Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Поскапуваат горивата, објавени новите цени

Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот поскапуваат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,824 денар и сега ќе изнесува 37,843 денари за килограм.Од 7.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:Моторен бензин еуросупер БС – 95 72,00 (денари/литар)Моторен бензин еуросупер БС -98 74,00 (денари/литар)Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 63,50 (денари/литар)Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)Мазут М-1 НС 37,843 (денари/килограм)

Македонија | пред 4 години

Pres-1

(ВИДЕО) Шилегов одговори дали има дивоградба, тврди дека ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат зошто немаат политики за Скопје

Градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес-конференција одговори на неколкунеделните обвинувања од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со неговиот имот.Денеска сум тука пред вас, како што ветив, еднаш и само еднаш, на една прес-конференција, да ги демантирам сите бескрупулозни лаги што ВМРО – ДПМНЕ ги пласира во изминативе десетина дена, а поврзани за мојата семејна куќа и за мојот имот. Мојата семејна куќа во Тафталиџе е изградена од страна на мојот покоен татко 1995 година и јас сум нејзин сопственик од 2006 година. Како што може да се види во овој договор, станува збор за куќа од приземје, прв и втор кат и покрив. Лага број еден на ВМРО – ДПМНЕ. Видно, во имотниот лист, јас сум сопственик на куќа која што се состои од приземје, прв кат, втор кат и покрив, што е фактичка ситуација и состојба и денеска. Ништо не е додадено повеќе од тоа што стои во имотниот лист. Лага број два – Шилегов прави реконструкција без одобрение. Ова е одобрението издадено од надлежниот орган Општина Карпош во декември минатата година кога е започната реконструкцијата. Лага број три – Шилегов не е сопственик на градежното земјиште. Ова е решението за приватизација на градежното земјиште. Јас уште во јуни најавив дека како ќе се ближи кампањата така ќе бидеме сведоци на разно разни искажани работи што се поврзани за мене. И така е во изминативе 8 години. Секогаш кога немаат со што да се спротивстават на политиките кои што ги креира Шилегов како пратеник, портпарол или како градоначалник на Град Скопје влегуваат во бескрупулозни лаги и црна кампања со цел да ме компромитираат мене и моето семејство. Дозволете да искажам благодарност и извинување до моето семејство што успеваме сите заедно сплотени да ја трпиме оваа црна кампања за која сум свесен дека нема да престане, без оглед на фактите – рече денеска градоначалникот Шилегов.Тој е категоричен дека на претстојните избори треба да се зборува исклучиво за Скопје.- Поминаа две недели откако Мицкоски и Коце Трајановски застанаа зад независен кандидат за градоначалник. Не успеав ништо да слушнам поврзано со Скопје. За политиките што планираат да ги креираат за Скопје, политиките што треба да донесат поквалитетен живот во нашиот град. Знам дека тоа не им е едноставно. Затоа што во изминативе 4 години завршивме еден мост, а градиме втор, изградивме 4 булевари, преку 110 километри велосипедски патеки, ја вративме „Дрисла“ од криминалната приватизација, со стационарот „Лајка“ почнавме суштински да го решаваме проблемот со кучињата скитници, зеленилото е и тоа како видливо. Станува збор за истите луѓе кои потрошија 680 милиони евра во еден километар квадратен и кои бескрупулозно го уништуваа нашиот град. Зашто немаат одговор на политиките што ги креирав јас како градоначалник заедно со вас граѓаните на Скопје. Затоа ќе разговараат исклучиво за црна кампања, за фасади, за стиропори... – рече Шилегов.Тој нагласи дека длабоко верува во демократските, но и во човечките вредности.- Јас сум човек којшто достоинствено ќе го истрпи сево ова. Впрочем, зошто ни е политиката, ако ја загубиме човечноста. Драги мои скопјани, јас сум вашиот градоначалник и убеден сум дека тоа го знаете и го препознавате, и во оваа кампања од мене ќе слушате само како ќе ги решаваме проблемите кои што тие луѓе ни ги наталожија. Ќе победиме и на овие избори и ќе продолжиме заедно да го градиме Скопје како една поинаква приказна, Скопје како што сите го сакаме, Скопје како што сите го замислуваме - нагласи градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 4 години

Brodska_nesreka_odbelezje

Одбележана годишнината од потонувањето на бродот „Илинден“

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на жртвите од бродската несреќа „Солза на Роза“, вчера, беа одбележани 12 години. Делегацијата на општина Охрид ја предводеше заменик – градоначалникот Ристе Николески.– Денес се одбележуваат 12 години од потонувањето на бродот Илинден во Охридското езеро. Пред една години се постави споменикот во чест на починатите во несреќата. Тој ден и датумот 5 септември засекогаш ќе остане врежан во колективната меморија на Охрид и како поука дека треба постојано да се надградуваме за да не се случуваат такви немили настани. Да не се повтори. Сите години правиме се за да ја подигнеме безбедноста во водите на Охридското Езеро и тоа ќе продолжиме да го правиме и понатака, рече Николески.Амбасадорот на Република Бугарија Ангел Ангелов кој ја предводеше делегацијата на Република Бугарија, рече дека пред 12 години бил еден од првите кој бил тука за да види што точно се случи.– За тие 12 години имаше една мала плоча која беше поставена од Ротари клуб Охрид. Минатата година со финансиска помош од Министерството за надворешни работи на Бугарија и општина Охрид го направивме овој нов споменик. За таа една година спомен плочата еднаш беше оштетена и еднаш беше испишана со спреј. Сакам да им се заблагодарам на сите кои реагираа навремено и ја вратија спомен плочата во првобитната состојба. Се надевам дека нема ова да се повтори никогаш повеќе, зошто загинатите туристи кои се невини, не смеат да бидат употребени за дневна политика. Ќе продолжиме да го оддбележуваме овој ден и во иднина,рече Ангелов.Свежо цвеќе пред спомен обележјето положија повеќе делегации од Бугарија и Охрид.

Охрид | пред 4 години

Pozarna_Galicica_09062021003

Испратена екипа за теренско гаснење на пожарот на Галичица

Градоначалникот Константин Георгиески рано утринава повторно беше на терен во подножјето на планината “Галичица” каде што согласно заклучоците од вчерашниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, беше испратена првата група која се упати на терен за гаснење на планинскиот пожар.Теренската екипа е составена од претставници на НП “Галичица” и Територијалната противпожарна единица од Охрид и истата ќе има задача да направи увид на состојбата со пожарот и да делува каде што има потреба.Вчерашните активностите за гаснење од воздух, врнежите од дожд и влажното време што ноќеска го зафатија Охридскиот регион влијаеа поволно за локализирање на пожарот.Бидејќи на локацијата на пожарот е регистрирана многу мала количина на врнежи, стручните лица од локалниот кризен штаб оценија дека временските прилики и дождливото време не се доволни за целосно локализирање и гаснење на пожарот. Поради тоа на теренот треба активно да се делува континуирано да се следи на терен.Општина Охрид останува во редовна комуникација и координација со сите надлежни институции. За сите нови детали, јавноста ќе биде навремено информирана.

Охрид | пред 4 години

Helicopter_gasnenje_pozar_09052021004

Во гаснењето на пожарот на планината Галичица се вклучи и хеликоптер

Еден хеликоптер на Воздухопловниот ВИНГ во текот на вчерашниот ден се вклучи во гаснењето на пожарот на планината “Галичица” кој е активен на непристапен потег. Според најавите во текот на денешниот ден ќе се делува со две летала од воздух.По барање на градоначалникот Константин Георгиески се одржа состанок на кризениот штаб на кој присуствуваа претставници на Центарот за управување со кризи, НП„Галичица“, Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица од Охрид и СВР Охрид.Беа донесени неколку заклучоци меѓу кои и одлуката од денес, 06.09.2021 година од 6 часот да биде испратена екипа од 40 лица, кои ќе заминат на терен со цел да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Екипата ќе делува на потегот каде што нема остатоци од. неексплодирани гранати.Екипата ќе биде составена од претставници на Центарот за управување со кризи, НП„Галичица“, Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица од Охрид и Службата за спасување на планина од охридскиот Црвен крст. Се разгледува можноста да бидар вклучени и доброволци, доколку е тоа потребно.Инаку Општина Охрид на 30-ти август, кога пожарот беше пренесен на територија на Република Северна Македонија, испрати барање до Центарот за управување со кризи за ангажирање на летало и за спроведување на активности за гаснење од воздух и беше во постојана координација и комуникација со сите надлежни институции.

Охрид | пред 4 години

grapes1

Исплатени над 151 милиони денари на сметките на лозарите, вели Бачовски

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 6.041 лозари, исплати над 151 милиони денари . Станува збор за исплата на мерките 1.10 А и 1.10. Б, односно исплата на 2 денари за килограм предадено грозје во регистрирани капацитети за вино за сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка.Корисници на мерката 1.10 А се сите производители на грозје кои произвеле и предале грозје во капацитети од минатогодишната реколта и аплицирале за мерката „дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во регистриран капацитет за сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка“Додека корисници на 1.10 Б се сите производители кои користат средства за 1.18 а аплициарале и по мерка дополнителни директни плаќања за произведено и предадено грозје во регистриран капацитет за вино и тоа за сортите Смедеревка, Вранец,Бургундец црн, Станушина, Картошија, Жилавка и Кадарка, Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, вели дека земјоделците се партнери на Агенцијата, токму затоа средствата се исплаќаат во ек на берба.„Сите кои правно – законски се стекнале со право на користење за финансиска поддршка, во еден ден, без селекција ги добиваат средствата. Праксата за неселективна исплата на земјоделските субвенции продолжува. Парите од финансиската поддршка се исплаќа во време кога овие производители имаат потреба од свеж капитал за прибирање на новата реколата, подготовка на насадите за следната сезона и употреба на сите агротехнички заштитни мерки за насадите. “- истакна Бачовски.Наше е да обезбедиме поволни услови кои ќе помогнат за намалување на производните трошоци. На лозарите останува да дадат се од себе да го приберат овогодинешниот род и да ги подготват насадите за новата реколта.

Македонија | пред 4 години

Stoilkovski-04.09

„Дали изведувачот на зградата „Шилегов“ има врска со тендерите на Скопје?“, прашува Стоилковски

Петре Шилегов пред луксузната зграда – дивоградба, нема поставено ниту задолжителна информативна табла, табла со имиња на проектантот, инвеститорот, изведувачот, кој врши надзор над работата, најважното - бројот на дозволата за градење, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.„Па, Шилегов, имаш ли ти воопшто дозвола за градење? Кој ти ја издал таа дозвола за градба над дозволеното? Колку комуналии имаш платено за тоа?Тече рокот Шилегов да го покаже јавно документот од Општина Карпош, дозволата, согласно којашто тој излегува од висината која што е норматив за овој урбанистички реон.А, покрај дозволата за градба, Шилегов, нека покаже и склучениот договор со изведувачот! Дали е тоа фирма којашто има некаква врска со тендерите во  Град Скопје? Дали е тоа фирма -блиска до јавните претпријатија на Град Скопје? Има ли Шилегов некаква уплатница, уплата, финансиска трансакција кон таа фирма? Дали се работи за компензација? Или можеби благодарница за добиен тендер, работа за Град Скопје или јавно претпријатие под Град Скопје?Почитувани,Десетина дена за семејната зграда на Шилегов збори и се скандализирана сета јавност, само инспекциските служби, ниту  од урбанизам на Карпош, ниту Државниот инспекторат за урбанизам никаде ги нема!Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов“, вели тој.

Македонија | пред 4 години

izletal-od-pat

Ауди излета од патот Берово-Струмица

На 05.09.2021 во 20.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Берово-Струмица, на место викано „Преведена“, патничко моторно возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.Г.(39) од Радово, излетало надвор од коловозот.Во незгодата возачот и тројца сопатници Н.С.(37) од с.Просениково, М.А.(39) од Струмица и В.М.(37) од с.Добрејци, се здобиле со повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Берово.

Македонија | пред 4 години

ldp-bitola

И Горан Милевски е за кандидат за градоначалник

Членовите на Либерално-демократската партија (ЛДП) синоќа го предложиле својот лидер Горан Милевски за кандидат за градоначалник на Битола, соопшти партијата на Фејсбук.Како што е наведено во соопштението, Горан Милевски е предложен за кандидат на Движењето „Одлучно за промени“, но тој, официјално, сè уште не го прифатил предлогот.„Членовите на ЛДП акламативно го предложија претседателот Горан Милевски да биде кандидат за градоначалник на Битола. Општинскиот одбор очекува Горан Милевски да ја прифати кандидатурата, која е барање не само на членовите, туку и на граѓани и на бројни поддржувачи на актуелната власт кои сакаат во оваа трка за градоначалник да се вклучи и тој. Усвоена беше и листата на советници на Движењето ’Одлучно за промени‘, која на овие избори ќе ја предводи Валентин Груевски, досегашен претседател на Советот на Општина Битола. На листата се наоѓаат истакнати членови на ЛДП и ДОМ, како и бројни јавни личности од граѓанскиот сектор, културата, спортот. Листата ќе го отсликува и мултиетничкиот карактер на Битола“, наведено е во соопштението на ЛДП.

Македонија | пред 4 години

droga-zaplena-marihuana-kokain

Фатени дилери од Скопје и Кичево, пронајден кокаин за продажба

На 05.09.2021 при спроведена координирана полициска акција од страна на Одделот за криминалистичка полиција Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и ОВР Струга, ОВР Кичево и СВР Скопје приведени се двајца дилери на наркотична дрога кокаин, А.П.(52) од Кичево и А.Т.(35) од Скопје. Против лицата е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело "неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори" казниво по член 215 од Кривичниот законик. Од страна на Судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје на лицата им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.По преземени мерки и активности, минатиот месец (05.08.), на автопатот Скопје - Тетово, на наплатна рампа Желино од слобода се лишени А.К.(28) државјанин на Република Словенија и А.Р.(42) од Тетово. При преглед извршен во патничко моторно возило „ланчиа“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К., каде како совозач бил А.Р., биле пронајдени и одземени над 100 грама кокаин и пакување хашиш. Против двете лица била поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик и им била одредена мерка притвор.По преземени мерки и активности, дојдено е до сознание дека пријавените А.П. и А.Т., се организатори на продажбата на наркoтичната дрога, при што во координација со Јавен обвинител од Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден (05.09.) извршени се претреси во Кичево кај лицето А.П. и во Скопје кај лицето А.Т.. При извршените претреси пронајдени и одземени се марихуана, вага и мобилен телефон.

Македонија | пред 4 години

korona5

Анализа на Трајковски: Последниве два дена стагнира и бројот на активни случаи, односно достигнат е и неговиот врв

Ви ја пренесуваме последната анализа на професорот Дејан Трајковски, кој на Фејсбук редовно прави анализа на состојбата со Ковид-19 во Македонија.“05.09.2021. Судејќи според седумдневната подвижна средина на дневниот број на нови случаи, врвот на заразувањето во Битола бил околу 27 август (жолтата линија на дијаграмот на првата слика).Последниве два дена стагнира и бројот на активни случаи, односно достигнат е и неговиот врв.На дијаграмот на 14-дневната инциденца (на втората слика) можеме да направиме една интересна споредба.Гледаме дека на државно ниво (црвената линија) инциденцата бргу искачувала, а потоа бргу слегувала, со еден прилично остар врв.Во Битола пак (зелената линија) инциденцата помалку стрмо искачувала, а врвот е широк и разлеан на повеќе денови, т.е. настапило плато. Намалувањето исто така ќе биде бавно.Објаснувањето го дава теоретскиот модел и има врска со репродукцискиот број (R0) на епидемијата во определена средина.На државно ниво R0 бил повисок и затоа кривата е повисока и потесна.Во Битола R0, односно преносливоста била пониска, па затоа бранот е понизок и поразлеан.Ова сме го виделе порано преку математичките симулации на динамиката на епидемијата, при различни репродукциски броеви R0.Покрај чисто математичкото, има и епидемиолошко објаснување (математиката само служи за опишување на истото).Колку преносливоста на епидемијата е повисока, вирусот побргу заразува и „исклучува од игра“ (ги става во изолација или ги имунизира) таман толку лица колку што треба да се постигне колективен имунитет, па откако нема да има доволно чувствителни (сусцептибилни) бранот спласнува.При помала преносливост тоа „исклучување од игра“ е побавно и бранот трае подолго. Интересно е што при помала преносливост колективниот имунитет се постигнува при помалку прележани (така кажуваат и математичките симулации), а со тоа и помалку хоспитализирани и починати, што не е мала работа.Кога велиме „колективен имунитет“, тој се постигнува при дадена преносливост, која зависи од сојот на вирусот, сезонската преносливост, но и од дисциплината на населението, државните мерки и вакцинацијата.Токму благодарение на дисциплината на населението Јапонија никогаш немала големи бранови, дури и без никакви вакцини. Македонија е на другиот крај од спектарот. Благодарение на отсуството на дисциплина и целосната негрижа, како од страна на населението така и од здравствените власти, имавме бранови какви што имавме“, пишува тој.

Слајдер | пред 4 години

kiceec-zaev-4

Заев за Кичеец: Не знам зошто патувал кон Скопје со тие луѓе, но имал медицинска документација за лекување

Премиерот Зоран Заев не знае зошто Зоран Милевски-Кичеец патувал кон Скопје, но за случајот зошто не е во затвор на издржување казна - бил заинтересиран и разговарал со Управата за издржување санкции. Заев уверуваше дека Кичеец имал комплетна медицинска документација за да може да излезе на лекување. Детали за случајот не знаеше, а изрази жалење за загубата од сообраќајката.„Разговарав со директорот за санкции, Марјан Спасовски. Ми ги кажа сите детали. Секој издржувач на казна затвор, има соодветни права. Овде има комплетирана медицинска документација, од здравствени причини, особено со аргументации со соодветни потписи. Не знам зошто патувал кон Скопје, со тие луѓе. За деталите ве упатувам кон Управата за извршување на санкции. Јас прашав бидејќи еве вие медиумите, но и јас како претседател на Влада, е да се заинтересираме дали ова е според закон. Жалам за загубата во сообраќајната незгода“, рече Заев.Министерот за правда, Бојан Маричиќ рече дека Зоран Милески-Кичеец не е ниту првиот, ниту последен затвореник кој добил допуст за прекин на издржување на казната.„Врз база на медицинска документација затвореникот добил 30-дневен прекин на казната. Ова не е прв ниту последен затвореник кој ги користел овие погодности кои врз база на медицинска документација добил ваков допуст за прекин за издржување на казната“, рече Маричиќ.Тешката сообраќајка се случи во саботата во близина на Стража.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos

Сите млади лица кои починале биле невакцинирани, тврди Филипче

Сите млади лица кои го изгубија животот во изминатите денови како последица на коронавирусот биле невакцинирани, тврди министерот за здравство Венко Филипче. Меѓу нив имаше неколку лица на 24 и 25 години, но и помлади. Сите беа лекувани во болница, но, докторите не успеаја да им ги спасат животите поради компликациите од болеста.„Вакцините на Фајзер се препорачани и за децата од 12 до 18 години. Сега апелот е насочен за граѓаните над 18 години. Сакаме опфатот да го зголемиме. Сите млади кои се починати а за кои се дискутираше во јавноста, сите се невакцинирани“, рече Филипче.Анализите покажувале дека добро се одвива опфатот на вакцинација со повозразните лица, а сега се става акцнет да се вакцинираат и помладите граѓани, бидејќи тие се лицата кои го шират вирусот според Филипче. Според него, оваа категорија на граѓани е најнезаштитена, а со вакцината, е единствен начин да се спречи ширењето на вирусот.

Слајдер | пред 4 години

Screenshot-2021-09-06-at-10.10.09

Уште двајца ученици заболени со корона, за Филипче тоа е мал број на заболени

Министерот за здравство Венко Филипче, смета дека училиштата не се ризик за здравјето на децата. Неделава има уште две деца кои се заболени, но нема информација колку ученици се во изолација поради контакт со нив. Дали учениците во Тетово и Гостивар ќе почнат во училиште или ќе се продолжи со онлајн настава, ќе се одлучува неделава.„Протоколите во училиштата се направени по принципите како се одвиваат препораките за спречување на ширење на вирусот. Бројките кои ги имаме до сега покажуваат дека мал е бројот на ученици кои се заболени. Имаме до крајот на минатата недела ученици од четири скопски општини со мал број на контакти. Денеска имаме уште двајца ученици, еден од Велес и еден од Скопје кои се заболени. Навистина е мал бројот на деца кои се заболени. Ќе се евалуира состојбата во Тетово и Гостивар, за да се види дали ќе има намален број на заболени, дали треба продолжување на мерката“, рече Филипче.Според Филипче, ситуацијата е под контрола.„Намален е и бројот на прегледи од 140 на 90 прегледи. Намален е бројот и на хоспитализирани во Тетово. Ова укажува дека ситуацијата спласнува во овој момент и ова е добро. Засега не гледаме дека училиштата се ризик за здравјето на децата“, додаде Филипче.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.50.42

Апасиев со инсајдерска информација за тие кои се плашат од попис

Лидерот на Левица и пратеник во Собранието, Димитар Апасиев објави информација, за која вели дека е инсајдерска од попишувач на терен во врска со најавените казни за лицата кои ќе одбијат да се попишат.За оние кои се плашат од казни... Инсајдерска информација од попишувач на терен во Државниот завод за статистика: „Здраво, бидејќи обичниот народ се плаши од казни, граѓаните треба да знаат дека ние имаме само адреси од Катастар, но не знаеме кој живее во куќите/становите - се додека лицето самото не се идентификува. Па, како би можеле ние да казнуваме, кога немаме такви информации, а ни овластувања!? Може да излезе кираџија или гостин, а не газдата на станот. Инаку, на првиот ден имавме константен недостаток и проблеми со апликацијата за попишување“, напиша Апасиев.Инаку, Левица го бојкотоира пописот бидејќи смета дека е наместен односно фингиран, кој нема да ги даде точните статистички податоци на лица кои живеат во Македонија.

Македонија | пред 4 години

ohridski-ucilista

Дел од учениците во Тетово ја напуштија наставата во знак на бојкот

Дел од родителите на ученици во четврто одделение во тетовскиот регион денеска не ги пуштија децата на настава и го одржаа најавениот предупредувачки бојкот на наставата.Така направија родителите на учениците во основното училиште „7-ми Март” во Милетино, Општина Брвеница.Тие се револтирани што годинава четвртоодделенците не добија учебници и согласно новата концепција треба да учат од дигитални примероци преку електронски уреди.-Никој не е против дигитализацијата во наставата, но бараме тоа да биде помошно средство. За објаснување. Книгата да биде главно средство за наставата. Учебник е учебник. Образованието е бесплатно за сите, а ваму сме принудени да печатиме учебници. Немаат сите можности ниту да печатат учебници ниту да купуваат таблети или други уреди за следење на наставата, изјави Ненад Ѓорѓески, родител и член на училишниот одбор во ОУ „7-ми Март” во Милетино.

Македонија | пред 4 години

policija-3

Се вози брзо низ Македонија: 703 казни за еден ден

Во текот на вчерашниот ден (05.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 703 возачи.Од нив, 84 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 349 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 354 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.43.24

Нинџа беше на викед, ќе може да оди на одмор, а во затвор пере автомобили

Александар Василевски Нинџа, правосилно осудениот на казна затвор во траење од 7 години за настаните од 27 април во Собранието, вчера на време се вратил од викенд отсуство, дознава МКД.мк. Нинџа минатата недела на 2 септември прв пат беше излезен на викенд кој му следува откако одлежа една третина од затворската казна, и требаше да се врати вчера до 16 часот, но тој на капијата во Истражниот затвор во Шутка, се појавил еден час пред истекот на времето.Како што пишува МКД.мк, сега е во полуотвореното одделение во затвор и е работно ангажиран, односно работи во возниот парк во склоп на Казнено-поправната установа и ги пере автомобилите.Нинџа до сега од вкупната затворска казна од 7 години, има издржано 3 години и 3 месеци.Работната задача осудениот ја добил неколку дена пред Управата за извршување на санкции да му одобри да излезе на викенд.Сега откако се води како работно ангажиран во Истражниот затвор во Шутка, освен викенд отсуство, по истекот на 6 месеци ќе може да користи и годишен одмор.

Македонија | пред 4 години

shilegov-11

„Шилегов има два ката повеќе од дозволеното од семејната зграда“, ВМРО-ДПМНЕ му поднесува кривична

Шилегов имаше рок од 24 часа, кој полека истекува, за да покаже дозвола, платени комуналии или било каков документ за семејната зграда, во спротивно ќе му биде поднесена кривична пријава, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.„Но Шилегов одбра да молчи и да се крие. Бега од одговори затоа што е кабает. Тој има изградено два ката повеќе од дозволеното и сега од петни жили се обидува да го заташка овој скандал, мислејќи дека така ќе се спаси од одговорност. Но се лаже, фатен е жив. Шилегов беше избран и платен од граѓаните да го штити градот од урбанистичко дивеење, но тој избра да премине на страната на урбаната мафија. Тоа е исто како шумар да стане дрвокрадец.Остана уште малку време Петре. Покажи ги документите инаку следи кривична која нема да може Заев да ја крие во фиока. Многу скоро ќе нема Луј Витон судство и обвинителство кое ќе ја штити мафијата на власт“ додаваат од опозициската партија.

Скопје | пред 4 години

konstantin-georgieski-pozarna-ohrid

Уште гори Галичица, но пожарот е локализиран

И натаму е активен пожарот на планината Галичица. Рано утринава, согласно заклучоците на вчерашниот состанок на Кризниот штаб на Општина Охрид, екипа составена од претставници на НП "Галичица" и Територијалната противпожарна единица од Охрид се упати на терен, за да направи увид на состојбата со пожарот на планината "Галичица" и да делува каде што има потреба.„Вчерашните активностите за гаснење од воздух, врнежите од дожд и влажното време што ноќеска го зафатија Охридскиот регион влијаеа поволно за локализирање на пожарот. Бидејќи на потегот каде што е активен пожарот е регистрирана многу мала количина на врнежи, стручните лица од кризен штаб оценија дека временските прилики и дождливото време не се доволни за целосно локализирање и гаснење на пожарот. Поради тоа на теренот треба активно да се делува и континуирано да се следи состојбата. Остануваме во редовна комуникација и координација со сите надлежни институции. За сите нови детали навремено ќе ја информираме јавноста“, вели Константин Георгиески - градоначалник на Општина Охрид.

Актуелно | пред 4 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.04.20

Попишувачите не се жалат дека не им отвораат врата, втор ден одат од дом во дом

Започна третиот попис на три дена пред одбележувањето 30 години независност на Репубика Северна Македонија. Во текот на вчерашниот ден попишани се 91.681 лица, 28.355 домаќинства и 37.404 станови што претставува повеќе од успешен почеток на најголемата статистичка операција во земјава. Првиот ден помина без забелешки, а државниот врв, партиите и невладините организации повикаа граѓаните да соработуваат.Пописот започна без одбивање за попишување од страна на граѓаните, а не бил пријавен ниту каков било технички проблем, изјави вчера директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски по попишувањето на едно домаќинство во Ѓорче Петров.Ги повика граѓаните да соработуваат за да се добијат релевантни податоци и да не подлегнуваат на иницијативите кои повикуваат да не им се отвара врата на попишувачите. Повтори дека попишувањето е безбедно во однос на ширењето на вирусот и нагласи дека попишувачите имаат соодветни легитимации кои мора да ги покажат.Надлежните потенцираат дека операцијата ќе биде безбедна со оглед на тоа што се спроведува во услови на пандемија на Ковид-19 и тоа во четвртиот бран, кога изминатиов период бележиме зголемување на бројот на заразени. Велат пописот ќе се спроведе безбедно со почитување на здравствените протоколи и не постои никаква шанса за ширење на вирусот.Претседателот Стево Пендаровски вчера во интервју за Радио Слободна Европа нагласи дека не очекува дека поради политички тензии некој може да ги компромитира резултатите од пописот.-Ние не можеме сосема и да сакаме да излеземе комплетно од таа матрица на пребројување по етничка припадност оти во нашиот Устав има одредба дека одредени права и статуси им припаѓаат и на оние немнозински заедници кои се најмалку 20 отсто од популацијата, така што тоа е одредба од Рамковниот договор, тоа е одредба од нашиот Устав, мораме да ја почитуваме, инаку се согласувам како што одминуваме, неодамна прославуваме 20 годишнина од Рамковниот договор, мислам дека пребројувањето само и само по етничката припадност треба да стане дел од историјата, истакна Пендаровски.

Македонија | пред 4 години

modularna-bolnica

Над 80 проценти од пациентите кои се заразиле со Ковид-19 се невакцинирани

Во земјава над 180 илјади лица се заразиле со Ковид-19 од почетокот на епидемијата, а бројот на активни случаи надмина 15 илјади.Повторно голем број на починати лица беа регистрирани во текот на вчерашниот ден – 21, на возраст од 49 до 94 години. Од направени 5.416 тестирањe, вчера беа регистрирани 459 нови случаи, а оздравеа 368 пациенти.Во Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово има најмногу активни случаи на Ковид-19, а со најмалку активни случаи се Демир Капија, Дојран и Пехчево.Над 80 проценти од пациентите кои се заразиле со Ковид-19 се невакцинирани. Во болниците најголем дел од пациентите се исто така оние кои не примиле вакцина против вирусот. Според надлежните единствен спас за излез од пандемијата е луѓето да се вакцинираат.Според испитувањата кои ги има направено компанијата „Фајзер“, која е еден од производителите на вакцина за Ковид-19, најверојатно ќе биде потребна и трета доза, но наодите се уште не се официјализирани.

Слајдер | пред 4 години

Screenshot-2021-09-05-194754

(ВИДЕО) Ќе ве расплаче: Под прозор на Клиника, им пееја на децата на хематологија во Скопје

Светилки од мобилни телефони ги изненадија синоќа децата што се лекуваат на Клиниката за детски болести во Скопје. Новинарката Бранка Костиќ Марковиќ на социјалните мрежи објави видео снимено пред Клиниката за детски болести во Скопје. На видеото може да се забележат група луѓе составени од средношколци, родители на деца кои победиле канцер, како и други граѓани, кои им пееа на децата од хематологија.„Пеевме за дечињата од хематологија. Секоја сабота во 20 часот ќе има пеење. Ти честитам Marija Tasev за иницијативата и честа вака граѓански да се вклучиме во една хумана мисија Го снимив видеото единствено за да знаете дека и вие некоја сабота можете да им ја развеселите вечерта на овие деца кои цела година немаат излезено од клиниката. Вечерва имаше средношколци, родители на деца што победиле канцер, но и други граѓани како нас што едноставно сакаме да развеселуваме детски срца“, стои во описот на видеото.

Скопје | пред 4 години

koronavirus-korona-kovid-test

Лажни ковид тестови се продаваат во Тетово

Откако многу земји во светот ги условија патувањата со негативен тест за ковид-19, за приватна лабораторија во Тетово дојдоа „петте минути“, пишува „Шкипмедија“.Во лабораторијата чии сертификати се меѓународно прифатени, јавна тајна е дека безмалку една година може да платите одредена сума евра и да го направите „негативниот тест“ без воопшто да ви биде направен тест.Порталот тврди дека илјадници албански емигранти летово го купиле тестот и ги наполниле болниците во Швајцарија, Германија, Италија, Данска итн.„Сето ова никогаш немаше да биде возможно доколку во ова злосторство не беше вклучена приватна лабораторија од Тетово, чие име ќе биде објавено од надлежните институции доколку ја започнат истрагата, но веруваме дека секој во Тетово знае која е таа. Полицијата, обвинителите, сите надлежни знаат за тоа“,  пишува „Шкипмедија“.

Македонија | пред 4 години

241252529_400814371444687_3427986571671135005_n

Алијанса за Албанците го објави својот кандидат за градоначалник на Тетово

Собранието на огранокот на Алијансата за Албанците во Тетово, вечерва избра Вулнет Мурсели, кандидат на коалицијата АА-ААА за Општина Тетово.Членовите на Собранието гласаа помеѓу двајцата кандидати, Вјолца Бериша и Вулнет Мурсели, по што двајцата кандидати се залагаа дека ќе работат заедно за да постигнат победа на локалните избори. Пред изборот на кандидатот, претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села рече дека членовите избрале меѓу најдобрите и дека по ова Собрание ја чека најважната битка за судбината на овој град.„Идејата за победа не е идеја за победа на соодветно име, туку идеја за победа на политичкиот концепт. Тетово ја сака промената и заедно со граѓаните на Тетово мора да го запираме исмувањето и потсмевот на овие луѓе кои раководеа долги години со Општина Тетово и ни кажуваа дека сега одлучиле да ја запрат кражбата“, рече Села во својот говор пред членовите на Собранието. Алијансата за Албанците на изборите во Тетово гледа како на битка за враќање на достоинството на градот на два универзитети, градот со големи промени и градот кој е најпогоден од актуелната власт СДСМ-ДУИ. Од денеска ги започнуваме подготовките за реализација на проектите за развој на Општина Тетово, заедно со другите општини во кои Алијансата за Албанците ќе победи убедливо на изборите на 17 октомври.Големата промена што започна во Гостивар, Врапчиште и Боговиње ќе продолжи со останатите општини и ќе кулминира со победата на централната власт.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања