Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

stevo-770x437

ВИДЕО: И Пендаровски би се повлекол, ако бил во ситуацијата во која е Филипче

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за „360 степени“ кое ќе се емитува вечерва рече дека доколку тој бил во таква позиција веднаш би поднел оставка за трагедијата во Тетово.-Ако зборуваме за кривична одговорност или правна, јас би почекал да заврши истрагата. Но, ако зборуваме за морална одговорност, тогаш оние кои ме познаваат знаат дека кога јас би бил во ваква позиција, јас не би чекал ниту секунда, веднаш би поднел оставка од морални причини, кажа Пендаровски.

Македонија | пред 4 години

Dimsa-PRESS-1111-2

Арсовски бара оставка од Заев, откако Филипче се повлече

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски бара и премиерот Зоран Заев да си поднесе оставка по примерот на министерот за здравство Венко Филиче. Арсовски му посочи и на министерот во оставка, Филипче, да се подготви за одговорност.„Зоран Заев ти си на ред… Немој да чекаш! Немој да мислиш дека Венко Филипче несреќата примил куршум за тебе и те спасил.. До последен здив ќе те прогонуваме да си ја сносиш одговорноста, не поминуваш неказнето! Венко спремај се за одговорност за сѐ што си направил“, напиша Арсовски.

Македонија | пред 4 години

jovan-jauleski

По оставката, пратеникот Јаулески до Филипче: Ова не те пере од одговроност

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески е еден од првите кои се јавија со реакција откако министерот за здравство Венко Филипче поднесе оставка од функцијата. Тој бара одговорност од министерот во заминување, кому Владата треба да му ја прифати оставката.„Не, не, Филипче, ова не е доволно! Ова не те пере од одговорноста тебе и деспотот Заев кој исто така треба да поднесе оставка. Се надевам дека ова е неотповиклива и нема да правите циркуз, а повеќе од сѐ сум убеден дека ако не сега, ќе одговорате веднаш откако ќе дојде правната држава во Република Македонија!“, напиша Јаулески.

Македонија | пред 4 години

241688629_585924389520550_7051623577493705864_n

Филипче за оставката: Жалам за загинатите, се повлекувам од морални причини

Иако вчера рече дека ќе чека да заврши истрагата, министерот за здравство Венко Филипче даде оставка од функцијата, како што веќе објави „Скопје1“. Причината за ова е моралната одговорност откако во Тетово изгоре модуларната болница и одзеде 14 животи на пациенти. Тој по констатирањето на оставката се враќа неврохирургија.„Пред граѓаните стоев транспаретно, никогаш не бегав од критика, не останав должен за одговор. Сите одлуки кои ги донесовме беа со цел да се заштити здравјето на граѓаните. Последната трагедија многу ме погоди, жалам за загинатите. Нема зборови за тоа да се надомести загубата. Како лекар и министер имам интегритет затоа од морални причини понудив пишана оставка. Сакам да се заблагодарам на сите кои веруваа во мене. Сакам посебно да се заблагодарам на медиумите за нивната транспарентност и посветеност која ја добив во најтешките моменти“, рече Филипче.Неговата оставка треба да биде прифатена од Владата и министрите на седница. По ова, ќе се назначи нов министер за здравство. Од функциите се повлекоа и заменик-министерот за здравство Илир Хасани, како и двајца директори од Клиничката болница во Тетово.Филипче на функцијата беше назначен во декември 2017 година, по повлекувањето на Арбен Таравари од Алијансата на Албанците кој беше избран за градоначалник на Гостивар.

Македонија | пред 4 години

20072021_PVRSM_Zaev_MZ_Filipce_Klinika-za-ortopedija_4

Филипче поднел оставка, закажана прес-конференција за во 19 часот

Министерот за здравство, Венко Филипче поднел оставка од функцијата, дознава „Скопје1“ од неофицијални извори во Владата. Според информациите, за ова тој ќе обзнани на прес-конференцијата во 19 часот, која веќе е закажана. Овој чекор доаѓа по пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица. Засега нема потврврда за информацијата. Одлуката на Филипче е по силен притисок на јавноста, иако вчера, кажа дека ќе остане на функцијата до завршување на истрагата.За да оставката биде констатирана, треба да биде свикана седница на Влада и да се прифати од претседателот Зоран Заев и останатите министри.Првата оставка ја поднесе директорот на Клиничката болница Тетово, Флориј Бесими. За тоа обзнани на „Фејсбук“.„Како доктор, кој цел мој професионален живот сум го посветил во лекување на моите сограѓани и како прв човек одговорен во Клиничката болницата во Тетово, со која раководам последниве години, чувствувам морална и етичка одговорност од страшниот настан во кој згаснаа човечки животи“, напиша Бесими на својот профил на Фејсбук, соопштувајќи дека дава оставка од раководното место.Оставка поднесе и заменик-министерот за здравство, како и економскиот директор на тетовската болница.

Македонија | пред 4 години

dreamstime-m-129728943

За вас кои имате миленици: Колку сон им треба?

Во една неодамнешна студија истражувачите во Велика Британија ги разгледаа моделите на спиење кај кученца стари 16 недели и кучиња стари 12 месеци.Тие заклучиле дека возрасните кучиња (стари 12 месеци) спијат помеѓу осум и 13,5 часа секој ден. Во просек, здраво возрасно куче спие 10,8 часа секој ден.Студијата покажа дека кученцата спијат во просек по 11,2 часа дневно. Американскиот кинолошки клуб додава дека некои млади кученца можат да спијат помеѓу 18 и 20 часа дневно. Тие велат дека тоа не е ништо невообичаено или неочекувано бидејќи тие се развиваат. Потребен е доволен одмор за правилен развој на нивните внатрешни системи.Исто така, откриено е дека кученцата спијат помалку во текот на ноќта отколку возрасните кучиња, но затоа поминуваат повеќе време во текот на денот дремејќи.Големите раси кучиња спијат повеќе од помалите. Ова е веројатно затоа што на нивното тело му треба дополнително време да се наполни по секојдневните активности.Циклусите на спиење кај кучињата се полифазни. Во овие фази, кучињата обично доживуваат еден до два циклуси на спиење од по 45 минути. Ако кучето спие доволно долго за да стигне до РЕМ-фазата, големи се шансите дека сонува за своите омилени посластици и луѓе.

Магазин | пред 4 години

ohrid-carsija-lugje-leto-guzva2

577 нови случаи, 30 починати лица од корона

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 5.362 тестирања, а регистрирани се 577 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 265, Куманово – 54, Тетово - 26, Прилеп – 21, Струмица – 20, Кичево – 17, Гостивар и Велес – по 16, Кочани – 15, Штип - 14, Битола – 13, Берово- 12, Кавадарци - 11, Свети Николе – 9, Охрид – 8, Струга, Ресен и Пробиштип – по 7, Радовиш и Валандово – по 6, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Пехчево – 3, Дебар и Демир Капија – по 2, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Македонски Брод и Македонска Каменица - по 1.Регистрирани сe 1010 оздравени пациенти од: Скопје – 443, Тетово – 112, Куманово и Гостивар – по 75, Струмица - 46, Кичево – 42, Кавадарци – 25, Прилеп и Битола – по 21, Штип – 20, Радовиш - 19, Свети Николе – 18, Ресен – 15, Дебар – 13, Велес и Кочани – по 12, Кратово – 8, Гевгелија, Неготино и Македонски Брод – по 5, Охрид, Виница и Богданци – по 4, Валандово и Крушево – по 2, Струга и Крива Паланка – по 1.Пријавени се 30 починати лица: 7 починати лица од Скопје (53г, 65г, 72г, 78г, 82г, 83г, и 85г), по 5 починати лица од Гостивар (23г, 37г, 66г, 70г и 71г) и Струмица (55г, 67г, 72г, 76г и 79г), по 3 починати лица од Тетово (60г, 71г и 90г) и Куманово (34г, 53г и 57г) и по едно починато лице од Битола (80г), Радовиш (64г), Велес (55г), Охрид (71г), Струга (41г), Крива Паланка (85г) и Берово (88г).Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 3 се починати во домашни услови.Направени се 5.362 тестови преку: ИЈЗ-504, ЦЈЗ Скопје-73, ЦЈЗ Битола-95, ЦЈЗ Прилеп-67, ЦЈЗ Тетово–92, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 18, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–4, Жан Митрев (Филип Втори)-122, Авицена-329, Биотек-331, Систина-110, лабораторија Лаор-405, Синлаб-34, Ремедика-34, Плодност–59, Генеа-27, Никоб лаб-718, ВФВ Медикал-92, Ели Медика-104, Ројал Медика –24, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.051.Досега во земјата се направени вкупно 1.211.959 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 182.450, бројката на оздравени пациенти е 163.070, на починати е 6.214, а бројот на активни случаи изнесува 13.166.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 78798, Активни 5731Куманово 10651, Активни 859Тетово 10630, Активни 1192Прилеп 8789, Активни 269Гостивар 7848, Активни 726Битола 6842, Активни 266Велес 5886, Активни 231Охрид 5673, Активни 554Кавадарци 5596, Активни 186Струмица 5417, Активни 543Штип 5408, Активни 214Кичево 3772, Активни 494Струга 3699, Активни 618Кочани 3053, Активни 101Гевгелија 2321, Активни 71Неготино 2272, Активни 52Свети Николе 1764, Активни 121Ресен 1458, Активни 104Дебар 1424, Активни 208Радовиш 1403, Активни 100Крива Паланка 1316, Активни 63Берово 1168, Активни 58Делчево 1092, Активни 84Виница 982, Активни 41Пробиштип 876, Активни 55Валандово 763, Активни 33Богданци 539, Активни 31Крушево 518, Активни 20Кратово 496, Активни 53Македонски Брод 449, Активни 39Демир Хисар 418, Активни 11Демир Капија 404, Активни 3Пехчево 304, Активни 8Македонска Каменица 283, Активни 24Дојран 138, Активни 3

пред 4 години

130879028_3563319720411695_2285973126918774645_n

Заменик-министерот за здравство поднесе оставка

Заменик-министерот Илир Хасани е третиот кој даде оставка од функцијата по пожарот во тетовската модуларна болница.„Во вакви сериозни моменти за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам никаква врска со модуларните болнички процедури, иако немам ништо друго со организацискиот дел, оставката е најмалку што можам да направам во овој момент, да ги почитувам жртвите, повредените, мислењето и најмногу себе си На Ништо над достоинството!“, напиша Хасани.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-10-at-17.44.46

Уште еден директор од тетовската болница даде оставка

Економскиот директор на тетовската болница, Артан Етеми, е вториот кој даде неотповиклива оставка од функцијата. Ова доаѓа откако модуларната болница во Тетово целосно изгоре и одзема 14 животи на пациенти кои се лекувале од ковид-19.„Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин. Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца. Ја споделувам болката со роднините на жртвите“, пишува Етеми.

Македонија | пред 4 години

70C3D544-502A-417F-898F-BFCCA9A903BB

Падна првата оставка по пожарот и четиринаесете изгубени животи

Директорот на Клиничката болница Тетово, Флориј Бесими даде оставка од функцијата по два дена откако изгоре модуларната болница„Како доктор, кој цел мој професионален живот сум го посветил во лекување на моите сограѓани и како прв човек одговорен во Клиничката болницата во Тетово, со која раководам последниве години, чувствувам морална и етичка одговорност од страшниот настан во кој згаснаа човечки животи“, напиша Бесими на својот профил на Фејсбук, соопштувајќи дека дава оставка од раководното место.Тој се надева дека истрагата ќе заврши брзо по што ќе се знаат причините за пожарот.„Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе постави една морална линија, која сите како општество сме ја заборавиле. Загубата на човечки живот во една ваква состојба е голема трагедија. Функцијата не е пред достоинството и човечноста. На повредените им посакувам побрзо да закрепнат! Јас, со целосна доверба целиот мој живот сум го посветил за здравјето на граѓаните и на нашето општество. Изразувам почит и сочувство кон моите тетовчани, и останувам во нивна постојана услуга. Господ да го благослови моето Тетово и моите тетовчани“, пишува Бесими.

Македонија | пред 4 години

Bolnica-tetovo

Син си ја земал починатата мајка од тетовската болница, иако не ја давале бидејќи имала ковид

Тетовската полиција добила пријава дека ноќеска од клиничката болница човек сам ја зел својата мајка почината од Ковид-19 и ја однел со возилото. Настанот се случил околу неколку минути пред полноќ.-Вработена во Инфективното одделение на тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавила дека едно лице дошло, ја зело и потоа во возило „форд“ ја ставило наводно неговата мајка, претходно почината од „ковид -19“ и со возилото се оддалечило од местото. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на тетовската полиција.Починатата жена е на 72 години. Во текот на денот Ковид центарот информира дека имаат само смртен случај на починато лице поради коронавирус.

Македонија | пред 4 години

germanija-eksperti

Германски експерти доаѓаат за да истражат како се запали болницата во Тетово

Германија, како земја сојузник во НАТО, утрово ја потврдила својата поддршка во однос на истрагата за фаталниот пожар кој ја зафати модуларната ковид-болница во Тетово, информираат од Владата.Нашите власти одобриле во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи, за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот.„Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција, чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, ДНК-анализи, електронски истраги и идентификација“, појаснуваат од владината прес-служба.Во специјалните задачи кои ги работи БКА е и тим кој работи на истраги со жртви во катастрофи и несреќи.Станува збор за институција која во Германија има 60-годишна традиција на дејствување, со околу 7.000 вработени.Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО.

Македонија | пред 4 години

Tetovo-6

За три минути, изгоре цела ковид болница во Тетово сосе пацинети

Координаторот на ковид-центарот во Тетово, Гзим Нуредини, утрово информираше дека пожарот во модуларната болница траел многу кратко време. Рече дека е чудно што толку брзо изгорело сè. Објасни дека пациентите сами се спасувале, нивни роднини се обидувале да ги извлечат преку прозорци. Не сакаше да шпекулира околу причините за пожарот, само нагласи дека за толку кусо време не можело да се употребат ПП-апаратите, кои, како што рече, ги имало во болницата.„Пожарот траеше три минути. Медицинските екипи, вработените и лица коишто беа надвор, роднини коишто сакаат да комуницираат со нас, сите тие помагаа и, замислете, сè се случи за 3 минути. Цел град дојде ама сè веќе беше завршено. За тоа време се спасија само овие 12 пациенти. Другите не се успеаја бидејќи пламенот за 3 минути го опфати целиот простор“, вели Нуредини.На новинарско прашањето зошто пациентите имале придружба и дали починал некој кој не бил пациент, Нуредини рече дека дополнително ќе се уврдува. Сепак рече дека најверојатно имало некој кој не е пациент внатре, но можеби бил вработени во Клиниката, а роднина на некој пациент.„Секоја посета е казнива. Не може роднина да се грижи за пациент. Ние и порано имавме укажувања дека наводно имало посети. Веднаш пративме известувања до сите служби да не се дозволува посета. Дали имало некој случај, не знам. Овде има и вработени во ковид-клиниката кои доаѓале кај нивни блиски. Некои се и роднини. Сега бараме да ни дадат кои биле роднини и дали биле вработени во ковид-центарот“, вели Нуредини.

Македонија | пред 4 години

Mucunski

Муцунски е кандидат на ДПМНЕ за Аеродром, откриено името и за Карпош

ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Извршниот комитет и Централниот комитет донесе одлука за кандидати за градоначалници на општините Аеродром, Карпош, Битола, Струмица, Кичево, Крива Паланка, Старо Нагоричане и Долнени.Како што информираат од партијата, при изборот се воделе од принципите за чесност, транспаретност, работливост и согласно со мислењето на членството и граѓаните.Во општина Аеродром кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Тимчо Муцунски доцент на Правниот факултет „Јустинијан први” во Скопје каде предава Римско право, Реоторика и Правна аргументација.Тој е актуелен пратеник во Собранието и меѓународен секретар на партијата.За општина Карпош, избор на партијата е доктор Оливер Зафировски специјалист педијатар, пулмоалерголог со над 32-годишно искуство. Работи во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај деца Козле од 1989 година каде бил и директор во периодот од 2006 година до 2017 година.Во 2016 година во рамки на Институтот го основал Центарот за цистична фиброза.Зафировски бил советник во општина Карпош во периодот 2009-2011 година и потпретседател на ОК Карпош во два мандата.Како кандидат за градоначалник на Битола, ВМРО-ДПМНЕ го номинира Тони Коњановски доктор специјалист епидемиолог, кој, како што велат од партијата, во време на ковид-кризата, ја потврдил својата висока професионалност, човечност и хуманост.Тој е и советник во Советот на општина Битола. Во изминатите години активно членува во Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.Кандидат за општина Струмица е Жан Дрвошанов дипломиран економист, со долгогодишно искуство од областа на финансиите и менаџирањето со сопствена фирма за сметководствени услуги и финансиски консалтинг во Струмица.Кандидат за Кичево е докторот Александар Јовановски кој работи во сопствена приватна здравствена установа, со претходно работно искуство како професор по медицина во средното општинско училиште „Мирко Милески“ во Кичево.Во Крива Паланка, ВМРО-ДПМНЕ ќе „истрча“ со Александар Рангелов дипломиран политиколог на Правниот факултет „Јустинијан Први". Тој е актуелен советник во Советот на општината и потпретседател на ОК Крива Паланка, фамилијарен човек, татко на две деца.Кандидат за челник на Старо Нагоричане е Велибор Денковски дипломиран на Филолошкиот факултет во Скопје на катедра за ПиТ француски и англиски јазик. Претходно работел и како наставник по англиски јазик во основни училишта на територија на општина Старо Нагоричане и Куманово, потоа и ангажиран во МИОА како поддршка на проектот компјутер за секое дете.Кандидат за градоначалник на општина Долнени ќе биде Ладо Глигороски, за кого од партијата велат дека е чесен и семеен човек, татко на три деца. Активно се занимава со земјоделие.

Скопје | пред 4 години

235247538_2055028664645908_1609657782484412613_n

87 проценти од пациентите кои починаа минатиот месец не биле вакцинирани

87 проценти од починатите од коронавирус изминатиот месец не биле вакцинирани, додека 80 проценти од новозаразените, исто така, не биле вакцинирани, објави Министерството за здравство.Податоците се однесуваат за периодот од 6 август до 9 септември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.„Во период од 6.8. 2021 до 9.9. 2021 на територија на државата 26.053 граѓани, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 19% биле целосно вакцинирани, односно 5.175 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според статистика за изминативе пет недели, 20.878 граѓани, односно дури 80% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 84%, додека само 16% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани“, се наведува во извештајот.Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од пет седмици на територија на државата починале 678 лица со Ковид-19, 591 пациент (87%) од починатите не биле вакцинирани, а само 87 (12%) примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцините на „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, кои некои од пациентите ги примиле во странство.„Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, апелираат од МЗ.

Слајдер | пред 4 години

korona-4

256 нови случаи на коронавирус, бројката на починати повторно висока

Во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 160, Куманово – 32, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Струмица и Струга – по 6, Битола и Ресен – по 5, Крива Паланка – 4, Велес – 3, Тетово, Гостивар и Кичево – по 2, Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Кратово и Македонски Брод – по 1.Регистрирани сe 545 оздравени пациенти од:  Скопје – 172, Тетово – 171, Гостивар – 50, Кавадарци – 18, Кичево – 16, Прилеп и Битола – по 12, Струмица, Штип и Свети Николе – по 10, Ресен – 8, Крива Паланка – 6, Велес, Радовиш, Делчево и Кратово – по 5, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Неготино и Берово – по 3, Охрид, Струга, Кочани, Гевгелија, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Виница и Валандово – по 1.Пријавени се 31 починато лице: 9 починати лица од Скопје (86г, 78г, 75г, 71г, 70г, 65г, 59г, 56г и 46г), 6 починати лица од Гостивар (83г, 73г, 71г, 65г, 65г и 60г), по 3 починати лица од Тетово (68г, 67г и 62г), Куманово (84г, 78г и 72г) и Струмица (72г, 68г и 54г), 2 починати лица од Кичево (55г и 49г) и по едно починато лице од  Битола (81г), Велес (76г), Гевгелија (18г), Дебар (62г) и Македонски Брод (38г).Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.Направени се 2.778 тестови преку: ИЈЗ-65, ЦЈЗ Скопје-56, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-18, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 0 ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Авицена-131, Биотек-140, Систина-80, лабораторија Лаор-0, Синлаб-9, Ремедика-0, Плодност–40, Генеа-0, Никоб лаб-606, ВФВ Медикал-63, Ели Медика-71, Ројал Медика –0,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.362.Досега во земјата се направени вкупно 1.206.597 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 78536, Активни 5919Тетово 10606, Активни 1283Куманово 10597, Активни 883Прилеп 8768, Активни 269Гостивар 7831, Активни 789Битола 6828, Активни 274Велес 5870, Активни 228Охрид 5664, Активни 550Кавадарци 5585, Активни 200Струмица 5399, Активни 576Штип 5394, Активни 220Кичево 3758, Активни 522Струга 3692, Активни 613Кочани 3038, Активни 98Гевгелија 2320, Активни 75Неготино 2271, Активни 56Свети Николе 1755, Активни 130Ресен 1451, Активни 112Дебар 1422, Активни 219Радовиш 1397, Активни 114Крива Паланка 1315, Активни 64Берово 1156, Активни 47Делчево 1087, Активни 79Виница 977, Активни 40Пробиштип 869, Активни 48Валандово 757, Активни 29Богданци 539, Активни 35Крушево 516, Активни 20Кратово 491, Активни 56Македонски Брод 445, Активни 40Демир Хисар 418, Активни 11Демир Капија 402, Активни 1Пехчево 301, Активни 5Македонска Каменица 282, Активни 23Дојран 138, Активни 3

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-10-at-14.36.36

ВИДЕО: Прва снимка од пожарот во тетовската болница!

Се појави траорна снимка од пожарот на ковид центарот во Тетово. На материјалот се забележува евакуација на дел од пациентите од модуларната болница, но и брзината со која огнената стихија го голта целиот објект.

Македонија | пред 4 години

izjava-zaev.Still072

Груевски од Будимпешта бара истрага и одгворност за трагедијата во Тетово

Експремиерот и бегалец Никола Груевски изрази сочувство за трагедијата во Тетово, каде 14 лица го загубија животот. Тој бара истрага и одговорност од Будимпешта.“ Изразувам длабоко и искрено сочувство до семејствата на загинатите во синоќешната трагедија во Ковид болницата во Тетово. Загубата на најблиски во семејството е ненадоместлива и не постојат доволно зборови за утеха.Тагата е поголема кога ќе се помисли на околностите под кои нивните најблиски на многу болен начин ги загубија животите токму онаму каде очекуваа да им бидат спасени. Вистинска трагедија е што тие луѓе со години одвојувале дел од својата заработка за здравственото осигурување и за сè што треба да значи безбедност на нивните животи кога ќе дојдат тешки моменти, а сега, заради нечија негрижа и неодговорност изгореа во пламените јазици.Одговорност, независна истрага и севкупна постапка мора да има.Прашањата за широко распространетата неодговорност која произведува скандали и трагедии толку често, за незнаењето, непрофесионалноста и владеењето на медиокритетите над најнапредните во општеството се теми за поширока дискусија и причина за длабоки промени на општеството, но денес на овој тажен ден не е време за тоа”, пошува Груевски.

Македонија | пред 4 години

kiceec-2

Дијагнозата на Кичеец не е животозагрозувачка, велат кардиолозите

Зоран Милески-Кичеец, во моментот е во 30-дневен притвор во скопскиот затвор Шутка  поради учество со сообраќајка со смртни последициТој претходно ја издржуваше затворкската казна за случајот „Рекет“, а на 10 август бил пуштен надвор од затворот. Поради лошата здравствена состојба и проблеми со срцето тој имал прекин во издржувањето на казната во КПД од отворен вид во Струга.Како што беше наведено во соопштението од Управата за извршување на санкции, тој требало да направи испитувања за суправентикуларна тахикардија.„Фокус“ поразговара со неколку кардиолози на оваа тема, кои сакаа да останат анонимни, но кои ни раскажаа дека со ваква дијагноза тој не се наоѓал во живототзагрозувачка состојба.„Тоа е дијагноза е општа и не е животозагрозувачка. Може да се направат испитувања за неколку денови, но може и за две, три недели во зависност од тоа каде се прават испитувањата. Факт е дека не е опасна – објаснува нашиот соговорник.Целиот текст можете да го прочитатена Фокус.мк

Македонија | пред 4 години

kate-walsh-grays-anatomy

Кејт Волш се враќа во „Вовед во анатомија“

„Вовед во анатомија“ е една од најдолговечните ТВ-серии, но дури и во пресрет на 18. сезона, успева да приреди изненадувања за својата верна публика.Заедно со новите авантури, една од највпечатливите актерки во серијата, Кејт Волш, се враќа наесен, и повторно ќе го облече својот бел мантил за да ја игра улогата на доктор Адисон Монтгомери.Ликот на бескомпромисната докторка со огнено црвена коса се појави во првата сезона кога беше претставена како поранешна сопруга на Дерек, што ја отежна ситуацијата за младата Мередит Греј.Кејт играше омилен лик во „Вовед во анатомија“ сè додека не ја напушти серијата за да глуми во спинофот „Приватна пракса“.Веста за враќањето на доктор Адисон на официјалниот профил на серијата беше објавена во видео од самата актерка.„Драги мои, точно е, д-р Адисон Монтгомери се враќа во ‘Меморијалната болница Греј-Слоан’. Многу сум возбудена што повторно сум дома“,  вели Кејт во воведниот дел од видеото, најавувајќи дека 18. сезона на Еј-би-си ќе зпочне со емитување на 30 септември.

Магазин | пред 4 години

241688629_585924389520550_7051623577493705864_n

Детали за починатите: Ќе се испитува како е одржувана болницата, Филипче бара да не се создава паника кон ковид центрите

Министерот за здравство Венко Филипче на почетокот на прес-конференцијата се извини што доцна во текот на денот излегуваат со информации.„Се уште трае истрагата и затоа замолувам да имаме трпение и да ги чекаме наодите. Повторувам, замолувам. Како министер и човек барам сите наоди да бидат презентирани во јавноста. Од одговорност никој нема да биде изземен ако истрагата тоа го утврди. Во тетовскиот ковид центар, имало двајца лекари, четири медицински сестри и 24 пациенти. 12 пациенти кои се евакуирани се во стабилна здравствена состојба, нема починати и повредени здравствени работници, а на судска медицина се предадени телата на 14 пациенти. Починатите се од 29 години до 79 години. Освен класичните обдукциони наоди, ќе се прават и ДНК анализи“, рече Филипче.За Филипче, важно е да се утврди како биле одржувани модуларните објекти каде беа сместувани пациенти. За квалитетот, министерот рече дека интерниот увид покажал дека сите имаат сертификати за квалитет.

Македонија | пред 4 години

1

Иако болницата во Тетово изгоре за 3-4 минути, Филипче и натаму тврди дека болниците се безбедни

Министерот за здравство, Венко Филипче, не сакаше да коментира која е причината за тоа што го предизвика пожарот во модуларната болница во Тетово. Тој не сакаше да коментира во делот на тоа која компанија ги правела А-тестирањата, бидејќи е дел од истрага. Филипче рече дека болницата е предадена без недостатоци. Филипче не одговори ниту колку запаливи материјали имало во модуларната болница, како и дали истата е пуштена и е дадена дозвола за работа пред да бидат вградени сите инсталации внатре.„Јас мислам дека болниците се безбедни“, рече Филипче прашан дали смета дека објектите се сигурни со оглед дека тетовската болница изгоре за 3-4 минути.„Има повеќе шпекулации, но дозволете да ги почекаме официјалните наоди од истрагата. Многу е важно тоа што ќе се изнесе во јавност да биде точно, а тоа може да биде кога ќе заврши овој процес“, рече Филипче.Како и зошто било дозволено во ковид-болницата да влегува посета кај пациентите, тој не одговори конкретно.„Во однос на тоа колку придружници биле и како бил организиран цел тој процес, најпрво ќе направиме анализа која ќе почне утре, најпрво од ДСЗИ, засега знаеме дека биле двајца луѓе во посета. Но, ќе кажам повторно дека ќе ги почекаме официјалните податоци. Има некои шпекулации, затоа реков ќе се направи ДНК анализа и ќе излеземе со соопштение“, рече Филипче прашан дали меѓу загинатите има и лица кои биле на посета кај пациентите во модуларната болница.

Македонија | пред 4 години

3

Што знаеме досега за запалената тетовска модуларна болница во која загинаа од 14 лица

Министерството за здравство тврди дека модуларните болници се безбедни...Што значи ова или што знаеме досега?- дека изведувач е фирмата Брако по нарачка на МЗ- дека сè почнало при реанимација на пациент од експлозија на штекер.- дека пожарот се раширил толку брзо што целата модуларна болница е пепел уште пред да стасаат екипи од Скопје- дека внатре има придружба на пациенти од блиски и роднини, поради недостиг на персонал- дека боците под притисок, како и кислородот се сојузници на огнот (што барале у тој објект од хартија?!)- дека луѓето сами се спасувале, повторно поради недостиг на соодветна служба- дека кризниот штаб прогласи три дена жалост на територијата на целата држава- дека случајот ќе го испитува стручна, независна странска експертиза за оваа трагедија, пошто...-досега нема оставки ниту политичка и морална одговорност

Македонија | пред 4 години

w_56803986

ТРАГЕДИЈА: Од коронавирус почина 18-годишна девојка од Гевгелија

Осумнаесет годишно момче е меѓу 31 пациенти кои починаа од КОВИД во изминатите 24 часа. Момчето е од Гевгелија.Во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на КОВИД-19:Регистрирани сe 545 оздравени пациенти, а пријавени се 31 починато лице. Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.Досега во земјата се направени вкупно 1.206.597 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.

Македонија | пред 4 години

241676907_3042784835998110_5640560421462243221_n

И здравствен работник го загуби животот во страотниот пожар

На социјалните мрежи е објавена слика од медицинско лице ко вчера тргаично го загубило животот во пожарот во тетовската модуларна болница.„Со длабока болка и тага ги известуваме сите наши соработници и пациенти дека на ден 08.09.2021 година трагично го загуби животот во синоќешниот пожар нашиот долгогодишен здравствен работник Ферди Шакири, добар пријател, другар, верен работник, добар сопруг и татко. Изразуваме длабоко сочувство до семејството“, стои во објавата на Фејсбук.Претходно министерот Венко Филипче на прес-конференција изјави дека ниту едно од починатите лица не е медицински работник.„Во тетовскиот ковид центар, имало двајца лекари, четири медицински сестри и 24 пациенти. 12 пациенти кои се евакуирани се во стабилна здравствена состојба, нема починати и повредени здравствени работници, а на судска медицина се предадени телата на 14 пациенти“, изјави Филипче. 

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања