Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

maricic-1

Дигитализација на судството: пет судови за почеток

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска преку видео врска имаше обраќање на настанот организиран од ЕПИ на тема „Дигитално судство – нова ера на реформите на македонскиот правосуден систем“.Маричиќ посочи дека како Министерство свесно или не, се соочуваат со оргомни промени кои ги наметна дигиталната ера.– Следејќи ги промените во начинот на кој живееме произлегува и потребата нашето општество да доживее дигитална трансформација. Таа полека, но сигурно ќе ја преземе секоја клетка на нашето општество без исклучок. Примената на информатичко-комуникациските технологии на државно и локално ниво во рамките на јавните служби се претвори во нужна потреба со која ќе се придонесе за подигнување на квалитетот на давање услуги кон граѓаните а со тоа и да се подобри односот помеѓу граѓаните и општо државните институциите, рече Маричиќ.Според него во овој тежок период на светска пандемија, стана јасно дека дигиталната трансформација не е само пожелна, туку и апсолутно неопходна за ефикасен и функционален јавен сектор.– Само независното и непристрасно судство може да биде гарант за демократијата и владеењето на правото. Затоа како Влада и како Министерство за правда покажавме силна политичка волја, заложба за реформирање на правосудниот систем и желба за враќање на довербата на граѓаните кон државните институциите. Работиме на остварување на целите кои ги имаме поставено пред нас и полека, но сигурно веќе резултатите се гледаат. Дигитализацијата на која сме фокусирани изминатиот период, очекуваме да придонесе кон зголемување на транспарентноста и отвореноста на судовите, зголемување на ефикасноста на судиите и судовите, и овозможување полесен и поедноставен пристап до правдата и до услугите, истакна министерот за правда.Секој момент, како што посочи Маричиќ, се очекуваат да пристигнат во државата двајца експерти од САД во обиколка на судовите, со цел да направат целосна спецификација, бидејќи секој суд, секоја судница си има свои карактеристики, а соодветно на тоа и за потребата за опремување ќе биде различна. Први ќе бидат опремени Основните судови Штип, Кавадарци и Струмица, како и Кривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје, кажа Маричиќ.

Македонија | пред 4 години

brza-pomos

Судир на велосипед и мотор во Кавадарци, девојка и момче потешко повредени

Тројца млади биле повредени во сообраќајка ноќеска во Кавадарци, девојка и момче со потешки повреди, потврди за МИА Ратко Грков, дежурен лекар во кавадаречката Брза помош.Младите биле повредени во сообраќајка меѓу велосипед и мотор. Во центарот на Кавадарци, кај основното општинско училиште „Димката Ангелов-Габерот“. Им укажавме прва медицинска помош и поради сериозноста на повредите, една девојка и едно момче препративме на лекување во Скопје, појасни Грков.

Македонија | пред 4 години

Pres-1

Шилегов: 4 години макотрпно работиме да ги отстраниме аномалиите од невладеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Ние сега треба да разговараме за програмите и понудите кои што ги имаме, или за реализација, за политиките што планираме да ги спроведеме за град Скопје и за Скопјани, истакна кандидатот за градоначалник на град Скопје на СДСМ Петре Шилегов, во емисијата „Жешко лето“ на Канал 5 телевизија.ВМРО-ДПМНЕ се уште не излегува пред скопјани со свој кандидат и се крие позади независниот кандидат Данела Арсовска, истакна Шилегов, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ 27 години претходно управуваше со нашиот град, сите аномалии кои што се појавуваат во Скопје, кои овие 4 години макотрпно работиме да ги отстраниме се аномалии од нивното невладеење.Не верувам дека мои поддржувачи ќе гласаат за Арсовска, но убеден сум дека, токму поради тоа што го направивме во овие четири години дека многу, многу членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за мене за градоначалник, порача Шилегов.Она за што јас можам да го кажам гордо дека се изградени четири булевари, еден мост завршен во Аеродром, друг почнат во Карпош, 110 километри велосипедски патеки, многу зеленило, по 40 години зборување за трамвај, сега Бас рапид транзитот е тендериран, завршена финансиската конструкција, после долги години малтретирање на уличните кучиња направивме стационар, што е пример во регионот, сето тоа се политики што ги креиравме за нашиот град за одржлив развој на инфраструктурата, се токму тоа со кое што јас настапувам пред Скопјани, наведе Шилегов.Тој нагласи дека во изминатите 4 години започнавме многу работи, кои се во точка од која нема враќање, како клучката на Момин поток, клучката на Словенија, Бас рапид транзитот.Во овој мандат за само 4 години кога никој не веруваше дека можеме да ја завршиме пластичарска, ја завршивме, кога никој не веруваше дека можеме да пробие ридот кај касарната Илинден и него го завршивме и имаме булеварско решение со велосипедски патеки. Имаме прв булевар кој излегува на обиколницата, тоа е Христијан Тодоровски Карпош, булевар АСНОМ кој долги години беше рак рана на граѓаните на  Аеродром, истакна Шилегов.Тој нагласи дека врз основа на добра анализа направивме добра стратегија вистински развој на нашиот град.Ние пробивме многу коридори во нашиот град, многу работи кои беа рак рана на Скопјани се решени или е започнато нивното решавање или се при крај, истакна кандидатот за градоначалник на град Скопје на СДСМ Петре Шилегов, во емисијата „Жешко лето“ на Канал 5 телевизија. 

Македонија | пред 4 години

korona-2

Вчера починале 32 лица од коронавирус

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 2.558 тестирањe, а регистрирани се 199 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 157, Куманово и Кавадарци – по 6, Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар – по 4, Велес- 3, Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Богданци – 1.Регистрирани сe 556 оздравени пациенти од: Скопје – 164, Тетово – 115, Струмица – 50, Куманово – 40, Гостивар – 35, Штип – 26, Кавадарци – 20, Кичево – 15, Битола – 14, Велес – 11, Дебар – 10, Ресен и Пробиштип – по 9, Валандово – 8, Прилеп – 7, Кочани -6, Кратово – 5, Неготино и Радовиш – по 4, Свети Николе – 2, Виница и Богданци – по 1.Пријавени се 32 починато лице: 13 починати лица од Скопје (80г, 76г, 75г, 72г, 72г, 69г, 69г, 64г, 61г, 57г, 55г, 45г, 35г), 6 починати лица од Тетово (81г, 78г, 77г, 69г, 62г, 53г), 3 починати лица од  Гостивар (83г, 74г,  68г), 2 починати лица од Велес (72г, 64г) и по едно починато лице од  Прилеп (80г), Кавадарци (72г), Охрид (77г), Струмица (77г), Струга (79г), Свети Николе (57г), Радовиш (49г) и Делчево (71г).30 од пријавените починати лица се починати во болнички услови, двајца се починати во домашни услови.Направени се 2.558 тестови преку: ИЈЗ-21, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово –12, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-104, Авицена-149, Биотек-145, Систина-133, лабораторија Лаор-0, Синлаб-2, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа -0, Никоб лаб-492, ВФВ Медикал-49, Ели Медика-44, Ројал Медика –0,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.373.Досега во земјата се направени вкупно 1.190.914 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.243, бројката на оздравени пациенти е 159.365, на починати е 6.097, а бројот на активни случаи изнесува 14.781Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 77812, Активни 6202Куманово 10464, Активни 893Прилеп 8728, Активни 279Тетово 10533, Активни 1786Битола 6778, Активни 271Велес 5844, Активни 245Гостивар 7769, Активни 992Кавадарци 5542, Активни 195Охрид 5620, Активни 536Штип 5352, Активни 212Струмица 5328, Активни 639Струга 3661, Активни 612Кочани 3030, Активни 113Кичево 3705, Активни 573Гевгелија 2310, Активни 79Неготино 2261, Активни 54Свети Николе 1734, Активни 136Ресен 1422, Активни 108Крива Паланка 1294, Активни 50Радовиш 1373, Активни 114Берово 1148, Активни 47Делчево 1068, Активни 72Дебар 1404, Активни 247Виница 964, Активни 37Пробиштип 850, Активни 41Валандово 748, Активни 26Богданци 537, Активни 41Крушево 516, Активни 21Демир Хисар 414, Активни 10Демир Капија 401, Активни 1Кратово 477, Активни 59Македонски Брод 442, Активни 56Пехчево 297, Активни 6Македонска Каменица 280, Активни 25Дојран 137, Активни 3

Македонија | пред 4 години

natasha

Во Трпејца заврши традиционалната Меѓународна уметничка колонија

Вчера во Трпејца беше заокружена четвртата Меѓународна уметничка колонија со учество на уметниците: Петрит Лараку од Поградец- Албанија, Елена Ѓурѓиноска од Русија, Наташа Попоска - Карче, Хава Реџеп и Ѓоко Симјаноски сите од Охрид. Споменатите уметници изминатите четири дена сликаа и се дружеа во Трпејца со љубопитните мештани, учениците во подрачното основно училиште „Наум Охридски“ и туристите.За моќта на уметноста и зближувањето меѓу луѓето говорат и пораките од уметниците Владисав Богичевиќ и Јовица Костиќ учесници на второто издание на колонијата, кои во знак на поддршка на организаторот ветија дека во својот роден град Ниш – Србија ќе изработат две свои дела кои ќе станат дел од годинашната Меѓународна колонија.Животот на прекрасните слики веќе започна со нивното создавање и кога пандемијата со Ковид -19 ќе стивне се планира тие да бидат претставени во Поградец и Охрид.Организатор на колонијата беше Здружението „ За Трпејца со љубов“ помогнато од Општина Охрид.

Охрид | пред 4 години

vmro-1

Растот на БДП од 13% нема да го надомести падот од минатата година од 15%, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Според последните податоци за БДП за второ тримесечје 2021 година, ако имаме среќа до крајот на годината бруто - домашниот производ ќе се врати на нивото од 2019 година. За жал, растот кој денеска беше гордо објавен, дури и пред календарски утврдениот термин на Статистика, не го надоместува падот од минатата година од 15%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Исто така, покрај тоа што растот во второто тримесечје не го надоместува падот од 15% од минатата година, треба да се има предвид и дека во првото тримесечје падот на БДП изнесува -1,9%.Истовремено, високофрекфентните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека индустријата има проблем со опоравување, имено заклучно јули растот на индустријата е околу 5% споредбено со вртоглавиот пад од лани од околу 14%. Истовремено, индустријата продолжува да отпушта работници, според последните објави на Државната статистика.Згодно за власта, Државниот завод за статистика побрза неколку дена предвреме да ја објави и стапката на активно население, по што проследија неколку објави и прес-конференции од власта, а денешната предвремена објава од „успехот“ за БДП се совпадна со конференцијата на Бесими“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

DSC_0356

Овие улици и булевари во Скопје утре ќе бидат затворени

На 08.09.2021 (среда) во Скопје ќе се одржи централната прослава "30 години независност".  и  почнувајќи  од 11,00 часот до завршување на настанот  затворени за сообраќај ќе бидат:- бул. "Кочо Рацин" на потегот од крстосницата со бул."Кузман Јосифовски Питу" до ул."Кирил и Методиј"- ул.“11-ти Октомври" на потегот од ул."Крушевска Република" до ул."Димитрие Чуповски"-ул. "Филип Втори" на потегот од бул."Гоце Делчев" до ул."11–ти Октомври"- Кеј “13–ти  Ноември" на потегот од ул."Филип Втори "до бул."Кочо Рацин"-ул."Мирче Ацев" на потегот од ул."Филип Втори "до бул."Кочо Рацин"-ул."Димитрија Чуповски" на потегот од порта Македонија до бул."Климент Охридски" и- ул."Даме Груев" од крстосницата со ул. "Македонија" до ул. "11-ти Октомври"Согласно наведеното, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.Секторот за внатрешни работи Скопје апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

03092021_PVRSM_Zaev_promocija-na-kampanja_2

Заев: Ќе се фокусираме на процесот на дигитализација како една од системските мерки за борба против корупцијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска прими делегација на Светска банка претставена од регионалната директорка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и директорот на банката за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи.Премиерот Заев на средбата ја истакна плодотворната соработка со Светска банка во широк спектар на области од клучно значење за Северна Македонија во последните години во реформирањето и модернизирањето на сите сегменти на македонската економија.На средбата беше нагласено дека согласно стратегијата за партнерство на Република Северна Македонија со Светска банка, поддршката од оваа меѓународна институција се фокусира на проектите за развој на вештини и можности, особено за најранливите категории, на проекти за подобрување на општинските услуги, на инфраструктурни проекти за подобрување на патната и железничката инфраструктура, за унапредување на социјалните услуги, за унапредување на основното образование, на проекти за енергетска ефикасност и на повеќе други.На денешната средба една од централните теми беше соработката за зајакнување на системот за јавно здравство во пост-ковид периодот, како и поддршката на Светска банка во обезбедувањето Систем за интегрирано менаџирање на јавните финансии.Во оваа насока, премиерот Заев на средбата истакна дека партнерството со Светска банка и блиската соработка во идниот период ќе се фокусира на процесот на дигитализација како една од системските мерки за борба против корупцијата, паралелно со поддршката на програмите за справување со сивата економија.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Сончево и топло, со температури до 30 степени

Максимални 30 степени не очекуваат денеска.Метеоролозите најавуваат сончево време со слаб ветер од североисток.Во Скопје, температурите ќе се искачат до 27 степени Целзиусови.

Македонија | пред 4 години

20160610145505-1024x502

Поради минирање затворен патот Кичево – Охрид

Дел од патот Кичево – Охрид ќе биде затворен во временски интервали поради минирање, информира АМСМ.„Патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, поради изведување градежни работи на пат, минирање, сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11 и 14 часот во времетраење од 15 – 20 минути“, велат од АМСМ.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-30-at-11.20.24

Шилегов вчера покажа дозвола за реконструкција, а не за надградба, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Шилегов лаже, тој нема дозвола за надградба, Општина Карпош треба да ја руши зградата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Се што покажа Петре Шилегов вчера е дозвола за реконструкција, а тоа е дозвола со која се дозволува ставање на нова фасада или изведување на градежни работи кои нема да го променат габаритот на зградата. За разлика од реконструкција, Шилегов направи надградба на уште два ката, нешто за што нема дозвола.Шилегов има зграда која е повисока за два ката од сите останати куќи. Шилегов нема документ со кој ќе докаже дека зградата е изградена законски.Општина Карпош треба да постапи согласно закон и да ја сруши дивоградбата на Шилегов.Шилегов наместо да гради јавни добра, градел за себе и си го зголемувал имотот незаконски.Време е за одговорност. Време е за промени“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

F20BD749-9C75-4719-92A7-91B6818C7F20

Мајка од Демир Капија пет месеци трага по син ѝ: Се уништив

Снежана Лазаревиќ од Демир Капија пет месеци очајно трага по својот син Љубиша, кој е исчезнат. Таа бара помош од надлежните органи, граѓаните, односно секој кој има било каква информација за нејзниот син.“Јави ми се кај и да си дете, се уништив веќе. Јави ми се да знам дека си жив и здрав”, пишува мајката која се сомнева дека можеби нејзниот син е надвор од Македонија и има изгубено помнење поради доживеана несреќа.

Македонија | пред 4 години

mickoski-6

Мицкоски е уверен дека победува во Аеродром, но сеуште нема кандидат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 24 зборувајќи на темата за престојните локални избори, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е убедлив фаворит за победа во Општина Аеродром.За тоа кој ќе биде кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина, Мицкоски појасни дека во моментот трае последното мерење на јавното мислење и дека до сабота ќе биде познато името на идниот градоначалник на Општина Аеродром.-Во моментот трае едно такво мерење на јавното мислење, би рекол четврто во Аеродром и бидејќи до сабота е последниот рок до 11-ти, ќе донесеме одлука за тоа кој ќе биде кандидатот затоа што многу внимателно бираме. Таму ВМРО-ДПМНЕ е фаворит и сакаме навистина решението кое што ќе го понудиме, да биде решение кое што ќе го одберат мнозинството жители на Општина Аеродром. Така што се надевам, набрзо односно сум сигурен дека до сабота мораме да го објавиме бидејќи истекува рокот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.04.20

Пописот продолжил, проблемот не бил во интернетот

Државниот завод за статистика сподели информација дека денеска имало проблем при попишувње на граѓаните. Процесот продолжил непречено, а проблемот е надминат.„Денес, 6 септември, во претпладневните часови се појавија спорадични и локациски изолирани проблеми при процесот на попишување на населението на терен. Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат. Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии. Колку за илустрација, во тие 2-3 часа додека траеја техничките проблеми, беа попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата. Државниот завод за статистика се извинува за лошо изнесената изјава дека проблемите се должат на паѓање на интернетот и јавно се извинува на Македонски Телеком АД за несреќно дадената изјава што се должи на недостиг на точни информации“, велат од Државниот завод за статистика.

Македонија | пред 4 години

stevco-jakimovski

Стевчо Јакимовски ќе биде кандидат за нов мандат во Карпош

Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ и поранешен долгогодишен градоначалник на Карпош, ќе биде кандидат и на претстојните локални избори, во обид да се врати на градоначалничкото место во оваа скопска општина.Од ГРОМ потврдуваат за „360 степени“ дека одлуката за кандидирање на Јакимовски е веќе донесена, иако не е сè уште официјализирана. Се очекува Јакимовски да биде кандидат на ГРОМ, наспроти кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и на Левица.ГРОМ планира да има и своја листа на советници во Карпош, како логистика во кампањата на Јакимовски, како што беше случај и на минатите локални избори во 2017 година. Тогаш Јакимовски, од позиција на актуелен градоначалник, ја изгуби битката од Стефан Богоев од СДСМ, иако ВМРО-ДПМНЕ немаше кандидат за градоначалник во Карпош.

Македонија | пред 4 години

Summerland-1

Шилегов ќе победуваше во прв круг, а сега, очекува поддршка од Бени Шаќири во втор

Откако прво кажа дека ќе победи во прв круг, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, сега вели дека во втор круг ќе ги добие гласовите односно поддршката на Бени Шаќири кандидат на ЛДП и ДОМ. Практично, Шилегов очекува и втор круг избори во главниот град.„Јас и Бени сме другари, сигурно ќе ме поддржи во втор круг, рече денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов, коментирајќи ја одлуката на партиите ДОМ и ЛДП да го кандидираат рокерот Бени Шаќири за градоналалник на Град Скопје.Претходно, на крајот на август, Шилегов рече дека е убеден дека ќе победи во прв круг.„Впричем, јас сум убеден во победата уште во првиот круг. Ќе кажат граѓаните на 17 октомри. Мислам дека е во заблуда – рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешниот настан за почеток на изградба на клучка на булеварот „Словенија“ и Качанички пат, прашан за коментар на изјавите на Георгиевски.Ова го искоментира и новинарката Јорданка Ивановска-Јоци која е критикар на Шилегов.„Ајдеее, тапанарија работава......до завчера Петросаурус ќе победуваше во прв круг, удави начисто со тоа, а сега веќе очекувал поддршка од Бени за втор круг⁉️ И сеа до кај е работава...во прв или во втор круг ќе тепаш? Иде Дунааав, Петроооо...“, напиша Јоци.

Скопје | пред 4 години

ulica-koli-ramstor-soobrakaj

Ќе се подготвува празнувањето, ќе бидат затворени неколку централни улици во Скопје

Поради подготовки за настанот по повод Денот на независноста, во централното градско подрачје на град Скопје утре 07.09.2021 (вторник), почнувајќи од 11,00 затворени за сообраќај ќе бидат:-ул."11-ти Октомври" и ул. "Димитрие Чупоски" во правец на движење од ул."Васил Главинов" до ул."Филип Втори Македонски" додека спротивниот правец ќе биде отворен за сообраќај, а од 15,00 часот сообраќајот ќе биде затворен во двата правци.- Од 23 часот на 07.09.2021 до 11,00 часот на 08.09.2021 година дополнително затворени за сообраќај ќе бидат ул."Даме Груев" на потегот од крстосницата со ул."Македонија" до крстосницата со ул."11-ти Октомври" и ул."Филип Втори" на потег од Кеј “13-ти Ноември" до ул."11-ти Октомври" и ул."11-ти Октомври" на потегот од бул. "Кочо Рацин "до ул. "Даме Груев".Согласно наведеното Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Сектор за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

tepacka2

Две тепачки во Скопје: 36-годишен маж натепан од малолетници, а друг од непознато лице

На 05.09.2021 во 22.03 часот во СВР Скопје, Г.Т.(36) од Скопје пријавил дека околу 21.50 часот на подрачје на Кисела вода, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од повеќе малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 05.09.2021 во 23.00 часот во СВР Скопје, В.Б.(25) од Скопје пријавил дека околу 22.50 часот на подрачје на Аеродром, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

heroin-111

Запленет хероин во Кавадарци и марихуана во Гостивар

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.М.(33) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот, на 27.06.2020 на ул.„Западен булевар“ во Кавадарци на И.П. од Кавадарци му продал хероин, а при преглед кај пријавениот, исто така, бил пронајден и одземен хероин.ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против А.Ф.А. (24) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“. На 03.06.2021, полициски службеници од ОВР Гостивар, извршиле преглед кај пријавениот при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 4 години

tepacka

Страшно: Малолетници нападнале девојка и физички ја тепале во Скопје

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера се приведени двајца малолетници и со нив е извршен службен разговор затоа што со уште еден малолетник на 04.09.2021 во куќа во Шуто Оризари противправно лишиле од слобода малолетничка и физички ја нападнале.„Малолетничката е предадена на родителот, а во координација со јавен обвинител и Центарот за социјални работи се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.

Скопје | пред 4 години

zaev-zoran-sednica-vlada

Заев тврди дека има раст на бруто домашниот производ

Премиерот Зоран Заев со воведно обраќање ја отвори Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по КОВИД-19“ во рамки на Економскиот и финансиски форум.Премиерот Заев во своето обраќање истакна дека после една година, според денешните официјални статистички податоци можеме да кажеме дека кризата и официјално одминува и економијата заздравува, што е потврда и на нашите анализи дека економијата е стабилна и ќе растe.„Официјално пред неколку минути е објавено од Заводот за статистика дека во вториот квартал од годинава согласно статистика регистриран е позитивен раст на бруто домашниот производ во износ од 13,1 процент. Ова значи дека првото полугодие од оваа година постигнавме раст на бруто домашниот продукт од 5,6 проценти“, рече премиерот Заев.На Конференцијата премиерот Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими, го најавија и Планот за здравување и финансирање на забрзан раст кој е веќе подготвен. Целта е да се обезбеди финансирање на закрепнувањето на економија од КОВИД и поддршка за забрзан одржлив раст со паралелно одржување фискална стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на буџетските средства и задолжувањата.

Македонија | пред 4 години

vladimir-tufegdzik-3277832

Судијата кој го гонеше Мијлаков заминува од судот, од идниот месец ќе е адвокат

Судскиот совет денеска го прифати барањето на судијата Владимир Туфегџиќ, односно констатираше престанок на неговата судиска функција.-Судскиот совет донесе одлука со која се констатира престанок на судиската функција на судијата Владимир Туфегџиќ од 29.09.2021 година, по негово сопствено барање, велат од советот.Судијата во Кривичниот суд, Владимир Туфегџиќ се повлекува од функцијата и побарал од Судскиот совет, од декември, да повеќе да не ја извршува. Тој смета дека донесената одлука е исправна и образложува дека ако не напредува во кариерата поради нарушен систем на вредности, тогаш се губи смисла да се продолжи понатаму.Судијата Туфегџиќ е избран во 2008 година. Тој има судено стотици предмети, меѓу кои познати на јавноста и се „Тврдина-таргет“ за масовното незаконско прислушување, „Еразмус“ за професорите обвинети дека барале секс и пари за оценки, „Трезор“ за набавката на опрема за следење комуникации. Во 2011, Туфегџиќ беше судијата кој ги замрзна сметките на телевизијата „А1он“, во својство на истражен судија.

Македонија | пред 4 години

kiceec-2

Детали зошто бил пуштен: Зоран Кичеец има тахикардија, која му се јавила по интезивен психички и физички стрес

Зоран Милески Кичеец имал одобрен прекин на издржувањето на затворската казна в рок од 30 дена, период кој нема да му се засметува во издржаната казна, соопштија денеска од Управата за извршување на санкции.Тој бил пуштен на 10 август, а надвор од затворот требало да остане до 9 септември. Инаку Кичеец ја издржува затворската казна во КПД од отворен вид во Струга. Пoбарал да биде пуштен за да оди на лекување, оти, како што навел му била влошена здравстевна состојба. За тоа пратил и докази од специјалистичкиизвештаи од прегледи извршени на 06 и на 9 август во ЈЗО Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св.Стефан“ во Охрид.-Во специјалистичките извештаи е наведено дека пациентот се јавил на преглед поради чувство на забрзана срцева работа, градна болка и видлива агитираност кои се јавиле после интезивен психички и физички стрес, еден час пред преглед. Пациентот поставен на хемодинамски мониторинг, ординирана терапија со ампули Presolol и ампули Cordarone и седација, после која дојде до нормализирање на срцевата фреквенција. Дијагнозата за која специјалистот навел дека е потребно да се продолжат медицински иследувања е „Суправентрикуларна тахикардија“’ и индицирани и закажани се ехокардиоградија, холтер EKG, Холтер ТА, колор доплер сонографија на каротидни артерии, KCT, а препишана е и соодветна медикаментна терапија. Со оглед на фактот дека е потребно повеќедневно испитување, одлучено е како што е погоре наведено, стои во известувањето.

Македонија | пред 4 години

234001336_371435821012609_5349251136558521544_n

Груби тврди дека во Македонија има пострашен вирус од ковид

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денеска, од првиот панел на меѓународната конференција во Скопје порача дека најголемата закана за економиите е корупцијата, а не короната. Почетната основа за економско закрепнување, дополни Груби, е борбата против организираниот криминал и корупцијата.Корупцијата, истакна Груби, е пострашен вирус и од Ковид.-Мора да почнеме да пријавуваме корупција денес. Не зборуваме за пропаганда или за неосновани партиски обвинувања, туку за вистински аргументирани фактички ситуации и случаи. Да направиме коалиција – Владата, невладините организации, бизнис заедницата, науката, сите да се обединиме и да и застанеме на патот на корупцијата, повика Груби.Тој напомена дека е неопходно и владеење на правото.-Корупцијата е нашиот најголем непријател и закана за растот на сите економии, општества и демократии. Го поткопува кредибилитетот на институциите и процесите. Се работи за уште пострашен вирус од КОВИД кога станува збор за закрепнувањето, растот и развојот на економијата. Мора да градиме клима на личен и институционален интегритет, етичко однесување на лично и институционално ниво. Но, без одржливо владеење на правото не можеме да имаме кредибилни институции и доверба на јавноста кон системот. Некредибилни институции значат недостиг на јавна доверба што доведува до селективна и корумпирана правда, а тогаш немаме стабилни инвестиции, стабилна бизнис клима. Тоа доведува до замена на правниот систем, на најлесниот начин – мито, да се заврши работата, рече првиот вицепремиер.

Македонија | пред 4 години

nenad-lazarov4

Доктор Лазаров бесен: И да немате решение за изолација, не смеете дете да пуштите во училиште ако имате заразен дома

Се повеќе гласини дека деца кои имаат симптоми или пак позитивен брз тест за корона, кој не се регистрира во системот на Министерството за здравство, а немаат решение за изолација, се пуштани во училиште. Всушност, тие можат да го шират вирусот на соучениците и да заразат повеќе лица. Токму затоа реагираше и специјалистот доктор Ненад Лазаров, кој е матичен доктор од Скопје.„И да немате решение за изолација или позитивен ковид тест, и да имате негативен брз тест од детето, не смеете дете да пуштите на училиште ако во семејството има некој актуелно позитивен! Тоа што шарлатаниве не издаваат на секој решение за изолација ради контакт со позитивен (а живеат во ист стан), не значи дека е безбедно, туку дека надлежните немаат поим од медицина или не им е гајле“, напиша Лазаров.

Коментари | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања