Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

slavjanka

Петровска: Законот за потекло на имот овозможува конфискација на нелегално стекнат имот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и институциите кои ги предводи се силно посветени на бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата. Ова е борба која бара постојано стратешко зајакнување и унапредување на капацитетите на националните институции во следењето на текот на финансиите, откривањето на евентуално прикривање и трансфер на нелегално стекнатиот имот во светските даночни оази или на трети лица рече на прес конференција пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.„Досегашната примена на постојните законски прописи покажа одредени слабости, како и оневозможување на институциите целосно да ја спроведат конфискацијата на имотот. Токму затоа, во насока на отстранување на овие недоследности во фаза на подготовка е Законот за потекло за имот, кој предвидува проверка на сомнително стекнат имот и отвора можност за негова конфискација. Законот ќе важи за сите граѓани без разлика дали остварувале јавни должности и функции, ќе важи и за сите претходни, но и актуелни политичари, а истотака истрага ќе се врши и доколку имотот е префрлен на трети лица. Со ова законско решение, за прв пат се воведува контрола на капиталот, со што се отвора патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот и се спречува незаконско богатење врз грбот на граѓаните“ – рече Петровска.

Македонија | пред 4 години

vakcina-vakcinacija

555.322 граѓани примиле две дози на вакцина

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 737.060 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.475 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.037 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.292.383 дози вакцини, а ревакцинирани се 555.322 граѓани.Со последните бројки 53% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 29% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Македонија | пред 4 години

Opstina_Ohrid_Donacija_tableti

Општина Охрид додели 43 таблети за ученици од социјално ранливи категории

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска додели 43 таблет компјутери, наменети за ученици од социјално ранливи категории, за следење на наставата, по новиот концепт и програма за IV одделение.Електронските уреди се обезбедени врз основа на договорот за редовни телекомуникациски услуги, кој Општина Охрид го има со избраниот мобилен оператор. Дел од одобрените средства, кои се наменети за набавка на мобилни уреди за администрацијата, беше одлучено да бидат пренаменети и искористени за набавка на таблети за ученици.Таблетите ќе бидат распределени во охридските основни училишта врз основа на потребите.Инаку од страна на Министерството за образование и наука, во училиштата веќе беа доставени одреден број на таблети за изведување на наставата, наменети за ученици од социјално ранливи категории. Со средства од општинскиот буџет во тек е набавка на нагледни средства согласно новиот концепт за I и IV одделение во вредност од 3 милиони денари.Во текот на наредниот период Општина Охрид ќе обезбеди дополнителни средства за набавка на електронски уреди за потребите на учениците и непречено одвивање на наставата.

Охрид | пред 4 години

IMG_4387

Вкупно 14 ученици позитивни на корона од почетокот на школската година

По само еден ден на училиште, вчера Министерството за образование утврдило 14 позитивни ученици на Ковид -19.Министерката Мила Царовска вели дека учениците дошле позитивни на училиште и дека, засега, нема случаи на интерна трансмисија во училиштата.„Во изминатиот ден имавме само 14 позитивни случаи кои немаат интерна трансмисија. Државниот санитарен и здравствен инспекторат и епидемиолошките служби се на терен и постапуваат согласно протоколите но тоа е, морам да истакнам, 0.01 процент од вкупниот број на ученици во државата затоа што, во моментов, со физичко присуство настава посетуваат повеќе од 233.000 ученици на територијата на државата. Посакувам овој процент да остане во периодот кој ни следи заради тоа што тој е единствениот и најдобар пристап кој што можеме да го употребиме во оваа пандемија со почитување на протоколите. Како Министерство, како локална самоуправа и училишта подготвени сме да го смениме моделот во секој момент “, рече министерката Царовска.

Македонија | пред 4 години

corona-virus-outbreak

Откриен нов вид на корона во Колумбија: Варијанта наречена Ми може да биде отпорна на вакцини

Светската здравствена организација објави дека ја следи новата варијанта на корона вирусот, наречена „Ми“, која првпат беше откриена во Колумбија во јануари оваа година.Новата варијанта со научно име Б.1.621 досега беше класифицирана како „варијанта што треба да се следи“, наведува СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен за еволуцијата на пандемијата на коронавирусот.„Варијантата Ми има мутации што укажуваат на потенцијални карактеристики на имунолошко избегнување“, се вели во соопштението.Сите вируси, вклучително и коронавирус (SARS-CoV-2), мутираат со текот на времето. Повеќето мутации имаат мал или никаков ефект врз својствата на вирусот. Меѓутоа, одредени мутации можат да влијаат на карактеристиките на вирусот, како што се полесно ширење, сериозност на симптомите или ефикасност на вакцини, лекови и други алатки за откривање на присуството на вирусот.Од појавата на коронавирусот и соевите на тој вирус, СЗО одлучи да ги именува варијантите. Во моментов, загрижувачки се четири варијанти на коронавирус, меѓу кои сојот Алфа е присутен во 193 земји и Делта е присутен во 179 земји, додека пет други се под надзор, меѓу кои и Ми.Мутацијата Му првпат беше откриена во Колумбија во јануари, а подоцна и во други земји од Латинска Америка и Европа.

Слајдер | пред 4 години

NBKS_mk_fb

„Нема да биде крај на светот“ - МНТ ја почнува новата сезона

„Нема да биде крај на светот“ од авторот Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ е најновиот проект што започна да се подготвува на сцената на Македонскиот народен театар.Оваа драма и оваа претстава се занимаваат со рушењето на интимните светови. Сите три лика (Дарја Ризова како Маша, таткото – Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ во улогата на Нина) од оваа драма под кожа ја носат пропаста на сопствениот свет. Односно, светот каков што го замислувале за себе, за кој се бореле, кој го граделе или за кој мислеле дека ги чека, а тие требало само да му излезат во пресрет… Собрани под покривот на куќата во која се случил распадот на нивниот заеднички, семеен свет, тие своите индивидуални кршења си ги откриваат едни на други.Костимограф на претставата е Ивана Каранфиловска-Угуровска, а сценограф е Ангел Петровски.Изборот на музиката и адаптацијата е на Оливер Митковски, во претставата се користи и композицијата „Магдалена“ од Димитар Масевски, а како соработник за македонски јазик се потпишува Ѓорѓи Јолевски.Проектот е во продукција на Перипетија продукција, a во копродукција со Македонскиот народен театар и Сараевски ратни театар — САРТР од Сараево (Босна и Херцеговина).Бидејќи станува збор за копродукциски проект меѓу два театри, претставата ќе има две премиерни изведби во двете земји. Првата премиера ќе се одигра на 18 септември на сцената на САРТР – Сараево, БиХ, а втората премиера е предвидена за ноември на нашата матична сцена, согласно со протоколарните мерки за заштита од Ковид-19.

Магазин | пред 4 години

w_56674000

(ВИДЕО) Пациентите во Тетово се молат за трошка воздух, а цивили се шетаат без маски

Додека болните од коронавирус се борат за трошка воздух, а лекарите трчаат од еден до друг пациент, низ Модуларната болница во Тетово слободно се шетаат цивили, честопати и без маски и без никаква заштита, во потрага по своите најблиски. Други, пак, им даваат поддршка на најблиските седнати покрај нивните кревети во скафандери, пренесува Дојче веле.Десетици ковид-пациенти се лекуваат во болницата која изминативе недели ги живее најдраматични денови од почетокот на пандемијата. Напливот на пациенти е огромен, а билтените секојдневно информираат за нови починати. Арбнора Мемети, репортерката на Дојче Веле, во болницата затекна и сними драматична состојба и хаотични сцени.Инциденцата на новозаразени од коронавирус во Тетово е меѓу највисоките во земјата: заклучно со 29 август, таа далеку надминувала 700 луѓе на 100.000 жители. Во истовреме, стапката на вакцинација на граѓаните во Тетово е меѓу најниските во земјата со 37 отсто опфат на лица над 18 години.Погледнете ја состојбата во болницата во Тетово на следниот ЛИНК.

Македонија | пред 4 години

skolo-4

Средношколка позитивна на корона

Во средното училиште „Никола Карев“ во Скопје, средношколка од трета година е позитивна на ковид-19. Дека во ова училиште има позитивен ученик ни потврди и директорот на училиштето Андреј Манолев, кој вели дека се работи за ученичка од трета година и додава дека за сега од 1.170 ученици официјално потврден позитивен на ковид-19 е само еден, објави МКД.– Во класот во кој учела позитивната ученичка има вкупно 34 ученици, а за тоа кој ќе оди во изолација ќе одлучуваат епидемиолозите – вели Манолев.Денес се прават епидемиолошките анкети на учениците, по што ќе биде кажано дали сите ученици или само оние кои седеле до ученичката, ќе бидат во изолација. Учениците од класот чекаат инструкции од епидемиолозите.Првите случаи на позитивни ученици беа забележани во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во скопски Аеродром, како и во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во населбата Кисела Вода каде двајца ученици пројавиле симптоми.

Скопје | пред 4 години

gis-centar-696x463

Центар го надградува ГИС порталот

Општина Центар во континуитет работи на ГИС (Географски Информациски Систем), на негова надградба и усовршување.Досега ГИС системот општината го користеше за процедурите од областа на урбанизмот, односно издавање на изводи од ДУП-ови, а физичките и правните лица имаа можност преку веб страната на општината и ГИС порталот сами да пристапат до геолокациите од нивен интерес.Со последните надградби, кои на градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и на општинските служби им беа презентирани од страна на компанијата ИНС (Intelligent Network Solutions), која го изработува ГИС порталот, покрај урбанизмот, ГИС порталот ќе има можност да покрие и други области.Со последната надградба, ГИС порталот на Општина Центар наскоро ќе додаде модули за преглед на податоци од областите на градежното земјиште, комуналната инспекција и инспекцијата за животна средина, од урбаното зеленило, легализацијата на бесправните објекти, основното образование, урбаното планирање, паркинзите и модул за урбаната опрема.Ова е уште еден чекор на Општина Центар во насока на дигитализација на работењето на општинските сектори и одделенија, со кој дополнително ќе им се олесни пристапот на жителите до податоците, услугите и сервисите кои ги нуди општината.

Скопје | пред 4 години

galicica

Галичица се уште гори, постои опасност од експлозии

Центарот за управување со кризи утринава информира дека се уште е активен пожарот на Галичица.-Во текот на вчерашниот ден екипи на НП Галичица и Планинската спасителна служба – Охрид (вкупно 15 лица) со прирачен алат вршеле контрола и гасење на пожарот. Пожарот се шири во правец север северо-запад и е на околу 1,5 км одалечен од шумата. Дополнителен проблем претставува тоа што поради високите температури започнал да гори кореновиот систем на опожарената трева под земјата што го отежнува гаснењето, односно на деловите каде пожарот бил изгаснат по извесен период истиот повторно се појавува, велат од ЦУК.Додаваат дека поради непристапноста на теренот и опасноста од експлозии од остатоци од Првата светска војна, а согласно насоките на ГШ на ЦУК до општините Охрид и Ресен во соработка со НП Галичица да ангажираат сили, со претходно направена оперативна проценка од страна на НП Галичица и другите субјекти (ТППЕ, МВР, ЦУК, ДЗС и други) за постапување во случај на проширување на пожарот, од раните утрински часови вработени од НП Галичица се упатени во близина на местото на пожарот заради следење на ситуацијата.

Македонија | пред 4 години

policija-3

Санкционирани 272 возачи, еден возел 70км/ч над дозволеното

Вчера (02.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 272 возачи. Од нив, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.Притоа,120 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 152 надвор од населено место. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Приведени тројца гостиварци кај кои е пронајден кокаин

На 02.09.2021 околу 22.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода А.Б.(31) од Гостивар и С.Ф.(33) и А.И.(31) од гостиварските села Беловиште и Чегране поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психоптропни супстанци и прекурсори“.Претходно, од возило во кое се превезувале, во близина на наплатната станица Гостивар, фрлиле кесе со кокаин, кое било пронајдено. По документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

43-годишен штипјанец уапсен оти крадел од продавница

Врз основа на судска наредба штипската полиција вчера уапсила 43-годишен жител на овој град, со иницијали Т. З., за издржување казна затвор за сторено кривично дело кражба.При преглед кај него биле пронајдени предмети што потекнувале од кражба извршена околу 10 часот во продавница на улицата Иво Лола Рибар во Штип.Украдените предмети му биле вратени на сопственикот, а Т. З. бил спроведен во струмичкиот затвор.

Македонија | пред 4 години

image-140763

Доктор Мехмедовиќ: Кај заразените со делта сојот за 4 пати е зголемена потребата од кислородна поддршка

Доктор Злате Мехмедовиќ во разговор за телевизија Сител предупредува дека кај заразените од делта сојот дури за четири пати е зголемена потребата од интензивно лекување и кислородна поддршка и затоа апелира граѓаните да не мислат дека асимптоматски ќе ја поминат заразата и навреме да побараат лекарска помош.Дополнителен проблем за црната ковид статистика во земјава според Мехмендовиќ се и невакцинираните.-И тие се проблем, иако и ова што сега се прави е задоцнето, требаше многу порано уште на почетокот на летото кога алармиравме дека ќе имаме ваква состојба. Сега и тие денес што се вакцинираат и тие утре ќе им треба време да стекнат имунитет, вели Мехмедовиќ.

Македонија | пред 4 години

IMG_8756

МОН апелира во училиштата да се почитуваат протоколите за заштита

Според податоците на Министерството за образование и наука, добиени од раководствата на училиштата на втори септември, меѓу учениците, само 0,01 % се активни случаи на Ковид-19. Ист е процентот и кај наставниот кадар.„ Во училиштата строго се почитуваат планот и протоколите за заштита. Учениците, наставниците и другиот помошно-технички пероснал во училиштата задолжително носат заштитни маски во затворен простор, задолжително се мери телесна температура на влез во објектите и се прави дезинфекција на рацете. Исто така, постојано се проветруваат училниците и се прави честа дезинфекција на клупите и подовите.Брзата реакција и почитувањето на мерките е најдобрата заштита. Ги повикуваме наставниците, родителите и раководствата на училиштата доколку се сомневаат за позитивен случај веднаш да алармираат до здравствените установи и епидемиолошките служби кои ќе постапат согласно алгоритмите“ велат од МОН.Оттаму апелираат на доследно почитување на протоколите за заштита, бидејќи, како што се наведува, минатогодишното искуство ни покажа дека со практикување на мерките, училиштата не се трансмитери на заразата. Секако, додаваат дека неопходно е одговорно однесување и надвор од училишните објекти.„ Само така ќе спречиме ширење на вирусот и ќе овозможиме квалитетна едукација за младите, преку настава со физичко присуство која нема подобра алтернатива“ соопшти министерството.Во учебната 2021-2022 година, настава во основните и средните училишта посетуваат околу 257 илјади ученици

Македонија | пред 4 години

kolonija-trpejca

Започнува четвртата Уметничка колонија во Трпејца

Oд денеска до понеделник во организација на Здружението  „За Трпејца со љубов“во Трпејца ќе се одржи четвртото издание на Уметничката колонија која и во време на Ковид -19 ќе го задржи интернационалниот карактер.Инспирани од овој неверојатно убав крај во наредните четири денови сликарските платни ќе ги обојат: Наташа Попоска – Карче,  Хава Реџепи, Елена Ѓурѓиноска и Ѓоко Симјаноски уметници од Охрид и Петрит Лараку од Поградец, Албанија.Традиционално – уметниците ќе творат во просториите на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со ученците  и мештаните.Уметничката колонија е под покровителство на Општина Охрид.

Охрид | пред 4 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Почина братот на претседателот Стево Пендаровски

Почина братот на претседателот Стево Пендаровски, Војче. Тој починал во сопствениот дом во населбата Мичурин, информираат од Кабинетот на претседателот.– Бил извршен увид на лице место на 27 август во семејниот дом во Мичурин од страна на екипа на Министерството за внатрешни работи, лекар од итна медицинска помош и надлежен јавен обвинител. При тоа, не се утврдени никакви знаци на насилство. Погребот е спроведен во кругот на најблиските роднини и пријатели со почитување на Ковид протоколите –  велат од Кабинетот.Братот на претседателот бил вработен во Агенцијата за разузнавање.

Македонија | пред 4 години

Screenshot-2021-08-26-at-12.40.21

Смртноста на пациенти со ковид драстично голема во градовите каде има мал процент вакцинирани, велат од здравство

Министерството за здравство информира дека за време на четвртиот ковид бран, во период од јули до крајот на август, епидемиолошките анализи покажуваат дека најголема смртност кај пациенти со ковид имало во градовите каде имало најнизок процент на вакцинирано население.„Во градовите како Гевгелија, Кавадарци, Ресен и Берово кадешто опфатот со вакцинација е помеѓу 54-61%, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат. Тетово, го пречека бранот само со 19%   вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август. Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува скоро 37%. Слична е состојбата и во Гостивар каде исто така имаше мал опфат на вакцинирано население, во овој град опфатот на вакцинирани полнолетни граѓани до крај на август е под 30%, а бројот на починати со ковид е 73.Време е да ги отфрлиме сите заблуди во врска со вакцините и да се придвижиме кон фактите и кон реалните докази кои всушност ни покажуваат колку тие се значајни и ефикасни. Целта е да го победиме вирусот, а тоа ќе го направиме само со масовна имунизација на целокупното население. Само на овој начин можеме да живееме повторно слободно, без ограничувања и без рестрикции“, велат од МЗ.

Македонија | пред 4 години

levica

Левица со реакција за урбанистичкиот проект за Бардовци: На плодно земјиште ќе се гради хотелски комплекс

Откако во понеделникот советниците на СДСМ го усвоија предлог Деталниот урбанистички план според кој на зелените површини кај СГГУГС „Здравко Цветковски“ во Тафталиџе, ќе се градат згради, на огласната табла на Општината е објавен нов урбанистички проект. Се работи за проект кој предвидува четири објекти кои ќе бидат дел од хотелски комплекс со вкупна бруто површина за градба од 12.000 м2, велат од ЛевицаОна што е сомнително и крајно скандалозно е што овој комплекс ќе се гради во Бардовци, на плодно земјиште, а дел од истото е се' уште во сопственост на Република Македонија. Останатиот, поголем дел, е во сопственост на физички лица кои станаа сопственици на овие парцели преку сомнителна денационализација. При истата постапка, во целост беше исклучен интересот на жителите на Бардовци па така, со новоформираните парцели од последниот ДУП за Бардовци изгласан од страна на советниците, се затвора досегашниот пристап на Бардовчани до нивните имоти.Дополнителен сомнеж е и тоа што на рендерот објавен од страна на GreenLand Development на кој се појави првично планот за бетонизација на Бардовци, на овој простор требаше да има зеленило, за сега, да се објави проект за хотелски комплекс. Со ова, Општина Карпош раководена од СДСМ уште еднаш покажува дека Бардовци со право е најмаргиниализираното населено место во Општина Карпош, но и по којзнае кој пат се покажува дека СДСМ во Карпош не ги бранат интересите на карпошани.

Македонија | пред 4 години

MG_9883

Видеото за „Сон“ спој на Балканска музичка традиција, кларинетистот Трајковски и гадуларката Белева

Колорит на бои и на силни емоции за Балканска музичка традиција, вака се опишува соработката за новата инструментална композиција со видео запис на македонскиот  кларинетист Благојче Трајковски и гадуларката Христина Белева, како и светски познатиот хор „Вања Монева“ од Бугарија.„Сон“ е авторска творба на Благојче Трајковски со уникатен аранжман на Маестро Димитар Христов. Дел од звукот за нумерата се снимала во Бугарија од страна на Алекс Нушев, а дел во Скопје кај Дејан Момироски.Видеото се снимало во напуштена куќа во Софија, во режија на Ханис Багашов македонски млад режисер во соработка со Владимир Трифонов и Иван Златев, а за костимографијата се погрижи дизајнерот Андреј Папаз.- Ова е за мене еден многу важен и посебен дел во мојата кариера. „Сон“ е композиција која настана во еден здив и верувам дека и секој слушател така ќе ја доживее. Христина е уникатен инструменталист со посебна душа, хорот на чело со диригентката Вања Монева е силна музичка институција и затоа за мене е голема чест што соработуваме и создаваме вредни музички документи. Многу се радувам за сето ова што го работиме заедно со господинот Христов и срдечно му се заблагодарувам за целата енергија и професионализам. Во блиска иднина следува уште многу музика и споделување на нашите импресии и емоции, вели Благојче Трајковски.Како и со претходната нумера „Трепет“, така и со оваа, Благојче Трајковски и Димитар Христов со својата музичка посебност и неверојатното чувство за музичкиот фолклор и традиција покажаа дека се одличен тандем во создавањето на богата и посебна музичка уметност која што многу ќе служи за понатаму.Гадулрката христина Белева е една од најистакнатите инструменталисти на Балканот. Во нејзината професионална лична карта забележуваме многу концертни настапи насекаде низ светот, како солист и како дел од многу музички формации. Таа е дел од Оркестарот за народна музика на Бугарското Национално Радио. Хорот „Вања Монева“, под диригентската палка на Вања Монева е една исклучителна музичка формација со многу успешни проекти, настапи и концерти ширум целиот свет. Покрај концертните настапи, овој хор има многу снимен музички материјал зад себе и претставува вистинско Балканско музичко богатство.

Магазин | пред 4 години

soncevo

Денес сончево и топло, какво време не очекува за викендот

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 7.Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.Според УХМР, и во сабота ќе се задржи стабилно, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела уште од ноќта ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.

Македонија | пред 4 години

unnamed-2

Државниот обвинител Јовески на меѓународен симпозиум во Анкара за постaпувањето на Високите Апелациони судови во Анкара

“Македонскиот правен и законодавен систем ја гарантира независноста на судовите и самостојноста на јавното обвинителство”, истакна Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески кој денеска во Анкара се обрати на Меѓународниот симпозиум за ефикасност на Високи апелациони судови.Во обраќањето Јовески се осврна на постапувањето на јавнитe обвинители во жалбената постапка и обезбедувањето на правата на учесниците во кривичната постапка. Во овој контекс е изложено и барањето за заштита на законитоста како гаранција за правото на обвинетиот.Mеѓународниот симпозиум се одржува во рамките на традиционалното одбележување на почетокот на Судската година во Република Турција. Делегација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија присуствува на неколкудневната традиционална прослава по покана од претседателот на Касациониот суд, Мехмед Акарча. На отворањето на Судската година и новиот објект на Касациониот суд вчера се обрати претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.Во рамките на посетата во Република Турција, државниот јавен обвинител денеска оствари билатерални средби со претседателот на највисокиот суд во Турција, Мехмед Акарча и со Генералниот обвинител на Република Турција, Бекир Шахин.​

Македонија | пред 4 години

auto_teuta-arifi_1507805030-34107451507806751

Теута Арифи повторно кандидат за Тетово

ДУИ и на овие локални избори во Тетово оди со Теута Арифи. Арифи, како што објави на својот фејсбук профил, ја прифатила понудата за уште еден мандат пред партиските структури вечерва.„Вечерва на состанокот на партиските структури на ДУИ во Тетово, а во присуство на лидерот Али Ахмети, со многу понизност, одговорност и посветеност на мисијата и патувањето што следи, го прифатив предлогот на огранокот на ДУИ во Тетово, за да бидам повторно кандидат за градоначалник на градот на претстојните локални избори“, напиша Арифи.Таа додава дека досега направиле многу за Тетово, но имаат уште многу работа заедно.„Овие избори не се за мене, овие избори се за нас. За нас како ДУИ, а уште повеќе за нас како граѓани на Тетово. Сега е време да го подготвиме Тетово за во иднина, со инвестиции во гасификација, со еколошка инфраструктура – модерно Тетово, што ќе не направи горди не само како метропола на регионот, туку и како чист и зелен град за идните генерации“, напиша Арифи.

Македонија | пред 4 години

241184982_3685558075002097_523174684234751802_n

(ФОТО) Скопје ќе има смарт паркинг

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов на својот Фејсбук профил најави дека Скопје го добива првиот смарт паркинг.– Почеток на монтажа на сензорите за првиот смарт паркинг во Скопје, кај Зоолошка.Скопје, една поинаква приказна !!!

Скопје | пред 4 години

pazar

Ќе се реконструира скопски Бит-пазар

Скопски пазар АД Скопје ќе ја започне целосната реконструкција на пазарот Бит-пазар.  Со новиот изглед и зголемениот капацитет, реновираниот центар Бит-пазар прераснува во најголемиот пазар во државата.Премиерот Зоран Заев ќе се обрати по повод отворањето на новата инвестиција на Скопски пазар АД Скопје, а на настанот свои обраќања ќе имаат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, како и генералниот директор на Скопски пазар АД Скопје, Младен Дамев.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања