Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

grubi-4

Груби за оставките: Кога доаѓаш од народот, не постои начин да постапиш поинаку

Вицепремиерот Артан Груби преку Фејсбук објава ги искоментира оставките на на заменик-министерот за здравство Илир Хасани и директорот на тетовската болница Фљорин Бесими.-Кога доаѓаш од народот, не постои начин да постапиш поинаку.И Илир и Флорин нема да престанат со нивниот придонес за граѓаните и општеството. Тие се со нас и блиску до граѓаните. Дури и вечерва ќе ги најдете на должност, помагајќи им на пациентите без оглед на нивната јавна функција, напиша Груби.

Македонија | пред 4 години

kiceec

Кичеец уште викендов во притвор

Зоран Милевски Кичеец, осуденик на три години за случајот „Рекет“, ќе биде уште викендов во притвор, дознава СДК, по сообраќајната несреќа во која тој учествуваше, а во кое загина едно лице.Гостиварскиот основен суд вчера доцна попаладне го укина 30 дневниот притвор на Зоран Милески – Кичеец. Веднаш потоа решението е испратено до затворот во Шуто Оризари, каде што ја издржуваше мерката притвор. Тоа значи дека тој се враќа на издржување на затворската казна во затворот во Струга.Во меѓувреме Кичеец ќе го чека обвинението за сообраќајката, по што треба да биде појасно каков ќе биде неговиот затворски третман.Кога ќе биде поднесено новото обвинение, тогаш директорот на затворот Струга треба да формира комисија и таа одлучува за укинување на привилегиите што ги имал до сообраќајката.Соговорниците од Управата немаат одговор што ќе се случи од понеделник со слободното движење на осуденикот Милески. Велат дека тоа е ингеренција на директорот на затворот во Струга и дека за случајот на Милески, ќе се бара решение во Законот за извршување на санкциите.

Македонија | пред 4 години

241180935_550976056140047_1763023106788836191_n

За пожарот кај Велес ќе се активира и ПП возот

Пожарот кој во текот на вчерашниот ден се појави покрај пругата Скопје-Велес, поточно пред ЖС-Рајко Жинзифов кај село Сл'п, зафаќа површина од околу 200 ha ниско стеблеста шума, трња и габер.„Во моментот на терен се екипа од ШС Бабуна со 10 вработени, ТППЕ Велес со 6 пожарникари и 2 возила. Според информацијата добиена од терен не постои можност за проширување на пожарот кон с. Карабуњиште и с.Сл'п. Пожарот во 13.00 ч. во горниот фронт е ставен под контрола, додека во долниот дел околу железничката станица, заради временските услови, односно појава на ветер истиот повторно е активен и е во непристапен терен.Од страна на Македонски железници е доставено околу 200 L вода за полнење на мешаните (напретњачи), исто така според последните информации ќе биде активиран и ПП возот. Екипите од ШС Бабуна и ТППЕ Велес остануваат на терен до целосно ликвидирање на истиот“, информираат од Центарот за управување со кризи.

Македонија | пред 4 години

velosiped

Велосипедистка заврши во болница, во неа удрил мотоцикл

Осумнаесетгодишна девојка со тешки повреди е пренесена во болница откако во неа удрил мотоцикл.Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на ул.Јордан Мијалков во Скопје, кога мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ш.(51) од Скопје, удрил во велосипедистката Е.Ѓ.(18) од Скопје.Е.Ѓ. била пренесена во градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде што од доктор ѝ се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

maksim

Максим Димитриевски ја објави листата на кандидати за советници

Независниот кандидат за градоначалник и актуелен градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска ја објави листата на кандидати за советници, со која заеднички ќе настапат на претстојните локални избори кои треба да се одржат на 17 октомври под иницијативата „За наше Куманово“.Димитриевски потенцира дека кандидатите за советници се од различен профил, професионални и стручни во својата област.„Вредни и одговорни. Доволно мотивирани за заеднички да направиме напредок за нашиот град. Уверен сум дека граѓаните ќе ни ја дадатдовербата затоа што работиме домаќински и чесно, исклучиво во нивен интерес. Почитувани граѓани, Ви благодарам за досегашната поддршка и Ви ветувам – по победата ќе продолжиме заеднички да го градиме Куманово во европски, модерен и чист град на сите Кумановчани!“, порачуваДимитриевски.Листата за кандидатати за советници на иницијатива За наше Куманово:– Кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, воедно и актуеленградоначалник– Листа на кандидати за советници на Општина Куманово:1) Носител на листа: Ивана Ѓорѓиевска – Филолог по општа и компаративнакнижевност и македонски јазик2) Дарко Митевски – Доктор по ветеринарна медицина3) Јадранка Стаменковска – Доктор специјалист епидемиолог4) Николај Павловски – Студент по меѓународни односи при НИУ “ВШЕ” воМосква, РФ5) Лидија Костиќ – Диоломиран професор по одделенска настава6) Бетим Хајдари – ССС – Медицински техничар7) Мирјана Прокиќ Младеновиќ – Доктор по општа медицина8) Зоран Јовановски – Пензионер – Дипломиран инжинер – Поранешенначалник на униформирана полиција при СВР Куманово9) Дарко Петковски – Дипломиран професор-тренер на Факултет за физичкакултура10) Борис Станковски – Апсолвент на Факултет за безбедносни науки –Пожарникар11) Реџеп Реџеповски – Пензионер – Олимпиец, сребрен медал во бокс изаслужен спортист12) Гордица Бошковска – Пензионер – Дипломиран правник13) Филип Колевски – Дипломиран професор по физичка култура14) Бојана Младеновска – Дипломиран Логопед15) Марјан Стошевски – ССС (Геодетски техничар)16) Мирослав Стајевски – ССС17) Александра Марковска – Дипломиран Економист18) Ладислава Крстиќ Милосављевиќ – Доктор специјалист по Интернамедицина19) Афрдита Авдили – Дипломиран правник20) Далибор Зафировски – ССС – Хемиско технолошки техничар21) Стефан Петковски – Дипломирал на факултет за Детективи и безбедност22) Јелена Мишиќ – Дипломиран економист, финансиски менаџмент23) Зоран Јаневски – Дипломиран економист24) Мирољуб Пауновиќ – Дипломиран професор по физичко и здравственообразование25) Тања Тодоровска – Дипломиран музичар, теоретичар, педагог, изведувачна народни инструменти26) Владимир Павловски – Дипломиран Економист27) Александар Јовановиќ – Дипломирал на факултет за физичка култура28) Цветанка Ивановска – Магистер по менаџмент на еколошки ресурси29) Христина Алексовска – Дипломиран професор по македонска книжевностсо Македонски јазик30) Дејан Стојановски – Дипломиран професор во предучилишно воспитување31) Драган Јаневски – Дипломиран електро инжинер32) Мила Жибак Димковска – Доктор на економски науки33) Даниел Стојчевски – Магистар по правни науки

Македонија | пред 4 години

niva-so-kanabis

30 дневен притвор за скопјанец, пронајдени 24 стебла канабис

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекусори,, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.З.(45) од Скопје.На него, одредена му е мерка притвор од 30 дена.При претрес извршен на 04.09.2021 година, во куќа, сопственост на неговата мајка, во селото Долно Мелничани, општина Центар Жупа, полициските службеници пронајдоа насади со 24 стебла од растението Канабис како и 5 стебла насадени во пластични саксии.

Скопје | пред 4 години

granica-so-srbija

Приведени жители на Косово, илегално преминувале граница

На 10.09.2021 околу 10,30 часот на граничен премин „Долно Блаце“ на место викано „Дупки“ од полициски службеници приведени се А.Б.(23) и К.С.(30) двајцата од Р.Косово поради обид за илегално преминување на државната граница.Лицата се предедени на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал и миграции- Скопје за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

vmro_dpmne

Писмото на директорите на ЈЗУ е за спас на фотелјите, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Писмото на директорите на ЈЗУ за спас на Венко, е писмо за спас на нивните директорски фотелји во ситуација кога и Филипче, и Артан, и Заев треба да си дадат оставки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Тоа писмо за спас на фотелјите ги обвистини и партиските директиви на СДСМ за организираното жалење за оставката на Филипче за која Заев се уште не се изјаснил дали да ја прифати.Тоа значи дека ниту Заев не чувствува морална одговорност.Очигледно СДСМ повеќе се грижи за фотелјата од независна истрага.Протестот на граѓаните од Тетово праќаат порака дека народот бара одговорност за ужасната несреќа. До нејзе ќе се дојде само преку неутрална истрага која ќе се случи само ако Заев, Филипче и Груби си дадат оставки за да не влијаат на истата“, стои во соопшетнието.

Македонија | пред 4 години

ilija-dimovski-7-670x437

Илија Димовски за Филипче: Ако имаше оставка ќе се поднесеше до Собрание

Илија Димовски, поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека министерот за здравство Венко Филипче не поднел никаква оставка, бидејќи , како што вели, тој би ја поднел до Собранието, а не до премиерот Зоран Заев.„ Воопшто немаше оставка… Да беше оставка, ќе се поднесеше до органот кој го избрал, а тоа е Собрание на Република Македонија.-Да беше оставка, за неа не одлучува никој, туку Собранието ја констатира на првата наредна седница… (читајте Устав). Да беше по Устав и право, ама не е…Да беше по морал и етика, ама не е…“ напиша Димовски.Тој оценува што ќе значи ако премиерот Зоран Заев ја прифати и отфрли оставката на Филипче.„Ако Зоран Заев ја прифати оставката ќе ја згази СДСМ… Ако Зоран Заев не ја прифати оставката, ќе се згази себе“, вели Димовски.

Коментари | пред 4 години

9EF9EC26-E7F3-4163-9C96-91265492A888

Кандидатката на Левица за Аеродром за противкандидатите: Тие “бањати” од елитите, јас “небањата” од работничка класа

Актуелниот пратеник Тимчо Муцунски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во скопската општина Аеродром на претстојните локални избори. Александар Филиповски, дипломиран економист и поранешен пратеник, е кандидат на СДСМ. Левица, пак, најави дека во Аеродром ќе оди со Весна Кираџиева, дипломиран криминалист и атлетски репрезентативец. Токму Кираџиева ги искоментира противкандидатите.“Си ја ѕирнав конкуренцијата, како по обичај пред секој натпревар. Добив дежаву, имам чувство дека ќе трчам со Марин и Коневски. Дечките се од угледни семејства на елитите, 'бањати' што би рекле твитерџии, од семејства на дипломати, пратеници, не како мене 'небањата' од семејство на работничка класа. Некои аеродромци не се сигурни дали истиве живеат во Општина Аеродром, ама ете, според личните карти имаат стан и тука, па влегуваат во трката”, пишува кандидатката.“Јас пак ептен добро си ги знам аеродромци, цел живот сум тука и знам кој менталитет ми се соседите, пријатели, семејството кое живее во мојата општина, знам дека им е здосадено од маринци и коневци да ни ја газат општината и во наредни четири години, ова го зборувам како дел од народот, не како кандидатка за градоначалничка. И знам дека нема да потпаднат под истата замка да гласаат за некој само затоа што има партија зад себе и никој ништо не им може, владеат како монарси. Знам дека аеродромци сакаат конечно промени, некој нивни, некој од нив, некој кој разбира од каде доаѓаат, кој ја разбира маката на вредната, работничка класа, која за жал е фрлена на работ на општеството, изгубени во лавиринтите на лошо менаџирана администрација, некој кој слуша и послушува, некој кој ќе се бори за нив.Мора да почнеме од некаде да ги менуваме работите за подобри услови за живеење на сите, а тоа некаде, е тука и сега, на локално ниво. Во духот на спортот и ферплејот, нека победи најдобриот! Нека победи народот!”, додава таа.

Скопје | пред 4 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

22 починати, 609 нови случаи на Ковид 19

Во последните 24 часа се направени 6.542 тестирања, а регистрирани се 609 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 276, Куманово – 50, Струмица – 36, Штип – 21, Велес – 20, Охрид и Кавадарци – по 18, Гостивар и Битола – 17, Кичево, Струга и Радовиш – по 15, Прилеп – 14, Кочани – 11, Тетово и Берово – по 9, Ресен – 6, Гевгелија, Свети Николе, Дебар, Валандово и Кратово – по 5, Виница – 4, Крива Паланка, Делчево и Пехчево – по 3, Неготино – 2, Македонски Брод и Македонска Каменица - по 1.Регистрирани сe 347 оздравени пациенти од: Скопје – 173, Тетово – 25, Куманово – 24, Струмица - 22, Гостивар – 15, Штип – 14, Кичево – 13, Велес – 8, Берово и Делчево – по 6, Кавадарци, Прилеп и Македонска Каменица – по 5, Радовиш, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Неготино – 3, Битола, Ресен и Гевгелија – по 2, Крива Паланка, Кочани, Валандово, Кратово и Виница – по 1.Пријавени се 22 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 66г, 73г, 77г, 78г и 81г), 5 починати лица од Струмица (45г, 52г, 64г, 71г и 82г), по 2 починати лица од Прилеп (51г и 82г) и Струга (70г и 80г) и по едно починато лице од Тетово (54г), Гостивар (64г), Берово (72г), Кавадарци (54г), Куманово (46г), Крива Паланка (72г) и Дебар (65г).Сите пријавени се починати во болнички услови.Направени се 6.542 тестови преку: ИЈЗ-297, ЦЈЗ Скопје-53, ЦЈЗ Битола-78, ЦЈЗ Прилеп-67, ЦЈЗ Тетово–84, ЦЈЗ Куманово-88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-152, Авицена-324, Биотек-588, Систина-107, лабораторија Лаор-439, Синлаб-46, Ремедика-42, Плодност–102, Генеа-7, Никоб лаб-853, ВФВ Медикал-145, Ели Медика-182, Ројал Медика –63, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.657.Досега во земјата се направени вкупно 1.218.501 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.059, бројката на оздравени пациенти е 163.417, на починати е 6.236, а бројот на активни случаи изнесува 13.406.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 79074, Активни 5828Куманово 10701, Активни 884Тетово 10639, Активни 1175Прилеп 8803, Активни 276Гостивар 7865, Активни 727Битола 6859, Активни 281Велес 5906, Активни 243Охрид 5691, Активни 572Кавадарци 5614, Активни 198Струмица 5453, Активни 552Штип 5429, Активни 221Кичево 3787, Активни 496Струга 3714, Активни 631Кочани 3064, Активни 111Гевгелија 2326, Активни 74Неготино 2274, Активни 51Свети Николе 1769, Активни 122Ресен 1464, Активни 108Дебар 1429, Активни 212Радовиш 1418, Активни 111Крива Паланка 1319, Активни 64Берово 1177, Активни 60Делчево 1095, Активни 81Виница 986, Активни 44Пробиштип 876, Активни 51Валандово 768, Активни 37Богданци 539, Активни 31Крушево 518, Активни 20Кратово 501, Активни 57Македонски Брод 450, Активни 40Демир Хисар 418, Активни 11Демир Капија 404, Активни 3Пехчево 307, Активни 11Македонска Каменица 284, Активни 20Дојран 138, Активни 3

пред 4 години

mizrahi

ВИДЕО: Мизрахи смета дека оставката на Филипче е изнудена, од кого?

Оставката на Венко Филипче е изнудена, потребна е кривична одговорност која ќе даде одговор за пропустите за работењето на болницaта, изјави Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.Според неа, оставката на Филипче не е морална одговорност туку е изнудена. Според неа, ако Филипче чувствувал морална одговорност ќе дал оставка уште првиот ден по несреќата.„Овој пат понудената оставка е изнудена под притисок на објективната јавност која со право бара одговори од оние кои се надлежни за хоророт и ужасната трагедија во која завршија 15 животи. Но, моралната одговорност за една таква оставка за која се уште не се знае дали ќе биде прифатена не ги дава одговорите кои ги бара јавноста, и уште повеќе не праќа порака до сите сегашни и идни функционери дека не смеат да си поигруваат со животите на нашите граѓани“, рече Мизрахи.Според неа, потребна е кривична одговорност до која ќе се дојде преку објективна и неутрална истрага која мора да биде реализирана.„Вистинските прашања на кои истрагата и кривичната одговорност треба да даде одговор се пиврзани со пропустите кои доведоа во болница, објект под надлежност на министерството за здравство и Владата да згаснат 15 животи. Каков бил проектот и тендерот за изградбата на болниците? Како се градени модуларните болници? Со каков материјал, зошто огнот толку брзо продрел и дали болниците имаат употребна дозвола? Зошто според сведоштвата на преживеаните во болницата немало ниту еден противпожарен апарат? Зошто роднини на болни биле во болницата и дали се работи за недостаток на медицински персонал наспроти уверувањата на Филипче и Заев во текот на целата здравствена криза дека се под контрола и дека институциите имаат сопствен капацитет во справувањето со предизвиците“, рече Мизрахи.Одговорите на овие прашања, додаде таа, треба да ги даде објективна истрага, а таа не е можна додека оставка не си дадат Венко Филипче, Артан Груби и Зоран Заев.

Македонија | пред 4 години

03092021_PVRSM_Zaev_promocija-na-kampanja_2

По пожарот и жртвите во тетовската болница, Заев три дена го нема во јавност

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев веќе три дена по пожарот кој ја зафати модуларната болница во Тетово, нема дадено изјава за медиумите.Вечерта на 8 септември тој пристигна во Тетово, каде заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и министерот за здравство Венко Филипче направија обиколка на модуларната болница, на кратко разговараа и со роднините на лицата кои биле во болницата, но не се соочија со медиумите.Веднаш потоа во зградата на општината беше свикан Кризен штаб. По завршувањето на состанокот Заев не даде изјава за медиумите. На поминување рече дека не сака да шпекулира, а официјалните информации ќе остави да ги соопштат надлежните институции.Следниот ден на седница на владата преку писмено соопштение медиумите беа известени дека е прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава, како и дека ќе се обезбедат странски експерти за истраги при експлозии и пожари.Посета на модуларната болница направи и претседателот на државата Стево Пендаровски.„Инсистирам секогаш да има одговорност и морална и политичка и субјективна и објективна, но не можам да твордам во овој момент бидејки не знам дали постои основ за таква одговорност. Ние како држава мора да направиме темелна истрага за да нема сомнеж дека некој нешто прикрива“, изјави Пендаровски.Во меѓувреме министерот за здрвство Венко Филипче имаше две прес-конференции, а вчера ја понуди својата оставка.Во моментов се чека на премиерот да одлучи дали ќе ја прифати понудената оставка.

Македонија | пред 4 години

Zaev-Filipce

Заев денес ќе објави дали ја прифаќа оставката на Филипче

Премиерот Зоран Заев денеска ќе ја соопшти својата одлука за вчерашната оставка на министерот за здравство, Венко Филипче поради пожарот во тетовската модуларна болница во кој загинаа 14 луѓе, објави Сител.-Да. Ќе го соопштам мој став денеска, е одговорот кој телевизијата го добил од премиерот Заев преку СМС порака.Претходно Министерот Филипче, заедно со неговиот заменик, Илир Мета како и двајцата директори на тетовската болница поднесоа оставки. 

Македонија | пред 4 години

241512812_1145245629337057_637752155896196900_n

Од истрагата ќе зависи дали Заев ќе ја прифати оставката на Филипче и заменикот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се обраќа до јавноста и до претставниците на медиумите со соопштение кое се однесува на започнатата експертска истрага и на поднесените оставки за несреќата во ковид-центарот во Тетово.Обраќањето ви го пренесуваме во целост:„Почитувани граѓани,Огромни се тагата и жалоста низ кои поминуваме овие денови заедно со семејствата и блиските на загинатите при несреќата во тетовскиот ковид-центар. Веќе трет ден сведочиме дека трагедијата која се случи на 30-годишнината од денот на независноста ги покрена на највисоко ниво солидарноста кај граѓаните, респонзивноста на институциите и одговорноста на политичарите.Поднесените оставки од министерот за здравство Филипче, од заменик-министерот Хасани и од директорите на тетовската болница Бесими и Етеми ги примив и ги разбирам како висок морален и етички чин и како демонстрација на интегритет и одговорност која е неминовна при вакви големи несреќи.Истражните и правосудните органи спроведуваат исклучително темелна, професионална и брза истрага која мора да ги утврди до детаљ причините за избувнувањето на смртоносниот пожар. Кон стручноста и кредибилноста на истрагата ќе придонесат и форензичарите од Германската федерална криминалистика, за што веќе се реализираат подготвителни извидувања и активности и за што упатувам огромна благодарност до нашиот НАТО сојузник, Германија.Во овие моменти на национална трагедија и на целосна мобилизација на сите државни и општествени капацитети околу целосно расветлување на случајот, упатувам благодарност до сите чинители кои во исклучително краток рок спасија човечки животи, обезбедија сериозни информации и анализи при истрагата, обезбедија врвна стручна странска експертиза, покажаа огромно чувство на солидарност и сочувство и демонстрираа највисоко ниво на одговорност.Имајќи предвид дека истрагата се спроведува со висока динамика и дека истата е обезбедена со највисоко ниво на стручност и професионалност, мојата проценка и одлука по однос на поднесените оставките ќе ја базирам исклучиво на фактите кои ги добивам од истрагата односно исклучиво согласно утврдените причини за избувнувањето на пожарот. Очекувам тоа да се случи брзо во следниот период за што уште еднаш апелирам до сите институции за брза и темелна истрага.Одговорност има и ќе има, јасно утврдена врз основа на непобитни форензички факти, а не врз основа на политички пресметки.Апелирам до целиот народ, до јавноста и до претставниците на медиумите, сите да останеме фокусирани на истрагата и на фактите, да го одржиме силен националниот дух, иако сме облеани во тага, да бидеме ангажирани,  но и трпеливи, да ја поминеме оваа трагедија заедно и да помогнеме за никогаш повторно да не ни се повтори.Најавувам дека во текот на следната недела, во првиот момент откако експертската истрага ќе покаже нов посериозен напредок, ќе ги соопштам ставовите на Владата базирани на фактите од истрагата, на прес-конференција на која ќе одговарам на сите прашања од медиумите. Во меѓувреме, Владата, министерствата и сите надлежни институции остануваат отворени и достапни за сите ваши прашања.Овие денови, внимателноста при јавните комуникации е исклучиво заради потребата на ниту еден начин да не се влијае врз темпото и квалитетот на истрагата, но целиот процес се води целосно транспарентно и според највисоките институционални стандарди и протоколи.

Македонија | пред 4 години

GERMANSKI-FORENZIARI-750x430

Стигнаа германските експерти, ќе истражуваат што се случи во Тетово

Германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt) најавен од владата, пристигнаа денеска во Тетово, објави ТВ Алсат.Тие, како што е најавено, ќе помогнат во истрагата за пожарот во ковид центарот во Тетово во кој загинаа 14 лица.Тимот е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација.

Македонија | пред 4 години

1-1-1

Директори тргнаа да се бунтуваат: Не ја прифаќаме оставката на Филипче!

Директорите на Јавните здравствени установи во земјава испратија писмо до премиерот Зоран Заев во кое наведуваат дека не ја прифаќаат понудената оставка на министерот за здравство д-р Венко Филипче и посочуваат дека му даваат безрезервна поддршка да продолжи да ги води.-Почитуван премиер, во екот на четвртиот бран од пандемијата со корона вирусот, кога бројките на хоспитализирани и за жал починати пациенти не стивнувнаат и кога целиот здравствен систем се бори не само со короната, туку и со сите останати хронични и акутни болести, ни се случи една голема трагедија. Тетово не погоди сите нас, пред се како луѓе, лекари и како менаџери на здравствените институции во нашата држава. Секој изгубен живот е трагедија. Како за семејството, така и за нас, лекарите. Не сме имуни на болката по изгубениот живот, иако работиме во систем каде секојдневно се спасуваат и гаснат човечки животи. Болката ја носиме со себе. И Тетово е болка на сите нас. Изразуваме длабоко сочуство до семејствата и до најблиските на починатите. Нашите мисли се нив и нема зборови со кои може да ги утешиме, стои во писмото од директорите.Пандемијата, посочуваат тие, се уште трае и болниците се преполни со тешки пациенти.Потенцираат дека во моментов 1.112 пациени со тешки симтоми се лекуваат во ковид одделенијата, околу 30 пациенти се на респиратор, а близу 700 се на кислородна маска.– Триесетина пациенти денес се борат да преживеат. Се лекуваат во систем кој го постави и секојдневно го менаџира заедно со сите нас д-р Венко Филипче. Тој е всушност столбот на овој систем, систем кој докажа дека спасува животи. Благодарение на тој систем успеавме да ги лекуваме ковид болните, но во исто време да ги згрижиме сите останати пациенти со други болести од почетокот на пандемијата. Се донесоа тешки одлуки, одлуки кои беа пресудни и помогнаа да излеземе од вториот, третиот и да се справуваме успешно со четвртиот бран на пандемијата. Уморни, истрошени понекогаш и деморализрани, соочени неретко со гневот на јавноста. Во сето нашиот стожер беше и е д-р Филипче. Човекот кој секогаш го превземаше товарот на заедничките одлуки. Тоа е водач и конструктивен партнер. Тој е човекот кој не водеше низ тешките и помалку тешки моменти, кој никогаш не престана да верува во системот и во неговите колеги. Тој го познава здравениот систем, неговите недостатоци и можности. Во изминативе 18 месеци слоганот „Слушај го Венко”, не беше само слоган, беше начин на живот, не само за нас, туку и за цела држава, нагласуваат директорите на јавните здравствени установи.Според нив Филипче го врати дигнитетот на професијата лекар.– Наместо руинирано здравство, сега имаме реновирани и достоинствени услови за работа, по современ европски терк. Тој знае дека секоја инвестицијата во здравството е инвестиција за иднината. Кога целиот свет се бореше за парче заштитна опрема, тој ја обезбеди за нас. Успеа да ги помери границите и да набави терапии за пациентите со ретки болести и современа терапија за пациентите со малигни болести. Тој го укина паралелен увоз на лекови. Се воведоа нови методи за лекување во нашето здавство, услуги за кои порано нашите граѓани патуваа во странство. Кај илјадници лица успеа да поттикне свеста за донирање на органи и коскена срцевина. Затоа, во име на сите директори на јавните здравствени установи во земјава, категорично ја одбиваме оставката на министерот за здравство, д-р Венко Филипче и му даваме безрезервна поддршка да продолжи да не води, стои во писмото.Неоправданиот страв, стигма и дискриминација, посочуваат тие, не придонесуваат кон напредокот на кој целиме.– Почитуван премиер, не ја прифаќајте оставката на министерот Филипче, само сфатете ја како длабоко морален чин на човек кој демонстрира висок степен на етика, морал, ематија и алтруизам. Почитуван д-р Филипче, продолжете да не мотивирате, за да можеме да ги претвориме емоциите во иницијатива за уште подобар здравственот систем. Нема оставка за министерот Филипче!, стои во писмото од директорите на јавните здравствени установи упатено до премиерот Заев.Извор: МИА

Македонија | пред 4 години

w_55952686

Сите земји од Западен Балкан на црвена ковид-листа

Оваа мерка не е изненадување, ако се има предвид дека на крајот на минатиот месец Агенцијата за здравство и безбедност на храна на Австрија објави дека повеќе од две третини од повратниците од одмор од Западен Балкан се позитивни на коронавирус, од кои најголем број случаи се „увезени“ од Македонија.Австриското Министерство за здравство подготви нова регулатива за епидемиолошките мерки, со сите земји од Западен Балкан се ставени на „црвената листа“. Освен нив, на овваа листа се и САД, Ерменија, Азербејџан, Брунеи, Израел, Јапонија и Тајланд, кои отпаднаа од листата на земји со низок епидемиолошки ризик.Отсега, од овие земји во Австрија можне да се влезе само со потврда за целосна имунизација.

Македонија | пред 4 години

rashela11092021

Мизрахи: Оставката на Венко Филипче не е морална одговорност, изнудена е

Оставката на Венко Филипче не е морална одговорност, изнудена е. Да ја чувствуваше ќе си дадеше оставка уште првиот ден по несреќата, вели Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.„Овој пат понудената оставка е изнудена под притисок на објективната јавност која со право бара одговори од оние кои се надлежни за хоророт и ужасната трагедија во која завршија 15 животи.Но, моралната одговорност за една таква оставка за која се уште не се знае дали ќе биде прифатена не ги дава одговорите кои ги бара јавноста, и уште повеќе не праќа порака до сите сегашни и идни функционери дека не смеат да си поигруваат со животите на нашите граѓани.Потребна е кривична одговорност до која ќе се дојде преку објективна и неутрална истрага која мора да биде реализирана.Вистинските прашања на кои истрагата и кривичната одговорност треба да даде одговор се пиврзани со пропустите кои доведоа во болница, објект под надлежност на министерството за здравство и Владата да згаснат 15 животи.Каков бил проектот и тендерот за изградбата на болниците?Како се градени модуларните болници?Со каков материјал, зошто огнот толку брзо продрел и дали болниците имаат употребна дозвола?Зошто според сведоштвата на преживеаните во болницата немало ниту еден противпожарен апарат?Зошто роднини на болни биле во болницата и дали се работи за недостаток на медицински персонал наспроти уверувањата на Филипче и Заев во текот на целата здравствена криза дека се под контрола и дека институциите имаат сопствен капацитет во справувањето со предизвиците?Ова се вистинските прашања на јавноста за кои очекуваме одговори.А не дали Филипче го чувствува она што се подразбира дека треба да го има а тоа е морална одговорност.Одговорите на овие прашања треба да ги даде објективна истрага, а таа не е можна додека оставка не си дадат Венко Филипче, Артан Груби и Зоран Заев.Не ни треба истрага каде ќе биде во стилот на кадија те тужи кадија те суди, туку вистинска истрага без овие носители на моќ во неа.Вака како што стојат работите ова е очајно и кон народот потценувачко сценарио да се даде оставка, а да не се прифати. Тоа само по себе покажува колку истете чувствуваат одговорност.Сосема на крај, Заев и СДСМ се обидуваат да направат фингиран театар.Организараат партиска поддршка за Венко Филипче. Тоа го покажува моралното дно во кое се допира.Нема да им помине оваа игра на штета на животите на луѓето.Вашата неспособност Македонија ја чини животи“, изјави таа.

Македонија | пред 4 години

maksim-dimitrievski-43

Димитриевски: Ја поздравувам оставката на Филипче, мора да има одговорност за овој случај

Актуелниот градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски, во вчерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа ја поздрави одлуката за оставка на министерот за здравство Венко Филипче по страшната несреќа која се случи во Тетово.„Ја поздравувам оставката, но инсистирам да има по линија на одговорност и надлежности, бидејќи таму имаме жртви. 14 починати се потврдени, се шпекулира во јавноста дополнително уште една. Не знам дали ќе се потврди тоа, но како и да е имаме жртви, луѓе кои се испратени на лекување, а всушност завршија како што завршија. И ние можеме само да почувствуваме малку од тоа што го чувствуваат семејствата на тие луѓе.Дополнителна одговорност е како тоа луѓе кои не биле ковид позитивни биле внатре во тој комплекс којшто требал да биде во комплетен карантин, бидејќи ако се сеќавате своевремено јас бев повикан на одговорност и имав кривична пријава само затоа што со ковид возило сум го напуштил домот кога сум бил во самоизолација да се тестирам, а денеска гледаме како ковид позитивни се шетаат по улица бидејќи работата ни излезе од контрола. Но, тоа е. Мора да има одговорност за овој случај“, рече Димитриевски.

Македонија | пред 4 години

pozar-drvja

Изгоре 200 хектари шума кај пругата Скопје-Велес

Велешкото одделение на Центарот за управување со кризи известува дека според информациите добиени од противпожарната служба на Велес, пожарот кој во текот на вчерашниот ден се појави покрај пругата Скопје-Велес, зафаќа површина од околу 200 хектари ниско стеблеста шума, трња и габер.РЦУК - Велес, известува дека според информациите добиени од ТППЕ Велес, пожарот кој во текот на вчерашниот ден се појави покрај пругата Скопје-Велес, поточно пред ЖС-Рајко Жинзифов кај село Сл'п, зафаќа површина од околу 200 ha ниско стеблеста шума, трња и габер. На терен се екипа од ШС Бабуна и месно население. Според информацијата добиена од терен не постои можност за проширување на пожарот кон с. Карабуњиште и се очекува дека истиот во текот на денот ќе биде ставен под контрола.

Македонија | пред 4 години

WhatsUp

Ако сè уште користите некој од овие телефони, наскоро ќе се збогувате со WhatsApp

Корисниците на најпопуларната апликација за разговор во светот кои имаат некои од постарите модели на паметни телефони наскоро нема да можат да користат WhatsApp бидејќи таа компанија ја прекинува поддршката за постарите модели.Станува збор за телефони кои, во случај на модели на iPhone на Apple, користат iOS 9, додека уредите со Android престануваат да поддржуваат телефони со оперативен систем Android 4.0.3 Ice Cream Sandwich.Ако с still уште користите еден од следните постари модели на телефони, веќе нема да можете да користите WhatsApp од 1 ноември:Apple: iPhone SE (1. генерација), iPhone 6s i iPhone 6s Plus,Huawei: Huawei Ascend G740, Ascend Mate, Ascend D Quad XL, Ascend D1 Quad XL, Ascend P1 S i Ascend D2,LG: LG Lucid 2, Optimus F7, Optimus F5, Optimus L3 II Dual, Optimus F5, Optimus L5, Optimus L5 II, Optimus L5 Dual, Optimus L3 II, Optimus L7, Optimus L7 II Dual, Optimus L7 II, Optimus F6, Enact, Optimus L4 II Dual, Optimus F3, Optimus L4 II, Optimus L2 II, Optimus Nitro HD i 4X HD i Optimus F3Q,Samsung: Samsung Galaxy Trend Lite, Galaxy Trend II, Galaxy S2, Galaxy S3, Galaxy S3 mini, Galaxy Xcover 2, Galaxy Core i Galaxy Ace 2,Sony: Sony Xperia Miro, Sony Xperia Neo L i Xperia Arc S,ZTE: ZTE Grand S Flex, ZTE V956, Grand X Quad V987 i Grand Memo,Модели од други производители: Alcatel One Touch Evo 7, Archos 53 Platinum, HTC Desire 500, Caterpillar Cat B15, Wiko Cink Five, Wiko Darknight, Lenovo A820, UMi X2, Faea F1 i THL W8.Последното ажурирање на апликацијата, која „пристигна“ на овие уреди, беше објавено во февруари, а со следното, од 1 ноември, неколку милиони корисници ќе останат без можност да користат WhatsApp.

Магазин | пред 4 години

Нема фотографија

Приведен дилер од Глумово

На 09.09.2021 во 18.20 во с.Глумово, скопско од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно добиени информации и издадена судска наредба, е лишен од слобода М.П.(30) од Скопје, бидејќи при извршен претрес врз него, во неговиот дом и викенд куќа пронајдени се марихуана, метамфетамин и дигитална вага.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

241672421_318817120019918_2229773705397115344_n

„Сега ни е потребна светлина повеќе од било кога“, уметниците на Skopje Light Art District оддадоа почит на жртвите од Тетово

Продолжи фестивалот Skopje Light Art District, кој претходно беше прекинат порди трагедијата која се случи во Тетово.„На иницијатива на артистите, а на барање на публиката, вечерва продолжуваме со Skopje Light Art District, но без музика.We need light more than ever! “, стои во објавата на Фејсбук.Поради трагичниот настан, светлосните уметнички инсталации вчера беа активни, но без музика и звук, а уметниците испишаа пораки кои потоа беа проектирани на бината Школка.

Скопје | пред 4 години

nikola-bekjarovski-960x621

Казната за присуство на цивили во Ковид центар не може да биде само разрешување, вели Беќаровски

Доктор Нико Беќаровски  порача дека казната за присуство на цивилни лица во Ковид центар не може да биде само разрешување на надлежните.„Континуирано присуство на ЦИВИЛНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ВНАТРЕ во Ковид центрите е СВЕСНО ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ. За вакво злодело казната не може да биде само разрешување на надлежните во тетовската болница“, напиша Беќаровски.

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања