Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

slika-01

Филиповски вети нов објект за градинката „Пчелка“ во Лисиче

Градинката „Пчелка“ во населбата Лисиче ќе добие од темел нов лик. Енергетско – ефикасен објект, со нови занимални, опрема и дидактички материјали кои ќе обезбедат поквалитетно предучилишно образование за нашите најмили.Ова е еден од главните проекти во мојата програма,  истакна Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата за општина Аеродром, на вечерашната маалска средба во населбата Лисиче.За овозможување на подобри услови за раст и развој на децата, во нашиот Аеродром имаме повеќе проекти. Планираме и изведба на нови детски и спортски игралишта, со цел правилен физички развој на децата. Овие зони ќе имаат и инклузивни содржини, реквизити, со цел да бидат достапни и за лицата со попреченост, истакна Филиповски.Граѓаните од овој дел на населбата особено се интересираа за реконструкција на плочникот, затоа што овој дел, кај трговскиот центар е една од пофреквентните зони.Предвидуваме целосна реконструкција на плочникот. Покрај обновата на партерниот дел, додадена вредност ќе претставува и новото зеленило. Тука и хортикултурно ќе го уредиме јавниот простор, затоа што една од главните цели е на секој можен начин да го надоместуваме изгубеното зеленило, рече кандидатот за градоначалник на Аеродром.На маалската средба учествуваше и потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче. Тој зборуваше за зголемувањето на платите во здравствениот сектор, но ги повика и сите граѓани да се вакцинираат.Податоците покажуваат дека на удар се невакцинираните, затоа апелирам на одговорност, висока свест и совесност. Здравјето е наш приоритет, рече Филипче.Покрај за најмладите, СДСМ нуди програма и за највозрасните сограѓани, оние на кои им треба поддршка, со цел спокојни и мирни пензионерски денови.Во моментов се завршува изградбата и на реонската амбуланта, со што и пристапот до здравствена заштита ќе биде подобар за сите лица. Планираме да воведеме и домашни посети во домот за постарите и изнемоштени лица. Нашите баби и дедовци нè израснале, а сега ние треба да им „вратиме“, да им се одолжиме. Ќе воспоставиме соработка со обучени лица – негователи, кои ќе вршат дневни посети и на повозрасните ќе им помагаат во домаќинството, ќе им купуваат продукти или ќе им вршат други работи, истакна Александар Филиповски.Маалските средби продолжуваат и следните денови, со цел да се слушнат сите предлози на граѓаните и да се создаде уште поквалитетна понуда за општина Аеродром.

Скопје | пред 4 години

policija-3

Казнети 43 тетовчани кои возеле пребрзо

Денеска (03.09.) полициски службеници од СВР Тетово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Тетово, при што санкционирани се 43 возачи. Од нив, 11 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а двајца со дури над 70 километри на час над дозволеното. 24 санкции се изречени на територија на Тетово, а 19 на територија на Гостивар.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 4 години

korona1

Денес 26 починати од коронавирус

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:Во последните 24 часа се направени 5.865 тестирањe, а регистрирани се 722 нови случаи на КОВИД-19:Скопје – 302,Тетово – 51, Куманово – 46, Струмица – 42,Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес ,Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола ,Свети Николе и Струга – по 18, Прилеп – 16, Кочани – 13, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци,Валандово и Виница – по 2, Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1 .Регистрирани сe 574 оздравени пациенти од: Скопје – 169, Тетово – 105, Гостивар – 87, Струмица – 36, Куманово – 35, Кичево – 27, Кавадарци – 14, Битола и Кочани – по 13, Штип – 11, Прилеп,Велес и Радовиш – по 10, Свети Николе – 8, Гевгелија – 4, Крива Паланка и Виница – по 3, Неготино, Ресен, Пробиштип ,Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Охрид, Делчево ,Крушево,Демир Хисар,Демир Капија и Кратово – по 1.Пријавени се 26 починати лица: 6 починати лица од Скопје (77г,63г,58г,57г,52г,47г,), по 5  починати лица од Тетово (74г,73г,68г,67г и 62г), по 3 починати лица од Гостивар (82г,55г и 52г)  и Куманово (84г,71г и 65г) , по 2 починати лица од Кичево (78г и 68г) и Струга (76г и 45г) и по едно починато лице од Крива Паланка (23г) ,Струмица (73г) ,Штип (67г) ,Охрид (84г) и Прилеп (83г).Од пријавените лица 20 се починати во болнички услови, а 6 од пријавените лица се починати во домашни услови.Направени се 5.865 тестови преку: ИЈЗ-292, ЦЈЗ Скопје-75, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Тетово–109, ЦЈЗ Куманово –65, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија - 6, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–141, Жан Митрев (Филип Втори)-110, Авицена-386, Биотек-338, Систина-134, лабораторија Лаор-337, Синлаб-51, Ремедика-27, Плодност–65, Генеа -16, Никоб лаб-930, ВФВ Медикал-79, Ели Медика-145, Ројал Медика –64,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.366.Досега во земјата се направени вкупно 1.175. 766 тестирање на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а бројот на активни случаи изнесува 14.998.Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 77106, Активни 6025Куманово 10386, Активни 946Прилеп 8697, Активни 280Тетово 10470, Активни 1913Битола 6748, Активни 274Велес 5813, Активни 250Гостивар 7736, Активни 1107Кавадарци 5515, Активни 225Охрид 5590, Активни 510Штип 5296, Активни 212Струмица 5276, Активни 690Струга 3629, Активни 582Кочани 3019, Активни 125Кичево 3668, Активни 612Гевгелија 2304, Активни 81Неготино 2253, Активни 55Свети Николе 1716, Активни 136Ресен 1417, Активни 124Крива Паланка 1277, Активни 35Радовиш 1361, Активни 123Берово 1133, Активни 33Делчево 1058, Активни 70Дебар 1374, Активни 239Виница 962, Активни 40Пробиштип 847, Активни 52Валандово 747, Активни 37Богданци 532, Активни 37Крушево 516, Активни 22Демир Хисар 413, Активни 10Демир Капија 401, Активни 1Кратово 471 63Македонски Брод 440, Активни 58Пехчево 294, Активни 4Македонска Каменица 277, Активни 24Дојран 137, Активни 3

Македонија | пред 4 години

korona-virus

24 годишно момче почина од Ковид-19

Дваесет и четиригодишно момче од Крива Паланка починало  од Ковид 19 на скопската Клиника за инфективни болести, неофицијално дознава „Фокус“.Mомчето пред десетина дена правело свадба, но никој не кажува како и од каде се заразило.„ Точно е дека момчето починало на Клиниката за инфективни болести. Не бил вакциниран. Тоа ќе биде објавено во утрешниот извештај на министерството за здравство. Момчето имало прекумерна телесна тежина – истакнаа од МЗ.Цлиот текст на: Фокус.мк

Македонија | пред 4 години

korona-test

22.416 граѓани биле позитивни на Ковид 19 во изминатиот месец, само 4191 биле целосно вакцинирани

Во период од 06.08 до 02.09.2021 на територија на државата 22.416 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 18% биле целосно вакцинирани, односно 4191 лице, велат од МЗ.„Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе четири недели, 18.225 граѓани, односно дури 81% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 87%, додека само 13% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од четири седмици на територија на државата починале 480 лица со Ковид 19, 429 пациенти (89%) од починатите не биле вакцинирани, а само 51 (10%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2“, се вели во сооштението.

Македонија | пред 4 години

mnr-696x316

Вработен во македонското МНР приведен во Србија

Министерството за надворешни работи попладнево потврди дека во соседна Србија е приведен, граѓанин на Македонија вработен во МНР.Министерството за надворешни работи на Република Македонија потврдува дека еден вработен во Министерството, кој во моментов е упатен во нашата Мисија во ОБСЕ во Виена, е притворен во Република Србија на 27.08.2021, за што Министерството за надворешни работи на Република Србија официјално ја има известено Амбасадата на Македонија во Белград. Според известувањето, надлежниот суд во Србија определил екстрадиционен притвор по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство.Министерството за надворешни работи, согласно законските надлежности го стави во мирување работниот однос со притворениот вработен, сѐ додека случајот не биде разрешен.

Македонија | пред 4 години

kanabis

Постапка против 4 лица кои одгледувале канабис

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, едно од с.Негорци и тројца од Гевгелија, заради постоење на основано сомневање дека сториле по едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Едновремено, обвинителството до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија поднесе Предлог за определување мерка притвор против осомничените, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека ќе се дадат во бегство.Осомничените во периодот од мај до септември 2021 година неовластено заради продажба произведувале наркотична дрога марихуана на седум локации на м.в.„Жабјак“ во близина на с.Негорци. Тие засадиле по околу 100 семки од растението канабис, ги наводнувале, ги отстранувале непотребите листови, ги врзувале со манила за да не се скршат. На 1 септември 2021 година, кога растенијата биле во фаза на цветање и со висина од 20 до 280 сантиметри, осомничените биле затекнати од страна на овластени службени лица во намерата да ги соберат цветните завршетоци за да ги сушат. При тоа, вкупно биле пронајдени  381 стебло од растението канабис односно по 95-96 стебла кај секој од осомничените.Од страна на Судијата на претходна постапка при Основниот суд Гевгелија се донесени решенија со кои на осомничените им е определен куќен притвор во траење од по 30 дена.

Македонија | пред 4 години

tabanovce

Гужва на Табановце, се чека по еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На Г.П. Табановце има задржување од околу еден  час, додека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.

Македонија | пред 4 години

mako-aa-750x430

Јапонската принцеза се откажа од наследството, ќе живее во Њујорк

Принцезата Мако ги шокираше членовите на нејзиното семејство, но и граѓаните на Јапонија, кога одби милиони наследство и избра нов живот за себе. И покрај строгите правила на кралското семејство, таа одлучи да се пресели во Њујорк и да почне да живее заедно со својот вереник Кеи Комуро.Износот од околу 150 милиони јени (1,3 милиони долари) се доделува како утешна компензација за жените од империјалното семејство на Јапонија поради законот кој им наложува да се откажат од царскиот статус по бракот.Дваесет и деветгодишната принцеза Мако е првата жена што се омажи без традиционална јапонска церемонија и нема да го добие надоместокот што ѝ следи.Овој чин е конечната потврда за нејзината голема љубов кон Кеи Комуро, што предизвика многу спротивставени мислења во Јапонија.Во септември 2017 година, беше објавено дека принцезата Мако се верила со мистериозен дечко кого го запознала додека студираше во Токио.Среќата на саканата принцеза беше прекината само пет месеци подоцна, кога веридбата беше одложена поради наводниот финансиски спор помеѓу мајката на Комуро и нејзиниот поранешен свршеник.Скандалот настана кога поранешниот свршеник на мајката на Комуро објави дека му должи пари што ги позајмил за образование на избраникот на јапонската принцеза. Станува збор за 4,3 милиони јени (40.000 долари), но Комуро и неговото семејство остро ги негираа овие тврдења.Комуро издаде обемна изјава во обид да го објасни скандалот што го потресе неговото семејство и понуди да ја врати споменатата сума на пари, иако смета дека одговорноста во овој случај не може да биде негова.Принцезата Мако претрпе медиумски притисок поради наводните долгови на нејзиниот вереник, а јавноста не беше воодушевена од идејата таа да се пресели во Америка и да започне живот таму со маж кој не е достоен за неа. Притисокот не успеа да наштети на нивната љубов, па среќниот пар веќе некое време се подготвуваше за свадбената церемонија.Таткото на принцезата Мако, престолонаследникот Фумихито, срамежливо го поддржа овој брак и истакна дека јавната поддршка е важна за сите членови на семејството.– Ја одобрувам нивната венчавка. Уставот вели дека бракот може да се заснова само на меѓусебна согласност на маж и жена. Ако навистина го сакаат тоа, мислам дека тоа е нешто што треба да го почитувам како родител – рече Фумихито.Одлуката на двојката да ја прекрши традицијата го привлече вниманието на јавноста кон иднината на јапонското кралско семејство, особено контроверзното правило дека само мажите можат да го наследат престолот.Поради моменталната ситуација со принцезата Мако, јапонската влада ја разгледува можноста да им дозволи на жените да го задржат својот статус дури и по бракот. Сепак, конзервативците се против оваа идеја, бидејќи според многумина, државата може да ја водат само мажи.Во меѓувреме, принцезата Мако одлучи да ја прескокне церемонијата на свршувачката за време на која се разменуваат подароци. Се очекува новиот брачен пар да не се сретне со сегашниот владетел Нарухита и неговата сопруга Масако.

Магазин | пред 4 години

doktor-960x525-2x

Д-р Јовчески: Ќе го вратам „Пиво фест“ во Прилеп

Мотивацијата да се кандидирам за градоначалник на Прилеп ја најдов во секојдневните контакти со моите пациенти и со граѓаните кои искрено ми кажуваат што недостасува во градот, вели Д-р Борче Јовчески во интервју за „Република“.Тој вели дека во градот има многу проблеми но оти најголем е комуналната хигена.По улиците има отворени контејнери со извадено ѓубре кое е извор на зараза но и вртилиште на кучиња и мачки. На граѓаните исто така им пречи и недостатокот на спортски објекти, градинки, средена инфраструктура-објаснува кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.Тој нема дилеми со што прво би се зафатил кога ќе ја добие довербата на прилепчани.Отворените контејнери ќе ги замениме со подземни. Потребни се и повеќе пешачки зони, велосипедски патеки.Проблем на чаршијата е и недостатокот на паркинг места. Со изградбата на булеварот и тоа како се оневозможи паркирањето и тоа ќе биде приоритет во мојата изборна програма. Планирани се локациии за монтажни гаражи со кои ќе стопанисува јавното претпријатие за паркинг услуги.Оценувајќи ја работата на актуелниот градоначалник на Прилеп, Јовчески вели дека  има пофални зборови за Јовановски како стручњак бидејќи и двајцата доаѓаат од ортопедското одделение.Но, како менаџер на градот за работата на Јовановски постојат многу аномалии.Од неговата работа постои незадоволство како во градската средина така и во руралните делови од градот.Јовчески ветува дека ако биде на чело на градот ќе го врати препознатливиот бред на градот „Пиво фест“ кој привлекуваше многу туристи.Не само „Пиво фест“ туку и други манифестации кои се одржуваа во Прилеп во последниве години беа запоставени. За „Пиво фестот“ би се заложиле за обновување и за продолжување на таа долгогодишна традиција која привлекува многу туристи каде што секој сектор би го нашол бенефитот од посетеноста-вели Јовчески.

Македонија | пред 4 години

2655975_ana-paunkovic-3_ff-700x467

Аца Лукас за кавгата со Ивана Селаков: И помогнав да направи кариера и еве како ми врати!

Најновата дуетска песна на Аца Лукас и Ивана Селаков е избришана од „Јутуб“ поради прекин на нивната соработка.Имено, Ивана го обвини Аца дека материјално и морално ја измамил, а сега продуцентот на пејачот тврди дека Селаков останала должна дури 21 000 евра.По тој повод, сега се огласи и Лукас.Бев шокиран кога дознав. Толку многу успешни работи направиме досега. Досега не сакав да коментирам, но беше договорено заедно да ја отпееме дуетската песна. Тоа е моја стара песна, од мојот прв албум. Дојдоа таа и нејзиниот сопруг, големиот менаџер Пеѓа, сопруг од пејачката, кој официјално и ги носи куферите и ми кажаа дека ќе направат аражман за таа песна. Повеќе ништо не договарав со нив. Така беше и со претходните дуети. Јас и бев помош како голема ѕвезда, таа беше мој придружен вокал. Сега зборува дека таа се финансирала, а да ме прашеше јас да учествувам, ќе одбиев бидејќи мене во животот не ми е потребна Ивана Селаков.Лукас одговори и на обвинувањата дека материјално и морално ја измамил Ивана.Не знам кој кого измамил, јас само дојдов и ја отпеав таа песна и апсолутно не се договарав ништо.Имам продуцент кој се договараше со нив. Никој не ги измами. Изгледа се побуниле затоа што мојата песна е ставена и на мојот Јутуб канал. Веројатно сакале без пари да имаат дует со Аца Лукас, затоа што освен оние три песни кои ги снимаше со мене и дуетот со покојниот Дарко Радовановиќ не работат ништо друго“, вели пејачот.

Магазин | пред 4 години

Summerland-1

„Ќе ги објавам сите документи за мојата семејна куќа што е предмет на реконструкција“, вели Шилегов

На денешното отворање на реновираниот објект на скопски Бит-пазар, во одговор на новинарско прашање, градоначалникот Шилегов се осврна на обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со реновирањето на неговата семејна куќа.- Кога од позиција на градоначалник на Град Скопје за само четири години ќе направите четири булевари, еден мост кој е скоро завршен, втор мост кој е започнат, ќе уредите јавни простори за кои никој не помислил дека би можеле да бидат уредени, ќе внесете нов квалитет, ќе изградите 110 километри велосипедски патеки, ќе изградите капацитет како што е „Лајка“ со цел стратешки, среднорочно, да се реши проблемот со кучињата скитници, ќе ја вратите „Дрисла“ од еден обид за криминална приватизација во сопственост на Градот, во сопственост на граѓаните, многу е логично опозицијата во предизборието, и тоа го напоменав уште во јуни месец, да се обидува да ја дефокусира јавноста со проблеми што не се врзани со претстојните избори, туку се врзани лично со градоначалникот Шилегов. Јас сум 7 години во политиката, се изнаслушав се и сешто за мене, и тоа е претежно стимулирана црна кампања од опозицијата. По однос на ова прашање ќе почекам да видам до каде ќе одат со лажењето на скопската и на македонската јавност и ќе направам еден и само еден прес на кој ќе ги извадам сите документи од кои што во целост ќе се види лагата што се креира околу мојата семејна куќа што е предмет на реконструкција – рече Шилегов.Тој нагласи дека претстојните избори се за граѓаните, избори на кои граѓаните треба да одлучат во каков град сакаат да живеат.- Ајде да зборуваме за Скопје. Ова не се избори за СДСМ и за ВМРО –ДПМНЕ, ова не се избори за Шилегов или за госпоѓа Данела Арсовска, или за госпоѓа Ана Петровска или за господин Петар Георгиевски. Ова се избори за граѓаните. Ајде да се договараме во натпревар на идеи, политиката е натпревар на идеи, што е тоа што ние како луѓе кои претендираме да бидемеградоначалници во наредните четири години сакаме да го понудиме на скопјани. Да не се занимаваме со црни пропаганди. Мислам дека на сите ни е преку глава од поделби и од омраза. Навистина мислам дека граѓаните заслужуваат еден спокоен развој и што повеќе вакви објекти да се отвораат, да ги стимулираме инвеститорите – додаде градоначалникот Шилегов.

Скопје | пред 4 години

natasa-bekvalac

Беквалац ги остави цигарите, а сега има ново хоби кое ја чини 600 евра месечно

Пејачката Наташа Беквалац ги шокирала фановите кога открила дека извесно време нема да настапува, а неодамна истакнала дека одлучила да ги остави цигарите, и еднаш засекогаш да се ослободи од зависноста од никотин.Меѓутоа, тоа не е така лесно и Наташа неодамна се пожалила: „Ова е буквално протерување на ѓаволот! Егзорцизам, луѓе! И јас толку многу јадам, тоа се килограми храна, ќе полудам. Луѓе, петти ден без цигара. Ова е страшно како се чувствувам. Многу сум нервозна, агресивна, чувствителна … буквално сум опасна за околината”.Како што сега пренесуваат српските медиуми, убавата Наташа одлучила да ангажира приватен тренер кој ѝ го препорачала колешката Емина Јаховиќ. Наташа се надева дека физичката активност и редовните тренинзи конечно ќе ѝ помогнат да се откаже од порокот.Како што се наведува, таа наводно ќе му плаќа 600 евра месечно, а по потреба тој ќе доаѓа и на нејзината домашна адреса.Покрај тоа што ангажирала тренер, Наташа оди и кај психотерапевт кој ѝ е психолошка поддршка во борбата против цигарите, пишува „Мондо“.

Магазин | пред 4 години

migranti_kola

Скопјанец доби кривична поради криумчарење мигранти

Денеска (03.09.2021), Регионалниот центар за гранични работи Југ, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против Ш.С.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б став 2 од Кривичниот законик.Пријавениот, на 31.08.2021 прифатил 12 илегални мигранти од Куба со патничко возило „фолкаваген туран“ со скопски регистарски ознаки и организирал нивен превоз со четири различни такси возила до Гевгелија, при што на возачите на такси возилата лажно им ја претставил фактичката состојба за статусот на мигрантите. По преземени мерки, на 02.03.2021 тој бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Кисела Вода.

Македонија | пред 4 години

Bit6

Бит Пазар доби нов модерен изглед

Ветуваме и исполнуваме, со оваа реченица Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу го опиша пуштањето во употреба на новиот и реконструиран капацитет на Бит пазар.-Со 630 тезги, 175 локали и 220 места за паркирање, Бит Пазар доби нов модерен изглед, но слободно можам да кажам дека стана и мултифункционален центар. Денес сме сведоци на успешна инвестиција во нашата Општина Чаир, која тежи не помалку од 250 милиони денари.  Оваа инвестиција е крајно добредојдена за нашите граѓани, за нашиот Чаир, за бизнисите што ќе работат тука.  Но, она што дава уште поголема тежина се создадените паркинг места кои ќе помагаат многу во олеснување на сообраќајот, рече Ганиу.Тој му честиташе на АД Скопски пазар за реализација на развојната и инвестициската програма на Бит пазар, бидејќи како што рече, ваквите инвестиции значат економски напредок, унапредување на благосостојбата, отворање работни места - или накратко кажано, значат подобар живот во нашата општина.-Бит пазар, како неделив дел од срцето на Општина Чаир - Старата чаршија - денес е најатрактивниот деловен центар, за кој сум сигурен дека ќе ги задоволи потребите на потрошувачите и на оние што даваат услуги, додаде Ганиу. Тој исто така информираше дека во Бит пазар секојдневно на пазарот циркулираат околу 20.000 граѓани и се смета за најголем и најмодерен пазар во Северна Македонија, но и за економска артерија не само за Чаир, туку и за целиот град Скопје.Пуштањето во употреба на новиот и реконструиран капацитет на Бит пазар се реализираше денеска во присуство на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерите Фатмир Битиќи и Љупчо Николовски, министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, претседателот на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Неби Хоџа и раководството на АД „Скопски пазар“.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Ќотек поради долгови, скопјанец заврши во болница

На 02.09.2021 во 13.36 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен повреден В.Ф.(39) од Скопје, кој пријавил дека околу 12.30 часот на подрачје на Бит пазар, поради нерасчистени должничко доверителски односи, Б.Ќ. го нападнал со остар предмет.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 4 години

Нема фотографија

Гостиварец пукал во соселани кои се враќале од погреб

Вчера (2 септември) во 12.20 часот во СВР Тетово е пријавено дека во гостиварско Ѓурѓевиште, С.И.(23) од с.Ѓурѓевиште, од возило во движење пукал од пиштол кон луѓе кои се враќале од погреб.Притоа, со телесни повреди се здобил Ф.М.(46) од истото село, на кој му е укажана помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.Извршен е увид од екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар, пронајдени и подигнати за вештачење се две  чаури и еден проектил. Се преземаат мерки за  расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 години

Stefani-radovanovik-FOTO

Радовановиќ: Се реконструира прилепската Гимназија

Дури и во услови на пандемија, власта предводена од СДСМ продолжува даинвестира во инфраструктурни проекти во училиштата. Со средства од МОН, во висина од 400.000 евра, најстарата училишна зграда во Прилеп, Гимназијата „Мирче Ацев“ добива целосно нов лик и подобри услови за одржување настава, вели Стефани Радовановиќ, од владејачката СДСМ.„Во внатрешноста на објектот се врши реконструкција на подрумскиот дел, со што се добиваат 4 нови простории за изведување на кабинетска настава и два нови тоалети. Се врши целосна реконструкција и на фасадата на Гимназијата, при што се поставува нова термоизолација на целиот објект, а старите дрвени прозорци, поставени за време на изградбата на објектот пред 60 години, се заменуваат со ПВЦ дограма.На тој начин, прилепската Гимназија „Мирче Ацев“ преминува во објект со висок степен на енергетска ефикасност.Она што исто така е важно да се нагласи, е тоа дека со средства од општина Прилеп и Министерството за животна средина во Гимназијата се гради нова котлара на нафта и гас, прва од таков вид во државата. Дека се грижиме за учениците со физичка попреченост, говори и фактот дека во ова средно училиште за прв пат се градат лифт и санитарии за лица со телесен инвалидитет. Со тоа, значително ја подобруваме инклузијата на телесно инвалидизираните ученици во образовниот процес.СДСМ ја исполнува зацртаната цел: учениците и наставниците да имаат квалитетни услови за одвивање на наставниот процес. СДСМ е симбол за најдоброто за граѓаните, затоа е фаворит и сигуренпобедник на претстојните локални избори“, изјави Стефани Радовановиќ

Македонија | пред 4 години

IMG_4387

Два нови случаи на заразени ученици со коронавирус

Еден ученик од основно училиште во Кавадарци е позитивен на ковид-19, а дваесетина ученици од друго училиште се ставени во изолација поради тоа што присуствувале на забава со заразеното дете, објави ТВ КТВ, повикувајќи се на информации од Центарот за јавно здравје.Како што пренесе телевизијата, позитивен ученик има и во едно средно училиште во Кавадарци, а поради тоа целото одделение најверојатно ќе биде ставено во изолација.Министерството за образование и наука утрово соопшти дека заразени со ковид-19 се само 0,01 отсто од учениците, а ист е процентот и за наставниците. Од МОН апелираат на целосно почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Македонија | пред 4 години

w_55950499

Холандија со нови правила за Македонците

Патниците од Северна Македонија кои се целосно вакцинирани од утре ќе можат и понатаму да влезат во Холандија, но ќе треба да го почитуваат и правилото за задолжителниот карантин од десет дена.Од 6 септември, пак, за патниците од Северна Македонија нема да биде доволен доказот за вакцинација. За влез во Холандија ќе мора да приложат и негативен ПЦР тест, не постар од 48 часа пред поаѓање или брз антиген тест, не постар од 24 часа.Во оваа група на области од висок ризик спаѓаат и Косово и Црна Гора.

Македонија | пред 4 години

SPF_40-768x512

Заврши првото издание на „Скопскиот поетски фестивал“

Првото издание на интернационалниот „Скопски поетски фестивал“ заврши денеска со мастер-клас, односно работилница за креативно пишување, која ја предводеше универзитетскиот професот Ким Симонсен од Фарските Острови.„Презадоволни сме од првото издание на СПФ. Се создаде чудесна енергија, добивме и сѐ уште добиваме пораки и честитки и од присутните, но и од многу поети пријатели од Европа што ги следат објавите во медиумите и на социјалните мрежи. Посетеноста беше над нашите очекувања и она што особено нѐ радува е фактот дека публиката остана и долго по настаните да се дружи со учесниците. Сето ова е знак дека овој фестивал навистина му беше потребен на градот. Од друга страна, свесни сме дека можевме да направиме и поголем и содржински побогат фестивал, но, за жал, се соочивме со микробуџет и крајно влошена ситуација поради Ковид-19, а згора на тоа и со чудни и недоречени мерки од страна на Владата, така што остваривме околу една четвртина од планираната програма и најголем дел од странскиите гости во последен момент го откажаа своето физичко присуство, па ни се претставија со видеопроекции. Сепак, среќни сме што и покрај сите сопки и предизвици успеавме да му донесеме малку радост и ведрина на Скопје и добивме сила и поттик да продолжиме понатаму“, вели Јулијана Величковска, една од организаторките на фестивалот.Во трите фестивалски дена можеа да се чујат повеќе поетски имиња – Марија Дејановиќ, Сергеј Тимофеев, Танос Гогос, Ким Симонсен, Вонбјошт Ванг, Лидија Димковска, Владимир Мартиновски, Лира Бојку, Ива Дамјановски, Павлина Атанасова, Диме Данов, Ана Голејшка Џикова, Биљана Стојановска, Снежана Стојчевска, Ѓоко Здравески и Јулијана Величковска.Беше отворена и изложба на која македонски сликари и графички дизајнери креираа дела инспирирана од песна на авторите што настапуваат. Можеа да се видат дела од Зоран Кардула, Ване Костуранов, Никола Пијанманов, Андреј Павлов, Воскресија Андреевска, Тони Попов, Марио Каев, Диме Данов, Александар Иванов, Наталија Лукомска, Ива Јованова, Владимир Лукаш, Емилија Мишева, Владимир Илиевски, Филип Мартиновски и Калин Маловски.Публиката можеше да гледа и поетски филмови направени од Валентина Бактијаревиќ од Србија, а имаше и видеопроекции на шест куси поетски филма, презентирани во соработка со „Киноскоп“, фестивал на аналогни и експериментални филмови од Белград.

Магазин | пред 4 години

Nagradeni-nastavnitsi-5

Наградени 45 наставници поради унапредување на меѓуетничката интеграција

Град Скопје им додели признанија и награди на 45 наставници од седум средни училишта на Град Скопје за нивниот придонес и активно учество во унапредувањето на меѓуетничката интеграција во образованието преку реализација на заеднички часови со ученици што учат на различни наставни јазици.„Наставниците ја имаат истовремено најтешката и најблагородна професија во едно општество. Тоа се луѓето што оставаат најдлабок белег во формирањето на личноста, а што е општеството ако не едно големо множество од личности, секоја од нив поинаква и секоја посебна на свој начин. Преку реализација на заеднички часови со ученици што учат на различни наставни јазици професорите успеваат во најчувствителниот период од развојот на личноста да ја испратат пораката дека различностите се најголемото богатство на македонското општество. Ваквите проекти најдиректно ќе придонесат, наместо тепачки во училиштата, нашите деца да научат дека со меѓусебно почитување можеме и мораме да изградиме просперитетно општество, кое е основа за подобар и поквалитетен живот за сите. Град Скопје во рамките на своите надлежности игра значајна улога и во образовниот процес и негувањето на мултикултурализмот на локално ниво како една од најголемите предности на нашето општество“, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.Во средните училишта на Град Скопје: „Арсени Јовков“, „Здраво Цветковски“, „Браќа Миладиновци“, „Боро Петрушевски“, „Димитар Влахов“, „Јосип Броз-Тито“ и СУГС „Владо Тасевски“ во текот на минатата учебна година беа реализирани вкупно 743 заеднички онлајн-часови по разни наставни предмети. Со заедничките часови беа опфатени 42 паралелки, кои наставата ја следеа на македонски, албански и на турски наставен јазик.Град Скопје првпат ја иницира реализацијата на заеднички часови по одредени наставни предмети во рамките на редовната настава со ученици што учат на различни јазици во текот на учебната 2018/2019 година. Во овој проект најпрвин се вклучија средните училишта на Град Скопје: „Здравко Цветковски“, „Боро Петрушевски“, „Арсени Јовков“ и „Браќа Миладиновци“. Во учебната 2019/2020 година заеднички часови почнаа да се реализираат и во СУГС „Димитар Влахов“ и СУГС „Јосип Броз-Тито“. Додека, пак, минатата учебна година (2020/2021) заеднички онлајн-часови се реализираа и во СУГС „Владо Тасевски“, кое е единствено скопско училиште во кое учениците што наставата ја следат на различен наставен јазик учат во два објекта и немаат никаква меѓусебна комуникација.Град Скопје, во согласност со Програмата за активности од областа на средното образование за 2021 година и Стратегијата за унапредување на меѓуетничката интеграција во образованието и граѓанска вклученост, ќе продолжи со поддршка на организацијата и реализацијата на заеднички часови во осум средни училишта и во новата учебна 2021/2022 година. Оваа година во проектот првпат ќе се вклучи СУГС „Д-р Панче Караѓозов“.

Скопје | пред 4 години

bocvarski-ohrid

Посветени сме на завршување на автопатот Кичево – Охрид, вели Бочварски

Од 70-те нови репроектирања на автопатот Кичево – Охрид за два месеца државата изготви и одобри 35 проекти. Силно сме посветени на завршување на автопатот, уверуваме дека државата ќе ги исполни сите обврски од договорот. Очекувам штпо побргу Собранито да го изгласа анексот на договорот за да се овозможи силна градежна активност на автопатот, изјави министерот Благој Бочварски при денешната посета на општина Охрид.Тој потенцира дека со анексот на договорот не се предивдени дополнителни финансиски средства, додека изведувачот има обврска со конкретни рокови да ги заврши петте делници од автопатот, односно да биде целосно завршен до декември 2023 година. Во рамките на посетата на општина Охрид со градоначалникот Константин Георгиевски изврши увид во рехабилитираната улица Абас Емин, каде што Министерството за транспорт и врски и Општина Охрид со инвестиција од 40 милиони денари извршија комплетна реконструкција на водоводната и канализациската мрежа, како и поставување нов асфалт.Денеска двајцата го потпишаа договорот за реконструкција на локалната улица Македoнски просветители во центарот на градот како дел од проектот за реконструкција на локалните патишта во општините.„Новото сообраќајно решение предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветление. Возните ленти, такси-паркингот, тротоарите и велосипедската патека ќе бидат изведени од гранитни камени плочи. Во должина на улицата планирано е изведување среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед од двете страни. Сакам да потенцирам дека ова е проект што значително ќе го подобри изгледот на градот, модерен проект, со кој ја зголемуваме и безбедноста на граѓаните на улиците. Целокупната инвестиција чини речиси 38 милиони денари“, изјави министерот Бочварски.Градоначалникот Константин Георгиевски најави нови инфраструктурни проекти за Охрид.„Оваа можност сакам да ја искористам за да ја информирам јавноста дека Општина Охрид набргу ќе почне со реконструкција на улиците Прилепска, Будва и Прва македонска ударна бригада, делница 2. Исто така, сакам да го најавам и почетокот на реконструкцијата на улицата Гоце Делчев, која ќе се реализира преку програмата на ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти и со средства од буџетот на Општина Охрид“, посочи Георгиевски.

Охрид | пред 4 години

brza-pomos-3

Нападнат лекар од брза помош

Лекар од Итната медицинска помош од Кавадарци бил нападнат додека заедно со негови колеги вршеле интервенција.Според информациите на МВР, вчера лекар од Итна медицинска помош од Кавадарци пријавил дека околу 11  часот, додека бил на работа заедно со неговиот медицински тим и вршеле интервенција на ул. Браќа Џунови, бил физички нападнат од Џ.Д.(31).По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Македонија | пред 4 години

soobr1

Работник загина во фирма во Скопје

Четириесетгодишен маж загина на работното место во фирма во Скопје.Според информациите на МВР, вчера околу 9 часот во полиција било пријавено дека во фирма на ул. Боца Иванова во Скопје, врз Џ.Е.(40) од село Елово, Скопско, паднала бандера додека извршувал работни задачи, по што починал.Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања