Неспособни се и фалсификат да направат. Не смееме да попуштиме, мора да засилиме! Не поминува и готово!“, напиша Крмов.Тој и претходно излезе со информација, дека граѓаните не отвораат врата на попишувачите. Повикува и натаму да продолжат така.„Нека не ве лаже овој Апостол, ткн. попис оди тешко, народот дава силен отпор и не отвора врата! Народот не само што не отвора врата туку и на клоци ги бркаат попишувачите. Посебно во руралните средини отпорот е многу силен. 4 дена апликацијата не им работеше воопшто, а моментално ја буткаат со огромни проблеми. Покажува погрешни податоци, паѓа цело време и дури и дневни извештаи не добиваат како што треба. По наши информации нешто блиску двесте илјади имаат попишано за 8 дена и тоа со големи грешки, а тоа е премалку!“, напиша Крмов.

Коментари | пред 4 години

vlada-sednica23

Наставата во гостиварските и тетовски училишта продолжува онлајн, Владата донесе и други одлуки

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 106-та седница, на предлог на Комисијата за стратешки инвестициони проекти, со посебни одлуки ги утврди како стратешки инвестиционите проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ дооел Скопје.Според мислењето на Комисијата за стратешки инвестициони проекти, проектот на ЕФТ „Солар“ за „Сончева електрична централа Ерџелија“ и проектот на Ветерен парк Вирови за „Ветерна електрана Вирови“ ги исполнуваат условите од Законот за стратешки инвестиции и со овие одлуки тие се квалификуваат за вадење банкарска гаранција која им е неопходна за целосно затворање на постапката за стратешки инвестиции утврдена со законот.Владата денеска го утврди и текстот на Предлог-законот за гаранција на Република Северна Македонија за обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот на Акционерското друштво за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“ во државна сопственост (ЕСМ) за транзиција кон соларни фотоволтаици, кој ќе се склучи со Европската банка за обнова и развој.Целта на проектот е да ѝ помогне на земјата во постигнување на европските норми за емисии на стакленички гасови и еколошките цели и заложби на Република Северна Македонија. Истиот ќе има позитивен ефект врз животната средина, бидејќи со пуштање во употреба на фотонапонските електрани ФЕ „Осломеј 2“, со моќност од 10 MW и ФЕ „Битола“, со моќност од 20 MW, ќе се намали производството на електрична енергија од термоцентралите, со што, нема да има штетно влијание врз животната средина.Оваа инвестиција ќе придонесе за нови вработувања, што позитивно ќе влијае врз социјалниот аспект во овие два региони, каде што е планирана изградбата на двете фотонапонски електрани.Вкупната проценета вредност на проектот изнесува 25 милиони евра. Проектот се планира да се финансира со заем од ЕБОР и со инвестициски грант од ЕУ од Фондот за инвестиции за Западен Балкан од 5 милиони евра.На оваа седница е утврден и текстот на Предлог-законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Патен коридор VIII - I фаза на проектот, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Јавното претпријатие за државни патишта.Целта на проектот е да се подобри патната инфраструктура во земјата, односно изградба на дел од Европскиот коридор 8 на ниво на автопат, со што, значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, ќе се подобри безбедноста на патот и ќе се скрати времето на патување, ќе се зголемат можностите за социо-економски развој, како на национално, така и на регионално ниво.Следствено на тоа, Јавното претпријатие за државни патишта и ЕБОР ќе склучат Договор за заем, додека Република Северна Македонија, претставувана од Министерството за финансии и ЕБОР ќе склучат Договор за гаранција, за обезбедување на средствата во износ до 110 милиони евра.На денешната седница Владата ја усвои информацијата за креирање, реализација и имплементација на соодветен информациски систем за дигитализација на туристичко-угостителскиот сектор е-туризам.Според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот целта на овој информациски систем за дигитализација на дел од услугите во овој сектор е креирање на национална дигитална алатка за собирање податоци на давателите на услуги за сместување и нивните сместувачки капацитети на територијата на Република Северна Македонија, како и да се врши пријавување и одјавување на туристи од страна на давателите на услуги за сместување преку Интернет.Дополнително платформата е-туризам ќе нуди можност да врши утврдување и контрола на даноците врз основа на пријава и одјава на туристи и податоци за индивидуални сместувачки капацитети како и известување за статистичките податоци во реално време на дневна основа или со интервал не повеќе од 24 часа.На оваа седница, Владата донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември наместо до 14 како што беше планирано со претходната одлука.Владата денеска ги утврди и пакетот договори и меморандуми за соработка со Република Косово, кои што се предвидени да бидат потпишани на заедничката седница на двете влади којашто ќе се одржи во Скопје на 16 септември.

Македонија | пред 4 години

238167627_851936242113140_368375607405622827_n

30 починати и 572 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 4.511 тестирања, а регистрирани се 572 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 287, Куманово – 58, Кавадарци – 24, Тетово и Кичево – по 21, Велес - 19, Гостивар – 15, Прилеп - 14, Битола, Кочани и Радовиш - по 11, Струмица – 10, Охрид и Струга – по 9, Штип и Свети Николе – по 8, Гевгелија – 7, Неготино, Берово и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Виница и Кратово – по 2, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.Регистрирани сe 694 оздравени пациенти од: Скопје – 340, Куманово – 63, Струмица – 49, Гостивар – 45, Тетово – 44, Дебар – 21, Штип - 19, Радовиш – 18, Кавадарци и Велес – по 14, Гевгелија и Крива Паланка – по 11, Неготино – 9, Делчево – 7, Кочани и Виница – по 5, Кратово – 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево и Берово – по 2, Прилеп, Струга, Пробиштип, Богданци и Македонска Каменица - по 1.Пријавени се 30 починати лица: 10 починати лица од Скопје (88г, 76г, 74г, 74г, 70г, 67г, 67г, 63г, 59г, 43г), 4 починати лица од Гостивар (77г, 71г, 57г и 51г), по две починати лица од Куманово (82г и 78г), Тетово (75г, 58г) и Кавадарци (69г, 66г), по едно починато лице од Велес (77г), Струмица (82г), Штип (83г), Неготино (98г), Свети Николе (66г), Радовиш (68г), Берово (69г), Виница (77г), Демир Капија (25г) и Пехчево (78г).Од пријавените 30 лица, 27 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.Направени се 4.511 тестови преку: ИЈЗ-304, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Тетово–88, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 10, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–10, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Авицена-277, Биотек-294, Систина-109, лабораторија Лаор-198, Синлаб-28, Ремедика-14, Плодност–52, Генеа-31, Никоб лаб-492, ВФВ Медикал-72, Ели Медика-108, Ројал Медика –20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.037.Досега во земјата се направени вкупно 1.229.600 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.277 бројката на оздравени пациенти е 165.077, на починати е 6.307, а бројот на активни случаи изнесува 12.893.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 79716, Активни 5728Гостивар 7885, Активни 629Куманово 10814, Активни 882Тетово 10671, Активни 1090Кавадарци 5649, Активни 179Велес 5951, Активни 252Струмица 5500, Активни 495Штип 5465, Активни 210Кичево 3817, Активни 486Неготино 2280, Активни 39Свети Николе 1786, Активни 111Радовиш 1432, Активни 98Берово 1182, Активни 49Виница 992, Активни 41Демир Капија 406, Активни 4Пехчево 308, Активни 10Прилеп 8835, Активни 286Битола 6877, Активни 265Охрид 5723, Активни 601Струга 3728, Активни 640Кочани 3081, Активни 109Гевгелија 2335, Активни 68Ресен 1473, Активни 102Дебар 1433, Активни 171Крива Паланка 1327, Активни 50Делчево 1096, Активни 60Пробиштип 879, Активни 45Валандово 772, Активни 32Богданци 540, Активни 23Крушево 518, Активни 16Кратово 509, Активни 55Македонски Брод 453, Активни 35Демир Хисар 419, Активни 11Македонска Каменица 286, Активни 17Дојран 139, Активни 4

пред 4 години

opstina-Ohrid

Расправата за Законот за прогласување на студенчишко блато за парк на природата не се одржа

Денешната Јавна расправа, кој што требаше да се одржи по Нацрт на Законот за прогласување на студенчишко блато за парк на природата не се одржа. Одложувањето на расправата го предложи градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески со цел да се излезе во пресрет на граѓаните, односно предвидената расправа наместо on line да се реализира со физичко присуство на сите претставници од институциите и експертите надлежни за носењето на Законот.

Охрид | пред 4 години

konstantin-georgieski-kosta

Меѓународна конференција од областа на безбедноста имаше свечено отворање

Вчера, во Охрид започна 12-тата по ред Меѓународна конференција од областа на безбедноста, во организација на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Темата на овогoдинешната конференција е „30 години независна македонска држава“.На свеченото отворање свое излагање имаше градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој посочи дека токму преку ваквите научно академски собири се трасира патот кон стабилна безбедносна иднина за државата и регионот.Учество на конференцијата зедоа професори и истражувачи од 12 земји од регионот и Европа, а пријавени се вкупно 50 научни трудови. Конференцијата ќе трае од 13 до 15 септември.

Охрид | пред 4 години

DSC_0262

Туристите се враќаат во Македонија, се подобрува состојбата со туризмот

Мерките на Министерството за економија даваат резултат, туризмот пополека се враќа во нормала. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на туристи во периодот јануари-јули 2021 година бележи раст од 56,6%, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.„Во исто време бројот на ноќевања е зголемен за 46,6%. Во првите седум месеци годинава се регистрирани вкупно 317.713 туристи кои оствариле 1.034.645 ноќевања.Имајки предвид дека во светски рамки туризмот беше една од најпогодените индустрии од пандемијата со Ковид 19, главниот фокус на Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за економија како надлежна институција за развој на туризмот беше да се подржат најпогодените сектори.Фокусот беше во зачување на работни места во овој сектор и подршка на индустријата преку конкретни финансиски мерки“, велат од Министерството за економија.

Македонија | пред 4 години

DSC_0699

Маж е пронајден мртов во Аеродром

Синоќа во стан во Аеродром бил пронајден починат маж.Според информациите на СВР Скопје, се работи за Џ.М. кој бил најден во опствениот стан. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од итна медицинска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено во Судска медицина на обдукција.

Скопје | пред 4 години

DSC_0683

Вработена на скопските клиники нападната по недоразбирање

Вработена во скопските клиники вчера била нападната пред една од клиниките по нејзиното работно време.Како што пријавила во полиција, нападот се случил по претходно недоразбирање со К.К.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

filipce-venko

Не успеа планот за разрешување на Филипче кој го имаа ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 50-та седница пред да биде изгласан нејзиниот дневен ред и ја презакажа за утре во 12 часот, откако претходно пратениците од опозицијата, рекоа дека денеска нема да учествуваат во работата на Парламентот, поради тоа што не беа ставени како точка на дневен ред нивните предлог-одлуки за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, а ниту пак од Владата беа доставени нивните оставки.Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски му забележа на претседателот на Парламентот дека покрај нивните барања тој ја продолжил седницата како ништо да не се случило.– Премногу е сензитивен моментот и сметам дека не треба да си играме со вакви работи, особено со оставки дадени од морални причини. Ние како законодавен дом да не учествуваме во циркусот кој премиерот Заев решил да го прави во овој период, рече Мицевски, кој истакна дека оставките штом стигнале до Владата, требало веднаш да бидат доставени до Парламентот.Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски во процедурална забелешка рече дека министерот за здравство секогаш бил коректен со нив и оти по излегувањето од салата многу од нив ќе му се јават да му се извинат.– Она што сакавте да го направите е да ја искористите тагата на сите граѓани, на семејствата на починатите, за ситни политички поени, не ви помина. Колку да сакавте да изглумите, се покажа, рече Митревски, додавајќи дека опозицијата не дозволува да се заврши истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница па потоа да се носи одлука.

Македонија | пред 4 години

nema-voda

Утре дел од Карпош ќе нема вода

Без вода утре ќе останат неколку улици во општина Карпош поради уличен дефект од Ф-150 мм и дефект на шибер Ф-80мм на улица „Дрезденска“ 38 и „Анкарска“ во населба Тафталиџе.Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“, без вода ќе бидат корисниците на улиците „Њу Делхиска“, „Дрезденска“, „Анкарска“, „Атинска“, „Алжирска“, „Бахар Моис“, „Римска“, „Наум Евро“, „Панче Пешев“, „Генерал Михајло Апостолски“, „Борка Талевски“.Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 до 13 часот.

Скопје | пред 4 години

Ora24-jeton-shasivari-

Ако Заев ги игнорира моралните оставки, тогаш тие се трансформираат во одговорност на Владата, смета професор по уставно право

Според експертите, премиерот Заев нема право или обврска да одлучува дали да ги прифати или не оставки на министерот Филипче и неговиот заменик, Хасани, туку тие треба веднаш да бидат процесуирани. Професорот Јетон Шасивари, вели дека доколку се игнорира оставката на министерот Филипче, тогаш одговорноста паѓа врз целата Влада.„Ако премиерот одлучи да ги игнорира овие морални оставки, тогаш автоматски овие оставки ќе се трансформираат во колективна одговорност на Владата. Тоа практично значи дека во нашата земја постои многу ниско ниво на политичка култура и политичка традиција. Пораката која се праќа до јавноста е дека во нашата држава поимот министер и морална одговорност се само апстрактни поими. Значи, проблемот е во премиерот бидејќи тој ја блокира уставната и парламентарната процедура. Додека е тоа така, тој е надвор од уставните рамки на член 94 став 1, кој предвидува дека министерот има право да поднесе оставка, што во оваа ситуација е направено и од министерот и од заменик-министерот за здравство“, рече Јетон Шасивари. Професор по уставно право.Извор Алсат.

Коментари | пред 4 години

Bilalli1

ДУИ ги промовира жените политичарки, се пофалија дека имаат во шест општини како носителки

Демократската Унија за Интеграција на локалните избори ќе се натпреварува со 35 листи за советници и 19 кандидати за градоначалници, истакна на прес конференцијата Арта Билали Зендели од ДУИ. Таа меѓу другото кажа дека листите на ДУИ се содржани од докажани имиња од Граѓанскиот сектор, претставници од младите, жени и успешни личности од различни области.Билали Зендели нагласи дека на овие избори во шест општини, како во Струга, Чаир, Шуто Оризари, Битола, Маврово и Куманово носителките на Листи за општинските совети се жени.„Овие листи се објективна рефлекција на нашиот фокус во служба на граѓаните да бидат достојни кандидати за да бидат гласот на народот, кои ќе се грижат за принципиелната реализација на целта за квалитетен живот на сите граѓани на земјата. Како и секогаш, ја почитуваме адекватната застапеност на жените во политиката, го зајакнуваме гласот на младите во процесите на локалното одлучување во секоја општина, и ја унапредуваме на повисоко ниво соработката со граѓанското општество“, рече таа.Додаде дека листите на ДУИ се состојат од професионални и компетентни личности во средината каде што живеат и работат.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-02-at-14.35.23

Стефанова останува обвинителка во „Плацевите на Водно“, одлучила Русковска

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска го одбила барањето на одбраната на обвинетиот Орце Камчев за изземање на обвинителката Лиле Стефанова од случајот „Плацевите на Водно”, соопшти на денешното рочиште судијата Илија Трпков.Одбраната на Камчев бараше изземање на обвинителката Стефанова поради сомневање за нејзина пристрасност кон Камчев.-Истиот јавен обвинител ја води постапката којашто се води против Камчев, “Империја”, постапка којашто беше инфицирана со одредени недозволени дејанија на тогашниот единствен обвинител на СЈО. Постои правосилна судска пресуда со којашто се докажува дека во таа постапка Катица Јанева ја злоупотребила својата положба, појаснуваше Миланов.

Македонија | пред 4 години

mickoski

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го знаат уставот, немаат „п“ од политика, реагираат од СДСМ

„Додека тераат бесрамна политизација на несреќата во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажуваат дека не го знаат Уставот, не го познаваат деловникот, дека немаат П од право и политика“, реагираат од СДСМ откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат во Собранието да биде разрешен министерот за здравство Венко Филипче со нивни поднесок.„По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат да спечалат некој политички поен на национална трагедија, со што само го покажуваат нивното некрофилско, бесрамно лице.ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да се повикува на морал, а уште помалку пак има образ да го оценува работењето на Венко Филипче, затоа што оваа партија со години го саботира неговото работење и се обидува да му наштети на здравствениот сектор.Сите паметат како ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше за време на најголемата пандемија, преку кршење на мерките, ширење лажни вести, потсмевање со вирусот и навреди врз здравствените работници.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наместо да се однесуваат некрофилски, треба да научат што е Устав и Деловник, а потоа да остават започнатата истрага да ги даде сите одговори за пожарот во болницата во Тетово“, додаваат од СДСМ.

Македонија | пред 4 години

235247538_2055028664645908_1609657782484412613_n

Вчера се аплицирани 15.424 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 761.579 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.728 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.424 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.397.773 дози вакцини, а ревакцинирани се 636.193 граѓани.Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

пред 4 години

14092021_PVRSM_ZPVRSM_MNR_Tirana_1

Премиерот Заев предводи владина делегација на работна средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Тирана

Владината делегација, предводена од премиерот Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи пристигна во работна посета на Тирана, на покана на германската канцеларка Ангела Меркел.Канцеларката Меркел во рамки на својата посета на Западен Балкан организира работен ручек со лидерите на земјите од регионот, на кој главна тема ќе биде регионалната соработка.Во попладневните часови премиерот Зоран Заев ќе има и одвоена билатерална средба со канцеларката Меркел на која ќе се разговара за трговската размена помеѓу двете земји, политичките околности за понатамошното проширување на ЕУ и иницијативата Отворен Балкан чија главна цел е забрзана интеграција на регионот во Европската Унија.

Македонија | пред 4 години

antonio_govornica

(ВИДЕО). Милошоски бара разрешување на Филипче од Џафери: Покажете повеќе совест од Заев

Би сакал да ја искористам оваа прилика и најпрвин да искажам во име на нашата пратеничка група и сите пратеници длабоко жалење за она што се случи во тетовската болница пред неколку дена, а по повод тој настан како кулминација на неколку погрешни одлуки претходно пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводиме врз основа на член 68, став 1, алинеја 16 од Уставот на Република Македонија како и врз основа на членот 184 од Деловникот за работа на собранието предлагаме одлука за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на денешната собраниска седница.Милошоски побара предлог точката за одлука за разрешување на Венко Филипче од функцијата министер за здравство да биде ставена на дневен ред посочувајќи дека очекува поддршка од страна ан сите пратеници, односно како што рече тој да се констатира оставката за да може на овој важен ресор да се предложи посоодветна личност.Сметаме дека тоа е најмалку што може да го направи Собранието, да ја констатира оставката на министерот Филипче, кој што сноси објективна одговорност за ваквата катастрофа, а за субјективната негова одговорност или на други чинители ќе се одлучува во истражна постапка Јавното обвинителство. Предлагам оваа точка да биде прва на Дневниот ред и очекувам поддршка од сите пратеници, затоа што оставката како морален чин не треба да биде предмет на ничија истрага, тоа е оставка на човек кој што има или нема грижа на совест, а премиерот не е Ајатолахот во Иран па да одлучува кој има совест, кој е морален или кој е неморален во државата, рече Милошоски.Затоа сметам дека Собранието како претставнички дом на граѓаните и претседателот на Собранието треба да ја прифатат оваа точка на дневен ред, да ја констатираме оставката и да може овој важен ресор да продолжи понатаму со посоодветна личност на чело на министерството за здравство, изјави Милошоски.Милошоски упати апел до претседателот на Собранието Џафери преку прифаќање на оваа предлог одлука за разрешување на Филипче да покаже дека има поголема совест од Зоран Заев, за кој како што рече дека Филипче му е важен за големи тендери, н овде се работи за голема човечка катастрофа и ризик во здравствениот систем.Почитуван претседателе Џафери, очекувам од вас со прифаќање на оваа предлог одлука за разрешување на Венко Филипче, вие да дадете личен пример дека имате повеќе совест од премиерот Заев. затоа што очигледно е дека нему Венко Филипче му е многу важен за големи тендери, но овде се работи за голема човечка катастрофа и за голем ризик во здравствениот систем. Затоа сметам дека на оваа иницијатива да и се бараат процедурални недостатоци, туку напротив треба да и се види суштината на оваа иницијатива, оставката да биде констатирана и Собранието да може да биде на страна на граѓаните.

Македонија | пред 4 години

zaev-4

Заев ги сака жените во политиката: Да покажеме дека ова не е само женска борба

Премиерот Заев, преку видео обраќање го отвори вториот панел на тема „Заложбите на мажите за родова еднаквост“ во рамки на конференцијата „Жените во меѓународната политика“ во организација на Министерството за надворешни работи.Во продолжение Ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во целина:„Почитувани учесници на конференцијата „Жените во меѓународната политика“,На почетокот ве замолувам за разбирање затоа што не сум во можност физички да бидам присутен на оваа исклучително значајна конференција, и на уште позначајната дебата на панелот на тема „Заложбите на мажите за родова еднаквост“.Улогата на жените во сите сфери на македонското општеството е значајна и важна. Нивната активна улога во креирањето и реализирањето на важните стратешки политички прашања од интерес на земјата ќе придонесе за афирмација и реализација на родово свесна политичка определба во подобрување на родовата еднаквост во областа на политичкото учество, а со тоа и учеството на жените во надворешната политика.Како претседател на Владата, застапувам ефикасно применување на националните стратегии за еднакво и рамноправно учество на жените во политиката, како и на сите препораки кои доаѓаат од меѓународните конвенции, стандарди и позитивни практики.Секогаш треба да настојуваме да го дадеме најдоброто што можеме за нашиот придонес за остварување целосна, безусловна еднаквост на жените и девојките кои се вклучени во политиката.Ниту една земја не може да си дозволи да остави еден сериозен дел од својата популација зад себе. Тоа не смее да биде прифатливо.Девојките и жените мора да го добијат еднаквото право со мажите да учествуваат, да бидат избрани на највисоки позиции, на гласност, во сите сегменти на општеството и развојот, а тука секако спаѓа и нивното учество во надворешната политика на земјата.Ние сме должни да го обезбедиме тоа со континуирани политики за родова еднаквост и со спроведување на обврските од меѓународно прифатените конвенции и декларации.Да не заборавиме: Кога се залагаме и кога градиме услови за еднакво и рамноправно учество на жените, всушност градиме подобар свет за сите.Јас повеќе пати сум рекол, и еве ќе повторам и сега:Во овие услови кога мажите се сѐ уште во многу поголем број носители на функции и на одлуки, исклучително е важна нашата улога, улогата на мажите, во подобрување на системот и нашето отворено делување за поголема родова рамноправност.Да покажеме дека ова не е само женска борба. Ова е борба која треба да биде поддржана од сите прогресивни луѓе. Правата немаат род, а различностите од секаков аспект, па и родов, го прават општеството поправедно и похумано.Сум соработувал и соработувам со многу колешки, жени кои по правило покажуваат исклучителна трудољубивост и одговорност, и исклучителна посветеност во извршување на своите обврски.Може да се согласиме дека статусот на жените во општеството постепено се подобрува, но уште повеќе треба да се согласиме со фактот дека треба да постигнеме целосна полова еднаквост и тоа постигнување треба да го потврдат самите жени, а не ние мажите.Жените денеска се повеќе присутни и застапени во областите кои традиционално се сметаат за „машки“, како што се политиката, надворешната политика, безбедноста, економијата, бизнисот, но останува уште повеќе да се работи на унапредување на положбата и потребите на жените во општеството.Убеден сум дека оваа прва годишна конференција за промовирање на учеството на жените во надворешната политика е еден голем и значаен чекор за остварување на визијата за постигнување поголемо учество на жените во јавниот живот, и зајакнување на позицијата на жените и девојките во таа област.Особено ме радува што од оваа конференција ќе произлезе иницијатива за формирање регионална мрежа на жени дипломати од шесте земји на Западен Балкан за размена на идеи и можности за соработка за имплементација на реформските процеси во регионот и за негова промоција и афирмација во меѓународните структури за интеграција во Европската Унија.Ви посакувам успешна конференција и резултати на кои ќе се радуваме сите.“

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

За првпат оперирано 17 годишно момче со тумор на подлатица

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ беше оперирано 17 годишно момче со тумор на десната подлактица. Тимот хирурзи под раководство на проф д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава.„Со вклучување на Клиниката за ортопедски болести во Програмата за трансплантација на органи и ткива, се отворија нови можности за третман на пациенти со трауматски повреди, тумори и други дијагнози кои овозможуваат преку оперативен третман заболеното и оштетено коскено ткиво да се замени со ткиво од починат донор и со тоа да се спаси животот на голем број пациенти“, информираат од МЗ

Македонија | пред 4 години

bolnica-tetovo2

Крим техничари и форензичари од Германија ќе истражуваат како се запали тетовската болница

Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, кој треба да пристигне по завршената претходница деновиве, првично е составен од четворица, и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.Ова го соопшти портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање во врска со германските експерти кои ќе се вклучат во истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница.Во МВР, како што информира тој, веќе се подготвува соодветна поддршка во форма на алат, нацрти, планови и други релевантни информации кои можат да помогнат во заедничкото утврдување на фактите.– Германските експерти ќе работат заедно со крим техничарите на МВР како поддршка на ОЈО при истрагата за утврдување на причините за пожарот во модуларната болница во Тетово, посочи Арсовски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-14-at-12.43.55

ФОТО: Ова не е слика од Чернобил, ова е ски центарот „Кожуф”

Љубителите на скијањето ќе можеа и сега да уживаат во овој спорт на планината Кожуф. Но за жал, негрижата доведе до негово целосно запуштање и нефункционалност. Тој е небезбеден за граѓаните. Можеби, се ќе беше поинаку доколку функционираше патот до ски-центарот „Кожуф“ кој почна да се гради уште во 2009 година и за кој државата потроши 9 милиони евра. На социјалните мрежи се споделуваат и фотографии од него.„Ова не е слика од Чернобил. Ова е ски центар 'Кожуф'“, стои во објавата.Коментарите под објавата се најчесто реакции дека тоа што се случува на Кожуф е голема катастрофа.Првиот човек на Ски центарот Кожуф Ангел Наков за Дојче веле во 2018 година ја откриваше и шемата со која структури од претходната власт сакале да го спроведат сценариото за уништување на милионскиот проект. Како се случи мега милионскиот проект не само да запре, туку и да падне во стечај?„Се` почна во 2012 кога некој во државата реши да додели концесии за рудници на оваа планина. Некој да прави ископи и да бара злато и да ја уништи природата, а од Македонија да направи рударско село. Измислија приказна за патот кој токму Владата го изгради во 2009 година дека е нефункционален. Целосно го запоставија и дозволија да се уништи со што практично и ние немавме услови да работиме. А вистината беше дека тој пат и самиот ски центар беа во срцето на она што требаше да се прекопува. Станавме трн во око и требаше да не нема“, раскажува Наков.

Македонија | пред 4 години

241846248_10159887582829993_4528682391015994992_n

Македонката Александра Кочоска освои „Еми“ награда!

Александра Кочоска Дековиќ, Македонката која неколку години работи како продуцент за визуелни ефекти во Холивуд, ја освои награда Еми за серијата „Стар трек – Дискавери“. Таа е првата Македонка номинирана за Еми а наградата е за визуелни ефекти во епизодата „Су’кал“.Ова беше втора номинација на Александра за најпрестижната телевизиска награда во Америка. Таа беше номинирана за Еми и во 2019 година, но тогаш наградата ја освои серијата „Игра на тронови“. Александра ја доби наградата заедно со сопругот Анте Денковиќ и продуцентот Џејсон Зимерман.Александра веќе неколку години живее и работи во Холивуд. Таа има две дипломи од Универзитетот УКЛА, за бизнис-менаџмент во забавната индустрија и за развој. Оттогаш работела на неколку серии: Crossbones, Sleepy Hollow, Limitless и True Detective, Star Trek: Picard со Патрик Стјуарт во главната улога, Star Trek: Short Treks и Star Trek: Discovery S3.Во интервју за „Репортер“ таа ни раскажа дека е продуцент на визуелни ефекти – таа не работи на компјутерска изработка на ефектите, туку има свој тим, десетина луѓе чија работа ја надгледува и одлучува во која сцена ќе има каков ефект. Притоа внимава нивната работа да не го надмине буџетот со кој располага серијата за секоја епизода.

Магазин | пред 4 години

trajkovski-pozar-tetovo3

Најверојатно никогаш никој нема да одговара за пожарот во тетовската болница, професорот Трајковски со анализа

Како што стојат работите, најверојатно никогаш никој нема да одговара за големиот пожар во тетовската болница, разочарано пишува професорот Дејан Трајковски на Фејсбук. Тој на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави анализа за тоа кој е виновен за трагедијата која настана откако пожарот во модуларната болница во Тетово одзеде 14 животи.„До пожарот и жртвите веројатно никогаш немало ни да дојде доколку кај инвеститорот на модуларните болници (владата, односно МЗ) ги читале и се придржувале до препораките од Европската комисија, поточно на Здружениот истражувачки центар, којшто од порано донел низа препораки за градба на болниците, по избувнувањето на дваесетина пожари во разни ковид центри ширум светот, како последица на високата концентрација на кислород во воздухот.Чиновникот којшто го составувал текстот на тендерот овие препораки сигурно не ги прочитал, неговиот шеф уште помалку, а конструкторот во градежното претпријатие - ич. Формално-правно сé било во ред (хартијата трпи сé) , но суштински сé било промашено уште од самиот почеток. Несреќна комбинација на незаинтересираност, неукост и неодговорност.Што да очекуваме сега? Државните институции да ја гонат самата држава односно нејзините институции за сторените пропусти, односно непостапувањето по препораките на Европската комисија? Сите знаеме дека во Македонија тоа е невозможна мисија. На пример, ќе кажат дека не сме биле членка на ЕУ и не сме биле обврзани да ги спроведуваме препораките, а тоа што изгореле луѓе немало врска. Дури ќе го иссмеваат тој што ќе им укаже на пропустите. Типичен итарпејовски начин за решавање на проблемите.Иако извесна вина сноси и градежното претпријатие, таа е неспоредливо помала од вината на инвеститорот и нивните погрешни барања. Дури некој и да слушнал за препораките, по нашиот стар обичај веројатно одмавнал со рака и рекол: „Нема гајле, модуларните ќе вршат работа“. Вршеа додека вршеа, додека не се појави Марфи.Но, тука не завршува приказната. Овие модуларни болници од пеколот продолжуваат со работа. Како што рековме, формално-правно сé е во ред, директорката ВЕРУВА дека се исправни, директивите од Европската комисија не им се важни. Есенва низ нив ќе поминат уште многу ковид-пациенти, кислородот ќе продолжи неконтролирано да истекува, запалливиот полиуретан останува во ѕидовите и таваните, електричните инсталации се такви какви што се, со еден збор - катастрофата чека повторно да се случи.Практично е невозможно да се заменат градежните материјали, единствено што може да се стори е да се постават противпожарни апарати и да се обучи медицинскиот персонал за гаснење на пожарите. Незамисливо е да се вработат противпожарни тимови за 24/7 бдеење во овие импровизирани болници, знаејќи дека одвај има и медицински персонал.Што може друго да се направи? Во наши услови речиси ништо. Ќе продолжи драмолетката со поднесување и одбивање оставки и ќе се замајува народот со несуштински работи уште извесно време.Така се враќаме на почетокот, најверојатно сé ќе продолжи како што тргнало и никој нема да одговара за ништо. „Појео вук магарца“ - велат Србите. Како и обично, во една нефункционална држава“.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања