Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Уапсени две лица кои сториле 11 тешки кражби

По добиени оперативни сознанија од страна на полициски службеници од СВР Штип на 08.09.2021 лишени се од слобода М.А.(33) од Штип и П.И.(25) од с.Црвулево, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение дека сториле 11 кривични дела „тешка кражба“ од куќи на подрачјето на Штип и с.Црвулево, од каде одзеле разни предмети.Дел од предметите кои се предмет на кривичните дела се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против М.А. и П.И. ќе бидат поднесени соодветни пријави до Основното јавно обвинителство.

Македонија | пред 4 години

E-ybczGX0AYQ2CN

Не гледавме дали вадиме живи или мртви луѓе, потресно сведоштво на командирот на противпожарната Алити

Командирот на тетовските пожарникари, Ука Алити, вели дека во вчерашниот пожар е повреден еден пожарникар а четворица вдишале чад. Пожарникарите голема помош во гаснењето на пожарот добиле од граѓаните и од лекарите. Во тие моменти, додаде тој, не гледале и не мислеле дали вадат живи или мртви луѓе.– Првата интервенција беше од внатрешната страна на болницата, а потоа моите колеги забележале дека мора да се интервенира и од другата страна. Тука требаше да се гасне пожарот, а истовремено и да се изврши евакуација на пациентите. Пожарот беше толку многу голем и постоеше ризик огнот да се прошири и кај другите објекти во близина. Но, ние дадовме сè од себе и спречивме поголема штета. Нашата цел беше да извадиме што е можно повеќе луѓе од опожарениот објект, но треба да нагласам дека и многу од граѓаните и од лекарите ни дадоа голема помош за да ги евакуираме луѓето што беа во модуларниот центар. Имаше експлозија на боца, а во интервенцијата полесно е повреден само еден пожарникар, а четворица вдишале чад, – рече Алити во изјава за медиумите.

Македонија | пред 4 години

2

МЗ: Модуларната болница е изградена согласно сите стандарди, истрагата ќе ги утврди причините за несреќата

Откако изутринава се појавија информации во медиумите и на социјалните мрежи дека пропусти при градбата може да се причина за пожарот во модуларната болница во Тетово, Министерството за здравство ја информира јавноста дека сите 19 модуларни ковид болници во државата, се типски објекти, градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди.Модуларните ковид центри, вклучувајќи ја и болницата во Тетово се отворени после технички прием. При градбата на сите модуларни болници, вградените материјали се сертифицирани.  Министерството за здравство  информира дека ковид центарот во Тетово е проектиран со три влеза, ходниците се широки 2,4 метри а парапетите на прозорите се ниски во случај на евакуација. Во објектот не е користено дрво и запазени се сите други потребни елементи за заштита.При пуштање во употреба, направен е уреден технички прием. При градбата има уредно документирани записници за незначителни технички забелешки - силиконирање лајсни на подот, нивелирање на сифон во тоалет, продолжување на дел од олуците сл. По овие барања, е постапено и истите се санирани пред пуштање во употреба и хоспитализација на пациенти. Овие документи ќе бидат доставени на увид на јавноста и медиумите уште денеска.Ковид центарот во Тетово ги поседува и сите потребни сертификати за заштита при несреќи.Апелираме да не се шпекулира со ваквите информации. Министерството за здравсто очекува експертите и истражните органи што побрзо да го истражат случајот за оваа страотна несреќа. Сите аспекти на случајот да бидат предмет на темелна и брза истрага и секако одговорност доколку истрагата го покаже тоа. Самите модуларни ковид центри беа и се уште се клучни во справување со пандемијата и хоспитализацијата на пациенти. Истите се градени по највисоки стандарди, а набавката која министерството за здравство ја правеше е согласно стандардите за ваквите болници кои се користат во многу земји во светот.

Македонија | пред 4 години

bomba-1

Пронајдена рачна бомба кај Стрежевско езеро

На 08.09.2021 година во 09.50 часот во СВР Битола, вработен во Јавното претпријатие „Стрежево“ пријавил дека на брегот на Стрежевското езеро, во атар на с.Свињиште, пронашол неексплодирана рачна бомба од Првата светска војна. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка. Увид бил извршен.

Македонија | пред 4 години

popis-696x522

Прекинат пописот, а се крие причината

Не ме прашувајте ништо, наскоро ќе добиете соопштение од Владата во врска со пописот. Ова кратко ни го рече директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, откако денеска попишувачите повторно не излегоа на терен за да ја спроведат статистичката операција.Како што дознава Плусинфо, техничките проблеми со кои се беа соочиле попишувачите на вториот попишувачки ден наводно се надминати и апликацијата за попишување е повторно ставена во функција, но нејасно е зошто попишувачите утрово добиле наредба од ДЗС да си останат дома и да не го попишуваат народот.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 4 години

crven-krst

Парична помош од Црвен крст за семејствата на загинатите и повредените граѓани

Црвениот крст на Република Северна Македонија уште еднаш длабоко сочувствува со семејствата на загинатите и повредените граѓани во трагичниот пожар во Ковид Центарот во Тетово кој се случи во вечерните часови на 08 Септември 2021 година.„Во овие тешки моменти на загуба на најблиските, во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите граѓани Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе им додели еднократна парична помош во висина од 30.000,00 ден по семејство“, велат од Црвен крст.

Македонија | пред 4 години

1

Министерот за одбрана на Косово понуди помош за Тетово

Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај преку својата страница на Фејсбук информира дека им изразил сочувство на неговата македонска колешка Радмила Шекеринска и на тетовската градоначалничка Теута Арифи.– Со голема болка, со душата и со мислите со Тетово! На министерката за одбрана Радмила Шекеринска и на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, освен изразите на најдлабоко сочувство, им ги понудив сите наши капацитети во поддршка на Кризниот штаб, за справување со трагедијата во тетовската модуларна болница. На семејствата на жртвите и на повредените им порачуваме: Со вас сме!, напиша Мехај.

Македонија | пред 4 години

edi-rama

Рама: Братската прегратка за целата тетовска заедница

Албанскиот премиер Еди Рама изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите од пожарот во модуларната болница во Тетово, а на повредените им посака побрзо закрепнување.-Придружувајќи се кон сите вас во искреното и најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од синоќешната трагедија во Ковид болницата во Тетово, како и во братската прегратка за целата тетовска заедница и сите луѓе од Македонија, ви посакува мирен ден вам и на вашите семејства, напиша Рама во објавата на Фејсбук.Во врска со овој трагичен настан прв, пред полноќ реагираше шефот на државата, Илир Мета, наведувајќи дека со длабока загриженост и тага ја следи трагедијата што се случи во тетовската болница.-Исклучително сериозен и вознемирувачки настан, особено за бројот на пријавени жртви. Изразувам искрено и најдлабоко сочувство за загубените животи и ја  споделувам големата болка со нивните семејства. Посакувам што побрзо заздравување на повредените. Изразувам целосна солидарност со државните органи на Македонија, кои вложуваат максимални напори да спасат што е можно повеќе животи и да ја стават ситуацијата под контрола. Моите мисли и молитви се со Тетово, напиша Мета нешто пред полноќ.

Македонија | пред 4 години

09092021_PVRSM_Tetovo-4

Прогласена тридневна жалост во Тетово

Советот на општина Тетово на денешната итна седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост за жртвите од синоќешната трагедија.Во меѓувреме, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, уште еднаш побара од граѓаните и медиумите да чекаат официјалните информации и да не брзаат да објавуваат непотврдени информации, истовремено најави и финансиска помош за семејствата на жртвите.

Македонија | пред 4 години

stankov

Судска медицина: По обдукцијата на телата ќе се знае дали треба ДНК анализа

Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, во изјава за Сител изрази очекување дека обдукцијата на телата на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово да заврши денеска.„Формирани се тимови кои работат на обдукција и идентификација на телата. Очекуваме обдукцијата да заврши денеска, додека идентификација ќе се обидеме да ја направиме тоа што е можно поскоро и жртвите да им ги предадеме на семејствата“, рече Станков.Тој појасни дека по завршувањето на обдукцијата ќе се знае дали има потреба од ДНК анализа за идентификација на жртвите.

Македонија | пред 4 години

ukim

Од денес почнува со работа пунктот за вакцинација на УКИМ

Вакциналниот пункт на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, од денес почнува со работа и истиот ќе биде отворен секој работен ден, од 8 до 14 часот.Вакциналниот пункт е сместен на приземјето на Економскиот факултет.Како што појасни ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, во него ќе работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од Поликлиниката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите.

Македонија | пред 4 години

izjava-zaev.Still267

Се одложи судењето за „Меѓународен сојуз“ оти Боки-13 е во изолација

Судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз“ се одложува за 22 септември, поради изолација на еден од обвинетите согласно протоколите за заштита од ковид – 19, информираат денеска од Основниот кривичен суд во Скопје.„Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20 поврзан со организацијата Меѓународен сојуз, ја информираме јавноста дека денешната рaсправа се одлага по добиено известие од Затворската управа дека еден од обвинетите е во изолација согласно протоколите за заштита од Ковид – 19.Следното рочиште е насрочена за 22.09.2021 година во 11:00 часот, а определени се и термини за продолжување на расправата на 28.09, 6.10, 14.10, 15.10 и 21.10, 2021 година сите во 10:00 часот, за што веќе се известени странките во постапката“, велат од Основниот кривичен суд во Скопје.

Македонија | пред 4 години

vmro-dpmne-zgrada-650x396-1

ВМРО-ДПМНЕ со сочувство до семејствата на жртвите, Заев и Филипче да излезат со точни податоци

ВМРО-ДПМНЕ изразува големо жалење во врска со огромната трагедија и загубата на животи на наши сограѓани во текот на пожарот во модуларната болница во Тетово.„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на починатите во ужасната трагедија и искрено желби за брзо закрепнување на сите повредени од синоќешната страотна катастрофа.Воедно сакаме да потенцираме дека е важно институциите да го истражат до крај причинителот и да се утврди одговорност, која не смее да изостане.Целосно разбирајќи го револтот на граѓаните и на тетовчани, aпелираме во овие тешки моменти министерот Венко Филипче и премиерот Зоран Заев да не се кријат од јавноста и да излезат со точни податоци и проценки за состојбата. По 12 часа од несреќата не се знаат првичните индиции, ниту пак бројот на жртви. Oтсуството на систем запрепастува“, стои во соопштението.

Македонија | пред 4 години

modularna-bolnica

Д-р Шопова бара оставки од надлежните: Модуларни болници изградени без спазување на стандарди

Докторката Жаклина Шопова вели дека одговор не е потребен за причината за пожарот во тетовската болница, туку уште вечерва да си отидат надлежните од своите функции.„Модуларни болници изградени без спазување на стандарди!!!Како ДСЗИ дозволи да се пуштат во употреба!???Каде се задолжителните обуки за брза евакуација на пациентите и вработените во здравство!???Колку жртви има од твојата неспособност Филипче и неспособноста на целата Влада???ОДГОВОР НЕ Е ПОТРЕБЕН : УШТЕ ВЕЧЕРВА ДА СИ ОДИТЕ !!!Сочувство до сите семејства кои вечерва имаат огромна загуба!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Коментари | пред 4 години

policija-3

Над 500 казни за брзо возење во изминатото деноноќие

Во текот на вчерашниот ден (08.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 561 возач. Од нив, 46 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 233 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 328 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

1

12 пациенти се спасуваат по пожарот во ковид болницата

Министерството за здравство информира дека во вчерашната несреќа при пожар во Ковид центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во Ковид центарот за време на пожарот имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со полесни повреди.Министерството за здравство изразува сочувство до семесјтвата на загинатите и длабоко жалење за страотната несреќа. Министерството во текот на денот постојано ќе информира за сите нови детали околу случајот, апелираме до медиумите и граѓаните да ги следат официјалните информации и да се воздржат од шпекулации за овој немил настан.

Македонија | пред 4 години

3

ФОТО: Ужасна глетка во пеплосаниот ковид центар, остатоците говорат за хоророт

Пеплосани болнички кревети, поцрнети ѕидови, уништени бараки, оштетени автомобили. Ваква е сликата утрово на местото на трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, објави ТВ21.Таму беа присутни лица кои вршат увид на местото на несреќата и ги бараат причините за пожарот, а јавни обвинители ги сослушуваа вработените во модуларната болница..Бројот на преживеани пациенти е 12 и сите се хоспитализирани во болницата во Тетово. Според првичните официјални информации од Министерството за здравство  дека досега има 14 починати, но неофицијално, таа бројка е повисока.

Македонија | пред 4 години

Screenshot_8

ВИСТИНСКИ ХЕРОИ: Медицинските лица успеале да спасат 12 пациенти од пожарот во тетовската болница

Медицинскиот персонал од модуларната ковид-болница во Тетово успеал да спаси 12 пациенти од пожарот во кој целосно изгоре модуларната ковид0болница во Тетово, изјави доктор Илбер Бесими за Слободен печат. .Преживеани пациенти по синоќешниот пожар кој избувна во модуларната болница е 12 и сите се хоспитализирани во болницата во Тетово..Според првичните официјални информации од Министерството за здравство се дека досега има 14 починати, но неофицијално, таа бројка е повисока.

Македонија | пред 4 години

taravari

И Таравари бара оставка од Владата

Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари преку Фејсбук повика Владата да си поднесе оставка по вчерашната страшна несреќа во тетовската модуларна болница која изгоре до темел.Претходно лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев преку Фејсбук побара оставка од Заев и Филипче.Според последните официјални информации во пожарот во модуларната ковид болница животот го загубија 14 лица. 

Македонија | пред 4 години

znaminja-777x437

Сочувство од ЕУ и Грција до Македонија за жртвите во Тетово

По трагедијата во Тетово, каде загинаа најмалку 14 лица според првичните официјални информации, сочувство до семејствата на загинатите упатија од Грчкото МНР, Европската унијаСочувство до семејствата на загинатите и солидарност до народот и владата на Северна Македонија по синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово, изразија, преку „Твитер“ од Министерството за надворешни работи на Грција.-Нашите мисли се со жртвите од ужасниот пожар во болничката единица во Тетово и со сите погодени од оваа трагедија. Го изразуваме нашето искрено сочувство до семејствата на жртвите и нашата солидарност до народот и Владата на Македонија, напишаа од грчкото МНР.-ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите на овој трагичен пожар во модуларната болница во Тетово специјализирана во третманот на пациентите болни од Ковид. Им посакуваме брзо закрепнување на повредените, наведува портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро.Сочувство изрази и амбасадорот на ЕУ во земајва, Дејвид Гир.– Нашите мисли се со тетовци утрово по трагичниот пожар во модуларната болница. Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и најдобри желби за брзо закрепнување на повредените, пишува Гир на Твитер.

Македонија | пред 4 години

dimitar-apasiev9

Апасиев до Заев и Филипче по пожарот: Дури Миле имаше доблест за оставка од морални причини-имате ли образ?

Лидерот на политичката партија Левица, се огласи по трагедијата во Тетово каде загинаа најмалку 14 лица. Тој бара оставки и одговорност од Заев и Филипче.Дури и еден Миле (Ми Текна) Јанакиески, после бродската несреќа у Охрид, имаше доблест да си даде ОСТАВКА од морални причини...ФИЛИПЧЕ и ЗАЕВ - имате ли образ бе? Ова што се случи со импровизираната Ковид болница во Тетово е директна последица на вашата институционална корупција, која ја воспоставивте како систем во јавното здравство. Оставките се само првиот чекор. Одговорноста за крими-тендерите е вториот!#ОставкиИОдговорност

Македонија | пред 4 години

vucic-1-1024x683

Вучиќ: Србија е подготвена да и пружи братска помош на Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска упати сочувство до семејствата на жртвите од пожарот во Тетово и рече дека Србија ја споделува огромната болка со народот во Македонија и дека е подготвена да обезбеди братска помош за оваа земја. Вучиќ на Твитер изјави дека е крајно погоден од веста за пожарот во болницата во Тетово.- Споделуваме огромна болка со луѓето од Македонија, подготвени сме да пружиме секаква братска помош. Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на Македонија, кои беа повредени - рече Вучиќ.Најмалку 14 лица загинаа во пожар што ја зафати модуларната ковид болница во Тетово.

Македонија | пред 4 години

uploads_thumbs_resize_800x420_491987

Откажани сите настани, Владата на состанок во 10 часот по трагедијата во Тетово

За денеска се откажани повеќе најавени настани, по страшната трагедија кој синоќа се случи во Тетово, кога во пожар во модуларната болница во која беа сместени пациенти со ковид-19, животот го загубија најмалку 14 лица.Во меѓувреме закажана е итна вонредна седница на Владата од 10 часот утрово.Претседателот на државата Стево Пендаровски извести дека поради трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, се откажуваат најавените настани по повод 8 Септември, Денот на независноста.Прес-конференцијата на Фондот за иновации и технолошки развој, која беше најавена за денес во 10 часот е откажана.Од Министерството за животна средина информираа дека се одложува настанот за инаугурација на новиот национален парк Шар Планина, кој требаше да се одржи на Попова Шапка.Од Министерството за образование и наука исто така утрово известија дека посетата на министерката за образование и наука Мила Царовска на ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во општина Ѓорче Петров, која беше предвидена за денес во 10:00 часот, се откажува.

Македонија | пред 4 години

izbiracki-spisok-702x401

На полноќ истекува увидот во избирачкиот список

Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување во Избирачкиот список, 31 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 39 барања за измена на податоците во Избирачкиот список.Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 73 барања.Постапката за јавен увид во Избирачкиот список завршува вечерва на полноќ.

Македонија | пред 4 години

IMG_4715

Променливо облачно и посвежо

Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд претежно во крајните западни и крајните источни делови. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец, информира УХМР.Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.Во Скопје, променливо облачно со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.Во следните денови ќе има повеќе сончеви периоди и дневните температури ќе бидат значително повисоки. Услови за локален дожд ќе има во недела.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања