Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot-2021-09-15-at-17.12.51

ВИДЕО: Почнува „Sвездите на Град“, Цеца од старт му го „плесна“ на Мили

Од овој викенд започнува новата сезона на шоуто „Sвездите на Град“ кое се емитува ширум целиот балкан. Како што е познато, во жирито влегува Цеца Ражнатовиќ, на местото од Јелена Карлеуша. Извадено е и првото промо видео од кое може да се види дека од старт е интересно, а препукувањата не застануваат.

Магазин | пред 4 години

avganistanci-avganistan-3

Пристигнуваат уште Авганистанци во Македонија, ќе следаат вечерва

На Меѓународниот Аеродром во Скопје денеска се очекува да пристигнe нова група граѓани од Авганистан, информираат од Владата.Според најавата од Владата, медиумските екипи што ќе се акредитираат треба да пристигнат најдоцна до 16 часот.Како што посочуваат од Владата, не се придвидени изјави на владини претставници при пристигнувањето.Инаку, првата група од 149 Авганистанци во земјава пристигнаа на 31 август, меѓу кои и жени и деца. Станува збор за Авганистанци што работеле за меѓународни организации и нивните семејства.

Македонија | пред 4 години

WhatsApp-Image-2021-09-15-at-14.20.22

ФОТО: Пожар над Струга

Пожар речиси два дена гори над Струга. Огнот има зафатено шума, а дел од теренот е непристапен. Според мештаните, пожарот е меѓу две села, од кои едното е Белица. Од чадот може да се заклучи дека ветерот го шири огнот, но засега, нема опасност за населените места.На терен е Противпожарната бригада, а во гаснењето учествуваат и мештаните. Не е првпат да гори над Струга. Во текот на летото, неколку пати имаше запалена шума.

Македонија | пред 4 години

236599609_2971828763130776_5941306926266456322_n

Посебен режим на движење во Скопје ќе има утре

На 16.09.2021 (четврток), во Скопје ќе се одржи Меѓувладина седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово .Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници со цел непречено одвивање на сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

bolnica-kovid

Преку прозор влегувале кај ковид болните во Гостивар, сведоштво на доктор од болницата

Тетовчани не се единствените во земјава кои ги посетуваат и се грижат за своите роднини позитивни на ковид во инфективните болнички одделенија, иако тоа е строго забрането. Во многу градови низ земјава тивко се одобруваат такви посети. Екипата на Радио Слободна Европа ја посети гостиварската модуларна болница.Младиот доктор Гент Билали својата специјализација по хирургија ја ставил во мирување за да може да помогне во справувањето со наплив на пациенти позитивни на ковид-19 во гостиварската болница „ Ферид Мурад“. Тој вели дека заедно со неколку колеги се откажале од секојдневните обврски за да им помогнат на колегите во родниот град да се справат со толку голем број на пациенти кои доаѓаат одденаш. Август беше тежок месец за Гостивар, вели Билали.-Значи роднини да се грижат за пациент по неколку часа немало, дури ни редовни посети немало, ви велам се случувало на пример некогаш кога е при крај, гледаат некои пациенти од емоции, им се случува да влегуваат преку прозор. И нормално нема ни да го забраниш, кога некој човек губи близок човек од семејството, нема резон јас или сестрата да се бави со тоа да не му дозволи да влезе внатре кога нас ни е приоритет да дадеме се од нас да спасиме колку што можеме, вели Билали.Министерот Венко Филипче на прес конференцијата еден ден по трагичниот настан во Тетово беше дециден дека посети во инфективни одделенија каде што се лечат пациенти со заразни болести се строго забранети.Целиот текст на Радио Слободна Европа.Гостиварци велат дека свадбарската сезона и печалбарите летово го „издигнаа“ градот високо на листата со голем процент на заразено население со ковид-19.

Македонија | пред 4 години

otisok

Нема информации за загриженост за „фингерпринт“ апаратите, смета Заев кој не кажа дали има план „Б“ при проблеми со нив

Премиерот Зоран Заев смета дека успешно ќе поминат изборите со отисок од прст, иако се јавија предупредувања дека во истата фирма која кај нас ги набавува апаратите, добавувале опрема и во Авганистан. Таму, резултатите се чекале 5 месеци. Според Заев, нема простор за загриженост. Не одговори дали има втор план, доколку овој пропадне.„За нас како граѓани пред се и Владата, верувам и за опозицијата целта е да е успешно спроведен. Немаме информации за загриженост, стигнаа првите опреми, се прави првиот тест период. Верувам дека ќе завршиме успешно со процесот. Јас сакам да охрабрам институциите да го следат целиот процес, но истовремено, секој својата одговорност да ја држи до максимум, затоа што сакаме сите успешно да заврши“, рече Заев.Тој смета дека и процедурата за јавни набавки е целосно транспаретна и исправна.„Јас имам информации колку што треба премиер да има информации. Владата ги обезбеди парите, а од институциите можат да се добијат информациите. Постапката за набавка е од ДИК во соработка со сите членови. Овој проект се тера заеднички. Одговорно го следиме самиот проект. Тоа што го знам, имаме еден пред се транспарентен процес. Самата постапка помина управна контрола и е одобрена. Помина фаза на жалби, односно запазени се сите процедури за јавни набавки“

Македонија | пред 4 години

filipce

Филипче на координација: Има слободни кревети, кризата успешно се менаџира

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека утрово на редовна координација со директорите на Клиниките разговаравл за болничките капацитети, состојбата на болните, актуелната епидемиолошка состојба.„Во ковид центрите низ државата има доволно кревети за хоспитализација на пациенти, престојниот период може да биде зголемена потребата од хоспитализации, што бара сериозен пристап и коориднација која успешно се менаџира. Дополнителни капацитети за лекување пациенти со ковид има и истите може да се стават на располагање во секој момент. Доставата на терапија оди тековно и нема застој. Вирусот во моментов има широка инфекција, во постојана координација и комуникација сме и со епидемиолозите, остануваме да ја следиме ситуацијата и доколку е потребно да се дејствува со нови мерки тоа ќе го направиме“, напиша Филипче.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-19-at-11.04.38

Заев: Моралното чувство за оставка од министрите и директорите е за поздравување

Нема одлука што со оставките на министрите Венко Филипче и Или Хасани. Премиерот Зоран Заев смета дека е за поздравување тоа што поднеле оставка, тоа значи дека чувството за морална одговорност е разбудено. За него, тагата е голема, а извлечени се и поуки.„Јас ќе го повторам тоа што го кажав. Ќе чекаме да ги добиеме вештите наоди, форензичките извештаи. Постапката ја води ОЈО. Јас можам да упатам апел, тоа што граѓаните го бараат, а тоа е експертски и професионално да се заврши, колку што може побрзо. Кога ќе бидат соопштени наодите, ќе го кажам и моето мислење за оставките. Моралното чувство за оставка кое го видовме од министрите и директорите е за поздравување. Член 8А е јасен, нема други решенија, не смее да се разрешување. Ако мислите дека целиот народ, Влада, Собрание треба да се распушти, нека го побара тоа. Знаеме да прифатиме одговорност“, рече Заев.Заев посочи дека се прават сите проверки и на останатите модуларни болници, кои кажа дека се привремени, а во кои се лекувале и ќе се лекуваат уште пациенти болни од коронавирус.„Чувството за морална одговорност е разбудено. Не може да ја распуштиме државата кога се случуваат несреќи. Тагата е голема. Сите ние сме од крв и од месо, болката е голема. Ние го следиме светскиот и европскиот примат. Заради етички и морални причини можат да преземат тие што сметаат. Треба да не дозволиме да не се случуваат вакви трагедии. Од оваа има поуки, се прават дополнителни проверки на модуларните болници, долг период пред нас ќе биде со долг мониторинг на ваквите проекти“, додаде Заев.

Македонија | пред 4 години

mila-carovska

Висок е процентот на вакцинирани наставници, до крајот на месецот ќе имаме ниво за колективен имунитет, смета Царовска

Наскоро се очекува и колективен имунитет кај наставниот кадар, рече министерката за образование Мила Царовска, посочувајќи дека процентот на вакцинирани постојано се зголемува. Според неа, тоа е знак дека наставниците се свесни од потребата од континуитет во наставата.„Од наставниот кадар 0.05 процент се заразени со коронавирус. Процентот на вакцинирани наставници е висок, над 74 проценти и тие во контиунитет си се вакцинираат. Мислам дека навистина до крајот на месецот ќе имаме соодветно ниво за колективен имунитет кај наставниците. Двапати е повисок бројот од националниот стандард. Тоа покажува висока свесност кај наставниците од потребата во континуитет во настава“ рече Царовска.Засега нема потреба учениците од настава со физичко присуство, да преминат на онлајн настава. Ова го смета министерката за образование Мила Царовска. Таа додаде дека се следи состојбата, а ако има индикација да се промени сценариото за учење, тоа ќе се направи. Таа рече дека 24 ученици биле новозаразени вчера, но не посочи во кои општини односно градови.

Македонија | пред 4 години

skolo-uciliste-deca-knigi

Нови 24 ученици заразени од корона, Царовска тврди дека нема потреба од онлајн настава

Засега нема потреба учениците од настава со физичко присуство, да преминат на онлајн настава. Ова го смета министерката за образование Мила Царовска. Таа додаде дека се следи состојбата, а ако има индикација да се промени сценариото за учење, тоа ќе се направи. Таа рече дека 24 ученици биле новозаразени вчера, но не посочи во кои општини односно градови.„Вчера новозаразени се 0.01 проценти. Што значи дека е помал бројот на новозаразени вчера во споредба со понеделникот. Епидемиолозите следат, тие дејствуваат врз основа на општина, регион. Досега нема индикација дека треба моделот да се менува. Кога ќе добиеме индикација, подготвени сме да постапиме. 240 илјади ученици се на училишта, а вчера процентот е 0.01, што е навистина низок број. Највисок интерес на учениците да бидат во училница“, рече Царовска.Таа смета дека одењето во училиште е во интерес на учениците.„Пандемијата треба да се помине, но имаме и пост пандемски период кој треба да го живееме. Најголем интерес е да го заштитиме интересот на учениците, нивното ментално здравје, нивото образование. Повикувам да им обезбедиме право на учење, кое основно детско право“, додаде Царовска.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-15-at-10.51.29

ФОТО: Граѓани сами ја исчистија потопената црква во Маврово, откако МПЦ и општината не реагираа

Група Мавровчани решија да го исчистат шутот и нечистотијата и да ја стабилизираат камбанеријата во црквата „Св. Никола“  во Маврово.  Црквата „Св. Никола“ долго време беше под вода, но поради повлекување на езерото и сушите, таа сега е на суво и со помош на Мавровчани, полека го враќа својот сјај. Долго време беше запуштена, ама летово таа изгледа многу подобро од претходно.„Потопената црква состојба пред година дена и денес. МПЦ не заинтересирани. Општина исто. Се фатија група Мавровчани и го направија ова сами, исчистија тони шут, стабилизираа камбанеријата, средија. Можело и без да чекаш државата да напраиш нешто за МК. Алал да им е“, стои во твитот кој се споделува на социјалните мрежи.

Македонија | пред 4 години

market

Поскапува животот: За разлика од јули потребни се повеќе пари за да се покријат трошоците за еден месец

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули, покажуваат податоците од најновата синдикална кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.Според овие податоци, во август на едно четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби му требале 34.342 денари, а доколку во семејството има барем еден ученик, тогаш трошоците се зголемуваат најмалку за осум илјади денари или во тој случај синдикалната кошница би изнесувала 42.342 денари.Најмногу пари се одвојуваат за храна и пијалоци – 14.633 денари, а за домување 10.818 денари. За лична хигиена потребни биле 2.382 денари, а за превоз минимум 2.529 денари. За културни активности минимум биле потребни 1068 денари, а за здравје 736 денари.

Македонија | пред 4 години

bojan-maricic

Маричиќ: Разрешени се 16 судии, останатите се оценуваат, во таа насока треба да се движи и Обвинителството

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, смета дека како што се разрешуваат судии, така треба да се разрешуваат и јавни обвинители, согласно критериумите кои се зададени во законите донесени согласно Стратегијата за реформи во правосудството. Смета дека со таа стратегија, се отклонуваат и главните забелешки на Европската Унија.„Сеа имаме сет на закони за на објективен начин да се оценува работата на судиите и обвинителите, да се избираат и разрешуваат по пообјективни критериуми и тие закони даваат резултати. Тоа е всушност оној дел на прочистување на судството. 16 судии се разрешени, останатите се оценуваат. Исто така во таа насока треба да се движи и Јавното обвинителство“, рече Маричиќ.Тој е задоволен од спроведувањето на реформите.„Стратегијата за реформи во правосудството е многу важна бидејќи беше донесена во 2017 година. По долго време, бидејќи претходната беше 2005 година. Така што, по сите политички кризи, кризи на нашиот систем, заробената држава, во 2017 година беше донесена многу амбициозна стратегија која се уште се спроведува и ќе се спроведува до крајот на наредната година. Јас сум задоволен од спроведувањето на таа стратегија, секогаш можеме подобро и повеќе. Беше една многу важна фаза, за поставување на добри реформи во правосудството. Врз основа на таа стратегија беше една од долгогодишните забелешки на ЕУ, а тоа е необјективното или полу објективното, односно нејасните критериуми за избор и разрешување на судиите и обвинителите. Тоа е решено.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-15-at-10.42.24

ВИДЕО: Сред Скопје откриени две лаборатории за производство на марихуана

На 14.09.2021, полициски службеници од Одделот за Крим полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Г.(33) од Скопје. При претрес во неговиот дом на бул.„АСНОМ“, извршен со судска наредба, била откриена импровизирана лабораторија за производство на марихуана, при што биле одземени 71 стебло од растението канабис сатива, повеќе пакувања со марихуана, гранки во процес на сушење, тегли и други пакувања со семки од марихуана.За време на претресот било утврдено дека лицето користи и друг стана на бул.„Партизански одреди“, сопственост на неговиот дедо. Исто така, со судска наредба, бил извршен претрес во тој стан и била откриена уште една илегална лабораторија за производство на марихуана. Притоа, биле пронајдени и одземени 81 стебло од растението канабис сатива, кои се одгледувале во специјално направени услови со инсталирано посебно осветлување и температурни услови. Во станот биле пронајдени и 12 помали саксии со насади, ламби, вентилатори, засилувачи и друга опрема за производство на марихуана.Ѓ.Г. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.Против лицето досега биле поднесени повеќе кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик за што и бил осудуван.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-09-15-at-10.29.37

Сите пратеници сложни: Намалувањето на патните трошоци по предлог на Левица не се најде на дневен ред

Од 108 пратеници, само 19 биле „за“, 31 биле „против“, а 1 бил „воздржан“ за да на дневен ред се стави законот со кој ќе се намалат патните трошоци на пратениците. Ова е предлог на пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Измените на законот се поднесени крајот на април месец, но до сега, не се најдоа на седница, а пратениците земаат патни трошоци по стариот тарифник.„Ова се резултатите од вчерашното гласање во парламентот по повод барањето на Левица да се стави на дневен ред законот за намалување на патните трошоци на пратениците“, напиша Апасиев објавувајќи фотографија од гласањето.Со законот, се предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци (од 20% на 5% од продажната цена на литар гориво за изминат километар) – што, практично, значи дека патните трошоци се сведуваат реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз.„Овој предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан која, во изминативе неколку месеци, ја спроведе нашиот правен тим, а од која само ни се потврди ноторниот факт дека Република Македонија, за еден мандатен период на Собранието, е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците“, известија во април од Левица.

Македонија | пред 4 години

235146453_220028166623348_2437089087698187375_n

Казнети 127 возачи во Скопје, бидејќи возеле без возачки, брзо и не паркирале прописно

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 24 прекршоци што ги чинат пешаците, 49 за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, информираа оттаму.

Скопје | пред 4 години

vakcinacija-skopje

Вчера вкупно се вакцинирале 13.493 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 763.965 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.057 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.493 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.411.735 дози вакцини, а ревакцинирани се 647.769 граѓани.Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Актуелно | пред 4 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

25-годишниот пациент кој почина од корона имал хронично заболување, а не бил вакциниран

25-годишниот пациент од Демир Капија кој вчера ја изгуби битката со коронавирусот имал и други коморбидитети. Од Министерството за здравство за „Скопје1“ велат дека пациентот имал тешко хронично заболување. Оттаму, додаваат и дека тој не бил вакциниран против вирусот. Тие не соопштија дали епидемиолошката анкета покажала каде се заразил и дали има кластер на луѓе од веселба или сличен настан.Инаку, вчера починаа вкупно 30 лица. 10 се од Скопје (88г, 76г, 74г, 74г, 70г, 67г, 67г, 63г, 59г, 43г), 4 починати лица од Гостивар (77г, 71г, 57г и 51г), по две починати лица од Куманово (82г и 78г), Тетово (75г, 58г) и Кавадарци (69г, 66г), по едно починато лице од Велес (77г), Струмица (82г), Штип (83г), Неготино (98г), Свети Николе (66г), Радовиш (68г), Берово (69г), Виница (77г), Демир Капија (25г) и Пехчево (78г).Од пријавените 30 лица, 27 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

пред 4 години

Foto-11

Заев го слави Денот на демократијата: Таа е двонасочен дијалог меѓу граѓаните

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил упати порака по повод Меѓународниот ден на демократијата.– Во годината кога Република Северна Македонија слави 30 години независност и самостојно учество во животот на заедницата на народите, пишува Заев, го славиме и големиот принцип – дека демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот.Според Заев, денешниот ден е потсетник дека демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, застапувано од политичките претставници за да владее доброто управување.– Во нашата Република Северна Македонија демократијата ја градиме на инклузивноста, на еднаквоста на сите без исклучок, и само како таква е темел за одржлив развој и за почитување на човековите права. Негувањето на демократијата и на демократските институции ја зајакнува кохезијата во нашето општество и го издвојува приоритетот за обединување за да ги оствариме врвните државни интереси и главните национални приоритети, наведува Заев.

Македонија | пред 4 години

uapsen

Фатен скопјанец баран за тешка кражба кој треба да е во затвор

На 15.09.2021 во 05.50 часот, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево – Отсек потраги, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.О.(25) од с.Палиград, општина Зелениково, за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Лицето било предадено во Полициската станица Драчево за понатамошна постапка.

Скопје | пред 4 години

26032021_porparol_Hodga_DZS_Simovski_pres-konferencija-3

Статистика е задоволна од пописот, тврди дека малкумина одбиваат да се попишат

Без никакви застои и проблеми, со посакуваниот интензитет се одвива пописот на населението и објектите. Од Државниот завод за статистика се задоволни и од темпото и од работата на попишувачите, а Владата очекува пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да завршат до 30 септември.Заклучно со завчера до 20 часот попишани се 512.457 лица, 158.519 домаќинства и 212.464 станови.Масовниот одѕив, како што кажа на вчерашната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски, покажува за свесноста и одговорноста на секој од нас да придонесе за собирањето податоци, важни за креирање на заедничката иднина.Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, рече дека одбивањата на попишување се незначителни и дека граѓаните не наседнуваат на негативната кампања.– Таму каде што имаме првично одбивање, одиме и разговараме. Оди нашиот државен инструктор и член на пописна комисија и досега, најчеста пракса е тие луѓе да се убедат и попишат. Не применуваме никакви санкции се уште и се надеваме дека тоа нема да се случи до крајот на попишувањето, односно дека ќе успееме овие луѓе да ги убедиме дека, онаа пропаганда против спроведувањето на пописот се дезинформации и целта е сосема друга, изјави Симовски.

Македонија | пред 4 години

shilegov

Шилегов е фатен во незаконско градење, затоа молчи и бега, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот во заминување, Петре Шилегов, кој вообичаено е арогантен и гласен, сега кога е фатен во незаконско градење на семејната зграда молчи и бега. Зошто пред семејната зграда дивоградба која интензивно се гради, нема табла на која ќе стојат имињата на фирмите изведувачи? Дали Шилегов ги крие затоа што нему му градат гратис, а тој им дава тендери од Градот и ги плаќа дебело со народни пари“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.„Зошто цели институции се ставени во погон за да се заташка овој скандал? Во неработен ден сабота биле менувани документи, а гледаме дека инспекторот за урбанизам абер нема да отиде на увид на местото на дивоградбата, нити да провери дали висината на објектот е согласно ДУП, нити дали има соодветна документација.А сите на чело со Шилегов од петни жили се обидуваат да го заташкаат скандалот, ама не можат. Фатени се на дело, документирани и прашање на време е кога ќе понесат одговорност и Шилегов и пајташите кои пробуваат да го заштитат“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 4 години

bolnica-tetovo2

Само со оставки на Заев, Филипче и Хасани ќе имаме непристрасна истрага тетовската болница, смтаат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, Филипче и Хасани да си дадат оставки, само така ќе имаме непристрасна истрага која ќе даде одговор на сите прашања, на кои премиерот, министерот за здравство и неговиот заменик не сакаат да им го слушнат одговорот“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.„Заев, Филипче и Хасани знаат, но постои опасност дека нема да сакаат да се дознае:– Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?-Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?-Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?-Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?-Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?-Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?-Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?-Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?-Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?-Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагатВреме е за одговори и одговорност. Време е за оставки од Заев, Филипче и Хасани, а потоа за независна и непристрасна истрага од која ќе се утврди вина.Со Заев, Филипче и Хасани на позиција постои опасност одговор на поставените прашања воопшто и да не добиеме“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 4 години

Nikola-Gruevski-so-lav-VMRO

ВМРО-ДПМНЕ се уште функционира како во времето на Груевски, сметаат од СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија која се уште функционира како во времето на нејзиниот почесен претседател во бегство, Никола Груевски. Таа партија предводена од Мицкоски знае само за лажни вести, блокади и деструкции“, соопштува СДСМ.„ВМРО-ДПМНЕ постојано е на спротивната страна од интересите на граѓаните, постојано нешто кочи и блокира.Последен таков случај се обидите за опструкција на работата на Собранието.ВМРО-ДПМНЕ се уште ја кочи изградбата на новиот Клинички центар во Скопје, беше против пакетите економски мерки за помош на граѓаните и стопанството, против поголеми плати и пензии.Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партија која секогаш има проблем кога парите завршуваат кај граѓаните, наместо во нивниот скапоцен дворец.Таквото нивно однесување одамна е препознаено од страна на граѓаните, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека нов убедлив пораз на изборите“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 4 години

bolnica-kumanovo

Уште едно страшно сведоштво за барање мито, овојпат во кумановската болница

Откако нејзиниот дедо починал во кумановската модуларна ковид болница, болничарите и побарале мито од 3 илјади денари за да го облечат, а болницата на семејството не му дозволила да одбере со кое погребно претпријатие ќе го испрати во вечното почивалиште покојникот, сведочи за „Слободен печат“ кумановката Валентина Пешиќ. Според Пешиќ, болницата тврдела дека соработува само со едно погребно претпријатие и дека погребот и протоколарниот дел околу изнесувањето на покојникот од болничкиот објект морало да се случи исклучиво преку тоа погребно претпријатие.Како што дознаваме, за случајот ќе се ангажира и Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи облекување на покојник во ковид-центрите не е дозволено.– Ни кажаа дека треба однапред да им платиме 3 илјади денари за да го облечат дедо ми. Мајка ми праша дали може да даде две илјади денари, бидејќи не носеше во моментот со неа повеќе пари. Ја одбија. Потоа им кажавме дека погребното претпријатие ќе го облече дедо ми. И тоа го одбија. Ни рекоа дека тие ќе викнат погребно претпријатие, дека соработувале само со едно и освен него, никој друг не ги носел починатите од ковид. Се збунивме, но бидејќи бевме во шок, мајка ми даде две илјади денари, а не и дадоа ни потврда дека платила, вели Пешиќ за „Слободен печат“.Повеќе на Слободен печат

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања