Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

CFI-nagrada-

ТИРЗ прогласен за лидер во регионот од Capital Finance international

​​Технолошко индустриските развојни зони се наградени за најдобри слободни економски зони – Лидер на Балканот за 2021 година. Наградата ја доделува британскиот магазин и портал CFI.co (Capital Finance International), со седиште во Лондон, кој е специјализиран за економски анализи и коментари за финансиските пазари низ целиот свет.Во одлуката на судискиот панел се нагласува дека ТИРЗ не е „само развојна институција, туку пример за ефикасен деловен концепт предводен од професионалци“. Меѓу другото се истакнува дека економските политики на Владата и новиот концепт на привлекување инвестиции на ТИРЗ придонеле Северна Македонија да биде препознаена како нов деловен рај за Европа. Судискиот панел на CFI.co ја нотира позитивната бизнис клима во земјата и ја препознава улогата и придонесот на ТИРЗ, за што и се доделува наградата. Како клучни фактори за одлуката се наведени новиот концепт на ТИРЗ кој меѓу другото вклучува индивидуализирани пакети базирани на анализа на 10 годишни финансиски проекции и новиот систем за грижа на корисници кој е усогласен со меѓународните практики.Програмата за награда на CFI.co секоја година идентификува поединци, компании и организации кои се пример за добра пракса и со својата работа креираат додадена вредност. Наградата се доделува поради супериорни перформанси, извонредност и иновативен пристап во работењето. Првичните номинации на компании, организации и институции се независни од нивните претплатници, медиуми и различни организации, како што се групата на Светска банка, разни тела на ОН и ЕУ и други истакнати организации со кои изданието е партнер. Специјален аналитички тим водејќи се според неколку главни критериуми истражува, анализира и прави листа на потесен избор која му се доставува на судискиот панел составен од меѓународни експерти кој ја носи конечната одлука.Инаку како резултат на новиот концепт на привлекување инвестиции на ТИРЗ и Владата, од почетокот на годинава во ТИРЗ се склучени договори со вкупен обем на инвестиции од над 120 милиони евра кои во наредниот период треба да донесат 1970 нови работни места, над 2 милијарди приходи, а само овие компании во државата меѓу другото треба да уплатат над 70 милиони евра за придонеси и данок на добивка. Во моментов се преговара со 30 компании за вкупен обем на инвестиции над 400 милиони евра.

Македонија | пред 4 години

DDM

„Дневна доза мазохизам“ вечерва во МКЦ

Истражувајќи ја опсесијата како генетски код врз кои се создаваат односите помеѓу луѓето и опседнатоста како пракса која се артикулира во секојдневието, новиот театарски проект на „Пресврт“, „Дневна доза мазохизам“ го разложува човековиот емотивен распад преку конфликтот кој се наоѓа во обичните ситуации. Заслепени од виртуелниот идеал, често луѓето се наоѓаат на крстопатот помеѓу она што е и она што посакуваат да биде, како што му се случува и на Тома чие несовпаѓање со светот длабоко се истакнува преку неговата привлечност кон младата „инфлуенсерка“ Софија која пак се бори со сопствениот наметнат калап на своите обожаватели.Во соработка со организацијата „Ла Култура Нуова“ од Прато, Италија, режисерот Лука Кортина за претставата вели: „Театарот е интимно поврзан со суштината на бидување човек на оваа планета. Постоењето и враќањето на театарот е еднакво со постоењето и живеењето на човековиот род. Претставата за која имавме среќа и се изборивме да ја направиме е во суштина приказна за нас, луѓето, кои се прашуваме дали сакаме или не сакаме да живееме. Одговорот на животот треба да биде љубовта“. Драмата на Вукелиќ „Дневна доза мазохизмот“ за прв пат ќе биде поставена не само во Р.С. Македонија, туку на 5 септември ја доживува и својата светска премиера.Праизведбата на овој драмски текст во нашата земја означува сериозен чекор во развојот на соработката помеѓу младите театарски работници од регионот и Европа.„Праизведбата на мојот текст „Дневна доза мазохизам“ во МКЦ е од големо значење за мене како автор, а верувам и за Пресврт, кој со овој проект отвора интресен простор на независната сцена и ги поврзува уметниците на интелектуално ниво, истражувајќи нови изрази и естетики. Се надевам дека оваа пракса ќе продолжи и во иднина. Од перспектива на хрватска авторка сметам дека ни се потребни не само праизведби на современи текстови, туку и соработка со уметници од овие простори со кои делиме доволно сличности за да се испреплетат темите што нè засегаат, а и доволно различни за да учиме едни од други“- вели Дина Вукелиќ.На 5ти септември, во продукција на „Пресврт“, со почеток во 19:00 часот во Денсинг салата на МКЦ ќе биде одиграна премиерната изведба на претставата „Дневна доза мазохизам“ по текст на младата хрватска авторка Дина Вукелиќ, а во режија на Лука Кортина. По премиерата на 5ти септемри (недела), закажани се уште две изведби на 6ти и 7ми септември (понеделник и вторник) со почеток од 19 часот.

Магазин | пред 4 години

zaev-2

Невработеноста е на најниско ниво од 15,9 отсто, вели Заев

Невработеноста за вториот квартал од 2021 година е на историски најниско ниво од 15,9 отсто, во споредба со истиот период во 2020 година, истата е намалена за 4,8 отсто, објави на Facebook премиерот, Зоран Заев.-Стапката на вработеност од крајот на 2020 година наваму расте со темпо како и пред пандемијата, со раст од 1,5 отсто во последните три квартали. И понатаму стапката на вработеност е доста висока кај мажите, на ниво од 55,8 отсто и е многу блиску до просекот на ЕУ (60 отсто), за разлика од жените кај кои оваа стапка изнесува 38,7 отсто, нагласува Заев во објавата.Заев нагласува дека Владата посветено работи на корекција на овој дисбаланс преку активните мерки за вработување каде оваа година првпат се вовел принципот на искористување на овие мерки во сооднос 60 отсто за жени и 40 отсто од буџетот да бидат издвоени за поддршка на вработување на мажи.-Земајќи ги предвид традицијата и нискиот опфат на деца во претшколска дејност, оваа Влада работи на изградба и отворање детски градинки низ целата земја како никогаш до сега, што дополнително треба да влијае на активирање на голем дел од женската популација на пазарот на труд, се наведува во објавата.

Македонија | пред 4 години

Tozievski-05.09

Преспа ќе ја вратам на туристичката мапа и ќе го спасам Преспанското езеро, вели Тозиевски

Мојата партија ВМРО-ДПМНЕ, заедно со поддршка на граѓаните, донесе одлука на овие локални избори да бидам кандидат за градоначалник на општина Ресен, вели Јован Тозиевски од ВМРО-ДПМНЕ.„Јас, заедно со тимот кој стои зад мене, како и листата на советници на овие локални избори, сме луѓе кои застапуваат вистински вредности и сакаат перспективна и развиена општина, општина која ќе се развива во сите сфери: образование, култура, спорт, економија. Да го вратиме достоинството на земјоделците кои неуморно работат, никогаш повеќе да не остане без вода за пиење ниту еден дел од Преспа, градење спортски игралишта за најмладите, уредување на паркови, асфалтирање на улици.Ќе сториме се за спас на Преспанското езеро и Преспа да ја вратиме на туристичката мапа, преку поддршка на секој еден којшто сака да вложува во туризмот.Ќе работиме неуморно, чесно и транспарентно, ќе бидеме тука да ги слушнеме и разбереме реалните проблеми и потреби на ресенчани и да изнајдеме најдобри можни начини за нивно задоволување. Се ќе сториме за модерен град и развиена општина.Одброени се деновите на неспособното работење на локалната власт на СДСМ која пред четири години во Ресен и Преспа, ветуваше безброј проекти, ветуваше живот за Преспа. Но, наместо тоа во Ресен и Преспа останаа изманипулирани, излажани граѓани кои наместо живот добија пропаст во многу сегменти. Се ветуваше отворање на работни места, изградба на нова водоводна и патна инфраструктура, колекторски системи, канализации, чиста животна средина. Но, младите се повеќе се иселуваат заради немање егзистенција. Во 21 век бевме сведоци на немање вода за пиење, реконструирани се само локални патишта кои водат до имотите на активисти на СДСМ, а сето она што е направено во изминатиов период претставува континуитет на проектите, започнати и наследени од претходното раководство на локално ниво од ВМРО-ДПМНЕ. Да не зборуваме за поголеми проекти кои се значајни за сите граѓани на Ресен и Преспа. Локалната власт на СДСМ не успеа реализира ниту 5% од програмата која им ја вети на преспани на претходните локални избори.Ресен и Преспа станаа непрепознатливи и од ден на ден се повеќе наликуваат на пустeлија. Во градот оддамна веќе го нема културниот и забавниот живот каде што би растеле и твореле нашите најмлади сограѓани.Со цел да покажеме повисок степен на политичка култура, важно е овие избори да не ги сведеме само на гола борба за власт.За Ресен и Преспа повторно да го вратат сјајот кој е изгубен потребни се луѓе кои ја знаат општината, кои ја знаат секоја една клупа, секоја една улица, вклучително и проблемите со кои граѓаните секојдневно се соочуваат. Тоа можат да бидат само луѓе веќе препознаени во заедницата, луѓе со кредибилитет и авторитет кои заради нивните индивидуални карактеристики и квалитети граѓаните стекнале доверба.Почитувани,На локалните избори се гласа за луѓе. Не е важно кој е претседател, премиер, министер. Важни сте Вие и Вашите потреби, како и способноста на оној кој Вие ќе го изберете да стави акцент на Вашите потреби.За Ресен и Преспа повторно да заблескаат, да бидат повторно нашиот бисер.Македонија за сите луѓе, Ресен и Преспа за сите луѓе“, вели тој.

Македонија | пред 4 години

soobrajaka-straza-kiceec

Жестоки реакции по сообраќајката со Кичеец: Изглеа имал соби за рентање Кичеец па затоа го пуштиле. Друго објаснување немам.

По тешката сообраќајна несреќа во која учествуваше и Зоран Милески-Кичеец осуден во „Рекет“, а каде едно лице го загуби животот, низа на коментари има на социјалните мрежи. Пред се, тие се однесуваат на тоа како Кичеец е на слобода наместо во затвор за издржување на неговата казна, иако Управата за извршување на санкции веќе објасни дека тој 30 дена е пуштен на слобода, поради здравствени проблеми. Но и покрај ваквото правдање, на социјалните мрежи низа прашања и дилеми, но и препукувања. Инаку, Кичеец кој доби тригодишна затворска казна, а беше осуден по признание на вина на прво рочиште одлежа половина од својата казна, дел во „Идризово“, а дел во отворниот затвор во Струга. Тој летово беше и работно ангажиран, поради што, согласно законот, можеше да излегува и да се враќа во затворот на преспивање.Дел од коментарите по сообраќајката:https://twitter.com/8ThC3OkQlqOfljm/status/1434307694505205761https://twitter.com/IgorCaveski/status/1434276547008081920https://twitter.com/TheFitzzz/status/1434275956479365120https://twitter.com/commander_beer/status/1434274762767884290https://twitter.com/Hasta_la_manana/status/1434273529751605254https://twitter.com/Vesna221091663/status/1434271960498937859https://twitter.com/m_anasieska/status/1434266921046880257https://twitter.com/Pavlovikj/status/1434257700943245320https://twitter.com/100deutschemark/status/1434256888183590913https://twitter.com/Antonij60073244/status/1434256724723224579https://twitter.com/Hank___Chinaski/status/1434251806989815814https://twitter.com/Acid_Burn24/status/1434250673785384961https://twitter.com/taraludamara/status/1434248295946326022https://twitter.com/Neznajach/status/1434245144283426817https://twitter.com/Hasta_la_manana/status/1434227205761085446https://twitter.com/BlackTaurus7/status/1434220302326771713 

Коментари | пред 4 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Ние градиме едно општество, ВМРО-ДПМНЕ е синоним за поделба на граѓаните, велат од СДСМ

СДСМ со храброст и визија го иницираше и го спроведува концептот „Едно општество за сите“, концепт кој се темели на толеранција, мултикултарилизам, социјална правда, еднакви можности и одговорности за сите граѓани, велат од владејачката партија.„СДСМ како репрезент на сите етнички заедници во државата, посветено работи на унбапредување на меѓучовечките и меѓуетничките односи.Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за поделба на граѓаните по сите основи. 11 години ВМРО-ДПМНЕ како власт поттикнуваше меѓуетнички тензии, ги делеше граѓаните на партиоти и предавници, поттикнуваше раздор и омраза.Дури и нивниот концепт ,, Македонија за сите луѓе" е лажен и популистички кој нема врска со реалноста.Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ, меѓу концептот едно општество за сите, кое носи прогрес и иднина за сите граѓани и неодговорниот однос, поделбите и раздорот што ги создава ВМРО-ДПМНЕ, кои водат само надолу во провалија.Затоа на гласачите на претстојните избори ќе застанат зад најдобите политики на заедништво и соработка на СДСМ и уште еднаш ќе ги поразат поделбите што ги промовира ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

DSC_0356

Затворени булевари во Скопје, ќе се прави генерална проба за прославата

По повод Денот на независноста во централното градско подрачје во Скопје на 08.09.2021 година (среда) ќе се одржи централна прослава „30 години независност“.Поради генерална проба за настанот, на 05.09.2021 година (недела), од 07:30 до 12:30 часот и од 15:30 до 20:00 часот затворени за сообраќај ќе бидат:- бул. „Кочо Рацин“ на потег од крстосницата со бул. „Кузман Јосифовски Питу“ до ул. „Кирил и Методиј“.- ул. „11 Октомври“ на потег од ул. „Крушевска Република“ до ул. „Димитрие Чуповски“.- ул. „Филип Втори“ на потег од бул. „Гоце Делчев“ до ул. „11-ти Октомври“.- кеј „13–ти Ноември“ на потег од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“.- ул. „Мирче Ацев“ на потег од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин“.- ул. „Димитрија Чуповски“ на потег од порта Македонија до бул. „Климент Охридски" и- ул. „Даме Груев“ од крстосница со ул. „Македонија“ до ул. „11-ти Октомври“.Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи - Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Секторот за внатрешни работи - Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

mickoski-5

СДСМ: Мицкоски да повика на масовна имунизација и да ги осуди протестите каде лекарите се нарекуваа „убијци“

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за целото времетраење на коронакризата ја покажуваат својата деструктивна и неодговорна улога во борбата со коронавирусот, велат од СДСМ.„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наместо да повикаат на масовна вакцинација застанаа зад протестите на кои здравствените работници се наречени „убијци“.Дали за Мицкоски убијци се доктори и медицинскиот персонал кои го лекуваа додека беше заразен со коронавирусот?  Мицкоски да престане да се однесува лицемерно и неодговорно, да ги осуди овие срамни и навредливи протести, да се огради од нив и да почне да се бори против коронавирусот, кој се победува со вакцинација. Редно е Мицкоски да повика на масовна имунизација сега откако мерките го предомислија да се вакцинира.Остана неодговорено и прашањето кога Мицкоски ја примил вакцината, дали на почетокот на август кога објави на Фејсбук или на 31 август, кога кажа на телевизија. Нема ништо необично за Мицкоски, политичар без став да се изгуби во сопствените лаги, да шири невистини. Затоа поради таквото негово незрело и неодговорно однесување кое претставува опасност по здравјето на граѓаните одново ќе биде поразен на локалните избори“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

zemjotres-1

Два земјотреси синоќа во струмичкото подрачје

Земјотрес со интензитет од три степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во земјава во струмичкото подрачје.Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа го регистрирала земјотресот во 23:33 часот. Епицентарот бил 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.Земјотресот имал Рихтерова магнитуда ML3.1, а бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.Подоцна околу 12:32 часот е почувствуван уште еден послаб земјотрес со Рихтерова магнитуда од 2.4 степени.

Македонија | пред 4 години

policiski-cas-6

За еден ден 199 сообраќаjни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 100 санкции, 20 за возење без возачка дозвола, 14 за управување под дејство на алкохол, 5 за користење мобилен телефон, 3 за некористиње на сигурносен појас, една за минување на црвено светло, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 29 за непрописно паркирање.Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Скопје | пред 4 години

maricic-3

Маричиќ за пописот: Почна најважната статистичка операција од осамостојувањето до сега

Министерот за правда Бојан Маричиќ во својата видео-порака по повод почетокот на теренскиот дел од пописот, кажа дека ова претствавува најважната статистичка операција спроведена од осамостојувањето до сега.-Попис не е спроведен речиси 20 години. Ваквата состојба едноставно повеќе е неодржлива и тоа не смееме да го толерираме. Државите членки на Обединетите Нации се обврзани да спроведуваат попис, но можеби уште поважно, тоа е обврска која ја имаме кон државата и пред се кон граѓаните, кажа Маричиќ и додаде дека пописот ќе биде спроведен безбедно, почитувајќи ги највисоките стандарди за спречување на ширењето на Ковид-19.Маричиќ на Државниот завод на статистика му посака успешна работа, а на попишувачите на терен им се заблагодари за трудот, посветеноста и придонесот за овој статистички процес.

Македонија | пред 4 години

image1-3

По трет пат „Трчај бе во Битола

Битола е подготвена за најголемиот спортски настан кој ја очекува на 12-ти септември, а тоа е третото издание на трката Трчај бе. Оваа трка за толку кратка историја од само три години, добива меѓународно значење. Битола е домаќин на Балканско првенство во полумаратон. Тоа значи врвни атлетичари од повеќе земји и домашни вљубеници во трчањето ќе трчаат на патеката долга 21км.- Ќе биде и големо и масовно издание. Освен 5К и 10К трките, за прв пат ќе имаме и полумаратон, 21К кој ќе биде всушност Балканско првенство во полумаратон, кое го организираме во соработка со АФМ. Довербата која ни е дадена за организација  е голем комплимент за нас. Од тие причини ја очекуваме цела македонска и балканска тркачка елита, но и голем број рекреативци, истакна Никола Димитровски, директор на трката.Битола веќе неколку месеци интензивно се подготвува да ги дочека учесниците и гостите од 20-тина држави, кои во градот под Пелистер по трет пат ќе направат празник на трчањето. Се подготвува  и придружна програма, која ќе направи вистински спортско-забавен хепенинг во градот. Во градот нема веќе слободно хотелско сместување, заради големиот број на гости и натпреварувачи, но и препознавањето на овој настан како компаниска тим билдинг активност, така што бројни компании со своите вработени одамна го испланирале овој викенд за Битола.- Во Трчај бе, бројни спонзори препознаа проект кој е интересен за нивна презентација и таа поддршка е значајна за да се изведе квалитетно овој голем и масовен настан. Убаво е кога гледате како компаниите и граѓаните се свесни што ова носи за градот и како настан, но и како концепт кој носи профит во многу придружни сектори, освен туризмот, додава Димитровски.Оваа година,  во кампањата за трката беа вклучени и 15 студенти од тренинг-програмата за графички дизајн на Monday Learning кои одговорија на предизвикот да го визуелизираат победоносното „јас“ на овогодинешното издание на ТРЧАЈ БЕ. Така, во градот осамнаа бројни постери инспирирани од кампањата • И ти си победник •

Магазин | пред 4 години

Popis_2021

Денес почнува пописот

Oд денес започнува пописот на населението во државата, кој според надлежните органи, ќе се спроведе безбедно со почитување на здравствените протоколи, така што нема да постои никаква шанса за ширење на вирусот меѓу граѓаните и попишувачите.Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, соопшти дека институциите се подготвени за најголемата статистичка операција во земјава која не е спроведена скоро 20 години.„После речиси 20 години, премежја, опструкции и одоговлекувања конечно сме на прагот да започнеме со теренската работа и со собирањето на потребите податоци. Сите подготовки се завршени. Комисите на пописните региони заедно со нашите државни инструктори успешно ги завршија обуките на реонските инструктори и попишувачи и денеска се излезени на терен во обиколка на своите пописни кругови“, истакна Симовски.Како што кажа тој, нема можност некој да биде изоставен од попишување. Доколку членовите на едно домаќинство кои треба да се попишат не се дома, тогаш попишувачите оставаат порака со временска одредница кога повторно ќе поминат.„Оставаат и телефонски број во случај ако лицето не е во можност во наведениот период да биде дома, да закаже со попишувачот кога може да се спроведе попишувањето“, објасни директорот на ДЗС.Според министерот за правда, Бојан Маричиќ, пописот ќе се спроведе безбедно бидејќи, како што кажа, попишувачите се обврзани доследно да ги почитуваат протоколите.„Попишувањето ќе се спроведе безбедно, почитувајќи ги здравствените протоколи, а попишувачите се обврзани доследно да ги применуваат. Не постои никаква шанса за ширење на заразата. Попишувањето ќе биде безбедно, со најдобра технологија, брзо и ефикасно и инклузивно на сите јазици кои се говорат во РСМ. Никој да не биде изоставен и сите да земат учество за да ја добиеме реалната слика“, нагласи Маричиќ.

Македонија | пред 4 години

Miteva-15.06

Митева по сообраќајката кај Стража: Се вршат притисоци за прикривање ова што се случило денес

На местото на несреќата пред Стража,  биле видени и лица дел од шестата управа, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, обвинувајќи дека цел ден се вршат притисоци врз сведоци на настанот, но и медиуми да не изнесуваат информации за сообраќајката.„Се вршат притисоци за прикривање ова што се случило денес. Власта треба да одговори на јавноста зошто Кичеец е пуштен на слобода и што бараат лица вработени во АНБ на лице место на настанот? Ова е уште еден доказ почитувани граѓани, за целосната криминализираност на системот на власта. До кога врвот на власта ќе штити криминалци?“, праша Митева.Претходно денеска, од Управата за извршување на санкции објаснија дека тој користел 30-дневно отсуство од затвор поради здравствени причини. 

Македонија | пред 4 години

brza-pomos

Корона: 32 починати, 708 нови случаи

Во последните 24 часа се направени 7.174 тестирањe, а регистрирани се 708 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 315, Куманово – 53, Тетово – 38, Струмица – 33, Штип – 24, Струга – 23, Кичево -21, Битола -19, Прилеп, Велес и Охрид – по 18, Гостивар и Кавадарци – по 17, Берово – 14, Дебар – 13, Делчево – 9, Крива Паланка – 8, Кочани, Неготино и Радовиш - по 7, Свети Николе – 6, Гевгелија и Кратово – по 4, Ресен, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3, Пехчево – 2, Валандово, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.Регистрирани сe 573 оздравени пациенти од: Скопје – 199, Тетово – 62, Гостивар – 54, Куманово – 53, Струмица – 46, Кичево – 25, Кавадарци – 16, Велес – 15, Прилеп – 13, Дебар – 12, Штип - 11, Ресен – 10, Битола и Радовиш – по 9, Кочани – 6, Свети Николе и Делчево – по 5, Валандово – 4, Гевгелија, Неготино и Виница – по 3, Крива Паланка и Македонска Каменица – по 2, Охрид, Берово, Пробиштип, Крушево, Македонски Брод и Пехчево – по 1.Пријавени се 32 починати лица: 11 починати лица од Скопје (81г, 79г, 74г, 73г, 69г, 67г, 67г, 66г, 60г, 50г и 42г), 5 починати лица од Тетово (78г, 78г, 65г, 63г и 53г), 4 починати лица од Гостивар (73г, 72г, 70г и 63г), 3 починати лица од Куманово (80г, 76г и 64г) , по 2 починати лица од Охрид (65г и 25г) и Струмица (70г и 69г) и по едно починато лице од Битола (70г), Штип (58г), Струга (81г), Кочани (64г), и Виница (47г).Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Направени се 7.174 тестови преку: ИЈЗ-299, ЦЈЗ Скопје-53, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-78, ЦЈЗ Тетово–107, ЦЈЗ Куманово –106, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-10, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–161, Жан Митрев (Филип Втори)-159, Авицена-293, Биотек-422, Систина-161, лабораторија Лаор-685, Синлаб-131, Ремедика-35, Плодност–92, Генеа -19, Никоб лаб-1.128, ВФВ Медикал-154, Ели Медика-209, Ројал Медика –109, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.686.Досега во земјата се направени вкупно 1.182.940 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 179.587, бројката на оздравени пациенти е 158.441, на починати е 6.045, а бројот на активни случаи изнесува 15.101.Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 77421, Активни 6130Куманово 10439, Активни 943Прилеп 8715, Активни 285Тетово 10508, Активни 1884Битола 6767, Активни 283Велес 5831, Активни 253Гостивар 7753, Активни 1066Кавадарци 5532, Активни 226Охрид 5608, Активни 525Штип 5320, Активни 224Струмица 5309, Активни 675Струга 3652, Активни 604Кочани 3026, Активни 125Кичево 3689, Активни 608Гевгелија 2308, Активни 82Неготино 2260, Активни 59Свети Николе 1722, Активни 137Ресен 1420, Активни 117Крива Паланка 1285, Активни 41Радовиш 1368, Активни 121Берово 1147, Активни 46Делчево 1067, Активни 74Дебар 1387, Активни 240Виница 962, Активни 36Пробиштип 850, Активни 54Валандово 748, Активни 34Богданци 533, Активни 38Крушево 516, Активни 21Демир Хисар 414, Активни 11Демир Капија 401, Активни 1Кратово 475, Активни 67Македонски Брод 441, Активни 58Пехчево 296, Активни 5Македонска Каменица 280, Активни 25Дојран 137, Активни 3Вкупно 179587, Активни 15101

Македонија | пред 4 години

dimitrievik-gjorce-levica

Познат кандидатот на Левица за Ѓорче

Политичката партија Левица синоќа го објави својот кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.Се работи за Александар Димитријевиќ, дипломиран правник на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, кој поседува и своја адвокатска канцеларија.Неговата борба, како што велат од Левица, е насочена кон развој на општината во законски контролирана средина за градење и справување со инфраструктурните проблеми со кои се соочува во моментот, нови еколошки решенија за подобар квалитет на почвата, воздухот и животната средина, поголем економски развој и вработување на жителите на Ѓорче Петров.

Македонија | пред 4 години

ubistvo

Починат маж пронајден во с. Лескоец

„На 03.09.2021 во 14.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека во село Лескоец на место викано „Горно Трно” било пронајдено починато машко лице на возраст од околу 75-80 години.Од страна на лекар од Итната медицинска помош Охрид констатирана била смрт, без видливи траги на насилство.Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција“, се наведува во полицискиот билтен.

Македонија | пред 4 години

Kiceec

Зоран Милески-Кичеец учествувал во сообраќајката на Стража

Денеска(4 септември) околу 15 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила: џип "мерцедес", патничко возило "бмв" и камионет.Неофицијално учесник во сообраќајната незгода е и Зоран Милески-КичеецЕдно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, пренесени се во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад "за укажување на лекарска помош.Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид. Од 15 и 30 часот во прекин е сообраќајот во двете насоки.

Македонија | пред 4 години

DUIII

ДУИ ги објави 17 кандидати за градоначалници

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска имаше состанок со генералниот совет на партијата во Гостивар. На состанокот, по предлог на Ахмети, членовите на генералниот совет едногласно ја избрале листата на кандидати за градоначалници на изборите на 17 октомври.Листа на кандидати:Ејуп Абази – СтуденичанеСуат Шаќири – ЧашкаХекуран Дука – ДебарЕркан Арифи – ЛипковоНеби Реџепи – ВрапчиштеРамиз Мерко – СтругаФатмир Изаири – ЖелиноБесник Емшиу – БоговињеНухи Незири – ТеарцеАли Јаоски – ПласницаАркин Јахии – БрвеницаБлерим Беџети – СарајВисар Ганиу – ЧаирФатмир Дехари – КичевоНевзат Бејта – ГостиварТеута Арифи – ТетовоРидван Ибрахими – АрачиновоДУИ соопшти дека Ахмети во наредните денови ќе го одреди кандидатот за општина Долнени.На денешниот состанок, утврдено е носител за листата на советници на Град Скопје да биде Ардијан Муча.„Победата на ДУИ на локалните избори несомнено ќе ја следи уште поголема грижа за животната средина, редовно одржување на патната инфраструктура, регулирана водоводна и канализациска мрежа, модерна спортско-рекреативна инфраструктура, добро реновирани, одржувани и нови училишта“, се наведува во партиското соопштение.

Македонија | пред 4 години

alijansa-za-albancite

Германска фондација ги обучува кандидатите на Алијанса за Албанците

Фондацијата Конрад Аденауер одржа обука на тема „Градење капацитети на локално ниво“ за кандидати за градоначалници и некои од потенцијалните кандидати за општински советници, предложени од Алијансата за Албанците.Настанот го отвори директорот на Фондацијата Конрад Аденауер, г. Даниел Браун, кој ја изрази својата подготвеност и на неговата екипа за подршка на Алијансата за Албанците во градењето капацитети.  Еден од приоритетите во рамките на оваа соработка е членството на Алијансата за Албанците во Европската Народна Партија, како дел од големото семејство на десничарски партии.Во својот говор пред кандидатите за време на оваа обука, претседателот на АА, ЗиадинСела, истакна дека се чувствуваат од говорни при изборот на кандидати бидејќи е многу важно да се водат исправно општините и да се зголеми квалитетот на животот на граѓаните. Заложба на Алијансата за Албанците, рече Села, ќе биде соодветна децентрализација на власта, со посебен акцент на фискалната децентрализација и здравството.Предавачи на оваа обука беа Марко Панковски од Институтот за демократија Социетас Цивилис (ИДСЦС) - Скопје и Неритан Сејамини од Универзитетот на Тирана.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Ужасна несреќа на Стража: Eден загинат над пет повредени

По судар меѓу три возила едно лице го загуби животот. Неофицијално повеќе од пет лица се повредени во сообраќајката во близина на Стража на патот кон Кичево.На терен има неколку болнички возила, сообраќајот е целосно закочен а први интервенираа взозачите од другите автомобили кои се затекнаа на местото моментот на сообрќајката.Според првичните информации едно од причините за несреќата е неприлагодената брзина со која се движеле возилата иако тој дел од патот има остри кривини и непрегледност.Полцијата е на терен повеќе ионформации се очекуваат од МВР  во текот на деност како и детали за лицето кое загина.

Македонија | пред 4 години

5A1423C7-8F79-47A1-AF89-C8C4AC267E4C

Се запали фирма во Виница

На 03.09.2021 во 08,10 часот во Полициската станица Виница од Територијалната противпожарна единица-Виница, било пријавено дека истиот ден во времето од 05,30 до 06,00 часот имале интервенција за гасење пожар во фирма во Виница и истиот бил изгаснат.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Виница и инспектор за заштита и спасување. Известен бил Јавен обвинител.

Македонија | пред 4 години

policija-1

Казнети 86 тетовчани кои возеле пребрзо

Денеска (04.09.) полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 86 возачи. Од нив, 22 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а двајца со дури над 70 километри на час над дозволеното. 54 санкции се изречени на територија на Тетово, а 32 на територија на Гостивар.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 4 години

levica

Секогаш кога СДС е на власт на Македонија и се случуваат стечајци - овојпат жртви работниците од штипска Баргала, велат од Левица

Иако огромен број на стечајци од пропаднатите поранешни економски гиганти се' уште се со нерешен статус и државата не презема ништо за да ги обештети, на повидок е нов бран на стечајци кои што ќе бидат избркани од работа, без плата и без здравстевно осигурување. Имено, стечајната постапка на штипската текстилна фабрика „Алкон текст” заврши експресно од причини штофирмата нема имот и поради тоа не може да се формира стечајна маса од која би се наплатиле побарувањата на доверителите, велат од Левица.„Со завршувањето на стечајната постапка пропаѓаат и сите надежи на поранешните вработени на оваа фабрика за наплата на заостанатите плати, придонеси и останати надоместоци. Од друга страна пак стечајната постапка за штипската фабрика „Баргала” никако да почне. Иако раководството на фабриката тврди дека на работниците им се исплатени платите и придонесите, работниците од оваа штипска фабрика тврдат дека се оставени без здравствено осигурување, а на име плата наместо износот на минималната плата, им се исплатени само по 600 денари.Не можеме да не се запрашаме како е можно секогаш кога СДС е на власт се случуваат масовни отпуштања од фабриките и масовни кршења на работничките права?Како е можно секогаш кога СДС е на власт фабрики и огромни економски гиганти да одат во стечај, а притоа никој да не одговара за тоа?Сведоци сме дека изминативе 30 години сите стечајни постапки кои што се водеа за фабриките кои отидоа во стечај имаат ист тек - или експресно завршуваа поради немање на имот, или постапките траат со години без разрешница на повидок., а епилогот за работниците е ист - оштетени и изманипулирани. Сведоци сме дека од затвoрањето и одењето на фабриките во стечај, работниците се тие кои што го извлекуваат подебелиот крај, додека никој, ниту од тогашните, ниту од сегашните раководители и сопственици на овие фабрики не одговараа пред законот.Владата на СДС ниту тогаш, а ниту сега не направи напор за да ги згрижи работниците, ниту пак презема дејствија за казнување на виновниците за овие случувања, од едноставна причина што сопствениците на овие фирми се најчесто блиски до нив и за време на нивното владење истите се недопирливи. Таков е случајот и со Баргала, фабрика која е семеен бизнис на Барзови - фамилијата на сопругата на актуелниот градоначалник Сашко Николов“, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 4 години

ulica-koli-ramstor-soobrakaj

Поради празникот, изменет режим на сообраќај во Скопје

По повод денот на независноста во централното градско подрачје во Скопје на 08.09.2021 (среда) ќе се одржи централна прослава „30 години независност”.Поради генерална проба за настанот, на 05.09.2021 (недела), од 07,30 до 12,30 и од 15,30 до 20,00 часот затворени за сообраќај ќе бидат: -бул.„Кочо Рацин” на потег од крстосницата со бул.„Кузман Јосифовски Питу” до ул.„Кирил и Методиј”. – ул.„11 Октомври ” на потег од ул.„Крушевска Република” до ул.„Димитрие Чуповски”, ул.„Филип Втори” на потег од бул.„Гоце Делчев” до ул.„11 –ти Октомври”. -Кеј „13–ти Ноември” на потег од ул.„Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин”, ул. „Мирче Ацев” на потег од ул. „Филип Втори“ до бул. „Кочо Рацин”, ул. „Димитрија Чуповски” на потег од порта Македонија до бул. „Климент Охридски” и ул.”Даме Груев” од крстосница со ул. „Македонија” до ул. „11-ти Октомври”.Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања