Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

2

АА: Владата на СДСМ-ДУИ бара истраги, а истовремено ги попречува истрагите

Оние кои речиси две години не најдоа ниту еден ден да им помогнат на тетовци во борбата против панденијата, по синоќешната трагедија, без срам, продефилираа на местото каде што изгореа многу души, а беа загубени многу животи, велат од Алијанса за Албанците.„Лицемерието на министрите и функционерите на Владата на СДСМ-ДУИ оди дотаму што бара истраги, а истовремено ги попречува истрагите, газат на местото на истрагите уништувајќи ги доказите и трагите што би помогнале во расветлување на овој случај.Сега сме убедени дека не се чувствувате одговорни и совесни, но покажете малку грижа и не додавајте уште повеќе болка на семејствата на жртвите со вашите луксузни и цинични паради“, велат од партијата.

Македонија | пред 4 години

Tetovo-6

Сведоштво на девојка чиј татко бил во модуларната болница

Девојка чиј татко бил меѓу пациентите кои биле хоспитализирани во модуларната болница во Тетово и се спаси, а чии изјави од семејството денеска се појавија во медиумите, се огласи преку социјалните мрежи за да ја раскаже нивната приказна.Нејзиното обраќање преку социјалните мрежи го пренесуваме интегрално:„Значи вака – ова е нашата приказна!!!Прво, ОГРОМНА ама НАЈОГРОМНА благодарност за медицинскиот персонал во Модуларната болница во Тетово! Вложуваат натчовечки напори за секој пациент сместен таму и тоа е единствената вистина и став на моето семејство. Се останато напишано е невистина и срамота да се изврти!Дека пациентите во модуларна се со придружба поради недостиг на персонал е точно, да, но сфатете дека бројот на хоспитализирани во Тетово е ОГРОМЕН! Медицинскиот персонал, колку и да е дефицитарен, прави сè што може за пациентите згрижени таму и ова ви го кажувам од прва рака! Не е фер да се изврти работата и да се оцрни името на персоналот – на татко ми вчера му помогнал да излезе еден човек, но сестра ми во таа паника не видела кој е, а денеска дознавме дека човекот бил дел од ПЕРСОНАЛОТ!Се покајав што воопшто давав изјави за медиуми, бидејќи дел од нив од ваква трагедија сакаат да направат сензација (секоја чест за исклучоците, а ги има) и не почитуваат никаков етички кодекс. Ве молам не ни ставајте зборови во уста!Муабетот дека поради пукнат штекер настанал пожарот – да, кажав дека таков муабет слушавме, а сигурно и сите вие во Тетово слушате. НО! Сестра ми и татко ми не виделе ништо, сè што сакале во тој момент и таа паника било да се спасат и во никој случај не тврдат дека тоа е причината за пожарот бидејќи пак напоменувам НЕ ВИДЕЛЕ!Дека пожарот изби многу бргу е факт, дека луѓе гореа живи за жал е факт, факт е дека моите а и многу други избегаа низ прозорец, факт е дека колку и да го критикувате постоењето на придружба – придружбата заедно со персоналот им помогнаа на дел од пациентите да се евакуираат.А најголем факт е дека ова е огромна трагедија за која верувам НИКОЈ не посакувал да се случи – пожарот се рашири многу брзо и тоа е максимумот што можеше да се направи и спаси.ВЕ МОЛАМ ПОВТОРНО – не ми ги извртувајте зборовите и не додавајте масло, дај да ги жалиме мртвите и да им помогнеме на преживеаните место да правиме приказни за поголема читаност“, пишува девојката.

Македонија | пред 4 години

pretepal-do-smrt

Тепачка во училиште за странски јазици во Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.В.(25) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.На 05.07.2021 во училиште за странски јазици во Тетово, пријавениот физички го нападнал Р.Ф.(53) од Тетово.

Македонија | пред 4 години

1783741-670x377

(ВИДЕО) Заев и Ахмети исвиркани во Тетово

Премиерот Зоран Заев и неговиот коалициски партнер Али Ахмети не биле најдобро пречекани синоќа при нивната посета на опожарената модуларна болница во Тетово, каде што загинаа 14 пациенти кои се лекуваа од ковид-19.Како што објави ТВ Клан, граѓаните кои биле собрани во близина на пожарот започнале да ги свиркаат двајцата политичари, а голем број од луѓето извикувале и осуди кон нив.

Македонија | пред 4 години

bezbedni-ucilista-1

Обука за наставниците во Аеродром во рамки на проектот „Како до безбедни училишта“

Во рамките на проектот „Како до безбедни училишта“ денеска во ООУ „Лазо Ангеловски“ се одржа обука на наставниците и стручните соработници од осумте основни училишта во Општина Аеродром.„Општина Аеродром се грижи за беспрекорно одвивање на воспитно-образовниот процес, а особено за безбедноста на учениците. Оваа обука на наставниците е токму во таа насока – наставниците да разменат искуства и да се стекнат со ефикасни и применливи стратегии за препознавање и интервенција во насилни ситуации, кои потенцијално би можеле да се јават во училиштата“, изјавина отворањето на обуката Велимир Делетиќ, помошник-раководител на Секторот за образование, спорт, култура и заштита.Обуката на наставниците ги опфаќа правните аспекти на насилството во училиштата, педагошките, психолошките аспекти на малтретирањето во училиштен контекст, формите на манифестирање и превенирање на сајбер-насилството, како и последиците од изложеноста на малтретирање и насилство во секој општествен контекст и средина и можности за нивно рано препознавање ипревенција, позитивни европски практики за намалување на насилното однесување, форми на манифестирање и превенирање на насилството.Свој придонес во обуката дадоа реномираните универзитетски професори Елизабета Томевска-Илиевска (доктор по педагошки науки), Дејан Мицковиќ (доктор по правни науки), Ана Фрицханд (доктор по психолошки науки), Тања Милошевска (доктор од областа на безбедноста) и Анета Баракоска (доктор по педагошки науки).

Скопје | пред 4 години

soobrakajka

Скопјанец нападнат од две лица откако направил сообраќајка

На 08.09.2021 во 21.30 часот во СВР Скопје, Д.С.(20) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на подрачје на Центар, по претходна сообраќајна незгода, бил физички нападнат од две лица кои биле со патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

testovi-korona-germanija

Фатени 11 лица со фалсификувани негативни ПЦР тестови

На 08.09.2021 полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север откриле 11 фалсификувани негативни ПЦР тестови. При проверка на ПЦР тестови приложени од македонски државјани на Граничниот премин Табановце биле откриени девет фалсификувани негативни ПЦР тестови, додека на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје биле откриени два фалсификувани тестови.Со сите 11 лица бил извршен разговор, при што појасниле дека тестовите ги набавиле од посредници за сума од 1000 до 2000 денари. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 378 од Кривичниот законик – „фалсификување иправа“ и по член 206 – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.  ф

Македонија | пред 4 години

mnr-696x316

Поради трагедијата во Тетово, откажани сите приеми и настани во амбасадите

Министерството за надворешни работи, ја известува јавноста дека согласно Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за тридневна жалост во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот Ковид центар во болницата во Тетово, во сите Амбасади и Мисии во странство ги спушти знамињата на половина копје за времетраење на деновите на жалост.Во исто време, информираме дека сите закажани настани, приеми и промоции во рамките на нашите амбасади и мисии во деновите на жалост се откажани.

Македонија | пред 4 години

modularna-gevgelija-2

„Брако“ ги негира обвинувањата за технички проблеми при изградбата на модуларната болница

Велешката компанија „Брако“, која ги изгради модуларните болници во земјава, ги негира обвинувањата за технички проблеми при изградбата на тетовската модуларна болница. Од компанијата изразија длабоко сочувство до семејствата на загинатите луѓе, а на повредените им посакуваат брзо оздравување.„Нашата компанија, која работи по највисоките стандарди за квалитет, е испорачувач на модуларни префабрикувани контејнери на споменатата модуларна болница, а во интерес на објективно информирање на јавноста, сакаме да потенцираме дека оној дел од работите кои беа наша одговорност при изградбата се реализирани согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет. Пред техничкиот прием, сите позиции на работа кои беа наша обврска се тестирани и проверени, за што впрочем е доказ уредниот технички прием на објектот, кој е потоа предаден во употреба, а согласно ригорозните стандарди на Светската банка како финансиер на проектот, а преку Проектната единица при Министерството за труд и социјална политика.Забелешките кои се појавиле при техничкиот прием, а кои се споменуваат од дел од медиумите, беа во најголем дел од естетска природа и никако не можат да се поврзат со несреќата, а уредно беа отстранети во зададениот рок а пред пуштање на болницата во употреба. Повикуваме целокупната документација за техничкиот прием да биде објавена од страна на надлежните институции“, велат од компанијата.Оттаму ги повикуваат сите истражни органи што побрзо да ги расчистат сите околности околу овој трагичен настан и да излезат со детали од истрагата.„Компанијата стои на располагање за стручна помош, информации и соработка со сите надлежни институции, а со цел да се разјасни случајот во најкус можен рок. На крајот, згрозени сме од манипулациите со овој случај и апелираме и повикуваме, оваа трагедија и губитокот на човечки животи да не се користи како средство за дневно политички и лични препукувања. Најостро ги демантираме сите шпекулации чија единствена цел е оцрнување на нашата компанија, а не откривањето на вистинските причини за трагичниот настан“, додаваат од компанијата.Од „Брако“ велат дека за сите нови сознанија или информации навремено ќе ја информираат јавноста.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Приведени двајца скопјани кои огрбиле куќа

На 07.09.2021 од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Кисела Вода биле лишени од слобода Е.Х.(31) и П.П.(27) двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 31.08.2021 на ул.“Кумановска“ извршиле кривично дело кражба во куќа, при што одзеле пари и златен накит. Со нив бил извршен разговор во кој го појасниле начинот на извршување на кривичното дело.Се преземаат и дополнителни мерки и активности за расчистување и документирање на делото, по што ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

maksim-dimitrievski-43

Димитриевски: Не се откажувам од партијата, тоа значи реформи во СДСМ

Денеска Максим Димитривски градоначалникот на Куманово во емисијата Студио 10 на телевизија 24 изјави дека на претстојните локални избори во Куманово ќе победат граѓаните, поддржувајќи го концептот - За Наше Куманово.„Доколку победи концептот продолжуваме понатаму да работиме за Куманово, но нема да се откажам од политичкото делување. Тоа ќе значат реформи во СДСМ, нема да се откажам од партијата. Јавно сакам да им се заблагодарам  на сите граѓани кои дадоа потписи. За 2 часа ги собравме сите потписи. Граѓаните се одважија и застанаа зад еден концепт.Сликата во Куманово повеќе нема да биде црно бела, повеќето кои се потпишаа на таа листа се членови и симпатизери на СДСМ, но има и  Албанци, Срби, Роми, а најмалку од нив доаѓаат од редовите на јавните претпријатија и општинските установи. Моите први соработници во општината, раководителите на секторите ги нема во потпишаните, бидејќи се плашат. Јас ги разбирам луѓето, не сакам да ги ставам во непријатна состојба. Ако вие се осмелувате секојдневно да го испраќате началникот на полиција, инспектори, да разговараат со лица кои се потпишани на списоците всушност сфаќате во каков систем живеете и против каков систем сте се бореле. Ако порано беше тоа МВР транформирано во МВРО, сега имате слична ситуација, но не сакам да кажам со напред претставка „С“ бидејќи пак тоа е мојата партија.Но, тоа што господинот Спасовски го направи со МВР е за секаква осуда и времето тоа ќе го потврди. Врвните професионалци ги турна на страна, а голем број на кадри кои не се обучени за одредени високи позиции ги позиционираше во првиот круг како соработници, советници на високи оперативни задачи, а всушност гледаме дека ништо драстично не се менува во системот на јавната безбедност“, потенцираше Димитриевски и додаде дека јавно ќе реагира во секоја прилика кога во самата кампања ќе бидат злоупотребени државните органи во политички цели, peче Димитриевски.

Македонија | пред 4 години

1-Facebook-Google-Chrome_2

Пендаровски: Инсистирам секогаш да има одговорност, но не знам дали сега постои основ за тоа

Претседателот Стево Пендаровски во посета на тетовската болница изјави дека пожарот не е подметнат.„Имаме доволно стручни кадри и за кратко време ќе ја дознаеме причината. Имаше шпекулации дека е можеби подметнат пожарот, до овој момент нема индикатор дека ова е направено намерно со цел да се постигне некаква друг полтичка цел. Повикани се роднини на тие што лежеле во болницата, со цел полесно да се идентификуваат лицата. Граѓани се обидувале преку прозор да ги извечат заразените, но немам информација дали претходно лица од надвор биле во болницата“,“, вели тој.На прашањето дали треба да има одговорност од надлежните тој вели дека не знае дали има основ за некаква одговорност.„Инсистирам секогаш да има одговорност и морална и политичка и субјективна и објективна, но не можам да твордам во овој момент бидејки не знам дали постои основ за таква одговорност. Ние како држава мора да направиме темелна истрага за да нема сомнеж дека некој нешто прикрива“, вели Пендаровски.

Македонија | пред 4 години

241670779_10220642525599083_5943657949108858866_n

Млада девојка изгорела во пожарот додека ја спасувала мајка ѝ од болницата во Тетово

На социјалните мрежи се споделува слика од млада девојка која за време на пожарот во тетовската модуларна болница се обидувала да ја спаси мајка си. За жал девојката таа не успеала да се спаси.„Изгоре жива спасувајќи ја мајка си! Да вриштиш од болка од гнев!ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА“, стои во објавата на Фејсбук.Според информациите од Министерството за здрвство во пожарот загинаа 14 лица.

Македонија | пред 4 години

Popis_2021

Продолжува пописот, за четири дена попишани 200.000 граѓани

Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој започна да се спроведува на цела територија на Северна Македонија на 5 септември се одвива со голема поддршка и интерес од граѓаните. Потврда за тоа е големата бројка на попишани граѓани. Само во првите четири дена со попишувањето се опфатени повеќе од 200.000 граѓани.„Државниот завод за статистика изразува благодарност до сите граѓани кои свесни за важноста од спроведување на оваа најобемна статистичка операција, се конструктивен партнер вопроцесот.Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават со цел процесот да продолжи со несмален интензитет.Досегашната динамика на попишувањето на терен е гаранција дека заклучно со 30 септември успешно ќе бидат попишани населението, домаќинствата и становите на територијата на целата земја“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

3

60.000 денари парична помош на семејствата на загинатите од ААВМУ

По 60.000 денари парична помош ќе им бидат доделени на семејствата на починатите пациенти во пожарот што се случи синоќа, во кој целосно изгоре тетовската модуларна болница во Тетово, соопштија од Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), изразувајки длабоко сочувство до семејствата на починатите.Како  што информираат, Агенцијата на денешната седница донесе Заклучок за доделување еднократна финансиска помош за семејствата на починатите лица во пожарот во модуларната болница за ковид пациенти во Тетово, во висина од 60.000 денари по семејство.Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на РСМ.

Македонија | пред 4 години

mkc

МКЦ ги одложува настаните во наредните три дена

МКЦ ги одложува настаните закажани за денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота)„Навремено ќе бидете информирани за новите датуми на одржување на настаните.Сочувство до семејствата на загинатите во синоќешниот пожар во Тетово. Посакуваме побрзо закрепнување на останатите затекнати лица“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

WhatsUp

WhatsApp со нова опција, ќе им се допадне на сите што сакаат приватност

Апликацијата WhatsApp во сопственост на Фејсбук, според податоци за најмногу преземани апликации минатата година, влезе во топ 5, а за да остане на таа позиција, постојано работи на подобрување.Атрактивноста на оваа платформа за пораки беше донекаде доведена под прашалник откако претходно годинава воведе нови правила за користење, како што е споделување податоци со Фејсбук. Многумина тогаш најавија бојкот на WhatsApp.Во меѓувреме, со цел да им обезбеди на своите корисници уште подобро комуникациско искуство, WhatsApp ја подобри опцијата last seen, односно последните активности. Досега, корисниците можеа да одберат – everyone (секој), my contacts (само контактите), или nobody (никој).WhatsApp автоматски ќе ги брише пораките по 24 часа, а еве што нуди новата опција.WhatsApp наскоро ќе ви дозволи да го скриете last seen од одредени контакти.Корисниците сега ќе можат да изберат my contacts except („моите контакти освен“) и на тој начин да изберат кој од листата контакти може да види кога последен пат биле активни.Kорисниците сега ќе можат да го сокријат својот last seen WhatsApp статус од одредени луѓе. Статусот „последен пат виден“ се наоѓа на врвот на разговорот, под името на лицето. Тоа ви го кажува времето кога лицето последен пат било видено на интернет или кога последен пат било активно.

Магазин | пред 4 години

Screenshot_8

Само ефикасна истрага ќе докаже дека функционира правната држава, вели Народниот правобранител

Народниот правобранител изразува длабоко жалење за трагичниот настан во болницата во Тетово, во кој животот го загубија голем број пациенти хоспитализирани за лекување од Ковид-19, а во кој има и повредени пациенти и здравствени работници.„Сцените од ширењето на пламените јазици, борбата за спасување на секој човечки живот никого не можат да го остават рамнодушен. Секоја слика од овој немил настан создава болка и предизвикува тага за загубата која ја претрпеа голем број семејства“, се вели во соопштението испратено од таму.Народниот правобранител изразува сочувство до семејствата на трагично загинатите лица, а воедно изразува надеж за брзо закрепнување и оздравување на повредените во овој настан. Смета дека само со брза и ефикасна истрага ќе се докаже дека функционира правната држава- системот.„Одговорност за трагичниот настан мора да има. Тоа државата во најмала рака им го должи на семејствата кои останаа без своите најблиски“, потенцира Народниот правобранител.

Македонија | пред 4 години

2147

Вулнет Мурсели ги прекинува сите предизборни активности, поради трагедијата во Тетово

Поради сериозната трагедија што синоќа го потресе Тетово и целата земја, и во чест на жртвите, кандидатот Вулнет Мурсели и неговиот тим привремено ги суспендираат сите предизборни активности, и ги нудат сите човечки ресурси за да им служат на семејствата на жртвите, велат од Алијанса за Албанците и Алтернатива.„Во овие моменти, нашите молитви и мисли се со семејствата на жртвите на пожарот од 8 септември во модуларната болница во Тетово.Ние ја споделуваме болката со вас и сакаме да бидеме близу до фас со каква и да е помош што можеме да ја понудиме, за да ја ублажиме вашата болка и страдање“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

vmro_dpmne

Повеќе од 16 часа граѓаните чекаат информации, институциите молчат, вели ВМРО-ДПМНЕ

Поминаа повеќе од 16 часа, владата молчи и не дава никакви информации за трагедијата во Тетово, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Граѓаните чекаат информации, а институциите молчат.Апелираме до владата Венко и Заев да излезат во јавноста и да споделат се со јавноста што до сега е откриено.Трагедијата која се случи во Тетово е национален траор кој ја потресе целата нација. Нашите мисли и молитви се со семејствата на починатите, но и желби за брзо закрепнување на сите повредени.Очекуваме владата навремено да ги информира граѓаните, но и да спроведе се што е потребно за помош на терен, за семејствата на починатите и за повредените“, вели опозицијата.

Македонија | пред 4 години

remenski

„Доколку се открие дека пожарот е подметнат, тоа е акт на тероризам”, реагира Ременски и бара темелна истрага

Фросина Ременски на својот Фејсбук профил објави статус во кој вели дека ако се открие дека пожарот е подметнат, тоа е тероризам.„Додека ги броиме жртвите од пожарот во болницата во Тетово и сочувствуваме со семејствата на загинатите; и, додека стигнуваат сочувства од Балканот и светот..., редно е да прашаме:Дали надлежните органи ги открија сторителите кои на 23.08 (само две недели пред пожарот) ГИ ПРЕСЕКОА бакарните доводни цевки за кислород во тетовската болница и загрозија животи на стотина пациенти?Ако во овој случај (неспорно) е утврден човечки фактор кој сечел и виткал доводни цевки за кислород, тогаш дали тоа може да и' даде право на јавноста да се посомнева дека, пожарот е подметнат?Доколку се утврди дека, пожарот е подметнат (лично би тргнала од ваква криминалистичка верзија, заради нерешениот случај со сечењето на цевките за кислород во болницата), тогаш овие диверзантски дела се класичен акт на тероризам!Како знак на почит кон жртвите ќе се воздржам од било какви други коментари важни за истрагата.Очекувам институциите да признаат дека, еден важен претходно-нерешен проблем не може да не роди нов и поголем проблем, ако градот (Тетово), објектот (болница) и целта (загрозување на животите на пациентите) се исти. Криминалистичката логика е таа.Најдете ги врските помеѓу оваа "случајна случајност" и понудете ОДГОВОРИ, а не информација дека, 5 или 10 јавни обвинители работеле на случајот. И 20 да работат ако нема резултат - џабе.Клучот за оваа равенка не е судската медицина која несомнено ќе констатира смрт на ковид-позитивни пациенти како последица од пожарот. Клучот се во експертизата на,ж форензичарите и ексертите за откривање на причините за пожари и експлозии.Ангажирајте ги сите и АМАН кажете дали го решивте претходниот случај со диверзијата, за да веруваме дека и овој може да биде решен?Сочувствувам со семејствата на загинатите пациенти“, пишува Ременски.

Коментари | пред 4 години

DSC_86191

Богоев склучил договор од 600.000 денари за печатење, обвинува Левица

Уште еден скандалозен предизборен договор - Стефан Богоев како градоначалник на Општина Карпош на 30 август склучил договор за печатарски услуги во вкупна висина од 600.000 денари, велат од Левица.„Овој договор е склучен на месец и половина пред одржување на Локалните избори на кои СДСМ повеќе од сигурно дека ќе ја добие казната од жителите на Општина Карпош, меѓудругото и за недомаќинското трошење финансиски средства на Општината.Овој договор е уште еден во низата кој фрла сомнеж на вистинската потреба од вакви услуги. Претходно, Левица Карпош реагираше и за двата идентични договори „Изнајмување на техничка опрема и техничка поддршка за озвучување на настани, изнајмување на бина, осветлување и подвижна алуминиумска рампа“.Во најмала рака, СДСМ и Стефан Богоев мораат да ја образложат потребата од вакви услуги и да одговорат дали со истите овие договори, со општински пари се плаќа кампањата на СДСМ во Општина Карпош. По падот на најголемите непријатели на Општина Карпош со сигурност ќе следи ревизија на сите јавни набавки“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

SKC-OTKAZANO

Авалон ги откажа Skopje Calling и Skopje Sounds Good

Прво би сакале да им изразиме најдлабоко сочувство на семејствата на починатите во оваа ужасна трагедија што се случи синоќа во Тетово, велат од Авалон Продукција„Ова што во моментов се случува овде е практично доказ дека и кога е лошо може да биде уште полошо.Второ, се разбира дека настаните коишто требаше да се случат денеска (Skopje Sounds Good) и во петок и сабота (Skopje Calling) се откажани поради прогласената тридневна жалост во Македонија.Сите што имаат купено влезници за овие настани, можат да направат рефундација на во рок од наредните пет работни дена, почнувајќи од понеделник (13.09) до петок (17.09)“, се вели во соопштението.

Магазин | пред 4 години

2

Странски експерти ќе ја вршат истрагата во Тетово

На вонредната седница на Владата, министрите за внатрешни работи и за здравство информираа за досега утврдената состојба од пожарот со трагични последици и истакнаа дека увидот за утврдување на причините продолжува и денеска.Во оваа насока Владата донесе заклучок со препорака стручните тимови на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство да се стават на максимално располагање на обвинителството во истражните постапки. Владата ги задолжи надлежните институции да утврдат каков тип на дополнителна помош и поддршка е потребна за семејствата на загинатите и повредените, со цел истата да биде обезбедена во најкраток временски рок.Владата им се заблагодарува на сите држави од регионот, од Европа и од светот, за изразеното сочувство за трагичниот настан и донесе одлука да ја прифати понудата на дел од сојузничките сили во НАТО да испратат во земјата стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги за пожари за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово.

Македонија | пред 4 години

09092021_VRSM_Vonrednasednica-3

Тридневна жалост на територијата на целата држава

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Северна Македонија на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања