Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

jankulovska-janeva

Што прават Катица Јанева и Гордана Јанкуловска во затворот „Идризово“

Во женскиот затвор веќе се навикнаа на двете познати затворенички, кои ги прифатија правилата на „куќниот ред“ и ги користат сите бенефиции што им припаѓаат на затвореничките. Екипата на „Фокус“ повеќе од три часа помина во друштво со затвореничките, кои немаат проблем да зборуваат, а некои и да се фотографираат.Како што пишува порталот, Катица Јанева осудена за „Рекет“ која таму ја издржува казната, времето во затворот го поминува плетејќи. Ексминистерката за внатрешни работи која е осудена за „Тенк“ времето го поминува читајќи. Повеќе се најавува во печатеното издание на весникот.

Македонија | пред 4 години

mickoski27052021

Мицкоски не е сигурен дека пописот ќе биде успешно спроведен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека пописот има недостатоци. Тој вели дека попишувачи ја враќаат опремата поради проблеми, но не посочи какви. Се сомнева дека пописот ќе биде успешен.Од она што знам има многу турбуленции, недостатоци и системот паѓа, луѓе ја враќаат опремата, бројката и динамиката која што се спроведува на терен од оној лимитиран број на информации кои што ги добиваме, неофицијални се разбира, не гарантира успешно спроведување на оваа статистичка операција, рече Мицкоски.Но, ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме свој став и јас тој став го кажав јавно, но за жал имаме неспособна институција и неспособна влада. Тоа е проблемот во државата. Затоа проблемите не треба да ги одлагаме, туку веднаш треба хирушки прецизно да ги отстраниме, а тоа ќе се случи уште на овие локални, вели Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

mickoski-gashi

Мицкоски: Уште во првиот круг ќе го поддржиме кандидатот за градоначалник на Тетово од Алијанса на Албанците

ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата со Алијанса и Алтернатива, ќе ги порази погрешните политики и криминалните политики, оние кои не нудат надеж, иднина, перспектива и план во Македонија за сите граѓани, за сите луѓе на следните локални избори, потоа очекуваме достоинствено да ги напуштат позициите во Владата и да отстапат место на луѓе коишто знаат како и коишто сите оние проблеми кои ќе ги остават позади себе нерешени, ќе се решат, вели Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во Тетово ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, додека како што рече советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ ќе освои рекорден број на советници во советот на Тетово, а нивната заедничка цел е пораз на криминалната коалиција на власт СДСМ-ДУИ.Да уште во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи кандидатот на коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива овде во Тетово, а советничката листа која што ќе ја имам ВМРО-ДПМНЕ очекуваме да освои рекорден број на советници. Нашата цел заедно со коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива е онаму каде што уште во првиот круг ќе се подржиме да ги поразиме овие криминални политики на коалицијата на власта предводена од СДСМ и ДУИ, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

sela-1

Села до Заев: За жалење сте

Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, врати на прозивките на премиерот Зоран Заев.“За жалење си премиере, толку многу ве заслепи власта што не оставивте вредност во чие име дојдовте на власт, без да ja прегазите. Но, не заборавајте едно, не сме сите исти. Тешко е да се разбере зошто-то на оставката бидејќи вие тоа го немате во себе. А тоа е совестa, моралот а не власта”, напиша Села.Претходно, по повиците на Села за оставка на Заев од морални причини, премиерот рече:„Не размислувам. За Мицковски да дојде премиер? Не размислувам. Да ја користат грозотијата на најперфиден начин кога нашата нација е во најдлабока болка. Ќе дојдат кога ќе дадат идеји, кога ќе заслужат. Пусто желба за власт. Нема да се победи, додека се однесуваат вака, нема да победат“.

Македонија | пред 4 години

lisici

Авганистанци нападнале и ограбиле Индиец во Куманово

Во атарот на кумановското село Табановце, полицајци од Регионалниот центар за гранични работи, во соработка со колеги од полициската станица за граничен надзор Сопот, вчера уапсиле двајца мигранти од Авганистан, А.С.(31) и Д.М.(25).Како што информираат од МВР, за Авганистаниците постои основано сомнение дека извршиле разбојништво врз 28-годишен мигрант од Индија со иницијали Г.С.Г.По преземени мерки и по извршен разговор со Индиецот, било утврдено дека Авганистанците физички го малтретирале и му одзеле пари.Украдените пари биле пронајдени кај Д.М., а било утврдено дека сите три лица илегално влегле од Грција на македонска територија и имале намера преку Србија да заминат кон ЕУ.

Македонија | пред 4 години

215138078_225968676057957_5841949479216798173_n

„Зелен хуман град“ за Изборниот законик: Дали со изментите се овозможува притисок за повлекување на независните листи?

„Зелен хуман град“ реагира на новиот обид за измени на Изборниот законик, на веќе започнат изборен процес.„Вчера попладнето добивме информација дека во Собранието повторно се поднесени измени на Изборниот законик по скратена постапка. Текстот на Законот е вчера, на 15 септември 2021 г. во еден ден усвоен на Комисијата за политички систем, усвоен на Законодавно-правната комисија и усвоен на итна 52. седница на Собранието!Овојпат праговите за потписи за независни листи не се предмет на измените, но, се предвидува можност за повлекување на кандидатските листи по нивното потврдување од ДИК.Се воведува нов став во Член 67 со следното образложение: 'Се овозможува на сите партии или подносители на независни листи да можат да ги повлечат листите во рок од 48 часа од нивното потврдување во изборните органи...'Внесувањето на ваква измена во членот 67 го прави законот контрадикторен сам на себе! Впрочем, за секоја кандидатура е неопходна писмена согласност од кандидатот, која е неотповиклива. Како тогаш може листите да бидат повлечени, кога кандидатите дале неотповикливи изјави? Со која цел е предложена ваквата измена на Изборниот законик?Дали оваа измена решава постоечки проблем, или овозможува златни 48 часа што служат за притисок врз политичките партии и независните листи за нивно повлекување, во очи на изборите?Воедно, со измените се предвидува овозможување на гласање со истечени лични документи. Неодговорноста на институциите поради што голем број на граѓани останаа без нови лични документи не смее да се покрива со вакви правни преседани!Сметаме дека носење на измени на Изборниот законик на веќе започнат изборен процес го урива владеењето на правото и претставува грубо нарушување на правната сигурност. Овие „демократски практики“ за жал нè потсетуваат на владеењето на една мината власт.Бараме измените на Изборниот законик да бидат итно повлечени, а истите низ јавна и транспарентна расправа да бидат поднесени по завршувањето на изборниот процес. Го повикуваме претседателот Стево Пендаровски да НЕ го потпишува законот! Го повикуваме да НЕ дозволи погребување на правниот поредок во Македонија!

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.49.13

Апасиев: СДС ќутенката се обиде да препише дел од програмата на Левица, ама им направивме финта..

Откако Jован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата соопшти дека по предлог од пратениците од парламентарното мнозинство на дневен ред на денешната седница се и дополнувањата на Законот за облигационите односи, со чии измени каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот, реагираше пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев. Тој тврди дека СДСМ ја препишува дел од Изборната програма на Левица од 2016 и 2020 година, насочена кон тоа што тие го викаат „антилихварско законодавствo“„Вчера, СДС на Нашата Земја, се обиде ќутенката да препише дел од Изборната програма на Левица (од 2016 и 2020) насочена кон она што ние го викаме антилихварско законодавствo. Арно ама, јас и пратеникот Крмов, им напраивме една финта... Поднесовме писмено известување до спикерот дека се приклучуваме кон доставениот материјал, така што - формално правно - и ние сме предлагачи на овој добар закон, кој го донесовме со 80 гласа, а кој е буквално прекопиран од нашата програма (оти само ние од сите партии го имавме ставено како предизборно ветување). p.s. Законот предвидува т.н. забрана на АНАТОЦИЗАМ - неможност за течење камати на каматите! Ова е првиот чекор кон кршење на прангите на должничкото ропство на граѓаните, кога за главен долг од 500 ЕУР требаше да плаќаат и до 5.000 ЕУР!? По доаѓањето на власт, ваквите регулативни мерки насочени против лихвобанкарите, а во корист на народот, ќе станат наша и ваша реалност“, напиша Апасиев.

Коментари | пред 4 години

teuta-arifi-grubi

Војната меѓу Груби и Села трае, вицепремиерот избега од новинарите без одговор што направил за семејствата на жртвите од Тетово

Вицепремиерот Артан Груби и висок претстасвник на ДУИ избега од одговор на прашањето што направил тој за семејствата на жртвите од трагедијата во Тетово каде изгоре модуларната болница. Наместо тоа, тој се осврна да му „врати“ на Зијадин Села кој го обвини дека се шетал на местото на несреќата за ситни политички поени.„Вистинското прашање е зошто Села не го прашал Христијан Мицкоски што барал на 27 април во Собранието и зошто не побарал извинување за тоа што му се случи. Тоа е прашњето на кое Села треба да даде одговор и да им објасни на гласачите зошто за потребите на Таравари, за да се натпреварува во Гостивар, ја жртвува кариерата која ја изгради врз основа на настаните на 27 април каде Мицкоски беше дел од толпата која навлезе во Собранието. Второто прашање е зошто Села и Таравари не биле во Тетово да ги посетат семејствата, да го посетат местото каде се случи невидена трагедија и зошто не направија ништо да им помогнат на семејствата, туку ја злоупотребуваат трагедијата за ситни политичики поени“, рече Груби бегајќи од камерите без одговор што направил тој за семејствата на жртвите.

Македонија | пред 4 години

marina-tucakovik-696x463-1

Теткстописецот Марина Туцаковиќ префрлена во болница

Една од најпознатите српски текстописци, Марина Туцаковиќ е префрлена во болницата „Драгиша Мишовиќ“, кеде е приклучена на респиратор. Марина, покрај ракот со кој се бори со години, е позитива на на ковид-19, а состојбата и е влошена, пренесоа сроските медиуми.На Туцаковиќ состојбата и се влошила во вторникот, а веста ја сподели и нејзиниот син Милан Лаша Радуловиќ кој побара помош преку социјалните мрежи. Медиумите пренесуваат дека има проблеми со дишењето и дека се уште не е во сабилна состојба.

Магазин | пред 4 години

DSC_0661

335 возачи фатени како возеле над дозволената брзина

Во текот на вчерашниот ден (15.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 335 возачи.Од нив, 20 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 178 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 157 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

zaev-4

Заев не размислува за оставка од морални причини: За Мицковски да дојде премиер?

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиjадин Села, побара оставка од премиерот Зоран Заев, но првиот човек на Владата нема да даде. Заев кажа дека не размислува да се повлече од морални причини.„Немам коментар за тоа што го кажал Села. Должен е да каже зошто, ако не каже зошто тоа значи дека е поради желба да дојде на власт. Инаку не гледам зошто. Трагедијата е огромна, болката ќе биде кај сите нас. Да ги почекаме форензичките извештаи. Модуларните болници спасија илјадници животи, а во нив се лекуваат 200 граѓани. Тие се согласно стандардите, проверките се засилени за да се проверат од секаков аспект“, рече Заев.Заев е дециден дека нема да се повлече за само Мицкоски да дојде на власт.„Не размислувам. За Мицковски да дојде премиер? Не размислувам. Да ја користат грозотијата на најперфиден начин кога нашата нација е во најдлабока болка. Ќе дојдат кога ќе дадат идеји, кога ќе заслужат. Пусто желба за власт. Нема да се победи, додека се однесуваат вака, нема да победат“, рече Заев.

Македонија | пред 4 години

zaev-raskovski34

Заев за шетањето на Рашковски: Дозволено му е да оди на лекар

Премиерот Зоран Заев од медиумите слушнал дека ексгенреалниот секретар на Владата, Драги Рашковски е виден како шета низ Аеродром наместо да е во куќен притвор. Заев посочи дека му било дозволено на Рашковски да оди на лекар.„Соопштија органите дека има дозвола од суд, во точен период кога да оди на лекар. Тоа го прочитав од медиумите. Ниту знам зошто е виден да оди слободно или не. Знам дека е точно предвидено колку пати во неделата е дозволено да оди на лекар поради здравствени причини“, рече Заев.Фотографијата на која се гледа како ексгенералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, шета низ Аеродром, е автентична. Ова може да се заклучи по одговорот на МВР во кој велат дека на Рашковски му е дозволено да излегува од дома иако е во домашен притвор, поради здравствени потреби. Од полицијата за „Лидер“ велат дека судија од Кривичен суд му го дозволил ова право.„Драги Рашковски има дозвола од Основен кривичен суд Скопје 1 со која поради здравствени потреби му се дозволува да се оддалечи од домот за да оди во точен период од денот да ја добие здравствената услуга. Дозволата е за точно определени денови. Во останатиот период од денот (освен периодот од неколку часа, кој му е дозволен од судот) Драги Рашковски ја почитува мерката. Конкретно денеска се направени две проверки од полициски службеници на СВР Скопје и Драги Рашковски ја почитувал мерката која му е изречена, изјавија МВР за „Лидер“.

Македонија | пред 4 години

Holtikulturno_ureduvanje_09152021001

Започна хортикултурното уредување на зелените површини на тротоарот на улица „Јане Сандански“ во Охрид

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве изведуваат работни активности за хортикултурно уредување на зелените површини на тротоарот на улица „Јане Сандански“, согласно проектот за реконструкција на улицата.Се врши поставување на нов систем за наводнување на зеленилото и дрворедот, се насипува земја и ќе се врши засадување на трева.Откако ќе бидат завршени сите подготвителни работи ќе се пристапи кон засадување на новиот дрворед.

Охрид | пред 4 години

mickoski-gashi

СДСМ предвидува пораз на ВМРО-ДПМНЕ: Знаат да работат само против интересите на граѓаните

„Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата на Мицкоски знае само да работи против интересите на граѓаните“, обвинуваат од СДСМ.Оттаму додаваат: „ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија во која нема никаква промена, која знае само за блокади, деструкции и лажни вести.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски постојано работат спротивно од интересите на граѓаните и државата, водејќи се единствено од лични дневно партиски интереси.Опозициската партија поттикнуваше кршење на мерките за заштита од коронавирусот, поддржуваше антиваксерски протести, се противеше на мерките за помош на граѓаните и стопанството и се уште ја кочи изградбата на новиот Клинички центар.Тоа е потврда за нивното антидржавно однесување кое одамна е препознаено од граѓаните.Со таквиот однос, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов, седми пораз од граѓаните на следните локални избори“.

Македонија | пред 4 години

darko-ristovski

Предизборно бетонирање во Карпош за профит на урбаната мафија, алармира Ристовски кандидат на Левица

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош на Левица алармира за предизборно бетонирање во Карпош. Тој смета дека Карпош е дел од првите три населби каде урбаната мафија профитира пред одржување на локалните избори.„Во медиумите се прошири веста дека на три месеци пред изборите, во јули годинава, биле издадени одобренија за градба на околу 2000 станови, што е 4 пати повеќе од просечниот број на одобренија што се издаваат на месечно ниво.И Карпош е дел од топ трите населби каде Урбаната мафија профитира на три месеци пред изборите. Ниту еден градоначалник досега не успеа да стави крај на бетонизацијата на Карпош, а очигледно и пред се, заради личниот интерес и профит. На 60-та седница на Советот на Општина Карпош која ќе се одржи денес, СДСМ ќе прошверцува уште два Детални урбанистички планови. Првата точка се однесува на Планот за градска четврт СС3 02, Блок 06 кој го опфаќа делот на Злокуќани. Другата точка се однесува на Деталниот урбанистички план за Блок 9 од Градска Четврт ССИ 03 на делот помеѓу Општина Карпош и Општина Чаир.✔️ Јас како кандидат за градоначалник се обврзувам да спроведам:📌 Ревизија на сите спорни ДУП-ови.📌 Забрана за продажба на државно/општинско земјиште.📌 Забрана на изградба на станбени згради во централниот дел на општината.📌 Развој, урбанизација и ширење кон периферијата на општина Карпош.📌 Планирање и хуманизација на просторот“, напиша тој.

Скопје | пред 4 години

DSC_0052

Над 200 казнети возачи само во Скопје: Возеле пијани, без возачки со неисправни возила

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 231 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.Изречени се 19 мерки за користење мобилен телефон, девет за некористење сигурносен појас, 13 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за непрописно престигнување и обиколување, 58 за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Скопје | пред 4 години

kesi-plasticki

Кесите во маркети ќе чинат 15 денари од декември

Повеќе закони повзани со управувањето со отпад и неговот пакување се усвоени на денешната собраниска седница, а меѓу усвоените одредби е и драстичното поскапување на најлонските кеси во маркетите и продавниците, објави Мета.Од 1 декември годинава, пластичните кеси ќе се наплатуваат 15 денари, со што треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината. За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.Исто така, од 1 декември 2021 година ќе се забрани за користење пластичното пакување за еднократна употреба во угостителските објекти што се наоѓаат во заштитените подрачја во Македонија.Целокупната законска материја за управување со отпад е обемна, а Европската комисија уште во минатогодишниот Извештај за напредокот на нашата земја кон ЕУ упати критика дека законите за управување со отпад не се донесени. И покрај тоа што овие закони владата ги усвои на крајот од минатата година, тенкото собраниско мнозинство на власта и блокадата на Собранието на РСМ го одолговлечи нивното донесување, пишува Мета.

Македонија | пред 4 години

apasiev-filipce-5

Сè им е фејк, па дури и оставките, дециден е Апасиев

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, одново со критики за актуелната власт. Откако претходно преку собраниската говорница рече дека оставката е право на неотповиклива волја, а не чин на оценува, сега одново ги искоментира на социјалните мрежи.„Сè им е фејк, па дури и оставките“, напиша Апасиев за оставките на министрите Венко Филипче и Илир Хасани, како и директорите на тетовската болница.Тој и претходно се произнесе за понудените повлекувања.„Имено, „оставка“ и „разрешување“ не се исти институти! Во случајов со Филипче, тој е подносител на оставката и таа е неотповиклива. Според Деловникот, примач на оставката е спикерот на Собранието на Република Македонија, а премиерот е само гласник, или курир, кој пренесува дека член на Влада дава оставка. Во случајов кога премиерот не ја доставил до спикерот, Џафери е должен тоа да го праша - каде е оставката на Филипче, која Заев си ја чува во фиока, за да си го работи својот пи-ар. Спикерот, исто така е должен веднаш да ја достави оставката на член на Влада до пратениците - што во случајов не е направено. Истата таа оставка се констатира од страна на пратениците без расправа, бидејќи тоа е морален чин - еднострана изјава на волја, која е неотповиклива“, рече претходно Апасиев.

Коментари | пред 4 години

14092021_106-ta_sednica_na_vladata_6

За еден мандат со нови куќи се стекнаа Шилегов, Филипче, Царовска и Шекеринска, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

„За еден мандат со нови куќи се стекнаа Шилегов, Филипче, Царовска и Шекеринска и ниту една не е со ПУР пена“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Оттаму додаваат: „Петре Шилегов за еден мандат со градоначалничка плата од илјада евра успеа да направи луксузна хациенда во Маврово и да изврши доградба на зграда во Тафталиџе.Венко Филипче како министер со министерска плата гради куќа на ултра луксузна локација на Водно од неколку ката на големо дворно земјиште.Од функција со луксузна куќа се поднови и Мила Царовска која изгради хациенда на Осогово.Шекеринска својот имот го зголеми со нова куќа, резиденција во центарот на Скопје.Луксузни куќи и станови во ек на мандат земаа и Костадин Костадинов и други функционери од власта.Додека народот едвај врзува крај си крај врвот на власта трупа имот тежок милиони.Време е да ставиме крај на политичарите печалбари“.

Македонија | пред 4 години

IMG_4235

Времето се менува, нема пеколно сонце

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.Ќе преовладува стабилно и топло време. Од петок ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец.В сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и на места температурите ќе бидат пониски за неколку степени.

Македонија | пред 4 години

testovi-korona-germanija

Украдени 1,4 милиони тестови за коронавирус во Париз

Хакери украдоа резултати од 1,4 милиони тестови за коронавирус во Париз. Поднесена е жалба до обвинителството, соопшти здравствената служба на париските болници.Нападот погоди област каде што беа складирани лабораториски податоци за пренос до фондовите за здравствено осигурување и до здравствените власти. Украдените податоци се на луѓе од Париз, кои биле тестирани за коронавирус во летото. Податоците ги вклучуваат имињата на граѓаните, нивните броеви за здравствено осигурување и резултатите од тестовите.Националната база на податоци за резултати од тестови за коронавирус не беше погодена од нападот.

пред 4 години

images_todorov-21

Тодоров се спореди со Филипче: Јас поднесов усмена оставка до Груевски, тој писмена до Заев

Најдолно е и тотално неприфатливо за мене, било кој, за било која цел да им претставува на роднините на загинатите дека токму тој, актуелниот министер за здравство е директниот виновник за смртта на нивните најмили. По мене тоа е погрешно и надвор од секоја морална граница, пишува во колумна за Дојче Веле поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров за барањата на оставка на Венко Филипче по трагедијата во Тетово.-Убеден сум дека не треба било кој, туѓата несреќа, политички да ја капитализира и да печали на нечија трагедија или нечија смрт. Тоа е одвратно, примитивно и нечовечки, пишува Тодоров.Трагедијата во Тетово и барањата за оставка од Филипче, Тодоров го споредува со тоа што му се случи него додека беше министер, кога дедото на малата Тамара пукаше во него пред Министерството гневен за смртта на својата внука.Според него, Филипче, иако малку задоцнето, го направил тоа што тој го пропуштил.-Тој понуди писмена оставка до премиерот. Јас поднесов усмена оставка до премиерот Груевски веднаш, неполн час по објавувањето на лошата вест дека еден недолжен млад живот згаснал, но не ја информирав јавноста за тоа. Затоа тоа како да не се важи, и затоа до ден денес ме притиска и ме мачи тоа што не бев доволно истраен на одлуката која интимно и длабоко во себе ја донесов уште во првиот момент. Дали премиерот Груевски ќе ми ја прифатеше или не, е друга работа, исто како што е работа на премиерот Заев дали ќе му ја прифати оставката на Венко Филипче или не, и дали Венко Филипче ќе сака да остане на најтешката позиција во државава- министер за здравство, се вели во колумната на Тодоров.

Македонија | пред 4 години

sela-2

Села за Груби во изгорената болница: Не можам да ги сфатам дефилеата на политичари истата вечер

Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците во емисијата 24 анализа се порача дека поради тетовската трагедија никој не треба да биде поштеден од одговорност, ако не сакаме да ни се повторат вакви трагедии.- Секогаш кога имаме ваков настан, ни се навраќаат и другите трагедии, како онаа со „Дурмо турс“ за која до ден денес не го знаеме исходот, дали некој завршил во затвор. Знаеме дека таквите граѓани се блиски со одредена полтичка партија и не ја знаеме завршницата. Не можам да ги сфатам дефилеата на политичари истата вечер и тоа повеќе налкуваше на средба на партнерите на коалицијата за да смислат пи-арот како ќе изгледа. Ние не ги знаеме ниту имињата на жртвите, барем за тоа се должни институциите. Се што знаеме е дека оваа работа не треба да се злоупотреби политички. - вели Села.Истакна дека немаше да ни се случи ваква трагедија доколку имавме добри болници. Во врска со истрагата вели дека го интересира што бараше следниот ден заменик премиерот заедно со група од над 20 партиски членови да шета по модуларната болница која веќе беше изгорена.- Кога зборуваме за истрагата, дали тоа значи дека со самиот пристап внатре во забрането место, каде се ставаат ленти и каде не смее никој да има пристап, да има фотографии каде тие се присутни внатре. Дали ова оневозможува на истражителите да ја откријат причината за пожарот? Дали некои од тие 20 може да фрли некој таму нешто за да служи наводно како доказ дека се најде причината за пожарот? - вели Села и потенцира дека му е чудно како можат правобранителите да гледаат како некој без разлика на позицијата да објавува фотографии и да биде присутен внатре во просторот што е обезбеден, а да не биде повкан на разговор.

Македонија | пред 4 години

dragi-rashkovski-e1631725904941-960x543-1

Притвореникот Рашковски се шета низ Аеродром со дозвола од судот, поради здравствени причини

Фотографијата на која се гледа како ексгенералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, шета низ Аеродром, е автентична. Ова може да се заклучи по одговорот на МВР во кој велат дека на Рашковски му е дозволено да излегува од дома иако е во домашен притвор, поради здравствени потреби. Од полицијата за „Лидер“ велат дека судија од Кривичен суд му го дозволил ова право.„Драги Рашковски има дозвола од Основен кривичен суд Скопје 1 со која поради здравствени потреби му се дозволува да се оддалечи од домот за да оди во точен период од денот да ја добие здравствената услуга. Дозволата е за точно определени денови. Во останатиот период од денот (освен периодот од неколку часа, кој му е дозволен од судот) Драги Рашковски ја почитува мерката. Конкретно денеска се направени две проверки од полициски службеници на СВР Скопје и Драги Рашковски ја почитувал мерката која му е изречена, изјавија МВР за „Лидер“.Ова е првпат да се слушне дека притвореник кој е во домашен притвор поради опасност од бегство, слободно шета со судско одобрение. Особено, ако се има во предвид дека притворените лица кои издржуваат притвор, секаде каде одат, се придружувани од полиција.

Скопје | пред 4 години

brza-pomos-2-1

32 починати и нови 617 случаи на корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 4.621 тестирање, а регистрирани се 617 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 314, Куманово – 47, Струмица – 29, Штип – 26, Кавадарци и Кичево – по 19, Охрид – 18, Велес, Свети Николе и Радовиш - по 14, Ресен – 13, Гостивар и Кочани – по 12, Тетово и Битола – по 10, Прилеп и Струга – по 8, Крива Паланка – 6, Берово – 5, Пробиштип – 4, Кратово – 3, Гевгелија, Неготино, Делчево, Виница и Македонски Брод – по 2, Дебар и Демир Хисар - по 1.Регистрирани сe 450 оздравени пациенти од: Скопје – 250, Куманово – 24, Гостивар и Прилеп – по 23, Тетово – 16, Велес – 15, Битола – 14, Кичево – 13, Струмица – 12, Свети Николе – 11, Штип - 10, Македонски Брод – 8, Кавадарци – 5, Неготино – 4, Кочани Кратово и Гевгелија – по 3, Ресен, Берово, Пробиштип и Богданци - по 2, Охрид, Радовиш, Крива Паланка, Дебар и Крушево – по 1.Пријавени се 32 починати лица: 10 починати лица од Скопје (83г, 75г, 74г, 73г, 71г, 69г, 69г, 64г, 63г и 55г), 4 починати лица од Струмица (82г, 70г, 59г и 58г), 3 починати лица од Гостивар (74г, 64г и 53г), по две починати лица од Куманово (66г и 52г) и Тетово (81г и 78г), по едно починато лице од Прилеп (83г), Кичево (41г), Македонски Брод (40г), Кавадарци (71г), Гевгелија (68г), Пробиштип (63г), Богданци (49г), Охрид (80г), Дебар (61г), Струга (86г) и Валандово (81г).Од пријавените 32 лица, 29 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.Направени се 4.621 тестови преку: ИЈЗ-348, ЦЈЗ Скопје-86, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-46, ЦЈЗ Тетово–88, ЦЈЗ Куманово-63, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–155, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Авицена-209, Биотек-394, Систина-77, лабораторија Лаор-259, Синлаб-64, Ремедика-25, Плодност–36, Генеа-10, Никоб лаб-488, ВФВ Медикал-97, Ели Медика-79, Ројал Медика –39, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.861.Досега во земјата се направени вкупно 1.234.221 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184.893 бројката на оздравени пациенти е 165.527, на починати е 6.339, а бројот на активни случаи изнесува 13.027.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 80036, Активни 5788Куманово 10861, Активни 903Тетово 10681, Активни 1082Прилеп 8843, Активни 270Гостивар 7897, Активни 614Битола 6887, Активни 261Велес 5965, Активни 251Охрид 5741, Активни 617Кавадарци 5667, Активни 191Струмица 5527, Активни 506Штип 5487, Активни 222Кичево 3836, Активни 492Струга 3736, Активни 647Кочани 3093, Активни 118Гевгелија 2336, Активни 65Неготино 2282, Активни 37Свети Николе 1800, Активни 114Ресен 1486, Активни 113Радовиш 1446, Активни 111Дебар 1434, Активни 170Крива Паланка 1333, Активни 55Берово 1187, Активни 52Делчево 1098, Активни 62Виница 994, Активни 43Пробиштип 883, Активни 46Валандово 772, Активни 31Богданци 540, Активни 20Крушево 518, Активни 15Кратово 512, Активни 55Македонски Брод 456, Активни 29Демир Хисар 420, Активни 12Демир Капија 406, Активни 4Пехчево 308, Активни 10Македонска Каменица 286, Активни 17Дојран 139, Активни 4

пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања