Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Pod_skolo_Sv_Naum_09072021008

Поставен нов под во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Комплетно нов под се постави во средното стручно училиште „Св. Наум Охридски“ во Охрид. На ходниците и скалите во училишната зграда целосно се поставија нови плочки и огради на скaлите. Севкупанта сума за изведување на овој зафат изнесува 1 700 000 денари.Дополнително, денес, започна да се асфалтира подлогата на спортските терени и дворното место. После завршување на овој зафат, започнува поставувањето на спортските реквизити и оградувањето со зажтитна мрежа на спортското игралиште. Средствата одвоени за оваа намена изнесуваат 7 000 000 денари.Изминатиов период заврши и поплочувањето со бехатон плочки на платото од школото. Со завршувањето на зафатите кои се во тек во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ , значително се подобруваат условите како за учениците така и за наставниот кадар и администрацијата, а дополнително училиштето добива еден современ и урбан лик.

Охрид | пред 4 години

Polaganje_cveke_09082021002

Положено свежо цвеќе по повод одбележувањето на денот на независноста

По повод празникот 8-ми Септември-Денот на независноста на Република Северна Македонија, делегација на Општина Охрид, составена од претседателката на Советот, Живка Ангелоска и заменик градоначалникот Ристе Николески, положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци во паркот на градскиот плоштад.Цвеќе положија и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од градов.

Охрид | пред 4 години

policija-3-640x382

Приведени двајца тетовчани за издржување затворска казна

На 07.09.2021 во 11.00 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово врз основа издадена судска наредба од Основен Суд Тетово е приведен А.Д.(27) од с.Мала Речица,тетовско. Лицето е предадено во КПУ Затвор Тетово за издржување на казна затвор.На 07.09.2021 во 10.30 часот во Тетово од полициски службенци од СВР Тетово врз основа издадена судска наредба од Основен Суд Тетово е приведен Б.Б.(62) од с.Голема Речица,тетовско. Лицето е предадено во КПУ Затвор Тетово за издржување на казна затвор.

Македонија | пред 4 години

241344466_1502494480083947_2262743274078593160_n

(ВИДЕО) Алиоски: Го кршам ајпадот ако изгубам на „Не лути се човече“

Левиот бек на македонската репрезентација, Езѓан Џани Алиоски, важи за еден од милениците на публиката. За неговите шеги на тренинзите и во соблекувалната раскажуваат и фудбалерите и фановите, а и тој често објавува забавни видеа на социјалните мрежи.На Евро 2020 даде гол против Украина по Горан Пандев, кој го постигна првиот гол за Македонија на европските првенства.„Јас сум најмладиот стрелец за Македонија на едно Европско, ако имам 29 години“, вели на шега Алиоски и додава: „Мило ми е што Горан даде гол, знам колку го посакуваше тоа во својата кариера“.Роден е во селото Црнилиште и од таму со родителите заминал во Швајцарија. Вели, и покрај животот во Швајцарија, едвај ги чекал распустите оти тогаш родителите го носеле во Македонија, во прилепскиот крај, каде што по цели денови играл топка со децата.„Имав една и пол година кога со моите се преселивме во Швајцарија. Почнав да играм во локалниот клуб на 3-4 години, а кога се префрлив во поголем клуб во Берн, татко ми секој ден ме носеше на тренинг и чекаше да завршам. Моите родители секогаш веруваа во мене“, открива Џани во интервју за Репортер.

Магазин | пред 4 години

thumbnail_Orden8Septemvri-6

(Видео) Орден „8 Септември“ од Пендаровски за Стојан Андов

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 8 Септември, Денот на независноста, ги одликуваше Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година, со Орден „8 Септември“.Стојан Андов се одликува со Орден „8 Септември“ за неговото политичко делување како прв претседател на првото повеќепартиско собрание при што остави неизбришлив белег во процесот на градење на македонската парламентарна демократија, како и за неговиот значаен придонес кон донесување на неопходните државотворни акти и документи со кои јасно се трасираше патот за изградба на самостојна и независна држава.Пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година се одликувани со Орден „8 Септември“ за донесувањето на државотворните акти и документи кои јасно ја изразуваа вековната желба на македонскиот народ и на останатите етникуми за изградба на самостојна држава притоа уважувајќи ги сите граѓани без разлика на етничката или верската припадност, како и за изборот на првиот претседател и првата Влада, за распишувањето на референдум за независност и за усвојувањето на првиот устав, химна и знаме со што се удрија темелите на независна и суверена македонска држава.Орденот „8 Септември“ во името на пратениците во мандатниот период од 1990 до 1994 година го примија Никола Стојановски, првиот претседавач со конститутивната седница на првото повеќепартиско собрание и Фадил Зендели, потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, на свечена церемонија во Кабинетот на Претседателот.Поради состојбата со пандемијата од Ковид-19, а имајќи ја предвид неговата возраст, орденот на Стојан Андов му беше врачен од страна на претседателот Пендаровски во неговиот дом, а на денешната церемонија беше прикажан видео материјал од овој чин.Во своето обраќање на церемонијата, претседателот Пендаровски оцени дека со донесувањето на Уставот, воведувањето на денарот како национална валута, усвојувањето на неколку битни системски закони, носењето на едногласната одлука за членство на нашата држава во НАТО и во Европската Унија, првиот повеќепартиски пратенички состав не само што ги постави основите за изградба на нов правен, политички и економски систем, туку го започна и процесот на демократска консолидација на младата држава.„Верувам дека освен со Орденот „8 Септември“ нашата благодарност кон првиот пратенички состав можеме да ја искажеме и на еден многу посуштествен начин. А тоа е ако го следиме вашиот пример и преку политичко и граѓанско помирување, одново постигнеме единство околу најважните прашања за иднината на Република Северна Македонија. Ова е неопходно за да покажеме политичка зрелост каква што доликува на држава-членка на НАТО, која чека датум за почеток на преговори за членство во Европската Унија. Но, уште поважно, ова од нас, актуелната генерација политичари го очекуваат македонските граѓани за чии што интереси сигурно не работиме ако во политичката арена, приоритет ни се само нашите лични и партиски интереси, наместо националните и државните“, рече претседателот Пендаровски на свечената церемонија одржана во Кабинетот на Претседателот.

Македонија | пред 4 години

bugarski-pasos-960x639

Да им се одземат бугарските пасоши на тие што на пописот нема да се декларираат како Бугари

Фондацијата „Македонија“ ќе испрати писмо до претседателот на Народното собрание и до претседателот на државата со цел, да се воведат промени во Законот за бугарско државјанство, пишуваат бугарски „Факти“.-Да им се одземе бугарското државјанство на оние лица, кои во Македонија се декларирале со различна етничка припадност од бугарската, а имаат добиено бугарско државјанство врз база на етничката свест како Бугари. Тоа е прикажување на невистините информации пред службите и органите на Бугарија, изјави за БНР, Виктор Стојанов, претседател на фондацијата „Македонија“.Според него, Бугарија прави клучна грешка во текот на последните 30 години, а во врска со почетокот на пописот Стојанов вели:-Јас секојдневно работам со илјадници луѓе од Македонија. Вчера имав над 50 разговори, зашто почна официјалното пребројување. Попишани се 91.681 лица. Според мои внатрешни информации, како Бугари се изјасниле само 72 лица. Многу важно е да се каже дека има 130.000 илјади бугарски државјани од Македонија, кои добиле бугарско државјанство врз основа на бугарското потекло и декларираната бугарска етничка свест заверени на нотар. Поголем дел од тие 130.000 лица веројатно не живеат во Македонија и нема да учествуваат во пописот, а тие што живеат таму имаат законска обврска да се попишат како Бугари.

Македонија | пред 4 години

cardi-b

Карди Би се породи и собра 11 милиони лајкови на Инстаграм

Една од најтурбулентните врски во светот на славните ја доби втората круна, а Карди Би и Офсет станаа родители по вторпат!Раперката Белкалис Алманзар, позната како Карди Би, се породи и на свет го донесе своето второ дете.Таа со сопругот Офсет веќе ја има ќерката Калчр, а круната на нивната љубов пристигнала на 4 септември.Карди родила момче и објавила фотографија со Офсет и бебето на својот инстаграм-профил. Фотографијата на која се покриени со ќебе од модната марка „Луј Витон“ собра повеќе од 11 милиони лајкови за помалку од 24 часа. 

Магазин | пред 4 години

20201116120925

Тие што не сакаа размена на територии, денеска се селат од Чаир, вели Љубчо Георгиевски

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во дневникот на „Сител“ коментирајќи ја 30-годишнината од независноста на земјата, како едно од најголемите премрежја на државата го спомена конфликтот во 2001.Идејата за размена на територии и население со Албанија не била само негова, вели тој, туку била иницирана и од академците од МАНУ, кои потоа повеќето од нив се повлекле. Целта била да не се влегува во војна со илјадници жртви, бидејќи индиците беа дека меѓународниот фактор повеќе им помага, како што вели тој, на терористите отколку на државата.„Чудни се луѓето кои порано не сакаа размена на територии со Албанија а денеска се селат од Чаир во другиот дел на Скопје и им пречи кога во нивната зграда ќе се всели албанско семејство, вели претседателот на ВМРО-НП во интервјуто.Самата година 30 години независност е историја, иако имаше многу бурни денови. Тоа е историја која дава гаранција дека Македонија успеа, заклучува тој.„Создавањето на Македонија беше врв на еден распад на поранешна Југославија, која се распаѓаше секој ден. Во земјата немаше којзнае каква желба за независност и самостојност, мнозинството беше про-југословенски настроено, туку сплетот на околностите ја тераа да стане независна, следејќи ги другите примери.Имаше страв дека југословенската армија ќе направи пуч и ќе спроведе диктатура. За среќа тоа не се случи, Македонија не беше во приоритетите на Милошевиќ, а во земјата немаше големо српско малцинство“, заклучи Георгиевски.Георгиевски додаде дека Македонија сега ќе имаше датум за преговори со ЕУ доколку успеале неговите иницијативи за добрососедство со Бугарија во времето кога тој беше премиер.

Македонија | пред 4 години

Capturebgddfdh

(ВИДЕО) Пилот леташе низ два тунела и постави пет Гинисови рекорди

Дарио Коста, италијанскиот пилот на воздухопловниот тим на „Ред Бул“, постави пет Гинисови рекорди кога со својот авион леташе низ два тунела во близината на Истанбул.Тој леташе вкупно 2,26 километра низ двата тунела и разви максимална брзина од 245 километри на час, што е Гинисов рекорд. Во Книгата на рекордите се запиша и како прв пилот што полета со авион од тунел за автомобили.Летот од 1.610 метри во вториот тунел е светски рекорд како најдолг лет под покрив. Летот низ тунелите Т1 и Т2 траеше 43,44 секунди. Тој леташе на висина од 70 сантиметри меѓу неговиот авион и патот.Италијанскиот пилот има повеќе од 20 години искуство во акробациски летови.

Магазин | пред 4 години

soobrakajka-696x463-312863

Сообраќајка во Скопје - две лица во болница

На 07.09.2021 во 15.10 часот  на  крстосница од ул.Александар Урадаревски, локален пат за с.Мирковци и локален пат за с.Бразда се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.В.(34) од с.Мирковци,скопско и патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(56) од Скопје.По несреќата, З.С. е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди, додека  И.В. е пренесен во градска општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

velosiped

Удрил во малолетен велосипедист и без да му помогне побегнал од местото на несреќата

На 07.09.2021 во 19,30 часот на пат во близина на брана “Шпилје“, патничко моторно возило “фолксваген“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од А.А.(81) од Дебар, кое напуштило лице место а потоа било пронајдено, удрило во 17 годишен велосипедист од Дебар.По несреќата, на велосипедистот во болницата “Св.Еразмо“-Охрид му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Дебар.

Македонија | пред 4 години

soobrakajka-696x463-312863

Се судрија трактор и моторцикл во Валандово, две лица завршија на клиника во Скопје

На 07.09.2021 околу 19,40 часот на пат помеѓу с.Пирава и с.Јосифово на место викано „Пиравски плантажи“ - Валандово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон„ без регистарски ознаки, управуван од Н.Т.(81) од Валандово, и моторцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки управуван од В.М.(24) од с.Рабово, а на кој се превезувала и 17 годишна малолетничка од с.Јосифово.По несреќата В.М. и малолетничката се пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Валандово.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-08-122929

ВИДЕО: Со шампон се капaт во Охридско, цело семејство

На социјалните мрежи се појави видеото на кое извесни капачи се бањаат со шампон во Охридското езеро. Ова некогаш беше пракса во Охрид, па многумина се чудат како и во 21 век и луѓето не можат да променат некои од старите навики.„Охрид и Охридско езеро се непроценливо богатство кое треба да го чуваме сите, ама ете ќе дојде вака некој фамилијарно и сите ќе си се избањаат со шампон, дома да не трошат“, стои во описот на видеото.

Магазин | пред 4 години

intermeco-750x430

Интермецо под клуч, синоќа преполно со гости

Скопскиот бар „Интермецо“, синоќа беше затворен од Државниот пазарен инспекторат, поради непочитување на протоколите за заштита од Ковид-19, објави Сакам да кажам.Синоќа имало журка со познатиот ди-џеј Роџер Санчез. Во координирана акција на Општина Центар, МВР и ДПИ, било утврдено дека имало повеќе луѓе од потребното, односно согласно препораките, па барот е затворен.Според предвидените казни, локалот може да биде затворен од 10 до 30 дена, а казнаа за одговорното лице 1.500 евра

Скопје | пред 4 години

egteshrthdz-224806-307329

Заев: Во јубилејот 30 години независност е собрана нашата историја

Премиерот на Македонија Зоран Заев на својот фејсбук профил испрати честика по повод Денот на независноста.„8 септември, Денот на независноста е еден од најсветите и најсветлите датуми од историјата на Македонија. Во јубилејот 30 години независност е собрана нашата историја, нашите надежи, нашите сеќавања, нашите остварени стремежи.Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци... Почитувани Бугари, Хрвати, Црногорци и сите други,Нека ни е честит јубилејот – 30 години независност. Нека ни се вековити самостојноста и државата.Да живее Република Македонија!, напиша Заев

Македонија | пред 4 години

krazba

25-годишен гостиварец приведен оти крадел во јавни установи

Полициски службеници од СВР Тетово расчистија шест тешки кражби во Гостивар и го приведоа 25-годишниот А.О. од долнореканското село Видуше. Во текот на минатиот и овој месец А.О. со употреба на сила и алат влегол во неколку гостиварски јавни установи (болница, катастар и други) и од таму одземал оставени пари во фиоки, каси и на други места.Дваесет и петгодишниот видушанец приведен е во Полициската станица Гостивар и по целосното документирање на овој случај, ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик , а поради основи на сомнение дека сторил кривично дело "тешка кражба".

Македонија | пред 4 години

dozd-1

Облачно со краткотраен дожд

Времето ќе биде претежно облачно. На места ќе има појава на краткотраен дожд, претежно во југоисточните и западните делови.Утринската температура ќе се движи од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.УВ-индексот ќе изнесува 5.Во Скопје, претежно облачно со слаб ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Македонија | пред 4 години

ceca4_0

(ФОТО) Цеца како холивудска ѕвезда на првото снимање на „Гранд“

Почна снимањето на новата сезона на шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Жирито е во изменет состав, па така Цеца Ражнатовиќ е нов член на популарниот натпревар на местото на Јелeна Карлeуша.Вчера Цеца дојде да го сними првото шоу од новата сезона и го зазеде своето место во жирито меѓу Ѓорѓе Давид и Марија Шерифовиќ, онаму каде седеше нејзината вечна ривалка .Што се однесува до правилата за оваа сезона, тие останаа исти. Кандидатите ќе пеат во првиот круг, а жирито нема да може да ги види. На крајот, ѕидот што ги дели ќе се отвори и натпреварувачите ќе можат да видат дали некој од членовите на жирито гласал за нив.И ако некој од жирито тогаш потврди дека сака да биде ментор на натпреварувачот, кандидатот има право да избере во чија група ќе биде.

Магазин | пред 4 години

Foto

Пендаровски: Нека ни е честита 30-годишнината од независноста на нашата заедничка држава!

Претседателот Пендаровски по повод 8 Септември, Денот на независноста упати честитка до граѓаните на Република МакедонијаЧеститката ви ја пренесуваме во целост:Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи и сите други граѓани,Нека ни е честита 30-годишнината од независноста на нашата заедничка држава!На денешен ден, пред 30 години, се оствари сонот на сите генерации кои се бореа и гинеа за нашата слобода. Македонската државност е беа сомнение нашето најголемо заедничко историско постигнување. Денес, имаме привилегија да имаме своја, независна држава. Во исто време, имаме и голема одговорност - да вложуваме во неа за да биде достоен дом за секој од нас. Каква држава ќе изградиме, таква држава ќе имаме.Почитувани сограѓани,Нашата најголема вредност, со векови наназад е традицијата на почитување на различностите. Северна Македонија, може да напредува, само, ако сите нејзини граѓани ја чувствуваат како своја татковина.Нашето подобро утре зависи и од интеграциите во важните меѓународни организации. Како мала држава, во денешниот глобален и немирен свет, не можеме да опстоиме без сојузници и пријатели. Интеграциските процеси беа, и сеуште се, и мотив и средство за постигнување на внатрешна кохезија и за достигнување на највисоките европски вредности.Драги сограѓани,Да се почитуваме и разбираме меѓу себе.Да сфатиме дека различниот од нас не е наш непријател.Да ја разбереме политиката како борба за идеи и концепти за подобро денес и утре, а не како борба на живот и смрт.Ние немаме резервна држава. Северна Македонија е нашиот единствен, заеднички дом и ќе биде пристојно место за живеење само ако секој од нас го вложи во него својот труд, својата одговорност и својата совест.Почитувани сограѓани,Нека ни е честита 30-годишнината од независноста!Да ни е вечна и вековита државата!

Македонија | пред 4 години

IMG_8888

Милевски: Потребно е да ги надминеме развојните разлики меѓу општините, за граѓаните да имаат поквалитетен живот

Без човечки капитал сите политики се беспредметни затоа грижата на државата пред се треба да биде насочена кон луѓето, нивното здравје, образование, егзистенција. Ако се има предвид дека во услови на поширока децентрализација, општините се одговорни за имплементација на над 70% од законите, станува јасно колку е голема улогата на локалните власти и воопшто на локалната самоуправа во обезбедувањето на услугите за граѓаните, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски на Меѓународниот финансиски форум во Скопје во организација на Министерството за финансии на панелот „Човечки капитал и инклузивен раст“.- Здравствената криза предизвикана од Ковид 19 уште повеќе ги потенцираше разликите. Развојните разлики меѓу урбаните и руралните општини се рефлектираат на квалитетот на живеење и на способноста за на граѓаните за брза адаптација на новите услови. Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП направи две истражување за тоа како Ковид кризата се одразува на функционирањето на општините, рече тој.Владата на Северна Македонија во Програмата за одржлив развој и децентрализација 2021-2026 година се определила за проширување на децентрализацијата со пренесување на нови надлежности и ресурси на општините и подобрување на системот на финансирање. Во процесот на програмирање тргнале од потребите на граѓаните и на општините, имајќи ги предвид и искуствата од здравствената криза. Од аспект од приходи и расходи во општините во вториот квартал на 2020 во однос на истиот период во 2019 година приходите се намалени во 26 општини а, а расходите се намалиле во 49 општини.- Во наредниот период да се воспостави ефикасен и функционален национален систем за превенција, рано предупредување, одговор и опоравување од природни и од специфични кризи и катастрофи, во кој што општините ќе партиципираат според јасно дефинирани надлежности и одговорности и со доволно капацитети и ресурси. Во периодот на опоравување потребно е општините да ги намалат сите непродуктивни расходи кои не се директно поврзани со кризата предизвикана од Ковид- 19, без притоа да се наштети на двигателите на економскиот развој и на критичните локални услуги. Мерките и активностите од хоризонталните програми на општинските буџети да се фокусираат на пост-кризна обнова покрај фокусот на превенција и заштита на населението од брза експанзија на болеста, заклучи министерот Милевски.Тој на крај додаде дека единиците на локалната самоуправа треба да продолжат да го поттикнуваат локалниот економски развој преку дигитализација на административните услуги, изградба на комунална инфраструктура, развој на економски зони, обезбедување мобилност, урбанистичкото планирање и уредување на градежно земјиште, секако преку соодветна финансиска поддршка од централната власт но и преку обезбедување на поправеден систем на финансирање на локалната самоуправа преку кој ќе се намалуваат развојните разлики меѓу урбаните и руралните општини и меѓу градот Скопје и другите делови од државата.

Македонија | пред 4 години

8DIk9kuTURBXy9kNjc2MjdmOS0zMjVkLTQyOTEtYTJiMi00MWJiNzUxYjQ5OWEuanBlZ5GVAs0DBwDDw4GhMAE

Приведени дилери во Скопје

На 07.09.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи  и СВР Скопје  Единица за недозволена трговија со дрога и оружје приведоа три лица. Околу 14 часот во центарот на Скопје приведен е Д.М.М. (36) роден во Белград, а живее во Скопје, бидејќи кај него е пронајдена кеса со остатоци од марихуана. Во координација со ОЈО Скопје извршен е претрес во дом на Е.Р. од Скопје и при тоа е пронајден кокаин и над еден килограм марихуана и една дигитална вага.Во дворот на објектот е лишен од слобода и А.П. (33) од Скопје, кај кого е пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 4 години

Mapa-festival-svetlina

Вечер почнува фестивалот Skopje Light Art District

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, директорот на ЈУ Универзална сала и извршен продуцент на фестивалот, Филип Аврамчев и уметничката директорка на SkLAD 2021, Александра Стратимировиќ, го најавија почетокот на 4- тото издание на меѓународниот фестивал на светлина, Skopje Light Art District.- Четвртото издание на Меѓународниот фестивал на светлосната уметност Skopje Light Art District, меѓу скопјани попознат како Фестивалот на светлината, оваа година поради 30 годишнината од македонската независност, симболично започнува на 8-ми септември. Замислата на фестивалот е да внесе малку светлина и боја во секојдневието кое го сите го живееме и да ни ја покаже убавата,шареноликата страна на животот, изјави градоначалникот Шилегов.На вкупно 15 локации, од шалтер салата на Пошта до Градскиот парк, 25 светлосни дизајнери и уметници по четврти пат на Скопје и скопјани ќе им ја претстават магијата на светлосната уметност. На прес конференцијата Skopje Light Art District како проект потекнува од ROCK проектот, дел од Хоризонт 2020 програмата на ЕУ, наменета за истражување и иновации, каде градот Скопје евмрежен и разменува искуства со уште 11 други градови од Европа. Фестивалот црпи директна инспирација од најстариот фестивал на светлосна уметност, Fête des lumières кој секоја година се одржува во Лион, Франција и датира од далечната 1643-та година. 

Магазин | пред 4 години

policija-3-640x382

335 возачи казнети за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (07.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 335 возачи. Од нив, 32 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 175 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

vakcini-2-1

МЗ: Вчера се аплицирани 14.159 вакцини

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 747.225 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.621 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.159 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.332.658 дози вакцини, а ревакцинирани се 579.358 граѓани.Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Македонија | пред 4 години

Koalicija-Menuvame

Протест пред Владата на коалицијата на лица со попреченост „Менуваме“

Коалицијата на лица со попреченост „Менуваме“ најави протест за денеска со почеток во 19 часот пред Владата под мотото „30 години заборавени, неразбрани и неприфатени!“.„Бараме слух од државата за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен живот на лицата со попреченост. Нам овие права ни се гарантирани согласно сите меѓународни конвенции и Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост“, се наведува во најавата за протестот.Од коалицијата наведуваат дека од Владата нема одговор по одржаната средба.„Исто така напоменуваме по одржаната средба во Владата, претставниците од Владата по одржаната средба побараа да издвоиме три приоритетни барања за кои до ден денес немаат одговор т.е. докажаа и покажаа дека децата и лицата со попреченост 30 години се заборавени, неразбрани и неприфатени“, велат од „Менуваме“.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања