Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

brza-pomos-3

Работник заврши во болница по поправка на вентилатор

На 04.09.2021 во 14,50 часот било пријавено дека во фабрика во с.Бистренци при извршување на работни задачи (поправка на вентилатор) Д.Б.(36) од с.Бистренци-Демир Капија се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во ЈЗУ Кавадарци за укажување на лекарска помош.Извршен бил увид на местото на настанот и известен бил Јавен обвинител.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Tешка кражба во касарната Ќојлија, приведени двајца скопјани

На 04.09.2021 во 21,00 часот од полициски службеници од Полициското одделение Петровец биле лишени од слобода Ш.С.(38) и Б.С.(35) двајцата од с.Петровец поради постоење основи на сомнение дека истиот ден извршиле кривично дело “тешка кражба“ во касарната Ќојлија.Кај нив биле пронајдени и одземени поголема количина разновиден алат и други предмети.По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Сообраќајка па тепачка среде Скопје

На 04.09.2021 во 16,00 часот Ф.А.(36) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Центар по претходно случена сообраќајна незгода бил физички нападнат од Д.Џ. (34) од Скопје.По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

policija-22

Поради долг на брат му, на скопјанец му ги одзеле животните

На 04.09.2021 во 08,35 часот Ф.И.(39) од с.Никиштани-скопско пријавил истиот ден околу 08,00 часот во с.Никиштани, во близина на пругата од страна на Р.О. и уште две лица му биле одземени домашни животни, а во врска со долг кој го имал неговиот брат. По преземени мерки, поголем дел од животните биле пронајдени во с.Трубарево кај Р.О.(41) и вратени на сопственикот.По целосното расчистување ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 4 години

241370533_239285588099581_3705169034899816026_n

До среда ќе се одговори на барањата на лозарите

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа беше во Неготино, каде протестираа незадоволни лозари. Заедно со градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, пратениците Даниела Колева и Панчо Минов, тие денеска ненајавено отидоа на протестот за да ги слушнат барањата на лозарите кои протестираа.„Жал ми е што протестирате бидејќи вратите на Министерството за земјоделство се отворени да дојдете да разговараме. Но, еве сме тука, го имате целото наше внимание. Слободно кажете кои се проблемите. Ние како и секогаш, стоиме на располагање за решавање на сите проблеми на земјоделците, па и на лозарите“ им се обрати министерот на присутните лозари, одговарајќи им нивните прашања.Лозарите на протестот реагираа зошто не е почнат откупот на најзастапената винска сорта ,,вранец” иако грозјето ја има потребната шеќерност и зошто се доцни со објавата на цените за килограм грозје. Тие рекоа дека се одлучиле на протест поради ниските откупни цени на грозјето и игнорантскиот однос на винарии кои со овие цени  ги демотивираат  лозарите.„Ние лозарите бараме само да ни се вреднува вложениот труд и да знаеме предвремено дали да вложуваме во лозарството или да го напуштиме. Ако останат ланските цени се гледа крајот на лозарството во нашиот крај“ изјавија дел од присутните лозари на протестот.По дискусијата со лозарите, договорено е протестот да прекине и до среда да им се одговори на нивните барања.Министерот Хоџа на присутните лозари им вети дека лично тој гарантира дека ќе се откупи целото произведено грозје. Тој ги извести дека поголем дел од поголемите винарски визби одредиле цени за грозје од оваа реколта. Останува на сила и понатаму ставот на Министерството и на Владата дека остануваат дополнителните два денара за килограм, и дека се работи на тоа, тоа да важи за сите сорти и за висококвалитетни сорти на грозје.Министерот Хоџа децидно изјави дека сигурно ќе имаме подобра гроздоберска година од ланската и од претходните.

Македонија | пред 4 години

240914156_3032893613655942_6362157502335746937_n-768x576

Галичица гори, баба се чешла, реагираат од Охрид СОС

Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“, претпладнево реагираше за пожарот кој моментално ја зафаќа планината Галичица.„Галичица гори, баба се чешла. Буквално. Пожарот ја зафати и шумата на Галичица, има и ветар, а надлежните ги нема. Чекаат дожд или за викенд не работат. Само да напоменеме Галичица поради огромната биоразновидност е дел од светското природно наследство на УНЕСКО. Секоја тревка изгорена е голема загуба. Фотографијата е направена утрово во 11 часот од Љубаништа“, напишаа од „Охрид СОС“.Попладнево, Стојанче Ангелов, истакна дека пожарот на планината кој гори веќе една недела е непријатен и небезбеден бидејќи на територијата на пожарот има експлозивни средства.

Македонија | пред 4 години

Spasovski-05.09

Борче Спасовски: Ќе работам во интерес на граѓаните и за економско и ефикасно функционирање на Општината

Ми преставува огромна чест, задоволство и мотив  што токму јас сум избран да ја водам битката за градоначалник на општина Ранковце, вели Борче Спасовски„Верувам дека заедно со заеднички сили ќе се сплотиме и ќе ја поразиме оваа власт, која што во Ранковце е веќе осум години. Изминаа осум години во неработење, осум години изгубени во нереализирање на проекти,  осум години уцени, закани, изгубено достоинство и затворени врати на општината за обичните граѓани.  Време е сето ова да го промениме, затоа како надпартиски кандидат ве поканувам на сеопшто сплотување, со една заедничка цел да ја поразиме оваа неспособна и неодговорна власт!Владејачката структура, пред четири години понуди програма со слоган „За живот во Ранковце“, од таа програма почитувани сограѓани, реализацијата им е сведена на минимум.Ветија:Изградба на откупен сточен центар.Изградба на канализациона мрежа во населените места.Изградба на парк во с. Псача и с. Одрено.Воведување на патролна амбуланта во с. Герман.Реконструкција на училиште во с.Герман.Реконструкција на водоводна мрежа с. Псача.И многу други проекти кои се користеа како алатка за манипулација на мештаните за време на локалните избори во 2017-та година.Тогаш, можеби излажавте, но сега тоа нема да ви помине.Јас, како ИДЕН градоначалник на Ранковце, мојата предизборна програма ќе ја темелам исклучиво на проекти кои што се остварливи, проекти кои што се издржани и неопходни за нормално функционирање на моите сограѓани, Општина која што ќе биде сервис на граѓански услуги без разлика од која политичка опција доаѓате.Во мојот маднат исклучиво ќе работам во интерес на граѓаните со цел да ги реализираме нивните потреби и барања, ќе се залагам за економско и ефикасно функционирање на Општината“, вели тој.

Македонија | пред 4 години

bujar-osmani

По апсењето на дипломатот, Османи ќе бара ветинг

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на „Фејсбук“ објави дека по повод апсењето на вработен во министерството за надворешни работи, превземени се четири итни мерки кои ќе ги спречат ваквите непријатни ситуации во иднина.„Сакам да изразам крајна загриженост и вознемиреност поради последниот случај со приведувањето во друга земја на еден вработен во Министерството за надворешни работи, поради потерница која ја побарала трета земја. Тоа не само што предизвикува непредвидливост во работата на дипломатијата, туку ја разнишува довербата и авторитетот на куќата.Не само како обврска кон нашите државни интереси, туку како земја - членка на НАТО, како идни претседавачи со ОБСЕ во 2023 година, ние имаме обврска да воспоставиме непропустлив систем на сертификација и проверка на дипломатскиот кадар со цел да ја вратиме довербата и во институцијата и во државата.Во оваа насока сакам да ги објавам итните мерки кои досега ги презедов:Прво, согласно законските можности, на приведениот вработен му е ставен работниот однос во мирување, и повлечен е од неговите задолженија во мисијата во ОБСЕВторо, пуштив итна процедура за формирање работна група која треба да изврши првична итна ревизија на состојбите со сертификатите и документацијата со цел да се утврди дали постои одредена иманентна закана за сигурноста и доверливоста на куќата, особено закана која е поврзана со предметниот случај.Трето, работната група ќе добие и задолжение да оствари и меѓуресорска соработка со правосудните служби и службите за безбедност, со цел да се подготви план за вонреден ветинг на дипломатијата; оваа работна група ќе треба да ја оформи и меѓуресорската Комисија која ќе ѝ биде предложена на Владата, која, пак, ќе треба да го спроведе вонредниот ветинг преку процесите на сертификација и дополнителна безбедносна проверка.Четврто, ќе побарам од сите раководни позиции, директори и раководители на сензитивни позиции,задолжително да ја поминат процедурата на најстрог ветинг, преку системот на НАТО сертификати. Овој процес планирам да го направам задолжителен и во системот на пополнување амбасадорски места“, напиша Османи

Македонија | пред 4 години

15082021_PVRSM-Zaev_uvid_Krivogashtani-Zitoshe_1

Граѓаните да соработуваат со попишувачите, апелира Заев

Премиерот Зоран Заев денеска преку „Фејсбук“ ги повика граѓаните да соработуваат со попишувачите со цел после 20 години да се добијат релевантни податоци кои ќе бидат основа за креирање на идните политики.– По 20 години, конечно нашата држава ќе добие релевантни и актуелни податоци кои понатаму ќе бидат основа за креирање на реални политики кои во целост одговараат на потребите на граѓаните. За оваа операција да биде успешна покрај професионалноста на вработените во Државниот завод за статистика и ангажираните инструктори и попишувачи, неопходна е соработката од сите граѓани.Затоа ве повикувам да бидете партнер во овој процес, затоа што само на овој начин Владата, јавните институции, локалната власт и бизнис заедницата ќе можат да обезбедат подобар живот за сите граѓани на Северна Македонија, напиша Заев.

Македонија | пред 4 години

Bezbedni-na-uchilishte-4-scaled

Кампања за заштита од Ковид за учениците од Скопје

Во пресрет на новата учебна година, Град Скопје со помош од збратимениот град Нирнберг подготви кампања за безбедност во училиштата. Со цел да се подигне јавната свест кај учениците и да се почитува протоколот за заштита од Ковид 19, беа изработени неколку анимации и постери кои на едноставен начин советуваат како најлесно и практично да се заштитат себеси и луѓето околу нив.Со физичкото присуство за време на наставата најважно е да се почитуваат зададените мерки од јавните медицински институции со цел спречување и ширење на пандемијата што трае веќе втора година, кај нас и во светот.Одржување дистанца, миење раце и носење маска се основните и најважни мерки што треба секојдневно да се почитуваат за време на училишните часови, но и вон нив, затоа што само заедно и одговорно можеме да се бориме против оваа пандемија.

Скопје | пред 4 години

galicica-pozar-3

ФОТО: Галичица и натаму се пеплосува од огнот

Поради пожарот кој е активен неколку дена на непристапен потег на планината “Галичица”, градоначалникот, Константин Георгиески денеска, рано изутрина беше на терен заедно со претставници од НП “Галичица” и екипа од Територијалната противпожарна единица од Охрид.Градоначалникот Георгиески уште на 30-ти август, кога пожарот беше пренесен на територија на Република Северна Македонија, испрати барање до Центарот за управување со кризи за ангажирање на летало и за спроведување на активности за гаснење од воздух.Во пожарот е зафатен шумски потег на непристапен предел и во моментот нема опасност од проширување кон населени места. Засега не постои можност од делување на терен со човечки ресурс поради непристапност на теренот и опасноста од експлозии на неексплодирани гранати од Првата светска војна. Само утринава биле регистрирани 4 детонации.Градоначалникот Георгиески е во постојана комуникација со надлежните во Центарот за управување и се разгледуваат можностите за безбедно дејствување и ставање на пожарот под контрола.Денеска попладне ќе биде свикан кризен штаб на Општина Охрид, со цел да се прецизираат сите мерки и активности кои ќе можат да се спроведат.

Актуелно | пред 4 години

241366898_964609044085137_4623547415823892788_n

ФОТО: Царовска се дотера за берење грозје

Министерката за образование Мила Царовска беше на гроздобер во Барово со синот Давид.Таа ретко споделува семејни слики, но овој пат објави неколку фотографии со Давид на Фејсбук.„Прекрасно саботно попладне поминато во дружење со синот на лозјата во Барово. Задоволство беше да се учествува на дипломатскиот гроздобер оваа година“, напиша таа.

Магазин | пред 4 години

granica-sos-rbija-3

Кубанец илегално преминал граница, па полицијата го уапси

На 05.09.2021 околу 02,00 часот од страна на полициски службеници СВР Куманово, во с.Којнаре поради илегално поминување на државна граница бил приведен и задржан кубанскиот државјанин Ј.М.С.М.(25) за понатамошна постапка.

Македонија | пред 4 години

soobrakajka1-1

Тешка сообраќајка меѓу Лада и мотокултиватор

На 04.09.2021 во 18,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Куманово атар на с.Орашац, се случила сообраќајна незгода помеѓу  патничко моторно возило “лада ваз“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Г.К.(64) од Куманово и м “хонда“ со лесна приколка, управуван од В.А.(66) од с.Орашац.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.А. и уште една сопатничка од мотокултиваторот С.А.(62) од с.Орашац констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 4 години

kiceec-remenski

И Ременски удри по Кичеец, споменувајќи ја и Вилма Русковска

По сообраќајната несреќа која ја имаше Зоран Милевски-Кичеец, а откако се дозна дека е на 30-дневен отпуст од затвор поради лекарски прегледи, реагираше и експратеничката и професорка, Фросина Ременски. Таа прашува како тој добил олеснителна околност од Вилма Русковска, но поставува и други дилеми.Ви го пренесуваме пишувањето на Ремеснки во целост:„🔎 На Зоран Милевски - Кичевецот олеснителна околност ќе му е биде 30-дневниот отпуст за негов лекарски прегледи ..., или (пардон) за мајка му (?!), па брзајќи учествуваше како возач во сообраќајна несреќа со смртни последици❓(не тврдам дека, некој, па ни тој сакал да се случи)ℹ Прашувам, зошто очигледно олеснителна околност за "рилакс бизнис-казна" доби откако "на дада му Вилма и' кажа каде се парите💰на Камчев од fucking ЛВ-торбата"⁉️И српските бизнисмени што му беа совозачи и киднаа, "за да не ги фане законо" сигурно имаат олеснителна околност - не возеле, туку Кицевецот ги возал❓🚩Чекам да видам каква "олеснителна околност" ќе добие неговиот "бодигард во слободно време" од АНБ. Охриѓани викаат дека, се заборавал дека, "не е веќе шериф од УБК/МВРО". Ќе почекаме има време. Очекувам до тогаш да "ускочи батко-Џони, секретарката или изворот на Вилма", да го оправдаат дека, "Мики бил на тајни задатак и има дебело алиби" 🤡🎻 Маестро Дурловски кога во одбрана на Камчев пишува дека, "тој срушил институција (СЈО)", треба да знае дека, во опера можеш и да згрешиш и никој да не забележи, зошто не сите што слушаат опера знаат како треба да звучи операта. Но, кога се "руши институција", тогаш "дада-Вилма (другарката на Џони) не може да биде репер за право"❗"И сообраќајката, и рушењето на СЈО и рекетарската опера (очигледно) имале удбашка логистика во кираџии и куче-шетачи"❗📢 Твитер е поиновативен од интересот на медиумите да се истражи случајот до крај. Но, затоа Кили и неговата славна реплика "Ма не ме је*и бре❗" е повеќе од актуелна“.

Коментари | пред 4 години

bekim-maksuti

Левица поднесе кривична против директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Изминативе денови, јавноста повторно е сведок на некомпетентноста на системот засправување со кризи, овој пат со пожарот кој неколку дена беснееше на Галичица. Штетите по природните ресурси се непроценливи и сето тоа поради неажурност и слабости на државниот систем за брза интервенција и спречување на катастрофалните последици од огнената стихија, велат од Левица.„Политичката партија Левица ја известува јавноста дека поради пожарите кои ја зафатија Македонија минатиот месец и притоа предизвикаа значителна материјална штета, поднесена е кривична пријава против директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. Кривичната пријава е поднесена поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в, ст.1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна од три месеци до три години.Максути се терети дека во својство на службено лице, преку преземање на умислено и инкриминирано комисивно противправно дејствие (acta humana ilicita), односно необезбедување навремена проверка и сервисирање на противпожарните авиони и непочитување на временски рокови за склучување на потребните договори за сервисирање на авионите, пријавениот го отежнал процесот на планирање, организирање, финансирање и надзор за навремена превенција и отстранување на причините и последиците од природните непогоди. Со тоа, Максути го довел во прашање извршувањето на активностите и постапките кои се преземаат од инволвираните страни во процесот на организираното спроведување на заштитата и спасувањето од пожари!На овој начин, со преземеното противправно дејствие, пријавениот постапил спротивно на законските одредби за совесно постапување при вршење на своите законски овластувања и должности, а дополнително предизвикал значителна материјална штета која сè уште не е проценета и чијашто сума, кога ќе биде проценета, ќе биде тешко надоместлива“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

За три пати намален бројот на жртви во сообраќајки

Бројот на жртви на сообраќајниците во август 2021 е три пати помал од бројот на жртви во август 2020, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.„Им благодарам на мнозинството граѓани кои ни се приклучија во напорите да обезбедиме што е можно побезбедни патишта. Им благодарам и на полициските службеници, кои на пеколни горештини и температури над 40 степени секојдневно даваа придонес за побезбедни патишта. Благодарност и до РСБСП, со кој заеднички ги организираме превентивните активности. Во август оваа година имаме шест жртви во сообраќајните незгоди, а во август минатата година имало 19. Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани кои до сега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта. 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите осум месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата“, рече Ангеловски.За дополнително намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди МВР продолжува со засилени контроли за санкционирање на учесниците во сообраќајот кои не ги почитуваат законите.„Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 518 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, од кои седум се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената брзина, а 56 со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина. Синоќа санкционирани се и 86 пијани возачи. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови“, рече Ангеловски.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Приведен скопјанец баран со потерница

Денеска (05.09.2021) во  11:30 часот инспектори од ЕВР Кисела Вода-Отсек Потраги од слобода гго лишија С. М. (59) од Скопје, баран по потерница од Основен Суд-Скопје 1 за кривично дело затајување по  чл.239 ст.5 вв со ст.3 вв 1 чл.45 од КЗ и  чл.247 ст.4 в.в. ст.1 чл.22 од КЗ на РСМ.

Скопје | пред 4 години

IMG_4387

„Не е само да одат во школо а плачејќи да искачаат од дома со страв повторно да не се заразат“, реакција од групата „Поддршка за онлајн настава“

Мајка од Скопје во групата „Поддршка за онлајн настава“ сподели искуство за кое тврди дека е од нејзина пријателка, чие дете учи во средно училиште. Во статусот се осврнува на слабостите кои се присутни со наставата со физичко присуство која започна од први септември, поради стравот на децата дека ќе се заразат со коронаврисуот.„Само настава на далечина, наставниците сами им кажуваат на децата дека не сакаат да се вакцинираат. Од страв дека нема дистанца носат по две маски и седат гладни исто од страв, затоа што ако излезат во двор има многу мешање на деца а треба да симнат маска да јадат. Пријателка што прележа кажува го прават ова во средно од страв пак да не се зарази повторно... зашто дома има хронично болни кои едвај преживеа со минатиот сој...а за ЈСП воопшто и да не зборам а исто и се плашат да користат тоалет бидејќи не гледаат дека некој прави дезинфекција/ По 15 мин чекаат за влез во школо средно со над 1600 ученици а тек сега кога ќе залади ептен лошо. Не е само да одат во школо а плачејќи да искачаат од дома со страв повторно да не се заразат. Жално кажува се осеќа како во логор.... И дома се изолира од страв бега од родителите. Колку ли ќе бидат сконцентрирани на часови со ваков страв ? До кога со страв??? 32 згаснати животи само денес и се усте ли нема место за паника??? Здравјето на децата пред се....“, пишува таа.Пред почетокот на учебната година, имаше и најава за протести доколку не се промени моделот на учење, но тие не се одржаа. Отсуство и учење онлајн, не е дозволено за сите ученици, туку само под одредени услови.

Коментари | пред 4 години

beni

Бени Шаќири кандидат за градоначалник на Скопје

Пејачот Бени Шаќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје од движењето „Одлучно за промени“ на ДОМ и ЛДП.Носител на советничката листа, пак, ќе биде познатиот микробиолог, д-р Никола Пановски.„Се работи за личности кои се исклучително ценети во својата професија, луѓе со авторитет, чесни и искрени, стари скопјани. Се работи за луѓе кои ќе работат во интерес на граѓаните, кои интересот на Скопје ќе го стават пред сè и над сè. Луѓе кои ќе обединуваат“,објави лидерот на ЛДП, Горан Милевски.Шаќири на промоцијата рече дека се чувствува изневерен од тоа како се води градот во последните четири години и оти тоа му било мотив да се вклучи во трката за градоначалник.

Скопје | пред 4 години

Slika-Frosina-18-12

Ременски до Николовски: Да промовираш закон за потекло на имот, а имаш 2 години нерешен чист случај на корупција е повеќе од иронија

Поранешната пратеничка и висока функционерка на СДСМ, Фросина Ременски, одново со јавни критики до актуелната власт. Овој пат, таа се осврна на законот за потекло на имот, кој две недели го промовира вицепремиерот Љупчо Николовски. Потсетувајќи на случајот за кој пишува две години околу нејзините тврдења дека: „Горан Николовски - Џони (поранешен директор на УБК) не пријавил основ на живеалиште во куќа сопственост на адвокатот Антонио Апостолски (адвокат на Камчев тогаш во екот на Рекет, на Сашо Мијалков во екот на Таргет-Тврдина и сите други обвинети од УБК) и дали има скриено сопствеништво“, потенцираше дека очекувала вицепремиерот Николовски како прв во борбата против корупцијата, најмалку што може да се заинтересира и од збор, да помине на дело.Нејзиниот статус во целост:🚩Да се промовира закон за потекло на имот што ќе важи за сите (кога ќе се донесе и кога ќе профункциона !?), за сегашни и поранешни функционери, а да имаш 2 години нерешен ЧИСТ случај на корупција на тогаш актуелен, сега поранешен владин функционер, и згора на тоа да се правиш дека ниту читаш, ниту слушаш, ниту гледаш е повеќе од иронија❗🚩Дали е потребен Закон за потекло на имот, да се констатира УТВРДЕНА ФАКТИЧКА СОСТОЈБА на основа на докумебтациба од релевантни органи дека, - Горан Николовски - Џони (поранешен директор на УБК) НЕ ПРИЈАВИЛ❗ основ на живеалиште во куќа сопственост на адвокатот Антонио Апостолски (адвокат на Камчев тогаш во екот на Рекет, на Сашо Мијалков во екот на Таргет-Тврдина и сите други обвинети од УБК) и дали има скриено сопствеништво❓ℹ Вицепремиерот Љупчо Николовски ја има мојата пријава поднесена до ДКСК за овој случај што го зборувам 2️⃣ години со очигледни докази❗Очекував, ДКСК за овие 2️⃣ години 10 пати, досега да го реши овој случај на корупција и судир на интереси❗🚩Решавањето на овој случај (можеби) ќе дадеше одговор тогаш, но и на денешните тврдења на Орце Камчев дека, "плацевите ... му биле одмазда затоа што го срушил СЈО", а Николовски - Џони, иако му било пријавено трипати од Камчеви во декември 2018 година не презел службени дејствија како овластено службено лице❗👉Очекував вицепремиерот Николовски како прв во борбата против корупцијата, најмалку што може да се заинтересира и од збор, да помине на дело.👉Очекував исто така директорката на УЈП и потпретседателка на СДСМ Сања Лукаревска да им го испрати одговорот на ДКСК од УЈП за матичните броеви на Апостолски и "договорите за закуп на две коли" меѓу кои НЕМА никаков "договор за закуп на куќа" помеѓу адвокатот и Џони❗👉Скриено сопствеништво❓📢 Овој случај го следат повеќе страни. Гледаат двегодишен институционален молк и гола пропаганда. Ако во меѓувреме излезе некаков фиктивен или антидатиран "договор" што го нема до денес, одговорноста ќе биде на сите кои читаат и си ќутат.📢 Утре кога ќе ги повикате граѓаните да пријавуваат корупција и да соработуваат со институциите, за да помогнат во 'јуришот против криминалот и корупцијата', кажете им дека, 🚩'Законот нема да важи подеднакво за сите'

Коментари | пред 4 години

dimitar-apasiev-5

Апасиев објави упаство за неучество на пописот

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, објави упатство за неучество на пописот на население кој започна од денес. Тој смета дека пописот е за отпис на Македонците, а може да се сруши со масовно неучество.“Се сеќавате на егзодусот на Евреите од египетското ропство... Во Библијата има една сцена, кога Мојсеј ги избавува сонародниците од тиранијата на фараонот преку БЕЛЕЖЕЊЕ НА ВРАТИТЕ: „И кога ќе мине Севишниот да го поразува Египет, штом ќе го види знакот на прагот и на довратникот, ќе ја одмине таа врата и нема да му дозволи на истребителот да влезе во куќите ваши“

Македонија | пред 4 години

Marko-Pejcinovski-750x430

Марко пливаше од Охрид до Струга и назад за децата со ретки болести

Тринаесетгодишниот пливач од Охрид, Марко Пејчиноски, исплива од Охрид до Струга и назад за 9 часа и 6 минути.Маратонската релација Марко ја исплива во знак на поддршка за децата со ретки болести.„Марко успешно го заврши пливањето посветено на Децата со ретки болести. Релацијата Охрид-Струга-Охрид ја преплива за 9 часа и 6 минути. Ви благодариме на поддршката“, објави фејсбук-страницата на Пејчиноски.

Магазин | пред 4 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Пребројувањето по етничка припадност треба да стане историја, вели Пендаровски

Не очекувам дека поради политички тензии некој може да ги компромитира резултатите од пописот, но ситуацијата претходно не беше таква, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа, во врска со денешниот почеток на пописот, но и можноста наративот дека станува збор за пребројување на Македонци и Албанци да ја поткопа операцијата.-Ние не можеме сосема и да сакаме да излеземе комплетно од таа матрица на пребројување по етничка припадност оти во нашиот Устав има одредба дека одредени права и статуси им припаѓаат и на оние немнозински заедници кои се најмалку 20 отсто од популацијата, така што тоа е одредба од Рамковниот договор, тоа е одредба од нашиот Устав, мораме да ја почитуваме, инаку се согласувам како што одминуваме, неодамна прославуваме 20 годишнина од Рамковниот договор, мислам дека пребројувањето само и само по етничката припадност треба да стане дел од историјата, истакна Пендаровски.Во врска со престојните локални избори и напливот на независни листи за советници и за кандидати за градоначалници, шефот на државата смета дека тоа е мал чекор кон демократизација на нашето општество.-Диверзификацијата, разновидноста може само да ја обогати македонската демократија, не може да ја направи полоша. Мене ми е драго што тоа се случува, иако мислам дека во таа насока власта преку својата нормативна дејност во наредните месеци и години, заедно со опозицијата, бидејќи тие изборни законодавности се менуваат со целосен консензус, ќе мора да направи уште неколку исчекори, на пример една изборна единици, без праг, за да се овозможи и помалите политички субјекти да не бидат приврзоци на големите политички партии, туку да имаат една своја автономија и конечно да понудат нешто ново на политичкиот пазар, додава шефот на државата.Се осврна и на високата корупција, за која вели дека за жал станала начин на живеење и тука имаме прилично многу за домашна задача на домашната агенда.-Во тој дел, а тоа го покажува и последниот извештај на Транспарентност, да бидете на 111 место во светот не е за фалење, додава Пендаровски, а во врска со потпишувањето на Законот за изградба на автопати без тендер од страна на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, иако Државната комисија за спречување на корупцијата достави до Уставниот суд Иницијатива за оценување на уставноста на овој закон, Пендаровски вели дека негова надлежност не е да ја оценува уставноста на законите кои ги потпишува и оти тоа е работа само на Уставниот суд.

Македонија | пред 4 години

ceca-pie-vino1-1-750x430

Колку го чини „Гранд“ појавувањето на Цеца?

Неверојатни 200.000 евра за една сезона ќе ѝ бидат исплатени на Светлана Ражњатовиќ-Цеца за да ја замени Јелена Карлеуша во тв-шоуто „Ѕвездите на Гранд“, и со тоа таа ќе биде најплатена од сите во жирито, пишува Мондо, а дознава српски Курир.Пејачката неодамна на медиумите им ги откри деталите за одлуката за трансферот:– Не, не се случи земјотрес. Се случи голема понуда и заемна добра волја за да се подигне едно музичко натпреварување на уште повисоко ниво и дополнително да се популаризира. Со сето тоа, со заедничка сила и искуство, ќе формираме нови лица на музичката сцена. Преговорите траеја извесно време. Ги конкретизиравме дури вчера. Не сакав да зборувам јавно за тоа додека не се потпише договорот, штом тоа се заврши, продукцијата излезе со својата објава. Имам искуство на натпревари, како прво сама сум учествувала на нив и се борев за првите места, а п повеќе години од кариерата станав дел од „Ѕвездите на Пинк“. Да бидам искрена, имам одлични сеќавања од тоа натпреварување – рече Цеца во својата прво интервју по склучувањето на договорот.

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања