Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

vakcini-9

За два дена аплицирани 23.221 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 758.622 граѓани. Прва доза вакцина во петокот и саботата примиле 4.019 граѓани, а вкупно се вакцинирале 23.221 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.381.901 дози вакцини, а ревакцинирани се 623.278 граѓани.„Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, велат од МЗ

Македонија | пред 4 години

spasovski

Спасовски во Охрид ги отвори Синдикални игри на претставниците на Македонскиот полициски синдикат

Денеска во Охрид,министерот Оливер Спасовски на покана од претседателот на МПС Марјан Кицев а во присуство на претседателот на Европските полициски Синдикати Рикардо Валадас, државната секретарка во МВР Магдалена Несторовска, градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, заменик директорката на Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, ги отвори Синдикалните игри и средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат."Синдикалното организирање претставува столб на кој се засноваат и унапредуваат правата на вработените.Секое општество кое што тежи кон развој и просперитет, е должно да го негува и поддржува синдикалниот дух. Токму преку овој начин на дејствување, преку спортското натпреварување другарување, размена на искуства на полициски службеници од повеќе земји учеснички на спортските средби се јакне спортскиот дух и квалитетното синдикално функционирање.“ рече министерот Спасовски во своето обраќање пред присутните.Министерот Спасовски рече дека ако солидарноста претставува еден од базичните принципи на синдикализмот, тогаш еден од најдобрите начини за нејзино реално демонстрирање и зацврстување е токму ваквиот вид на дружење, подобро запознавање на синдикалците и градењето на фер спортски однос.„Оваа традиција што Македонскиот полициски синдикат ја има воспоставено низ годините наназад е токму таква убава можност во која секогаш се наоѓаат и дополнителни форми за квалитативно збогатување на тоа дружење, вредности и цели кои го спојуваат убавото и корисното.“, потенцираше Спасовски.Меѓудругото министерот Спасовски во оваа прилика искажа посебна благодарност до претседателот на Советот на Европски полициски синдикати г. Рикардо Валадас за неговите особени заложби во промовирањето на нашата убава земја , нашето министерство за внатрешни работи и синдикализмот насекаде во светот.Пред почетокот на Синдикалите игри од страна на присутните со едноминутно молчење им беше оддадена почит на загинатите бранители на МВР и на починатите во пожарот во модуларната болница во Тетово

Македонија | пред 4 години

beni

Бени Шаќири: Шилегов е самобендисан, нема да ги добие моите гласови

Со акутелниот градоначалник, Петре Шилегов сме познаници, не сме пријатели, изјави музичарот Арбен Бени Шаќири, кој е кандидат за градоначалник на Скопје на ДОМ и ЛДП. Тој вели дека Шилегов е самобендисан и дека во вториот круг не би ги добил неговите гласови, иако Шилегов јавно рече дека Бени му е другар и дека неговите гласови ќе ги добие во втор круг.Најмногу ми пречи лицемерието, пасивен беше три и пол години и сега прави офанзивна во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година“, изјави Шаќири во гостување на Сител.-Најмногу ми пречи лицемерието, пасивен беше три и пол години, и сега прави офанзива во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година, додаде тој.За тоа што не успеа да стане директор на Младинскиот културен центар, иако таа функција била предвидена првично за него, Бени вели дека тоа била една „од најпаметните одлуки на Шилегов“.-Некој мора да го води тој центар, добро е што не ме назначи Шилегов таму, тоа му е една од најпаметните одлуки. Ќе требаше да се занимавам со се, освен со културата. Таму не сакаа човек од надвор, рече тој.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Приведен Албанец, бил баран од Интерпол

На 12.09.2021 во 02.10 часот на граничен премин „Meѓународен Аеродром Скопје“ од полициски службеници е приведен И.J.(50) од Р.Албанија бидејќи по извршена пасошка контрола и проверка во службената евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ издадена од Интерпол затоа што е предмет на потрага.Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се судрија моторцикл и Мерцедес во Сопиште

На 11.09.2021 во 19.00 часот во Скопје на ул.„1“-Сопиште се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки управуван од Н.К.(26) од Скопје и патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.Ш.(77) од Скопје.По несреќата Н.К. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

soobrakajka-696x463-312863

Сообраќајка во Штип, едно лице во болница

На 11.09.2021 околу 20,50 часот во Штип на ул.„Велко Влаховиќ“ во близина на мост на река Брегалница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген Т-Рок“ со штипски регистарски ознаки управувано од З.С.(46) од Штип и патничко моторно возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки управувано од Ј.П.(56) од Штип.По несреќата возачот Ј.П. е пренесен во клиничка болница-Штип каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. За несреќата е известен јавен обвинител, а увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Штип.

Македонија | пред 4 години

traktor-1

Скопјанец со тешки повреди откако со трактор излетал од пат

На 11.09.2021 во 13.00 часот во Скопје на пат Драчево - Планинарски дом „Караџица“, трактор „стеелс“ со скопски регистарски ознаки, управуван од К.М.(64) од Скопје изгубил контрола и излетал од патот.По несреќата К.М. бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Известен е јавен обвинител, а увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Утре и задутре без струја повеќе делови на Скопје

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре, без електрична енергија ќе останат:Во периодот од 10:00 до 14:00 часот, корисниците на дел село Волково, ул.24. ( општина Ѓорче Петров );Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците на дел од населба Лисиче – подулица Врполе бр. 1, 3 и 5, дел од ул. Мите Богоевски (објектите со реден број од 40-52) (општина Аеродром )Во периодот од 09:30 до 10:30 часот, корисниците на дел од ул. Гиго Михајловски зграда бр.9 влез 3 ( општина Карпош )На ден 14.09.2021 година ( вторник ), без електрична енергија ќе останат:Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците на дел од ул. Леринска и Загребска. ( општина Карпош )Во периодот од 09:00 до 11:00 часот, корисниците на ,,Млекара“ бензиска пумпа – Сарај, стопански објекти „Адеми Иљаз“, „Ислам Абази“ ( општина Сарај )

Скопје | пред 4 години

danela-arsova-2

Покрај урбанистичкиот и сообраќаен хаос, примарен фокус ќе ми биде културата, уметноста, спортот, вели Арсовска

Тука кај нас во Македонија и воопшто на скопјани им е преку глава од политизација од партиски препукувања и од сето она кое што секојдневно го гледаат, вели Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Град Скопје во интервју за централниот дневник на ТВ Телма.Арсовска посочи дека планира фокусот на нејзиното работење да биде базирано токму на квалитет и добро менаџирање, нагласувајќи дека како родена скопјанка сака од Скопје да направи подобар град.„Верувам дека можам со квалитетите да бидам едно освежување како што вие напоменавте на политичката сцена и покрај тоа што јас не сум политичар и никогаш не сум се занимавала со политика. Планирам фокусот на она кое што ќе го направам и кое што го правам до сега да биде базирано на квалитет, да биде базирано на менаџирање и практично да го дадам најдоброто од себе. Пред се одлучив затоа што сметам дека како родена скопјанка, како некој кој што целиот свој живот го живее тука, како мајка, како сопруга, како некој кој што сака моето дете да остане во Македонија, да направам нешто подобро за овој град, вели Арсовска“, потенцираше Арсовска.Арсовска додаде дека кампањата за локалните избори ќе биде исклучиво позитивна бидејќи како што рече на скопјани покрај сивилото во кое што сега живеат сакаат да видат свежина, а како што потенцираше покрај урбанистичкиот и сообраќаен хаос, фокус ќе биде културата, уметноста, спортот и се она што е значајно за скопјани да живеат поубаво.„Она кое што можам да го кажам за мене е дека мојата кампања ќе биде крајно позитивна. Верувам дека сите како што напоменавте на почетокот во сивилото и во она кое што сега ни се случува сакаат да видат некој кој што може со свежина, со позитивно да им го врати и духот и животот на скопјани, и она кое што за нив е значајно и да се почувствуваат едноставно како да живеат во една светска метропола, каде што ќе има фокус не само на овие примарни и важни работи како урбанистичкиот хаос, како разрешување на проблемите кои што се имаат во сообраќајниот хаос и оној метеж кој што го гледаме секојдневно во градот, туку и да има еден примарен фокус на културата, на уметноста, на спортот и на сето она кое што е значајно за да живееме поубаво“ изјави Арсовска.

Скопје | пред 4 години

stevanovic

Стевановиќ: Модуларните болници спасија многу животи, верувам дека се безбедни

Илјадници пацинети кои се лекуваа беа спасени, вели во интервју за РСЕ директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, откако пожарот во Тетово однесе 14 животи.- Видете, јас верувам дека се безбедни. Сите тие имаат свој технички прием и градежни документи без никаква замерка. Еве да зборувам за модуларната болница која има капацитет дури од 70 легла и е припиена кон Клиниката за инфективни болести. Да ве потсетам, илјадници пациенти беа спасени од тешка клиничка слика од ковид, од средно тешка клиничка слика на ковид и ние не можеме да кажеме дека модуларната болница не е начин за едно квалитетно згрижување и третирање и нега на пациентите, изјави Стевановиќ на едно од прашањата.Директорката тврди дека многу пациенти кои не верувале во болеста пред да дојдат на клинката, на цела среќа многумина од нив се излекувани и на еден многу потежок начин го смениле ставот и ја откриле вистината.

Македонија | пред 4 години

kurto-dudush

Курто нема да оди со СДСМ, туку со ДОМ и ЛДП за нов мандат во Шутка

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, сепак ќе учествува на локалните избори во својата општина, но како кадар на коалицијата ДОМ и ЛДП, дознава „Фокус“.Претходно, СДСМ одлучи наместо со Дудуш, да се трка во оваа општина со претежно ромско население со Ферат Асан, кој беше и кандидат за пратеник од редовите на оваа партија на последните парламентарни избори.Се очекува ДОМ и ЛДП денес да го промовираат Дудуш како свој кандидат.

Македонија | пред 4 години

makstil-1024x679

Вработен во Макстил заврши на ургентен

Макстил АД информира дека во текот на редовното работење во трета смена во погонот Челичарница е настанат инцидент при што е повреден еден вработен. „На вработениот веднаш му е пружена прва помош и истиот е пренесен во ургентниот центар на универзитетската клиника за понатамошен третман. Истиот е вон животна опасност.Случајот е пријавен во надлежните институции чии екипи излегоа веднаш на самото место на настанот. Макстил АД по итна постапка формираше комисија за детална интерна истрага за утврдување на околностите под кои настанал инцидентот и повредата, како и за одговорноста за истите“, стои во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Stado

„Стадо“ - изложба на Dreadpen и Ања Калин вечерва во МКЦ

Вечерва, со почеток од 19:30 часот во МКЦ (Галерија 2) ќе се отвори „Стадо“ - изложба на Давид Ристевски - Dreadpen и Ања Калин.Во фокусот на оваа изложба се токму секојдневните проблеми и негативните општествени појави, како и барањето начин да се поттикне нивното решавање. Фотографиите зборуваат за неправдата, бездомништвото, климатските промени, лошото образование, половата (не)еднаквост, дискриминацијата, булингот…Во рамките на изложбата ќе бидат претставени фотографии од нашето поднебје, кои ќе ги опфатат горенаведените проблеми и негативни општествени појави, но и ќе ги претстават на еден поширок, глобален план. На истите фотографии ќе бидат застапени и илустрирани елементи, кои ќе го потенцираат односниот проблем и ќе го надополнат неговото значење. Покрај комбинацијата на фотографии и илустрации, во склоп на изложбата ќе биде направена статуа на овца со големина 2×1 м2, што ќе биде своевидна синтеза на целата изложба. На нејзината површина креативно ќе бидат претставени (испишани и исцртани) сите теми претставени на фотографиите, во графити/стрит-арт стил. Проблемот е во сите нас, сите сме причинители и сите сме вклучени во неговото решавање. Не треба да се чекаме, мораме да почнеме да го решаваме ВЕДНАШ.

Магазин | пред 4 години

mkd-355369

Одземени лиценци на три нафтени компании

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги донесе одлуки со кои ги одзема лиценците за вршење на енергетска дејност на три друштва за трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт.На Друштвото за градежништво, трговија и услуги ГУЛИВЕР ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ му се одзема лиценцата за вршење на енергетската дејност трговија на големо со Еуродизел БС. Исто така одземена е лиценцата за вршење на енергетска дејност за трговија на големо со мазут – М1 (НС) на Друштвото за трговија, градежништво и услуги ПЕРТИНАКС ДООЕЛ Скопје. Додека на Друштвото за трговија со технички гас и опрема БАШИНО ГАС извоз-увоз ДООЕЛ Велес е одземена лиценцата за трговија на големо со течен нафтен гас (ТНГ).Одлуките за одземање на лиценци се донесени затоа што посочените трговци на големо немаат складишни капацитети за чување на резерви на нафтените деривати, што всушност се основни средства и услов за вршење на енергетска дејност.„Донесовме одлуки со кои ги одзедовме лиценците на тројца трговци за поединечни нафтени деривати за кои утврдивме дека не ги исполнуваат условите од Законот за енергетика и Правилникот за лиценци. Гуливер нема да смее да увезува и тргува со Еуродизел БС, додека Пертинакс нема повеќе лиценца за тргување и увоз со мазут – М1 (НС), а Башиногас нема да смее повеќе да увезува и тргува со течен нафтен гас (ТНГ). Овие трговци не поседуваат соодветни складишни капацитети за чување на дериватите – што претставува основно средство за работа и е услов за добивање на лиценца. РКЕ во изминатиот период теренски ги зајакна контролите врз трговците и со истите ќе продолжи.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Македонија | пред 4 години

Ohrid-fest-2021-1

Откажан „Охрид фест 2021“

Годинашното издание на фестивалот „Охрид фест 2021“ ќе се снима и тоа без присуство на публика, а ќе се емитува после деновите на жалост. Вака одлучи организаторот, по одлуката на Владата да прогласи тридневна жалост, по трагедијата која настана во модуларната болница во Тетово.Од таму велат дека фестивалот, чие одржување беше закажано за 10-ти односно 11-ти овој месец, не може целосно да се откаже, бидејќи се работи за настан на кој е предвидено учество на музички имиња од поширокиот регион, кои се веќе пристигнати во Охрид.„Сочувствуваме со болката на семејствата на жртвите во несреќата во Тетово. Бидејќи фестивалот требаше да се одржи на 10 и 11 септември, се одлучивме истиот да се снима, без присуство на публика, без новинари и без доделување награди. Ќе се искористи само сцената на Долни Сарај, нема да има озвучување, а по договор со МРТ, ќе се емитува по деновите на жалост“, рекоа од Советот на Охрид Фест.

Магазин | пред 4 години

policija

За 24 часа казнети 520 возачи

Во текот на вчерашниот ден (11.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 520 возачи. Од нив, 48 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 246 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 274 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

Svadba

Не им дошле на свадба, па им испратиле фактура на гостите

Младиот брачен пар Даг Симонс и Дедра Мекги одлучија по свадбената церемонија да испратат казна на сите гости кои не дојдоа, во форма на фактура.Сите гости кои не дојдоа добија е-маил фактура во износ од 240 долари, со образложение дека се работи за парична казна за местото кое било платено за нив, а тие не се појавиле, ниту пак однапред кажале дека нема да дојдат.„ Го потврдивте вашето присуство на венчавката, а потоа не се појавивте. Ги плативме вашите места однапред. Кажете ни кој начин на плаќање ви одговара, благодарам”, стои во нивното прилично официјално писмо.Сметката брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика вистинска дебата меѓу луѓето. Додека некои мислат дека ова е претерано и грубо, на некои пак им е жал што не им текнало на оваа идеја кога имале свадба. „ Жал ми е што и јас не се сетив на тоа. Јас и мојот сопруг скапо ја плативме храната што подоцна беше фрлена, бидејќи гостите не се појавија”, коментира една жена.„Не треба да го правиш ова, ќе изгубиш пријатели“, напиша друг човек.Двојката се обрати откако нивната сметка стана популарна.„ Четири пати ги прашавме гостите дали можат да дојдат и сите одговорија дека можат. Плативме однапред, а тие не се појавија. Не се грижевме за парите, туку за тоа како се чувствувавме на нашиот голем ден. Тоа е изразување непочитување кон нас. На крајот, ние не би зеле ничии пари, но сакавме да им покажеме дека тоа не е во ред “, рекле тие за „The Post“.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Ресен и Преспа денес 10 часа без струја

Жителите на градот Ресен и на сите населени места во Преспа денеска од 8:00 до 18:00 часот ќе бидат без напојување со електрична енергија, поради реконструкција на дистрибутивната мрежа.– Поради реализација на зафатот, во овој период без снабдување ќе остане цела Општина Ресен, односно градот Ресен и сите населени места во Преспа – велат од „ЕВН Македонија“.

Македонија | пред 4 години

roling

Менаџерот на „Ролинг стоунс“ починал додека копал гроб за своето куче

Менаџерот на музичката група „Ролинг стоунс“, Мик Бригден почина на 74 годишна возраст. Toj починал додека му го копал гробот на своето угинато куче, пишува People.Неговата сопруга ја соопштила тажната вест. Таа рече дека по несреќата тој веднаш бил однесен во болница, но, дека лекарите не успеале да го вратат во живот.Мик е роден во Англија и е познат по неговата соработка со еден од најпопуларните бендови во светот, „Ролинг стоунс“, потоа музичарите Боб Дилан, Ван Морис, Карлос Сантана и многу други.На почетокот на кариерата бил графички дизајнер и работел во Канада, но, брзо сватил дека не е за таа професија, па по средбата со фронтменот на групата на Mountain, Феликс Папаларди, тој почнал со менаџерството.

Магазин | пред 4 години

Skopje-Light-Art-District-2021-10

Заврши 4-тото издание на фестивалот Skopje Light Art District

Вчера заврши 4-тото издание на меѓународниот фестивал на светло и светлосна уметност, Skopje Light Art District.25 уметници од 14 земји изминатите 4 дена со помош на своите светлосни дела, инсталации и светлосни перформанси го обоија Скопје и ги забавуваа скопјани.Во знак на солидарност поради трагичниот настан со пожарот во КОВИД 19 болницата во Тетово и прогласената тридневна жалост на територија на цела држава, изминатите денови светлосните инсталации беа активни, но без музика и звук. Уметниците на 14 јазици испишаа пораки на надеж, кои потоа беа проектирани на бината Школка, една од локациите на овогодинешното издание на светлосниот фестивал.Продукцискиот тим и уметниците од Skopje Light Art District упатуваат голема благодарност до сите граѓани кои беа дел од овогодинешното издание. Меѓународниот фестивал на светлосна уметност, Skopje Light Art District, во организација на ЈУ Универзална сала и Град Скопје, е дел од ROCK проектот, во рамки на програмата Хоризонт 2020 на ЕУ наменета за истражување и иновации.

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2021-08-19-at-11.04.38

Заев призна дека директно е вмешан во истрагата, затоа мора да си поднесe оставкa, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Заев не смета дека Филипче има морална одговорност, тогаш тој прејудицира дека нема ниту кривична одговорност, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Венко Филипче има најмалку морална одговорност за траорната несреќа која се случи во Тетово и во која животот го загубија 14 наши сограѓани. Токму затоа оставката е неопходна.Оставките не треба да застанат со Филипче. За да може да се спроведе непристрасна и независна истрага за случајот потребни се оставки и од Артан Груби и од Зоран Заев.Само со оставки на Филипче, Груби и Заев ќе имаме непристрасна истрага, од која ќе се утврди и вина.Заев призна дека директно е вмешан во истрагата за ужасот во Тетово, затоа мора да си поднесат оставки и да ја ослободат истрагатаПатот е јасен. Оставки на Филипче, Груби и Заев, па непристрасна истрага, и на крај кривична одговорност.Не може 14 луѓе живи да изгорат, а никој од власта да не е виновен за ништо.Одговорност мора да има. Зошто ако сега се премолчи, слични или полоши ситуации може да ни се случуваат повторно.Да не дозволиме неказнивоста да стане правило. Време е за одговорност“, стои во соопштението

Македонија | пред 4 години

policija-2

224 казнети возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 224 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 133 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, 12 за возење под дејство на алкохол. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 41 за непрописно паркирање.Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Скопје | пред 4 години

VREMENSKA-PROGNOZA-VRNEZI-OBLACNO

Од утре промена на времето

Времето утре ќе биде претежно облачно, на југозападот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 29 степени. УВ=5Во Скопје претежно облачно. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 26 степени.Од понеделник следува период на сончево и топло време.

Македонија | пред 4 години

241694960_4228595190592046_6354759448423366630_n-960x640

Богоев се прости од директорката на „Мајски цвет“,

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев на својот фејсбук профил се прости од директорката на детската градинка „Мајски цвет“, Ангела Ангеловска Усовска.„Денеска згасна животот на нашата Ангела Ангеловска Усовска, директорка на детската градинка „Мајски цвет“.И јас и општината ќе ја паметиме пред сѐ како извонреден човек, ведра личност и голем работник.Да не беше Ангела немавме да имаме и толку успеси на полето на детската заштита и предучилишното образование во Карпош.Заедно го отворивме објектот „Јасмин“ во Тафталиџе 2, а минатата година ја реконструиравме и „Мајски цвет“ во Тафталиџе 1.Секогаш насмеана, многу креативна и ненаметлива… Чекор пред времето, како во воведувањето на здраво мени по градинките и современи дидактички материјали, така и во односот со кадарот, родителите, со сите нас.Ангела, ти благодарам за тоа што ми беше соработник. Чест ми беше што те познавав и што заеднички сработивме многу.Си отиде највредниот „мајски цвет“, но ги повикувам сите вработени во градинките да го продолжат нејзиниот пат, да се грижат за дечињата и условите, како што Ангела тоа го правеше.Изразувам искрено сочувство до семејството. Загубата е голема. Ангела зад себе остави резултати за два животи, кои се вредни за целата заедница. Јас лично, но и општината остануваме на располагање на семејството.Слава и“, напиша Богоев.

Скопје | пред 4 години

pretepal-do-smrt

Го однеле на „Цареви Кули“ и го истепале

На 10.09.2021 во 16.30 часот во СВР Струмица, М.Е.(22) од Струмица пријавил дека додека бил во неговиот дом во Струмица заедно со неговото семејство биле физички нападнат од М.Н., Е.Н., М.Н. и уште едно лице, по што пријавителот од  пријавените со возило бил однесен на место викано  „Цареви Кули“ каде повторно бил физички нападнат од претходно пријавените и уште две лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања