Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Vlad-Ilik-vo-MKTS

Влад Илиќ вечерва во МКЦ

Вечерва, со почеток од 21 часот во паркот на МКЦ ќе се одржи настап на стендап-комичарот Влад Илиќ, во организација на „Skopje Comedy“.Влад е млад и перспективен комичар, кој ги користи своите лични приказни и гледишта на тоа како е да се биде млад „миленијал“ од Источна Европа во Лондон и сето тоа го преточува во супервкусно комеди шоу со кое од ден на ден станува сѐ пополурарен и баран по комеди-клубовите во Англија.За неговиот квалитет зборуваат и освоените награди: King of the Gong – Comedy Store Manchester Comedian of the Year – Stand Up Club Soho, London One to Watch – Up the Creek, Greenwich London Max Turner Prize – Comedy Virgins, Stockwell, London.Не oстанаа рамнодушни и „ловците на таленти“ на популарната BBC и беше гостин на настан организиран од страна на популарната телевизија.

Магазин | пред 4 години

kucinja-skitnici

Две скопјанки каснати од кучиња скитници

Вчера во МВР пријавени се два случаи на напад од куче скитник.На 03.09.2021 во 16,15 часот во Полициската станица Гази Баба М.С.(59) од с.Јурумлери-скопско пријавила дека во с.Јурумлери била касната од куче скитник.На 03.09.2021 во 13,00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Л.Ѓ.(57) од Скопје пријавила дека на ул.“Антон Чехов“ била касната од куче скитник.

Скопје | пред 4 години

motor

Скопјанец излета од патот Македонска Каменица -Делчево

На 03.09.2021 во 13,51 часот било пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица -Делчево, во атар на с.Илиово, моторцикл „кавасаки ЗХ-10Р“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.С.(46) од Скопје, излетал надвор од коловозот.Во незгодата моторциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Делчево.

Македонија | пред 4 години

soobr1

Сообраќајка во Радовиш, едно лице со тешки повреди

На 03.09.2021 во 21,00 часот било пријавено дека во Радовиш на раскрсницата од бул.“Александар Македонски“ со ул.“Плачковица“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “пежо 107“ со радовишки регистарски ознаки управувано од С.П.(19) од Радовиш и патничко моторно возило „фолксваген туран“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.Л.(39) од Радовиш.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото “пежо 107“ М.К.(19) од Радовиш, а со телесни повреди се здобила С.П. констатирани во ЈЗО Радовиш. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

Македонија | пред 4 години

izbiracki-spisok-702x401

Вкупно 11.788 лица се провериле во избирачкиот список

Државната изборна комисија известува дека тече постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до 9 септември 2021 година.Заклучно со вчерашниот ден (3 септември) вкупно 11.788 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 46 барања за запишување во избирачкиот список, 28 барања за бришење на податоците и 22 барања за измена на податоците.Исто така, до Државната изборна комисија, на електронската пошта upisis@sec.mk се поднесени вкупно 36 барања.

Македонија | пред 4 години

policija-policajci-alhohol

Казнети 102 пијани возачи

Синоќа (03/04.09.2021) во периодот од 23 од 05 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што санкционирани се 102 возачи. Тие биле исклучени од сообраќај.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Македонија | пред 4 години

studentski

МОН ги објави листите на примени студенти во студентските домови

Министерството за образование информира дека резултатите од Конкурсот за прием на студенти, запишани на додипломски студии, во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2021/2022 година, кои се однесуваат на студентите од втора и повисоките години на студии се објавени и достапни на следниот линк.Студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени.Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите.Приговори по однос на резултатите се доставуваат до Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје), заклучно со 10 септември.Аплицирањето за студентите од прва година на студии започнува на 6 септември и трае до 24 септември 2021 година. За бруцошите се предвидени 1.249 места во студентските домови.Условите, критериумите и потребните документи за остварување на правото на сместување во студентски дом се наведени во конкурсот кој е објавен на следниот линк.Студентите кои ги исполнуваат условите пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом.Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови, останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи сé до пополнување на истите, но најдоцна до 15 ноември годинава.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-09-04-101356

(ВИДЕО) Шилегов поставува нови стандарди

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, вчера вечер објави видео во живо на Фејсбук од градежните работи на еден од скопските булевари.Во видеото тој се поздравува со градежните работници и ги снима како работат.„Работиме навечер !!!Нови стандарди во нашето Скопје !!!Скопје, една поинаква приказна !!!“, напиша Шилеговтои во описот на видеото

Скопје | пред 4 години

Potpisuvanje-dogovor-Milevski-i-Morachanin_LDP-i-DOM

Потпишан договор за коалиција меѓу ЛДП и ДОМ

Договор за заеднички настап на локалните избори потпишаа Горан Милевски и Маја Морачанин, Претседателите на ЛДП и ДОМ формирајќи го “Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ”.Коалицијата има над 50 кандидатски листи за локалните избори, со голем број на граѓански активисти и непартиски лица, со што оваа коалиција се позиционира како трета политичка сила на македонската политичка сцена.До сега тие ги најавија кандидатите за градоначалници на Ѓорче Петров Љупчо Јаневски, на Кисела Вода Ѓулистана Марковска, на Гевгелија Виктор Петков, на Прилеп Славе Петрески и на Штип Ванчо Санев.  Од “Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ” најавуваат дека во недела ќе го соопштат својот кандидат за градоначалник на Скопје и носителот на советничката листа.

Македонија | пред 4 години

vakcina-vakcinacija-7

Вкупно 13.219 вакцини се аплицирани вчера

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, велат од МЗ.„На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 741.553 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.251 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.219 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.306.042 дози вакцини, а ревакцинирани се 564.488 граѓани.Со последните бројки 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата“, се вели во соопштението. 

Македонија | пред 4 години

Probivane-nova-ulitsa-kaj-Klinichki-tsentar

Се пробива нова улица за влез во Клинички центар

За да го олесниме протокот на сообраќајот, започнуваме со пробивање на нова улица која ќе отвори и секундарен влез во Клиничкиот центар, информираше на својот фејсбук профил градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.„Кога станува збор за сообраќајот во центарот на градот, со години една од најпроблематичните точки се улиците околу Клиничкиот Центар Скопје, каде секојдневно се создава метеж од големиот број на автомобили кои се движат во таа област од градот.Поради тоа, за да го олесниме протокот на сообраќајот, започнуваме со пробивање на нова улица која ќе отвори и секундарен влез во Клиничкиот центар, со што овој проблем значително ќе се олесни движењето на граѓаните и автомобилите ќе стане далеку поедноставно и побрзо“, стои во објавата на Шилегов.

Скопје | пред 4 години

mirjana-najcevska

„Граѓаните кои се 20 отсто немаат стекнати права, туку посебен вид привилегии“, Најчевска реагира на изјавата на Маричиќ

Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на министерот за правда Бојан Маричиќ, дека резултатите од пописот нема да доведат до промена на уставните категории.Според професорката, пак, овие граѓани имаат привилегии, и во нивниот случај не станува збор за нивни стекнати права.„Во Уставот и во законите стои многу конкретна бројка. Таа бројка е поврзана со одреден вид привилегии. Не станува збор за стекнати права туку за посебен вид привилегии кои се дадени на одредени луѓе со цел надминување на ситуација произлезена од претходна дискриминација. Некоја белосветска будала реши ова да го поврзе со одреден процент од населението.И сега кога излезе на виделина глупоста ќе измислуваме шарени лажги и ќе го изигруваме правото?Па уште и навреди и закани од страна на човекот назначен на функцијата министер за правда за да се спречи дури и расправа за настанатиот проблем. Крајно недолично е за еден министер да даде изјава со која се поттикнува цензура“, пишува професорката Најчевска на својот фејсбук профил.Министерот за правда, Бојан Маричиќ, вчера изјави дека резултатите од пописот нема да доведат до промена во уставните категории.

Македонија | пред 4 години

auto_fadil-zendeli-804x3801549094964

Зендели е кандидат за градоначалник на Гостивар

Актуелниот пратеник и потпретседател на БЕСА Фадиљ Зендели ќе биде кандидат за градоначалник на општина Гостивар. Тој во обраќањето најави дека ќе работи на организирање на членството и постигнување на добри изборни резултати.-Целосно сум свесен за потребите и барањата на граѓаните и свесен сум за предизвиците. Но, без сомнение, на 17 октомври, имаме одлична можност заеднички да ѝ дадеме голем поттик на општината за побрз развој и да ја издигнеме. Затоа, овие избори не се само прашање на изборна конкуренција, туку конфронтација на вредности и идеи, стратегии и проекти во подобрување на животот на сите нас што живееме во општина Гостивар – рече Зендели.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Apple и Google мора да отстранат апликација направена од соработниците на Навални

Руските власти ги предупредија Епл и Гугл дека ќе бидат казнети доколку од нивните онлајн продавници не ја отстранат апликацијата што ја направиле соработниците на приведениот опозиционер Алексеј Навални.Надзорниот орган на Русија, Роскомнадзор, објави дека, доколку не се отстрани, тој потег ќе го протолкува како мешање во изборите во Русија.Апликацијата ја промовираше „Стратегијата за паметно гласање“ (Smart Voting strategy), проект дизајниран за поддршка на опозициските кандидати.Поддржувачите на руската опозиција, независните медиуми и невладините организации се под зголемен притисок пред парламентарните избори во Русија на 19 септември, а критичарите сметаат дека овој потег е обид да се одржи доминантното мнозинство на владејачката Единствена Русија.

Магазин | пред 4 години

tablice-ne-moze-830x0

(ФОТО) Се фалеше со автомобилот кој ја менува табличката, па полицијата му го одзеде

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како „Ауди“ со белградски ознаки ја менува регистрацијата.По „демонстрацијата“ на маневрот кој со само еден клик на далечински управувач ги менува регистарските таблички, возилото беше запленето.Видеото, кое потоа беше повлечено од социјалните мрежи, ја покажува табличката на која пишува „BG PABLO“, а кога не работи се претвора во натпис „не може“.Бидејќи полицијата започна акција за контрола на насилното возење што се шири на социјалните мрежи во последните недели, го пронајде и сопственикот на „Пабло“, па, според медиумите, возилото е привремено одземено за преглед и вештачење.

Магазин | пред 4 години

instagam-phone

Нова безбедносна мерка на Инстаграм, нема да можете да ја избегнете колку и да се трудите

Инстаграм ќе почне да бара од корисниците да ги потврдат нивните датуми на раѓање, како дел од напорите за воведување нови безбедносни цели за младите луѓе, објави социјалната мрежа во сопственост на Фејсбук.Инстаграм, имено, работи на верзија на апликацијата за деца под 13-годишна возраст, а американските правници побараа од Фејсбук да ги отфрли тие планови, објаснувајќи дека постојат „јасни докази дека не успеале да ги заштитат децата“ на своите платформи. За ова, Инстаграм објави дека „ќе ги обезбеди вистинските искуства за правата возрасна група“.Кога отвораат профил на Инстаграм, сега корисниците ќе мора да го внесат својот датум на раѓање. Промените ќе важат и за оние корисници кои претходно не споделиле датум на раѓање на поставките на профилот на Инстаграм.Инстаграм додаде дека се свесни дека некои корисници би можеле да внесат лажен датум на раѓање и развива нови технологии за решавање на ваквите проблеми.

Магазин | пред 4 години

policija-4

152 сообраќаjни прекршоци во Скопје, 36 казни за пребрзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 36 санкции, 16 за возење без возачка дозвола, три за управување под дејство на алкохол, 8 за користење мобилен телефон, 9 за некористиње на сигурносен појас, две за минување на црвено светло, 7 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 37 за непрописно паркирање.Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Скопје | пред 4 години

42581018_10155348552761706_4116179249260396544_o

Богоев да ја сруши зградата дивоградба на Шилегов, бара ВМРО-ДПМНЕ

Богоев да постапи по закон и да ја сруши зградата дивоградба на Шилегов. Зградата на Шилегов во Карпош е дивоградба. Цели два ката од зградата  се вон ДУП, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Општина Карпош е единствена надлежна институција која издава дозволи за градба, доградба или реновирање, но и спроведува рушење кога станува збор за дивоградба. Во делот каде се наоѓа зградата дивоградба на Шилегов во сила е ДУП кој дозволува градба во висина од 7.5 метри, односно приземје, кат и поткровје. Шилегов кренал уште два ката над тоа.Општина Карпош и градоначалникот во заминување, Стефан Богоев треба да постапат според закон и да ја срушат дивоградбата. Во спротива се е прикривање на Шилегов“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 4 години

20022021_PVRSM_Zaev_MTSP_Shahpaska_poseta_nova_gradinka_Bosilovo-5

Владата на СДСМ изгради и обнови 60 градинки

СДСМ во изминатите четири години покажа што значи вистинска грижа за сите граѓани, за подобрување на животниот стандард,  а пред се грижата за најмалите, велат од владејачката СДСМ.„Изградивме и реновиравме 60 детски градинки во урбаните, но и во руралните средини, со што значително се зголеми опфатот на децата во предучилипното воспитание и образование. Наспроти тоа ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето режимско владеење ги остави предучилишните установи на забот на времето.Парите на граѓаните ги вложуваше во непродуктивни работи, во скулптури и споменици, кои заедно со Белата палата, седиштето на опозицијата во стечај, стојат како паметник на безумното владеење и безобразното трошење на народните пари. СДСМ изгради и обнови 60 градники, ВМРО-ДПМНЕ постави 60 споменици.Граѓаните добро знаат дека со СДСМ парите се враќаат кај граѓаните, а со ВМРО-ДПМНЕ завршуваат како провизии во џебовите на нивните функционери. Затоа СДСМ со најдобрата понуда е победник на претстојните избори, а ВМРО-ДПМНЕ го очекува нов седми пораз од граѓаните“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

granica-so-srbija

Нема подолги задржувања за влез и излез од Македонија

„Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информираат од АМСМ.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 4 години

kina-korona-2

„Владата нема план за борба против корона“, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Неспособноста на СДСМ целосно исплива на површина. Владата нема план за борба против корона, велат одопозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Неспособни да го организираат здравствениот систем, неспособни да го организираат училишниот процес, и сите елементи поврзани со актуелната ситуација. Едноставно немаат решение за ништо.Владата на СДСМ креира само проблеми. Во организирањето на образовниот процес Мила Царовска потфрли целосно. Нема учебници за сите, а таму каде што се поделени дадени се искинати, Царовска жртвува уште една генерација деца.Во училиштата нема средства за дезинфекција, учениците сами си носат од дома, а веќе има и заразени деца со корона во неколку училишта.Потфрли и градоначалникот во заминување на град Скопје, Петре Шилегов, автобусите се преполни. Шилегов ги направи градските автобуси извор на зараза. Венко Филипче не се снајде и не успеа да го организира здравствениот систем во ниту еден од претходните три брана, исто е и сега за четвртиот. Бројката на починати надмина шест илјади само поради тоа што Филипче не помислува на здравјето на граѓаните. Филипче се интересира само за провизии.Актуелната власт е неспособна да ја нормализира ситуацијата. Време е за промени“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 4 години

IMG_0743

Сончево со мала до умерена облачност

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде свежо, а преку ден ќе биде нешто потопло. Во крајните југоисточни делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен и југозападен правец. УВ индексот ќе биде 7, информира Управата за хидрометеоролошки работи.Утринската температура ќе се движи од 6 до 16 степени, а дневната од 21 до 32 степени.Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната до 29 степени.

Македонија | пред 4 години

2696653_ivan-plavusa-foto-twitter-printscreen_ff

(ВИДЕО) Србин на плажа снимаше русокоса во танга, па сопругата му влета во видеото

Извесен Иван нема да го заборави ова лето, ама ни неговата сопруга. Тој сними видео на плажа, кое насмеа милиони луѓе, а стана и ѕвезда на социјалните мрежи. На видеото се гледа маж како фотографира згодна русокоса во танга, која лежи на песокот и позира, без да знае дека зад грб ја снима некојси Иван.Ама сопруга на Иван не ја пропушти сцената на плажа, па влета во видеото: Иване, што правиш? И овој како просечен Балканец, вели: „Ќути бре“.

Магазин | пред 4 години

slika1

Уапсен Жан Железарски во Косово, осуден за „Детонатор“

Жан Железарски, еден од осудените за случајот „Детонатор“ е уапсен во Косово, објави „Фокус“ од доброупатени извори. Информацијата за порталот е потврдена и од МВР, од каде што додаваат дека Железарски сега треба да биде екстрадиран од Косово.За овој бегалец беше распишана меѓународна потерница откако избега во 2019 година, кога не се врати во затвор по добиено отсуство.Жан Железарски во 2013 година беше осуден на 14 и пол години затвор за злосторничко здружување, обид за убиство, лихварство и измама.Во случајот „Детонатор“ им се судеше на 16 лица за лихварство, рекетирање и обиди за убиство, а двајца од нив беа осудени доживотен затвор.

Македонија | пред 4 години

Gjorce-Petrov-3

Мицкоски: На 17 октомври народот ќе си ги врати општините и Македонија

Д-р Александар Стојковски е идниот градоначалник на Ѓорче Петров, а Данела Арсовска идниот градоначалник на градот Скопје. Имаме двајца победници луѓе кои многу пати во својот живот покажале и докажале дека немаат друга опција освен победата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров.„Од она што можев во разговор со нив да го дознаам е дека влегуваат во секој предизвик со стратегија и желба да победат и најчесто победуваат, а најголемите битки во своите животи успеале да ги добијат и затоа не случајно зборуваме за двајца победници, луѓе коишто не само што ќе победат на 17 октомври, туку и од тој ден ќе продолжат да носат победи тука во Ѓорче Петров и за скопјани во градот Скопје“, рече тој.Победата на 17 октомври во првиот круг на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, додаде Мицкоски, подразбира нова влада, подразбира пад на оваа криминална владата меѓу двата круга.„Да не дозволиме егзибиционисти повторно да му овозможат на Зоран Заев и СДСМ продолжување на нивниот политички живот. Гласот за Александар и за Данела подразбира нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и подобри денови за нашата Македонија, за нашето Скопје и за нашето Ѓорче. Да не дозволиме лажни опозиционери да го делат опозицискиот блок, да не дозволиме народот да биде измамен како многу пати досега. Преку глава му е на народот од измами и лаги и лажни политичари кои излегуваат од тоа политичко мочуриште, а со една цел да им служат на оние политичари од транзицијата кои овој народ го ограбуваат 30 години. Затоа ве повикувам излезете на 17 октомври уште рано наутро и заокружете го името на Александар и Данела. За новиот градоначалник на Скопје и новиот градоначалник на Ѓорче Петров“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања